You are on page 1of 1

РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ОТПАДОЦИТЕ

Низ вековите градинарите ги обновувале растителните


материи, ѓубривото и почвата и низ процесот на распаѓање, во
корисна материја - хумус. Со текот на времето и со зголемената
изложеност на воздух и на вода, органските материи оставени да
скапуваат се разложувале од бактериите и габите во хумус -
органска смеса која ја збогатува почвата, го зголемува нивото на
задржување на влажноста и обезбедува корисни материи за
растенијата.
Разложувањето на големите количества смет веќе се
спроведува во фабриките, преку затрпување на отпадоците во долги
канали, нивно наводнување и периодично превртување за да може
целиот смет да се изложи на кислород. Во САД, само во 10 градови
имаат оперативни фабрики за ѓубрива а повеќе од 200 фабрики
работат во Европа.
Хумусот создаден со распаѓањето на цврсти отпадоци еден
ден би можел да ги замени скапите хемиски ѓубрива кои ги
разградуват езерата и водата за пиење. Но, за да биде ефикасно
како метод, разложувањето мора да се комбинира со работење со
интегрирани отпадоци. Тоа значи дека прво фабриките треба да ги
намалат количествата отпад, на пример, со намалување на
амбалажата и второ амбалажата да биде направена од обновен
рециклиран материјал.
Фабриките за рециклирање материјали вршат обновување на
различни видови отпаден материјал (интегрирање на сметот). Овие
фабрики преработуваат стакло, алуминиум, хартија и пластика.
Употреблибите материии се сортираат, се одделуваат и се чистат
пред да се испратат на обновување (рециклирање). Ваквата фабрика
буквално им го продава рециклираниот продукт од сметот на
фабриките за хартија, на произведувачите на стакло и пластика, како
и на преработувачите на метали.

You might also like