You are on page 1of 3

Компјутерската графика е посебна графичка дејност која претставува графика создадена со компјутерска

техника.
Компјутерската графика се дели на две категории: битмапирана (растерска) графика и векторска графика.
Со растерска графика се обработуваат растерски слики што претставуваат правоаголни табели од пиксели.
Секој пиксел има точно одредена позиција во правоаголната табела што ја претставува сликата и точно
одредена обоеност.
Растерските слики се најчесто употребуваните електронски медиуми за слики, како што се фотографии или
дигитални слики.
Димензијата на сликата изразена во пиксели и резолуцијата на мониторот не смее да се помеша со поимот
на резолуција на сликата.
Под резолуција на сликата се подразбира бројот на пиксели прикажани за секој инч отпечатена слика.
Мерката се изразува со пиксели за инч ppi (pixels per inch).
Ако се користи премногу мала резолуција за печатење слики тогаш не се добива добар отпечаток, туку ќе се
забележи појавата наречена пикселизирање.
Векторската графика се презентира со математички модели, односно со геометриски фигури и вектори.
Сликата создадена со векторска графика е составена од линија и криви дефинирани со геометриски
објекти – вектори.
Векторите ја опишуваат сликата според геометриските карактеристики.
Графички апликации се програми со кои овозможуваат графичко уредување на текстови, цртежи, слики,
претставување на тела со три димензии, издолжување, ротирање, огледален приказ итн.
Најпознати такви апликации се Corel Draw  и PhotoShop.
CorelDRAW e најпопуларната програма за работа со векторска графика, која многу често се користи за
подготовки на разни логоа, визит карти и други потребни документи и илустрации.
Photoshop Кога станува збор за работа со растерска компјутерска графика, Adobe Photoshop CS е една од
најчесто употребуваните програми со мноштвото алатки и ефекти за обработка на дигитални фотографии и
можност за создавање атрактивни илустрации и фото-монтажи.

Компјутерската графика
Растерска вредност

You might also like