You are on page 1of 21

Универзитет ,,св.

Кирил и Методиј’’ Скопје

Машински факултет Скопје

Метализација со ласерски сноп

Проф. Д-р Добре Рунчев


Изработил
Никола Гелчев А1542
Содржина

1. Вовед

2. Метализација со ласерски сноп

- Ласери со голема моќност за површински третмани


- Процес на метализација со ласер
- Материјали за облога и нивните својства

3. Примена во индустријата

4. Заклучок

2
Вовед

Метализација со ласерски сноп е напредна технлогија за подобрување


на карактеристиките на разни делови од најразлични материјали.
Микроструктурата кај оваа технологија е многу густа, не порозна и
имат одлична металуршка поврзаност со основниот материјал. Оваа
технологија внесува многу мала топлина во компонентанта што се
додава на основниот материјал , односно доволно за да може да се
нанесе на површината. Со метализацијата се подобруваат
карактеристиките на површината на основниот материјал на делот
како што се отпор од абење , корозија и високи температури.
Истражувањата и развојот на метализацијата со ласерски сноп , како и
истражувањата на својствата на структурите што со добиваат на
површината како и примената во индустријата , бележат голем пораст
во последните неколку години поради брзиот развој на ласерската
технологија .

3
Метализација со ласерски сноп

Ласери со голема моќност за површински третман

Особини Тип на ласер


CO2 Nd:YAG,lp Nd:YAG,dp NPDL

Бранова должина 10.6 1.06 1.06 0.8-0.94


(µm)
Ефикасност (%) 5-10 1-3 10-12 30-50
Моќност (kW) 40 4 4 6
Просечна густина 10
6 … .8
10
5 … .7
10
6 … .9
10
3 … .5

на моќноста (W/cm 2
)
Работни часови (h) 2000 200 10000 10000

Спојување на Не Да Да Да
влакна
Параметри на 12 25-45 12 100-1000
зракот (mm x mard
Неколку основни својства на ласерот се од големо значајње при
примена во индустријата, вклучувајќи и обработка на материјалите,
својства како на пример монохроматичност , кохерентност и тн.
Ласерскиот сноп т.е. ласерската опрема работи со висока моќност ,
при што како резултат на тоа произлегува ласерски зрак со висока
енергија и добар фокус , кој може да се користи при обележување ,
дупчење, сечење, заварување и тн. Во табела 1 се прикажани повеке
видови на ласери со голема моќност кој се користат за обработка на
материјали.

4
Ласерите на јаглерод диоксид (CO2) се традиционално
најприменувани ласери кои имаат моќност до неколку десетици
киловати. CO2 ласерите имаат умерена ефикасност , одличен
квалитет на зракот , и исто така поради високата бранова должина од
10,6 mm резултира со релативно мала апсорбција на ласерскиот зрак
од страна на металите т.е. челицките. Nd:YAG ласерите работат на
уште пониска бранова должина (1.06мм) што значително ги
подобрува карактеристиките на абсорпција, односно површината на
металот абсорбира поглем дел од енергијата на зракот. Сепак овие
ласери работат со пониска електрична/оптичка ефикасност што ги
прави овие ласери потешки за одржување. Ласерите со високо
напонски диоди ( HPDL) се воведени во поново време, и тие имаат
максимална моќност од 6 kW. HPDL опремата ја преставуват
најновата генерација на ласери со голема моќност за обработка на
материјали , особено за заварување ,метализација, површинска
обработка, лемење и тн. Со намалувањето на брановата должина (0,8
mm – 0.94 mm) се подобрува карактеристиката на абсорбција на
енергијата на ласерскио зрак. Овој вид на ласер има висока
електрична/оптичка ефикасност (30-50%) , исто така зафаќат помала
површина за разлика од другите ласери со еднаква моќност.

5
Процес на метализациа со ласер

За разлика од другите методи за обработка на материјали со ласер ,


овој вид на процес на метализација сеуште многу малку се користи во
индустријата, односно овој метод на обработка на материјали со
ласер повеке се користи за сечење, заварување или обележување.
Постојат неколку вида на модификации на површински третман со
ласер :

1. Зацврстнување на челици и леани железа


2. Површинска модификација : нанесување на легура на
површината
3. Метализација со ласер
-Прв чекор остранување на претходно поставениот слој
-Втор чекор метализација со прав или жица
4. Хибридни процеси со помош на ласер
-Ласерско чистење на површината со термичко прскање

Зацврстнувањето на челиците со помош на ласер се врши на тој


начин што челикот се загрева до аустенитна температура а потоа брзо
се лади за да се добие тврда и крта но отпорна на абење структура
која се нарекува мартензит , овој процес се нарекува калење.
Метализација со ласер е процес на таложење , каде материјалот ,
прав или жица , се нанесува на површината на основниот материјал
преку процес на топење. На слика 1 е прикажан процесот на
метализација со ласер. Овој процес има многу сличности со процесот
на термичко прскање , односно материјалот се загрева со помош на
специјален извор на топлина. За разлика од другите процеси на
метализациа , при овој метод енергијата за растопување на додатниот
материјал доаѓа од зракот на ласерот. Како што може од сликата да
забележиме прав со големина од 50-150 мм се вбризгува , во областа
каде поминува ласерскиот зрак при што абсробира енергија од
ласерскиот зрак и се топи и се налепува на површината на делот кој
се обработува.

6
Слика 1 а)

Дел од енергијата од ласерскиот зрак ја абсорбира површината на


основниот материјал при што и тој се загрева но не се топи , што
овозможува подобро прилепување на додатниот материјал. При
метализација со ласер материјалот што се додава на површината на
основниот материјал се топи , при што се создава базен од
растопениот материјал што резултира со слој без порозност.
Мешањето помеѓу основниот материјал и додатниот треба да биде на
најниско ниво, за да си ги задаржи основните карактеристики
додатниот материјал.

Слика 1 б)

7
На следната слика 2 е прикажан HPDL 6 kW ласер кој најчесто се
користи за метализација на површини отпорни на корозија и абење.

Слика 2

Во табела 2 е направена споредба помеѓу метализација со ласер и


термичко прскање. Карактеристиките како

-висок интензитет и контролиран извор на топлина

-одлични својства на метализација

-минимални промени во основниот материјал заради многу мала


внесена топлина

-контролирана дебелина на облогата

-одлична продуктивност и цена

се дел од карактеристиките кои го прават ласерот по привлечен за


индустријата.

8
Процеси Термичко прскање Метализација со
ласер
Извор на топлина Пламен, електричен Ласерско зрачење со
или плазмен лак висок интензитет
Јачина на врската Ниско до умерено* Одлично металуршко
сврзување
Структура на облогата Ламеларна, од Густа без порозност
порозна до густа*
Загревање на Многу ниско до Ниско до умерено
работното парче умерено*
Мешање на Не Ниско
структурите
Дебелина на облоагат 0.05 – па се до 0.5-3 мм
неколку мм
Материјали за Широк спектар на Метали и легури,
метализација метали, легури , легури со висок
керамика, полимери* тврдост и кртост ,
керамика
Продуктивност Ниска до висока Ниска до умерена*
Цена Ниска до висока* Умерена до висока
*зависи од видот на процесот

При метализација со ласер потребно е внимателна контрола и


оптимизација на одредени параметри :

-видот на ласерот (CO2, Nd:YAG, HPDL),

-нивото и густината на прашокот,

-големината , геометријата и квалитетот на зракот

-брзината на површината (м/мин)

-аголот на нанесување

-количина на додавање на прашок (г/мин)

-број на слоеви

-температура за време на метализација

-ладење
9
Материјали за облога и нивните својства
Неколку видови на облога може да се направат, во зависност од видот
на основниот материјал. Најчесто користени основни материјали се
нелегиран челик, легирани челици, нерѓосувачки челици, легури на
никел и кобалт. Исто така на делови од леано железо може да се
изврши метализација. Облога со бакар и неговите легури, е направена
на алуминиум и неговите легури и исто така на титаниум и неговите
легури. Метализација со ласер нуди широк спектар на материјали кој
може да се користат за облога. Во табела 3 се прикажани најчесто
применуваните легури за метализација. Најчесто применувани легури
се со основа на кобалт , на пр. Stellite 6 или 21 , односно и легури со
основа на никел како на пр. Inconel 625 и NiCrBSi . Со цел да се
подобри отпорот на абење се применуваат материјали кој формираат
карбиди како на пр. WC,Cr3C2 ili TiC .

Табела 3 Примери на материјали за метализација со ласер

Метали и легури
Легирани и нелегирани челици
Нерѓосувачки челици (AISI 304, 316, 420 и тн.)
Легури на Никел (Iconel 625,NiCr,NiCrAl,NiCu и тн. )
Легури на Кобалт (Stellite 6, 12, 21, Triballoys и тн. )
Бакарни легури (алуминиум,бронза и тн.)

Карбидни материјали, композити и керамика


WC, Cr3C2, TiC, SiC
Тврд-крти материјали : WC-Co, Cr3C2-NiCr, TiC-Ni/Co.
Керамика/композити : Al2O3/Ni, TiB2/CrB2-Ni
Керамика : Al2O3-TiO2, Al2O3-ZrO2

На слика 3 е прикажан пресек со оптички микроскоп на метализирано


парче со легура Ni-Cr каде што е применето метод на метализација со
6 kW HPDL ласер. Постапката на метализација во конкретниот пример
се состои од ласерски зрак со пречник од 20 мм , брзина на движење
на ласерот 400 м/мин и напојување со прашок од 100 г/мин.
10
Овој вид на метод на метализација , одлично го оптимизира процесот
на додавање на прашок што дава одлични карактеристики на
додадениот слој. Одличната оптимизација на додавање на прашокот и
нанесување на слоеви без порозност се клучни фактори кој може да
придонесат ласерската метализација да заземе некој дел од
термичката метализација.

Слика 3

На сликите 4 (а и (б се прикажани микроструктурите на две различни


легури. На сликата под (а е прикажана микроструктура на Stellite 21
легура која е нанесена на челик со медот на HPDL ласер, додека под
(б е прикажана микроструктура на облога од челик М2 со висока
концентрација на ТiC која е нанесена со метод на dp-Nd:YAG ласер.

11
Со метализацијата на челиците со такви видови на материјали се
овозможува отпорност од корозија на деловите кој немаат такви
карактеристики. На сликата 5 е прикажан дијаграм каде што се прави
споредба на корозија на челик Fe37 без метализација и со
метализациа со легура Iconel 625 со два вида на метод со термичко
прскање (HVOF) и со метод на ласер и челик Iconel 625 . По
извршената метализација парчињата се потопени во раствор од 3,5%
NaCl (морска вода).

Слика 5

Од дијаграмот може да забележиме дека челикот Fe37 кородира


константно со текот на времето, додека челикот Iconel 625 има голема
отпорност од корозија поради големата количина на Ni-Cr-Mo.
Метализацијата направена со метод на HVOF не е толку отпорна на
корозија за разлика од ласерскиот метод поради појавата на
порозност во нанесениот слој за време на тестирање во растворот. За
разлика од методот со термичко прскање , методот со ласер покажува
голема отпорност на корозија исто како и кај челикот Iconel 625. На
следните две слики ке бидат прикажани двете микроструктури по
тестирањето во растворот NaCl. Од сликата 6 може да се забележи
дека кај методот HVOF облогата е кородирана и основниот материјал ,
додека кај методот со ласер облогата и основниот материјал се
непроменети.
12
Слика 6

Слика 7

Изборот на ласерската облога може да се одреди врз база својствата


на основниот материјал за разлика од методот на термичко прскање.
Ласерскиот прашок , параметрите на ласерот и обработка пред/потоа,
мора да бидат оптиматизирани за дадениот метод на метализација и
за дадениот основен материјал

13
Примена во индустријата

Методот на ласерска метализација може да се применува во


прозиводство на резервни делови , како и поправка и одржување на
истрошени делови и опрема. Облогата која се нанесува со овој метод
треба да придонесе за карактеристиките на површината на основиот
материјал , односно карактеристики како што се отпорност од
абразија, ерозија, како и оксидација и корозија на високи температури
и тн. Најчесто се матализираат делови како на пример вентили,
дискови, издувни вентили во моторите, цилиндри, некој компоненти на
пумпи и турбини, плочи изложени на абење, површински зглобови,
алати, калапи и тн. Во индустријата метализацијата се врши најчесто
со CO2 ласер со голема моќност, но во поново време се применуваат
и Nd:YAG и HPDL ласери. На слика 8 може да се види една работна
станица на индустриски CO2 ласер со моќност од 6 kW и коаксиално
додавање на прашок.

Слика 8

14
На следните неколку слики ќе бидат прикажани примери од
индустриски компоненти обработени со метализација со ласер. На
слика 9 е прикажан вентил кој се користи во електрани , на кој му е
направена метализација на неколку области што ќе придонесат за
поголема отпорност од корозија, абење и високи температури, со што
ќе му се подобрат перформансите и животниот век.

Слика 9

На слика 10 е прикажано метализација со ласер на ракав на вратило


со дијаметар од 1.5 м.

Слика 10

15
На следниот пример е преставено вратило долго 4.5 м кое е дел од
пумпите за циркулација на водата во нуклеарна централа. Оваа е
пример каде што плазма методот на метализација кој бил употребен
предходно не ги задоволил условите, па затоа се применува методот
со ласер.

(a

(b

16
(c

(d

Од сликата (a може да се види голема пукнатина на облогата поради


корозија, под (b е прикажана микроструктурата на облогата со плазма
методот која е кородирана, под (c се врши метализација со ласер по
отстранувањето на кородираниот слој, и на последната слика (d е
преставен нанесениот слој со ласер CO2 6kW кој е отпорен на абење
и корозија. Методот на метализација со плазма има краток период на
заштита на металот од корозија, односно конкретно за вратилото во
условите во кој работи, поради нехомогеноста на структурата доаѓа
до корозија во самата облога и на површината на основниот материјал
при што настанува одвојување.

17
Секако пред да се започне со метализација со ласер најпрво треба да
се одстрани постоечката облога со машинска обработка. По
одстранувањето на постоечката облога , тие области се премачкуваат
со основна облога за врз нив да се постави завршниот слој. До сега
нема евидентирано корозија на облога направена со ласер. Секако
цената на чинење за метализација на вакви делови е висока , но
значително му се подобруваат работните преформанси и животниот
век на делот. На слика 12 е прикажано хидраулично вратило кое
предходно исто така како и предходниот пример е обложено со метод
на плазма или HVOF , при што кородирало при контакт со агресивни
хемикалии. Стандрадно метализација на вакви делови се прави со
CO2 ласер меѓутоа во овој пример е применет ласер HPDL поради
големата брзина на метализација која е 3-5 пати поголема и легура на
никел како облога.

Слика 12

На слика 13 е прикажан ракав кој е метализиран со ласер со


двокомпонентен слој кој е отпорен на фосфорна киселна. Како што
можеме да заклучиме од предходните излагања не се применува
термичка метализација при обложување на делови кој се применуваат
во средини изложени на корозија поради нехомогеноста во облогата.
На сликата се прикажани два раквци , ракавецот од левата страна е
метализиран со ласер но и не употребуван и служи за споредба со
ракавецот од десната страна кој исто така е метализиран со ласер со
18
облога која има голема отпорност од корозија и кој е во функција 1
година.

Слика 13

Како што може да видиме од изведените примери до сега


метализацијата со ласер може да биде супериорен метод од
термичките методи во одредени случаеви. Но исто така треба да се
напомене дека метализацијата со ласер има висока цена на чинење
во однос на другите методи и дека пожелно е да се применува во
случаеви каде што приорите е животниот век и перформансите на
делот во однос на цената на чинење.

19
Заклучок
Целта на оваа семинарска е кратко да се опише кои се основните
разлики помеѓу термичките методи на метализација и ласерската
метализација, и да се образложи самиот процес на ласерска
метализација. Ласерската метализација е процес кој што е воведен од
неодамна кој се одликува со висока хомогеност во облогата,
металуршко поврзување и мала внесена топлина во основниот
материјал. Разни видови на облоги беа прикажани и споредени во
однос на отпорот од корозија, што е една од главните карактеристики
на метализацијата со ласер.

20
Користена литература

Laser coating and thermal spraying - process basics and coating properties
-P. Vuoristo , J. Tuominen , J. Nurminen
https://pdfs.semanticscholar.org/8746/c00288934b5726d8bd38eee8ad48081db670.pdf?
_ga=2.158033914.1107260330.1588431950-833840280.1584626073

21

You might also like