You are on page 1of 4

ЕСТЕТСКИ СВОЈСТВА НА ДРВОТО скратена верзија од Орце

ЕСТЕТСКИ СВОЈСТВА НА ДРВОТО

Надворешни физички својства се: Боја, текстура, сјај, мирис и финост на дрвото

1. Боја на дрвото – природниот тон на боја што ја поканажува дрвото на трите


пресека (попречен, тангенцијален,радијален) или на неговите делови
беловина и срцевина. Бојата на дрвото зависи од:
a. Водата во дрвото
b. Пресекот кој се гледа
c. Начинот и степенот на обработка
d. Возраста на дрвото

Основни природни бои на дрвото се: бела, жолта, кафеава, црвеникава, црна.

Фактори од кои зависи природната боја на дрвото се :

1. Внатрешни :
a) Анатомска градба и структура на дрвото влијае преку помала или
поголема застапеност на раното (посветло) и доцно (потемно) дрво.
b) Хемиски состав на дрвото влијае преку учество на разни боила,
штавни материјали, смоли, глукозиди, алкалоиди и сл.
c) Физиолошките и патолошките промени во дрвото се предизвикани
од дејствувањето на габи и бактерии, односно преку
ферментационите процеси кои настануваат во овие случаи,
осрцевување
2. Надворешни :
a. Атмосверски влијанија – сончеви зраци и светлина,температура
b. Микроорганизми – габи ,бактерии, инсекти
c. Хумификација

Промена на боја на дрвото:

• Жолтеење - оксидациони процеси во присутниот лигнин (стара хартија)


• Сивеење – преку дејствување на надворешни фактори како трајни ниски
температури, голема влага во воздухот и присуство на железни соли во
дрвото,
• Црнеење – настанува при сечење на дрвото и се објаснува преку хемиски
реакции кои настануваат меѓу штавните материи и железото од орудијата.
• Црвеење на дрвото настанува под дејство на Ултра Виолетови зраци на
високи места и планини.
1
ЕСТЕТСКИ СВОЈСТВА НА ДРВОТО скратена верзија од Орце

• Хумификација на дрвото е процес кој се јавува кога дрвото било подолго


време изложено во или на земја, под дејство на водена пара, оксидациј,
редукција, дејство на амоњакот и јаглената киселина. Ваквото дрво најчесто
се наоѓа во бари, мочуришта, езера , реки и се нарекува АБОНОС дрво.

2. Текстура
Под текстура се подразбира сликата што ја даваат различните атомски
елементи на механичко обработено дрво (видлива со голо око).
Во зависност од видот на дрвото и неговиот пресек , текстурата се менува.
Текстурата на дрвото може да биде :
• правилна каде анатомските елементи се правилно распоредени
• неправилна каде распоредот на елементите е неправилен.

Врз основа на правецот на режење на дрвото постојат следниве текстури:

Правилни текстури

1. попречна – годовите се во вид на целосен круг


2. радијална – годовите се во вид на паралелни покуси и подолги ленти
3. тангенцијална – годовите се во вид на потесни параболни линии
4. спирална – се гледа најдобро на лупен фурнир
5. периферна – се гледа кога ке се отстрани кората на дрвото
6. куглеста – кај дрвени вагани, чинии, лажици, топки
7. пламенеста – е условена од групирањето на ткивата на трахеите и
паренхимските клетки на одредени поединечни места во стеблото.

Неправилни текстури

1. ребреста или попречно пругеста текстура е во вид на ситни


брановидни нарушувања на лентите од годовите.
2. Пирамидална- кај преминот меѓу деблото и гранките се појавуваат
потемни полиња во вид на пирамида или чатали.
3. Џеверава- спирално протегање на аксијалните анатомски елементи
најчеста е кај лупениот фурнир.
4. Птичје око – кога резот ке помине низ неразвиените или заспани пупки
се добива облик во вид на око од птица.

2
ЕСТЕТСКИ СВОЈСТВА НА ДРВОТО скратена верзија од Орце

3. Сјај на дрвото

Кога дрвото појако или послабо ги одбив светлосните зраци од неговата површина
велиме дека тоа е повеке или помалку сјајно.

Според сјајноста на дрвото (степенот на одбивање на светлосните зраци од својата


површина) дрвните видови ги делиме во три класи:

1. Дрва без сјај 2. Дрва со слаб сјај 3.Дрва со сјајно дрво

Некои тропски дрвја имаат многу висок сјај и се нарекуваат свилени дрвја.

Фактори кои влијаат врз сјајот на дрвото се:

1. Широчина и големина на дрвните зраци


2. Застапеност на зоната на доцно дрво во годот
3. Начин на обработка на дрвото
4. Аголот под кој паѓа светлината врз обработената површина од дрвото.

Сјајот на дрвото е најголем на радијален, помал на тангенцијален а никаков на


попречен пресек. Со полирање на некои дрва може да им се зголеми сјајот.

4. Мирис на дрвото

Многу од дрвните видови во кои се сместени соодветни миризливи хемиски


материи имаат карактеристичен мирис на тие материи.

• Мирисот може да биде со појак или послаб интензитет, во зависност од


големината на површината од која испарува, од видот на дрвото и од
неговиот хемиски состав. Мирисот полесно испарува од надворешната
одколку од внатрешната страна.
• Мирисот може да биде пријатен и непријатен во зависност од тоа ,дрвните
видови со пријатен мирис се користат во градежна столарија за изработка на
врати и прозори , дрвните видови без мирис се користат во прехрамбената
индустрија за изработка на амбалажи.

5. Финост на дрвото се подразбира дрво со хомогена структура, помало


истакнување на анатомските елементи и ткивата во градбата на дрвото.
Финоста на дрвото како естетско својство го обележува и квалитетот на
дрвото. Финоста на дрвото зависи од внатрешни и надворешни фактори.

3
ЕСТЕТСКИ СВОЈСТВА НА ДРВОТО скратена верзија од Орце

• Внатрешни фактори се анатомската структура на дрвото (хомогена,


хистолошка) и широчината на годовите (односот помеѓу раното и
доцното дрво – потесни/пошироки зони)
• надворешни фактори се почвата (послаба,накосен терен) и климата
(студена)

Пофино дрво расте во посеверните краишта и во погуст насад, повозрасните


стебла имаат пофино дрво ид помладите. Финоста на дрвото влијае врз
неговата трговска вредност, пофиното дрво е поскапо, има посиметрична
градба и полесно се обработува. Според финоста се делат на 4 вида дрво:

1. Многу фино дрво 3. Полуфино дрво


2. Фино дрво 4. Грубо дрво

You might also like