You are on page 1of 2

Рециклирање е преработка на користените материјали за добивање нови производи.

Со
рециклирањето се спречува губењето на материјалите, намалувањето на потрошувачката
на нови суровини, се намалува користењето на енергијата, се намалува загадувањето на
воздухот и водата.

Основното начело на управувањето со отпад содржи три Р, односно Редуцирање,


Реупотреба и Рециклирање. Рециклирањето е важна компонента на современот
намалување на отпадот.

Речиси половина од отпадот што го создаваме може да се рециклира. Знакот за


рециклирање има три стрелки кои ги означуваат трите фази: собирање, преработка и
повторна употреба. Човекот е единствено суштество кое креира отпад. Во природата
ништо не претставува отпад бидејќи секој материјал има своја функција.

Како се рециклира?

За да постои рециклирање, прво некорисните материјали треба да бидат одделени едни од


други, односно не треба да се фрлаат ако отпад кој понатаму останува во природата и ја
загадува средината во која живеат луѓето и останатиот жив свет.
Откако ќе се одделат, односно селектираат, материјалите се носат до местото каде што се
обработуваат. Таму се прочистуваат и во зависност од материјалот, следат различни
процеси на преработка за да се добие финална суровина.

Кои се најлесните материјали за рециклирање?

Хартија

Сите видови хартија кои ви се при рака, весници, флаери може да се рецилираат. Во
процесот на преработка се добива пулпа од која се произведува нова хартија.

Стакло

Сите видови стакло, освен огноотпорното, може да се рециклираат. Стаклото се кржи на


ситни парчиња и се топи, при што се добиваат нови производи од стакло или пак некои
стаклени амбалажи можат повторно да се полнат откако темелно ќе се исчистат.

Пластика

Пластиката е материјал кој не се разградува во околината поади канцерогените елементи


во нејзината структура. Со рециклирањето се добиваат ситни пластични парчиња кои
потоа се користат во производство на какви било пластични произбоди.

Текстил

Текстилот е најпознатиот материјал кој се рециклира, најмногу поради тоа што тој се
донира некому или се продава како веќе користена роба.
Метал

Материјалите од метал, најчесто алуминиумски или железни амбалажи се најполезни за


рециклирање поради големата потреба од метални суровини кои потоа се користат
повторно да производство на истите производи или за кои било други метални производи.
Рециклирањето на електорнски и електричен отпад е многу значајно, како од технолошко-
технички аспект, така и од економски и од еколошки. Со рециклирање на елетронскиот и
електирчниот отпад се намалува загадување на природната среда со опасни и отровни
елементи, но, исто така се намалува количеството на овој отпад што мора да се одложи на
депонии, со што се продолжува векот на користењето и се намалаува потребата за
изградба на нови. Со нивно рециклирање се постигнува голема заштеда на електрична
енергија, бидејќи се прескокнува дел на оној технолошки процес кој што е неопходен во
преработка на природните суровини како што е ископување на руди, преработка на нафта
и слично.

You might also like