You are on page 1of 2

Светлосно сигналните уреди, нивната исправност и

правилна употреба значително влијаат на намалување на


бројот на жртвите и повредените во сообраќајот

Светлосно сигналните уреди се уреди и опрема во моторните возила, со чија што исправност и
правилно користење значително влијаеме на намалување на бројот на жртвите и повредените во
сообраќајните несреќи. Нивната исправност значително влијае на видното поле на возачот на
моторното возило во услови различни од нормалните денски т.е во услови на намалена видливост,
магливи дождливи услови и.т.н.
Светлосно сигналните уреди во моторните возила главно се делат на светлосни уреди за
осветлување на патот, светлосни уреди за обележување на возилото и светлосни уреди за давање
на светлосни сигнали.
Во светлосно сигналните уреди за давање на светлосни сигнали се вбројуваат :покажувачите на
правец, стоп светлата како и светлата за возење назад.
Покажувачите на правец или трепкачите се уреди со кои возачот покажува дека ја менува
траекторијата на движење:претекнување, свртување, заобиколување, запирање и.т.н. Кај
моторните возила се разликуваат предни, бочни и задни покажувачи на правец. Кај поновите
возила честопати се изведуваат предно- бочни покажувачи. Покажувачите на правец можат да
работат посебно на левата страна , посебно на десната страна но можат да бидат вклучени и сите
заедно. Добро е да се каже и дека покажувачите на правец се секогаш во жолта боја т.е тие
емитираат светлина во жолта боја. Неисправноста или некористењето на покажувачите на
правец, може да доведе до сообраќајни несреќи бидејќи возачот за својата намера не ги известил
другите учесници во сообраќајот.
Стоп светлата секогаш се во црвена боја т.е тие секогаш емитираат светлина во црвена боја.
Нивната улога во моторните возила е да покажат дека возачот пристапува кон акцијата забавување
на моторното возило. Тие се наоѓаат на задната страна на возилото и ги алармираат учесниците во
собраќајот кои се движат зад возилото.Неисправноста кај овие уреди може да доведе до судир со
возило кое се движи зад возилото кое запира(кочи) бидејќи се создава чуство дека возилото си се
движи нормално.
Светлата за возење назад се во бела боја и покажуваат дека возилото се движи назад. Kај
возилата од повисоките категории движењето назад е пропратено и со звучен сигнал.
Неисправноста на овие светлосно сигнални уреди може да доведе до судир со други учесници во
сообраќајот кои се наоѓаат зад возилото.
Светлосните уреди за обележување имаат за цел на учесниците во сообраќајот, да им ја доловат
реалната слика за геометриските карактеристики на возилото. Тука генерално спаѓаат
позиционите светла понатаму габаритните светла кои обично се вградуваат кај повисоките
категори возила како и катадиоптерите кои се користат за постигнување на целта обележување на
возилото а се вгрдадуваат и бочно. Честопати разните категории возила кои што вршат
специјален транспорт имаат и специјални рефлектирачки ознаки, кои се карактеристични за
транспортот што го вршат. Во случај на неисправност или невклученост на светлосните уреди за
обележување може да се даде нестварна слика за големината на возилото што во одредени
случаи би можела да доведе во сообраќајни незгоди.
Во светлосните уреди за осветлување на патот генерално спаѓаат долгите и соборените или
кратките светла и нивна улога е да го осветлат патот во услови на затемнетост, како и
дополнително да влијаат на будноста кај учесниците во сообраќајот во денски услови. Во скоро
сите земји членки на Европската Унија е задолжително управување на моторните возила и во
денски или дневни услови. Затоа и голем дел од автомобилските производители интегрираат
системи за активирање на соборените светла по стартување на моторот. Во светлата за
осветлување на патот треба да ги споменеме и светлата за магла, кои обично се користат во
услови на магла и поројни врнежи од дожд и снег каде видното поле на возачот е драстично
намалено. Добро е да се напомене дека доколку имаме неисправни или не нагодени светла може
да предизвикаме ненавремено реагирање на другите учесници во сообраќајот , како и до
недоволна осветленост на видното поле што може да биде причинител на сообраќајни несреќи.
Испитувањето на светлосно сигналните уреди за осветлување на патот се врши во станици за
технички преглед на моторни возила со уред наречен “ реглоскоп “, со кој се испитува јачината на
светлосниот сноп во lux (лукси) како и нагоденоста на светлосниот сноп да обезбедува добро
видно поле на возачот и да не пречи на другите учесници во сообраќајот кои наидуваат од
спротивна страна.
Светлосно сигналните уреди коишто се наменети за обележување на возилото и за давање на
светлосно сигнални знаци се испитуваат со визуелна контрола односно преглед на лицата во
станиците за испитување на моторни возила. Така што едниот инспектор управува со моторното
возило и на команда на другиот инспектор, ги вклучува и исклучува светлосно сигналните уреди
од возилото додека другиот инспектор од надвор ја воочува нивната функционалност.
Регулативите во рамки на обединетите нации кои го опфаќаат полето на светлосно сигналните
уреди, нивната исправност, испитување и начини на одобрување,за различни категории се: ECE R
1,2,3,4,5,6,7,8,19,20,23,31,37,38,45,50,53,56,57,65,72,74,76,77,82,86,87,91,98,99,112,113,119,128.

You might also like