You are on page 1of 2

Почитувани,

Договорниот орган Министерството за финансии има потреба од јавна набавка за одржување и поправка
на службените возила на Министерството за финансии за период од 15 месеци. Одржувањето и поправката на
службените возила ги опфаќа следните видови услуги: aвтомеханичарски, автоелектричарски, автолимарски и
автолакерски.

Критериум за доделување на договорот за јавната набавка е најниската цена.

Имајќи ги во вид основните принципи на Законот за јавните набавки како што се транспарентност во
доделување на договори за јавни набавки, конкуренција на економските оператори, еднаков третман и
недискриминација на економските оператори, се обраќаме до вас со барање да ни одговорите на неколку
прашања.

Прашањата ги поставуваме со цел да провериме доколку сте заинтересирани да станете понудувач во


постапката за јавната набавка би ги исполниле следниве услови:
1. Дали сте регистрирани за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавката?
2. Дали поседувате свој сервис или имате склучено договор/и за соработка за ДЕЛ 1 - Одржување и
поправка на службени возила од марката „Сеат“ за во следниве градови?
- Струмица
- Битола, Прилеп, Крушево (минимум во 1 град)
- Охрид, Струга (минимум во 1 град)
- Гостивар, Тетово (минимум во 1 град)
- Кичево
- Куманово, Кратово, Крива Паланка, Свети Николе (минимум во 1 град)
- Штип
- Кочани, Берово
-Велес, Неготино, Кавадарци (минимум во 1 град)
- Скопје

3. Дали поседувате свој сервис или имате склучено договор/и за соработка за ДЕЛ 2 - Одржување и
поправка на службени возила од марката „Мерцедес“ за во следниот град?
- Скопје

4. Дали поседувате свој сервис или имате склучено договор/и за соработка за ДЕЛ 3 - Одржување и
поправка на службени возила од марката „Опел“ за во следниот град?
- Скопје

5. Дали поседувате свој сервис или имате склучено договор/и за соработка за ДЕЛ 4 - Одржување и
поправка на службени возила од марката „Пежо“ за во следниот град?
- Скопје

6. Дали поседувате свој сервис или имате склучено договор/и за соработка за ДЕЛ 5 - Одржување и
поправка на службени возила од марката „Форд“ за во следниот град?
- Скопје

7. Дали поседувате свој сервис или имате склучено договор/и за соработка за ДЕЛ 6 - Одржување и
поправка на службени возила од марката „Фиат“ за во следниве градови?
- Струмица, Радовиш (минимум во 1 град)
- Кичево
- Скопје

8. Дали поседувате свој сервис или имате склучено договор/и за соработка за ДЕЛ 7 - Одржување и
поправка на службени возила од марката „Шкода“ за во следниве градови?
- Скопје
- Гевгелија, Валандово (минимум во 1 град)
- Кочани, Виница (минимум во 1 град)

9. Дали поседувате свој сервис или имате склучено договор/и за соработка за ДЕЛ 8 - Одржување и
поправка на службени возила од марката „Фолксваген“ за во следниот град?
- Скопје

10.Дали располагате со оригинални резервни и потрошни делови од производителот на соодветната


марка на моторното возило?

1
11.Дали располагате со стручен и технички кадар кој ќе биде ангажиран за реализација на предметот на
набавка?
12.Дали раполагате со техничка опрема и потенцијал за извршување на предметната услуга со најмалку: 3
работни станици, еден апарат за дијагностицирање на дефекти, комора за автолакерски услуги и софтвер за
компјутерско дијагностицирање на дефекти?
13.Дали сте во можност при вградување на резервни и потрошни делови кои не се предвидени во листата
на резервни и потрошни делови да наплаќате максимум 15% маржа на набавната цена на деловите при нивно
вградување во возилото (според набавната цена на оригинален дел од овластениот дистибутер за конкретната
марка на возило)?

НАПОМЕНА: Предметот на договорот е делив во 8 (осум) дела, односно секоја марка на возило со која
располага Министерството за финансии е посебен дел во предметната јавна набавка и за секој дел од набавката
економскиот оператор треба да ги исполнува горенаведените услови. Деловите се следниве:
ДЕЛ 1 - Одржување и поправка на службени возила од марката „Сеат“
ДЕЛ 2 - Одржување и поправка на службени возила од марката „Мерцедес“
ДЕЛ 3 - Одржување и поправка на службени возила од марката „Опел“
ДЕЛ 4 - Одржување и поправка на службени возила од марката „Пежо“
ДЕЛ 5 - Одржување и поправка на службени возила од марката „Форд“
ДЕЛ 6 - Одржување и поправка на службени возила од марката „Фиат“
ДЕЛ 7 - Одржување и поправка на службени возила од марката „Шкода“
ДЕЛ 8 - Одржување и поправка на службени возила од марката „Фолксваген“

При одговорите на прашањата, доколку ги исполнувате барањата само за еден од деловите, ве молиме да
одговорите за кој дел ги исполнувате барањата или доколку ги исполнувате барањата за повеќе од еден дел исто
така да потврдите за кои делови ги исполнувате барањата.

Би сакале однапред да ви се заблагодариме за вашиот придонес во подобрувањето на тендерската


документација. Ве молиме најдоцна до 28.4.2017 година до 15:00 часот да доставите известување на истиот овој
маил со кое ќе ни потврдите дали ги исполнувате горенаведените услови кои договорниот орган Министерството
за финансии планира да ги побара од економските оператори во тендерската документација.

Со почит,

Министерство за финансии
Комисија за јавна набавки

You might also like