You are on page 1of 20

1 ТЕМА: СТАНДАРДИ

Поим и задачи на техничкото цртање

Техничкото цртање е посебна научна дисциплина и како таква има своја техника на
работа, законитости, прописи и сл. За претставување се користат правилата од нацртна
геометрија со стриктна примена на прописи кои се усвоени со националните и
интернационални стандарди.
Машинското техничко цртање се употребува во машинството па отаму доаѓа и
неговото име.
Задача на техничкото цртање е со цртеж или збир на цртежи потполно и еднозначно ги
дефинира обликот, функцијата, големната, видот на материјалот, видот на обработка ,
квалитетот и другите потребни особини на машинските елементи , склопови и уреди и
тоа на таков начин да биде разбирливо за сите народи без разлика на јазикот на кој
зборуваат.
Основни цели на техничкото цртање се:
 да се запознаат правилата на проектирање
 да се свати значењето на графичкото изразување како единствен начин за
комуникација во техниката
 да се развие навика за прецизност, уредност и естетски изглед
 да се научи ракувањето и одржувањето со приборот за цртање
 да се научи изработката на едноставни цртежи и читање на производната
документација
ЗАКЛУЧОК: Со техничкото цртање се овозможува изработка на технички цртежи и
симболи со кои се дава можност при изработката да се искаже некоја идеја, да се
претстави некој предмет или едноставно нешто да се претстави со цртеж за да не се
заборави.

Материјал и прибор за техничко цртање

За реализација на различни технички идеи и замисли како што се згради , мостови,


патишта и разни други објекти кои сакаме да ги изведеме потребно е да постои
технички цртеж. Според тоа техничкиот цртеж претставува средство за искажување на
техничките идеи односно јазик на разбирање помеѓу инжинерите, техничарите и
изведувачите на работите.
Како и за секоја друга работа така и за добар технички цртеж потребен е разновиден
матерјал и прибор без кој не би можеле да нацртаме правилен технички цртеж. Како
основен прибор кој се користи за изработка на технички цртеж е: триаголник, молив,
гума , шестар, хартија а во поново време и
механизирани помагала компјутери.
Триаголниците се употребуваат за
повлекување на нормални, коси, прави и
хоризонтални линии. Тие најчесто се во
комбинација од еден прав агол од 90
степени и два остри агли од по 45
степени, или 60 со 30 сепени.
Како материјал за изработка на
триаголници порано се користело тврдото

1
парено дрво додека денес најчсто се користи провидна пластична маса. По подолга
употреба се јавува потреба од чистење на триаголниците. Дрвените се чистат со
бришење со гума и тоа само од поширката страна а пластичните со ладна вода,
сапуница и влажна крпа претходно натопена со некој детергент. Покрај тоа што се
корстат за повлекување на прави, коси, хоризонтални и вертикални линии со помош на
триаголниците се повлекуваат и паралелни линии. За таа цел се користат два
триаголника при што едниот се држи во стабилна положба а другиот се влече горе-
доле.
Молвите
За техничко цртање се употребуваат различни видови моливи:
 обични моливи со дрвена облога и графитна мина во средината;

 технички моливи (патент-моливи) кои се изработени од метал или од пластика.


Во средината има шуплив цилиндар во кој е сместена графитна мина која на
тој начин е заштитена од кршење. При работа мината се извлекува надвор за
околу 0,8 – 1,5 мм, во зависност од нејзината тврдина.

Техничките моливи се употребуваат во најразлични форми и големини. Во последно


време за фино и прецизно цртање се употребуваат технички моливи со многу тенка
мина од 0,3 од 0,5 или од 0,7 мм (познати како тенкоминци). Предноста на овие
технички моливи е што мината не треба да се остри, но бараат внимателно ракување,
бидејќи мината лесно се крши.
Обичните моливи кои се користат за цртање треба да бидат добро наострени.
Зашилениот дел треба да биде долг 30 мм а графитното срце 10 мм. При цртањето
графитното срце се затапува па потребно е одвреме навреме да се заостри.
Постојат два вида на моливи според тврдоста: меки и тврди. Тврдите се препознаваат
по ознаката H која е втисната во горниот крај на моливот. Бројот пред H ја означува
тврдоста на моливот и колку е поголем толку и моливот е потврд, а инаку тврдоста на
моливите се движи од 2 до 9. Меките моливи се препознаваат по ознаката B која е
втисната на горниот крај на моливот, мекоста се изразува со бројки од 2 до 9. Тврдите
моливи се користат при цртање на технички цртежи кои потоа се тушираат со туш а
меките моливи при цртање на технички цртежи кои не се тушираат. Во техничкото
цртање се користат и моливи со средна цврстина кои се обелезани со HB или F.

Гуми се користат за бришење на погрешно исцртани линии. Може да бидат меки и


тврди. Меките служат за бришење на погрешно исцртани линии со молив а тврдите за

2
бришење на погрешно исцртани линии со туш.Честопати тушот се брише со стружење
со жилет а потоа со гума се зарамнува или измазнува бришаната површина.
Шестари се користат за цртање на кругови и кружни лаци. Постојат три типа на
шестари: универзален, нулти и пренесувач. Сите шестари имаат по два крака од кои во
едниот има челична игла а во другиот графитна мина освен во пренесувачот кој и во
двата крака има челични игли. Нултите шестари се користат за исцртување на мали
кругчиња, пренесувачите служат за пренесување на големини директно од предметот
на цртежот а универзалните најчесто се во употреба и со нив се исцртуваат кругови и
кружни лаци со различни големини.
Хартијата е неопходен елемент за изработка на било кој технички цртеж. Во
употреба се повеќе видови на хартии и тоа: обична, паус, милиметарска и транспарент.
Рапидограф перцата се најсовремени и денес најприменувани перца за туширање на
цртежите, односно за цртање со туш. Ракувањето со нив е едноставно, а се добиваат
извонредно фини и правилни линии.
Се произведуваат за исцртување на линии во различни дебелини, а најчесто: 0,1; 0,13;
0,18; 0,2; 0,25; 0,3; 0,35; 0,4; 0,5; 0,6; 0,7; 0,8; 1,0; 1,4 и 2 мм

Правила за употреба на приборот за цртање

Секогаш пред да почнеме со цртање треба да имаме чиста работна маса , чист прибор
и добро осветлена просторија доколку сакаме цртежот кој ќе го направиме да биде
правилно изработен. Затоа секогаш треба да го имаме во превид правилото:
приборот се чисти веднаш по употреба а не кога ке ни затреба зошто тогаш тој
може да биде неупотреблив или да ни треба долго време да го доведеме во
употреблива состојба(засушен туш, кородирани пера). Хартијата треба да биде
секогаш прицврстена и добро затегната.Форматот на неотсечена хартија секогаш треба
да биде поголем од стандардниот формат.Со тоа се овозможува да се вршат проби
при туширањето и правилно да се отсече потребниот формат. Изгледот на линиите во
голема мера зависи од правилното држење на приборот.Секогаш приборот треба да го
држиме цврсто.При цртање со молив за да се добие иста дебелина на линиите
моливот треба да се држи под агол од 60 степени во однос на хоризонталата. Кога
влечеме кругови со молив или туш секогаш положбата на иглата и перото треба да
бидат во иста рамнина бидејки во спротивно ке се добијат неправилни кругови. Во
случај кога на цртежот имаме споеви на кружни лаци со прави линии секогаш
најнапред се повлекуваат кружните лаци а потоа правите линии. Скоро на секој цртеж

3
има потреба од испишување на бројки и букви.Тоа може да се врши слободорачно , со
редис перо рапитограф или шаблони.
За повлекување на прави линии под одреден агол се употребува

4
Зклучок: Искуството во работата со разниот прибор за цртање игра важна улога за
изработка на квалитетен цртеж.

Видови на линии за техничко цртање

При изработка на технички цртежи видовите на линии кои може да се користат и


нивната употреба е строго дефинирана. Со тоа е обезбедена полна можност за
изразување при цртањето од една страна а е оневозможено да дојде до било какво
недоразбирање при читање на цртежот од друга страна.
Основни се дест типови на линии кои се означуваат со големите латинични букви
A,B,C,D,E,F,G,H,J и K.

Се користат две дебелини на линиите и тоа дебела тенка при што односот помеѓу нив
не смее да биде помал од 2:1.
Дебелините на лините се движат од 0,18; 0,25; 0,35; 0,5; 0,7; 1,4; до 2,00 мм.
Бидејки линиите C и D а исто и E и F имаат иста примена на еден технички цртеж не
смее да се употребуваат и двете (може да се користи или само C или само D а истото
важи и за линиите E и F.

5
Стандарди

Во секојдневниот живот и работа се среќаваме со одредени договорени прописи или норми,


утврдени од овластени органи, за производите во поглед на: димензиите, облиците,
асортиманот, квалитетот, составот на материјалот, методите на мерењето и контролата,
начинот на пакување и транспортот и други слични карактеристики.

Тие договорени прописи и норми се викаат стандарди.

Просесот на подготовка, создавањето и применувањето на стандардите се нарекува


стандардизација.

Главна причина за донесувањето на поголем број стандарди е добивање поевтини производи,


преку рационализација на произвотството (со намалување на: асортиманот, бројот на
потребните алати, техничката документација и сл.), едновремено и со обезбедување
соодветен кванитет на производите, особено во сериското и масовното производство.

Други причини се:

- Лесна заменливост на скршените или дотраените делови, како и нивното едноставно


монтирање, без оглед на тоа каде се произведени;
- Заштита на потрошувачите од лошите производи (на пример: текстил, прехрамбени
производи, техничка стока и.т.н.) и др.

На почетокот стандардите биле правени (наменети) само за производите од една фабрика,


претпријатие или неколку групи на економски гранки. Ваквите стандарди се нарекувале
интерни стандарди (SI).

Со понатамошниот развој на индустријата, различните земји со развиена индустрија почнуваат


да определуваат државни стандарди (национални) (НС) кои биле наменети за производството
во сите фабрики на соодветната земја, држава (на пр. германски стандард DIN).

Во секоја фабрика треба да постои биро за стандарди. Главна задача на ова биро е да ја
контролира регуларноста и примената на стандардите.

Сите држави со развиена индустрија имаат свои национални стандарди, од кои најпознати се:

ASA-American Standards Assotiation, државен стандард на САД;

BSI-British Standards Institution, државен стандард на Велика Британија;

DIN-Deutsche Industrie Normen, државен стандард на Германија;

MKC-Институт за стандардизација на Република Македонија, државен стандард на


Македонија;

STASH-Standardi Shtetror i Shqipërisë, државен стандард на Албанија;

HRN- Hrvatske Norme, државен стандард на Хрватска;

JUS-Jugoslavenski Standard, државен стандард на поранешните држави на Југославија;

6
VSM- Швајцарија; ABS- Белгија; ÖNORM-Австрија; BDS- Бугарија; NF- Франција; JIS- Јапонија;
GOST-Русија; UNI- Италија; итн.

Развојот на индустријата ја диктира потребата за поголема меѓудржавна соработка во областа


на техниката, што овозможува неколку државни стандарди да се приближат еден до друг и да
формираат меѓународен стандард. Од оваа унификација на стандардите создадена е:
Меѓународна организација за стандардизација - ISO, (International Organisation for
Standardization) и Европски комитет за стандардизација - CEN (Europen Committee for
Standardization). Сега во Европската унија во сила се стандардите EN и ISO, поточно сите
држави тежнеат своите стандарди да ги хармонизираат меѓусебно.

Македонскиот стандард може да биде идентичен со европскиот (EN), меѓународниот (ISO) или
националениот стандард (DIN, BSI ...) И во тој случај може да се препознае по ознаката (МКС
ЕN, МКС ISO, МКС DIN), но може да биде само национален или македонски стандард
изработен И усвоен од експерти на техничките тела на Институтот за стандардизација на
Република Македонија (ИСРМ). За овој вид на стандарди мора да се известат европските тела
за стандардизација. Примената на македонските стандарди е законска обврска за сите
претпријатија и установи и за сите поединци кои се занимаваат со стопанска дејност и
образование во нашата земја.

Ознаката на македонскиот стандард е составена од симболи означени со букви и бројки, како


на пример:
стандардизација
организација за
мекедонскиот

стандардот во
усвојување на
Меѓународна

македонија
стандардот
Симбол за

Година на
Европски
стандард

стандард

Број на

МКС EN IS 1234-12 : 2015


O
Неколку примери на стандарди:

МКС ЕN ISO 3098-2:2009 - техничка документација - техничко писмо - дел 2: латинично писмо,
броеви и ознаки.

МКС ЕN ISO 3098-6:2009 - техничка документација - техничко писмо - дел 6: кирилско писмо.

МКС ЕN ISO 5455:2009 - техничко цртање - размери.

МКС ЕN ISO 5457.2009 - техничка документација - формати.

Видови на технички цртежи

7
Ниту една работна организација која изработува некои производи не може да се
замисли без потребната техничка документација. Од целата техничка документација
техничкиот цртеж има најважна улога. Секој технички цртеж треба да биде јасен ,
читлив и недвосмислен. Со оглед на тоа што техничкиот цртеж треба да послужи за
јавно искажување на мислте на конструкторот пред се треба да овозможи да се свати
обликот на делот кој е нацртан, како и димензиите на истиот тој дел. За да се постигне
оваа цел постојат повеќе видови на технички цртежи па според тоа и повеќе начини на
прикажување на деловите на техничкот цртеж. Обликот на делот најдобро може да се
свати ако истиот е даден на фотографија. Мегутоа фотографјата не е погодна за да
може да се видат димензите на делот.Таа го покажува најдобро конечниот изгед на
делот во склопена положба.
Димензиите најдобро може да се видат ако делот се проектира во една проекциона
рамнина (просторен изглед), а ако се проектира во повеќе рамнини (ортогонална
проекција) ни се на располагање само 2 големни должина и ширина на делот.
Димензиите на деловите во машинското технчко цртање се изразуваат во милиметри а
во градежното техничко цртање во сантиметри.
Постојат повеке видови на технички цртежи според различните критериуми и тоа:
1. Според намената:
 монтажен се користи при склопување или расклопување на некој сложен дел од
машините
 работилнички се користи за изработка на делови во работилница
 составен се користи за прикажување на сите делови од некоја машина или некој
сложен дел од машината
 шематски се користи за да се согеда работењето на некоја машина, технолошкиот
процес на некоја фабрика, при изведба на инсталација на електрична, водоводна
мрежа и сл.
2. Според начинот на изработка:
-оригинал може да биде изработен со молив или туш на хартија и служи за чување
како документ подолго време во архива
-копија се добива со умножување од оригиналот во повеќе примероци и служи за
непосредна употреба при работата како работен документ.
3. Според содржината:
-детален прикажува само еден машински дел.
-склопен претставува функционално поврзана целина составена од повеќе делови.
4. Според начинот на прикажување:
-ортогонален цртеж (објектот го претставува во толку погледи или проекции најмногу
6, колку што се потребни за создавање на просторна претстава за истиот)
-просторен цртеж (објектот го претставува во просторна или тродимензионална
форма)

Размер

Предметите и објектите кои треба да се претстават на техничкиот цртеж скоро секогаш се


цртаат помали отколку што се во природна големина. Димензиите на куќите, зградите,
мостовите, патиштата, населбите и др. се многу поголеми во споредба со цртачкиот лист, па
затоа не е можно да се нацртаат во вистинска големина. Нивните димензии треба да се

8
намалат, соодветно на димензиите на техничкиот цртеж. Меѓутоа, понекогаш се јавува
потреба од зголемување на вистинските големини на предметите или цртање во вистинска
големина. Тоа се сретнува кај елементи со помали димензии (во машинството и во
електротехниката) или кај детали на делови од објектот кои на тој начин ќе бидат појасни.

Поради сето ова, во техничкото цртање е воведен размер, кој скратено се означува со буквата
„Р“

Размерот е однос на два броја од кои првиот покажува единица на


цртежот а вториот единица на предметот во природна
големина.

Размерот како потреба се наметнува од неможноста предметите да се прикажат на цртеж во


природна големина поради што се користат:

 Размер 1:1 (цртеж во природна големина)


 Размер X:1 (цртеж со размер за зголемување)
 Размер 1:X (цртеж со размер за намалување)

На пример: Р=1:200 (бројот 1 означува 1 см на цртежот, а бројот 200 означува 200 см во


природата или 2м, вистинска големина).

Р = 1:1 означува дека предметот е нацртан во вистинска големина.

Р = 2:1, Р = 5:1 означуваат дека предметот на цртежот е зголемен двапати, односно петпати.

Оттука произлегува дека колку објектот е поголем, толку повеќе треба да се намали при
цртањето и обратно.

Од примерите може да се заклучи дека еден ист објект може да биде прикажан на цртежот
покрупно или поситно, во зависност од тоа колкупати се намалува.

Ако вториот број, којшто го покажува намалувањето (1:200, 1:500, 1:1000) е поголем, тогаш
димензиите на објектот ќе бидат повеќепати намалени, а цртежот на објектот ќе биде помал
(тој размер се нарекува ситен размер, помал размер).

9
Ако вториот број е помал (1:5, 1:10, 1:20) тогаш димензиите на објектот се намалени помалку
пати, а цртежот на објектот е поголем (тој размер се нарекува крупен размер, поголем
размер).

Цртање во размер

Ако на некој цртеж пишува дека е нацртан во размер Р=1:10, тоа значи дека:

 1 см на цртежот означува 10 см во природата;


 2 см на цртежот означуваат 20 см во природата;
 10 см на цртежот означуваат 100 см во природата.
Пресметувањето на должините на цртежот кои ќе одговараат на соодветниот размер, може да
се определи на два начина:

I начин: Должината од 35 м претставена во Р=1:50 ќе биде 50 пати помала на цртежот:

35 м : 50 = 0,7 м = 70 см

Пример: Да се нацрта игралиште со димензии 40 х 25 м во Р=1 : 200.

Должината на игралиштето е 4000 см : 200 = 20 см. Ширината на игралиштето е 2500 см : 200 =


12,5 см.

Значи, игралиштето на цртежот ќе се нацрта со димензии 20 х 12,5 см во Р = 1 : 200.

II начин: Се претпоставува дека е полесно да се множи, па затоа пресметувањето на


должините во соодветен размер може да се направи и на следниов начин: размерот 1:50
значи дека 1 метар во природа е 2 см на цртежот (1 м = 100 см : 50 = 2 см). Оттука произлегува
дека должината од 3,5 м во Р = 1:50 е:

3,5 м х 2 см = 7 см

Пример: Да се нацрта игралиште со димензии 40 х 25 м во Р=1 : 200.

За Р = 1:200, 1 м = 100 см : 200 = 0,5 см. За 1 м во природата одговара должина од 0,5 см на


цртежот, односно 1 м = 0,5 см.

40 м х 0,5 см = 20 см

25 м х 0,5 см = 12,5 см

Вториот начин на пресметување на димензиите за даден размер е побрз и попрактичен


бидејќи за поголеми броеви со децимали, полесно е да се множат отколку да се поделат два
броја.

Видови на размери Размер Димензија на цртеж Димензија во природа

Размер во природна големина


1:1 1 сm 1 сm

1:2 1 сm 2 сm
1:5 1 сm 5 сm
1 : 10 1 сm 10 сm
Размери за намалување
1 : 20 1 сm 20 сm

10
1 : 25 1 сm 25 сm
1 : 50 1 сm 50 сm
1 : 100 1 сm 100 сm
1 : 200 1 сm 200 сm
1 : 250 1 сm 250 сm
1 : 500 1 сm 500 сm
1 : 1000 1 сm 1000 сm
2:1 2 сm 1 сm

Размери за зголемување
5:1 5 сm 1 сm
10 : 1 10 сm 1 сm

Основниот размер на цртежот обавезно се внесува во заглавјето а доколку се користат


и други размери истите се впишуваат во близина на деталот за кој се однесуваат.

Формати на хартија

Форматите на техничките цртежи се стандардизирани и пропишани со точно определени


димензии на листот. Основниот формат во техничкото цртање е таканаречениот А формат.
Како основа се зема листот со правоаголна форма чиј однос на страните е 1: √ 2 и
плоштина од 1m². Овој формат е означен со А0 и има димензии 841mm/1189mm. Ако ги
помножиме димензиите добиваме: 0,841 x 1,189 = 1m². Поголемите формати се добиваат
со дуплирање на помалата страна а помалите формати со преполовување на
подолгата страна. За цртање на долги и тесни предмети , објекти се користат
таканаречени продолжени големини на форматите кои се добиваат со продолжување
на пократката страна на форматот.
Во случај кога А форматите не се доволни се употребуваат и, т.н. „В“ формати на
хартија. Во табелата се дадени ознаките и димензиите на А и В форматите на хартија
кои најчесто се употребуваат. Иако
форматите на хартија се
стандардизирани, сепак
големината на техничкиот цртеж ја
одредува неговата содржина.

А формати В формати

841 х
А0 В0 1000 х 1414
1189

А1 594 х 841 В1 707 х 1000

А2 420 х 594 В2 500 х 707

А3 297 х 420 В3 353 х 500

11
А4 210 х 297 В4 250 х 353

A5 148 x 210 B5 176 x 250

A6 105 x 148 B6 125 x 176

Во техничкото цртање најчесто се применуваат А2 формат и А3 формат, а за цртежите кои што


се превиткуваат и пакуваат во папки превитканиот цртеж треба да биде со А4 формат и
димензија 210mm/297mm.

Секој формат на хартија содржи: рамка, ознаки за сечење, ознаки за центрирање,


референтна метричка скала,заглавје и составница.
Рамката се црта со неиспрекината линија со дебелина од 0,5 мм.
Ознаките за сечење се поставуваат на кошињата на форматот и го олеснуваат
исекувањето на потребниот формат на хартија.
Ознаките за центрирање се користат за олеснување на работата при умножување
копирање на цртежот. Истите претставуваат краеви на хоризонталната и вертикална
оска на симетрија.Се цртаат со линија со дебелина од 0,5 мм.
Референтната метричка скала служи за воспоставување на однос на димензиите на
копираниот цртеж со димензиите дефинирани со размерот на оригиналниот цртеж.

12
Системот на референтна мрежа е определен со полиња кои се обележани надвор од
рамката и тоа по хоризонтала 8 полиња со бројки од 1-8 а по вертикла 6 полиња со
букви од A-F. Со оваа мрежа цртежот се дели на полиња и при евентуални измени на
цртежот тие едноставно се пронаоѓаат.
Заглавјето ги содржи основните информации за цртежот и се поставува во долниот
десен агол без разлика дали цртежот е работен во хоризонтална или вертикална
положба.
Составницата се поставува над заглавјето но може да биде дадена и како посебен
документ на лист со формат А4.

13
14
Составница

Составницата претставува список на сите предмети односно склпови и делови


( стандардни и нестандардни) како материјали кои се потребни за изработка на
единицата претставена со цртежот или со друг дел од техничката документација.
Доколку составницата е дадена на самиот технички цртеж треба да биде поставена
веднаш над заглавјето во правец на читање на цртежот, а доколку е дадена како
посебен документ обично на лист со формат А4 треба да биде означена со истата
ознака како и техничкиот цртеж за да се знае за кој технички цртеж се однесува.
Сите линии на составницата се цртаат со иста дебелина и тоа со неиспрекината тенка
или дебела линија.
Во составницата се пишуваат сите оние податоци кои се потребни за исправна
упортреба на цртежот а не се наведени во заглавјето.

Заглавје на цртеж

Заглавјето е урамен дел од површината на цртежот во кој се впишуваат податоци


потребни за препознавање на цртежот и негова употреба, како и некои дополнителни
информации.
Заглавјата се делат на основно и упростено.
Упростеното содржи само мал број на информации претежно во поглед на
делот,ознаката и редниот број на листот а додека во основното заглавје се запишани
сите други податоци.

Техничко писмо
Кај секој машински цртеж потребно е да се внесе одреден број на податоци, бројни
вредности и информации.За испишување на овие текстови неможе да се користи било
какво писмо туку мора да се употребува техничко писмо кое е со стандардизирани
параметри и облик.
Техничкото писмо опфаќа букви(кирилични, латинични) бројки, математички знаци.
Тоа мора да е едноставно и читливо. Основните карактеристики на техничкото писмо
се пропишани со ISO стандардот :вид, тип, обик, висина и дебелина на буквите кои се

15
испишуваат рачно (со слободна рака или шаблон) или со механичка постапка
(компјутер).
Во машинството се користат два вида на техничко писмо и тоа:
-косо техничко писмо (кое се користи за рачно пишување)
-право или вертикално (кое се користи при машинско испишување).
Секој од овие два вида на писмо се дели на ТИП А и ТИП Б во зависност од односот на
дебелината на линијата за испишување и висината на големите букви.
ТИП А се испишува со дебелина од една четиринаесетина од висината на големите
букви, а ТИП Б се испишува со дебелина од една десетина од висината на големите
букви.
Висина
Висина Растојание Растојание Растојание
на Дебелина
ISO големи
на мали меѓу меѓу меѓу
на линија
букви букви редови зборови
букви
Однос на
h c a b e d
големини
14 10 2 22 6 1
Тип A h h h h h h
14 14 14 14 14 14

10 7 2 16 6 1
Тип B h h h h h h
10 10 10 10 10 10

Карактеристични димензии на техничко писмо од тип А


Карактеристика Однос Димензии
14
Висина на големи букви h h 2.5 3.5 5 7 10 14 20
14
10
Висина на мали букви c h - 2.5 3.5 5 7 10 14
14
2
Растојание меѓу букви a h 0.35 0.5 0.7 1 1.4 2 2.8
14
22
Растојание меѓу редови b h 3.5 5 7 10 14 20 28
14
6
Растојание меѓу зборови e h 1.05 1.5 2.1 3 4.2 6 8.4
14
1
Дебелина на линија d h 0.18 0.25 0.35 0.5 0.7 1 1.4
14

16
Карактеристични димензии на техничко писмо од тип B
Карактеристика Однос Димензии
10
Висина на големи букви h h 2.5 3.5 5 7 10 14 20
10
7
Висина на мали букви c h - 2.5 3.5 5 7 10 14
10
2 1. 2.
Растојание меѓу букви a h 0.5 0.7 1 2 4
10 4 8
16
Растојание меѓу редови b h 3.5 5 7 10 14 20 28
10
6 4. 8.
Растојание меѓу зборови e h 1.5 2.1 3 6 12
10 2 4
1 0. 1.
Дебелина на линија d h 0.25 0.35 0.5 1 2
10 7 4

Изборот на големината на буквите од техничкото писмо зависи од големината на


цртачкиот лист, од тоа каков предмет се претставува и од која далечина се гледа
цртежот. За АЗ форматот се користи висина на големите букви од 3-5 мм, а за наслови
7-10 мм.
Пишувањето на техничкото писмо може да се врши рачно, со користење на
рапидографи или компјутер.
Компјутерскот црање потполно го исфрла од употреба рачното техничко писмо. Од
компјутерските букви најупотребувани се латиничните (Times new roman, Arial,
Helvetika) и кириличните (Mac C swiss, Mac C times, Macedonian tms).
Рачното испишување на техничко писмо се изведува со повлекување на помошни
хоризонтални и вертикални линии (водилки) кои одговараат на висината и ширината
на буквите.

Косо техничко писмо, тип В, кирилица

17
Косо техничко писмо, тип А, латиница

Право техничко писмо, тип А, латиница

Во архитектонското цртање за слободорачно пишување се употребуваат т. н. блок-


букви. Буквите може да бидат прави и коси. Косите букви и броеви се пишуваат под
агол од 750. Тие се употребуваат и во машинските и во електротехничките цртежи.
Усвоената висина (h) на буквите е поделена на 7 дела, така што големината на 1/7 од h
ги дефинира сите други големини на буквите. Ширината на буквите е 5/7 h, освен
буквите I, J, L, M и W. Броевите за овој вид на испишување се со широчина од 4/7 h.

18
Според формата и односот на висината и ширината на буквите и броевите, се разликуваат
следниве видови блок-букви:

Нормални блок-букви

Тесни блок-букви (архитектонски букви)

19
Квадратни блок-букви

Прикажаните видови букви и броеви се само дел од можностите за нивно испишување, облик
и големина. Усвоените односи меѓу висината и ширината, прикажани во овие примери, се
само насоки кои не ја исклучуваат можноста за усвојување на друг облик и однос на ширината
и висината

20

You might also like