You are on page 1of 2

ВЕКТОРСКА И РАСТЕРСКА ГРАФИКА

Што подразбираме под поимот векторска графика?


Кај векторската графика сликите се претставени со помош на облици коишто
лесно се претставуваат математички, како правоаголници и квадрати, елипси и
кружници, прави линии, полигони и Безиерови криви (понекогаш има и спирали
и ѕвезди). Добиените облици може да се исполнуваат со бои, облици и градиенти,
и сегменти на различни облици може да се спојуваат во т.н. точки котви. На
самите векторски објекти или нивни групации, лесно може да се применуваат
трансформации, како скалирање, транслација, ротација, преместување,
рефлексија и накосување.
Што подразбираме под поимот растерска графика?
Растерските слики се состојат од регуларно распоредени елементи со фиксна
големина и форма и кои се опишани со одредена боја или тон (ниво на
осветленост).Овие елементи се наречени пиксели. Ако пикселите се доволно мали
и доволно густо поставени, човечкото око не ги перцепира како одделни
елементи туку, бојата или тонот на поединечните пиксели ги поврзува во
континуирана слика. Оваа карактеристика на човечкото око се вика просторна
интеграција. Кај растерската графика трансформации многу потешко се
применуваат.
Што подразбираме под поимот резолуција?
Мошне важна величина при употребата на растерските слики е бројот на пиксели
по единица должина. Ваквата величина се нарекува резолуција и најчесто се
изразува во „dpi― (dots per inch - број на точки по инч).
Кој е главен недостаток на растерската графика?
Еден од главните недостатоци на растерската графика е големината на фајловите
во кои се зачувани растерските слики, особено оние со високи резолуции.
Со цел делумно да се намали физичкиот простор потребен за чување на растерски
слики, се користат различни методи/алгоритми за намалување на
големината (компресија) на дигиталните слики. Со компресијата не се менува
бројот на пиксели што ја сочинуваат сликата, туку се менува начинот на кој
сликата се обработува за запишување, при што квалитетот на сликата директно
зависи од степенот и начинот на компресија.
Какви типови на компресија постојат?
Компресија без загуба на квалитетот и компресија со загуба на квалитетот
Какви типови на формати на слики постојат?
Graphics Interchange Format (GIF) форматот за растерски слики е воведен во 1987
со екстензија. gif. Користи компресија без загуба и погоден е за едноставни слики
со области од една боја. Овој формат е погоден за цртани слики со остри краеви и
малку бои, како лога, за мали анимации и клипови со мала резолуција, а не се
препорачува за дигитални фотографии.
Portable Network Graphics (PNG) форматот со наставка .png, е развиен за да го
наследи GIF. Користи компресија без загуба. Се користи само за помали
слики .PNG може да се користи за пренос на слики на интернет, за архивирање, и
сл. Не поддржува анимации.
Форматот на слики JPEG Interchange Format најчести екстензии се .jpg и .jpeg
користи компресија со загуба.
Tagged Image File Format (TIFF) е широко популарен формат за растерски слики,
и се користи во индустриите за печатење, издаваштвото, и сл. Поддржува
компресија со загуба.
ВИДЕО
Што се подразбира под феноменот “Продолжување на визијата”?
Продолжување на визијата преставува каснењето во одговорот на окото на визуелен
стимул што резултира во „после-слики“. Поради овој феномен, ако низа на слики му се
прикажат на окото со доволно голема фреквенција човекот доживува непрекината
видео сензација, наместо перцепција на индивидуални слики. Ако последователните
слики се разликуваат малку, секоја промена од едната во другата слика ќе се
перципира како движење на елементите.
На кои начини можат да се генерират подвижни слики за нивно вклучување во
мултимедијални апликации?
 Видео - на пример со видео камера се снима низа од кадри со кои се снима
движење од реалниот свет. Притоа кадрите треба да се снимаат доволно брзо,
но во исто време да се имаат предвид барањата и стандардите што се
дефинирани за телевизијата;
 Анимација – креирање на секој кадар посебно со компјутер или со снимање на
секоја слика посебно.
Што подразбираме под поимот видео кодеци?
За намалување на големината на видеото, развиени се специјални видео кодеци
коишто вршат компресија (кодирање) и декомпресија (декодирање). Се разликуваат
хардверски и софтверски кодеци. Кога компресијата и декомпресијата траат
подеднакво долго, станува збор за симетрични кодеци, додека кога компресијата и
декомпресијата имаат различно времетраење, станува збор за асиметрични кодеци.
Какви видови на компресија на видео постојат?
Просторна компресија и временска компресија
Кои формати на видео постојат?
Дигиталното видео се складира во посебни формати на видео наречени контејнери.
Форматот на контејнерот обично содржи и податоци за поднаслови, информации за
синхронизирање, наслов и сл. Постојат следниве формати: WMV со наставка .wmv, AVI
наставка .avi., M4V наставката е .m4v. и уште многу други.

You might also like