You are on page 1of 18

За интерна употреба

Превод од англиски
- Тома Глигоријевски

ЕВРОПСКИ СТАНДАРД EN ISО 17637

Март 2011

ICS 25.160.40 Замена за EN 970:1997

Превод од Англиска верзија

Без-разорно испитување на завари – Визуелно испитување на


споеви заварени со топење (ISO 17637:2003)

Овој Европски Стандард е одобрен од CEN на 13 Февруари 2011.

Членките на CEN се обврзани да постапуваат во согласност со Внатрешните Регулативи на


CEN/CENELEC кои ги утврдуваат условите со кои на овој Европски Стандард му се дава статус
на национален стандард без никакви измени. Најновите списоци и библиографски референци
кои се однесуваат на тие национални стандарди може да се добијат со аплицирање до Центарот
за менаџмент на CEN или до некоја членка на CEN.

Овој Европски Стандард постои во три верзии (Англиска, Француска, Германска). Верзија на друг
јазик преведена под одговорност на CEN или CENELEC членка на нејзиниот сопствен јазик и
пријавена во Центарот за менаџмент на CEN има ист статус како и официјалните верзии.

Членки на CEN се националните тела за стандарди од Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска,


Кипар, Чешка Република, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија,
Исланд, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Полска,
Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Обединето
Кралство.

CEN
Европски Комитет за стандардизација

CEN Menagment Centre: Avenue Marnix 17, B-100 Brussels

© 2011 CEN Сите права за користење во било каква форма и на било Ref.No. EN ISO 17637:2011:E
каков начин се резервирани за национални членки на CEN .
EN ISO 17637:2011 (Е)

Содржина

Предговор .............................................................................................................................. 3
2
EN ISO 17637:2011 (Е)

Предговор

Текстот на ISO 17637:2003 е подготвен од Техничкиот комитет ISO/ТС 44 “Заварување и слични


процеси“ на Меѓународната Организација за Стандардизација (ISO) и е превземен како EN ISO
17637:2011 од Техничкиот комитет CEN/TC 121 “Заварување“, секретаријат кој го води DIN.

На овој Европски Стандард треба да му се даде статус на национален стандард, или преку
објавување на идентичен текст или со индосирање најдоцна до Септември 2011 а противречните
национални стандарди треба да бидат повлечени најдоцна до Септемврит 2011.

Се укажува на можноста да некои елементи од овој документ може да бидат предмет на патентни
права. CEN [и/или CENELEC] не треба да сe зема за одговорен за идентификување на некое или
сите такви патентни права.

Овој документ го заменува EN ISO 970:1997

Согласно Интерните Регулативи на CEN/CENELEC, националните организации за стандарди на


следните земји се обврзани да го спроведат овој Европски Стандард: Австрија, Белгија, Бугарија,
Хрватска, Кипар, Чешка Република, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција,
Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка,
Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија и
Обединето Кралство.

Објава за индосирање

Текстот од ISO 17637:2003 е одобрен од CEN како EN ISO 17637:2011 без никакви измени.
3

Меѓународен ISO
стандард 17637
Прво издание
15.07.2003

_________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
_______________________________
________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

Без-разорно испитување на завари –


Визуелно испитување на споеви заварени
со топење

_________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
____________________________
_____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
_____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
Ref.No. ISO 17637:2003(Е)

ISO 17637:2003(E)

PDF – Демант

Овој PDF фајл може да содржи вградени фонтови. Во согласност со политиката на лиценцирање на
Adobe, овој фајл може да биде испечатен или виден, но нема да се промени освен ако фонтови кои се
вградени се лиценцираат и инсталираат на компјутерот кој го врши уредувањето. Со преземањето на овој
фајл, странките ја прифаќаат нивната одговорноста за не повредување на политика за лиценцирање на
Adobe. Централниот секретаријат на ИСО не прифаќа никаква одговорност во оваа област.

Adobe е трговска марка на Adobe Systems Incorporated.

Детали за софтверски производи користени за креирање на овој PDF фајл може да се најдат во Општите
Информации во однос на фајлот; параметрите за креација на PDF се оптимизирани за печатење. Секој е
донесен за да се осигура дека фајлот е погоден за употреба од страна на телата членки на ISO. Во
случај да има проблеми во врска со тоа, Ве молиме да го известите Централниот секретаријат на
адресата дадена на адресата дадена подолу.

© ISO 2011
Сите права се резервирани. Освен ако не е поинаку наведено, ниеден дел од оваа публикација не може да се
репродуцира или користи во било која форма или на било кој начин, електронски или механички, вклучувајки
фотокопирање и микрофилм, без дозвола во пишана форма или од ISO со долната адреса или од тело членка на ISO во
земјата на барателот.

Канцаларија за копирање на ISO


Case postale 56 • CH-1211 Geneva 20
Tel. 41 22 749 01 11
Fax + 41 22 749 09 47
E-mail copyright@iso.org
Web www.iso.org
Издадено во Швајцарија

ii
ISO 17637:2003(E)

Содржина
Страна
Предговор ............................................................................................................................... iv

1 Област на примена ...................................................................................................... 1


2 Опрема и услови за испитување................................................................................ 1
3 Квалификација на персонал ...................................................................................... 1
4 Визуелно испитување ................................................................................................. 2
4.1 Општо ........................................................................................................................... 2
4.2 Визуелно испитување на подготовката на спојот .................................................... 2
4.3 Визуелно испитување за време на заварувањето .................................................. 2
4.4 Визуелно испитување на завршен завар ................................................................. 2
4.5 Визуелно испитување на поправени завари ............................................................ 3
5 Записи од испитувањето ........................................................................................... 4

Анекс A (информативен) Примери на опрема за испитување .......................................... 5


Библиографија ................................................................................................................ 10
iii
ISO 17637:2003(E)

Предговор
ISO (Интернационална Организација за Стандардизација) е светска федерација на
националните тела за стандарди (тела членови на ISO). Работата околу подготовка на
Интернационални Стандарди вообичаено се извршува преку техничките комитети на ISO. Секое
тело член, заинтересирано за предметот за кој техничкиот комитет бил востановен, има право
да биде претставено во тој комитет. Интернационални организации, владини или не-владини,
поврзани со ISO, исто така земаат удел во работата. ISO блиску соработува со
Интернационалната Електротехничка Комисија (IEC) по сета материја за електротехничка
стандардизација.

Нацртот на Интернационалните Стандарди се прави во согласност со правилата дадени во


ISO/IEC Директивите, Дел 2.

Главна задача на техничките комитети е да ги подготви Интернационалните стандарди.


Нацртите на Интернационалните стандарди усвоени од техничките комитети се доставуваат на
телата членки за гласање. За објавување како Интернационален Стандард се бара одобрување
од најмалку 75% од телата членки кои гласале.

Се подвлекува внимание на можноста да некои елементи од овој документ може да бидат


предмет на патентирани права. ISO не треба да са зема за одговорен за идентифицирање на
некое или сите такви патентирани права.

ISO 17637 беше подготвен од Техничкиот Комитет ISO/TC 44, Заварување и слични процеси,
Подкомитет ЅС 5, Тестирање и контрола на завари.
iv
ISO 17637:2003(E)

Без-разорно испитување на завари – Визуелно испитување на


споеви заварени со топење

1 Област на примена
Овој меѓународен стандард го покрива визуелното испитување на фузиони завари во металните
материјали. Тој може исто така да се примени и за визуелно испитување на споеви пред
заварување.

2 Опрема и услови за испитување


Осветлувањето на површината треба да биде минимум 350 lx. Сепак, се препорачува 500 lx.

За директна инспекција, пристапот треба да биде доволен за да овозможи поставување на окото


во рамки на 600 mm од површината што се испитува и агол не помал од 30 о (види Слика 1).

а
Опсег

Слика 1 – Пристап за испитувањето

Кога нене можен пристап во согласност со Слика 1 или кога е специфицирано во стандардот за
примена, треба да се смета и на даличинска инспекција со користење на огледала, бороскоп,
кабли со оптички влакна или камери.

Некој дополнителен извор на светлина може да се користи за да се зголеми контрастот и


рељефот помеѓу несовршеностите и позадината.

Кога резултатот од визуелното испитување е недоволено, тоа треба да биде надополнето со


други методи за без-разорно испитување на површински несовршености.

Примери за опрема која се користи за визуелно испитување се дадени во Анекс А.

3 Квалификација на персонал
Визуелното испитување на завари и оценка на резултатите заради нивно конечно прифаќање
треба да се извршува од квалификуван и оспособен персонал. Се препорачува персоналот да
биде квалификуван во согласност со ISO 9712 или некој еквивалентен стандард и на ниво кое е
соодветно на релевантниот индустрискиот сектор.

1
ISO 17637:2003(E)

4 Визуелно испитување
4.1 Општо

Овој Меѓународен Стандард не го дефинира обемот на визуелното испитување. Сепак, тој би


требало да биде утврден однапред, на пр. со референца кон некој стандард за примена, или
стандард за производ.

Испитувачот треба да има пристап за потребите на инспецијата и до бараната производна


документација.

Било кое визуелно испитување пред, за време или после завршување на заварувањето би
требало да се спроведе се додека е можен физички пристап. Ова може да вклучува и визуелно
тестирање после површинските обработки.

4.2 Визуелно испитување на подготовката на спојот

Кога се бара визуелно испитување пред заварување, заварот треба да биде испитан за да се
провери дека:

а) обликот и димензиите на подготовката на заварот ги исполнуваат барања од спецификацијата


на постапката за заварување;

b) лицата на заварот што се топат и соседните површини се чисти и била спроведена секоја
површинска обработка во согласност со стандард за примена или стандард за производ.

c) деловите што треба да се заварат се коректно прицврстени еден со друг согласно цртежите
или инструкциите.

4.3 Визуелно испитување за време на заварувањето

Кога се бара, заварот треба да биде испитан за време на заварувачкиот процес за да се потврди
дека:

a) секој премин или нанос на заварен метал е исчистен пред да биде покриен со следниот
премин, особено внимание треба да се посвети на составите помеѓу заварниот метал и лицето
на заварот што се топи;

b) нема видливи несовршености, на пр. пукнатини или вдлабнувања; доколку такви


несовршености се уочени, треба да се извести за да може да се превземе акција за нивно
отстранување пред нанесување на следниот заварен метал;

c) транзицијата помеѓу премините и помеѓу заварот и основниот метал е така формирана да


може да се постигне задоволително топење при заварување на следните премини;

d) длабината и обликот на нажлебувањето е во согласност со WPS или според првобитниот


облик на жлебот за да се осигури целосно отстранување на заварниот метал онака како што е
специфицирано.

e) после секоја неопходна поправка/дејствие за попрака, заварот е усогласе со почетните


барања од WPS.

4.4 Визуелно испитување на завршен завар

4.4.1 Општо

Завршениот завар треба да се испита за да се утврди дали тој ги исполнува барањата од


стандардот за примена, стандардот за производ или други договорени критериуми за
прифаќање, на пр. ISO 5817 или ISO 10042. Завршените завари треба најмалку да бидат
испитани во согласност со барањата дадени во 4.4.2 до 4.4.5.

4.4.2 Чистење и дотерување

Заварот треба да биде испитан за да се провери дека:

а) сета шљака е отстранета рачно или машински, за да се избегне несовршеностите да не бидат


приметени;
2
ISO 17637:2003(E)

b) нема отисци од алат и траги од прегорување;

c) кога се бара дотерување на заварот, избегнато е прегревање на спојот од брусењето а исто


така се избегнати траги од брусењето и неравномерена завршна обработка;

d) за завари со исполна (аголни завари) и челни завари што се поравнуваат, спојот се соединува
рамномерно со основниот метал без под-рамнини.

Ако се забележат несовршености (причинети од брусењето или на друг начин), тоа треба да се
рапортира за да може да се превземат корективни мерки.

4.4.3 Профил и димензии

Заварот треба да биде испитан за да се провери дека:

а) профилот на лицето на заварот и висината на вишокот заварен метал ги исполнуваат


барањата од стандардот за прифаќање (види 4.4.1);

b) површината на заварот е правилна, шарата и нагибот на “ткаењето“ имаат задоволувачки


визуелен изглед; растојанието помеѓу последниот слој и основниот метал или позицијата на
премините треба да се мери кога тоа се бара со WPS;

с) ширината на заварот е непроменлива преку целиот спој и ги исполнува барањата дадени во


цртежот за заварот или стандардот за прифаќање (види 4.4.1); во случај на челни завари, треба
да биде проверено дека подотовката на заварот била целосно пополнета.

4.4.4 Корен и повртшини на завар

Визуелно достапните делови на заварот, на пр. коренот на завар кај едно-странен челен завар
како и површините на заварот треба да бидат испитани дали отстапуваат од стандардот за
прифаќање (види 4.4.1).

Заварот треба да биде испитан за да се провери дека:

а) во случај на едно-странен челен завар, пенетрацијата, конкавноста на коренот и секоја


прогореница (bуrn-trough) или бразди во коренот (од собирање) (Shrinkage groove) се во рамки на
границите специфицирани во стандардот за прифаќање преку целиот спој;

b) секој заед е во рамки на стандардот за прифаќање;

c) сите откриени несовршености како што се пукнатини или порозност, ако е потребно и со
користење на оптички помагала, во површината или зоната под топлотно влијание го
исполнуваат соодветниот критериум за прифаќање;

d) секој привремен приклучок заварен на предметот за да го олесни производството или


склопови кои се штетни за функционирање на предметот или за можноста тој да биде испитан,
се отстранети така да предметот не е оштетен. Зоната каде приклучокот бил прицврстен треба
да биде проверена за да се осигури дека нема пукнатини.

е) сите удари на лакот (аrc strikes) се во рамки на стандардот за прифаќање

4.4.5 Пост-заврувачки топлотен третман

После пост-заварувачкиот топлотен третман може да се баат дополнителни испитувања.


4.5 Визуелно испитување на поправени завари

4.5.1 Општо

Кога заварите не го задоволуваат целосно или делумно критериумот за прифаќање, и е


неопходна поправка, заварениот спој треба да се испита во согласност со 4.5.2 и 4.5.3 пред
повторното заварување.

3
ISO 17637:2003(E)
Секој поправен завар треба повторно да се испита по истите барања како и првичниот завар.

4.5.2 Делумно отстранет завар

Ископот (жлебот) треба да биде доволно длабок и долг за да се отстранат сите несовршености.
Ископот треба да биде конусен од основата на резот кон површината на заварниот метал на
краевите и страните на резот. Ширината и профилот на резот треба да бидат такви да
овозможат адекватен пристап за повторно заварување.

4.5.3 Целосно отстранет завар

Кога некој завар со грешки бил целосно отстранет, со или без потреба да се вметне нова секција,
обликот и димензиите на подотовката на заварот треба да ги исполнат специфицираните
барања за првичниот завар.

5 Записи од испитувањето
Кога се бараат записи од испитувањето, во извештајот би требало да бидат вклучени најмалку
следните операции:

а) име на производителот на компонентите;

b) име на испитното тело, ако е различно од а);

c) идентификација на испитуваниот предмет;

d) материјал;

e) тип на спој;

f) дебелина на материјал;

g) заварувачки процес;

h) критериум за прифаќање;

i) несовршености кои го надминуваат критериумот за прифаќање и нивна локација;

j) обем на испитувањата со референца кон цетежи, ако е соодветно;

k) користени уреди за испитување;

l) резултати од испитувањето со референца кон критериум за прифаќање;

m) име на испитувачот и дата на испитувањето.

Заварот кој бил испитан и одобрен би требало да биде соодветно означен или идентификуван.

Кога се бара да се има траен визуелен запис од испитуваниот завар, би требало да се направи
фотографија, точен цртеж или и двете, за секоја јасно назначена несовршеност.
4
ISO 17637:2003(E)

Анекс А
(информативен)

Примери на опрема за испитување

А.1 Следното е список на орема која вообичаено се користи за спроведување на визуелното


испитување на заварени споеви:

a) линијар или мерна лента со градулација од 1 mm или пофина;

b) нониус во согласност со ISO 3599;

c) мерни пипци (шпиуни) со доволен број на пипци за да се измерат димензии помеѓу 0,1 и 3 mm
со чекори од максимум 0,1 mm;

d) мерач на радиус;

e) леќа со зголемување 2 до 5; леќата по можност би требало да има скала, види ISO 3058;

f) ламба

А.2 Исто така, може исто така да биде потребна Следната опрем:

a) уред за мерење на профилот со дијаметар или ширина на жицата ≤ 1 mm, каде што секој крај
на жицата е заоблен;

b) материјал за отпечаток на заварот, на пр. пластика која се подесува на ладно или глина;

c) за визуелно испитување на завари со ограничена пристапност може да се користат огледала,


ендоскопи, оптички влакан, TV-камери;

d) други мерни уреди на пр. специјално дизајнирани мерачи на заварот, мерачи на


висина/длабина, ленири и агломери

А.3 Типични мерни уреди и мерачи се наведени во детали во Табела А.1.

НОТА Овие уреди и мерачи се вклучени како примери на опрема за испитување. Некои од дизајните можеби се
регистрирани дизајни или предмет на патенти.
5
ISO 17637:2003(E)

Табела А.1 Мерни инструменти и мерачи на завар – мерен опсег и точност на читање

Опис Тип на завар Мерен Точност Вклучени Дозволени


Мерач на завар опсег на агли отстапувања
Аголен Челен читање од вклучените
агли
рамен конкавен конвексен mm mm степени
х х - х 3 - 15 = 0,5 90 мали
Прост мерач на завар
а) Мери аголни завари дебели од 3-15 mm.
Мерачот се поставува со закривениот дел на
лицето за топење така да има три точки
на контакт со работното парче и аголниот
завар.

b) Го мери зајакнувањето на челните завари


со рамниот дел.

Бидејки мерачот се состои од мек алуминиум,


тој се хаба многу бргу.
х х - х 3 - 12 Согласно 90 нема
Сет на мерачи на завар делот од
лепезата
Мери аголни завари дебели од 3-12 mm;
од 3-7 mm: градулација 0,5 mm; над 8 mm,
10 mm и 12 mm. Мерачот мери со користење
на принципот контакт во три точки.

х х - х 0 - 20 0,1 90 нема
Нониус
Мери аголни завари; исто така може
да определи зајакнување на челни завари.
Краците на мерачот се формирани така да
вклучуваат агли од 60о, 70о, 80о и 90о од V-
челен завар а може да мери и поединечен
V-челен завар со широко лице. Но мали
отатапувања од тоа водат кон сериозни
грешки.

ISO 17637:2003(E)
Табела А.1 Мерни инструменти и мерачи на завар – мерен опсег и точност на читање (продолжеток)

Опис Тип на завар Мерен Точност Вклучени Дозволени


Мерач на завар опсег на агли отстапувања
Аголен Челен читање од вклучените
агли
рамен конкавен конвексен mm mm степени
Самостојно изработе мерач на завар х - - - 0 - 20 0,2 90 нема
Мери 7 дебелини на грло на аголен завар
Со вклучени агли од 90о.

х х х х 0 - 15 0,1 90 мали
Трискален мерач
Мери дебелини на грло и должина на краци.
Може исто така да мери зајакнување на челни
завари. Исто така е соодветен за асиметри-
чни аголни завари.

Мерач за проверка на профил на аголен - - - - - - - -


завар
Го проверува профилот за еден облик и за
една димензија на аголни завари. Овој тип
на мерач има потреба од модел за секоја
димензија на аголен завар.

ISO 17637:2003(E)
Табела А.1 Мерни инструменти и мерачи на завар – мерен опсег и точност на читање (продолжеток)

Опис Тип на завар Мерен Точност Вклучени Дозволени


Мерач на завар опсег на агли отстапувања
Аголен Челен читање од вклучените
агли
рамен конкавен конвексен mm mm степени
Повеќе наменски мерач х х х х 0 - 50 0,3 0 - 45 нема
агол на
Мери агли на закосување, должина на крак
на аголен завар, заеди, поместување, закосување
дебелина на грло и зајакнување на завар.

х х х х 0 - 30 0,1 - ± 25%
Универзале мерач на завар
Мерни задолженија

- аголен завар: облик и димензии


- челен завар: поместување на табли,
подготовка на спој (аголна ширина),
зајакнување на завар, ширина на завар,
заеди

Мерач на отвор - - - - - - - -
Мери ширина на отвор.

ISO 17637:2003(E)
Табела А.1 Мерни инструменти и мерачи на завар – мерен опсег и точност на читање (продолжеток)

Опис Тип на завар Мерен Точност Вклучени Дозволени


Мерач на завар опсег на агли отстапувања
Аголен Челен читање од вклучените
агли
рамен конкавен конвексен mm mm степени
Мерна кука за поместеност - - - х 0 - 100 0,05 - -
Мери поместеност на подготовката на челни
завари на табли и цевки.

х х х х 0 - 30 0,1 - ± 25%
Универзален мерач за челен завар
Мери подготовка на челен завар и завршен
челен завар:
1) агол на закосување
2) ширина на отвор за корен
3) зајакнување на завар
4) ширина на заварната површина
5) длабина на заеди
6) дијаметар на потрошни материјали

9
ISO 17637:2003(E)

Библиографија

[1] ISO 3058, Без-разорно испитување — Помагала за визуелно испитување — Избор на


ниско-снажни лупи

[2] ISO 3599, Нониус со отчитување до 0,1 и 0,05 mm

[3] ISO 5817, Заварување — Споеви заварени со топење кај челицк, никел, титан и нивни
легури (со исклулок на заварување со зрак) — Нивоа за квалитет на несовршености

[4] ISO 9712, Без-разорно испитување — Квалификација и сертификација на персонал

[5] ISO 10042, Ел.лачно заварени споеви кај алуминиум и негови заварливи легури —
Упатство за нивоа за квалитет на несовршености

[6] ISO 17635, Без-разорно испитување на завари — Општи правила за заварување со топење
на метални материјали

10

You might also like