You are on page 1of 31

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

ВОЕНА АКАДЕМИЈА
„Генерал Михаило Апостолски“ – СКОПЈЕ
-придружна членка-

ИНДИВИДУАЛНА РАБОТА

ИНТЕРАКЦИЈА ПОМЕЃУ ПРОЦЕСОТ НА ОБУКА И ВЕЖБИ НА СИЛИТЕ ЗА


ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ, НИВНАТА КОНТИНУИРАНОСТ И ЗНАЧЕЊЕ ЗА
СИСТЕМОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ментор кандидат
Проф. д-р Александар Главинов, полковник Ивица Арсовски
број на индекс 138

Скопје, декември 2016


Краток извадок
Природните непогоди и останатите несреќи и справување со истите се
неразделиви компоненти од општественото живеење и човековата животна
средина.
Човекот во своето општествено живеење се сретнува со различен облик
на природни непогоди како и несреќи од поразлична природа со кои треба
соодветно и навремено да се справи, а за кој е потребен добро разработен
систем за заштита и спасување и адекватно трениран персонал.
Реактивната реакција по случен/а несреќен настан/непогода од страна
на силите инволвирани во заштитата и спасувањето повлекува комплетно
стручна оспособеност и синхронизирање на активности.
Правилната и соодветната обука на силите за заштита и спасување,
континуираноста, практицирањето и поделбата на искуства се секако
круцијални и имаат исклучително важна улога во системот за заштита и
спасување.
Клучни зборови: законска регулатива,заштита

Title
Interaction between training and exercise of protection and rescue forces, continuity
and their significance for Protection and rescue system in Republic of Macedonia

Abstract
Natural disasters and other accidents and managing with them are inseparable
components of social life and human environment.
The man in his social life meets different form of natural disasters and accidents
of different nature that they need to handle adequate and on time, which requires
well-developed system for protection and rescue and adequately trained personnel.
Reactive response in case of accident or natural disaster by the forces involved
in protection and rescues entails complete professionalism and synchronize
activities. Proper and adequate training of protection and rescue force, continuity,
practicing and sharing experience have been crucial and certainly have an extremely
important role in the protection and rescue system.

Key Words: law regulation, protection

2
СОДРЖИНА

Вовед ................................................................................................................ 4

1.Општо за Системот за заштита и спасување.................................................. 6

1.1. Потреба од формирање на силите за заштита и спасување и нивна

обука согласно Законот за заштита и спасување................................ 8

1.2. Законска регулатива за видот, големината и организирањето на силите

за заштита и спасување ......................................................................... 10

1.2.1. Вид на единиците на силите за заштита и спасување............... 10

1.2.2. Големина на единиците на силите за заштита и спасување..... 12

1.2.3. Организација на силите за заштита и спасување....................... 12

1.3. Место и поставеност на силите за заштита и спасување и телата

одговорни за обука во составот на Дирекцијата за заштита и

спасување................................................................................................ 13

2. Важноста на процесот за обука на силите за заштита и спасување на

Република Македонија.......................................................................................... 15

3. Реализирани вежбовни активности на територијата на Република Македонија

од страна на Дирекцијата за заштита и партиципирање на силите за заштита и

спасува.................................................................................................................... 19

4. Современи програми за обука за зголемување на ефективноста на силите

за заштита и спасување......................................................................................... 22

Заклучок .......................................................................................................... 29

Литература ..................................................................................................... 31

3
Вовед
Целокупното човеково живеење, неговиот развиток и еволуција,
несомнено се базира на взаемно почитување на одредени непишани правила и
принципи на релација луѓе – природа, што допринесува човековиот развиток и
еволутивноста на природата да се одвиваат во една рамнотежа. Но, се
случуваат неконтролирани или условно контролирани кризни ситуации или
несреќи кои ќе или може да влијаат врз нормалниот човеков и природен
развиток. Човекот не секогаш ќе може да влијае врз овие екстремни настани
или итни случаеви, но треба да воспостави состојба на подготвеност во вакви
ситуации.
Подготвеноста за итни случаеви треба да го намали негативното влијание
од овие настани и да ги стави во функција силите и средствата кои се
одговорни за спроведување и реализација на мерките за заштита и спасување.
Цел еден сет на мерки треба да се инкорпорираат во системот за заштита и
спасување за да се постигне состојбата на подготвеност, а најголемиот товар
секако ќе падне на непосредните извршители т.е силите за заштита и
спасување.
Токму поради ова се јавува и потребата од детално и правилно планирање
и реализирање на специфичен вид на обука на припадниците на силите за
заштита и спасување, што првенствено поради нивна заштита при самата
интервенција, што поради адекватно и правилно реагирање и справување со
настанатиот инцидент.
Процесот на обука мора да биде континуиран и надградлив,рамка која
треба да ги постави фундаментите за понатамошно професионално развивање
и во исто време да го даде оној минимум од квалификации за непречена
работа и делување. Вежбите пак треба да се тест за ефикасност на она што е
тренирано и воедно патоказ во која насока би требало да се движи
понатамошната обуката.
Силите за заштита и спасување како дел од Системот за заштита и
спасување на Република Македонија помеѓу другите планирани обврски и
активности, значајно место и придаваат и на обуката и вежбите како едни од
поважните ако не и најважни елементи во системот за заштита и спасување.
Токму интеракцијата помеѓу обуката и вежбите на силите за заштита и
спасување е во фокусот на оваа индивидуална работа, идентификувањето на

4
силите за заштита и спасување во системот за заштита и спасување, нивната
организациска поставеност,важноста и континуираноста на процесот на обука,
се категориите преку кои ќе се презентира нивото и сериозниот пристап кон
овие активности, како и просторот кој се отвора за дополнување, надградба и
следење на современите програми за обука на овие припадници, се со цел
професионално, ефективно, навремено и правилно реагирање и употреба за
спречување или намалување на последиците од природните или други
несреќи. Колку навистина процесот на обука и вежби е поддржан од државните
органи и институциите одговорни за тоа и дали го задоволуваат нивото
потребно за оперативност на силите за заштита и спасување и воопшто за
Системот за заштита и спасување, всушност претставува тезата на оваа
индивидуална работа.
Од поставената теза, произлегува и поттезата: "Ако се вложува
континуирано во процесот на обука, тренингот,материјалното опремување и
вежбите на припадниците на силите за заштита и спасување и сето тоа се
инкомпорира во законска регулатива, тогаш придобивките се неминовни,
долгорочни и загарантирани, пред и се изразени преку добивањето на високо
обучен и мотивиран кадар,извежбаност на различни сценарија и субпозиции,
правилност и навременост при справување со новонастанати кризни ситуации,
придобивки од морален аспект и итн., а притоа и целокупно подобрување на
функционирање и ефективност на Систем за заштита и спасување".

5
1. Општо за Системот за заштита и спасување

Заштитата и спасувањето, историски гледано, настанала како потреба на


човекот да превземе одредени мерки за да се спаси од опасностите кои го
загрозувале како што се разни болести, гладот, жедта и метеоролошките
услови. На почетокот тоа го правел индивидуално, спонтано и примитивно, се
додека не дошло до поголеми опасности, а потоа работел организирано заради
поуспешно спротиставување и смалување на последиците 1.
Историјата за заштитата и спасувањето е многу долга и нејзините
вистински почетоци тешко можат да се определат. Спонтаните и природните
форми на организирање на заштита и спасување се поврзуваат со гаснењето
на пожарите кои настанале во шумите или во населените места, како и со
отстранување на последиците од другите опасности и првите воени напади 2.
Низ вековите и етапниот човеков развиток како на технолошко-технички
план, така и на организациски план, а поради се поголемата појава на несреќи
односно природни непогоди, технички катастрофи и војни предизвикувајќи
тешки последици како врз луѓето така и врз материјалните добра,
формирањето на систем за заштита и спасување се јавува како нужна потреба.
Денес, системот за заштита и спасување добива се позначајно место во
превземањето на секојдневните активности за спречување или намалување на
последиците од природните или другите несреќи, како и од тие предизвикани
од воени дејствија3. Во сегашно време, кога се мисли на заштитата и
спасувањето, нагласка се дава на нивната хумана дејсност и на
функционирање во мир, а не на нивното функционирање во војна. Заштитата и
спасувањето се темелат на секојдневната одговорност и на обврските што ги
имаат органите на власта, локалната самоуправа, претпријатијата и другите
институции. Покрај тоа, заштитата и спасувањето се темелат и на
одговорноста на секој поединец да го заштити својот сопствен имот, како и
животот и имотот на другите луѓе.
Република Македонија, од осамостојувањето до денеска презема мерки во
насока на развој и изградба на сопствен Систем за заштита и спасување со цел
истиот да биде организиран, екипиран, обучен и опремен за да може успешно
1
Алекса Стаменковски, (1997), Одбрана заштита и спасување, НИП "Ѓурѓа", Скопје, стр.13
2
Алекса Стаменковски, (2004), Одбрана заштита и спасување, НИП "Ѓурѓа", Скопје, стр. 137
3
Алекса Стаменковски, (1997), Одбрана заштита и спасување, НИП "Ѓурѓа", Скопје, стр. 21

6
да се справи со евентуалните последици од природни други несреќи 4. Во таа
насока донесена е и Национална стратегија за заштита и спасување на
Република Македонија во која стои следново:
"Заради заштита и спасување на луѓето, животната средина,
материјалните добра, природните богатства, животинскиот и растителниот свет
и културното наследство од природни непогоди и други несреќи во мир, кризна,
вонредна и воена состојба, секоја земја создава систем за заштита и
спасување, кој треба да овозможи отстранување или намалување на
опасностите, дејствување при појава на опасности од било кој вид и
справување со предизвиканите последици врз населението и материјалните
добра, со што се обезбедува нормално функционирање на општеството во
целина"5.
Заштита и спасување на луѓето, животната средина, материјалните добра,
природните богатства, животинскиот и растителниот свет и културното
наследство од природни непогоди и други несреќи во мир, кризна, вонредна и
воена состојба, во Република Македонија се регулирани согласно Законот за
заштита и спасување и Законот за пожарникарство како и со другите
подзаконски акти кои произлегуваат од нив.
Заштитата и спасувањето во Република Македонија ги организираат и
спроведуваат државните органи, органите на државната управа, органите на
единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, јавните установи и
служби, трговски друштва, здруженија на граѓани, граѓаните и силите за
заштита и спасување, на начин уреден со овој закон, прописите донесени врз
основа на овој закон, како и со нормативите, стандардите и правилата на
техничката практика6.

1.1. Потреба од формирање на силите за заштита и спасување и


нивна обука согласно Законот за заштита и спасување

4
Фарук Хасиќ, (2015), Место и улога на дирекцијата за заштита и спасување во системот на
национална безбедност во Република Македонија – период 2006 – 2015 година, Скопје, стр. 10
5
Национална стратегија за заштита и спасување. Службен весник на Република Македонија
бр.23/09
6
Закон за заштита и спасување. Службен весник на Република Македонија бр.36/2004,
бр.49/2004, бр.67/2004, бр.81/2007, бр.86/2008, бр.124/2010, бр.18/2011, бр.93/2012 и
бр.41/2014

7
Законот за заштита и спасување го уредува Системот за заштита и
спасување што е всушност работа од јавен интерес за државата,
претставувајќи го како процес од неколку фази и потточки преку кој овој систем
се остварува и каде меѓудругото се зборува за организирање на Силите за
заштита и спасување, нивна обука, тренинг и вежби за оспособување за
заштита и спасување, опремување со материјални средства и итн.
Член 93 од овој закон дефинира потреба од формирање на единици и
штабови за заштита и спасување поточно сили за заштита и спасување 7.
"Силите за заштита и спасување се формираат како:
- Републички сили за заштита и спасување,
- Просторни сили за заштита и спасување.
Републичките сили за заштита и спасување се формираат за дејствување
во подрачјата на определен број на општини, кои според своите природни
географски карактеристики претставуваат заокружена целина. Овие сили за
заштита и спасување ги формира Републиката.
Просторните сили за заштита и спасување се формираат за дејствување
на подрачјето на општината, а ги формираат единиците на локална
самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установите и службите.
Видот, големината и организирањето на силите за заштита и спасување со
уредба ги уредува Владата" (подолу)8.
"Силите за заштита и спасување имаат постојан и резервен состав.
Постојаниот состав на силите за заштита и спасување го сочинуваат
вработените во Дирекцијата за заштита и спасување, тимовите и
територијалните професионални противпожарни единици. Резервниот состав
на силите за заштита и спасување го сочинуваат воените обврзници во резерва
доколку не се ангажирани во Армијата на Република Македонија и граѓаните
кои имаат должност за учество во силите за заштита и спасување 9."

7
Закон за заштита и спасување. Службен весник на Република Македонија бр.36/2004,
бр.49/2004, бр.67/2004, бр.81/2007, бр.86/2008, бр.124/2010, бр.18/2011, бр.93/2012 и
бр.41/2014, Член 93, стр.25
8
Закон за заштита и спасување. Службен весник на Република Македонија бр.36/2004,
бр.49/2004, бр.67/2004, бр.81/2007, бр.86/2008, бр.124/2010, бр.18/2011, бр.93/2012 и
бр.41/2014, Член 94, стр. 26
9
Закон за заштита и спасување. Службен весник на Република Македонија бр.36/2004,
бр.49/2004, бр.67/2004, бр.81/2007, бр.86/2008, бр.124/2010, бр.18/2011, бр.93/2012 и
бр.41/2014 Член 95 и 96, стр. 26

8
Член 121 од овој закон пак ја дефинира потребата од обучување за
заштита и спасување на силите за заштита и спасување. Обучувањето за
заштита и спасување опфаќа:
- Основна,
- Дополнителна, и
- Специјализирана обука
како и различен вид на тренинг и вежби за стекнување неопходни стручни и
други знаења за извршување на задачи во заштитата и спасувањето на
припадниците на силите за заштита и спасување.
Основната обука ги опфаќа сите припадници на силите за заштита и
спасување, по распоредувањето во нивните формациски структури.
Дополнителната обука на силите за заштита и спасување се извршува во
функција на нивно континуирано кондиционирање и подготвување за
извршување на оперативни задачи.
Специјализирана обука на силите за заштита и спасување се изведува со
одделни формациски состави, заради обучување и усовршување за
извршување на оперативни задачи од повисок степен на сложеност.
Изведувањето на тренинг и вежби со припадниците на силите за заштита
и спасување се врши заради подигнување на степенот на обученост и проверка
на оспособеноста и подготвеноста на системот за заштита и спасување во
целина10. "Во Центарот за обука при Дирекцијата за заштита и спасување се
врши оспособување за основна, дополнителна и специјализирана обука,
тренинг и вежби на припадниците на силите за заштита и спасување, врз
основа на наставни планови и програми.
Содржината и начинот на спроведување на обучувањето за заштита и
спасување се врши според наставни планови и програми за обучување за
заштита и спасување што ги донесува директорот на Дирекцијата.
Обучувањето на силите за заштита и спасување што ги формира
Републиката (републичките сили) го организира и спроведува Дирекцијата во
Центарот за обука. Обучувањето на раководниот и командниот кадар од
просторните сили за заштита и спасување што ги формира општината, како и

10
Национална стратегија за заштита и спасување за периодот од 2014 до 2018 година,
Службен весник на Република Македонија бр.6 од 10.01.2014год, стр. 5

9
некоја специјализирана обука, го организира и спроведува Дирекцијата во
Центарот за обука11."

1.2. Законска регулатива за видот, големината и организирањето

на силите за заштита и спасување

Врз основа на член 94, став 5 од Законот за заштита и спасување на

Република Македонија, Владата на РМ донесува уредба преку која се уредува

видот, големината и организирањето на силите за заштита и спасување.

1.2.1. Вид на единиците на силите за заштита и спасување

"Заради заштита и спасување на населението и материјалните добра

од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи во

мир и војна се формираат:

- Специјализирани единици за заштита и спасување,

- Универзални единици за заштита и спасување."12

"Специјализираните единици во републичките сили за заштита и


спасување се:
- Прва медицинска помош,
- Згрижување на настрадано и загрозено население,
- Радиолошко, хемиска и биолошка деконтаминација,
- Спасување од урнатини,
- Извидување,
- Расчистување на урнатини,
- Спасување од високи објекти,
- Заштита и спасување од поплави,

11
Закон за заштита и спасување. Службен весник на Република Македонија бр.36/2004,
бр.49/2004, бр.67/2004, бр.81/2007, бр.86/2008, бр.124/2010, бр.18/2011, бр.93/2012 и
бр.41/2014 Член 121 и 122, стр. 35
12
Уредба за видот, големината и организирањето на силите за заштита и спасување, Член 2

10
- Заштита и спасување од пожари,
- Заштита од неекплодирани убојни и експлозивни средства,
- Заштита и спасување на животни и производи од животинско
потекло,
- Заштита и спасување на растенија и производи од растително
потекло,
- Извидување на теренот и
- Асанација на теренот."
"Специјализирани единици во просторните сили за заштита и спасување
се:
- Прва медицинска помош,
- Противпожарна заштита,
- Спасување од поплави,
- Радиолошко, хемиска и биолошка деконтаминација,
- Комунални работи,
- Заштита и спасување на животни и производи од животинско
потекло,
- Заштита и спасување на растенија и производи од растително
потекло,
- Извидување на теренот и
- Асанација на терен."13
Во зависност од опасностите што можат да настанат при технолошки
процес,трговските друштва, јавните претпријатија, установите и службите исто
така имаат специјализирани единици.
"Универзални единици постојат само во просторните сили за заштита и
спасување и истите се опремуваат, обучуваат и оспособуваат за давање на:
- Прва медицинска помош,
- Гаснење на помали и почетни пожари,
- Спасување на загрозени и затрупани лица во плитки урнатини,
- Учество во засолнување и
- Евакуација и згрижување на населението."

13
Уредба за видот, големината и организирањето на силите за заштита и спасување, Член 3 и
4

11
Универзални единици за заштита и спасување имаат и трговските друштва,
јавните претпријатија, установите и службите кои немаат специјализирани
единици, а кои имаат потреба од заштита и спасување на населението и
материјалните добра.

1.2.2. Големина на единиците на силите за заштита и спасување

Специјализираните единици во републичките и просторните сили за


заштита и спасување се во големина на одделение, вод и чета.
Специјализираните единици што ги имаат трговските друштва, јавните
претпријатија, установите и службите се во големина на екипа, одделение и
вод.
Универзалните единици во просторните сили за заштита и спасување се во
големина на вод.14

1.2.3. Организација на силите за заштита и спасување

"Специјализираните и универзалните единици за заштита и спасување во


својот состав имаат команди, командири и одреден број на извршители.
Командите се составени од командир, заменик командир и извршители.
Штабовите за заштита и спасување што се формирани од страна на
Република Македонија, единиците на локална самоуправа, трговските друштва,
јавните претпријатија, установите и службите во својот состав имаат:
- Командант на штабот,
- Началник на штабот,
- Помошници на началникот на штабот и
- Извршители за административно-технички и оперативни работи". 15

14
Уредба за видот, големината и организирањето на силите за заштита и спасување, Член 7 и
8
15
Уредба за видот, големината и организирањето на силите за заштита и спасување, Член 9 и
10

12
1.3. Место и поставеност на силите за заштита и спасување и

телата одговорни за обука во составот на Дирекцијата за

заштита и спасување

Заради извршување на работите од заштитата и спасувањето од природни

непогоди и други несреќи, во Република Македонија проектирано преку

Националната концепција за безбедност и одбрана (Слика 1) и согласно

Законот за заштита и спасување се основа Дирекција за заштита и спасување

(понатаму во текстот Дирекцијата).16

Слика 1. Систем за Национална безбедност на Република Македонија


Figure 1. Nacional Security System of the Republic of Macedonia

Дирекцијата е составен дел од (под)системот за заштита и спасување и


во нејзиниот состав се наоѓаат: Главниот штаб за заштита и спасување,
штабови за заштита и спасување, републички сили за заштита и спасување и
просторни сили за заштита и спасување, (Слика 2)., како и обединување на
постојните служби во областа на заштитата и спасувањето во Република

16
Фарук Хасиќ, (2015), Место и улога на дирекцијата за заштита и спасување во системот на
национална безбедност во Република Македонија – период 2006 – 2015 година, Скопје, стр. 17

13
Македонија, а тоа се Секторот за Цивилна заштита во Министерството за
одбрана и Секторот за заштита од пожари во Министерството за внатрешни
работи.

Слика 2. Заштита и спасување како подсистем на системот за национална


безбедност на Република Македонија.
Figure 2. Protection and rescue subsystem of the National Security system of the
Republic of Macedonia.

Дирекцијата во својата организациска поставеност меѓудругото има 6


сектори, меѓу кои во Секторот за планирање,организирање и спроведување на
мерките за заштита и спасување и обука се наоѓа Одделение за обука.
При Дирекцијата се формираат и други тела за заштита и спасување кои
согласно законот за заштита и спасување имаат точно определени функции,
надлежности и овластувања.17Помеѓу другите, тука се наоѓаат Тимови за брз
одговор и Центарот за оспособување и обука.
Тимовите за брз одговор претставуваат основа на републичките сили за
заштита и спасување, а можат да бидат од разни видови на специјалности.
Нивното распоредување по подрачните организациони единици го утврдува

17
Закон за заштита и спасување. Службен весник на Република Македонија бр.36/2004,
бр.49/2004, бр.67/2004, бр.81/2007, бр.86/2008, бр.124/2010, бр.18/2011, бр.93/2012 и
бр.41/2014

14
директорот на Дирекцијата и со негова одлука се ангажираат во акции кои
бараат итна интервенција.
Во состав на Тимовите за брз одговор се одредуваат лица вработени во
Дирекцијата, стручни лица вработени во органите на државната управа,
јавните претпријатија, установите и службите. Покрај овие лица, во составот на
овие тимови можат да се вклучат граѓани експерти и здруженија на граѓани со
кои за нивното ангажирање се склучува посебен договор. 18 Членовите на
тимовите за брз одговор за време на нивното ангажирање имаат статус на
упатени лица на работа во Дирекцијата.
Центарот за оспособување и обука се формира во Дирекцијата заради
реализација на основна, дополнителна и специјалистичка обука на
републичките сили за заштита и спасување и други кадри од областа на
заштитата и спасувањето. Исто така во Центарот за оспособување и обука се
обучуваат командантите и членовите на главниот штаб и на регионалните
штабови за заштита и спасување, командантите и членовите на општинските
просторни штабови за заштита и спасување, тимовите за брз одговор,
професионалните и доброволните пожарникари, командниот кадар и силите за
заштита и спасување на правните субјекти. Центарот за обука претставува
заокружена целина за изведување на обука, тренинг и вежби и стручно
оспособување со стандардно опремени кабинети, надгледни средства и
полигони.

2. Важноста на процесот за обука на силите за заштита и спасување


на Република Македонија

Од фундаментално значење за системот за заштита и спасување имаат


образованието, оспособувањето и обуката на припадниците на силите за
заштита и спасување и на граѓаните за заштита од природни непогоди и други
несреќи. Преку нив треба да се обезбеди едуцираност на училишната
популација, оспособување на граѓаните за лична и взаемна заштита,
обучување на силите за заштита и спасување за брзо и ефикасно делување,

18
Закон за заштита и спасување. Службен весник на Република Македонија бр.36/2004,
бр.49/2004, бр.67/2004, бр.81/2007, бр.86/2008, бр.124/2010, бр.18/2011, бр.93/2012 и
бр.41/2014

15
како и оспособување на професионални кадри за определени специјалности од
областа на заштитата и спасувањето19.
Оттука се гледа комплексноста на процесот на обука и нејзината
исклучителна важност во системот за заштита и спасување. Првенствено,
тежината на целокупниот процес на едукација, образование, оспособување,
обука и итн. мора да се стави на непосредните извршители т.е. силите за
заштита и спасување кои први ќе се соочат со последиците од настанатата
несреќа или природна непогода, а понатаму и на сите останати учесници на
кои заштитата и спасувањето не им е примарна дејност.Овде првенствено
акцентот треба да биде ставен на соодветно обучување и подготовка на
просторните сили за заштита и спасување во рамките на локалната
самоуправа кои први излегуваат на терен во случај на природна непогода или
друга несреќа, а понатаму и на останатите сили за заштита и спасување.
Потребата од практикување на процесот за обука на силите за заштита и
спасување мора да започне преку законска регулатива за редовно
спроведување на обука со припадниците на силите за заштита и безбедност
што ќе се организира од страна на Центарот за оспособување и обука при
Дирекцијата за заштита и спасување.Притоа, од исклучителна важност при
самото реализирање на процесот на обука се строго дефинираните теми и
области кои треба да се совладаат низ тој процес поделени преку
категоризација на силите за заштита и спасување, како и колку редовно треба
да се спроведуваат. Иако, согласно Националната стратегија за заштита и
спасување се дефинираат видовите на обука за заштита и спасување (основна,
дополнителна и специјализирана) кои се прецизираат преку наставни планови
и програми подготвени од страна Центарот за оспособување и обука при
Дирекцијата за заштита и спасување, сепак треба да се обрне особено
внимание при формулирање на наставните материјали и теми за обработка
согласно видот на силите за заштита и спасување и можноста за
имлементирање на "training of trainers" модулот што ќе овозможи
диспензираност и пристапност на одреден вид на обука во рамките на
локалната самоуправа, општините, јавните претпријатија, државните установи
и служби.Овде, клучна улога мора да одигра Центарот за оспособување и

19
Национална стратегија за заштита и спасување за периодот од 2014 до 2018 година,
Службен весник на Република Македонија, бр.6 од 10.01.2014 година., точка 2.2., стр.5

16
обука како главен субјект што е одговорен за процесот на обука заедно со
останатите елементи кои се во функција на сили за заштита и спасување.
Реализирањето на обуката во еден континуитет, преку соодветен план и
програма каде улогата и одговорноста на силите за заштита и спасување е
точно одредена е од исклучителна важност за подигање на спасувачката
готовност и реагирање во случај на природни непогоди и други несреќи.
Самиот факт дека силите за заштита и спасување се обучуваат и тренираат за
повеќе различни субпозиции и сценарија, истите треба да се доведат до степен
на извежбаност каде нивната реакција ќе биде автоматска и ќе се случува по
инерција.Меѓутоа, не сите сценарија и субпозиции може да се извежбаат,
секоја природна непогода или несреќа е различна, а со тоа и последиците се
различни, но токму низ процесот на обука и разработката на "most common"
предизвици со кои може да се соочат силите за заштита и спасување, треба да
им се овозможи правилен и соодветен начин на реакција.Исто така, во контекст
на реализирање на обуката во континуитет и поради неможноста да се
разработат сите можни ситуации при природни непогоди или други несреќи, а
заради поголема ефективност и елиминирање на недостатоците во текот на
обуката, многу е битно практикувањето на "lesson learn" методот каде по
завршувањето на одредена активност се согледаат и идентификуваат сите
недостатоци при самото извршување на задачата, истите се евидентираат и во
наредниот циклус на обука се имплементираат преку еден сет мерки кои ќе ги
ублажат или елиминираат идентификуваните недостатоци. При практикување
на овој метод, битно е инволвирање на целокупно ангажираниот персонал и
поединечното видување на активноста,а не само размислување и видување на
клучниот и раководен кадар.
Понатаму, важноста на процесот на обука на силите за заштита и
спасување се пресликува и преку подигање на моралот и сплотеноста на
персоналот кој е во тренажен процес. Со редовна и реалистична обука, со
адекватна материјална поддршка, опрема, артифиции, полигони и кабинети за
обука, неминовно е растење на нивото на моралот кај припадниците на силите
за заштита и спасување, а со тоа и зголемување на самодовербата што е од
исклучителна важност при справување со стресни ситуации.
Важноста на процесот на обука и оспособување може да се погледне и од
една поинаков агол, да претставува простор каде ќе се идентификуваат јаките

17
и слаби индивидуални страни. При самиот циклус на обука припадниците
имаат можност на индивидуално ниво да забележат и идентификуваат област
каде се чуствуваат посилни или послаби, и со самото тоа да се насочат кон
усовршување или подобрување во таа област, се со цел да бидат подобро
подготвени во случај на реакција за спречување на последиците предизвикани
од природни непогоди или несреќи.Самиот процес на обука треба да послужи
како филтер кој ќе го одвои персоналот кој заслужува да се најде во одредени
категории на силите за заштита и спасување каде претходно не е
идентификуван.
Луѓето како ресурси во Системот за заштита и спасување и воопшто во
секоја организација се највредните и воедно најтешките "материјали" за
обликување. Долг е процесот што треба да се комплетира за да се добијат
добро обучени и оперативни припадници на силите за заштита и спасување.
Поседувањето на најсофистицирана опрема и богата логистичка поддршка не
подразбира подобра оперативност. Од круцијално значење е поседувањето на
добро обучен персонал што ќе може да ги искористи тие ресурси заради
реализирање на зададенати задачи и цели.
Република Македонија и нејзините сили за заштита и спасување во состав
на Дирекцијата за заштита и спасување, органите на локалната самоуправа,
јавните претпријатија, јавните установи и служби, придаваат особена важност
на процесот на обуката и оспособувањето во рамките на своите можности и
капацитети. Потребата од добро обучен персонал се јавува како основа врз
која ќе се базира оперативноста на целокупниот Систем за заштита и
спасување заедно со материјалната и логистичка поддршка. Сфаќањето на
процесот на обука како инвестиција, а не трошок само ќе го преслика
сериозниот пристап на државните структури и ќе го посочи како еден од
поважните сегменти од системот за заштита и спасување што е неопходен за
правовремено и професионално справување со последиците предизвикани од
природни непогоди или други несреќи. Процесот на обука е навидум
централизиран и генерализиран, но простор за подобрување секогаш постои.
3. Реализирани вежбовни активности на територијата на Република

Македонија од страна на Дирекцијата за заштита и спасување и

партиципирање на силите за заштита и спасување

18
Во Република Македонија постојат капацитети за ефикасно справување
со природни непогоди и други несреќи користејќи ги своите расположливи
човечки и технички ресурси во Системот за заштита и спасување.Првенствено,
ова се постигнува преку соодветна обука, вежби, едукација и координација кои
судејќи по она што се нарекува архива, не се одржуваат често. Судејќи пак
според начинот и ефикасноста на справувањето со последиците настанати од
природни непогоди или други несреќи случени во минатото, силите за заштита
и спасување го потврдуваат фактот дека простор за надградување и
инвестирање во процесот на обука, вежби и итн. мора да има.
Според архивата достапна на интернет страницата на Дирекцијата за
заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, вежбовните
активности се реализираат со низок интензитет.
Така, во ноември 2009 година во Кичево се одржува показно тактичка вежба
"Заштита и спасување од земјотреси во училишни објекти", во соработка со
подрачното одделение за заштита и спасување од Кичево, тимовите за
спасување во урбана средина од единицата за одговор при катастрофи на
Црвениот крст на РМ, територијалната противпожарна единица, јавни
здравстени установи, резервен состав на републичките сили за заштита и
спасување и персонал на училишниот објект. (Слика 3).

Слика 3. Реакција во случај на земјотреси во училишни објекти


Figure 3. Reaction in case of earthquakes in school buildings
Во мај 2013 година со поддршка на Директорот на Дирекцијата за заштита и
спасување се реализира вежба за зајакнување на координативните капацитети
на општина Струмица во случај на шумски пожари. Вежбата се реализира со
ангажман и учество на екипи од Дирекцијата за заштита и спасување,

19
територијалната професионална противпожарна единица, јавните
претпријатија, јавната здравствена установа, општински штаб за заштита и
спасување, единицата на локалната самоуправа и волонтери.(Слика 4).

Слика 4. Справување со шумски пожари во општина Струмица


Figure 4. Dealing with forest fires in Strumica
Понатаму, во февруари 2014 година Дирекцијата за заштита и
спасување организира обука за радиолошка, хемиска и биолошка заштита со
припадниците на Противпожарната Бригада на град Скопје и тим лидерите на
два тима за брз одговор за хемиска заштита од Дирекцијата за заштита и
спасување20. Обуката е наменета за постојаниот состав на силите за заштита и
спасување – тимовите за брз одговор и територијалните противпожарни
единици. (Слика 5)

Слика 5. Деконтаминација на персонал и возила


Figure 5. Decontamination of personnel and vehicles
Во мај 2014 се реализираат две комплексни вежби и тоа симулациона
вежба на тема: "Сообраќајна несреќа со поголем број повредени и со
изгореници" и натпревар за спасување и извлекување на жртви во тешки
сообраќајни несреќи. И во двете вежби партиципираат силите за заштита и
спасување од постојаниот состав при Дирекцијата за заштита и спасување иако
20
http://dzs.gov.mk/news.aspx?newid=192 превземено на ден 10.01.2017

20
во првата симулациона вежба акцентот е ставен на подготвеноста на итните
медицински служби во Скопје.
Во 2016 година, општина Ѓорче Петров и нејзината универзалната единица
за заштита и спасување реализира обука за противпожарна заштита,
укажување прва медицинска помош и евакуација на населението. (Слика 6)

Слика 6. Практична употреба на апарат за гасење пожар


Figure 6. Practical use of fire extinguisher

Надвор од архивата достапна на интернет страниците на Дирекцијата за


заштита и спасување и Центарот за управување со кризи се соочуваме со
неможност од пронаоѓање повеќе информации за реализирани вежбовни
активности на силите за заштита и спасување. Единствениот податок добиен
надвор од оваа архива е дека Центарот за оспособување и обука при
Дирекцијата за заштита и спасување во текот на своето постоење има
реализирано околу 250 обуки и сертифицирано преку 7500 лица, а само
изминатата година има организирано обуки на 34 субјекти и на околу 1200
лица21.
Регионалната и билатерална соработка на Дирекцијата за заштита и
спасување овозможува дел од персоналот да учествува и во меѓународни
вежби реализирани во и надвор од територијата на Република Македонија.
Припадниците за силите за заштита и спасување партиципираат во вежби

21
http://mia.mk/Mobile/mk/Home/RenderSingleNews/288?newsID=133505403 превземено на
12.01.2017

21
како Кампекс, Светлина, меѓународна обука IPA Floods, како и вежба за
реакција при земјотрес во Црна Гора, ИДАССА, ЗЕТУСУ, ИЗМИР и итн.
Иако, оваа хронологија се базира на податоците достапни за широка
употреба кои можеби се различни од фактичките, сепак се доволен показател
дека Република Македонија за релативно кратко време од формирањето на
Дирекцијата за заштита и спасување и екипирање на силите за заштита и
спасување, успева да го следи нивото на обученост и извежбаност на своите
припадници преку реализираните вежби. Во рамките на своите можности и
капацитети, го надградува процесот на обука и вежби и се обидува да ги следи
нормативните стандарди од релевантни меѓународни субјекти кои имаа
побогато искуство во реализирање на ваков вид вежби и обука.

4. Современи програми за обука за зголемување на


ефективноста на силите за заштита и спасување

Непостојат комплетно идеални програми за обука и оспособување за овој


вид на тематика и не секогаш ќе бидат апликативни постоечките програми за
обука и едукација од други субјекти/држави, во рамките на нашето општествено
опкружување. Таквите "надворешни" програми кои даваат резултати може да
се искористат како почетна точка за размислување и насоки, и да се издвојат
оние теми и материјали кои ќе може да се вградат во нашиот план и програма.
Затоа, потребен е студиозен и сериозен пристап, разгледување на повеќе
аспекти и можности,како да се дојде до адекватна програма што ќе биде во
согласност со нашите потреби, а во ист момент реално одржлива и ќе го следи
современиот начин на реализирање на обука и вежби.
Мора да се издвојат неколку подкатегории кои се битни при самото
планирање и реализирање на обуката и вежбите, на кои треба да се обрне
внимание во наредниот период доколку сакаме да имаме современ план и
програма за обука и вежби како и висока обученост на силите за заштита и
спасување. Тоа се следниве подкатегории:
а) Физичка подготвеност на силите за заштита и спасување,
б) Опременост со средства за лична заштита, материјална и
логистичка поддршка,
в) Познавање на минимум еден странски јазик,

22
г) Етничката застапеност и политичкото убедување да не бидат
клучните причини за пополнување на составот на силите за заштита и
спасување,
д) Доследност во спроведување на обуката особено на единиците од
локалната самоуправа,јавните претпријатија и државните установи
ѓ) Стабилна финансиска конструкција во доменот на обуката,
вежбите, едукацијата, координацијата и итн.
е) Информатичка достапност и континуирано информирање за
работата на Центарот за оспособување и обука
ж) Прецизно тематско дефинирање и разработка на основната,
дополнителната и специјализираната обука за заштита и спасување
з) Дефинирање на специјализираната обука на тимовите за брз
одговор и нивна континуирана координација
ѕ) Зголемување на интензитетот на реализирање на вежбовни
активности поделена според категориите на силите за заштита и
спасување
и) Следење на потенцијалните закани од природен или неприроден
карактер на локално и републичко ниво и континуирана надградба на
проценката на ризик, што ќе помогне во идентификување на теми кои ќе
треба да се аплицираат во процесот на обука и едукација
Дел од овие подкатегории треба да се уредат со правилници и уредби кои
ќе ги пропишуваат содржината и начин на спроведување на активноста,
бидејќи само преку официјализирање и ставање на одредена активност во
законска регулатива ќе ја истакне сериозноста од нивната потреба.
Во Република Македонија, преку Законот за заштита и спасување и
Националната стратегија за заштита и спасување, како и Уредбата за видот,
големината и организацијата на силите за заштита и спасување се
идентификуваат категориите на силите за заштита и спасување, меѓутоа такво
идентификување и категоризација во процесот на обука, тематската
покриеност, едукацијата и образованието согласно класификацијата на силите
за заштита и спасување, не се пронаоѓа.
Токму ова отвора простор и потреба од сериозна разработка на детални
планови и програми за обука и вежби поделена според видот на силите за
заштита и спасување. Мора да постои јасна дистинкција помеѓу она што се

23
нарекува основна, дополнителна и специјализира обука и кои теми треба да
бидат предмет на обработка. Градација мора да постои во содржинското
обликување на програмите за обука, почнувајќи од минимум потребниот
тренинг и обука на просторните сили за заштита и спасување и резервниот
состав на силите за заштита и спасување, па преку "intermediate" тренингот и
обука на републичките сили за заштита и спасување и постојаниот состав на
силите за заштита и спасување (припадниците на Дирекцијата за заштита и
спасување и територијалните противпожарни единици), до највисокиот степен
на обука кој ќе го практицираат Тимовите за брз одговор.
Современите програми за обука и вежби генерално произлегуваат од
меѓународните организации како што се Обединетите Нации, Европската унија
и НАТО кои ги поставуваат стандардите во делот на заштитата и спасувањето
од природни непогоди и други несреќи.
INSARAG (International search and rescue advisory group) – Меѓународна
советодавна група за потраги и спасување функционира во рамките на
Обединетите нации од 1991 година. Се занимава генерално со урбано
пребарување и спасување (USAR – Urban search and rescue) и слично поврзани
теми, со цел да воспостави минимум меѓународни стандарди за тимовите за
урбано пребарување и спасување и методологија за меѓународна
координација. Меѓуостанатото, презентира и интересен модел на "First
responder training" или Тренинг за прв одговор што е програма која е составена
од серија на основни и функционални мерки дизајнирани да помогнат на
органот или организацијата да спроведат ефикасен и ефективен иницијален,
прв одговор22. Програмата има четири компоненти насочени на индивидуално и
организациско ниво. Тоа се:
1. Курс за First Responders
2. Упатства
3. On line поддршка
4. Train the trainers модул
Курсот за First Responders им обезбедува на учесниците преглед на
организираниот пристап за справување со елементарни непогоди и други
22
United Nations Office for the Coordination of Humanitarian Affairs (OCHA), INSARAG
First Responder Training Programme, version – February 2015, стр. 5

24
несреќи пред се во областа на брза проценка, површина за спасување и
првична медицинска нега.
Високиот импакт од резултатите од тренинг курсот се пресликани преку:
- Создавање свест за генерички опасности и ризици во рамките на
зафатената животна средина
- Овозможува на учесниците да спроведат извидување на
зафатената област
- Овозможува на учесниците да формираат едноставни техники за
пребарување и спасување и давање прва помош
- Овозможување на учесниците да организираат волонтерски
спасувачи на самото место
- Разбирање на локалните и регионални служби за вонредни состојби
и обезбедување на линк со истите
За постигнување на овие резултати од курсот, обуката се организира во
седум модули и тоа:
Модул 1 - Вовед во програмата за прв одговор
Модул 2 - Спасување на животна средина
Модул 3 - Менаџирање на сцената
Модул 4 - Модул на пребарување
Модул 5 - Модул на спасување
Модул 6 - Основен медицински модул
Модул 7- Вежба за консолидација

Упатствата обезбедуваат насоки и совети за организациите со оглед на


организирање и водење на обука на единиците за прв одговор. Исто така
дополнително упатствата им овозможуваат на лицата во улога на First
Responders полесен пристап до опремата и другите ресурси во случај на
вонредна состојба или катастрофа, или пак за редовна обука.
On line поддршката преку INSARAG веб страницата овозможува силите за
прв одговор да се поврзат со други сили за прв одговор, можност за
превземање на информации и ажирирани материјали како и комуникација со
други членови на глобалната заедница INSARAG.
Train the trainer модулот е дополнителен модул на обука и ги проширува
насоките дадени во Упатствата за курсот и е фокусиран за понатамошен развој

25
на програмата за First Responders. Наменета е за организации кои сакаат да ја
испорачаат оваа обука за First Responders и може да се прилагодат на
барањата на одредена држава или организација. Учесниците во овој модул на
обука ќе научат како да го имплементираат INSARAG курсот за прв одговор во
сопствената земја или регион23. (Слика 7)

Слика 7. Реализирање на обука за First Responders


Figure 7. Conducting training for First Responders

Гореопишаната програма за First Responders може да користи како


одлична основа и појдовна позиција на која ќе се надградуваат сите останати
специфични обуки и ќе претставува минимум обука која ќе треба да ја поминат
сите припадници кои се декларираат како сили за заштита и спасување во
нашиот Систем за заштита и спасување.
Европската унија преку Генералниот директорат за европски операции за
цивилна заштита и хуманитарна помош (ECHO) обезбедува брза и ефикасна
испорака на помошта од Европската унија, а во исто време и овозможува
различни програми и обуки за механизмот на цивилна заштита се со цел

23
United Nations Office for the Coordination of Humanitarian Affairs (OCHA), INSARAG
First Responder Training Programme, version – February 2015, стр. 6

26
ефикасно справување со катастрофи и други несреќи во рамките на ЕУ и
надвор од неа.
Публикуваниот документ именуван како The Union Civil Protection
Mechanism Training Programme или "Тренинг програма за механизмот на
цивилна заштита во рамки на унијата" дава една лепеза на современи
програми за зголемување на ефективноста на цивилниот сектор во улогата на
заштита и спасување преку организација и спроведување на следниве курсеви:
- Union Civil Protection Mechanism Introduction Course (CMI) т.е Вовед
во механизмот за цивилна заштита во рамки на унијата
Во траење од 5 дена, учесниците се запознаваат со Итниот
менаџментот на Европската унија, добиваат познавања во врска со
управување на катастрофи како и правна рамка за хуманитарна
помош и цивилна заштита.
- Modules Basic Course (MBC) или Основен курс (модулен)
Во траење од 6 дена, овој курс има за цел да го зголеми знаењето
на учесниците за распоредување во средина зафатена од
природна непогода или друга несреќа, подобрување на
способноста да ги исполни задачите согласно Европскиот модул.
Курсот се фокусира на клучните прашања на самоодговорност,
Координација и интероперативносткога тимовите се распоредени
заедно со единици од други земји.
- Technical Expert Course (TEC) или Техничко експертски курс
Во траење од 6 дена, овој курс има за цел подготовка на техничките
експерти за меѓународни мисии во својата областа на експертиза во
рамките на Механизмот на цивилната заштита при унијата.
- Operation Management Course (OPM) или Курс за оперативен
менаџмент
Курсот за оепративен менаџмент се смета како камен-темелник на
програмата за обука и како таква ги обезбедува сите потребни
оперативни елементи која ќе им овозможи на сите учесници да
работат како член на ЕУ тимот за цивилна заштита. Во фокусот на
овој курс лежи во олеснување на координацијата и учењето како
клучните партнери соработуваат на оперативно ниво.
- Assessment Mission Course (AMC) или Курс за проценка на мисијата

27
Курсот за проценка на мисијата е специјализиран курс за експерти
во областа на управување со итни случаеви кои најверојатно би се
инволвирале во меѓународни интервенции на цивилната заштита
каде оценувачки активности треба да се очекуваат.
- Course on Negotiation and Decision-Making (CND) или Курс за
преговарање и донесување одлуки
Овој курс има за цел да ги зајакне капацитетите на експертите за
користење соодветни методи за менаџирање на процесот на
донесување на одлуки и во рамките на тимот и со надворешни
партнери, како и за интеракција и ефикасно преговарање со
широкиот спектар на чинители во арената за справување на
катастрофи24.
Ова е само еден дел на понудените современи програми за реализирање
на обука на силите за заштита и спасување кои можат да се искористат како
основа за креирање на сопствени програми и планови за обука. Секако, во
најдобар случај, можноста за партиципирање од наша страна со праќање на
персонал од постојаниот состав за заштита и спасување или Одделението за
обука би бил најидеалниот начин да се погледне одблизу како функционираат
современите и поискусни Системи за заштита и спасување.
На европско и светско ниво, постојат голем број на специјализирани
државни или недржавни субјекти кои се занимаваат со давање на услуга –
обука за справување со специфични елементарни непогоди или други несреќи
кои неминовно треба да се следат за да се одржува трендот на современа
обука и едукација.

Заклучок

Од сето она што е презентирано, а согласно со поставената теза и поттеза


на самиот почеток на овој индивидуален труд може да се донесат следните
заклучоци:
Товарот за подготвеноста за справување со итни случаеви онака како што
е поставен Системот за заштита и спасување во Република Македонија им

24
European Commission, DG ECHO, The Union Civil Protection Mechanism Training Program,
Publications Office of the European Union, 2016, стр 2 -24

28
припаѓа на силите за заштита и спасување. Тие претставуваат движечка сила и
ја прикажуваат оперативноста, функционирањето и ефективноста на Системот
за заштита и спасување. Фактот дека нивната организациска поставеност, вид
и големина, заедно со категоризација и идентификување на видот на обуката и
вежбите кои треба да ги реализираат силите за заштита и спасување, се
регулирани со закон и посебни уредби, го покажува сериозниот пристап на
нашата држава за постоење на професионални сили за заштита и спасување и
одржлив и континуиран процес на обука и вежби.
Меѓутоа, овие постапки не се доволни за постигнување на комплетно
оперативно ниво кое е потребно за справување со последиците предизвикани
од природни непогоди и други несреќи, согласно погоре прикажаното во
индивидуалениот труд. Овде особено мислам на зачестеноста на реализирање
на вежбовни активности кои се потребни да се идентификуваат недостатоците,
како и континуираноста на процесот на обука.
Државните институции одговорни за правилно функционирање на
Системот за заштита и спасување и неговата оперативност, заедно со
останатите јавни претпријатија, органи на локална самоуправа, трговски
друштва, државни органи и итн., ќе мора професионално и одговорно да
пристапат кон подобрување на процесот на обука и зголемување на бројот на
вежбовни активности. Клучната улога која ја играат силите за заштита и
спасување, не оставаат простор за импровизација, ниту пак аматерски пристап,
кој не само што може да предизвика комплетна нефункционалност и
неоперативност на било која од категориите на силите за заштита и спасување,
туку може да предизвика сериозни штети на целокупниот систем за заштита и
спасување. Непостојноста на појавувањето на одредени природни непогоди и
другите несреќи нетреба да ги охрабрува државните институции да го
намалуваат инвестирањето во одредена обука, едукација, логистичка опрема и
итн., поаѓајќи од идејата дека тоа нам нема да ни се случи. Напротив,
инвестирање во проактивни мерки секој пат ќе носи неколкукратна заштеда за
разлика од трошоците потребни за справување со последици од настанатата
непогода или несреќа. Инвестирањето во процесот на обука, вежби,
образование, едукација и итн. мора да се сфати како инвестиција, а не како
трошок.

29
Затоа, институциите во Република Македонија кои партиципираат во
Системот за заштита и спасување ќе мора да вложуваат континуирано во
процесот на обука, материјалното опремување и вежбите на силите за заштита
и спасување. Доколку овие промени и задолженија се редефинираат и се
инкомпорираат со одредени уредби и правилници во законска регулатива,
тогаш придобивките се долгорочни и загарантирани, се подобрува целокупното
функционирање и ефективност на Системот за заштита и спасување и се
добива високо обучен персонал подготвен за правилно и навремено
справување со последиците од новонастанати кризни ситуации.

Литература

1. Устав на РМ
2. Владина концепција за безбедност и одбрана
3. Алекса Стаменковски, (1997), Одбрана, заштита и спасување
4. Алекса Стаменковски, (2004), Одбрана, заштита и спасување
5. Фарук Хасиќ, (2015), Место и улога на дирекцијата за заштита и
спасување во системот на национална безбедност во Република
Македонија – период 2006 – 2015 година
6. Национална стратегија за заштита и спасување. Службен весник на
Република Македонија бр.23/09

30
7. Закон за заштита и спасување. Службен весник на Република
Македонија бр.36/2004, бр.49/2004, бр.67/2004, бр.81/2007, бр.86/2008,
бр.124/2010, бр.18/2011, бр.93/2012 и бр.41/2014
8. Национална стратегија за заштита и спасување за периодот од 2014 до
2018 година, Службен весник на Република Македонија бр.6 од
10.01.2014год
9. Уредба за видот, големината и организирањето на силите за заштита и
спасување
10. United Nations Office for the Coordination of Humanitarian Affairs (OCHA),
INSARAG, First Responder Training Programme, version – February 2015
11. European Commission, DG ECHO, The Union Civil Protection Mechanism
Training Program, Publications Office of the European Union, 2016
12. Закон за локална самоуправа.
13. Стандардни оперативни процедуру за ДЗС и ЦУК
14. Национална платформа за заштита и спасување
15.

31

You might also like