You are on page 1of 13

КОМПЈУТЕРСКА

ГРАФИКА
• Компјутерската графика е посебна
графичка дејност која претставува графика
создадена со компјутерската техника

• Во секојдневниот живот се среќавме со


компјутерската графика преку :
телевизиските реклами , цртаните филмови
, анимацииите во анимираните филмови
итн.

• Компјутерската графика се дели на две


категории: битмапирана (растерска)
графика и векторска графика.
Растерска графика
• Со растерска графика се обработуваат растерски слики
што претставуваат правоаголни табели од пиксели.

• Секој пиксел има точно одредена позиција во


правоаголната табела што ја претставува сликата и точно
одредена обоеност.

• Тоа наликува на мозаик од каменчиња, каде секое


каменче има еднаква големина во мозаикот. Секое
каменче има точно одредена позиција и обоеност.
Растерска графика
• Растерските слики се најчесто употребуваните електронски
медиуми за слики, како што се фотографии или дигитални
слики.
• Нивната употреба е голема поради можноста да претставуваат
сенчење и фини премини на бои од една кон друга нијанса.
• Овие слики не се зависни од резолуцијата бидејќи содржат
точно одреден број на пиксели.
• Ако тие се претставуваат на несоодветен медиум кој има
помала резолуција тогаш се скалираат на помала резолуција
со што може да се изгуби квалитетот.
• Во спротивно ако се претставуваат на поголем медиум тие
можат да бидат претставени како помали објекти или да се
скалираат кон поголеми слики, со што повторно ќе се изгуби
квалитетот.
Резолуција на слика
• Димензијата на сликата изразена во пиксели и
резолуцијата на мониторот не смее да се помеша со
поимот на резолуција на сликата.

• Под резолуција на сликата се подразбира бројот на


пиксели прикажани за секој инч отпечатена слика.
• Мерката се изразува со пиксели за инч ppi (pixels per
inch).

• Кога сликата се обработува за веб-приказ тогаш за неа


треба помала резолуција, како на пример 72 ppi, додека
ако се обработува за печатење тогаш треба поголема
резолуција, како на пример 300 ppi.
Резолуција на слика
• Во програмите за растерска графика постои заемна врска
помеѓу резолуцијата на сликата и димензијата во пиксели.

• Димензијата на пикселите го прикажува количеството на


детали на сликата, додека резолуцијата на сликата покажува
како на колкав простор се печатат пикселите.

• На пример, може да се промени резолуцијата на сликата без да


се менуваат податоците за пикселите на таков начин што ќе се
промени големината на отпечатената слика.

• Но, за да се одржат истите димензии, промената на


резолуцијата на сликата побарува промена на вкупниот брoј на
пиксели.
Резолуција на слика
• Интересно е да се забележи и дека ако се
зголеми резолуцијата на слика со мала
резолуција нема да се добие поголем квалитет.

• Со таа постапка само се пренесува


информацијата за оригиналните пиксели на
поголем број на пиксели.

• Тоа е постапка која ретко придонесува со


зголемување на квалитетот.
Пикселизирање
• Ако се користи премногу мала резолуција за
печатење слики тогаш не се добива добар
отпечаток, туку ќе се забележи појавата
наречена пикселизирање.

• Пикселизирање е појава каде на отпечатокот


се забележуваат пикселите и се вели дека
сликата е груба (нема фини детали).
Резолуција на слика
• Користењето на многу висока резолуција не
придонесува за ефектот затоа што излезниот
уред не може да отпечати толку мали пиксели.

• Во таков случај големата резолуција ќе значи


само поголема датотека за сликата, ќе ја
намали брзината на печатење и уредот за
печатење не ќе може да ги репродуцира
деталите што се постигнати со висока
резолуција.
Векторската графика
• Векторската графика се презентира со
математички модели, односно со геометриски
фигури и вектори.

• Сликата создадена со векторска графика е


составена од линија и криви дефинирани со
геометриски објекти – вектори.

• Векторите ја опишуваат сликата според


геометриските карактеристики.
Векторската графика
• Кога се обработуваат геометриските фигури кои ја
составуваат сликата во векторската графика, тогаш не се
менуваат другите геометриски фигури и не се губи
квалитетот на сликата.

• Сликата може да се прикажува на кој било медиум без


разлика на резолуцијата.

• Квалитетот на сликата не се менува со зголемување на


резолуцијата, односно со скалирање.
Графички апликации
• Графички апликации се програми со кои
овозможуваат графичко уредување
– на текстови ,
– цртежи ,
– слики ,
– претставување на тела со три димензии,
издолжување ,
– ротирање ,
– огледален приказ итн.

• Најпознати такви апликации се Corel Draw и


PhotoShop.
Графички апликации
• CorelDRAW e најпопуларната програма за работа со
векторска графика, која многу често се користи за
подготовки на разни логоа, визит карти и други потребни
документи и илустрации.

• Photoshop Кога станува збор за работа со растерска


компјутерска графика,

• Adobe Photoshop CS е една од најчесто употребуваните


програми со мноштвото алатки и ефекти за обработка на
дигитални фотографии и можност за создавање
атрактивни илустрации и фото-монтажи.

You might also like