You are on page 1of 7

МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

НАСТАВНИК
ВАЛЕНТИНА МАЈСТОРСКА
ШТО ЌЕ НАУЧИШ?

• Што е легура и зошто е појака од металот

• Да наведуваш примери за легури и нивни примени


Легури и својства на легурите

Веќе знаеш дека луѓето избираат материјали според нивната примена. Се запозна со
својствата на металите и нивната примена. Сите метали можат да се сретнат во вид на
прости (елементарни) супстанци. Меѓутоа многу метални предмети што ги користиме
секојдневно не се чисти прости супстанци, туку смеси од метали. Значи металите имаат
својство да се мешаат меѓу себе (а поретко и со неметали) и да градат смеси кои се
нарекуваат легури.

 Легура
Смеса од метал и некој друг метал или неметал, но поретко.

Легурите имаат поинакви својства од простите супстанци од коишто се образувани.


Научниците ги одбираат легурите така што тие да имаат најдобри својства за дадена намена.
За да се добие легура потребно е металите да се стопат и да се измешаат.
Металите, по правило, меѓусебно не реагираат. Поради ова за легурата може да сметаме
дека претставува смеса (а не соединение).
Обично легурите се поцврсти или покрути од металите кои влегуваат во нивниот
состав.
За да објасниме како со мешањето на металите се добива појака легура можеме да
ја искористиме корпускуларната теорија.
Во чистиот метал честичките се
наредени во слоеви. Под дејство на сила
слоевите лесно можат да се лизгаат едни
покрај други. Во легурите честичките на
едната супстанца се распределени меѓу
честичките на другата супстанца и тие
имаат различна големина. Мешањето на
честичките со различна големина
оневозможува слоевите лесно да се лизгаат
едни покрај други. Ова потсетува на
блокирање врата со ситни камчиња.
Поради тоа, легурите се поцврсти од
чистите метали.
 Познати легури

Назив на легура Метали од кои е образувана Најчеста примена

Месинг Бакар и цинк Електроника, кваки на врати

Бронза Бакар и калај Украсни предмети, скулптури,


лагери, запченици, пружини
Дуралуминиум Алуминиум, бакар, магнезиум Автомобилска индустрија

Лемило (калај за лемење) Калај и олово Електрични кола


Челик Железо и јаглерод(1,7%) Градежништво

Легиран (нерѓосувачки) Железо, хром, никел, волфрам, ванадиум Прибор за јадење


челик
Жолто злато Злато и сребро Накит

Бело злато Злато и никел Накит


Розово злато Злаато и бакар накит
Амалгам Жива, сребро, калај Забна пломба
Нерѓосувачки челик

Челик Бронза

Месинг

Бело и розово злато Амалгам


План во тетратка
Метали и легури

1.Легура
- Смеса од метал и некој друг метал или неметал, но поретко.
*поцврсти и покрути од чистите метали
*за да се направи легура треба металите да се стопат па да се измешаат
2. Познати легури

ДОМАШНА
ЗАДАЧА:
Прашањата на стр.
29 од учебникот
(да се прати до
вторник
10.11.2020. до 17
часот

You might also like