You are on page 1of 11

Микроскопски габи

Квасци
- Квасците се група на едноклеточни микроорганизми кои му припаѓаат
на царството на габи.
- Квасците се неподвижни микроорганизми со голема распространетост. 
- Најчесто ги населуваат овошните градини и лозјата.
- Квасните клетки како едноклеточни организми имаат најпроста градба
од сите габи. 
- Сепак тие имаат еукариотска градба, па затоа се посложени од
бактериите.
- Најпознати видови се пекарскиот, пивскиот и винскиот квасец од родот Saccharomyces.

- Квасците се размножуваат со формирање на пупки на своето едноклеточно тело и кога

таа пупка ќе достигне големина на родителската клетка, се одвојува. Квасците на ваков

начин формираат колонии кои изгледаат како синџири.


За квасците најкарактеристична особина е тоа што се способни да вршат
ферментација или вриење.
- Зошто пекарскиот квасец се става во тесто?
Пекарскиот квасец е способен да врши клеточно дишење (алкохолна ферментација)
во анаеробни услови (без присуство на кислород).
Се става квасецот во тестото на потопла температура и почнува да се храни со
шеќерот од брашното. Со ова започнува алкохолната ферментација и квасецот
добива енергија , а производ на овој процес се алкохол и меурчиња на јаглерод
диоксид CO2. Кога тестото ќе се подигне, тоа е доказ дека квасецот вршел алкохолна
ферментација внатре.
При печење на лебот од него испаруваат алкохолот и јаглерод диоксидот,а
остануваат шуплините во лебот кои се доказ за активноста на квасецот.
Пивскиот квасец врши ферментација на шеќерите во
житарките (јачмен, хмељ) и производ на тој процес е
пивото, благо горчлив и газиран пијалок со низок удел на
алкохол. Пивскиот квасец е богат со витамини од Б-
комплесот и често се употребува за производство на
витамински препарати за подобрување на апетитот,
метаболизмот и изгледот на кожата, косата и ноктите.
Микроскопски габи
Мувли
Во царството на габи во посебна група спаѓаат мувлите. Мувлите најчесто се распространети
на повредени растителни плодови и на други органски отпадоци на влажна подлога. Можат
да се забележат во силосите, подрумите и на дрвена амбалажа. За развој на мувлите
потребни се услови на зголемена влажност над 60%, полутемни места со температури од 20-
22°C
Мувлите се микроорганизми, но изградени од повеќе клетки. Телото на мувлите
се состои од издолжени, кончести клетки наречени хифи. Хифите се
испреплетени во мрежа наречена мицелиум.
Најпознати мувли се:
 -  црната мувла која се развива на леб,сирење, овошје, зеленчук.
- мувлата пеницилиум која го излачува антибиотикот пеницилин, кој уништува
многу бактерии, инаку случајно е откриен од англискиот лекар Александар
Флеминг во 1929 година.
Мувлите од своите хифи лачат посебни хемиски материи
наречени ензими кои ги разградуваат шеќерите од храната на
која се развиваат (леб, овошје) и така с еисхрануваат и
размножуваат. На врвот на хифите има спорангиум (топчест
орган во кој се формираат спори со кои мувлата се размножува)
Едноклеточни алги
Алгите  се наједноставните автотрофни организми, се исхрануваат со фотосинтеза. Сите алги
содржан зелен пигмент, но кај некои алги може да има и помошен пигмент кој дава различни бои на
алгите. Живеат во слатките и солените води, но може да се најдат и на влажни почви. Телото на
алгите е наречено талус, тие немаат вистински органи бидејќи немаат диференцирано ткиво. Познати
едноклеточни алги се;
 - зелена алга -  спирогира
 - хламидомонас
 - волвокс
Volvox

You might also like