You are on page 1of 15

ДРВНИ КОНСТРУКЦИИ

III ГОДИНА

ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПРЕДМЕТ

ПРАШАЊА
ЗА ИЗРАБОТКА НА ТЕСТ ЗА ЕКСТЕРНО ПРОВЕРУВАЊЕ НА
ПОСТИГАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ НА КРАЈОТ ОД НАСТАВНАТА ГОДИНА

ШУМАРСКО – ДРВОПРЕРАБОТУВАЧКА СТРУКА


Техничар за обработка на дрвото
1. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ

1.1. Назив на наставниот предмет: ДРВНИ КОНСТРУКЦИИ

1.2. Образовен профил и струка

1.2.1. Образовен профил: техничар за обработка на дрвото

1.2.2. Струка: шумарско-дрвопреработувачка

1.3. Диференцијација на наставниот предмет

1.3.1. Стручно образование: предмет карактеристичен за образовниот профил

1.4. Година на изучување на наставниот предмет

1.4.1. Трета година

1.5. Број на часови на наставниот предмет

1.5.1. Број на часови неделно: 2 часа


1.5.2. Број на часови годишно: 72 часа

1.6. Статус на наставниот предмет

1.6.1. Задолжителен предмет


Табела бр. 1 Дефинирање на наставните содржини опфатени со тестот

Наставни содржини од Обемност изразена во Обемност изразена во


даденото тематско наставни часови %
подрачје
I 8 23%
II 16 47%
III 10 30%
Вкупно 34 100 %

Табела бр. 2 Дефинирање на спецификација на тестот со 50 прашања

Тематско Помнење Разбирање Применување, Вкупно


подрачје 40% 30% aнализирање, синтеза и 100%
вреднување 30%
I 11 4 4 19
II 12 4 3 19
III 7 5 3 15
Вкупно 23 16 11 50

Табела бр. 3 Дефинирање на наставни цели опфатени со тестот

Наставни цели Важност изразена во број на


прашања
Помнење 23
Разбирање 16
Применување, aнализирање, синтеза и 11
вреднување
Вкупно 50
ТЕМА БР.1: МАТЕРИЈАЛИ ЗА СТОЛАРСКИ ПРОИЗВОДИ

I – Ниво: Помнење

Најраспространет конструктивен основен материјал за столарски производи е:


 масивното дрво
 фурнири
 медијапан плочи
 плочи од иверки

За да може дрвото целосно да се обработува и употребува треба да се знаат


неговите:
 својства
 димензии
 квалитети
 грешки

Најважен технички и најценет дел од стеблото е:


 деблото
 коренот
 крошната
 жилиштето

Естетските својства на дрвото се:


 боја, текстура, сјај и мирис
 порозност, влажност, собирање и бабрење
 јакост, тврдост, еластичност, жилавост и отпорност на абење
 трајноста

Физички својства на дрвото се:


 порозност, влажност, собирање и бабрење
 боја, текстура, сјај и мирис
 јакост, тврдост, еластичност, жилавост и отпорност на абење
 трајноста
Физичко – хемиски својства на дрвото се:
 трајноста
 порозност, влажност, собирање и бабрење
 боја, текстура, сјај и мирис
 јакост, тврдост, еластичност, жилавост и отпорност на абење

Механички својства на дрвото се:


 јакост, тврдост, еластичност, жилавост и отпорност на абење
 порозност, влажност, собирање и бабрење
 боја, текстура, сјај и мирис
 трајноста

Со зголемување на влажноста, јакоста на дрвото:


 се намалува
 се зголемува
 останува иста
 варира

Дрвото со поголема волуменска тежина има:


 поголема јакост
 помала јакост
 не влијае на јакоста
 варира

На предната страна од елементите, при нивното фурнирање се поставува фурнир


од:
 прва класа
 втора класа
 трета класа
 лупен фурнир (блинд)

Шпер плочите се добиваат со слепување на непарен број на фурнирски листови под


агол од:
 90о
 70о
 80о
 60о
II - Ниво: Разбирање

Панел плочите се многу слични на:


 шпер плочите
 плочите од иверки
 лесонит плочите
 ламинатните плочи

Слепите рамки се употребуваат исклучително како носач на конструкцијата на:


 шупливите плочи
 шпер плочите
 вратите
 прозорците

Окал-плочите се плочи од:


 иверки
 фурнир
 гредички
 дрвена прашина

Плочите влакнатици уште се нарекуваат и:


 лесонит плочи
 иверасти плочи
 шпер плочи
 медијапан плочи

III - Ниво: Применување, анализирање, синтеза, вреднување

Броевите 22/50, 25/50, 25/55...., со кои се обележуваат шајките, ги претставуваат


нивните:
 дијаметар/должина
 должина/дијаметар
 дијаметар/тврдост
 тврдост/дијаметар
Шајките според функцијата што ја имаат таму каде што се вградени, се делат на:
 конструктивни и статички
 прави и криви
 остри и тапи
 рамни и назабени

Телото на завртката обично изнесува:


 60% од нејзината должина
 80% од нејзината должина
 50% од нејзината должина
 40% од нејзината должина

Лепилата се материјали кои со своите својства овозможуваат формирање на:


 трајна и цврста врска
 расклопна врска
 еластична врска
 зглобна врска
ТЕМА БР.2: КОНСТРУКТИВНИ ЕЛЕМЕНТИ НА СТОЛАРСКИ ПРОИЗВОДИ

I – Ниво: Помнење
Најпростиот дел од производот без примена на монтажна операција се нарекува:
 детал
 врска
 склоп
 елемент

Според степенот на обработка деталот може да биде:


 груб и чист
 обоен и безбоен
 обработен или необработен
 склопен и расклопен

Основни карактеристики на деталот се:


 одреден облик и димензија
 големината
 обликот
 естетскиот изглед

Цврстиот или расклоплив спој на неколку детали се нарекува:


 склоп
 елемент
 рамка
 плоча

Простиот облик на склоп, односно елементарниот дел слепен од неколку делови во


гредичка, штица или плоча, или пак фурниран, не е веќе детал туку:
 состав
 елемент
 производ
 рамка

Перо и...
 жлеб
 кант
 запци
 карниз
Чепот кој не е составен дел на делот се нарекува:
 туѓ (слободен)
 рамен
 вештачки
 не постои

Отворот на деталот може да биде изведен како:


 дупка, проушина или гнездо
 перо
 чеп
 проушина

Жлебот претставува:
 тесно вдлабнување по должина на деталот
 вдлабнување по ширина на деталот
 вдлабнување по дебелина на деталот
 вдлабнување

Неточноста на елементите, односно нивно надвишување во однос еден спрема друг


при спојувањето на елементите(гредичките) се нарекува:
 провес
 зјај
 фуга
 преклоп

Сложената конструкција која се состои од детали, најчесто составени во


правоаголен облик се нарекува:
 рамка
 плоча
 врата
 страница

Врските во рамките и сандачестите рамки може да бидат:


 рамни и коси
 само коси
 само рамни
 назабени
II - Ниво: Разбирање

Сандачестите рамки најчесто ги среќаваме кај:


 фиоките
 плочите
 фотељите
 троседите

Колку страни имаат фиоките?


 5 страни
 2 страни
 10 страни
 7 страни

Според начинот на спојувањето на деталите, рамките може да бидат:


 конструктивни и слепи рамки
 правоаголни и триаголни рамки
 округли и заоблени рамки
 големи и мали рамки

Конструктивните рамки најчесто се употребуваат за:


 прозорци и врати
 панел плочи
 шпер плочи
 мебел

III - Ниво: Применување, анализирање, синтеза, вреднување

Карактеристично за конструктивните рамки е тоа што деталите што ја образуваат


рамката меѓусебно се поврзани со:
 чепови
 перо
 жлеб
 проушина
Карактеристика на слепите рамки е тоа што деталите што ги формираат меѓусебно
се поврзани со:
 метални брановидни спојници
 перо и жлеб
 чепови
 проушина

Проушината претставува отвор од столарските врски, при што гредичката е


отворена од:
 трите страни
 двете страни
 едната страна
 вкрстено
ТЕМА БР.3: СОСТАВУВАЊЕ НА ДРВОТО ПО ДОЛЖИНА И ШИРИНА

I – Ниво: Помнење

Под проширување на дрвото се подразбира спојување или врзување на предметот


на обработка за:
 бочните страни
 челните страни
 горните страни
 долните страни

Под продолжување на дрвото се подразбира спојување или врзување два или


повеќе елементи за нивните:
 челни страни
 горни страни
 долни страни
 бочни страни

Проширувањето на дрвото со елементи на столарските врски најчесто се променува


при производство на:
 панел плочи
 столчиња
 шпер плочи
 ламинати

Најчесто применувана врска при проширувањето на дрвото при изработка на плочи


е:
 со глатка фуга
 со типли
 со перо и жлеб
 со слободни чепови

За да се спречи витоперењето на плочите од масивно дрво, на челото од плочата се


поставуваат:
 жлебници
 кант лента
 лепак
 лим
Продолжувањето на дрвото се изведува со помош на:
 клинест групен чеп
 перо и жлеб
 типли
 туѓо перо

Каков вид на врска е прикажан на сликата?

 ситни запци до допир


 правоаголно перо и жлеб
 туѓо перо и жлеб
 групни туѓи плоснати чепови

Каков вид на врска е прикажан на сликата?

 правоаголно перо и жлеб


 туѓо перо и жлеб
 ситни запци до допир
 групни туѓи плоснати чепови
Каков вид на врска е прикажан на сликата?

 туѓо перо и жлеб


 ситни запци до допир
 групни туѓи плоснати чепови
 правоаголно перо и жлеб

Кој тип на врска е прикажан на сликата?

 цело перо и жлеб со грат


 ситни запци до допир
 групни туѓи плоснати чепови
 правоаголно перо и жлеб
Каков вид на врска е прикажан на сликата?

 групни туѓи плоснати чепови


 правоаголно перо и жлеб
 ситни запци до допир
 цело перо и жлеб со грат

Каков вид на врска е прикажан на сликата?

 групни туѓи кружни чепови типли


 ситни запци до допир
 групни туѓи плоснати чепови
 правоаголно перо и жлеб

You might also like