You are on page 1of 2

1.

Вовед во мултимедија
1.Што подразбираме под терминот медиум ?
Терминот медиум означува меморија, канал за пренос или алатка што се користи
за складирање или испорака на информации или податоци.
2.Како може да се испорача една информација до крајниот корисник ?
Една информација може да се испорача на крајниот корисник во форма на текст,
слики, веб-страница, презентација со слајдови, анимација, видео, звук, или нивна
комбинација.
3.Какви медиумски елементи разликуваме?
Се разликуваат статички медиумски елементи, како текст и графика, кои не се
менуваат со тек на време; и временски базирани медиумски елементи, како
видео, анимација и аудио, кои се менуваат со тек на време. Секој медиумски
елемент има свои сопствени карактеристики, кои создаваат различни предности
и недостатоци. Медиумските елементи може да се комбинираат во мултимедија.
4.Што е мултимедија?
Мултимедија е која било комбинација од најмалку два дигитално манипулирани
елементи на текст, слика, графичка уметност, аудио, анимација и видео.
5.Какви видови на мултимедија разликуваме?
Се разликуваат неколку типови на мултимедија, и тоа:
 Не-интерактивна мултимедија – кога корисникот нема контрола врз
протокот на информации. Типични примери се: дигиталните анимирани
филмови (Shrek,Incredibles, и други), и сл.
 Интерактивна мултимедија – кога му се дозволува на корисникот да
контролира кои елементи ќ е се испорачаат и кога. Основната
интерактивност вклучува менија за избор, копчиња за контрола на видео,
текст полиња за прашања или одговори или сл.
 Хипермедија – кога во интерактивната мултимедија се обезбедува
структура од поврзани елементи низ кои корисникот може да се движи,
како мултимедијална енциклопедија, онлајн медицински прирачници, и др.
 Адаптивна мултимедија или интелимедија – понапредна форма на
интерактивната мултимедија каде што презентацијата на информациите е
приспособена на потребите или интересите на корисниците.Типичен
пример е мултимедијален едукативен софтвер за изучување на
математика, кој според одговорите на корисниците на поставените задачи,
го определува нивното ниво на знаење и ги задава наредните задачи.
 Инволвирачка мултимедија – интерактивна мултимедија која ги води
корисниците во свет, во кој тие се вклучени интелектуално, емоционално и
сл. Оваа моќ на мултимедија може да се најде кај напредните симулации и
игрите кои креираат нивна сопствена виртуелна реалност. На пример,
SecondLife е онлајн виртуелен свет.

2. Бои
1.Опиши кои модели на бои се користат во мултимедијата ?
Боите се основен елемент на мултимедијата. Се користат следниве модели:
-RGB модел на бои. Кај RGB моделот на бои се користат основни нијанси на трите бои
црвена (Red), зелена (Green) и сина (Blue)
-CMYK модел на бои. CMYK моделот на бои е модел, кој се користи кај печатењето во
боја. Се користат боите цијан (cyan), магента (magenta), жолта (yellow), црна (black).
2.Што подразбираме под длабочина на бои ?
Длабочина на бои е бројот на битови кој ја чува вредноста на бојата.
Длабочината на боите определува колку различни бои можат да бидат
претставени. Користењето на помала длабочина на бои води кон ефект на загуба
на детали од сликата, но ја намалува и големината на сликата.

You might also like