You are on page 1of 23

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ

Семинарска задача по предметот

Ревизија на безбедност на патиштата

Тема : ,,Влијание на психо – физичките карактеристики на


возачот и споредба на статистики во светот и кај нас’’

Ментор: Кандидат:

Вон.проф д-р Слободан Огњеновиќ Тоше Димитров

Бр. на индекс 1470

Скопје, ноември 2023


Содржина

Вовед................................................................................................................2

1. Влијанието на психо – физичките карактеристики на возачот.........3


2. Фактори кои влијаат врз психо – физичката способност на
возачот..................................................................................................4

2.1. Вид...................................................................................................5
2.2. Слух..................................................................................................7
2.3. Замор...............................................................................................7
2.4. Внимание.........................................................................................8
2.5. Време на реакција...........................................................................9
2.6. Алкохол..........................................................................................10
2.7. Труење со јаглен моноксид..........................................................11
2.8. Душевна рамнотежа.....................................................................11
2.9. Употреба на кафе.........................................................................12
2.10. Употреба на лекови......................................................................13
2.11. Наркотици......................................................................................15
2.12. Влијание на временски промени.................................................15
2.13. Заболувањата и возењето...........................................................16
2.14. Болести на движењето – автомобилската болест.....................17

3. Карактеристики на возилата кои ја нарушуваат безбедноста во


сообраќајот.........................................................................................17
4. Влијанието на психо - физичките способности на возачите во
светот и во Македонија......................................................................18
5. Студија на случај: Влијание на психо-физичките карактеристики на
возачите во cветот и во Македонија.................................................19
Заклучок....................................................................................................................21

Користена литература..............................................................................................22

1
Вовед

Современиот патен сообраќај бара соодветна сообраќајна култура


од сите учесници во сообраќајот, од самите возачи како и нивните
психофизички способности што можат да одговараат на динамиката и
интензитетот на таквиот сообраќај.
Иако возачот под нормални услови психофизички е наполно
здрав, под влијание на низа надворешни (егзогени) и внатрешни
(ендогени) фактори, моментно или за покус временски период кај него се
нарушуваат некои од компонентите на здравствената состојба што
возачот го прават немоќен и несигурен во управувањето со возило,
односно таквите нарушувања преставуваат постојана потенцијална
опасност за личната безбедност и за безбедноста на сите други
учесници во сообраќајот.
Во услови кога за многу кратко време, секунди, а понекогаш и
делови од секунда решаваат дали ќе се избегне или ќе се направи
сообраќајна незгода, пресудни се:
 нормалното функционирање (или нефункционирање) на основните
органи и
 сетила на човечкиот организам (особено видот и слухот),
способноста за концентрација на вниманието, брзото и логично
расудување и реагирање.
Возачот како субјективен влијателен фактор на безбедноста во
сообраќајот, во однос на останатите подсистеми од динамичниот систем
(пат, возило и околина) има управувачка улога. Управувањето на
возилото се состои од низа различни задачи кои претежно се
извршуваат истовремено, а од друга страна бараат и различни вештини
и знаења од возачот. Од истиот се бара во единица време да донесе
релативно многу одлуки и тоа сите да бидат исправни. Возачот при
управувањето на возилото треба да се справи со голем број на
информации, а тоа се случува во еден релативно мал период кој се
состои од следниве фази: перцепција, донесување на одлука, избор на
одговор и извршување на одговор.

2
1. Влијанието на психо-физичките карактеристики на возачот

Влијанието на психо-физичките карактеристики на возачот може да


се објасни со неколку поими:
 Внимание: Способноста на возачот да се фокусира на
сообраќајните услови и да ги забележува опасностите е критична
за безбедната возбуда.
 Рефлекси: Брзината на реакција на возачот при неочекувани
ситуации е зависна од неговите физички рефлекси.
 Стрес и емоции: Психолошките состојби на возачот, како стрес,
агресија и страв, можат да влијаат на неговата способност да
управува со возилото и да се справува со разни ситуации.
 Трпение: Трпението на возачот му овозможува да забележи други
возила, пешаци, знаци и семафори на патот.
 Физичка способност: Физичката состојба, вклучувајќи го и општото
здравствено состојба, може да има големо влијание на
издржливоста и способноста на возачот да ги одржува контролите
во различни ситуации.
 Искуство и вештини: Времето и искуството на возење можат да
влијаат на ризикот од сообраќајни несреќи, бидејќи искусните
возачи често се способни да предвидат опасности и да реагираат
соодветно.

Сите овие аспекти треба да се припазат и да се земат во предвид за


подобрување на безбедноста на сообраќајот.1
Психо-физичките карактеристики на возач се однесуваат на
комбинацијата на психолошките и физичките аспекти или особини на
еден индивидуален возач, кои имаат влијание на неговата способност да
безбедно управува со возилото и да се справува со различни
сообраќајни ситуации. 2

Во ова влегуваат следниве аспекти:


1
Види: Мургоски, .Речник на македонскиот јазик, Филолошки факултет,”Блаже Конески”,
Скопје,2005;стр.863.
2
Проф.д-р Борис Мургоски, предавања, 2014/15;

3
 Психолошки карактеристики:Овде влегуваат психичките и
емоционални состојби на возачот, како внимание, концентрација,
стрес, страв, алертност, и способноста да се одлучува и реагира
во разни ситуации на патот.
 Физички карактеристики: Се однесуваат на физичките
способности на возачот, вклучувајќи ги координацијата,
рефлексите, општата физичка состојба и здравствените фактори
кои може да влијаат на неговата способност да ги одржува
контролите на возилото.
Важно е да се забележи дека психо-физичките карактеристики на
возачот се важни за безбедноста на сообраќајот и можат да имаат
големо влијание на способноста на возачот да предвиди и реагира на
потенцијални опасности на патот. Затоа, правилната комбинација на
овие карактеристики е од суштинско значење за безбедното возење.

2. Фактори кои влијаат врз психо-физичката способност на


возачот

Психо-физичката способност на возачот може да биде влијана од


многу фактори, вклучувајќи ги следниве:
 Вид
 Слух
 Замор
 Внимание
 Време на реакција
 Алкохол
 Труење со јаглен моноксид
 Душевна рамнотежа
 Употреба на кафе
 Употреба на лекови
 Наркотици
 Влијание на временски промени
 Заболувањата и возењето

4
 Болести на движењето – автомобилската болест

2.1. Вид

Видот е основното сетило за доброто и сигурно возење. Му


овозможува на возачот навреме да ги согледа сите препреки на патот и
сообраќајните ситуации воопшто. Острината на видот е битна особеност
за да се забележат предметите на одредена одалеченост, за читање на
сообраќајните знаци идр. Видното поле, под кое се разбира широчината
на видниот простор лево и десно кога се гледа право и рамно, е исто
така битна особеност на видот, особено при движењето на крстосниците
и други места со погуст сообраќај. Видното поле зависи и од брзината со
кое се движи возилото. Колку е брзината на движењето на возилото
поголема, видното поле се намалува и спротивно на тоа, колку е
брзината на движењето на возилото помала - видното поле е поголемо.
Одредени дефекти на видот, особено на острината, треба да се
пријавуваат кај лекаритеспецијалисти за очи и од нив да се бараат
соодветни помагала (наочари или леќи), што при возењето
задолжително се носат.
Покрај дефектите на видот што се должат на внатрешните фактори,
повремено видот го нарушуваат и низа надворешни фактори, како на пр:
силно светло, темнина (при навлегување во неосветлен тунел), магла,
прав, чад и сл. Сите тие фактори, иако моментни, особено се опасни за
безбедноста на сообраќајот. Поради тоа, во сите такви случаи кога
надворешните фактори влијаат врз видот, возачот треба брзината на
движењето на возилото и поведението воопшто да ги сообрази кон тие
фактори.3
Поголемиот број сообраќајни незгоди што се случуваат ноќе, се
резултат на брзите светлосни промени кои негативно влијаат врз видот.
Особени врз видот негативно влијаат силните светла од возилата што на
возачот му доаѓаат од спротивната насока.
Способноста на возачот како и колку ќе гледа, гледајќи кон силното
светло или под дејството на силното светло, индивидуално варира. Тоа
3
Zelenika, R.:”Prometni sustavi – Tehnologija – organizacija – ekonomika – logistika -
menadžment”, Ekonomski fakultet Sveućilišta u Rijeci, Rijeka, 2001, p. 258.

5
зависи од брзината во која очната зеница-црнка почнува пофторно да се
шири откако зраците на силното светло ќе престанат да доаѓаат во
окото.
Ако во окото доаѓаат мошне малку светлосни зраци, зеницата се
шири, настојувајќи да пропушти што повеќе светлина во окото и обратно,
ако светлосни зраци доаѓаат премногу-зеницата се стеснува.4
Зеницата на нормално око при силна светлина се стеснува во време
од околу 1 (една) секунда, а по престанок на силната светлина ,за да се
врати зеницата во предходната состојба (да се прошири), потребно е
време од околу 1 (една) минута.5 Тоа практично значи дека возачот при
разминувањето ноќе со возило, кое имало запалени долги светла,
веднаш по разминувањето вози неколку секунди наполно заслепен, а
околу 1 (една) минута со намалена видливост, за кое веќе рековме дека
индивидуално варира. 6Таквиот временски интервал на заслепеност и на
намалена видливост е апсолутно ризичен во современиот патен
сообраќај. Поради тоа и законодавачот правно го регулирал
разминувањето ноќно време и употребата на светлата, за што подозна
ќе стане збор. И покрај постојните правни норми, во практиката не мал
број возачи, намерно или ненамрено, неправилно ги употребуваат
светлата ноќно време при разминување или пак тие им се неисправни,
со што ги изложуваат на опасност другите учесници во сообраќајот и
самите себе.7 Има и такви возачи кои едновремено им се “реваншираат”,
со долгите светла на возачите кои од спротвната страна им доаѓаат со
такви светла на возилата, не размислувајќи за последиците од
обостраната опасност која на таков начин двојно се зголемува. За да се
намали опасноста во таквите случаи, возачот не треба да гледа право 3
во светлата од спротивната насока, туку малку надесно, водејќи сметка
да не скршне од насоката на движењето.
2.2. Слух

4
Драгач, Р,Вујаниќ,М, 2002 (Beograd) Bezbednost saobracaja II deo.
5
Мургоски,Б, 2014/15.Безбедност во сообраќајот интерни предавања.
6
Zelenika, R.: ”Prometni sustavi…”, op.cit., p. 260.
7
Ристиќ, Б., Савинов, П.:”Основи на сообраќајот”, op.cit., p. 17.

6
По видот, слухот, исто така, е основна компонента за добро и сигурно
возење.
Дефектниот слух го лишува човекот од способноста за просторна
ориентација во она што се случува околу него, а треба да го почуствува
преку слухот.
Слухот му помага на возачот да ја насети оддалеченоста, брзината и
насоката на возилата во непосредна близина. Добриот слух е особено
важен при возење во места каде што разните маневри на возилата се
најавуваат со звучни сигнали.

2.3. Замор

И кога здравствената состојба на возачот е доста добра, заморот му


ја намалува возачката способност, а во одредени случаи го прави и
немоќен за натамошно управување со возилото. Заморот особено следи
по подолго време возење и по психофизички напрегања. Кога и во каков
обем ќе настапи заморот, зависи и од некои други фактори, како на пр:
долгото седење, лошата положба на телото поради недобро вградени
или неправилно наместени седишта, едноличноста на патот,
монотонијата, температурата во кабината и др.Заморениот човек не е во
состојба подолго време да го контролира своето внимание врз одредено
дејство, што е особено битно во управувањето со моторно возило.
Симптоми на заморот обично се: натежнуваат очните капаци, се
чувствува потреба за спиење, затегање и здрвување на вратот, се
чувствува како во очите да има некои туѓи тела (боцкаат) итн.
Заморот е честа причина за сообраќајни незгоди и преставува
постајана потенцијална опасност за безбедноста на сообраќајот.
Најдобриот и најефикасиот лек против заморот е одморот.
Многу возачи практикуваат, а што е препорачливо, на секои 2 (два)
часа возење да го запрат возилото излегуваат од него на чист воздух,
покрај некоја вода или зеленило, се размрдуваат со некои фискултурни
вежби и на таков начин се освежуваат.
2.4. Внимание

7
Вниманието е психичка функција што се состои од насочување и
концентрација на психичките активности врз нешто одредено. Тоа се
јавува како последица на одредена содржина во нашата свест. Во
подолгата практика на возачот некои дејства можат да му преминат во
навика и за нив да не чувствува потреба од посебна концентрација на
мислите, барем привидно.
Меѓутоа, тој мора да биде постојано внимателен за да може
многубројните операции при возењето да ги изведува совесно. Возењето
е работа која бара постојана концентрација и совесно решавање за се
што треба да се превземе во секој конкретен случај. Основните фактори
на невниманието се: физичкиот и психичкиот замор, стравот,
замисленоста и загриженоста.
Покрај нив, постојат и некои други преодни психички состојби што
негативно влијаат врз вниманието. Тоа се, главно, лични проблеми,
какви што ги има секој човек, како и индивидуалните наклоности и
интересот за се што го опкружува човекот - возачот. Кога зборуваме за
заморот, спомнавме дека тој е фактор што го намалува вниманието, што
условува психичка расеаност, ги слабее и ги прави бавни психичките
реакции и активното дејствување. Сето тоа претставува опасност за
возачот погрешно да ги употреби командните уреди на возилото и да
прави други грешки. Монотонијата, исто така, влијае врз вниманието.
8
Таа наведува на разни размислувања, дремливост и друго, со што
возачот го одвраќа од многуте проблеми што ги има за време на
возењето. Под поимот “невнимание” често се крие и стравот. Тој е
редовен придружник кај почетниците и неискусните возачи.Напрегнатото
внимание особено кај страшливиот и загрижениот возач ја исцрпува
способноста за концентација и постепено преоѓа во деконцентрација на
мислите, односно во невнимание. Невниманието, исто така, е честа
причина за сообраќајните незгоди.
2.5. Време на реакција

8
Банковиќ, Радован, 1982, Javni Graski Putnicki Prevoz, Белград, Научна книга

8
Од моментот кога возачот ќе забележи некој настан, предмет или
опасност, во врска со кои ќе треба на некаков начин да дејствува, па до
моментот на активното дејствување, поминува извесно време. Тоа време
е наречено “време на реакција”. Должината на тоа време е необично
важна во секоја човечка активност, а особено со управувањето со
мотирно возило, од причини што при возењето се среќаваат разни
опасности при кои треба брзо и сигурно да се реагира, за да се
избегнат.Колку тоа време на реагирање е покусо толку е и возчот
поспособен при секоја опасност навремено да ги превземе сите нужни
дејствија за да ја избегне. Должината на времето на реакцијата зависи
од повеќе фактори, меѓу кои како основни се спроведуваат:
психофизичкото здравје, моментното расположение, дремливоста,
заморот и др. Врз продолжувањето на времето на реакцијата особено
влијае алкохолот и другите наркотични средства.
Докажано е дека човекот- алкохоличар има продолжено време на
реакција дури и до 37% во однос на оние кои не употребуваат алкохол.
Времето на реакцијата кај норамален човек изнесува од три четвртини
до една секунда. Таа секунда е наречена “психичка секунда” и “секунда
на стравот”. Ако се има предвид фактот дека за времето на реакцијата
возилото минува одреден пат (на пример, ако возилото се движи со
брзина од 80 км/час, тоа за една секунда минува 22 метри) ќе се види
фактичната вредност и значењето на времето на реакцијата, а особено
кога се знае дека за тоа време можат да искрснат и на низа други
опасности, на кои, возачот исто така, треба брзо и соодветно да реагира.
Поимот “соодветно да реагира” значи реагирањето да биде
адекватно на опасноста во секој конкретен случај. Напротив, таквото
реагирање во одредени ситуации може да биде причина за несакани
последици, како, на пр: ако во непосредна близина на возилото кое се
движи, некој пешак се обиде неконтролирано да го премине патот, а
возилото е во таква состојба во однос на пешакот, да може да го избегне
прегазувањето на пешакот со зголемување на брзината и со скршнување
на некоја страна од коловозот.
2.6. Алкохол

9
Алкохолот како општествено зло во голем обем е присутен во патниот
сообраќај, и спаѓа меѓу најчестите причини за сообраќајните незгоди, а
по обемот на штетните последици стои на прво место. Медицината
научно докажала дека алкохолот негативно влијае врз човечкиот
организам, а посебно врз нервниот систем и основните сетила (видот,
слухот и др.) како основни фактори за безбедно управување на
моторното возило. Алкохолот многу брзо се ресорбира во крвта, а бавно
исчезнува од неа. Еден дел од него стигнува во крвта уште “по патот” од
устата до желудникот, а поголемиот дел преку порите во самиот
желудник. Кога алкохолот преку крвта ќе стигне до мозокт, таму тој го
почнува своето разурнувачко дејствување. Количеството алкохол во
крвта се изразува во промили ( ‰ ). Тоа е однос на телесната тежина
мерена во килограми и количество алкохол мерено во грамови. Кога ќе
се каже дека е утврдено количество од еден промил алкохол во крвта,
тоа значи дека на секој килограм од телесната тежина доаѓа по еден
грам алкохол. Обемот на штетното дејство на алкохолот врз човечкиот
организам зависи од количеството и видот алкохолни пијалоци. Според
позитивните прописи, се смета дека возачот е под влијание на алкохол
ако при анализата на крвта и урината се утвди концентрација на алкохол
во организмот над 0,5%о. Особено е опасна зоната на поднапиеност при
концентрација на алкохол во крвта од 0,6 до 1,5%о, кога возачот се наоѓа
во таканареченото еуфорично расположение. Тогаш тој е “семоќен, смел
и сигурен”, а и другите луѓе околу него ја чувствуваат наговата
“сигурност”. Во зависност од обемот на концентрацијата на алкохол во
крвта, судските медицинари направиле и ваква поделба на опиеноста: -
со концентрација од 0,6 до 1,5 %о - поднапиена состојба; - со
концентрација од 1,5 до 2,5%о - пијана состојба; - со концентрација од
2,5 до 4,0%о - тотално пијан и - со концентрација над 4%о - е состојба на
тешко труење со алкохол и 6 многу опасно по животот.9

2.7. Труење со јаглен моноксид (СО)

9
https://www.rsbsp.org.mk/nekolku-prichini-zoshto-da-koristite-javen-prevoz
(пристапено :07.11.2022)

10
Покрај изнесените внатрешни и надворешни фактори кои
негативно влијаат врз возачката способност, возачот, па и патниците кои
што се наоѓаат во возилото, изложени се и на опасност од труење со
јаглен моноксид. Јаглениот моноксид е отровен гас, без боја и мирис, и
како таков е многу подмолен отров. Неговото присуство предизвикува:
главоболка, вртоглавица,повраќање, замор, премаленост и дремливост,
а потоа несвестица и смрт во најкусо време. Кои од изнесените симптони
и во каков обем ќе се појават зависи од обемот на отровниот гас и од
организмот на човекот. Јаглениот моноксид се создава при согорување
на секоја органска материја (нафта, бензин и др.) кога нема доволно
воздух, односно кога согорувањето е нецелосно. Во издувните гасови на
моторните возила, редовно е присутен околу 7%, а кај постарите возила,
односно кај возилата со нарушено согорување на смесата гориво-воздух,
е присутен во поголеми количества . Поголемо количество јаглен
моноксид се собира во кабината на возилото кога е вклучено греењето, а
особено ако неговата инсталација е оштетена. Исто така, тој е присутен
во поголемо количество и во гаражите каде што возилата се чуваат и
кога моторот работи, а нема доволно проветрување (пробив на чист
воздух- кислород). Не е редок случај на труење - усмртувања со јаглен
моноксид во такви простории. Најефикасно средство за заштита од
влијанието на јаглен моноксид е чистиот воздух- кислородот.

2.8. Душевна рамнотежа

Душевната рамнотежа е битен фактор за правилно забележување (на


се што се случува во околината на човекот возач, преку неговите осети:
видот, слухот, мирисот и др.), расудување, реагирање и за ориентација
на свеста на се што е забележано.
Меѓутоа во патниот сообраќај, душевната рамнотежа може да биде
нарушена под влијание на емоциите, што има негативно влијание врз
возачката способност. Емоциите се посебни душевни расположенија
како: жалост, радост, страв, бес и др.
2.9. Употреба на кафе

11
Многумина од луѓето и возачите мислат дека кафето го отстранува
заморот и дека делува освежително - окрепнувачки, па затоа, особено и
по долготрајните и напорни ноќни патувања, практикуваат и најмалите
одмори да ги искористуваат за пиење на кафе во некои од мотелите или
кафените покрај патот.
Притоа не претпоставуваат дека кафето само привидно го отстранува
заморот, дека всушност, само ја поместува горната граница на
издржливост и биолошкиот замор, а дека по престануването на неговото
дејство настанува нагло слабеење на психофизичката способност и
исцрпување на организмот на возачот проследено со чувство на
поспаност и тежок замор. Како што е познато главна активна материја во
кафето е кофеинот. Кофеинот го подобрува крвоснабдувањето на
мозокот, срцето, кожата и органите за излачување на мочката (урината),
но истовремено тој делува надразнувачки на желудечната лигавица и го
зголемува лачењето на желудечниот сок. За возачите од посебна
важност е неговото дејство на мозокот.
Дејството на кофеинот врз мозокот може да биде во зависност од
дозирањето и според тоа како се чувствува возачот, со поттикнувачк
(инхибирачки) ефекти. Во основа кофеинот делува поттикнувачки
(стимулативно) на сите функции на централниот нервен систем,
предизвикува побрз и јасен тек на мисловните процеси, привремено го
ублажува нагонот за сон и чувството за телесен замор. Дејство на
кафето врз возачот ?
Имено, кога кафето се пие како црно горчливо кафе, дејството е
брзо, но затоа набрзо потоа настанува изразито негативно делување
(лоша способност за работа). Кога пак кафето е помешано со млеко и
шеќер тогаш ресорпцијата (впивањето) на кофеинот во желудечно -
цревнит прибор е побавно.10Таквото стимулативно дејство на кофеинот
преку нервниот систем се пренесува и на другите делови од телото.

2.10. Употреба на лекови

10
(Наведено според д-р М. Николовски, Медицината во безбедноста на
сообраќајот, ,,Наша книга,, Скопје, 1980 год. стр.90

12
Во современиве услови на живеење и работење, човекот, поради
изменетиот начин и стил на живеење, станува се повеќе зависен од
моторното возило. Моторизацијата секојдневно регрутира се поголем
број на возачи.
Динамичното темпо на живот и работа бара адекватна адаптација на
човекот , која доведува до зголемување на потрошувачката на лекови
што имаат за цел смирување, регулирање на сонот, корекција на крвниот
притисок итн.
Поради тоа, е се поголем бројот на возачите кои седнуваат зад
воланот по земањето на една или повеќе, исти или различни
таблетки.Познато е дека многу од лековите што денес се трошат во
големи количества можат штетно да влијаат на возачката способност.
Употребата на таквите лекови доведувва до намалување на
концентрацијата, успорување на реагирањето, погрешна проценка на
сообраќајната ситуација на патот, поради што возачот кога е под дејство
на некои од нив за време на возењето, представува потенцијална
опасност во сообраќајот.
Според наводите во домашната и странската литература кај 10 - 12%
од возачите кои што учествувале во сообраќајните несреќи значително
влијание имало неконтролираното влијание на лекови.
Имено, влијанието на лековите врз психофизичката способност на
возачот е зависна од повеќе фактори. Покрај изборот на лекот, важен е и
начинот на неговата употреба. Не е сеедно дали тој се зема повремено
или редовно, во нормални, зголемени или пак во претерани дози. Секако
дека еден од поважните фактори во потрошувачката на лекови од страна
на возачите е степенот на сообраќајно - здравствената култура.
Возачите треба на сите можни начини да бидат добро информирани
за ризикот што го преземаат на себе со употребата на лековите кои ја
менуваат и намалуваат реактибилноста на нивниот организам. Познато е
дека изменетата реактибилност во одредена ситуација сигурно ја
загрозува безбедноста во сообраќајот.
Самоиницијативното земање на лекови е честа појава која што
заслужува сериозно внимание кај возачите поради опасноста што ја крие
во себе употрбата, а уште повеќе злоупотребата на одредени лекови. Од
13
многубројните фармацеутски производи кои што денес почесто се
употрбуваат, меѓу другите и од возачите, ќе ги споменеме следните
групи на лекови: психофармаци, аналгетици, антихипертоници,
антихистаминици, антидијабетици и др.
Психофармациите се група лекови за смирување и отстранување на
напнатоста и нервозата. Поради тоа, мнозина од возачите со нив се
обидуваат „да ги решат” своите животни проблеми. Оваа група лекови,
со своето терапевтско дејство, а уште повеќе со нус-ефекти(попатни
појави) , може да ги измени способноста за концентрација, способноста
за брзо реагирање и функционирање на вегетативниот нервен систем на
возачот. Тие можат да предизвикаат поспаност, рамнодушност,
треперење на прстите од рацете, забрзана работа на срецето, како и
пореметување на ред други функции на вегетативниот нервен систем.
Аналгетиците се група лекови за отстранување или за ублажување
на болките. Во современиот сообраќај аналгетиците имаат вонредно
значење, бидејќи по психофармаците тие се доста често употребувани
од возачите. Позната е вистината дека голем број луѓе во својот џеб
секогаш имаат по некој представник од оваа група на лекови, кои не само
што самите ги употребуваат, туку и „великодушно” ги нудат на својата
околина.
Антихипертониците се група лекови кои што служат за регулирање
на високиот крвен притисок, кој покрај останатите причини е последица и
на денешното динамично време сврзано со психички напрегања. Овие
лекови имаат и свои негативни дејства на способноста за возење.
Антихистаминиците се група лекови кои денеска често се
употребуваат поради зачестените алергиски реакции на организмот од
различно потекло. Нивната употреба од страна на возачите учесници во
сообраќајот може да биде опасна, бидејќи оваа група лекови, покрај
своето лековито дејство, предизвикува попатни појави како дремливост,
заматување на видот, полесни или потешки вртоглавици и слично.
Антидијабетиците се група лекови што го регулираат нивото на
шеќерот во крвта кај болните од шеќерна болест. Овие лекарства во
себе кријат и опасност од ненадејно паќање на нивот на шеќерот во

14
крвта под нормалата кај возачот - дијабетичар, што неминовно ќе доведе
до загрозување на безбедноста на сообраќајот со тешки последици.11

2.11. Наркотици

Последните години, како што е познато, модерниот живот и во


нашава средина донесе зголемена употреба на дроги и психоактивни
лекови. Статистиките укажуваат на пораст на бројот на сообраќајните
незгоди предизвикани од возачи што возеле под дејство на дроги и
психоактивни лекови. Еден од подобрите познавачи на овој проблем
вели, ако сретне возрасен човек зад воланот да делува замајно
помислете на алкохол, но ако зад воланот седи млад човек тогаш
помислете и на дрога. Во нашава земја наркоманијата е болест од
поново време.Сообраќајниот трауматизам во структурата на
морбидитетот на младите зазема видно место и покажува тенденција на
пораст. Сигурно дел од него е данок на употреба на дрога и
психоактивни лекови. Во секојдневниот говор кога се зборува за дроги
обично се мисли на средства што ја менуваат состојбата на нервниот
систем, а со тоа и психичката состојба на лицето што ги внесува во
организмот.

2.12. Влијанието на временските промени

Влијанието на временските промени врз здравјето на човекот е


познато многу одамна. Уште Хипокрит ( 460 -377 година пред новата
ера), прочуениот лекар на стариот век, во својата расправа: “За
воздухот, водите и краевите” ја изложил суштината на влиајанието на
временските промени врз здравјето на луѓето.
Низ својот историски пат на развиток медицината постапно
освојувала многу дотогаш непознати врвови. Но, дури во претходното
столетие со успех се изучува проблемот на влијанието на временските
промени врз здравјето на човекот. Научниците утврдија дека
11
(Наведено според д-р М. Николовски, Медицината во безбедноста на
сообраќајот, ,,Наша книга,, Скопје, 1980 год. стр.87-88).

15
временските промени сосема сигурно имаат одраз врз здравјето на
човекот и неговата психичка состојба. При тоа, забележано е дека во
одредени временски услови луѓето повеќе се настроени за расправии,
кавги, се понервозни, меланхолични, песимистички настроени и слично,
а бројот на прекршоците, деликтите и злофатите, меѓу другото и во
сообраќајот се зголемува. Така на пример во летно време злофатите се
многу почести.

2.13. Заболувањата и возењето

Долго време со сигурност не се знаеше дали долготрајното


управување со моторно возило може да има штетен одраз врз здравјето
на возачот. Во последно време медицината се повеќе ги забележува
разните тегоби што настануваат при долгите возења. Испитувањата
покажале дека тие можат да причинат различни краткотрајни тешкотии,
да го загрозат здравјето на возачот и да го доведат дури до заболување.
Имено, секој што возел знае дека по долго возење, рацете, нозете и
грбот се вкочнети како замрени, згрчени, а мускулите понекогаш и
навистина болат. Причината за тоа не е само статичката положба и
работа при која цели снопчиња на мускулите подолго време мируваат во
скоро непроменета, неподвижна положба зад управувачот на возилото
или неприлагоденото седиште за возачот, туку општо земено, тоа е од
напнатоста на мускулите, што се зголемува поради неизбежното
оптоварување на нервниот систем на возачот од потребата за
максимално внимание и претпазливост за време на возењето.
Возачот на кого возењето му е основно занимање - професија, во
текот на работното време е изложен на неповолни дејства на
многубројни чинители, што можат да се сметаат и што всушност се
професионални штетности на работното место.

2.14. Болести на движењето – автомобилската болест

При патување со превозно средство(автомобил,воз, авион или брод),


кај дел од патниците, особено оние, почуствителните, кои и во
16
секојдневниот живот покажуваат знаци на емоционална нестабилност:
претеран страв, несигурност, безпричиски вознемирувања и слично,
додека трае возењето, настанува краткотрајно пореметување на
здравјето што се манифестира со бледило, повраќање, вртоглавица итн.

3. Карактеристики на возилата кои ја нарушуваат безбедноста во


сообраќајот

Има многу карактеристики на возилата кои, ако се во лоша состојба


или се неправилно одржувани, можат да ја нарушат безбедноста во
сообраќајот.
Некои од најважните карактеристики на возилото кои можат да ја
нарушат безбедноста вклучуваат:
 Состојба на гумите: Износени или оштетени гуми можат да ја
намалат контролата на возилото, особено на влажни и клизави
патишта.
 Кочници: Некакви проблеми со кочниците, како намалена
ефикасност или дефектни делови, можат да ја зголемат опасноста
од несреќи.
 Светла и сигнали: Дефекти во светлата и сигналите на возилото,
како неработечки фарови или семафори, можат да предизвикаат
неправилно или недоволно видливост, што може да биде опасно.
 Возачки системи и електроника: Проблеми со системите како ABS
(анти-блокирачки кочници), ESC (систем за стабилизација), и
системите за безбедност како прегради кои можат да ја нарушат
безбедноста на возилото.
 Контрола на емисиите: Застарени или незаконско променети
издувни гасови можат да доведат до незаконска замаглена
содржина и зголемена еколошка опасност.
 Одржување на моторот: Неодржуван или замаглен мотор може да
ги намали способностите на возилото и да зголеми
потрошувачките и емисиите.

17
 Тежина и баланс: Прекумерната тежина или неодговарачки
распределена тежина на товарот може да влијае на балансот на
возилото и да го направи нестабилно.
 Состојба на каросеријата: Каросеријата на возилото треба да биде
цела и без оштетувања, бидејќи дефекти или оштетувања можат
да го намалат степенот на безбедност при сообраќајни несреќи.
Редовното одржување и проверка на сите овие карактеристики на
возилото е од суштинско значење за подобрување на безбедноста во
сообраќајот.

4. Влијанието на психо - физичките способности на возачите во


светот и во Македонија

Психо-физичките способности на возачите имаат значително


влијание на безбедноста во сообраќајот и во светот и во
Македонија.Еве како влијаат:
А. ) Во светот:
 Возраст и искуство: Младите возачи и неискусните возачи
често се посклони на ризици и несреќи. Возачите со поголемо
искуство имаат подобра способност да предвидат и реагираат
на опасни ситуации.
 Психолошки состојби: Вниманието, концентрацијата и
психичката состојба на возачот се критични. Например,
возачите кои возат под влијание на алкохол или други
субстанции, како и возачите кои се претоварени со стрес или
замор, се подложни на несреќи.
 Здравствени состојби: Зрение, слух и други здравствени
проблеми можат да имаат влијание на способноста на возачот
да детектира опасности на патот и да реагира.

Б.) Во Македонија:
Слично како во светот, психо-физичките способности и
карактеристики на возачите имаат значително влијание на безбедноста

18
во Македонија. Земјата ги следи и анализира податоците за сообраќајни
несреќи и ги подигнува своите стандарди и образовни кампањи за да ги
подобри способностите на возачите и да ги намали несреќите.
Истотака, законите и прописите за безбедност во сообраќајот и
тестирањето на психо-физичките способности на возачите се
применуваат во Македонија за да се гарантира безбедноста во
сообраќајот. Институции и организации работат за да се подобри
образованието и консциентизацијата на возачите во земјата.

5. Студија на случај: Влијание на психо-физичките


карактеристики на возачите во cветот и во Македонија

Психо-физичките карактеристики на возачот се критични фактори за


безбедноста во сообраќајот. Во оваа студија на случај, ќе ги разгледаме
влијанието на психо-физичките карактеристики на два различни
континента - во светот и во Македонија, и како разни фактори влијаат на
безбедноста на сообраќајот во овие области.
Методологија:
За да ги истражиме влијанието на психо-физичките карактеристики на
возачот, ќе ги анализираме следниве аспекти:
 Возраст и искуство на возачите: Ќе се разгледа како возрачката
возраст и искуството влијаат на безбедноста во сообраќајот.
 Алкохол и наркотици: Ќе се проучи влијанието на конзумацијата на
алкохол и наркотици на безбедноста на сообраќајот.
 Здравствени состојби: Ќе се истражи како здравствени проблеми и
зрение или слух влијаат на психо-физичките карактеристики на
возачот.
 Образование и свест: Ќе се анализираат мерките и програмите за
образование и свест на возачите и нивниот влијание на
безбедноста.
Резултати:
А.) Влијание на психо-физичките карактеристики во светот:

19
 Возрастната група на 18-34 години има најголем број на
сообраќајни несреќи поради недостаток на искуство и поголема
склоност кон ризик.
 Употребата на алкохол и наркотици е главен фактор за несреќи
во многу земји, иако постојат закони и казни за ова.

Б.) Влијание на психо-физичките карактеристики во Македонија:


 Македонија исто така има висок број на несреќи кај младите
возачи, што укажува на потребата за зголемена обука и контрола.
 Употребата на алкохол и наркотици останува сериозен проблем,
иако има закони и контрола.
Заклучок од студијата:
Психо-физичките карактеристики на возачот имаат големо влијание
на безбедноста во сообраќајот во светот и во Македонија. Возачите
треба да бидат свесни за влијанието на нивните карактеристики и треба
да се внимаваат на нивните психо-физички способности за да се намали
ризикот од несреќи,законските прописи, образованието и обла

Заклучок

20
Од горе наведеното ќе заклучиме дека сообраќајните трауми се
цената која мора да се плати за луксузот што ни го овозможува
денешнината - да пребродуваме големи географски дистанци за кратко
време со разни превозни средства.
Точно е дека тоа носи ризик, но оваа сваќање мора да се замени со
идејата дека во сообраќајниот систем постојат грешки создадени од
човекот, но и дека човекот е способен да ги препознае,отстрани и
превенира.
За способноста за управување на возило негативно може да делуваат
различни лекови, каде постојат големи идивидуални разлики во
реагирањето на разни лекови што делумично е и генетски условено.
Земањето на лекови пред возење посебно може да биде опасно ако
се комбинираат повеќе лекови истовремено или ако лековите се
комбинираат со алкохол со што алкохолот може да го покачи дејството
на алкохолот.
Потребата на лекови денес е претерана,често и без консултирање со
лекарот. :одговорноста за конзумирање на лековите ги носат самите
пациенти но и лекарите кои често при препишување на лековите не ги
предупредуваат пациентите на нивните негативни дејства при
управување со возило.
За однесувањето на возачите во сообраќајот е битна урамнотежена
комбинација на поголем број на карактеристики на личноста како што се:
темперамент, карактер, интелигенција и градбата на телото.Немжноста
на адаптација на условите во сообраќајот може да биде последица на
недоволно развиените психички функции и неадекватната структура на
личноста.

Користена литература

21
1. Арнаудовски, Љупчо, 2007, Криминологија, Штип, 2 ри Август
2. Банковиќ, Радован, 1982, Javni Graski Putnicki Prevoz, Белград,
Научна книга
3. Васка Атанасова, Ружица Богдановиќ, 2013, Основи на урбанизам,
Битола учебник, рецензија со одлука бр.07-518/8-1, Билтен бр.376
4. Драгач, Радослав, Вујаниќ, Милан, 2002 Bezbednost saobracaja II
deo, Белград Научна книга
5. Јосифовски, Душан, 2006, Социјална психологија, Скопје, Авто-
мото сојуз на Македонија, РИ Графика ,
6. Крстановски, Никола, 2006, Јавен градски патнички превоз,
Универзитет Св.Климент Охридски, Технички факултет Битола
7. Маленкова, Тодорова, Марија, 2010, Патни сообраќајници,
Универзитет Св.Климент Охридски, Технички факултет Битола
8. Мекваер, Мајк, Морган, Род, и Рајнер, Роберт, 2010, Оксфордски
прирачник за криминологија, Скопје, Нампрес
9. Мургоски, Борис, 2014/15, Безбедност во сообраќајот интерни
предавања.
10. Мургоски, Борис,2011/12, Казнено правни аспекти на
сообраќајната деликвенција
11. Ристиќ, Боро, 2000, Безбедност во патниот сообраќај I,
Универзитет Св.Климент Охридски, Технички факултет – Битола
12. Цветановски, Иле, 2008, Интегрален транспорт, Универзитет
Св.Климент Охридски Технички факултет Битола

22

You might also like