You are on page 1of 4

Технички центар-МАКЕДОНИЈА

Авто-мото сојуз на Македонија или скратено АМСМ е систем од 10 компании, преку кои


нуди повеќе од 20 различни видови услуги во доменот на моторизираниот собраќај и туризам
реку своите 18 авто-мото друштва, АМСМ овозможува покриеност на целата територија на
Република Македонија.
За повеќе од 15.000 членови, АМСМ секојдневно обезбедува низа погодности и бенефиции,
како и 24 часовна грижа за побезбедно патување во земјата и во странство.
АМСМ членство 
Долгогодишното постоење и искуство овозможи да се подготват различни категории членски
пакети кои со своите услуги одговараат на потребите и барањата на граѓаните. Да се биде
дел од АМСМ членското семејство значи многу повеќе од безбедност, тоа значи да му
овозможите сигурност на целото семејство, на компанијата, во секој поглед, каде и да сте.
Видови членски пакети

 За физички лица (Classic, Europe premium и Light) и


 За правни лица (Business и Business Europe premium)
АМСМ членско списание „Клуб Мобилити“
Со 15 илјади примероци, АМСМ Клуб мобилити е најтиражното списание во
Македонија, кое претставува една од бенефициите што ја нудат АМСМ членските
пакети. АМСМ членовите имаат привилегија ова списание да го добиваат бесплатно
на својата домашна адреса или на адреса на компанијата, да ги дознаат сите
погодности, кои, како членови, ги добиваат во системот на АМСМ, но и да прочитаат
интересни содржини од многу рубрики приспособени на нивните вкусови.
АМСМ СТП - Станици за технички преглед [Скопје (Центар и Чаир) и
Велес]
Повеќе од 70.000 возила годишно се опслужуваат во трите станици за технички
преглед и регистрација на АМСМ, сместени во Скопје (Центар и Чаир) и во Велес. Од
нив 95% се возила на долгогодишни и лојални АМСМ-клиенти, кои ги препознаваат
квалитетната услуга и стручноста на АМСМ станиците за технички преглед.
Технички преглед и регистрација на возило може да се изврши и во сите авто-мото
друштва низ Македонија. Со 43% пазарно учество на целата територија на
Република Македонија, АМСМ Станици за технички преглед се водач на пазарот во
регистрација и технички преглед на моторни возила.
Услуги

 Редовен технички преглед


 Превентивен технички преглед
 Издавање меѓународни документи (зелен картон, одобрение за управување
туѓо моторно возило, меѓународна возачка дозвола)
АМСМ СПИ - Служба за помош и информации на пат 
Цел на службата за помош на пат и информации е 24 часовна грижа за безбедноста на
сите моторизирани домашни и странски учесници во сообраќајот. АМСМ службата за
помош на пат и информации располага со 27 современо опремени возила за помош на
пат и повеќе од 40 возачи-механичари, специјално оспособени за отстранување на
повеќе од 50 различни видови дефекти на самото место.
Услуги

 24 часа помош на пат и патни информации (за потреба од помош на пат,


пренос на возило или извлекување – 196)
 Сообраќајни и туринг- информации (за патни информации - 15 555)
 Медицинска и патничка асистенција
 Сервисни услуги
АМСМ Центар за
АМСМ Центар за возила со 17 испитни центри во 16 градови е единствен центар во
Република Македонија што ги обединува сите активности и услуги кои се однесуваат на
возилата, нивното одобрување, проверка на безбедносните карактеристики,
еколошките подобрувања, како и обуки на професионалните возачи и
имплементирањето на законската регулатива во сферата на внатрешен и меѓународен
транспорт.
Услуги

 Постапки за пуштање на пазар на сите видови возила (хомологација)


 Типска хомологација на возила
 Издавање на ЕКМТ- ЦЕМТ сертификати
 ADR проверка на возила за превоз на опасни материи
 Атест на плин (ТНГ), метан (КЗГ) и фолии
 Атест на сите видови на преправки на возила
 Калибрација на аналогни и дигитални тахографи и таксиметри
 Обука на професионални возачи и управители на транспортни компании
 Обука на возачи за превоз на опасни материи и советници - АДР
 Обуки по програмата на IRU Академија
 Аssistance 24 – 24/7 помош на пат за возила над 2,8т во преку 74 земји во
светот.
 Проценка на транспортни средства
АМСМ Авто
АМСМ Автошкола е првата автошкола формирана на територијата на Р. Македонија
уште во далечната 1976 година. Со над 22.000 обучени кандидати до сега, АМСМ
Автошкола е пазарен водач во обука на кандидати за Б категорија во конкуренција на
повеќе од 30 автошколи на територијата на град Скопје.

 Обука за А категорија
 Обука за А1 поткатегорија
 Обука за Б категорија- обуката се спроведува на нови и современи возила од
марките: Suzuki Alto, Toyota Yaris, Mazda 2, Hyundai i10
 Обуки за Б+Е категорија
 Бесплатна теоретска обука
 Обука за Ц категорија
 Обука за Ц+Е категорија
 Обука за Д категорија
Мобилити Брокер 
Осигурителното брокерско друштво Мобилити Брокер АД Скопје е консултант,
посредник и застапник за сите работи и прашања од сферата на осигурувањето, кој ги
застапува своите клиенти пред осигурителните компании и бара најсоодветна понуда
за осигурување според нивните потреби. Во Мобилити Брокер достапни се сите видови
на осигурувања од сите осигурителни компании на територијата на Република
Македонија.
Незадолжителни осигурувања

 Осигурување имот
 Осигурување моторни возила - каско
 Осигурување стока при транспорт
 Осигурување од незгода
 Патничко осигурување
 Осигурување живот
 Осигурување од одговорност
Задолжителни осигурувања

 Осигурување на патници во јавен превоз од последици на несреќен случај


 Осигурување од автомобилска одговорност
 Зелен картон
АМСМ Петрол
Бензинската пумпа АМСМ Петрол се наоѓа веднаш до АМСМ Станицата за
технички преглед во Чаир.

 Еуродизел
 Еуросупер 95
 ТНГ- Автоплин
АМСМ Трејд
АМСМ Трејд, како дел од системот на АМСМ, е компанија која е застапник на
повеќе реномирани брендови, меѓу кои ACTIA MULLER и ACTIA ATAL, како
дел од групацијата ACTIA GROUP FRANCE за територијата на Р. Македонија,
Косово и Албанија, како и за брендовите MATT, NORFI, WOLF, SECORÜT и
SAMOA.
Услуги

 Опрема за технички прегледи


 Опрема за автодијагностика на возила
 Опрема за автосервиси
 Опрема за калибрација на аналогни и дигитални тахографи
 Софтвер за обработка и архивирање на податоци од аналогни и дигитални
тахографи
 Wolf мазива (лубриканти, зимски производи, производи за одржување на
автомобилот, адитиви и премази)

ДЕНИС СУЛЕЈМАНОСКИ 3-5

You might also like