You are on page 1of 8

Примена на стара хартија

како суровина и материјал

Бојана Велковска VIa


Калина Андреевска VIa
Добивање на хартија во минатото

На почеток на развојот на човештвото, хартијата се добивала со


обработка на растението папирус на тој начин што се лупеле
парчиња од растението кои се ределе вкрстено едно преку друго.
Потоа се натопувале со голема количина на вода и се сушеле
притиснати со преса. Овај начин на производство на хартија бил
многу спор и макотрпен.
Добивање на хартија во денешно време

Денешната современа хартија се произведува од различни суровини.


Најчесто се користи дрво, отпаден текстил, памук и стара хартија.
Хартијата најчесто се изработува од ситно мелена дрвна маса која се
меша со големи количини на вода. Таа смеса се вари и се добива каша
наречена пулпа. Од пулапата се се издвојуваат непотребните елементи и
водата, а потоа следи фаза на сушење. Саканата дебелина на хартијата се
добива со извлекување на хартијата низ повеќе валјаци со различни
големини, каде се измазнува.
Рециклирање

Рециклирање е преработка на користените материјали за добивање нови


производи. Со рециклирањето се спречува губењето на материјалите,
намалувањето на потрошувачката на нови суровини, се намалува
користењето на енергијата, се намалува загадувањето на воздухот и водата.
За да постои рециклирање, прво искорисните материјали треба да бидат
одделени едни од други. Откако ќе се одделат, односно селектираат,
материјалите се носат до местото каде што се обработуваат. Таму се
прочистуваат и во зависност од материјалот, следат различни процеси на
преработка за да се добие финална суровина.
Примена на стара хартија како суровина

Старата хартија можи да се користи како суровина за добивање на


рециклирана хартија. Може да се користат сите видови на тетратки,
тефтери, нотеси, испишани листови на хартија, списанија, весници,
рекламни флаери, хартија за копирање во боја, коверти, картонски кутии,
картони за завиткување, картонски кеси, сите типови картони од купените
производи во малопродажба и големопродажба, картонски амбалажи во
кои се пакувани млеко, јогурт, сокови и така натаму.
Примена на стара хартија како материјал

Процесот на рециклирање опфаќа ставање на старата хартија и кутиите во


големи буриња со вода во кои се мешаат. Со ова мешање се раздвојуваат
влакната со што хартијата брзо се раложува. Влакната упиваат вода и се
претвараат во голема смеса на разводенети влакна. Сите нехартиени
елементи испловуваат на површина или потонуваат на дното така да можат
лесно да се извадат. Вака добиената хартија понатаму можи да се употреби
за производство за весници, хартиени кеси, хартиени марамчиња, ребраст
картон за кутии и така натаму.
Примена на стара хартија како материјал

Производи кои се добиени од рециклирана хартија.


Совети за реклирање хартија

 Рециклирајте хартија – не ги фрлајте весниците. Со еден тон собрана


хартија ќе спасите уништување и сечење на дрвата.
 Рециклирајте хартија – со преработка и рециклирање на стара хартија
користиме 15 % помалку вода. Некои податоци говорат дека со
рециклирање на еден тон канцелариска хартија, спасуваме 17 стебла на
дрва, штедиме 4200 киловати енергија и 32000 литри вода.
 Собирањето на старата хартија и нејзино рециклирање придонесува за
помала штета врз животната средина, 60 % заштеда на енергија во однос
на добивање на хартија од дрво и 15 % помала потрошувачка на вода во
однос на добивање на хартија од дрво
 Употрбувајте еден производ од хартија повеќе пати.
 Кога би практикувале селекција и рециклирање на отпадот нема да се
соочуваме со преголеми количини на отпад кој поголем дел завршува
низ природата.

You might also like