You are on page 1of 12

Микроорганизми- втор

дел
Јасмина Дичевиќ
предметен наставник
Луј Пастер- таткото на микробиологијата
27 декември 1822 – 28 септември 1895

“Малку луѓе имаат спасено толку


многу животи како Луј Пастер”
Луј Пастер и спонтаната генерација

• Дали спонтаната генерација е реална?


Во XIX век, многу луѓе верувале дека микроорганизмите можат
да настанат од нежива материја (спонтана генерација),
односно сами од себе да се појават.
• Со оваа теорија се објаснувало и расипувањето на храната и
некои течности, како виното.
• Во 1861 година, Пастер ја побива теоријата и според него
оваа идеја била погрешна.
• Тој сметал дека микроорганизмите може да се создадат само
при нивно размножување.
Експериментот на Луј Пастер
Експериментот на Луј Пастер
• Пастеровиот тест за спонтана генерација: Со стерилизирање на
изворот на храна и држејќи го изолиран однадвор, Пастер не
забележал гниење на изворот на храна (горниот панел). По
изложувањето на надворешната средина, Пастер забележал
гниење на изворот на храна (долниот панел). Ова силно
сугерирало дека компонентите потребни за создавање живот не се
појавуваат спонтано. Експериментот за пастеризација на Луј
Пастер го илустрира фактот дека расипувањето на течноста е
предизвикано од честички во воздухот, а не од самиот
воздух. Овие експерименти биле важни докази што ја
поддржуваат идејата за теоријата на болеста на микробите.
Заклучок
• Смесата се расипува поради микроорганизмите сонивно
размножување.
• Микроорганизмите се предизвикувачи
на болести кај животните и луѓето.
(пр. Кокошкина колера, антракс и друго)
Заклучок
• Луј Пастер преку својата работа докажал дека многу
болести се предизвикани од микроорганизми што го
напаѓаат телото. Ова е важен чекор во историјата на
биологијата.
• Кога Луј Пастер и други ја покажале со сигурност врската
меѓу болестите и бактериите, сето тоа дало поттик за развој
на научна основа на плановите за подобро здравје.
Пастеризација
Подготовка на јогурт
• За овој процес се користат добрите млечно-киселински
бактерии Streptococcus thermophilus и Lactobacillus
 bulgaricus.
Подготовка на јогурт
• Овие бактерии, преку процесот што се вика ферментација
можат да го искористат шеќерот во млекото што се вика
лактоза и на тој начин да растат и да се разможуваат. При
нивниот раст тие произведуваат еден вид на киселина која
се вика млечна киселина којашто помага јогуртот да има
поразличен изглед од млекото и да е погуст и киселкаст.
За постапките на подготовка на јогурт
погледни го видеото на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=Gr1T06QRm3A

You might also like