You are on page 1of 1

Селото Сопиште е сместено во јужниот дел на Скопската Котлина во областа 

Каршијак, во
сливот на Маркова Река. Tоа е центар на истоимената општина и практично е приградска
населба на Скопје. Сопиште е ридско село расположено на југоисточната падина на
планината Водно на надморска височина од 540 метри[2]. Сопиште е оддалечено 7
километри од центарот на Скопје. Низ Сопиште минува патот кој води
од Скопје преку Нова Брезница за Поречје. Атарот зафаќа површина од 9,9 км2, од кои на
обработливото земјиште отпаѓаат 652 ха, а на пасиштата 269 ха.

Историја[уреди | уреди извор]
Селото Сопиште е доста стара населба во скопската област. Тоа се споменува во
поменикот на манастирот Свети Георги - Горг Скоропостижник во Скопје во 1300 година
под името Сопиштехъ, како село кое е подарено на манастирот од средновековниот крал
Милутин[3]. Потоа селото Сопиште се споменува и во поменикот на манастирот
во Матка од 1560-1570 година[3]. Македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов -
Џинот во својот напис „Јужна страна скопска“ објавен во „Цариградски весник“ на 1
мај 1855 година за Сопиште запишал дека е плодовито село со многу древности и писма и
во него живеат добри селани кои имаат чудотворен црковен храм посветен на светиот
великомаченик Мина кој накажал многу нечестиви, а дарил исцеление на многу добри
луѓе[4]. За црвката зпишал дека е древна и ѕидана од српските цареви [4]. Како едно од
поголемите места на патот Скопје - Порече - Кичево во Сопиште постоел главниот ан, во
кој патниците престојувале, преноќувале и одморале, а во анот постоеле големи дрвени
„жлебови“ за вино во кои секој засебно можело да собере по 200 товари грозје [5]. На
почетокот на XIX век, најдобрата селска земја започнале да ја
присвојуваат Турци и Албанци, при што во Сопиште се основале 3 чифлизи на Сулишовци,
Садиковци и Афуз-бег од Скопје[5]. Сулишовци и Садиковци од селото Седларево биле
Албанци и живееле во Сопиште, правејќи големи злодела врз жителите- Македонци како
уцени, убиства, кражби[5]. Во 1908 година со појавата на македонските комитски
чети на ВМРО и донесувањето на „Хуриетот“ овие 2 албански семејства, плашејќи се од
одмазда за своите злодела избегале во Скопје, а земјата ја распродале на селаните[5].
Истовремено земјата ја продал и Афуз-бег. Кон крајот на XIX век, во бурната 1878 година
Сопиште било ограбено и опљачкано од „Дебрани“ (Албанци)[6]. Кон крајот на векот
Сопиште и пошироката област била посетена од македонскиот револуционер Ѓорче
Петров. Според неговите записи од 1896 година селото Сопиште броело 40 македонски
куќи сместени во подножјето на Водно на патот за Кичево и на 1 ½ час растојание
од Скопје[7]. Во тоа време во непосредната близина на селото постоеле ѕидините на
старата црква Свети Спас и стариот ан Ветрило кој некогаш бил главен ан на кичевскиот
пат[7]. Токму меаната на овој ан, која служела како база на српските чети при
преминувањето во Порече, во февруари 1907 година била запалена од војводата Васил
Аџаларски.
Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

You might also like