You are on page 1of 7

Национално здружение на автошколи и

Движење со возило на пат инструктори

„Коловоз“ е дел од патот наменет првенствено за сообраќај на возила, со една или повеќе сообраќајни ленти.
„Коловозна лента “ е дел од коловозот долж неговата површина, наменет за сообраќај на возила во една насока.
„Сообраќајна лента“ е обележан или необележан дел од коловозот долж неговата површина, чија ширина е
доволна за непречен сообраќај на еден ред моторни возила во една насока.
На јавен пат со коловоз за сообраќај на возила во двете
насоки на кој постојат три сообраќајни ленти, возачот не
смее да се движи со возилото по сообраќајната лента што
се наоѓа на левиот раб на патот во правезцот на движењето

На јавен пат со коловоз за сообраќај на возила во двете насоки


на кој постојат најмалку четири сообраќајни ленти возачот не
смее со возилото да преминува на коловозната лента наменета
за сообраќај на возиалта од спротивната насока.

Национално здружение на автошколи и


инструктори
Престројување пред крстосница

Престројување е завземање на таква положба со возилото на сообраќајната лента на доволна оддалеченост од крстосница или
друго место на патот

- со две сообраќајни ленти - со три сообраќајни ленти

- со четири сообраќајни ленти Национално здружение на автошколи и - со пет сообраќајни ленти


инструктори
Свртувањето на десно се врши со што помал Свртувањето на лево се врши со движење по
лак покрај десниот раб на коловозот. крајната лева сообраќајна лента која се протега
покрај средишната линија на коловозот.

При свртување на десно, на бочниот коловоз вклучувањето се врши во


десната сообраќајна лента.
При свртување налево, на бочниот коловоз вклучувањето се врши
Национално здружение на автошколи и поблиску до средишната линија.
инструктори
Движење со возилото наназад

Возачот кој е со намера да се движи со возилото наназад, може да го изврши тоа дејствие само на краток дел
од патот и ако со тоа не ги загрозува или не ги попречува другите учесници во сообраќајот.
Кога возачот се движи со возилото наназад, должен е да се движи по онаа страна од коловозот по која се движел
дотогаш со возилото нанапред (по патеката означена со број 1 на сликата).

Национално здружение на автошколи и


инструктори
Национално здружение на автошколи и
инструктори
Полукружно свртување

„Полукружно свртување“ е свртување на возилото за 180 степени од почетната насока на вртење, заради вклучување
во спротивен сообраќаен тек

При полукружно свртување тековниот сообраќај не смее


да биде загрозен или попречен.
Полукружно свртување не смеете да вршите на
непрегледни делови од патот, на места каде со
сообраќаен знак е забрането како и на автопат и на пат
резервиран за сообраќај на моторни возила.

Постојат три начини на кои се возачот може да изведе


полукружно свртување :

1 - без маневрирање

2 - со користење на спореден пат (страничен пат) 3 - со маневрирање


Влечење на возило

Моторно возило на пат може да се влече со помош на јаже,


крута врска (руда) и со потпирање или бесење на возилото за
влечното возило.
Ако моторно возило се влече со помош на јаже или крута врска,
лицето кое управува со влеченото возило потребно е да
има дозвола за управување од онаа категорија возила на која
му припаѓа возилото кое се влече.
За време на влечење на возилото, двете возила се означени со
знак со кој се означува запрено возило на пат (сигурносен
триаголник).
На моторно возило кое влече друго возило, сигурносниот
триаголник се поставува на предната, а на влеченото возило на
задната страна.
Моторно возило смее да се влече ноќе, како и дење во случај
на намалена видливост, само ако на својата задна страна има
запалени црвени светла за означување на возилото или ако го
влече моторно возило со вклучено жолто ротирачко светло.

Растојанието помеѓу влечното и влеченото возило:


-ако се влече со јаже изнесува три до пет метри;
-ако се влече со помош на крута врска може да изнесува и помалку од три метри.
Моторно возило кое на пат влече друго неисправно возило, не смее да се движи со брзина поголема од 40 км/час.
Со моторно возило не смее да се влече мотоцикл со или без странична приколка или друго возило на две тркала.

Национално здружение на автошколи и


инструктори

You might also like