You are on page 1of 14

КАРТОГРАФИЈА

и
ГИС
Вовед

• Ерата на информациските и комуникациските технологии нуди


интензивен и динамичен развој со што употребата на
информационите системи е неминовна,особено
геоинформационите системи кои претставуваат основна алка при
поврзување на просторниот податок со било која област во
современиот реален свет.
• Основна дефиниција на Ludvig fon Bertalanfi
“комплекс од елементи кои се во постојана непрекината врска”.
Основни поими и дефиниции
Геоинформациски систем - Geoinformation system (GIS)
• систем за аквизиција,складирање,анализа и презентација на
просторните податоци со соодветни атрибути,кој се користи за
решавање на сложени проектантски,истражувачки и управувачки
проблеми.
• систем кој ја опфаќа севкупната методологија и технологија на
аквизиција,организирање и користење на просторниот податок,
трансформација,анализи и моделирање на истиот во форма на
географски карти и планови.
ГИС се развива врз база на научни и технолошки
дисциплини

• Картографија – автоматизација на процесот на изработка на карти


• Компјутерска графика – софтверски апликации за векторска
дигитализација
• Бази на податоци –општи и математички модели за складирање и
организирање на влезните податоци
• Далечинска детекција –аквизиција на огромна количина на
податоци
Историјат
• долгорочни научни истражувања
• Почетоците на геоинформационите системи (ГИС) датираат од 60-
тите години на минатиот век
• 1964год. Howard Taylor Fisher креира софтверска апликација SYMAP
(first computer map-making software) во Харвардската лабораторија за
компјутерска графика и просторна анализа
• 1971 год започнува со дигитализација на планови и карти од покрупен
размер во Националната геодетска управа во Британија (Ordnance
Survey)
• Canadian Geographic Information System (CGIS) - Dr.Roger Tomlison за
потребите на министерството за полјоделство на Канада
• Кон крајот на 80 - тите и почетокот на 90 - тите години од минатиот век
целосна интеграција на ГИС во светот
ГИС - КОМПОНЕНТИ И КРЕИРАЊЕ НА СИСТЕМОТ
• Софтвер –архитектура на апликативни
софтверски решенија
• Хардвер –хардверска опрема, сервери,
мрежни конфигурации поврзани со
останатите надворешни компоненти
• Податоци –просторните податоци со
графичка и атрибутна компонента
• Методи –методологија на
целокупниот концепт
• Креатори и корисници – Креатори се
вообичаено специјалисти,експерти во
одредени области и корисникци на
системот(приватнилица,аналитичари,н
аучници,истражувачи,компании,инстит
уции
Основни функции

• Аквизиција на просторни податоци – прибирање,обработка,моделирање и


подготовка на податоците
• Внесување и чување на податоците -готов податок со геометриски и
атрибутни карактеристики во датотеки
• Пребарување на просторните податоци – методологија и алатки за
добивање податок според зададени услови
• Просторни анализи – сознанија за просторот и процесите кои се одвиваат
во него
• Прикажување на просторните податоци(геовизуелизација) - графички
приказ или геовизуелизација е низа од постапки и процеси поддржани од
различни апликативни решенија.
• Картографската визуелизација - графичка презентација на картографските
податоци во форма на карти
Структура на просторните податоци и DATA
модели
• Растерски податоци - слики со сите свои
карактеристики:резолуција,димензија,формат на запис,број на бои
(скенирани карти,сателитски снимки,аерофото снимки и грид слики во
формат со .jpg,.bmp,.tif или .cit екстензија)
• Векторски податоци - структура :точка,линија и полигон со положба
дефинирана преку координати,односно положбен вектор
• Атрибутни податоци – негеометриската
форма на ентитетот
• Дигитален модел- визуелниот приказ во
форма на 3D модел
Софтверска архитектура на ГИС
Податочни модели и врски
• податоците во базата мора да бидат
комплетни,компатибилни,конзистентни и применливи
• Концепцијата на базата на податоци опфаќа организирање одредена група
строго контролирани податоци,пристап,анализа и приказ на податоците и
модел за одржување на актуелност и ефикасност на системот
• Систем за управување со база на податоци
GEODATABASE
• Базата на просторни податоци според
својата структура и можности е концепциски
особено сложена.Начинот на организирање
на просторните податоци со примена на
соодветен хардвер и софтверски апликации
овозможува интегрирање на просторните и
тематските податоци во заедничка база.
Просторните бази на податоци имаат повеќе
категории податоци за одреден
ентитет(топологија на земјиштето во
дигитален облик,3Dмодел,податоци за
правата на сопственост,статистички податоци
за начинот на користење на
земјиштето,податоци за постоечките
објекти...) и сите тие податоци се со
променлив карактер.
Проектирање на база на податоци
• Анализа на системот и дефинирање на
корисничките барања
• Проектирање концептуален модел на
податоци
• Проектирање на логички модел на
податоци
• Проектирање на физичкиот модел на
податоци
• Имплементација
Физичката имплементација на базата на
податоци
• Податоци и DBMS
• Сервер апликации - процесирање на трансакциите,остварување
оптимални врски помеѓу корисничките апликации и базата на
податоци,генерирање на WEB interface и интеграција на различни
кориснички платформи
• Кориснички апликации(WEB сервер) -софтверски решенија за
пристап до податоците од системот
• Организација на податоците во DBMS табели - колекција на
табели меѓусебно поврзани преку заеднички вредности
Просторни анализи и визуелизација
• “ГИС анализа” претставува широк спектар различни операции кои можат да
се изведат користејќи ги геоинформационите системи
• манипулација и трансформација на просторниот податок,на поставените
барања да се добие соодветно решение како просторен податок, аналитички
функции(површини,конструкции на 3D модели,мрежи од функции..)
• Аналитичките функции во рамките на ГИС се однесуваат на географските и
атрибутните податоци
• Интерпретацијата на просторните податоци може да биде во табеларен
облик и во графички облик(тродимензионален приказ на просторни
информации)
Примена на ГИС

• Геоинформационите системи се користат во рамките на извршување на


професионални задачи како што се картирање,мерење,надзор и
набљудување,моделирање и менаџмент во различни области
• катастарско и топографско картирање
• Тематска картографија,
• градежништво,геологија,хидрологија,метеорологија
• Урбанизам,просторна статистика,просторно планирање,инфраструктура
• воени потреби
Во рамките на основната примена на ГИС се и
туризмот,археологијата,транспортот,пазарот на недвижности,пазарната
економија и анализи.

You might also like