You are on page 1of 1

МАТЕРИЈАЛИ-хартија, картон и дрво

1.Добивање на хартија
Хартијата се добивала со обработка на растението папирус. Денес се повеќе се користат други
суровини, кои го забрзуваат процесот на добивањето хартија.. Најчесто се користи дрво, отпаден
текстил, памук и во поново време стара рециклирана хартија.

При производството на хартијата, се користат два начини: механички и хемиски. има подолг рок
на употреба. Дали знаеш од што е направен картонот? Картонот се добива на сличен начин како
хартијата. Тој претставува многу погуста и подебела хартија која не се витка во ролни, туку се сече
на листови

2.Што е тоа рециклажа? Тоа е преработка на стар материјал, во фабрика која за таа цел има
специјални машини. Рециклажа се прави на старо стакло, хартија, пластика, старо железо и други
отпадни материјали. Рециклирање на хартијата е постапка за повторно обновување на старата
хартија и нејзина преработка во нови производи.

Брановиден картон -тој се добива со лепење на повеќе слоеви хартија, со што се добива поголема
дебелина на картонот.

3.Важни карактеристики на дрво


Дрвото е влажно и има големо количество на вода и е потребно дрвото да се
суши.Сушењето на дрвото се прави на тој начин што дрвото се изложува на два начини: ·
природен или · вештачки провев од воздух. Треба да знаеш! Дрвото е добар изолатор на
топлина, звук и електрична енергија. Има голема отпорност на дејството на мразот, на
одредени хемиски соединенија, ја впива бојата и лесно се бојадисува, се обработува и се
рециклира. Со рециклажа на` иверки, лесонитплочи, медијапан и други полупроизводи.

ДОМАШНА РАБОТА-Пронајди слики на интернет од разни видови на хартија,картон и дрво,алат и


машини за обработка на дрво,полупроизводи од дрвo.

You might also like