You are on page 1of 6

Што е компостирање?

- Компостирање е процес на
биолошко распаѓање на
органската материја(суви
листови, гранчиња, плодови...)
во присуство на влага, кислород
од воздухот и аеробни
микроорганизми.
- Компостот е главниот производ на компостирањето кој
се состои од стабилна органска материја. Има
незаменлива улога во обновувањето на почвата и
подобрување на нејзината плодност.
- За да се добие компост мора да бидат исполнети некои
услови како на пример:
а. Квалитетот на биомасата
б. присуство на кислород
в. содржина на влага која треба да биде 50-60%
- Иако микроскопските габи и бактериите имаат
негативен углед дека предизвикуваат болести,
треба да се напомене дека овие микроорганизми
имаат суштинско значење за природните процеси
на распаѓање. Тие се дел од еден глобален
синџир на исхрана претварајќи ги органските
материи во неоргански (вода и минерали), кои пак
од своја страна се храна за растенијата.
- Ваквите микроорганизми-разградувачи се
одлично приспособени за живот во почвата, на
влага и кислород.
компост
компост
Ученици, лекцијата за микроорганизми и болести ќе ја научите од учебникот
како што Ви посочив на час. Тоа е последна лекција од темата за микроорганизми.
Единствено нешто што треба да додадете на таа лекција е за трите вида на
сипаници (варичела – овча сипаница, морбили – мала сипаница и рубеола). Овие
три заболувања се предизвикани од вируси.
HPV или Хуман папилома вирус ги напаѓа клетките на грлото на матката и доколку
е високоризичен тип на вирусот може да предизвика промени на клетките кои
водат до канцерогено заболување.

Среќно на тестот!

You might also like