You are on page 1of 1

Праисторијата на денешна Шпанија започнува со отривањето на најраниот запис за

постоење на човелики мајмун во Европа во пештера која се наоѓа на планината Атапуерка.


Фосилите кои биле пронајдени таму датираат отприлика пред околу 1,2 милиони години.
[4]
 Современиот кроманонски човек на овие простори започнале да се населуваат пред
околу 35.000 години. Во пештерата Алтамира постоела една од првите населби на овие
простори пред околу 15.000 години.[3][5] Според археолошките проучувања, на овие
простори постоела развиена култура во источниот дел на Пиринејскиот Полуостров во
времето на доцниот неолит и бронзеното време.
Фенекијците, Старите Грци и Картагените го населиле овој простор, колонизирајќи во
околу 1100 п.н.е.. Фенекијските трговци го основале денешниот град Кадис. Во текот на 9
век п.н.е. Старите Грци го колонизирале и основале градот Емпуриес по должината
на Средоземното Море, преоставајќи го јужниот дел на Фенекија. Од Стара
Грција најверојатно произлегло и името Иберија, според реката Ибар. Во 6 век п.н.е. на
полуостровот пристигнале Картагинците кои воделе војни со најпрвин со Грција а подоцна
и со Римското Царство. Најважен град којшто го основиле бил денешниот Картагина.
Праисторискиот период на тогашна Иберија завршил со започнувањето на Пунските војни,
период кога територијата влегла во доменот на т.н. пишана историја.

Иберија[уреди | уреди извор]
 Главна статија: „Иберија “.
Иберија е назив кој бил користен од страна на Стара Грција за денешниот Пиринејски
Полуостров (наречен и „Пиринејски Полуостров“). Овој термин бил користен и од
страна на Херодот. Проучувањето на Пиринејскиот Полуостров како географска
целина се одвивало доста бавно. Еден од факторите бил поради разделеченоста од
античкиот свет. Старите Грци и Фенекијците во однос на оваа територија ја користиле
најмногу од економски интерес, според кое се смета дека сепак овие народи ја
познавале многу добро Иберија, како по нејзиното крајбрежје така и во нејзината
внатрешност.
За овој период од историјата на Иберија се знае дека во текот на 1 век,
кралот Мавретанијан Јуба II имал огромна библиотека која содржала текстови и книги
од Фенекија, и дека еврејскиот географ Марино од Тир поседувал материјали од таму
кои му помогнале да ја состави картата на тогашниот познат свет. Но, ниту Грците ниту
Римјаните не обраќале големо внимание на овие документи, така што голем дел од
нив се исчезнати.
Во античко време, терминот Иберија немал географска, туку етничка основа. Познато
е дека Ибериските племиња во 6 век п.н.е. живееле во околината на Монпелие, и дека
во 5 век п.н.е., Есхил напишал „Рона

You might also like