You are on page 1of 13

1.

Психоформации и влијание на лекови во сооб


Психофармаците се група на лекови за смирување и отстранување на
напнатоста и нервозата. Овие лекови со своето терапевтско дејство и
појавите коишто може да ги предизвикаат, може да ја изменат
способноста за концентрација, способноста за навремено реагирање и
функциите на вегетативниот нервен систем на возачот. Овие лекови
може да предизвикаат поспаност, рамнодушност, треперење на
прстите од рацете, паѓање на крвниот притисок, забрзана работа на
срцето, како и нарушување на останати функции на вегетативниот
нервен систем.
Влијанието на лековите врз психофизичката способност на возачот зависи од
повеќе фактори. Покрај изборот на лекот, важен е и начинот на неговата
употреба. Не е сеедно дали лекот се зема повремено или во подолг
временски период, во нормални, зголемени или пак претерани дози. Еден
од поважните фактори во потрошувачката на лекови од страна на возачите е
секако и степенот на сообраќајно – здравствената култура. Возачите треба на
сите можни начини да бидат добро информирани за ризикот што го
превземаат врз себе со употребата на лекови (коишто ја менуваат
реактибилноста на нивниот организам). Познато е дека изменетата
реактибилност во одредена ситуација сигурно ја загрозува безбедноста на
сообраќајот.
При употребата на лекови од возачите треба да се разликуваат два вида на
употреба, и тоа:
- употреба на лекови кај хронични заболувања (кардиоваскуларни,
проблеми со крвен притисок, дијабетис и сл.), кога се очекува лекарот
при препишување на лековите да го предупреди болниот за последиците што
можат да настанат, ако управува моторно возило за време на примањето на
лековите,

- употреба на лекови за време на одредено заболување кога возачот прима лекови


самоиницијативно без претходна консултација на лекар (најчесто при главоболки,
забоболки, болки на грбот, замор од долготрајно возење и сл.), или примање на
лекови со консултација на лекар (настинки, болки во желудник, алергии, депресија
и сл.).
Од многубројните лекови коишто денес почесто се употребуваат, меѓу
другите и од страна на возачите, може да се издвојат следните групи на
лекови: психофармаци, аналгетици, антихистаминици, антихипертоници,
антидијабетици и др.

2. АНАЛИЗА и истражување НА ОДНЕСУВАЊЕТО НА


УЧЕСНИЦИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ

Како една од бројните причини за сообраќајни


незгоди претставува и ненавременото најавување на
промената на правецот на движење од страна на
возачите, односно отсуството на најава за промена на
правецот на движење.
Целта на ова истражувањее да се проучи
однесувањето на учесниците во сообраќајните токови
при промена на правецот на движење, односно дали
тие ја најавуваат промената на правецот и во кој
временски интервал го прават тоа пред да го отпочнат
маневарот за промена на правецот на движење.
Со ова истражување се опфатени 900 учесници на
крстосници во градски (урбани) средини и на
крстосници во вонградски средини (надвор од
населено место). Прибраните податоци се
статистички обработени со цел да се добијат
основните обележја, од кои пак ќе бидат изведени
соодветни заклучоци во однос на однесувањето на
учесниците при промена на нивниот правец на
движење. Исто така може да се утврди колку од
учесниците ги почитуваат поедините одредби на
законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.
Во чл.25, ст.2 од ЗБСП јасно се истакнува:
Пред вршењето на дејствијата со возило од
ставот (1) на овојчлен возачот на возилото е
должен јасно и навремено да ги извести другите
учесници во сообраќајот за својата намера
давајќи им знак со помош на покажувачите на
правецот или ако тие не постојат – со соодветен
знак со раката.

3. Возачи почетници за надминување на


ограничувањето на брзина

Брзината на движење на учесниците во сообраќајот се


наметнува како еден од факторите кои што најмногу
придонесуваат за случување на сообраќајни незгоди.
Пречекорувањето на брзината на движење претставува
фактор кој придонесува за околу 1/3 сообраќајни незгоди
со смртен исход. Кога станува збор за пречекорување на
брзината на движење, најзастапена група на возачи се
возачите-почетници. Имено, младите возачи (до 25 години)
и старите (преку 65 години) имаат зголемен ризик за
учество во сообраќајни незгоди. Младите возачи од машки
пол имаат значајно поголем ризик во однос на женските
возачи, како во апсолутни вредности, така и во однос на
возачите од средна возраст.
Ризикот за учество во СН кај возачите почетници е за околу
3-4 пати поголем во однос на останатите (Липовац,2007).
Активното возачко искуство влијае битно на ризикот за
учество во сообраќајни незгоди. Основа за ризик кај
возачите-почетници (посебно младите возачи) претставува
нивното неискуство, склоност кон ризично однесување и
почетнички грешки. Возачите почетници не се доволно
запознаени со ризиците во сообраќајот и за тоа колкава е
всушност потенцијална опасност на патот во текот на
првите години од возачкиот стаж.
Предмет на истражување се ставовите на возачите
почетници за брзината на движење на возилата и
полициската контрола во однос на брзината на движење.
Со самото ова и целта на истражувањетое да се согледаат
специјалните ставови на возачите почетници во однос на
брзината на движење и контролата од страна на
полициските службеници, како и да се направи разлика во
однесувањето на возачите почетници (возраст и пол), со
цел подетално да се проучи наведената проблематика.
4. ПРОМЕНА НА ДОЛГИТЕ СВЕТЛА ВО КРАТКИ, ПРИ
РАЗМИНУВАЊЕ НА ВОЗАЧИТЕ ВО НОЌНИ УСЛОВИ

Во ноќни услови основната опасност за возачите е


фактот што видливоста е намалена. Осветлувањето кое
го даваат светлосните уреди никогаш неможе да ја
замени дневната светлина. Возачот често мора да
погодува дали пред него, надвор од дометот на
светлата има некаква опасност или препрека која тој
неможе да ја предвиди. Она од што многу возачи во
ноќни услови се плашат е моментот на разминување со
друго возило. Долгото светло се исклучува, а се
вклучуваат кратките светла, а тогаш значително се
намалува видливоста како и психолошкото чувство на
безбедност кое го носи големото и незивесно темно
поле пред кратките светла. Токму поради ова, одреден
број на возачи во фаза на разминување воопшто
невршат промена на светлосниот сноп. Од долгото
светло треба да се премине на кратко светло секогаш
кога возачот ќе се најде на најмалку 200 m од возилото
кое му доаѓа од спротивната насока.
Голем е бројот на сообраќајни незгоди коишто се
случуваат во ноќни услови, а како резултат на
заслепување од долгите светла на возилото со кое
возачот треба да се размини. Во многу случаи
учесникот во одредена сообраќајна незгода тврди дека
пред моментот на незгодата бил заслепен од возило
кое му наидувало до спротивната насока и токму
поради тоа тој ја изгубил контролата и се случила
незгодата.

5. КОРИСТЕЊЕТО НА МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН ПРИ УПРАВУВАЊЕ СО


МОТОРНОТО ВОЗИЛО

Мобилниот телефон спаѓа во групата на телематски


системи и иритатори, што многу често се употребува денес
од страна на сите учесници во сообраќајот. Користењето на
мобилниот телефон додека се управува со моторно возило,
доведува до намалување на способноста за реагирање и
неизбежен пад на концентрацијата кај возачите. Нешто
помала е опасноста од настанување на сообраќајна незгода
кога се користи мобилен телефон со инсталиран микрофон
во возилото, при што двете раце на возачот се наоѓаат на
управувачот на возилото. Токму овие компоненти, времето
на реагирање, падот на концентрацијата и опасноста од
настанување на сообраќајна незгода, кога истовремено се
користи мобилен телефон и се управува со моторно возило,
се предмет и анализа на проучување во ова истражување.
6. ПОВРЗАНОСТА НА ОСОБИНИ НА ЛИЧНОСТА И
ОДНЕСУВАЊЕТО НА ВОЗАЧИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ

Анализата на односот помеѓу личноста и аспектите


на однесување при возењето, укажува на две форми
на поврзаност помеѓу овие две групи. Првата форма
ја опишува поврзаноста помеѓу големината на
агресивнста-хостилноста и импулсивноста со
раздразливото и импулсивното однесување при
возењето и укажува на тоа дека агресивната
вознемиреност за време на возењето и облиците на
ризичното однесување ги одразуваат
стабилнитеособини на карактерот на возачите.
Другата форма на поврзаност ја опишува врската
помеѓу степенот на сталоженост и потребата за
активност со одговорноста и уживањето при
возењето. Оваа форма сугерира дека
самодовербата, кога се во прашање возачките
способности влијае на склоноста кон кршење на
прописите, но не и на високо ризичното возење.
Улогата на карактерот на личноста во однесувањето
при возењето е проблем кој веќе го привлече
вниманието на многу истражувачи, особено затоа
што човечкиот фактор се покажува како најголема
причина за сообраќајните незгоди
Поради феноменот на различно однесување на
возачите и неговата поврзаност со особините на
личноста, главната цел на ова истражување е да се
покаже дали оваа релација постои и кој е нејзината
природа. Однесувањето на возачот се смета како
збир на одредени навики, склоности и емоционални
реакции при возењето,а го вклучува и отценувањето
на квалитетот на сопственото возење.

7. Активација е создавање на активност или реактивност;


припрема за акција. Подразбира функционирање на еден
орган и/или систем на друг орган или систем на орган.
Нивото на активација на цел систем е степен на тензија кој е
поврзан со емоциите кои се примарен извор на реагирање
и однесување.
Активен организам, личност, човек... е оној кој дели,
работи, функционира, причини на акција, кој се одликува со
бројни активности или движења и промени со особини на
способност, иницијатива, снага, ефикасност,
конструктивност, изведба...
Различни врсти на активност создаваат работна активност
која подразбира телесна и/или душевна работа.
Телесната работа се врши воглавном на затегнати и/или
опуштени мускули кои на тој начин помагаат на одреден
дел од телото. Импулси за тоа затегнување и/или
попуштање доаѓа од психомоторниот центар во
кортикалниот центар на мозокот.
Душевена (ментална) работа, условена е возбудена
важна ќелија на нервниот систем а се состои во
набљудуваето, размислувањето и решаваето на различни
сложени, културни, образовани,технички, ситуациони
проблеми.

8. АКТИВНОСТИ И МОДЕЛИ НА ОДНЕСУВАЊЕ НА


ВОЗАЧИТЕ
Секој возач е личност за своите општи и индивидуални
карактеристики и посебни карактеристични причини за
неговата активност (управување на моторни возила,
учесниците во сообраќајот, специфични облици на
активности и однесување). Возачот константно се наоѓа во
сложени ситуации во кои е ментално и психомоторно
активен. Константно има потреба (интензитет) да почне,
продолжи или да прекине со возење на начин што би
остварил некоја цел. Во тој случај може да се наиде на
субјективни (општа слабост, страв, несигурност, жалост,
тага, неодлучност и сл.) и објективни тешкотии (препреки
на патот, неисправност на возило...). Во психологијата тоа е
познато како фрустрациона или стресна ситуација.
Човекот располага со бројни специфични адаптивни
механизми. Тие ја штитат психолошката и биолошката
стабилност додека рамнотежата на организмите
непрекинато ги загрозува разните фактори од внатрешна
или надворешна средина. Тие фактори доколку се јаки и
бројни за време на стрес во различни димензии се нарекува
стрес (Selye). Тие може да бидат од биолошка, психолошка
и социјална природа. Овие фактори на човекот може да
му ја променат некогаш прво телесната (глад, повреда,
болест), а некогаш прво психичката (несигурност, страв,
болка, депресија...) или пак социјалната функција, а
најчесто истовремено се нарушуваат сите функции.
Стрес најчесто се дефинира на еден од следните начини:

 Како одреден настан во надворешната средина;


 Карактеристична состојба на организмот;
 Различни искуства кои произлегуваат од трансакција помеѓу човекот и неговата околина.
 Најважни компоенти на стресот кон последно одредување се:
 Одредени настани или ситуација (фрустрациона, трауматска, стресогена) во надворешната
средина;
 Карактеристична субјективна проценка на настанот и
 Менување на психолошко и физиолошко функционирање на човекот.

Се разликуваат два видови на стрес:

 Еустрес (пријатен, придонесува за здравјето) и


 Дистрес (непријатен, го нарушува здрајето).

За разбирање на реакцијата на стресот важно е да се дознае и процени емоционалноста за


доживување на стресот. Се подразбира и впечатокот на карактеристиката и видот на стрес
(животни случувања). Тие се различни по изненадност, почести и поинтензивни, траење, значење
и животно загрозен.

Стресовите може да се класифицираат на:


 Трауми – краткотраен и опасен загрозувајќи ја ситуацијата (смртна опасност)
 Хронично оптеретување – интензитет на загрозување е помал, траењето подолго (лош
животен услов, љубомора...);
 Трауматско животно случување – различно траење и интензитет – хронично оптеретување
(чести конфликти со семејството)
 Дневен микрострес – краткотраен и со слаб интензитет (неразбирање, конфликт,
незадоволство страв...).

Агресивност
Агресивност е одбрамбен механизам на личноста, тоа е одговор на фактор на општа и/или
посебна дестабилизација, маладаптација, кои во склад со друга детерминирана неефикасност на
однесувањето и стилот на живеење, условуваат неадекватни и неефикасни емоционални
реакции – лутење, агресивност и насилство.

Почесто изложување на стресот во сообраќајот се послаба вулнерабилност (неотпорност)


личност со неефикасни и деструктивни реакции.

Агресивност на возачите е специфична и симптоматична по бројност на облик и образец


на исполнување, нивна димензија, степен на иритабилност, нивна зачестеност, причини и
последици на исполнување. Агресивноста на возачот е високо кореспондентна со општото
однесување и стилот на живеење. Често важна мисла: „Возачите возат како што живеат“.

Особини на личноста како што се агресивност, нетолерантност, импулсивност, психичка


незрелост, невротичност, психотицизам и други слични и непожелни особини, крајно се
непогодни за возачите и другите учесници во сообраќајот бидејќи причината на ризичните
постапки и активностите како и намалување на критичноста и самоконтролата ви секојдневието
но посебно во сложените ситуации на сообраќајот. Возачките активности се специфични затоа што
комуникацијата се случува во движењето при што брзината е доминантна.

Облици на агресивно однесување на возачите и другите учесници во сообраќајот се:

 Брзо возење повеќе од дозволеното, недозволено престигнување;


 Грубо ракување со возилото и уредите;
 Напад на другите учесници во сообраќајот;
 Рушење, оштетување и уништување на сообраќајнитезнаци, возила и други материјални
добра;
 Тепање и повреда на другите учесници во сообраќајот;
 Вербални расправии, пцовки и навреди;
 Заканувачки гестови и други проблематични гестови кон другите учесници во
сообраќајот...
 Замор произведува акции на бројни физиолошки и психолошки фактори, а се
манифестира со постепено намалување на работната способност на организмот на човекот
во различни околности.
 Човечкиот организам секогаш е изложен на биохемиски и други психо-физички
промени. Задоволството на потреба применува одредени активности кои го
задоволуваат трошењето и намалувањето на енергија и појавата на замор. Поради тоа
има слаби ефекти во работата. Заморот е сложено доживување на непријатност,
безволност, слабост и исцрпеност.
 Појавата на замор е фактор кој ги условува времетраењето и отстранувањето на
замор посебна задача има психологијата. Напорот во работата не се појавува секогаш
сразмерно при што се појавува и замор. Замор се појавува во различен интензитет на
условување на одреден степен на неспособност за работа. Поради тоа за повеќе работни
места законот има предвидено траење на работното време. Така е и во законот за
безбедност во сообраќајот прецизно максимално работно време.

Фактори кои предизвикуваа замор на возачот, покрај останатите се:

 Траење на работа е значаен фактор за исцрпување на психо-физичката енергија за работа.


Се покажува дека после осум часовна работа има релативно повеќе незгоди и несреќни
случаи. Во почетокот – до 10 часа –малку и затоа од 10 до 11 часа многу повеќе. Поради
тоа се контролира времето на работа – времето на возење на возачот.
 Ненаспаност и оптеретување на возачот пред почетокот на возење е фактор кој
значително влијае на зголемување на заморот. Потребно е возачот пред другите патувања
да спие најмалку 8 часови.
 Нарушување на природно дневниот биоритам е ризичен фактор на замор. Човечкиот
организам прилагоден е и навикнат на дневна активност и ноќно спиење. Пореметувањето
на тој ритам и ноќната работа може многу порано да го исцрпи човекот. Посебно е
изразено во ноќните возења кои поради слаба видливост возачот има зголемено
напрегање и напнатост во времето кога организмот сам по себе сака да се опушти и ги
успорува функциите.
 Еден од факторите кој го зголемува заморот и опасност од спиење на волан е и
намалување на количината на крв во мозокот поради тоа што после пообилен оброк
големо количество на крв заминува во дигестивните органи.

You might also like