You are on page 1of 197

Daihatsu TERIOS

Прирачник за сопственикот

Предговор

Ние имаме особено задоволство да Ве примиме во семејството на сопственици на


возила од марката Daihatsu кои доаѓат од сите делови на светот. Како што е познато,
перформансите и работниот век на возилото во најголема мера зависат од начинот
на кој возилото се вози и одржува. Овој прирачник ќе Ви помогне да ги добиете
сите придобивки од Вашето Daihatsu возило. Пред употребата на Вашето возило,
Ве молиме внимателно прочитајте го прирачникот и употребете го како извор на
информации кога за тоа ќе се укаже потреба.
Доколку имате било какви прашања, слободно контактирајте со Овластениот
дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или со некое
друго квалификувано и опремено лице. Ние сме комплетно подготвени да Ви
обезбедиме квалификувани услуги и техничка поддршка.

DAIHATSU MOTOR CO., LTD.

©2006 DAIHATSU MOTOR CO., LTD.


Сите права се заштитени. Овој материјал не смее целосно или делумно да се
репродуцира или мултиплицира без писмена дозвола од DAIHATSU MOTOR CO.,
LTD.

Користење на прирачникот

 Пред да започнете со употреба на Вашето Daihatsu возило, внимателно


прочитајте го прирачникот.
За да се заштитите себеси и за да го продолжите работниот век на Вашето
Daihatsu возило, следете ги инструкциите од прирачникот.
Доколку инструкциите од прирачникот не се почитуваат, тоа може да
предизвика сериозни телесни повреди и оштетување на Вашето возило.
 Во овој прирачник ќе сретнете знаци за ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ, ВНИМАНИЕ
и ЗАБЕЛЕШКА.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Доколку не се почитува знакот за ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ, постои опасност од
сериозни или фатални повреди.

ВНИМАНИЕ:
Доколку не се почитува знакот за ВНИМАНИЕ, постои опасност од повреди,
несреќи или оштетувања на возилото.

ЗАБЕЛЕШКА:
ЗАБЕЛЕШКАТА треба да се земе во предвид за да се овозможи безбедно
функционирање на возилото.

 Сите информации и технички податоци наведени во овој прирачник се


обезбедени во времето на неговото печатење. Нашата компанија го задржува
правото во било кое време да направи промени во прирачникот без
претходно известување.
 Прирачникот е соодветен и одговара на сите типови на возила од марката
Daihatsu. Во него е објаснета целокупната опрема и карактеристичните
делови на Daihatsu возилата. Токму поради тоа, во прирачникот може да
сретнете некои карактеристики или опрема кои не се присутни во Вашето
Daihatsu возило. Сликите кои ќе ги сретнете во прирачникот се направени од
возила на кои возачкото седиште се наоѓа на левата страна.
 Изразот „ Овластен дистрибутер на Daihatsu, Овластен сервисен центар на
Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено лице“ кој се користи во
прирачникот, се однесува само за европскиот пазар. За другите пазари се
користи само изразот „Овластен дистрибутер на Daihatsu“.
 Доколку се одлучите да го продадете Вашето Daihatsu возило, предадете му
го овој прирачник на идниот сопственик на возилото кој секако ќе има
потреба од истиот.
 Типовите и моделите на мотори кои се среќаваат во прирачникот се
објаснети на следниот начин:

Модел Опис
J211 Тип на мотор К3 (1.300 кубни сантиметри) …..
J200
Тип на мотор 3SZ-VE (1.500 кубни сантиметри) …..
J210

Мотор Опис
K3-VE 1.300 кубни сантиметри EFI*1 + DVVT*2 мотор
3SZ-VE 1.500 кубни сантиметри EFI*1 + DVVT*2 мотор

*1) – (EFI) – Електронско вбризгување на гориво


*2) – (DVVT) – Динамичен варијабилен тајминг на вентилите
Ваши одговорности за одржување

Сопственикот сноси одговорност да ги спроведува специфицираните процедури за


одржување на возилото. Во секцијата 13 ќе се сретнете со повеќе детали околу
барањата за одржување на возилото.

Идентификација на возилото

(слика) Број за идентификација на возилото

Бројот за идентификација на возилото се наоѓа на местото кое е прикажано на


илустрацијата.

(за GCC, Европската Унија, јужно-африкански спецификации)

(слика) Број за идентификација на возилото

Бројот за идентификација на возилото е впишан на левиот горен дел од инструмент-


таблата.

Ознака на производителот (освен за ЕУ и алжирски спецификации)

За Ваша информација, земјата на производство на возилото е наведена на ознаката


која е прикачена на возилото.

(за ЕУ и алжирски спецификации)

(слика) Ознака на производителот

Ознака за датум на производство (за спецификации од GCC)

Оваа ознака служи за прикажување на датумот на производство на автомобилот на


која се прикажани месецот и годината на производство на возилото.

(слика) Ознака за датум на производство

Идентификација на моторот

Шифрите за идентификација на моторот се наоѓаат на местата прикажани на


илустрацијата.

(Слика) Тип на моторот


Преден дел од возилото
Број на моторот
Број на одобрение за системот за далечинско отклучување

Согласност

Ние, долупотпишаните,

Компанија TRB Limited


1 TRB Drive, St. Asaph Business Park, St.
Адреса, град
Asaph, Denbugshire, LL17 OJB
Земја United Kingdom

со целата наша одговорност потврдуваме дека следната опрема:

Опис на производот / намена Трансмитер / Систем за далечинско


отклучување и заклучување на возилото
Земји од EU / EFTA за кои производот EU: Австрија, Белгија, Данска, Финска,
е наменет Франција, Германаија, Грција, Ирска,
Италија, Луксембург, Холандија,
Португалија, Шпанија, Шведска, Велика
Британија
EFTA: Швајцарија, Исланд, Норвешка
Рестриктивна употреба Нема
Производител Tokai Rika Co., Ltd.
Марка Tokai Rika
Тип CO1SA

е тестирана и ги задоволува основните барања за заштита на здравјето и


безбедноста на корисникот и другите лица и поседува електромагнетна
компатибилност, која е наведена во следниве стандарди:

Стандард Дата на публикување (издавање)


ETS 300 683 според 89/336/EEC Јуни 1997
EN 60950 според 73/23/EEC Август 1992, вклучувајќи ги и A1 (1993),
A2 (1993), A3 (1995), A4 (1997) и A11
(1997)

Опремата е тестирана и е во согласност со есенцијалните прописи за радио


бранови. Опремата ефикасно ги користи радио комуникационите фрекфенции од
Земјата и орбитата со цел да се избегне нивното негативно и опасно влијание, што е
наведено во следните стандарди:

Стандард Дата на публикување (издавање)


EN 300 220-1 V1.2.1 Ноември 1997
Со тоа, опремата ги задоволува барањата и прописите наведени во Директивата
1999/5/EC на Европскиот Парламент и директивата на Европскиот Совет од Март
1993 година кои се однесуваат на радио и телекомуникациона опрема. Опремата е
во согласност со наведените барања во Анексот IV.
Наведените нотифицирани броеви се исто така потврдени:

Нотифициран број Име и адреса


0122 NMI Certin B.V., POB 15, 9822 ZG
Niekerk, The Netherlands

Техничката документација со која се спроведува процедурата за потврдување на


опремата се чува во:

Компанија TRB Limited


Адреса, град 1 TRB Drive, St. Asaph Business Park, St.
Asaph, Denbugshire, LL17 OJB
Земја United Kingdom

Важна забелешка:
Оваа опрема работи на 433,92 MHz ниска струја и е наменета за нормална употреба
во сите земји членки на Европската Унија и работи на нехармонизиран канал на
грекфенција.

Системот за далечинско отклучување / заклучување на вратите (модел CO1SA) ги


задоволува основните барања и прописи наведени во директивата 1999/5/EC.

Согласност

Ние, долупотпишаните,

Компанија TRB Limited


1 TRB Drive, St. Asaph Business Park, St.
Адреса, град
Asaph, Denbugshire, LL17 OJB
Земја United Kingdom

со целата наша одговорност потврдуваме дека следната опрема:


Опис на производот / намена Ресивер / Систем за далечинско
отклучување и заклучување на возилото
Земји од EU / EFTA за кои производот EU: Австрија, Белгија, Данска, Финска,
е наменет Франција, Германаија, Грција, Ирска,
Италија, Луксембург, Холандија,
Португалија, Шпанија, Шведска, Велика
Британија
EFTA: Швајцарија, Исланд, Норвешка
Рестриктивна употреба Нема
Производител Tokai Rika Co., Ltd.
Марка Tokai Rika
Тип CO1SA

е тестирана и ги задоволува основните барања за заштита на здравјето и


безбедноста на корисникот и другите лица и поседува електромагнетна
компатибилност, која е наведена во следниве стандарди:

Стандард Дата на публикување (издавање)


72/245/EEC (последно дополнување со Јуни 1972 (Октомври 1995)
95/54/EC)
EN 60950 според 73/23/EEC Август 1992, вклучувајќи ги и A1 (1993),
A2 (1993), A3 (1995), A4 (1997) и A11
(1997)

Опремата е тестирана и е во согласност со есенцијалните прописи за радио


бранови. Опремата ефикасно ги користи радио комуникационите фрекфенции од
Земјата и орбитата со цел да се избегне нивното негативно и опасно влијание, што е
наведено во следните стандарди:

Стандард Дата на публикување (издавање)


EN 300 220-1 V1.2.1 Ноември 1997

Со тоа, опремата ги задоволува барањата и прописите наведени во Директивата


1999/5/EC на Европскиот Парламент и директивата на Европскиот Совет од Март
1993 година кои се однесуваат на радио и телекомуникациона опрема. Опремата е
во согласност со наведените барања во Анексот IV.
Наведените нотифицирани броеви се исто така потврдени:

Нотифициран број Име и адреса


0122 NMI Certin B.V., POB 15, 9822 ZG
Niekerk, The Netherlands

Техничката документација со која се спроведува процедурата за потврдување на


опремата се чува во:
Компанија TRB Limited
Адреса, град 1 TRB Drive, St. Asaph Business Park, St.
Asaph, Denbugshire, LL17 OJB
Земја United Kingdom

Важна забелешка:
Оваа опрема работи на 433,92 MHz ниска струја и е наменета за нормална употреба
во сите земји членки на Европската Унија и работи на нехармонизиран канал на
грекфенција.

Број на одобрение за системот за имобилизација

Со оваа согласност, Tokai Rika Co., Ltd. Потврдува дека системот за имобилизација
(модел RI-23GDH) е во согласност со основните барања и другите релевантни
прописи од директивата 1999/5/EC.

Согласност R&TTE

Ние,
Име на производителот: Tokai Rika Co., Ltd.
Адреса на производителот: 260, Toyota 3-chome, Oguchi-cho, Niwa gun,
Aichi-ken, 450-0195, Japan

со целата наша одговорност потврдуваме дека производот:

Име на производот: Систем за имобилизација


Модел на производот: RI-23GDH

на кој се однесува согласноста, е во согласност со основните барања и другите


релевантни прописи од R&TTE директивата (1999/5/EC). Производот е во
согласност со следниве стандарди и другите нормативни документи:

Безбедност: EN60950-1
EMC: EN301 489-1 &-3
Spectrum: EN300 330-3

Дополнителни информации:
*CE знак CE
*Земји во кои е дозволена употреба EU и EFTA
* Земји во кои е забранета употреба Нема

Потпис:______________________
Позиција на потписникот: _________________

Табела на содржини

1. Специјални забелешки и предупредувања


2. Врати и брави
3. Седишта и безбедносни појаси
4. Инструменти и контроли
5. Мерачи на инструмент таблата
6. Системи за контрола на воздух
7. Аудио системи
8. Ретровизори
9. Внатрешна опрема
10. Возачки совети
11. Во итни случаи
12. Чистење и заштита
13. Одржување на возилото
14. Самостојно одржување
15. Спецификации
16. Индекс

Надворешен преглед

Одмрзнувач за задно стакло (страница 4-6) Заден бришач (страница 4-6, 14-26)

Преден бришач (страница 4-5, 14-26)

Задна врата (багажник) (страница 2-10)

Резервоар за гориво (страница 2-11)

Кука за влечење (страница 11-16)

Фарови (страница 14-27)


Кука за влечење (страница 11-16)
Хауба (страница 14-1)
Гума (страница 14-39)
Надворешен ретровизор (страница 8-1)
Врата (страница 2-4)

Внатрешен преглед

Безбедносен појас (страница 3-6)


Електрични прозорци (страница 2-7)
Копче за заклучување на врата (страница 2-4)
Штитник за сонце (страница 9-5)
Менувач (страница 10-2 / 10-4)
Задно седиште (страница 3-3)
Предно седиште (страница 3-1)
Рачна сопирчка (страница 10-12)

Преглед на инструмент-панелот

Возило со возачко седиште од левата страна

Возило со возачко седиште од левата страна

<За EU спецификации>

1. Копче за централна брава (страница 4-10)


2. Копче за системот за контрола на пролизгување (TCS) (страница 4-11)
Копче за систем за асистенција по остри надолнини (DAC) (страница 4-12)
3. Копче за мулти-информациски дисплеј (страница 5-16)
4. Мулти-контролно копче (страница 4-3)
Копче за светло за магла (страница 4-8)
5. Инструмент-табла (страница 5-1)
6. Копче за миење и бришење на предно стакло (страница 4-5)
7. Аудио контроли (страница 7-4)
8. Копче за предупредувачко светло (страница 4-5)
9. Копче за одмрзнувач на задно стакло (страница 4-6)
Контроли за парно и климатизација (страница 6-1)
10. Касета (страница 9-6)
Мануелно копче за воздушно перниче (страница 3-47)
11. Копче за прилагодување на фаровите по височина (страница 4-4)
12. Рачка за отворање на багажникот (страница 2-8)
13. Копче за регулирање на надворешен ретровизор (страница 8-1)
14. Кутија со осигурувачи (страница 14-14)
Мала касета (страница 9-6)
15. Рачка за прилагодување на управувачот (страница 9-3)
16. Копче за одмрзнување на предно стакло (страница 4-7)
17. Отвор за електрична енергија (страница 4-9)

Секција 1

Специјални забелешки и предупредувања

Издувни гасови од моторот...........................................................................................1-1


Каталитички конвертор.................................................................................................1-2
За Ваша безбедност........................................................................................................1-3
Препораки за горивото...................................................................................................1-4
Модификации на возилото............................................................................................1-4
Инсталација / употреба на електронски направи во возилото...................................1-4
Период на разработување на возилото.........................................................................1-5
Антена..............................................................................................................................1-5

Издувни гасови од моторот

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не вдишувајте ги издувните гасови од моторот. Тие содржат јаглероден
монокисд кој е отровен гас без мирис и боја. Вдишувањето на овој гас може да
предизвика состојба на безсознание па дури и губење на животот.

Доколку се посомневате дека дошло до можно навлегување на издувните гасови во


внатрешноста на возилото, откријте ја причината за тоа. Причината односно
проблемот мора да се реши веднаш.
Доколку морате да го возите автомобилот под вакви околности, направете го тоа со
комплетно отворени прозорци.
За да се заштитите од отровниот гас, следете ги следниве инструкции:

Одржување;
Секогаш одржувајте го системот за издувни гасови на возилото, каросеријата и
системот за вентилација за истите да бидат во соодветна оперативна состојба.
Уверете се дека системот за издувни гасови нема разлабавени конектори или
отвори. Ви препорачуваме да извршите комплетна проверка на системот за издувни
гасови и каросеријата на возилото (која ќе ја изврши компетентно лице) во
следниве случаи:
 Кога се менува маслото на возилото
 Кога ќе забележите промена на звукот кај системот на издувни гасови
 Кога дошло до оштетување или корозија на системот на издувни гасови
 Кога возилото ќе удри во некој објект или предмет
За дополнителни информации, следете го распоредот за одржување наведен во
секцијата 13.

Систем за вентилација
За перманентно да овозможите соодветна работа на системот за вентилација,
уверете се дека отворите за довод на воздух кои се наоѓаат на предниот дел од
хаубата секогаш се исчистени од снег, лисја или други пречки.

Секојдневна употреба
Ви препорачуваме да не го употребувате моторот на возилото во прекумерни
временски периоди во случај кога возилото е паркирано или запрено.
Постои можност за влез на јаглеродниот моноксид во Вашето возило како резултат
на несоодветно одржуваниот или оштетен систем за издувни гасови.
Не вклучувајте го моторот на возилото во гаражи или други затворени простории
освен во случај кога влегувате или излегувате од нив.
Уверете се дека издувот на автомобилот не е попречен или затнат од некои пречки
за да се елиминира можноста од акумулирање на издувните гасови под
каросеријата на возилото.

Каталитички конвертор

Слика (Каталитички конвертор)

Каталитичкиот конвертор е направа за контрола на издувните гасови вградена во


системот за издувни гасови која го намалува количетвтото на загадувачки материи
во издувниот гас.

ПРЕДУПЕРДУВАЊЕ
 Системот за издувни гасови станува жежок и од него се емитува жежок
гас кога моторот е во употреба.
 Кога го паркирате возилото, секогаш држете го задниот дел од возилото
на оддалеченост од најмалку 30 см од запаливи материи како гранки и
грмушки. Тесниот простор може да предизвика губење на бојата и
деформација на растенијата и може да доведе до појава на пожар како
резултат на издувниот гас.
 Не возете и не паркирајте го Вашето возило врз било какви запаливи
материи како што се трева, лисја, гранки, хартија, платно итн.
 Исто така, држете ги луѓето и запаливите материи подалеку од системот
за издувни гасови.

ВНИМАНИЕ
Големото количество на внесен несогорен гас во конверторот може да
предизвика прегревање на конверторот, што може да доведе до појава на
пожар.
За да се заштитите од ова и од други оштетувања, следете ги следните
инструкции:
 Не возете со екстремно ниско ниво на гориво во резервоарот.
 Не употребувајте го моторот под високо оптоварување (високи вртежи
во празно) подолго од 10 минути или под средно оптоварување (средни
вртежи во празно) подолго од 20 минути.
 Не исклучувајте го моторот додека возилото е во двуижење.
 Кога се обидувате да го запалите возилото, никогаш не влечете и не
туркајте го возилото.
 Избегнувајте преоптоварување на моторот.
 Користете само безоловно гориво.

Следете ги инструкциите за периодични проверки наведени во распоредот за


одржување на Daihatsu за да се уверите дека самиот мотор, каталитичкиот
конвертор и системот за контрола на издувните гасови функционираат соодветно.
Доколку моторот има потешкотии при палењето (едвај се пали), често гасне или
сецка при забрзувањето, возилото треба да се провери од страна на Овластениот
дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или од страна на
некое друго квалификувано и опремено лице.

За Ваша безбедност

Ние во Daihatsu сакаме да добиете комплетно задоволство од Вашето возило и да ги


искористите сите придобивки од неговата употреба. Ние исто така сакаме да Ви
посочиме дека за Ваша безбедност треба разумно да размислувате затоа што
безбедноста и разумното размислување при возењето одат заедно („рака за рака“).
Дел од разумното размислување при возењето се и можностите и ограничувањата
на возилото, како и разбирањето дека возилата дизајнирани за различна намена
треба различно да се управуваат.
Прочитајте и разберете ги знаците за ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ, ВНИМАНИЕ и
ЗАБЕЛЕШКА кои се наведени во овој прирачник.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Ние препорачуваме сите патници да употребуваат безбедносни појаси.
(Види во делот „Безбедносни појаси“).
 Запомнете дека управувањето на било какво возило по консумирање
на дрога или алкохол е опасно за возачот и за другите патници во
возилото.
 Не употребувајте ги механизмите и уредите на возилото кога се наоѓате
надвор од него.
Ова возило спаѓа во класата на возила кои имаат поголема височина од земјата и
поголемо меѓуосовинско растојание. Специфичните дизајнерски карактеристики на
овие возила им даваат повисок центар на гравитација во однос на другите типови
возила. Предноста на овие карактиреристики е во тоа што со нив се овозможува
поголема прегледност на патот и подобра антиципација на проблемите. Овие возила
не се дизајнирани за вртење во свиоци со иста брзина со која можат да вртат
другите конвенционални возила на погон на две тркала. Од друга страна, ниските
спортски автомобили не можат да дадат онолку квалитетни резултати во возење вон
патот како што тоа може да го направат возилата со повисок центар на гравитација.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да се намали ризикот од сериозна повреда и оштетување на возилото:
 Доколку е можно, избегнувајте остро вртење во свиоци и ненадејни
маневри. Како и кај другите возила од ваков тип, несоодветната
употреба на ова возило може да резултира со губење на контролата,
незгода или превртување на возилото.
 Избегнувајте да ставате тежок товар на покривот на Вашето Daihatsu
возило затоа што тоа ќе ја зголеми височината на возилото и ќе го
подигне центарот на гравитација што може да ја намали управливоста
на возилото.
 Силните накрсни ветрови може да предизвикаат намалување на
стабилноста на возилото.
Во вакви услови, возете полека за да го минимизирате нивното влијание
врз Вашето возило.
 Не обидувајте се да возите попреку или да вртите на остри нагорнини
или надолнини.
Непочитувањето на ваквото предупредување може да предизвика
губење на контактот со подлогата, пролизгување на возилото па дури и
негово превртување.
 Секогаш обидувајте се да возите директно (право) низ острите
нагорнини или надолнини. Доколку дојде до гаснење на моторот, не
обидувајте се да го завртитие возилото. Најдобро е да се вратите наназад
до некое безбедно место со уфрлен менувач во рикверц.
Непочитувањето на ваквото предупредување може да предизвика
губење на контролата врз возилото па дури и негово превртување.
Секогаш намалувајте ја брзината на движење кога возите по нерамни
терени за да избегнете потскокнување на возилото или удирање во
некои објекти. Непочитувањето на ваквото предупредување може да
предизвика оштетување на долниот дел на возилото, губење на
контролата врз возилото па дури и негово превртување.

Запомнете дека како што Вие верувате дека производителот создал квалитетно
возило, така другите учесници во сообраќајот веруваат во Вашето безбедно
управување на возилото.
Препораки за горивото
Употребувајте само безоловно гориво со Октански број 90 или повисок од 90.

ВНИМАНИЕ
Секогаш употребувајте безоловен бензин за Вашето Daihatsu возило.
(За спецификации на мотори кои користат бензин кој содржи олово)
Употребувајте оловно или безоловно гориво со Октански број 90 или повисок од 90.

Модификации на возилото

Никогаш не модифицирајте го Вашето Daihatsu возило.


Модификациите на Вашето возило може да влијаат врз неговите перформанси,
безбедност или работен век и може да ги прекршат правните закони.
Оштетувањето или проблемите со перформасите настанати како резултат на
модификациите на возилото, нема да бидат опфатени со гаранцијата од
производителот.
Исто така, модификациите на возилото може да предизвикаат губење на контролата,
незгода или сериозна телесна повреда.

Инсталација / употреба на електронски направи во возилото

Кога во Вашето возило инсталирате или употребувате електронска направа која


генерира силни електромагнетни бранови (како двонасочен аудио систем, мобилен
телефон или компјутер), Ве молиме контактирајте со Овластениот дистрибутер на
Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго квалификувано
и опремено лице.
Електромагнетните бранови кои се генерираат од овие електронски направи може
сериозно да влијаат врз системите во возилото како што се: системот за
електронско вбризгување на гориво EFI (Electronic Fuel Injection), ситемот за
деблокирање на сопирачките A.B.S. (Anti-lock Braking System) и системот за
воздушни перничиња – SRS. Електронските направи може да предизвикаат
несоодветно функционирање на овие системи.

Период на разработување на возилото

Внатрешното триење, кое е високо кај новите возила, постепено ќе се намалува со


текот на времето затоа што сите движечки делови на возилото ќе се привикнуваат
еден на друг.
Ви препорачувањме да ги земете во предвид следниве инструкции во текот на
возењето на автомобилот во првите 1.600 километри (1.100 милји) за да ги
продолжите идните перформаси и економичноста на Вашето возило.
 Не надминувајте ја брзината на движење од 90 км/час (55 милји/час).
 Не одржувајте иста брзина на движење во долг временски период, без
разлика дали брзината е висока или ниска.
 Избегнувајте тргнувања под полн гас.
 Избегнувајте нагли застанувања, освен во итни случаи, особено во првите
300 км (200 милји) на употреба на возилото.

Антена

ЗАБЕЛЕШКА
 Секогаш отстранувајте ја антената кога вршите автоматско
(машинско) перење на возилото.
 Ве молиме притиснкајте ја антената надолу кога не слушате радио.

Погледнете ја секцијата 7. за инсталација и отстранување на покривната антена.

Секција 2

Врати и брави

Клучеви (без систем за имобилизација на моторот).................................................2-1


Систем за имобилизација на моторот........................................................................2-1
Клучеви (со систем за имобилизација на моторот) .................................................2-2
Заклучување и отклучување на вратите....................................................................2-4
Копче за заклучување за заштита на децата.............................................................2-6
Електрични прозорци..................................................................................................2-7
Хауба.............................................................................................................................2-8
Задна (багажна) врата..................................................................................................2-10
Резервоар за гориво.....................................................................................................2-11

Клучеви (без систем за имобилизација на моторот)

(слика) Плочка со број на клучот

За Вашето возило, производителот обезбедува два клуча. Ви препорачуваме


плочката со бројот на клучот да ја чувате на безбедно место.
Секогаш носете резервен клуч со себе во случај да ги заклучите вратите кога
едниот клуч е оставен внатре во возилото.
Доколку ги загубите клучевите, контактирајте со Овластениот дистрибутер на
Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго квалификувано
и опремено лице.
Систем за имобилизација на моторот

Системот за имобилизација на моторот е систем за заштита на возилото од кражба.


Кога ќе се внесе клучот во бравата, малиот предавател кој се наоѓа во клучот
испраќа електричен сигнал кон возилото. Потоа, овој сигнал се проверува од
идентификациониот систем на возилото. Доколку електричниот сигнал се совпаѓа
со идентификациониот код, моторот на возилото може да се стави во функција.
Доколку електричниот сигнал не се совпаѓа со идентификациониот код, моторот на
возилото не може да се стави во функција.

Индикационо светло за безбедност

Кога клучот ќе биде извлечен од бравата, индикационото светло за безбедност ќе се


вклучи. Исто така, индикационото светло за безбедност се вклучува кога клучот се
врти од позиција „ON“ кон позициите „ACC“ или „LOCK“ и така се задржува 30
секунди.

Клучеви (со систем за имобилизација на моторот)

Производителот на возилото обезбедува два кодирани клучеви.


Само овие два клуча може да го стават моторот на возилото во работна функција.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не правете никакви корекции на системот за имобилизација.

ЗАБЕЛЕШКА
1. Кога ќе се укаже потребата од изработка на нов клуч, односно кога ќе
загубите еден од двата клуча, преостанатиот клуч ќе биде потребен за да
може Овластениот сервис на Daihatsu да направи нова копија на клучот.
Затоа, чувајте еден од двата клуча на безбедно место.
Двата клуча имаат идентификациона функција односно го имаат
правилниот идентификационен код кој се препознава од системот за
имобилизација. Токму затоа, Вие мора да го имате едниот за да
направите копија од изгубениот клуч.
2. Доколку ги загубите двата клуча, веднаш консултирајте се со
Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на
Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено лице.

(слика) плочка со број на клучот


Кога изработувате нови клучеви, Вие морате да го однесете клучот заедно со бројот
на клучот кај Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар
на Daihatsu или кај некое друго квалификувано и опремено лице. Токму затоа, Ве
советуваме плочката со бројот на клучот да ја чувате на безбедно место.

ЗАБЕЛЕШКА
Вие може да пријавите и да направите најмногу четири копии на Вашите
клучеви.

ВНИМАНИЕ
Клучевите од возилото во својот завршеток имаат вграден предавателски чип
кој е неопходен за соодветно функционирање на системот за имобилизација на
моторот. Затоа, Ве молиме следете ги следните препораки кога го употребувате
клучот:
1. Не обвиткувајте го клучот со некои материјали и предмети (како што се
алуминиумски фолии) кои ќе го запрат протокот на електромагнетните
бранови.
2. Бидете особено внимателни да не го изложите клучот на било каков
удар.
3. Не изложувајте го клучот на високи температури во подолг временски
период. На пример, не оставајте го клучот на инструмент панелот на
автомобилот каде клучот ќе биде изложен на директни сончеви зраци.
4. Никогаш не потопувајте го клучот во вода и не ставајте го во машина за
перење (која работи на високи електромагнетни бранови).
5. Не употребувајте го клучот заедно со некој друг електромагнетен
предмет или направа (на пример магнетна алка).
6. Не вметнувајте го клучот во бравата при што неговата алка е намотана
околу неговиот пластичен дел како што е покажано на сликата.
7. Не вметнувајте го клучот во бравата кога бравата ја допира некој друг
клуч, како што е покажано на сликата.
8. Никогаш не виткајте го пластичниот дел на клучот како што е
покажано на сликата.

Заклучување и отклучување на вратите

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Уверете се дека просторот околу автомобилот е безбеден пред да
отворите било која врата од автомобилот.
 Пред возењето, уверете се дека сите врати се безбедно затворени и
заклучени. Ова ќе оневозможи ненадејно отворање на вратитие во текот
на возењето, а со тоа ќе ги заштити патниците од несакано испаѓање од
возилото.
 Никогаш не оставајте бебиња и домашни миленици без надзор во
возилото во жешки атмосферски услови. Внатрешноста на возилото ќе
постигне екстремно висока температура.
(слика)
← Преден дел на возилото

заклучи отклучи Надворешна рачка

Заклучување / отклучување на вратите со клуч

За да ја заклучите вратата, завртете го клучот кон предниот дел на возилото.


За да ја отклучите вратата, завртете го клучот кон задниот дел на возилото.
Повлечете ја надворешната рачка за да ја отворите вратата.
Кога ја заклучувате или отклучувате вратата на возачот, другите врати автоматски
ќе се заклучат или отклучат.

(слика)
→ Преден дел на возилото → Преден дел на возилото

Внатрешна рачка Рачка за заклучување


отклучи заклучи

Заклучување / отклучување на вратите со копчето за заклучување /


отклучување

За да ја заклучите вратата, притиснете го предниот дел на копчето.


За да ја отклучите вратата, притиснете го задниот декл на копчето.
За да ја отворите вратата, повлечете ја внатрешната рачка кон Вас.
Исто така, вратата може да се заклучи со затворање на вратата со притискање на
предниот дел на копчето и со повлекување на надворешната рачка. За заклучување
на задната врата, нема потреба да се повлече надворешната рачка.

(За возила опремени со центррлна брава)


Кога ја заклучувате или отклучувате вратата на возачот, другите врати автоматски
ќе се заклучат или отклучат.

ЗАБЕЛЕШКА
Внимавајте да не го оставите клучот внатре во возилото.

Влез во возилото без клуч


Вие имате можност да ги заклучите или отклучите вратите без користење на
кллучот за палење на возилото.
Кога ќе го притиснете копчето „LOCK“ / „UNLOCK“ кое се наоѓа на трансмитерот,
сите врати (вклучувајќи ја и багажната) ќе се заклучат или отклучат. Трасмитерот е
во форма на приврзок за клуч. Затоа, Вие можете едноставно да го прикачите на
клучот за палење на возилото.

ВНИМАНИЕ
 Постојат случаи во кои трансмитерот може несоодветно да
функционира односно кога истиот е на оддалеченост од над 3 метри од
центарот на возилото.
 Постојат случаи во кои трансмитерот може несоодветно да
функционира во зависност од факторите на окружувањето. На пример,
тоа може да се случи доколку во близина има некои објекти кои
емитуваат силни електрични бранови како што се електраните,
далекуводите, предавателите, станиците итн.
 Траснмитерот е составен од прецизни електронски делови. Затоа,
внимателно следете ги следниве инструкции. Неисполнувањето на
инструкциите може да предизвика погрешно функционирање на
транмитерот.
- Никогаш не изложувајте го трансмитерот на удари или силен
притисок.
- Никогаш не оставајте го трансмитерот под директно влијание на
сончевите зраци или на високи температури.
- Не дозволувајте трансмитерот да дојде во контакт со вода.

Заклучување на вратите со трансмитерот

Откако ќе се уверите дека сите врати се затворени, притиснете го копчето „LOCK“


на трансмитерот, со што ќе ги заклучите сите врати на возилото. Еднократното
светкање на трепкачите ќе даде уверување дека сите врати се заклучени.

Отклучување на вратите со трансмитерот


Притиснете го копчето „UNLOCK“ на трансмитерот, со што ќе ги отклучите сите
врати на возилото. Потврдата дека сите врати се отклучени ќе ја даде
предупредувањето од трепкачите кои ќе светнат два пати а внатрешното светло во
возилото ќе се вклучи и ќе свети околу 15 секунди.

ВНИМАНИЕ
 Доколку некоја од вратите е комплетно или малку подотворена,
трансмитерот не може да оперира.
 Кога го оставате Вашето возило, уверете се дека заклучувањето на
вратите било успешно со рачно повлекување на надворешната рачка за
отворање на вратата.
 Кога клучот за палење е вметнат во бравата (на управувачот),
трансмитерот не може да се употребува така што тоа можеби ќе Ве
потсети дека клучот сеуште се наоѓа во бравата за стартување на
возилото.
 Доколку не се отвори ниедна од вратите 30 секунди по отклучувањето со
трансмитерот, вратите автоматски повторно ќе се заклучат.
 Овој процес нема да се изврши доколку клучот е вметнат во бравата за
стартување на возилото.

Замена на батеријата

Батеријата која е вградена во трансмитерот има времетраење од околу 2 години со


просечно користење на трансмитерот од 10 пати на ден.
(Сепак, кога возилото е ново, времетраењето на батеријата може да биде пократко).
Кога работата на трансмитерот ќе стане нестабилна или кога трансмитерот нема
воопшто да функционира, најверојатно е дека дошло до празнење на батеријата. Ве
молиме, консултирајте се со Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот
сервисен центар на Daihatsu или со некое друго квалификувано и опремено лице.

Копче за заклучување за заштита на децата

Копчињата за заклучување за заштита на децата се направени за да оневозможат


ненадејно и несакано отворање на вратите со влечење на внатрешната рачка за
отворање. Ставете го копчето во позиција LOCK и затворете ја вратата. Во овој
случај, вратата може да се отвори само од надвор.
Ви препорачуваме да го употребувате копчето за заклучување за заштита на децата
секогаш кога децата патуваат во Вашето возило.

Електрични прозорци

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ве молиме придржувајте се кон инструкциите во предупредувањето со цел да
избегнете сериозни телесни повреди:
 Пред затворањето на електричните прозорци, секогаш уверете се дека
главите, рацете и другите делови од телото на сите патници се внатре
во возилото.
Доколку дојде до несакано притискање на вратот, главата, рацете или
другите делови од телото на патниците при затворањето на прозорецот,
тоа може да предизвика сериозни повреди.
Кога некој од патниците сака да го затвори прозорецот, уверете се дека
патникот го врши затворањето на безбеден начин.
 Кога има мали деца во возилото, никогаш не дозволувајте им да
управуваат со контролите на електричните прозорци.
Секогаш употребувајте го копчето за заклучување на прозорците за да
оневозможите несакано и ненадејно употребување на контролите на
прозорците од страна на децата.
 Никогаш не оставајте ги малите деца без надзор во возилото, особено
кога клучот за палење е вметнат во бравата (за стартување на моторот).
Малите деца може да ги употребат контролите за електричните
прозорци, што може да резултира со нивно несакано притискање од
страна на прозорците. Децата без надзор во возилото може да
предизвикаат сериозни несреќи.

ЗАБЕЛЕШКА
Кога клучот за палење во е свртен во позиција ON, главните контроли за
прозорците (возачките контроли за прозорците) и знакот „прозорец“ светат.

Копче за заклучување на прозорците

(Слика)-Коче за заклучување на прозорците

Електричните прозорци функционираат кога клучот во бравата е завртен во


позиција ON.
Сите прозорци на вратите може да се контролираат со главните контроли кои се
наоѓаат на страничниот дел од вратата на возачот. Кога копчето за заклучување на
прозорците е ставено во позиција OFF, сите прозорци освен возачките не може да
се отвораат или затвораат. Тогаш, самите контроли (копчиња) на прозорците ќе
бидат згаснати.

Главни контроли

(Слика) – Страна на возачот

страна на патниците на предните седишта


страна на патниците на задните седишта

Повлечете го копчето за да го отворите прозорецот. Притиснете за да го затворите.


Прозорецот ќе се движи се додека го притискате или повлекувате копчето.
Прозорецот на возачот комплетно автоматски ќе се отвори кога ќе се притисне
копчето. За прекинување на движењеето на прозорецот надолу, нежно повлечете го
копчето.

Копче за прозорци (за прозорците на совозачот и патниците на задните


седишта)

Повлечете го копчето за да го отворите прозорецот. Притиснете за да го затворите.


Прозорецот ќе се движи се додека го притискате или повлекувате копчето.
Хауба

Отворање на хаубата

1. Повлечете ја рачката за отворање на хаубата која се наоѓа на левата долна


страна од инструмент-панелот, односно од страната на возачот.
2. Застанете пред Вашето возило. Подигнете ја помошната рачка со прстите и
подигнете ја хаубата.

ВНИМАНИЕ
 Никогаш не отворајте ја хаубата кога бришачите се подигнати. Хаубата
може да се изгребе или може да дојде до оштетување на бришачите.
 Не употребувајте алати за да ја отворите хаубата. Тоа може да го оштети
механизмот за нејзино отворање.

Држач за хаубата

Вметнете го металниот држач во жлебот на хаубата за да овозможите поддршка на


хаубата во подигната положба.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Уверете се дека металниот држач безбедно ја држи хаубата по неговото
вметнување во жлебот. Во спротивно, може да дојде до пад на хаубата што
може да предизвика сериозни телесни повреди.

Затворање на хаубата
1) Вратете го металниот држач на неговото место, додека ја држите хаубата
подигната со едната рака.
2) Навалете и нежно бутнете ја хаубата надолу.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Уверете се дека хаубата е безбедно затворена и заклучена пред да
започнете со возењето. Во спротивно, хаубата може ненадејно да се
отвори што ќе доведе до комплетно блокирање на прегледноста на
возачот.
 Доколку во текот на возењето забележите дека хаубата не е безбедно
затворена, веднаш паркирајте го Вашето возило на безбедно место
покрај патот и безбедно заклучете ја хаубата.

Задна (багажна) врата

Заклучување / отклучување на багажната врата

(За возило опремено со брава на багажната врата)


За да ја заклучите багажната врата, завртете го клучот во правец на стрелките од
часовникот.
За да ја отклучите багажната врата, завртете го клучот обратно од правецот на
стрелките од часовникот.

(За возило опремено со централна брава)


Кога ја заклучувате или отклучувате вратата на возачот, багажната врата автоматски
ќе се отклучи или заклучи.

Отворање на вратата
Подигнете ја багажната врата со рака. Кога вратата комплетно ќе се отвори, таа
самостојно се задржува во отворена позиција.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Никогаш не отворајте ја багажната врата кога задниот бришач е подигнат.
Ножот на бришачот може да предизвика повреди.

ВНИМАНИЕ
Доколку отворената багажна врата ги покрива задните штоп светла, светлото
за рикверц или задните трепкачи, Вие мора да ги предупредите другите
учесници во сообраќајот со помош на предупредувачкиот триаголник или со
некој друг предмет.

Затворање на вратата
Вратата се затвора со туркање надолу. Уверете се дека багажот нема да попречи при
затворањето на вратата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Багажната врата мора да биде затворена во текот на возењето. Во спротивно,
може да дојде до навлегување на отровниот гас од издувниот систем што може
да предизвика губење на животот.

Резервоар за гориво

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 За да оневозможите појава на пожар при долевањето на гориво, секогаш
гаснете го моторот. Исто така, не пушете и не употребувајте оган близу
резеервоарот за гориво.
 Никогаш не пренесувајте канта или друг сад со гориво во Вашето
возило.
Горивото може да истече од садот што може да предизвика експлозија
или пожар.

Отворање / затворање на капакот на резервоарот за гориво

Отворање
Повлечете ја рачката за отворање на капакот на резервоарот која се наоѓа под
седиштето на возачот за да можете да го отклучите чепот на резервоарот.
Затворање
Затворете го капакот на резервоарот однадвор.

Отворање / затворање на чепот на резервоарот за гориво.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Отворете го чепот полека за постепено да го ослободите притисокот.
Ова ќе оневозможи оштетување на надворешноста на возилото и
Вашата кожа од можниот млаз на испуштени бензин.
 Уверете се дека чепот е безбедно затворен за да оневозможите
истекување на горивото.
 Употребувајте само оригинален Daihatsu чеп за резервоарот или некој
друг чеп кој според квалитетот одговара на оригиналниот. Во
спротивно, можна е појава на истекување на горивото.

ВНИМАНИЕ
 Етикетата со информации за горивото е прикачена на задниот дел од
капакот на резервоарот за гориво. Долевајте само онакво гориво кое е
во согласност со инструкциите наведени на етикетата.
 Бидете особено внимателни да не употребите прекумерна сила врз
малиот приврзок (кој го држи чепот прикачен кога истиот е отворен)
при одвртувањето и навртувањето на чепот.

Отворање на чепот

1. За да го отворите, завртете го чепот во правец на стрелките на чсаовникот.


2. Извадениот чеп може да се складира на задниот дел од капакот на
резервоарот.

Затворање на чепот
За да го зазтворите, вртете го чепот обратно од стрелките на часовникот се додека
не слушнете еден крцкав звук кој докажува дека чепот е безбедно затворен.

Систем за прекин на горивото


Кога моторот ќе престане со работа како резултат на силен удар однадвор, постои
можност од вклучување на системот за спречување на доводот на гориво.
Системот за прекин на горивото служи за оневозможување на секундарните
несреќи (како што е појавата на пожар) со прекинување на доводот на гориво од
резервоарот во моторот.

Метод на ресетирање
Пред палењето на моторот, ресетирајте ја бравата со вртење на клучот во позиција
LOCK. Потоа продолжете со стартување на моторот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Кога ќе се посомневате дека дошло до протекување на горивото или доколку
почувствувате мирис на гориво, контактирајте со Овластениот дистрибутер на
Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или со некое друго
квалификувано и опремено лице.

Секција 3

Седишта и безбедносни појаси

Седишта................................................................................................................ 3-1
Предни седишта................................................................................................... 3-1
Потпирачи за глава.............................................................................................. 3-3
Задно седиште...................................................................................................... 3-3
Инструкции за безбедносните појаси................................................................ 3-6
Појаси за задржување со врзување во три точки............................................. 3-8
Појаси за задржување со врзување во три точки (разделувачки тип)............ 3-10
Појаси со врзување во две точки........................................................................ 3-11
Предупредувачко светло за везбедносните појаси........................................... 3-12
Пред-затегнувачи за појасите на предните седишта........................................ 3-14
Систем за врзување на децата............................................................................ 3-15
SRS воздушни перничиња.................................................................................. 3-31
SRS странични воздушни перничиња и SRS воздушни завеси...................... 3-40
Направа за SRS воздушни перничиња.............................................................. 3-47

Седишта

Во текот на управувањето на возилото, уверете се дека сите патници се соодветно


седнати на седиштата и соодветно се врзани со безбедносни појаси.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Доколку некој од патниците несоодветно седи во седиштето или несоодветно е
затегнат со безбедносниот појас, никогаш не започнувајте со возењето. На
пример, доколку некој од патниците седи на спуштениот потпирач од
седиштето или седи премногу ниско на седиштето, не започнувајте го
возењето.
Непочитувањето на ова предупредување, може да предизвика сериозни
повреди во случај на ненадејно запирање или колизија.
Предни седишта

Прилагодување на позицијата на седење


Подигнете ја рачката за прилагодување на седиштето и пролизгајте го седиштето
нанапред или наназад со примена на мала телесна сила. Отпуштете ја рачката кога
седиштето ќе биде во саканата позиција.
По позиционирањето, уверете се дека седиштето безбедно е заклучено во новата
позиција. Тоа ќе го направите ако се обидете да го поттурнете седиштето нанапред
или наназад.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Доколку седиштето не е безбедно заклучено, истото може ненадејно да се
придвижи, што може да доведе до губење на контролата врз возилото
(кај возачот).
 Никогаш не обидувајте се да ја прилагодите позицијата на возачкото
седиште во текот на возењето. Ова може да предизвика губење на
контролата врз возилото и да доведе до несреќа.

(слика)-Рачка за прилагодување

Прилагодување на аголот на потпирачот


Навалете се нанапред и повлечете ја рачката за прилагодување на аголот кон Вас.
Прилагодете потпирачот во саканиот агол. Потоа, отпуштете ја рачката.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Уверете се дека по прилагодувањето потпирачот е безбедно заклучен
во новата позиција. Тоа ќе го направите ако се обидете да го навалите
потпирачот нанапред или наназад. Оваа проверка може да Ве заштити
од несакано и ненадејно придвижување на потпирачот што може да
предизвика губење на контролата врз возилото.
 Никогаш не обидувајте се да ја прилагодите позицијата на потпирачот
на седиштето во текот на возењето. Ова може да предизвика губење на
контролата врз возилото и да доведе до несреќа.
 Одбегнувајте да го навалувате потпирачот повеќе од потребното за да
го намалите ризикот од провлекување на Вашето тело под
безбедносниот појас во случај на колизија.

Прилагодување на височината на возачкото седиште

(Слика) – Рачка
Секогаш кога ќе ја подигнете рачката, седиштето ќе се подигне нагоре.
Секогаш кога ќе ја спуштите рачката, седиштето ќе се спушти надолу.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Никогаш не обидувајте се да го прилагодите воазчкото седиште во текот на
возењето. Ова може да предизвика губење на контролата врз возилото и да
доведе до несреќа.

Потпирачи за глава

Прилагодување на височината (за предните потпирачи)


За да го подигнете, извлечете го потпирачот нагоре. За да го спуштите, притискајте
го потпирачот надолу со притискање на копчето за подигање.
Прилагодете го потпирачот така што неговиот центар да се наоѓа приближно во
иста линија со Вашите очи.

Отстранување на потпирачите
Потпирачот се отстранува со негово едноставно извлекување нагоре со притискање
на копчето за подигнување.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 По прилагодувањето уверете се дека потпирачот е безбедно заклучен. Со
тоа ќе се заштитите од несакано и ненадејно движење на потпирачот
што може да предизвика губење на контролата врз возилото.
 Не управувајте го возилото со отстранет или несоодветно позициониран
потпирач. Потпирачот за глава дава значителна заштита при отсечните
удари.
 Потпирачите за глава се најефкасни кога се наоѓаат најблиску до
Вашата глава.
 Не прилагодувајте го потпирачот за глава на возачкото седиште во
текот на возењето. Ова може да предизвика губење на контролата врз
возилото и да доведе до несреќа.
 Не позиционирајте го потпирачот во погрешен правец (наопаку).
Истиот нема да се заклучи доколку е завртен во спротивната страна.

Задно седиште

(Слика) – Рачка за прилагодување

Прилагодување на аголот на потпирачот


Повлечете ја рачката за прилагодување нагоре. Прилагодете го аголот на
потпирачот со негово лесно движење. Потоа отпуштете ја рачката.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
По прилагодувањето уверете се дека потпирачот е безбедно заклучен со
нанесување на телесен притисок. Со тоа ќе се заштитите од несакано и
ненадејно движење на потпирачот.
Навалување на потпирачот

(Слика) – Држач на безбедносниот појас

1. Прилагодете ја позицијата на предното седиште така што задното седиште


нема да има можност да го допира преденото седиште.
2. Пред да го навалите потпирачот на задното седиште, вметнете го намотаниот
безбедносен појас во држачот за појасот така што појасот нема да биде
потфатен од наваленото седиште.

(Слика) – Рачка за прилагодување

3. Повлечете ја рачката за прилагодување нагоре. Полека навалете го


седиштето. Потоа отпуштете ја рачката.

(Слика) – Појас

4. Навалете го седиштето комплетно со повлекување на појасот за


приврзување.
5. Прикачете го појасот за приврзување на потпирачот за глава од предното
седиште.
6. Затегнете го појасот за приврзување.
7. Повлечете го појасот за приврзување за да се уверите дека седиштето не
може да се придвижи.

(Слика) – Индикатор

Исправање на задното седиште

ЗАБЕЛЕШКА
Кога индикаторот (црвениот знак) е видлив, аздното седиште не може да се
заклучи. Прво, повлечете го појасот за приврзување еднаш за да го отклучите
приврзувањето. Потоа, прејдете на исправањето на седиштето.

(Слика) - Отвори

ВНИМАНИЕ
Кога го заклучувате задното седиште, проверете дали во него има некој
предмет. Доколку постои, седиштето не може да се заклучи. Исто така, постои
можност од оштетување на седиштето.

(Слика) – Појас

1. Отстранете го појасот за приврзување.


2. Складирајте го појасот за приврзување како што е покажано на сликата за
истиот да не биде заглавен.
3. Подигнете го седиштето.
4. Поставете го седиштето во комплетно исправена позиција со влечење на
рачката за прилагодување.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да се намали ризикот или сериозноста на евентуалните повреди во случај
на несреќа:
 Никогаш не дозволувајте му никому да патува во багажниот простор.
Истиот не е направен за превоз на патници.
 Во багажникот не смее да се товари товар чија височина е поголема од
потпирачот на задното седиште.
 Уверете се дека задното седиште е во комплетно исправена позиција и е
безбедно заклучено со целосно видливи безбедносни појаси.

ВНИМАНИЕ
Кога го враќате задното седиште во исправена позиација, внимавајте да не го
притиснете безбедносниот појас. Притискањето на безбедносниот појас може
да резултира во оштетување на деловите на појасот, што би можело да ја
намали неговата ефикасност.

Инструкции за безбедносните појаси

Daihatsu Ви препорачува сите патници во возилото да бидат затегнати со


безбедносните појаси. Следете ги следните инструкции за да добиете соодветно
функционирање на безбедносните појаси. Во спротивно, може да дојде до сериозни
телесни повреди во случај на колизија или ненадејно сопирање. Периодично,
проверувајте го системот на безбедносните појаси и доколку некој од појасите не
функционира соодветно, системот на безбедносните појаси веднаш треба да се
провери од страна на Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен
центар на Daihatsu или од некое друго квалификувано и опремено лице.

Препораки за децата:
Ние препорачуваме децата да патуваат на задното седиште и да бидат затегнати со
безбедносните појаси. Според статистичките податоци при несреќите, децата се
побезбедни кога се соодветно затегнати со безбедносни појаси на задното отколку
на предните седишта.
 Не дозволувајте им на децата да стојат или да клечат на седиштето.
 Не држете ги децата во раце во возилото. Во случај на несреќа, детето може
да биде притиснато помеѓу Вашето тело и ентериерот на возилото.

Препораки за младите лица:


Доколку раменскиот дел од безбедносниот појас минува низ вратот или лицето на
патникот на предното седиште, поместете го седиштето нанапред или наназад за
појасот комплетно да се прилагоди на телото на патникот.

Препораки за бремените жени:


Daihatsu препорачува употреба на безбедносен појас. Долниот дел од
безбедносниот појас (ножниот дел) треба да биде поставен што е можно подолу на
колковите, и не смее да биде посатавен на половината. Консултирајте се со Вашиот
доктор за оваа препорака.

Препораки за лицата со повреди:


Daihatsu препорачува употреба на безбедносен појас. Консултирајте се со Вашиот
доктор за оваа препорака.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Безбедносните појаси се дизајнирани да минуваат по коскената
структура на човековото тело и треба дас е носат што е можно пониско
преку карлицата, градите и рамената. Носењето на долниот дел од
безбедносниот појас преку абдоменот мора да се одбегнува.
 Безбедносните појаси треба да се прилагодат да бидат што е можно
позатегнати, од една и да даваат конформност од друга страна. Со ова,
тие ќе ја дадат најдобрата заштита од она за што се дизајнирани.
Разлабавениот безбедносен појас ќе ја намали заштитата за патникот
кој е врзан со појасот.
 Потребно е внимание за да не дојде до контаминирање на безбедносниот
појас со средства за полирање, масла или хемикалии (особено
киселината од акумулаторот). Чистењето може безбедно да се изврши со
благ сапун и вода. Појасот мора да се замени доколку истиот се излиже,
контаминира или оштети.
 Најважно од се е да се замени комплетниот систем на безбедносниот
појас по сериозна колизија дури и во случај кога оштетувањето на
безбедносниот појас не е очигледно.
 Појасите не смеат да се носат превртени.
 Безбедносниот појас мора да се носи од страна на само еден патник.
Постоои опасност доколку безбедносниот појас се затегнува околу дете
кое седи во Вашиот скут.
 Системот за безбедносни појаси не смее да се модифицира и не смее да
му се додаваат никакви дополнителни елементи.
 Не дозволувајте употреба на раменскиот дел од безбедносниот појас
доколку истиот минува низ долниот дел од градниот кош или преку
лицето или вратот на патникот.
 Никогаш не затегнувајте го безбедносниот појас под Вашата
надворешна рака (раката најблизу до прозорецот) или позади Вашиот
грб.
 Не навалувајте го потпирачот на седиштето повеќе од потребното.
 Не затегнуивајте го безбедносниот појас преку тврди или кршливи
предмети, како што се очила за сонце, накит, пенкала, клучеви итн.
 Не затегнувајте го безбедносниот појас преку дебела облека. Тоа може да
го оневозможи соодветното позиционирање на појасот.
 Не модифицирајте или расклопувајте го системот на безбедносните
појаси.
 Доколку системот на безбедносните појаси бил изложен на сериозен
удар, истиот треба да се замени од страна на Овластениот дистрибутер
на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или од некое
друго квалификувано и опремено лице, и во случај кога оштетувањето
не е видливо.

ВНИМАНИЕ
 Внимавајте да не го оштетите безбедносниот појас со негово
заплеткување или притискање со седиштата, вратите итн.
 Чистењето може безбедно да се изврши со употреба на благ сапун и
млака вода.
Никогаш не употребувајте абразивни средства, средства за
бојадисување или средства за белеење.
Ваквите средства за чистење може сериозно да го оштетат
безбедносниот појас. Не расклопувајте го системот на безбедносниот
појас во текот на чистењето. Соберете го појасот по неговото комплетно
сушење.

Појаси за задржување со врзување во три точки

Врзување на појасот
Извлечете го појасот од собирачот и внесете го металното јазиче во жлебот се
додека го слушнете крцкавиот звук.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За целосно затегнување, уверете се дека по вметнувањето на металното јазиче
во жлебот, безбедносниот појас е соодветно врзан и не е превртен.

Прилагодување на појасот
Појасот треба да биде поставен што е можно подолу на колковите, а не на
половината.
Повлечете го раменскиот дел од појасот кон собирачот за да го елиминирате
разлабавувањето на појасот.
Не е потребно да се врши прилагодување или модифицирање на должибата на
безбедносниот појас затоа што истиот е направен за нормално истегнување и
собирање во согласност со движењето на телото на патникот. Појасот ќе се закочи
во случај на колизија, остро сопирање итн.
Одврзување на појасот
Притиснете го копчето за одврзување кое се наоѓа на жлебот.
Дозволете му на собирачот комплетно да го собере појасот.
Уверете се дека појасот не е превртен и дека е комплетно собран.

Прилагодливи држачи за раменскиот дел на појасот


За да ја спуштите позицијата на држачот, повлечете го додека го притискате
неговиот бочен дел од двете негови страни.
Спуштете го држачот, се додека го слушнете крцкавиот звук.
За подигнување на држачот, едноставно движете го нагоре. Подигнувајте го се
додека го слушнете крвкавиот звук.
Држачот за раменскиот дел од безбедносниот појас може да се прилагодува во
четири позиции.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Уверете се дека по прилагодувањето на држачот, истиот е безбедно заклучен за
да се избегне негово ненадејно придвижување додека возилото е во движење.

Појаси за задржување со врзување во три точки (разделувачки тип)

Врзување на појасот
1. Извлечете го појасот од собирачот и внесете го левото металното јазиче во
жлебот се додека го слушнете крцкавиот звук.
2. Внесете го десното металното јазиче во жлебот се додека го слушнете
крцкавиот звук.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За целосно затегнување, уверете се дека по вметнувањето на металното јазиче
во жлебот, безбедносниот појас е соодветно врзан и не е превртен.

Прилагодување на појасот
Појасот треба да биде поставен што е можно подолу на колковите, а не на
половината.
Повлечете го раменскиот дел од појасот кон собирачот за да го елиминирате
разлабавувањето на појасот.
Не е потребно да се врши прилагодување или модифицирање на должибата на
безбедносниот појас затоа што истиот е направен за нормално истегнување и
собирање во согласност со движењето на телото на патникот. Појасот ќе се закочи
во случај на колизија, остро сопирање итн.
Одврзување на појасот
1. Притиснете го копчето за одврзување кое се наоѓа на десниот жлеб.
2. За да го навалите предното седиште нанапред, внесете го клучот во левиот
жлеб, што ќе овозможи собирачот комплетно да го собере појасот.
Уверете се дека појасот не е превртен и дека е комплетно собран.

ВНИМАНИЕ
 Кога го употребувате безбедносниот појас од разделувачки тип, уверете
се дека левото јазиче е поврзано со жлебот. Доколку тие не се поврзани,
безбедносниот појас нема да ја исполни својата основна намена за која е
дизајниран.
 Не извлекувајте го десното метално јазиче од жлебот освен доколку
сакате да го навалите задното седиште нанапред.

Кога не го употребувате појасот, внесете го жлебот во специјалниот отвор за негово


чување.

Појаси со врзување во две точки


Внесете го металното јазиче во жлебот се додека го слушнете крцкавиот звук.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За целосно затегнување, уверете се дека по вметнувањето на металното јазиче
во жлебот, безбедносниот појас е соодветно врзан и не е превртен.

Прилагодување на појасот
Појасот треба да биде поставен што е можно подолу на колковите, а не на
половината.
Држете го металното јазиче за да дојде од десната страна на појасот и влечете го
појасот за негово продолжување или скратување.

Одврзување на појасот
Притиснете го копчето за одврзување кое се наоѓа на жлебот. Внесете го металното
јазиче во жлебот кога појсот не е во употреба.

ВНИМАНИЕ
За да оневозможите оштетување на појасот, уверете се дека појасот не е
притиснат од вратата или потпирачот на седиштето.

ЗАБЕЛЕШКА
Кога ги употребувате појасите со врзување во две точки, задните седишта
треба да бидат исправени. Доколку едно од задните седишта е навалено
(собрано), тогаш безбедносниот појас со врзување во две точки нема да може да
се употреби.
Предупредувачко светло за везбедносните појаси

Појас на возачот
Доколку безбедносниот појас за возачот не е врзан, предупредувачкото светло ќе
трепка се додека појасот не биде врзан.

Појас на совозачот
Доколку детекторот на седиштето на совозачот открие дека на совозачкото
седиштето има патник, предупредувачкото светло ќе трепка се додека појасот не
биде врзан.

ЗАБЕЛЕШКА
 Сензорот ќе го детектира совозачот кога определена маса ќе создаде
притисок врз совозачкото седиште (неговиот заден дел). Затоа,
предупредувачкото светло може да трепка и во случај кога на
совозачкото седиште ќе има поставен определен товар.
 Доколку на совозачкото седиште се постави тело за амортизирање на
тежината (перница), тежината на совозачот може да се распредели врз
сите делови на седиштето, што може да доведе до нерегистрирање на
совозачот од страна на сензорот.

Предупредувачки звучен сигнал за безбедносни појаси


Кога предупредувачкото светло трепка кога возилото се движи со брзина повисока
од 20 км/час, предупредувачкиот звучен сигнал ќе испушта звук околу 2 минути за
да Ве предупреди дека безбедносниот појас не е врзан.

Пред-затегнувачи за појасите на предните седишта

Механизмот за пред-затегнувње се активира кога возилото ќе биде изложено на


силна фронтална колизија. Пред-затегнувачкиот механизам моментално ги затега
појасите, со што безбедно го задржува горниот дел од телото на патниците и ги
зголемува безбедносните ефекти на самите појаси и на SRS системот на воздушни
перничиња.
Кога ќе дојде до активирање на пред-затегнувачкиот механизам, ова ќе предизвика
појава на оперативен звук и определена миризба.
Пред-затегнувачкиот механизам се активира кога возилото ќе биде изложено на
силна фронтална колизија дури и кога патниците не се врани со безбедносни
појаси.
За повеќе детали, погледнете во секцијата за воздушни перничиња.

ЗАБЕЛЕШКА
Доколку дојде до активирање на пред-затегнувачкиот механизам, пред-
затегнувачите мора да се заменат со нови од страна на Овластениот
дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое
друго квалификувано и опремено лице.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Не вршете модификации и менување на собирачот и другите делови на
појасот.
Таквите модификации ќе ја намалат ефикасност на пред-
затегнувачкиот механизам.
 Консултирајте се со Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот
сервисен центар на Daihatsu или со некое друго квалификувано и
опремено лице во случај кога:
o Вашето возило е изгребано.
o Кога се укажува потреба од отстранување на безбедносните
појаси за предните седишта.
o Пред заварување на делови од возилото.
o Пред поправка на делови од каросеријата.
o Пред поправка на бојата на возилото.
o Пред менување на предницата на возилото.
o Кога на предницата на возилото се монтираат некои
дополнителни елементи како штитници итн.
 Ве молиме запомнете дека Вашето возило е опремено со пред-
затегнувачки механизам. Кога го продавате Вашето возило,
информирајте го купувачот дека возилото е опремено со овој механизам.

Механизам за лимитирање на притисокот

Седиштата за возачот и совозачот се опремени со механизам за лимитирање на


притисокот. Механизмот за лимитирање на притисокот се активира само во случаи
кога возилото ќе биде изложено на силен фронтален удар. Во тој случај, може да
дојде до зголеумување на притисокот кој безбедносниот појас ќе го нанесе врз
патникот. Овој механизам ќе го намали притисокот кој појасот ќе го направи врз
градниот кош на патниците на совозачкото и возачкото седиште.

ЗАБЕЛЕШКА
Постојат ситуации во кои механизмот за лимитирање на притисокот мема да
се активира дури и доколку дојде до активирањ на механизмот за пред-
затегнување.

Систем за врзување на децата

Основни забелешки и предупредување при врзување на децата


Daihatsu најсилно препорачува и наложува употреба на системи за врзување
на малите деца.
Доколку детето е доволно големо (според физичките предиспозиции) за систем за
врзување на деца, тогаш детето треба да седи на задното седиште и мора да биде
врзано со стандардниот безбедносен појас на возилото. Погледнете го делот
„Појаси за задржување со врзување во три точки“.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 За ефикасна заштита при автомобилските несреќи и ненадејни
сопирања, децата мораат соодветно да бидат затегнати со користење на
стандардните безбедносни појаси или со системот за врзување на деца,
во зависност од возраста и физичките предиспозиции. Држењето на дете
во Вашите раце не е замена за употребата на систем за врзување на
децата. Во случај на несреќа, детето може да се удри во шофершајвната
или може да биде притиснато помеѓу Вашето тело и внатрешноста на
возилото.
 Daihatsu најзилно ја препорачува и наложува употребата на соодветен
систем за врзување на деца (детско седиште) кој ќе биде во согласност
со физичката големина на детето и кој ќе биде поставен на задното
седиште. Според статистичките податоци за сообраќајните несреќи,
децата се побезбедни кога се соодветно затегнати на задното седиште.
 Не ставајте го детското седиште на предното седиште во возилото. Тоа
може да доведе до сериозни повреди па дури и губење на животот во
случај на несреќа. Во случај на несреќа, силата која се ослободува од
брзото надувување на воздушние перничиња може а предизвика
сериозни повреди па дури и губење на животот на детето.
 (За возила опремени со SRS странични воздушни перничиња и
воздушни завеси)
Не дозволувајте им на децата да се навалуваат на или околу вратите на
возилото дури и во случај кога детето е сместено во систем за врзување
на деца (детско седиште). Постои опасност доколку страничните
воздушни перничиња или воздушните завеси се надуваат што може да
предизвика сериозни повреди или губење на животот на децата.
 Уверете се дека успешно сте ги извршиле процедурите и инструкциите
за монтирање на системот за врзување на деца според упатството на
производителот на системот. Проверете дали системот е безбедно
позициониран.

Систем за врзување на децата


Системот за врзување на малите деца или бебиња мора самиот да биде добро
зацврстен на самото седиште од автомобилот со долниот дел од безбедноосниот
појас. Вие морате внимателно да се придржувате кон инструкциите на
производителот на системот наведени во прирачникот кој оди заедно со системот.
За да обезбедите најдобра заштита на децата, употребувајте го системот според
инструкциите на производителот кои се однесуваат на возраста и физичката
големина на децата.
Daihatsu Ви препорачува да употребувате систем за врзување на децата кој е во
согласност со регулативата „ECE No.44“.
Монтирајте го системот за врзување на децата правилно со следење на упатствата
од производителот. Основните правила при монтирањето се објаснети и во
подолните илустрации. Системот за врзување на децата треба да биде поставен на
задното седиште од возилото. Според статистичките податоци за сообраќајните
несреќи, децата се побезбедни кога се соодветно затегнати на задното седиште.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

 Не ставајте го детското седиште на предното седиште во возилото. Тоа


може да доведе до сериозни повреди па дури и губење на животот во
случај на несреќа. Во случај на несреќа, силата која се ослободува од
брзото надувување на воздушние перничиња може а предизвика
сериозни повреди па дури и губење на животот на детето.
 (За возила опремени со SRS странични воздушни перничиња и
воздушни завеси)
Не дозволувајте им на децата да се навалуваат на или околу вратите на
возилото дури и во случај кога детето е сместено во систем за врзување
на деца (детско седиште). Постои опасност доколку страничните
воздушни перничиња или воздушните завеси се надуваат што може да
предизвика сериозни повреди или губење на животот на децата.
 По поставувањето на детското седиште, уверете се дека истото е
безбедно затегнато. Во спротивно, тоа може а предизвика сериозни
повреди или дубење на животот на детето во случај на несреќа или
пстро сопирање.

Кога не го употребувате системот за врзаување на децата, чувајте го на безбедно


место и не ставајте го во патничкиот простор во возилото. Така, ќе ги заштитите
патниците од можни повреди во случај на несреќа или остро сопирање.

Тип на безбедносните појаси


ALR (Automatic Locking Retractor) – Собирач со автоматско заклучување
Овој појас се заклучува кога ќе дојде до негово ненадејно и комплетно
оптегнување. Кога раменскиот дел од појасот комплетно ќе се оптегне и кога во тој
случај само малку ќе се повлече, собирачот веднаш го заклучува појасот е не
дозволува негово оптегнување. Кога го поставувате системот за врзување на децата,
комплетно оптегнете го безбедносниот појас за да го активирате автоматското
заклучување на појасот.
ALR појасите се опремени и на задните седишта од возилото, освен за централното
задно седиште.

Типови на системи за врзување на децата (За спецификации од ЕУ)


Системите за врзување на децата се класифицирани во следните пет групи според
регулативата ECE No.44.
До 10 кг (22 lb.)
Група 0
(0-9 месеци)
До 13 кг (28 lb.)
Група 0+
(0–2 години)
9–18 кг (20–39 lb.)
Група I
(9 месеци – 4 години)
15–25 кг (34–55 lb.)
Група II
(4–7 години)
22–36 кг (49–79 lb.)
Група III
(6–12 години)

Во овој прирачник се објаснети следните три популарни типови на системи за


врзување на децата кои се затегнуваат со безбедносните појаси од возилото.
1) Седиште за бебе – Одговара на групите 0 и 0+ од претходната табела
(регулатива ECE No.44).
2) Седиште за дете – Одговара на групите 0+, I и II од претходната табела
(регулатива ECE No.44).
3) Седиште за поголеми деца – Одговара на групата III од претходната табела
(регулатива ECE No.44).

Кога го купувате системот за врзување на децата (детското седиште), прашајте го


производителот кој тип на систем е соодветен за Вашето дете и Вашето возило.
Осврнувајќи се на претходната табела, изберете го системот за врзување на децата
кој одговара за секоја позиција на седење.
Осврнете се на страницата 3-19.
Вашето возило е опремено со држачи за зацврстување на горниот дел од детското
седиште. Погледнете го делот „Употреба на горните држачи“.
Во Вашето возило може да се употреби и систем за врзување на децата од типот
ISOFIX, кој е одобрен за употреба. Погледнете го делот „Поставување на детско
седиште со ISOFIX прицврстувач“.
Поставете го детското седиште следејќи ги инструкциите од производителот.

Типови на системи за врзување на децата

(1) Седиште за бебиња


(2) Седиште за деца
(3) Седиште за поголеми деца
Соодветни позиции за лоцирање на детското седиште – За ЕУ
Информациите во оваа табела покажуваат дали детското седиште е погодно за
лоцирање на определените седишта во возилото.

1. Конвенционален систем за врзување на децата

Позиција на седиште
Совозачко седиште
Група Опфат Мануелно копче за Задно Задно
воздушно перниче странично централно
ON OFF
До 10 кг
0 (22 lb.) X U U U
(0-9 месеци)
До 13 кг
0+ (28 lb.) X U U U
(0–2 години)
9–18 кг
(20–39 lb.)
I X U U U
(9 месеци – 4
години)
15–36 кг
II и III
(34–79 lb.) X U U U
(4–12 години)

Кратенките во табелата го означуваат следново:


U – Соодветно за „универзалните“ системи за врзување на децата одобрени за
употреба за оваа група.
X – Позицијата на седиштето не е соодветна за децата кои припаѓаат во оваа група.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
(За возилата опремени со мануелно копче за вклучување/исклучување на
совозачкото воздушно перниче) - Не поставувајте детско седиште на
совозачкото седиште кога копчето за совозачкото воздушно перниче е ставено
во позиција ON.
(Освен за возилата кои се опремени со мануелно копче за
вклучување/исклучување на совозачкото воздушно перниче) - Не поставувајте
детско седиште на совозачкото седиште.

2. ISOFIX систем за врзување на децата


Позиција
Група Класа Опис Задно странично
седиште
F ISO / L1 UL
Новороденче
G ISO / L2 UL
Група 0
До 10 кг (22 lb.) E ISO / R1 UR
(0-9 месеци)
Група 0+ E ISO / R1 UR
До 13 кг (28 lb.) D ISO / R2 UR
(0–2 години) C* ISO / R3 UR
D ISO / R2 UR
Група I
C* ISO / R3 UR
9–18 кг (20–39 lb.)
B ISO / F2 UF
(9 месеци – 4
B1 ISO / F2X UF
години)
A ISO / F3 UF
Група II
15–25 кг (34–55
- - X
lb.)
(4–7 години)
Група III
22–36 кг (49–79
- - X
lb.)
(6–12 години)

* - Може да се постави под следниве услови:


Шината на седиштето.....2 има жлебови пред средината
Аголот на седиштето од возилото.....Во исправена позиција

Кратенките во табелата го означуваат следново:

UF – Соодветно за „универзалната“ категорија на детски седишта (завртени со


лицето нанапред) одобрени за употреба за овој тежински интервал.
UR – Соодветно за „универзалната“ категорија на детски седишта (завртени со
лицето наназад) одобрени за употреба за овој тежински интервал.
UL - Соодветно за „универзалната“ категорија на детски седишта одобрени за
употреба за овој тежински интервал.
X – Седечката позиција не е соодветна за децата во овој тежински интервал

3. Систем за врзување на децата од производителот

Група Препорачано детско седиште


Група 0 BRITAX / ROMER
До 10 кг (22 lb.) BABY-SAFE plus
(0-9 месеци) (без ISOFIX)
Група 0* BRITAX / ROMER
До 13 кг (28 lb.) BABY-SAFE plus
(0–2 години) (без ISOFIX)
Група I BRITAX / ROMER
9–18 кг (20–39 lb.) DUO plus
(9 месеци – 4 години) (со ISOFIX)

Во возилото може да се употребуваат и други системи за врзување на децата кои се


различни од системите споменати во претходните табели. Нивната употреба мора
внимателно да се провери од страна на производителот и продавачот на системот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Употребата на систем за врзување на децата кој не е соодветен за ова возило
нема соодветно да ги заштити неговите корисници – бебињата и децата.
Несоодветното детско седиште може да доведе до сериозни повреди и губење на
животот на бебињата и децата.

Зацврстување на системот за врзување на децата со безбедносниот појас (ALR


појас)

1) Поставување на седиште за бебиња


Седиштето за бебиња се поставува само во позиција со лицето завртено
наназад.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Не поставувајте систем за врзување на децата на задното седиште
доколку истиот му попречува на механизмот за заклучување на
предното седиште. Ова може да предизвика сериозни повреди па дури и
губење на животот на децата и предните патници во случај на ненадејно
сопирање или колизија.
 Доколку позицијата на седење на возачот не овозможува доволен
простор, поставете го детското седиште на спровитното странично задно
седиште. На пример, поставете го на десното задно седиште кај возилата
со управувач од левата страна, односно поставете го на левото задно
седиште кај возилата со управувач од десната страна.

1. Спроведете го безбедносниот појас низ или околу детското седиште следејќи


ги инструкциите на производителот и вметнете го металното јазиче во
жлебот на појасот. Внимавајте да не дојде до превртување на појасот и
зацврстете го долниот дел од појасот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 По внесувањето на јазичето во жлебот, уверете се дека истите се
заклучени и дека долниот и раменскиот дел од појасот не се
превртени.
 Не вметнувајте ситни премети како парички во жлебот затоа што
ова може да го попречи соодветното внесување и заклучување на
жлебот и јазичето.
 Доколку безбедносниот појас несоодветно го зацврстува детското
седиште, тоа нема да го заштити вашето дете од повреда.
Контактирајте со Овластениот дистрибутер на Daihatsu,
Овластениот сервисен центар на Daihatsu или со некое друго
квалификувано и опремено лице. Не употребувајте го системот за
врзување на децата (детското седиште) кога безбедносниот појас е
собран.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Уверете се дека детското седиште е безбедно зацврстено со негово
подбутнување и влечење во сите насоки. Следете ги сите инструкции од
производителот на детското седиште.

2. За отстранување на седиштето за бебиња, најнапред треба да го одврзете


безбедносниот појас. Притиснете го копчето за одврзување на појасот кое се
наоѓа на неговиот жлеб. Појасот автоматски ќе се собере и ќе биде подготвен
за повторна употреба.

2) Поставување на седиште за деца

Седиштето за деца се поставува со лицето нанапред или наназад во зависност од


возраста и физичките карактеристики на детето. Кога се поставува седиштето,
следете ги инструкциите од производителот кои се однесуваат на возраста и
физичките карактеристики на детето. Следете ги директивите за поставување на
седиштето.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Не поставувајте систем за врзување на децата на задното седиште
доколку истиот му попрачува на механизмот за заклучување на
предното седиште. Ова може да предизвика сериозни повреди па дури и
губење на животот на децата и предните патници во случај на ненадејно
сопирање или колизија.
 Доколку позицијата на седење на возачот не овозможува доволен
простор, поставете го детското седиште на спровитното странично задно
седиште. На пример, поставете го на десното задно седиште кај возилата
со управувач од левата страна, односно поставете го на левото задно
седиште кај возилата со управувач од десната страна.
ЗАБЕЛЕШКА
Доколку детското седиште му попречува на потпирачот за глава на седиштето,
отстранете го потпирачот. Потоа, поставете го детското седиште.

1. Спроведете го безбедносниот појас низ или околу детското седиште следејќи


ги инструкциите на производителот и вметнете го металното јазиче во
жлебот на појасот. Внимавајте да не дојде до превртување на појасот и
зацврстете го долниот дел од појасот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 По внесувањето на јазичето во жлебот, уверете се дека истите се
заклучени и дека долниот и раменскиот дел од појасот не се
превртени.
 Не вметнувајте ситни премети како парички во жлебот затоа што
ова може да го попречи соодветното внесување и заклучување на
жлебот и јазичето.
 Доколку безбедносниот појас несоодветно го зацврстува детското
седиште, тоа нема да го заштити вашето дете од повреда.
Контактирајте со Овластениот дистрибутер на Daihatsu,
Овластениот сервисен центар на Daihatsu или со некое друго
квалификувано и опремено лице. Не употребувајте го системот за
врзување на децаа (детското седиште) кога безбедносниот појас е
собран.

2. Комплетно оптегнете го раменскиот дел од појасот за да овозможите негово


заклучување. Така, при обид појасот да биде оптегнат, истиот нема да може
повеќе да се оптегне.
3. Држете го детското седиште безбедно кога ќе му дозволите на
безбедносниот појас да се собере.
4. Додека цврсто го притискате детското седиште кон потпирачот на
седиштето, дозволете му на безбедносниот појас самиот да се собере.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Уверете се дека детското седиште е безбедно зацврстено со негово
подбутнување и влечење во сите насоки. Следете ги сите инструкции од
производителот на детското седиште.

5. За отстранување на седиштето за бебиња, најнапред треба да го одврзете


безбедносниот појас. Притиснете го копчето за одврзување на појасот кое се
наоѓа на неговиот жлеб. Појасот автоматски ќе се собере и ќе биде подготвен
за повторна употреба.

3) Поставување на седиште за поголеми деца


Седиштето за поголеми деца се поставува само во позиција со лицето нанапред.

1. Седнете го детето во детското седиште. Спроведете го безбедносниот појас


низ или околу детското седиште следејќи ги инструкциите на
производителот и вметнете го металното јазиче во жлебот на појасот.
Внимавајте да не дојде до превртување на појасот и зацврстете го долниот
дел од појасот.
2. Уверете се дека раменскиот дел од појасот е безбедно позициониран преку
рамото на детето. Уверете се дека долниот дел о дпојасот е безбедно
поставен што е можно пониско на колковите на детето. Погледнете го делот
„ Појаси за задржување со врзување во три точки“.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Секогаш уверувајте се дека раменскиот дел од појасот е позициониран
перку централниот дел од рамото на детето. Појасот треба да биде
поставен подалеку од вратот на детето, а истовремено да не паѓа од
неговото рамо. Не следењето на овие инструкции може да ја намали
заштитната функција на детското седиште и да предизвика сериозни
повреди и губење на животот во случај на остро сопирање или колизија.
 Двата делови на безбедносниот појас (раменскиот и долниот) може да
предизвикаат сериозни повреди доколку дојде до пролизгување на
телото на детето под нив во случај на колизија или друга непредвидена
ситуација. Долниот дел од појасот треба да биде позициониран што е
можно пониско на колковите на детето.
 За безбедност на децата, не позиционирајте го раменскиот дел од појасот
под неговата рака.
 По вметнувањето на металното јазиче на појасот во неговиот жлеб,
уверете се дека тие се безбедно заклучени и дека безбедносниот појас не
е превртен.
 Не вметнувајте ситни премети како парички во жлебот затоа што ова
може да го попречи соодветното внесување и заклучување на жлебот и
јазичето.
 Доколку безбедносниот појас несоодветно го зацврстува детското
седиште, тоа нема да го заштити вашето дете од повреда. Контактирајте
со Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар
на Daihatsu или со некое друго квалификувано и опремено лице. Не
употребувајте го системот за врзување на децаа (детското седиште) кога
безбедносниот појас е собран.

3. За отстранување на седиштето за поголеми деца, притиснете го копчето за


отклучување на појасот (кое се наоѓа на жлебот) и дозволете му на појасот
автоматски да се собере.
Употреба на горниот ремен

Придржувајте се кон следнава процедура кога поставувате детско седиште кое


бара употреба на горниот ремен.

 Употребете ги прицврстувачите за прикотвување кои се наоѓаат позади


задното седиште. Прикачете го горниот ремен за нив. Поставете ги
прицврстувачите на задните странични седишта.
 (За ЕУ)
Симболот ја покажува позицијата на прицврстувачот за прикотвување.

Употреба на прицврстувачот за прикотвување

1. (Кај детски седишта што гледаат нанапред) – Подигнете го потпирачот за


глава на седиштето на возилото.
(Кај детски седишта што гледаат наназад) – Отстранете го потпирачот за
глава од седиштето на возилото.
2. Прицврстете го детското седиште со безбедносниот појас.
3. Прикачете ја куката од горниот ремен со прицврстувачите за прикотвување и
прицврстете го горниот ремен. Прикачете ја куката од пониската страна. За
полесно прикачување, се препорачува мало закосување на куката.

За инструкциите околу поставувањето на детското седиште, видете во делот


„Систем за врзување на децата“.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Уверете се дека горниот ремен е безбедно прикотвен, и проверете дали
детското седиште е безбедно зацврстено со негово влечење и туркање во сите
насоки. Следете ги сите инструкции од производителот на детското седиште.

Поставување на детско седиште со ISOFIX прикотвување


(ISOFIX систем за врзување на децата)

Уникатните метални прицврстувачи за детските седишта кои се во согласност


со ISO стандардите се поставени на задните странични седишта.
 ISOFIX системите за прикотвување се наоѓаат помеѓу потпирачот и седлото
на задните странични седишта во возилото.
 (За ЕУ) – Сликата ја покажува позицијата на уникатните метални
прицврстувачи.
 Системите за врзување на децата кои користат квази-ISO стандарди може да
се прикотват со уникатните метални прицврстувачи. Во тој случај, нема
потреба од врзување на детското седиште со безбедносниот појас од
возилото.
ЗАБЕЛЕШКА
Побарајте информација од производителот на детското седиште дали истото е
одобрено за ваквиот начин на прикотвување (зацврстување).

Поставување на детското седиште

1. Полека проширете го просторот помеѓу потпирачот и седлото на седиштето


и увидете ја позицијата на металните прицврстувачи.
2. Поместете ги предните седишта нанапред.
3. Навалете го потпирачот и поврзете ги куките со металните прицврстувачи.
Потоа, вратете го потпирачот за да ја осигурате безбедноста на детското
седиште.
4. доколку имте горен ремен, детското седиште треба да се зацврсти и со него.
(За употреба на ременот, погледнете го делот „Употреба на горен ремен“

За деталите околу поставувањето, погледнете ги прирачниците за употреба кои


доаѓаат со сите овие производи.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Кога ги употребувате уникатните метални прицврстувачи за
прикотвување на детското седиште, уверете се дека нема никакви
предмети околу прицврстувачите и дека безбедносниот појас не е
потфатен.
 Уверете се дека детското седиште е безбедно поставено со негово
поттурнување и повлекување во сите правци. Следете ги сите
инструкции од производителот на детското седиште.
 Кога ги употребувате уникатните метални прицврстувачи за
прикотвување на детското седиште, уверете се дека седиштето на
возилото е близу до детското седиште.
 По прицврстувањето на детското седиште, никогаш не навалувајте го
седиштето на возилото.

SRS Воздушни перничиња – систем за дополнително задржување

 SRS воздушните перничиња се конструирани да се надуваат во истиот


момент кога сензорот ќе регистрира колизија која е повисока од
предвиденото ниво (силен удар кој предизвикува сериозни повреди)
предизвикана од сериозен удар на предниот дел од возилото.
 Така, во комбинација со функцијата на безбедносните појаси за заштита на
телата на возачот и совозачот, SRS воздушните перничиња го намалуваат
влијанието на ударот кое се врши врз лицата, главите, градите и другите
делови од телото на возачот и совозачот.

Воздушно перниче за возачот


Воздушно перниче за совозачот

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Уверете се дека безбедносниот појас е безбедно врзан. SRS воздушните
перничиња се помошни елелемнти кои по својата природа не се замена
за безбедносните појаси. Доколку не ги поставите безбедносните појаси
соодветно, тоа во голема мера ќе ги зголеми можностите за сериозни
повреди или губење на животот во случај на колизија, дури и доколку
возилото е опремено со воздушни перничиња.
 Секогаш поставувајте го седиштето и неговиот потпирач во нивната
оптимална позиција. Доколку седиштето и неговиот потпирач не се во
оптималната позиција, тоа носи опасност од спречување на
заштитиниот ефект на воздушните перничиња, што може да предизвика
сериозни повреди на патниците во случај на колизија.
 Секогаш седете соодветно и доволно длабоко за да одржувате безбедно
растојание помеѓу воланот и Вашето тело (за возачот), односно помеѓу
Вашето тело и инструмент панелот (за совозачот). Исто така, не
навалувајте се настрана врз вратата. Доколку ова предупредувањ не се
почитува, тоа може да резултира со сериозни повреди па дури и губење
на животот на патниците во случај на силна фронтална колизија дури и
доколку дојде до отворање на воздушните перничиња.
 Не извлекувајте го управувачот, инструмент-панелот или другите
поврзани делови. Исто така, не изложувајте ги овие делови од возилото
на силни удари. Доколку ова предупредувањ не се почитува, тоа може
да резултира со нефункционирање на SRS воздушните перничиња.
 Никогаш не модифицирајте и не расклопувајте ги SRS воздушните
перничиња.
 Не допирајте го просторот од каде воздушните перничиња се надувуваат
30 минути по нивното надувување. Делот од кој воздушните перничиња
се надувуваат може да биде екстремно жежок веднаш по надувувањето
на перничињата. Допирањето на овој простор може да предизвика
сериозни изгореници.
 Не седете на крајот на седиштето. Не наведнувајте се кон инструмент-
панелот. Исто така, не дозволувајте им на децата да стојат пред
системот на SRS воздушните перничиња. Не држете ги децата во
Вашиот скут. Поради тоа што SRS воздушното перниче се надувува
одеднаш, постои потенцијална опасност од сериозни повреди на
патникот како резултат на силниот удар од перничето кој се создава при
отворањето на перничето.
 Седнете ги децата на задното седиште и врзете ги со безбедносен појас.
 Поставете го детското седиште на задното седиште од возилото кај
децата кои се недоволно големи за да ги носат стандардните безбедносни
појаси.
 Екстремна опасност! Не употребувајте детско седиште кое гледа
наназад на седиште кое е заштитено со воздушно перниче! Употребата
на детско седиште кое гледа наназад во оваа ситуација е опасна затоа
што задниот дел од детското/бебешкото седиште е премногу блиску до
SRS воздушното перниче. Ваквата ситуација може да предизвика
сериозни повреди на детето/бебето како последица на силниот удар кој
ќе се создаде при надувувањето на воздушното перниче.
 (За возилата опремени со мануелно копче за вклучување/исклучување
на воздушното перниче за совозачкото седиште) – не поставувајте го
детското седиште на совозачкото седиште кога копчето за вклучување
на воздушното перниче е ставено во позиција „ON“ (перничето е
вклучено). Осврнете се на инструкциите за мануелното копче за
вклучување/исклучување на воздушното перниче за совозачкото
седиште.
 (Освен за возилата опремени со мануелно копче за
вклучување/исклучување на воздушното перниче за совозачкото
седиште) – Не поставувајте го детското седиште на совозачкото седиште.
 Никогаш не обидувајте се да ги модифицирате SRS натписите на
управувачот и инструмент-панелот. Доколку ова предупредување не се
почитува, тоа може да предизвика несоодветно надувување на
воздушното перниче.
 Не ставајте никакви предмети на инструмент-панелот и не закачувајте
чадор да виси над инструмент-панелот. Исто така, не ставајте никакви
ситени предмети на предното и страничните стакла. Доколку не се
почитува ова предупредување, тоа може да доведе до несоодветно
надувување на воздушните перничиња или до исфрлање на овие
предмети кон внатрешноста на возилото кога воздушните перничиња
ќе се надуваат, што може да предизвика повреди кај патниците.
 Не нанесувајте прекумерна сила (на пример со силно потчукнување)
врз деловите од кои излегуваат SRS воздушните перничиња како што се
управувачот и инструмент-панелот. Постои опасност доколку ова
предупредување не се почитува, затоа што тоа може да предизвика
несоодветно функционирање на SRS воздушните перничиња, што може
да доведе до сериозни повреди кај патниците.
 Со цел да им овозможите на SRS воздушните перничиња да ги дадат
своите најдобри заштитни резултати, придржувајте се кон следниве
инструкции:
o Не модифицирајте и не менувајте го управувачот, другите делови
од системот на SRS воздушните перничиња и суспензивниот
систем.
o Не монтирајте дополнителни делови како штитници на предниот
дел од возилото.
 Затоа што радио брановите од безжичните електронски направи може да
влијаат врз компјутерот кој ги контролира SRS воздушните перничиња,
Ве молиме доколку сакате да монтирате некој таков или сличен уред во
Вашето возило да се консултирате со Овластениот дистрибутер на
Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или со некое друго
квалификувано и опремено лице.
 Затоа што SRS воздушните перничиња се надувуваат со огромна брзина,
патниците може да се здобијат со ситни гребаници или изгореници кои
може да дојдат како резултат на работата на системот на SRS
воздушните перничиња.

ВНИМАНИЕ
 Гасот кој се ослободува при надувувањето на воздушните перничиња
содржи мало количество на стимуланс, чие количество не е опасно за
лице во нормална здравствена состојба. Сепак, овој стимуланс може да
предизвика респираторни проблеми и алергиски реакции.
Затоа, кога ќе дојде до надувување на воздушните перничиња, отворете
ги прозорците за во возилото да влезе чист и свеж воздух или излезете од
возилото доколку тоа е безбедно.
Исто така, дококу почувствувате иритација на Вашата кожа, очи, нос
или грло, измијте го иритираниот дел од телото со студена вода.
Вдишете чист воздух доколку Вашиот нос или грло биле иритирани.
Доколку иритацијата продолжи, консултирајте се со Вашиот доктор.
 Постојат случаи (колизија) во кои може да дојде до кршење на предното
стакло (шофершајвната) од надуваното воздушно перниче во делот кај
совозачот.
 SRS воздушните перничиња не може повторно да се употребуваат
откако веќе еднаш биле надувани. По еднократната употреба,
воздушните перничиња треба да се заменат од страна на Овластениот
дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или
од некое друго квалификувано и опремено лице.
 Консултирајте се со Овластениот дистрибутер на Daihatsu во
горенаведените случаи. Доколку самостојно ги замените воздушните
перничиња, системот на воздушни перничиња неправилно ќе
функционира што може да предизвика сериозни повреди. Самостојното
вршење на следниве дејствија ќе биде причина за неправилното
функционирање на системот на воздушни перничиња:
o Отворање или вадење на управувачот.
o Поправки на предницата на возилото.
o Инсталирање на аудио опрема.
o Отстранување на воздушните перничиња.
o Кога Вашето возило ќе биде изгребано.
 Доколку имате намера да ги отстраните воздушните перничиња, Ве
миолиме консултиајте се со Овластениот дистрибутер на Daihatsu,
Овластениот сервисен центар на Daihatsu или со некое друго
квалификувано и опремено лице. Непочитувањето на ова
предупредување може да предизвика несоодветно функционирање на
системот на SRS воздушни перничиња и да доведе до повреди.
 Доколку забележите гребаници или пукнатини на површината под која
е сместено воздушното перниче, обратете се кај Овластениот сервисен
центар на Daihatsu кој ќе изврши замена на оштетениот дел. Во
спротивно, може да дојде до неправилно функционирање на системот на
SRS воздушните перничиња што може да предизвика повреди во случај
на колизија.

ЗАБЕЛЕШКА
(За возила опремени со SRS воздушни завеси и SRS странични воздушни
перничиња) - SRS воздушните перничиња, SRS воздушните завеси и SRS
страничните воздушни перничиња се отвораат при различни типови на удари
односно при удари од различни страни. Затоа, можна е појава на следните
ситуации:
 Доаѓа до отворање само на SRS воздушните перничиња.
 Доаѓа до отворање само на SRS воздушните завеси и SRS страничните
воздушни перничиња.
 Доаѓа до отворање само на SRS воздушните завеси.

Случаи во кои воздушните перничиња се отвораат


SRS воздушните перничиња се отвораат (надувуваат) кога предниот дел од
возилото ќе биде изложен на силен фронтален удар. Истовремено, доаѓа до
активирање на пред-затегнувачкиот систем кај безбедносните појаси.
Како посебен случај, SRS воздушните перничиња може да се отворат кога долниот
дел (дното) на возилото ќе биде изложен на силен удар од некоја пречка на патот во
текот на возењето. Воздушните перничиња може да се отворат во случај:
 Кога возилото ќе удри во тротоар при голема брзина на движење.
 Кога возилото ќе падне во длабока дупка или ендек.
 Кога возилото ќе скокне и ќе падне на површината.

(Слики)
Тротоар
Длабока дупка или ендек

Случаи во кои воздушните перничиња не се отвораат


SRS воздушните перничиња може да не се отворат и во претходните случаи
доколку ударот не е доволно силен или доколку ударот бил апсорбиран од системот
за амортизација на возилото, без разлика на тоа дали возилото е сериозно оштетено
или не.
Воздушните перничиња нема да се отворат во случаите:
 Кога возилото ќе биде изложено на фронтална колизија при брзина на
движење пониска о 25 км/час (16 милји/час).
 Кога возилото ќе удри во електричен столб, дрво итн.
 Кога возилото ќе удри во некоја пречка под агол од над 300 во однос на
директниот фронтален удар.
 Кога SRS предупредувачкото светло за воздушните перничиња е вклучено.
 Кога возилото ќе отиде под задниот дел на некое товарно возило.
 Кога возилото ќе биде изложено на странични или удари одзади.
 Кога возилото ќе се заврти настрана или ќе се преврти наопаку.
Воздушните перничиња нема да се отворат и во следниот случај:
 Кога возилото ќе биде изложено на удар во ситуација кога клучот во
бравата е завртен во позиција „LOCK“ или „ACC“.

SRS странични воздушни перничиња и SRS воздушни завеси

SRS страничните воздушни перничиња и SRS воздушните завеси се направени да


се отвораат веднаш откако сензорот ќе регистрира удар кој е над дозволеното ниво
(удар кој предизвикува сериозни повреди) и кој доаѓа како резултат на странична
сериозна колизија на возилото.

SRS странични воздушни перничиња

Како дополнување на заштитната функција на безбедносните појаси кои го


задржуваат телото на патникот, SRS страничните воздушни перничиња го
намалуваат ударот кој се нанесува на градите односно горниот дел од телото на
патниците на предните седишта (возачот и совозачот).

SRS воздушни завеси


Како дополнување на заштитната функција на безбедносните појаси кои го
задржуваат телото на патникот, SRS воздушните завеси се направени главно да го
намалат ударот врз главите на возачот, совозачот и другите патници кои се наоѓаат
на задните странични седишта.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Уверете се дека безбедносните појаси се безбедно врзани. SRS
странични воздушните перничиња и SRS воздушните завеси се
опрема за дополнителна заштита што по дефиниција значи дека тие
не се замена за безбедносните појаси. Доколку безбедносниот појас
не е соодветно врзан, тоа во голема мера ќе ги зголеми шансите за
добивање сериозни повреди и губење на животот во случај на
колизија, и покрај тоа што возилото е опремено со SRS странични
воздушни перничиња и SRS воздушни завеси.
 Секогаш позиционирајте го седиштето и неговиот потпирач во
нивната оптимална позиција. Доколку седиштето и неговиот
потпирач не се поставени во нивната оптимална позиција, тоа ќе го
намали заштитниот ефект на SRS страничните воздушни
перничиња и SRS воздушните завеси, што може да предизвика
сериозни повреди на патниците во злучај на колизија.
 Секогаш седете соодветно и доволно длабоко за да одржувате
безбедно растојание помеѓу воланот и Вашето тело (за возачот),
односно помеѓу Вашето тело и инструмент панелот (за совозачот).
Исто така, не навалувајте се настрана врз вратата. Доколку ова
предупредувањ не се почитува, тоа може да резултира со сериозни
повреди па дури и губење на животот на патниците во случај на
силна фронтална колизија дури и доколку дојде до отворање на SRS
страничните воздушни перничиња и SRS воздушните завеси.
 Никогаш не модифицирајте и не расклопувајте ги SRS страничните
воздушни перничиња и SRS воздушните завеси.
 Не допирајте го просторот од каде SRS страничните воздушни
перничиња и SRS воздушните завеси се надувуваат 30 минути по
нивното надувување. Делот од кој SRS страничните воздушни
перничиња и SRS воздушните завеси се надувуваат може да биде
екстремно жежок веднаш по надувувањето на перничињата.
Допирањето на овој простор може да предизвика сериозни
изгореници.
 Седнете ги децата на задното седиште и врзете ги со безбедносен
појас.
 Поставете го детското седиште на задното седиште од возилото кај
децата кои се недоволно големи за да ги носат стандардните
безбедносни појаси.
 Никогаш не прилепувајте предмети на деловите од кои SRS
страничните воздушни перничиња и SRS воздушните завеси се
отвораат. Доколку не се почитува ова предупредување, може да дојде
до неправилно отворање (надувување) на SRS страничните
воздушни перничиња и SRS воздушните завеси.
 Никогаш не вршете корекции, монтирање или поправки на
предните седишта. Непочитеувањето на ова предупредување може
да доведе до нефункционалност на SRS страничните воздушни
перничиња во итни случаи. Консултирајте се со Овластениот
дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu
или со некое друго квалификувано и опремено лице.
 Никогаш не поставувајте прекривки на предните седишта кои не се
оригинални Daihatsu прекривки или други прекривки од ист
квалитет. Доколку делот во кој се отвораат SRS страничните
воздушни перничиња на предните седишта е покриен, постои
можност од нивно несоодветно отворање.
 Никогаш не монтирајте било какви други делови освен
оригиналните Daihatsu резервни делови или резервни делови со ист
квалитет на предните врати или блиските површини.
Непочитувањето на ова предупредување може да предизвика
збришување на ваквите делови при потворањето на SRS
страничните воздушни перничиња. Исто така, можно е
предизвикување на повреди кај патниците поради несоодветното
функционирање на SRS страничните воздушни перничиња.
 (За возилата опремени со SRS воздушни завеси) – Никогаш не
монтирајте било какви други делови освен оригиналните Daihatsu
резервни делови или резервни делови со ист квалитет на предното
стакло (шофершајвната), близу каросерискиот столб или на
страничниот покривен дел од внатрешноста на возилото.
Непочитувањето на ова предупредување може да предизвика
збришување на ваквите делови при потворањето на SRS
воздушните завеси Исто така, можно е предизвикување на сериозни
повреди кај патниците поради несоодветното функционирање на
SRS воздушните завеси.
 Не нанесувајте прекумерна сила (со силно потчукнување) на
деловите во кои се вградени SRS страничните воздушни перничиња
и SRS воздушните завеси како што се страничниот дел кај предните
седишта, централниот дел на каросерискиот столб и страничниот
покривен дел од возилото. Непочитувањето на ова предупредување е
опасно, затоа што тоа може да предизвика несоодветно
функционирање на SRS страничните воздушни перничиња и SRS
воздушните завеси, што може да доведе до сериозни повреди кај
патниците.
 За целосно исполнување на заштитната функција на SRS
страничните воздушни перничиња и SRS воздушните завеси,
следете ги следниве инструкции:
o Не модифицирајте и не менувајте ги деловите поврзани со
системот на SRS страничните воздушни перничиња и SRS
воздушните завеси и со суспензивниот систем на возилото.
o Не монтирајте некои дополнителни елементи (како
штитници) на предниот дел од возилото.
 Затоа што радио брановите од безжичните електронски направи
може да влијаат врз компјутерот кој ги контролира SRS
страничните воздушни перничиња и SRS воздушните завеси, Ве
молиме доколку сакате да монтирате некој таков или сличен уред во
Вашето возило да се консултирате со Овластениот дистрибутер на
Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или со некое
друго квалификувано и опремено лице.
 Затоа што SRS страничните воздушни перничиња и SRS
воздушните завеси се надувуваат со огромна брзина, патниците
може да се здобијат со ситни гребаници или изгореници кои може да
дојдат како резултат на работата на системот на SRS страничните
воздушни перничиња и SRS воздушните завеси.

ВНИМАНИЕ
 Гасот кој се ослободува при надувувањето на SRS страничните
воздушни перничиња и SRS воздушните завеси содржи мало количество
на стимуланс, чие количество не е опасно за лице во нормална
здравствена состојба. Сепак, овој стимуланс може да предизвика
респираторни проблеми и алергиски реакции.
Затоа, кога ќе дојде до надувување на SRS страничните воздушни
перничиња и SRS воздушните завеси, отворете ги прозорците за во
возилото да влезе чист и свеж воздух или излезете од возилото доколку
тоа е безбедно.
Исто така, дококу почувствувате иритација на Вашата кожа, очи, нос
или грло, измијте го иритираниот дел од телото со студена вода.
Вдишете чист воздух доколку Вашиот нос или грло биле иритирани.
Доколку иритацијата продолжи, консултирајте се со Вашиот доктор.
 SRS страничните воздушни перничиња и SRS воздушните завеси не
може повторно да се употребуваат откако веќе еднаш биле надувани. По
еднократната употреба, SRS страничните воздушни перничиња и SRS
воздушните завеси треба да се заменат од страна на Овластениот
дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или
од некое друго квалификувано и опремено лице.
 Консултирајте се со Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот
сервисен центар на Daihatsu или со некое друго квалификувано и
опремено лице во доленаведените случаи. Доколку самостојно ги
извршите овие операции, тоа може да предизвика неадекватно
функционирање на системот на SRS страничните воздушни перничиња
и SRS воздушните завеси и да доведе до несреќи. Самостојното вршење
на следниве дејствија ќе биде причина за неправилното функционирање
на системот на воздушни перничиња:
o Демонтирање и модифицирање на предните седишта, делот близу
каросерискиот столб или страничниот покривен дел од возилото.
o Отстранување на предните седишта.
o Поправки или модифицирање на предницата на возилото.
o Поправки или модифицирање на страничниот дел на возилото.
o Монтирање на аудио опрема.
o Отстранување на воздушните перничиња.
o Кога возилото ќе биде изгребано.
 Доколку имате намера да ги отстраните SRS страничните воздушни
перничиња и SRS воздушните завеси, Ве миолиме консултиајте се со
Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на
Daihatsu или со некое друго квалификувано и опремено лице.
Непочитувањето на ова предупредување може да предизвика
несоодветно функционирање на системот на SRS страничните воздушни
перничиња и SRS воздушните завеси и да доведе до повреди.
 Доколку забележите гребаници или пукнатини на страничните делови
на внатрешноста на возилото близу предните седишта, централниот дел
на каросерискиот столб или страничниот покривен дел каде се сместени
SRS страничните воздушни перничиња и SRS воздушните завеси,
обратете се кај Овластениот сервисен центар на Daihatsu кој ќе изврши
замена на оштетениот дел. Во спротивно, може да дојде до неправилно
функционирање на системот на SRS страничните воздушни перничиња
и SRS воздушните завеси, што може да предизвика повреди во случај на
колизија.

ЗАБЕЛЕШКА
SRS воздушните перничиња, SRS страничните воздушни перничиња и SRS
воздушните завеси се отвораат при различни типови на удари односно при
удари од различни страни. Затоа, можна е појава на следните ситуации:
 Доаѓа до отворање само на SRS воздушните перничиња.
 Доаѓа до отворање само на SRS воздушните завеси и SRS страничните
воздушни перничиња.
 Доаѓа до отворање само на SRS воздушните завеси.

Случаи во кои SRS страничните воздушни перничиња и SRS воздушните


завеси се отвораат
SRS страничните воздушни перничиња и SRS воздушните завеси се отвораат
(надувуваат) кога возилото ќе биде изложено на силен страничен удар.

Случаи во кои SRS страничните воздушни перничиња и SRS воздушните


завеси не се отвораат
SRS страничните воздушни перничиња и SRS воздушните завеси може да не се
отворат и во претходните случаи доколку страничниот удар не е доволно силен или
доколку ударот бил апсорбиран од системот за амортизација на возилото, без
разлика на тоа дали возилото е сериозно оштетено или не.

SRS страничните воздушни перничиња и SRS воздушните завеси нема да се


отворат во случаите:
 Кога нанесенот удар врз возилото доаѓа од дијагонална насока.
 Кога возилото е изложено на страничен удар во точка која не е близу до
патничкиот дел од возилото.
 Кога SRS предупредувачкото светло за воздушните перничиња е вклучено.

Воздушните перничиња нема да се отворат и во следниот случај:


1. Кога возилото ќе биде изложено на удар во ситуација кога клучот во бравата
е завртен во позиција „LOCK“ или „ACC“.

Направа за SRS воздушни перничиња


Мануелен систем за вклучување/исклучување на воздушното перниче (за
совозачот)

Мануелниот систем за вклучување/исклучување на воздушното перниче се состои


од прекинувач за вклучување/исклучување на воздушното перниче и индикационо
светло. Прекинувачот може да го оневозможи активирањето само на предното и
страничните воздушни перничиња за седиштето на совозачот. Индикаторот „AIR
BAG OFF“ се вклучува кога активирањето на воздушните перничиња е
оневозможено.
2. Прекинувачот за вклучување/исклучување на воздушното перниче се наоѓа
во касетата, додека „AIR BAG OFF“ индикаторот се наоѓа во централниот
дел на инструмент-таблата.
Оневозможување на отворањето на воздушните перничиња за совозачот
1. Пред оперирањето со прекинувачот за вклучување/исклучување на
воздушното перниче, запрете го возилото и завртете го клучот во позиција
„LOCK“.
2. Отворете ја вратата на совозачот.
3. Вметнете го клучот во прекинувачот.
4. За да го оневозможите отворањето на предното и страничните воздушни
перничиња за совозачкото седиште, завртете го прекинувачот во позиција
„OFF“.
5. Тогаш ќе дојде до вклучување на „AIR BAG OFF“ индикаторот кој ќе покаже
дека воздушните перничиња за совозачот се деактивирани. Нормално,
индикаторот ќе се вклучи кога ќе го свртите главниот клуч во бравата за
палење во позиција „ON“.
6. По операцијата, секогаш извлекувајте го клучот надвор од прекинувачот за
вклучување/исклучување на воздушните перничиња.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Исклучувањето на воздушните перничиња го оневозможува нивното
отворањето во определени ситуации (колизии), што ја зголемува
можноста од нанесување на сериозни повреди или губење на животот на
совозачот. Се препорачува воздушните перничиња за совозачот да бидат
вклучени („AIR BAG OFF“ индикаторот да биде исклучен).
 Не поставувајте детско седиште на совозачкото седиште во случај кога
воздушните перничиња за совозачкото седиште се вклучени
(мануелниот прекинувач за вклучување/исклучување на воздушните
перничиња е свртен во позиција „ON“).

„AIR BAG OFF“ индикатор

Кога системот функционира нормално, односно кога воздушните перничиња за


совозачот се активирани, индикаторот се вклучува само неколку секунди откако ќе
го завртите клучот за палење на возилото во позиција „ON“ и веднаш потоа се
исклучува.
Кога воздушните перничиња за совозачот се деактивирани, индикаторот постојано
е вклучен.

ВНИМАНИЕ
 Кога ќе дојде до појава на следниве ситуации, мануелниот систем за
воздушните перничиња за совозачот треба веднаш да се провери од
страна на Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен
центар на Daihatsu или од некое друго квалификувано и опремено лице.
 Индикаторот не се вклучува веднаш откако клучот за стартување на
автомобилот ќе се заврти во позиција „ON“.
 Индикаторот се вклучува кога работи моторот иако мануелниот
прекинувач за вклучување/исклучување е ставен во позиција „ON“.
 Индикаторот не се вклучува иако мануелниот прекинувач за
вклучување/исклучување е ставен во позиција „OFF“.

Предупредувачко светло за воздушните перничиња, страничните воздушни


перничиња и воздушните завеси

Кога ќе доде до појава откривање на несоодветно функционирање на системот на


воздушните перничиња, предупредувачкото светло се вклучува за да го информира
возачот дека постојат проблеми во функционирањето на системот на воздушните
перничиња. Кога системот функционира нормално, предупредувачкото светло свети
околу шест секунди секогаш откако клучот за стартување на автомобилот ќе се
заврти во позиција „ON“, а потоа веднаш се исклучува.

 Кога ќе дојде до појава на следниве ситуации, системот на воздушни


перничиња треба веднаш да се провери од страна на Овластениот
дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или
од некое друго квалификувано и опремено лице.

o Предупредувачкото светло не се вклучува веднаш откако клучот


за стартување на автомобилот ќе се заврти во позиција „ON“.
o Предупредувачкото светло се вклучува кога работи моторот.
o Предупредувачкото светло останува вклучен и по шест секунди
откако клучот за стартување на автомобилот ќе се заврти во
позиција „ON“.
o Предупредувачкото светло трепка и по шест секунди откако
клучот за стартување на автомобилот ќе се заврти во позиција
„ON“.
 Кога ќе дојде до појава на несоодветно функционирање на пред-
затегнувачкиот систем на безбедносните појаси, предупредувачкото
светло за воздушните перничиња ќе остане вклучено.

Компјутер за воздушните перничиња

Компјутерот ги контролира SRS воздушните перничиња.


 Доколку Вашето возило е опремено со SRS странични воздушни перничиња
и SRS воздушни завеси (дополнителна опрема), компјутерот ќе ги
контролира и овие воздушни перничиња.

ВНИМАНИЕ
 Компјутерот за контрола на воздушните перничиња не треба да се
поместува или расклопува под никакви околности. Непочитеувањето на
ова предупредување може да предизвика погрешно отворање или
неотворање на SRS воздушните перничиња, SRS страничните воздушни
перничиња и SRS воздушните завеси во итните случаи.
 Треба да се внимава да не дојде до изложување на компјутерот на вода и
други видови течности.
 Никогаш не потчукнувајте го силно компјутерот за воздушните
перничиња или неговите околни делови.
 Компјутерот за воздушните перничиња не може повторно да се
употребува штом еднаш дошло до отворање на воздушните перничиња.
Истиот треба да се замени од страна на Овластениот дистрибутер на
Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго
квалификувано и опремено лице.

Сензори за воздушните перничиња


Сензорите за SRS страничните воздушни перничиња и SRS воздушните завеси
се наоѓаат на страничните делови од предните и задните седишта.

(За возилата опремени со SRS странични воздушни перничиња и SRS


воздушни завеси)
ВНИМАНИЕ
Сензорите за SRS страничните воздушни перничиња и SRS воздушните
завеси не треба да се поместуваат, вадат од возилото или расклопуваат под
никакви околности. Непочитеувањето на ова предупредување може да
предизвика несакано отворање или неотворање на SRS воздушните
перничиња, SRS страничните воздушни перничиња и SRS воздушните
завеси.
Никогаш не потчукнувајте ги силно сензорите за SRS страничните
воздушни перничиња и SRS воздушните завеси или нивните околни
делови.

Секција 4

Инструменти и контроли

Брава за палење...................................................................................... 4-1


Предупредувачки звук за заборавен клуч........................................... 4-2
Повеќенаменска контролна рачка........................................................ 4-3
Предупредувачки звук за заборавени светла...................................... 4-4
Контрола за нивелирање на светлата.................................................. 4-4
Копче за предупредувачки трепкачи................................................... 4-5
Контроли за бришење и миење........................................................... 4-5
Копче за одмаглувач на задно стакло................................................. 4-6
Копче за одмрзнувач на шофершајвната.......................................... 4-7
Копче за светло за магла..................................................................... 4-8
Отвор за електрична енергија............................................................ 4-9
Копче за заклучување на централниот диференцијал..................... 4-10
Копче за контрола на пролизгувањето (TCS).................................. 4-11
Копче за систем за асистирање при удолници ................................ 4-12

Брава за палење

Позиција „LOCK“
Во оваа позиција, клучот може да се вметнува или вади од бравата. Доколку клучот
не сака да се придвижи од оваа позиција, обидете се повторно со нежно вртење на
управувачот на левата и десната страна.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Не вртете го клучот во позиција „LOCK“ додека возилото е во движење.
Ваквата постапка може да резултира со заклучување на управувачот,
што може да доведе до несреќа.
 Не оставајте го клучот во возило без надзор или во возило во кое се
наоѓаат само деца. Доколку ненадејно дојде до вртење на клучот од
позицијата „LOCK“, тоа може да доведе до несакано функционирање на
електриката или на самото возило.

Позиција „ACC“
Во оваа позиција на клучот, моторот на возилото е изгаснат, а патниците може да
оперираат со опремата во возилото како што е аудио системот.

Позиција „ON“
Во оваа позиција работи моторот на возилото.

ВНИМАНИЕ
Никогаш не оставајте го клучот во оваа позиција кога моторот не работи.
Непочитувањето на ова предупредување може да доведе до комплетни
празнење на акумулаторот.

Позиција „START“
Кога клучот ќе се заврти во оваа позиција, со тоа доаѓа до стартување на работата
на моторот. Веднаш по стартувањето на моторот, вратете го клучот во позицијата
„ON“. За дополнителните совети околу палењето на моторот, погледнете ја
секцијата 10.
Предупредувачки звук за заборавен клуч
Предупредувачкиот звук ќе се активира во случај кога ќе отворите една од вратите
на возилото кога клучот е завртен во позиција „ACC“ или „LOCK“. Звукот служи да
Ве потсети да го извадите клучот од бравата.

Повеќенаменска контролна рачка

Контроли за светла
(слика) – Прво ниво
Второ ниво

Завртете го тркалцето на контролната рачка за да ги вклучите светлата.

Позиции за контрола на осветлувањето

Позиција
Прво ниво Второ ниво
Светла
Фарови Исклучени Вклучени
Светла за расчистување Вклучени Вклучени
Задни (штоп) светла Вклучени Вклучени
Светла на регистарски
Вклучени Вклучени
таблички
Светла за иснтрумент-
Вклучени Вклучени
панелот

(Слика) – Долги светла


Трепкање

Вклучување/исклучување на долгите светла


Кога средните светла кај фаровите ќе бидат вклучени, подбутнете ја рачката
нанапред за да ги вклучите долгите светла и вратете ја назад за да се вратите на
средните светла. Кога ќе дојде до вклучување на долгите светла, индикаторот за
долгите светла ќе биде вклучен.

Трепкање со фаровите (блендирање)


Повлечете ја рачката кон Вас и ослободете ја. Опцијата за трепкање може да се
извршува и со вклучени и со исклучени фарови.

Контроли за трепкачи
Трепкачите функционираат само кога клучот во бравата е свртен во позиција „ON“.
Движете ја рачката нагоре или надолу за да го вклучите десниот односно левиот
трепкач. Соодветниот индикатор за трепкачот кој се наоѓа на инструмент таблата ќе
започне да трепка.
Исто така, можете да сигнализирате промена на лентата на движење со лесно
поместување на рачката и нејзинот држење во истата позиција.
ЗАБЕЛЕШКА
Доколку трепкачите трепкаат побрзо од нормалното, можеби дошло до
прегорување на светулката.

Предупредувачки звук за заборавени светла


Предупредувачкиот звук ќе се активира во случај кога ќе отворите една од вратите
на возилото кога клучот е завртен во позиција „ACC“ или „LOCK“ при вклучени
светла на возилото. Звукот предупредува дека светлата се сеуште вклучени и служи
да Ве потсети да ги исклучите светлата.

Контрола за нивелирање на светлата


Прилагодете го нивото на светлата (по височина) во зависнот од натовареноста на
Вашето возило.

Поставување на нивото на светлата

Позиции
Натовареност
1 светулка 2 светулка
Само возач 0 0
Возач+совозач 0 0
Возач+совозач+3 патници
1 1
на задното седиште
Возач+совозач+3 патници
на задното седиште+полн
багаж 2,5 2
(до крајната бруто тежина
на возилото*)
Возач+полн багаж (до
максималното дозволено
3,5 3
оптоварување на задната
оска*)

*Погледнете ја секцијата 15.

Копче за предупредувачки трепкачи


Притиснете го копчето и сите трепкачи ќе започнат истовремено да трепкаат.
Исто така, индикационите светла на инструмент-панелот ќе започнат да трепкаат.
Притиснете го копчето повторно за да ја исклучите опцијата за предупредувачки
трепкачи.
Не употребувајте ја оваа опција освен во исклучителни случаи.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Паркирајте го возилото надвор од патот во итни случаи за да избегнете
сообраќајна несреќа.

Контроли за бришење и миење

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Загрејте го прозорецот со одмрзнувачот или одмаглувачот пред да ја
употребите опцијата за миење при студени временски услови. Ова ќе го
оневозможи можното замрзнување на шофершајвната, што може да
предизвика намалување на видливоста и колизија.
 Истрошените или нечисти гумички на бришачите може да предизвикаат
намалена видливост за возачот. Одржувејте и доколку е потребно заменете
ги гумичките на бришачите.

ВНИМАНИЕ
 Резервоарот за миење треба да биде наполнет само со течност за миење
на возилото.
 Не употребувајте ги бришачите кога на шофершајвната има натрупано
големо количество снег, кога стаклото е замрзнато или суво. Тоа може
да ги оштети гумичките на бришалите.
 Не употребувајте ја опцијата за миење кога резервоарот за миење е
празен. Ова може ад го оштети моторот.

Рачка за регулирање на бришачи и миење

(СЛИКА) – бришење на замаглувањето


исклучени бришачи
интервално бришење
бришење со ниска брзина
бришење со висока брзина

Бришачите и миењето работат само кога клучот во бравата е свртен во позиција


„ON“.
Притиснете ја рачката за бришење надолу за да ги вклучите бришачите.
Бришачите ќе работат периодично (на определен временски интервал), кога рачката
за регулирање на бришачите ќе се стави во позиција „INT“.
Кога рачката ќе се стави од позиција „OFF“ во позиција „MIST“, бришачите работат
со ниска брзина. Кога ќе ја отпуштите рачката, истата ќе се врати во позицијата
„OFF“.
Повлечете ја рачката кон Вас за да го активирате миењето. Истовремено со
миењето, и бришачите ќе функционираат со ниска брзина.

Контроли за бришење и миење на задно стакло

(Освен за возилата опремени со периодични – интервални бришачи)


Бришењето и миењето на задното стакло може да се извршува само кога клучот во
бравата е свртен во позиција „ON“.
Задниот бришач работи кога тркалцето за негово регулирање ќе биде свртено во
позиција „ON“.
За да го попрскате задното стакло со вода кога бришачот е во употреба, завртете го
тркалцето од позицијата „ON“ во позицијата „1“ на горната страна.
Исто така, за да го попрскате задното стакло со вода кога бришачот не е во
употреба, завртете го тркалцето од позицијата „OFF “ во позицијата „2“ на долната
страна.

(За возилата опремени со периодични – интервални бришачи)


Бришењето и миењето на задното стакло може да се извршува само кога клучот во
бравата е свртен во позиција „ON“.
Задниот бришач работи кога тркалцето за негово регулирање ќе биде свртено во
позиција „ON“.
Бришачот ќе работи интервално односно периодично кога тркалцето за негово
регулирање ќе биде свртено во позиција „INT“.
За да го попрскате задното стакло со вода кога бришачот е во употреба, завртете го
тркалцето од позицијата „ON“ во позицијата „1“ на горната страна.
Исто така, за да го попрскате задното стакло со вода кога бришачот не е во
употреба, завртете го тркалцето од позицијата „OFF “ во позицијата „2“ на долната
страна.

Копче за одмаглување на задното стакло


Одмаглувањето на задното стакло може да се извршува само кога клучот во бравата
е свртен во позиција „ON“. За да го одмаглите задното стакло, притиснете го
соодветното копче за одмаглување.
Кога одмаглувачот ќе биде вклучен, индикаторот ќе свети.
Одмаглувачот не е направен за топење на снег или за сушење на дождот од задното
стакло. Кога повеќенаменската контролна рачка ќе се стави во 1 или 2 ниво, знакот
за одмаглување ќе биде осветлен.
(За возила опремени со грејач за ретровизори) Задниот прозорец се загрева.
Истовремено, доаѓа до загревање и на надворешните ретровизори.

ВНИМАНИЕ
 За да се заштитите од несакано празнење на акумулаторот, исклучувајте
го копчето за одмаглување на задното стакло секогаш кога стаклото е
чисто.
 Никогаш не гребете ја мрежата на грејачот.

Копче за одмрзнување на шофершајвната


(Слика) – индикатор
возило со возачко седиште од левата страна
Одмрзнувањето на шофершајвната може да се извршува само кога клучот во
бравата е свртен во позиција „ON“.За да ја одмрзнете шофершајвната, притиснете
го соодветното копче за одмрзнување.
Кога одмрзнувачот ќе биде вклучен, индикаторот ќе свети.
Кога повеќенаменската контролна рачка ќе се стави во 1 или 2 ниво, знакот за
одмрзнување ќе биде осветлен.

ЗАБЕЛЕШКА
Со притискање на копчето, одмрзнувањето продолжува околу 15 минути.

(Слика)
индикатор
возило со возачко седиште од десната страна

Контроли на светлата за магла


(За возилата опремени само со предно светло за магла)

(Слика)
Тркалце за контрола на предните светла за магла

Предните светла за магла се вклучуваат кога тркалцето за контрола на предните


светла за магла ќе се стави во позиција „ON“, со истовремено ставање на
повеќенаменската контролна рачка во прво или второ ниво.

ЗАБЕЛЕШКА
Доколку повеќенаменската контролна рачка е ставена во позиција „OFF“,
тогаш светлата за магла ќе бидат исклучени дури и доколку тркалцето за
контрола на светлата за магла е ставено во позиција „ON“.

(За возилата опремени само со задно светло за магла)

(Слика)
Тркалце за контрола на задните светла за магла

Задните светла за магла се вклучуваат кога тркалцето за контрола на задните светла


за магла ќе се стави во позиција „ON“, со истовремено ставање на
повеќенаменската контролна рачка во прво или второ ниво. Кога задните светла за
магла ќе се вклучат, доаѓа до вклучување на индикаторот за здни светла за магла.

ЗАБЕЛЕШКА
 Кога задното светло за магла е вклучено, истото нема да се исклучи
доколку повеќенаменската контролна рачка се стави во прво ниво.
 Доколку повеќенаменската контролна рачка се стави во позиција
„OFF“ додека задното светло за магла е вклучено, истото светло ќе се
исклучи. Тркалцето за регулирање на задното светло за магла
автоматски ќе се врати во позиција „OFF“.
 За повторно да го вклучите задното светло за магла, ставете го
тркалцето за негова контрола во позиција „ON“.

(За возилата опремени со предно и задно светло за магла)

(Слика) Тркалце за контрола на светлата за маглаВторо ниво


Прво ниво

За вклучување на светлата за магла, ставете го тркалцето за нивна контрола во


соодветната позиција, што подетално е објаснето во следната табела.

Позиција Прво ниво Второ ниво

Светло
Предно светло за магла Вклучено Вклучено
Задно светло за магла Исклучено Вклучено

Предно светло за магла


Предното светло за магла ќе се вклучи кога повеќенаменската контролна рачка ќе се
стави во прво ниво со истовремено ставање на тркалцето за контрола на светлата за
магла во прво ниво.

Задно светло за магла


Задното светло за магла ќе се вклучи кога тркалцето за контрола на светлата за
магла ќе се стави во второ ниво, со истовремено вклучено предно светло за магла.
Додека задното светло за магла е вклучено, индикаторот за задното светло за магла
исто така ќе биде вклучен.

ЗАБЕЛЕШКА
 Кога задното светло за магла е вклучено, истото нема да се исклучи кога
повеќенаменската контролна рачка ќе се стави во првото ниво.
 Доколку повеќенаменската контролна рачка се стави во позиција
„OFF“ додека се вклучени предното и задното светло за магла, и двете
светла за магла ќе се исклучат. Нивното контролно тркалце автоматски
ќе се врати во првото ниво.
 За повторно да го вклучите задното светло за магла, ставете го
тркалцето за негова контрола во второто ниво.

Отвор за електрична енергија

Преден отвор
Отворот за електрична енергија се користи за електрично напојување на
електричните уреди кои може да се користат во возилото.
Отворете го капакот на отворот кога клучот во бравата е свртен во позиција ACC„“
или „ON“.

ВНИМАНИЕ
 За да се оневозможи прегорување на осигурувачот, не употребувајте
електрични уреди кои го надминуваат електричниот капацитет на
возилото од 12V / 120W.
 За да се оневозможи целосно празнење на акумулаторот, не
употребувајте го отворот за струја повеќе од потребното кога моторот не
работи.

Заден отвор

Копче за заклучување на централниот диференцијал


 Оваа опција се употребува при возење по лизгави површини (како што се
снежните патишта) и за извлекување на возилото од лизгавите места. Исто
така, оваа опција се користи за извлекување на возилото кога неговите
тркала се заглавени во некоја површина. Притискањето на копчето
предизвикува заклучување на централниот диференцијал на возилото.
 Кога клучот за палење е во позиција „ON“ и кога ќе се притисне копчето за
заклучување на централниот диференцијал, индикаторот за заклучување на
диференцијалот ќе се вклучи. Исклучете ја опцијата за заклучување на
диференцијалот во нормални услови на возење.
 Притискајте го копчето само кога возилото е во стационарна состојба (не се
движи). Кај возилата со автоматски систем за менување на брзините,
притискајте го копчето само кога менувачот е во брзината „N“ (лер) и кога
возилото не врти во свиоци.
 Кога ќе се притисне копчето за заклучување на централниот диференцијал,
VSC и TRC системите ќе се деактивираат и нивните соодветни индикатори
(VSC OFF и TCS OFF) ќе се вклучат.
 Кога повеќенаменската контролна рачка е ставена во второ ниво, знакот за
заклучување на диференцијалот се осветлува.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Возењето на сува подлога или на автопат со вклучена опција за заклучување
на центраниот диференцијал може да предизвика оштетување на возачкиот
(движечкиот) механизам на возилото како резултат на прекумерната сила која
се нанесува на системот.

ВНИМАНИЕ
 Не возете по рамни површини со вклучена опција за заклучување на
центраниот диференцијал. Ова може да ги намали возачките
перформанси на возилото, што може да биде проследено и со тешка
управливост. Ова доаѓа како резултат на разликата во развојната сила
помеѓу предните и задните тркала и не претставува некој механички
проблем кај возилото. Сепак, оваа ситуација е опасна и треба да се
одбегнува.
 Колку што е можно повеќе, одбегнувајте да го влечете возилото со јаже.
Доколку влечењето на возилото со јаже не може да се одбегне, секогаш
исклучувајте ја опцијата за заклучување на центраниот диференцијал.

ЗАБЕЛЕШКА
Опцијата за заклучување на центраниот диференцијал треба да се користи во
следните ситуации:
 За премин преку лизгави површини. Тоа е случај кога едното тркало
излегло од патот и возачот не може да го врати возилото на патот.
 Во случај на заглавување на возилото. Тоа е случај кога едно тркало од
возилотот е заглавено и шлајфува при обидите за извлекување на
возилото. Притиснете го копчето за заклучување на центраниот
диференцијал кога тркалото не шлајфува во место.

Копче за контрола на пролизгувањето (TRC)

(За возила со автоматски систем за менување на брзини)

Притиснете го копчето за тракција и системот за контрола на пролизгувањето ќе се


исклучи.
Додека системот за контрола на пролизгувањето е исклучен, индикаторот за
пролизгување ќе биде вклучен.
Кога повеќенаменската контролна рачка е свртена во првото или второто ниво,
знакот за контрола на пролизгувањето се осветлува. (Систем за контрола на
пролизгувањето – страница 10-15)

(За возила со мануелен систем за менување на брзини)

ЗАБЕЛЕШКА
 Кога клучот во бравата ќе се заврти во позиција „ON“, тогаш доаѓа до
автоматско вклучување на системот за контрола на пролизгувањето.
 Во некои случаи, опцијата за контрола на пролизгувањето нема да биде
употреблива за возење по патишта покриени со свеж или дебел снег,
песочни површини итн. Во вакви случаи, притиснете го копчето за
контрола на пролизгувањето за да го исклучите овој систем.

Копче за систем за асистирање при удолници (DAC)

Притиснете го DAC копчето за да го вклучите DAC системот.


Во текот на функционирањето на системот, DAC индикаторот ќе биде вклучен.
Кога повеќенаменската рачка ќе се стави во првото или второто ниво, знакот за
DAC системот ќе биде осветлен. (Систем за асистирање при удолници – страница
10-17)

ЗАБЕЛЕШКА
Вклучувањето на DAC системот му овозможува на возилото да одржува
константна ниска брзина на движење (околу 5 км/час - 3 милји/час) при
симнувањето по острите удолници. Системот е погоден за следните ситуации:
 За возење со константна ниска брзина на движење по удолница која е
премногу стрмна за да може моторното кочење на возилото да даде
доволно намалување на брзината на движењето.
 За возење со константна ниска брзина на движење по удолница чија
површина е лизгава или нерамна.

Секција 5

Мерачи на инструмент таблата

Преглед на инструмент-таблата.................................................................... 5-1


Предупредувачки светла................................................................................ 5-2
Индикациони светла...................................................................................... 5-9
Мерач за количество на гориво.................................................................... 5-14
Брзинометар, километража / мерач на поминато растојание.................... 5-15
Обртометар..................................................................................................... 5-16
Мултинаменски дисплеј................................................................................ 5-16
Осветлување на инструмент-таблата........................................................... 5-20

Преглед на инструмент-таблата
Обртометар (страница 5-16) Брзинометар (страница 5-15)

Предупредувачки светла и панел за индикациони светла (страница 5-2)

Мерач за количество на гориво (страница 5-15)

Предупредувачки светла
Предупредувачките светла покажуваат дека дошло до определени проблеми во
функционирањето на битните системи во возилото.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Доколку морате да го запрете возилото во итни случаи, направете готоа
на безбедно место надвор од патот. Изгаснете го моторот и вклучете ги
предупредувачките трепкачи.
 Дозволете му на моторот да се излади пред да проверите било кој од
неговите компоненти кои се наоѓаат во моторониот простор со цел да
избегнете можни изгореници.
 Држете ги рацете, облеката и другите предмети подалеку од
движечките делови на моторот за да се избегнат можни сериозни
повреди.

Проверка на сите предупредувачки светла:


1. Дигнете ја рачната сопирачка.
2. Завртете го клучот во бравата во позиција „ON“, но не стартувајте го
моторот. Сите предупредувачки светла треба да се вклучат.
ABS (Систем за деблокирање на сопирачките) предупредувачкото светло ќе
се исклучи по неколку секунди.
Предупредувачкото светло за воздушните перничиња ќе се исклучи по шест
секунди.
3. По стартувањето на моторот и спуштањето на рачната сопирачка,
предупредувачките светла треба да се исклучат.
Доколку било кое предупредувачко светло не функционира, истото треба да
се провери од страна на Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот
сервисен центар на Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено
лице што е можно поскоро.

Предупредувачко светло за рачната сопирачка


Предупредувачкото светло за рачната сопирачка се вклучува кога ќе дојде до
подигање на рачната сопирачка или доколку нивото на тешност за сопирачки ја
достигне линијата „MIN“ која се наоѓа на резервоарот за течност за сопирачките.
Светлото може да се вклучи само кога моторот е запален.
Доколку е потребно, долејте течност за сопирачки и проверете дали дошло до
можно протекување на течноста.
Доколку предупредувачкото светло продолжи да биде вклучено, тоа значи дека
системот за сопирање ќе има потреба од поголема сила и дека растојанието за кое
возилото може да запре ќе биде зголемено.

Предупредувачкото светло за рачната сопирачка исто така служи и за


системот EBD (електронска дистрибуција на силата на сопирање)
Предупредувачкото светло се вклучува и кога ќе дојде до погрешно
функционирање на EBD системот.
Под нормални околности, кога клучот во бравата ќе се сврти во позиција „ON“ и
кога рачната кочница ќе се подигне, се вклучува предупредувачкото светло за
рачната сопирачка. Кога рачната сопирачка ќе биде спуштена по палењето на
моторот, предупредувачкото светло ќе се исклучи.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не продолжувајте со возењето доколку предупредувачкото светло за рачната
кочница е континуирано вклучено. Непочитувањето на ова предупредување
може да предизвика колизија.
Системот за сопирање треба веднаш да се провери од страна на Овластениот
дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое
друго квалификувано и опремено лице.

ВНИМАНИЕ
 Доколку предупредувачкото светло не се исклучува по спуштањето на
рачната сопирачка или доколку светлото е вклучено во текот на
возењето, најверојатно дошло до намалување на нивото на течност за
сопирачките, што резултира со послабо сопирање. Кога ефикасноста на
сопирање на рачната сопирачка ќе се намали, веднаш паркирајте го
возилото на безбедно место и силно притиснете ја ножната сопирачка.
Потоа, контактирајте со Овластениот дистрибутер на Daihatsu,
Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго
квалификувано и опремено лице.
 Кога предупредувачкото светло за рачната сопирачка и
предупредувачкото светло за ABS сопирачките истовремено ќе се
вклучат, постои можност од погрешно функционирање на ABS
системот за сопирање. Ова може да предизвика нестабилност на
возилото кога ќе се изврши остро сопирање. Веднаш паркирајте го
возилото на безбедно место и контактирајте со Овластениот
дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или
некое друго квалификувано и опремено лице.
 Кога ќе забележите одреден несоодветен звук (чкрипење) при
сопирањето, најверојатно дошло до истрошување на блоковите на
сопирачките. Вашето возило треба веднаш да се провери од страна на
Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на
Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено лице.

Предупредувачко светло за притисокот на маслото


Предупредувачкото светло ќе се вклучи во текот на возењето доколку дојде до
погрешно функционирање на системот за подмачкување.

ВНИМАНИЕ
Доколку предупредувачкото светло се вклучи, веднаш исклучете го моторот.
Доколку не го направите тоа, можни се сериозни оштетување на моторот.
Системот за подмачкување треба веднаш да се провери од страна на Овластениот
дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго
квалификувано и опремено лице.

Предупредувачко светло за акумулаторот


Предупредувачкото светло се вклучува доколку во текот на возењето дојде до
погрешно функционирање на системот за електрично напојување.
Доколку предупредувачкото светло се вклучи, веднаш исклучете ги сите елементи
во возилото и моторот. Проверете го погонскиот каиш од можно разлабавување или
кинење.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Пред проверкат или прилагодувањето на погонскиот ремен, исклучете го
моторот и дозволете му да се излади.
Доколку не се почитува ова предупредување, можна е појава на серизони
телесни повреди.

ВНИМАНИЕ
Не продолжувајте со возењето доколку погонскиот ремен е скинат или
разлабавен.
Тоа може да предизвика прегревање на моторот.
Возилото веднаш треба да се провери од страна на Овластениот дистрибутер
на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго
квалификувано и опремено лице.

Индикационо светло за погрешнио функционирање (MIL)

(Освен за ЕУ)
Доколку електронскиот контролен систем на моторот започне погрешно да
функционира во текот на работата на моторот, MIL индикационото светло ќе се
вклучи.

ВНИМАНИЕ
Доколку MIL индикационото светло се вклучи, возилото веднаш треба да се
провери од страна на Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот
сервисен центар на Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено лице.

(За ЕУ)
Доколку дојде до погрешно функционирање на системот за контрола на издувните
гасови во текот на работата на моторот, MIL индикационото светло ќе трепка или ќе
остане вклучено.
MIL индикационото светло ќе трепка само во случај кога постои проблем во
системот за палење на возилото, кој може да предизвика оштетување на
катализаторот.

ВНИМАНИЕ
Кога MIL индикационото светло ќе започне да трепка или ќе остане вклучено,
веднаш контактирајте со Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот
сервисен центар на Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено лице
кои ќе извршат проверка и поправка на системот. Континуираното возење со
вклучено MIL индикационо светло предизвикува сериозни оштетувања на
катализаторот и на некои други делови од возилото.

ABS предупредувачко светло (за системот за деблокирање на сопирачките)

Кога системот работи норамално, предупредувачкото светло ќе се вклучи само


неколку секунди откако клучот за палење ќе го завртите во позиција „ON“. Потоа
светлото веднаш се исклучува.
Следниве ситуации покажуваат дека ABS (системот за деблокирање на
сопирачките) или системот за асистенција при сопирањето (кај возилата опремени
со VSC) несоодветно функционира.
Системот веднаш треба да се провери од страна на Овластениот дистрибутер на
Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго квалификувано
и опремено лице во следниве случаи:
 Кога клучот во бравата ќе се заврти во позиција „ON“, светлото не се
вклучува или останува вклучено во текот на возењето.
 По неговото исклучување, предупредувачкото светло повторно се вклучува.
 Светлото се вклучува во текот на возењето.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Доколку ABS предупредувачкото светло и предупредувачкото светло за
сопирачките остануваат вклучени и не се исклучуваат, постои можност од
драстично намалување на силата на соприање на возилото. Запрете го Вашето
возило веднаш, паркирајте го на безбедно место и контактирајте со
Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на
Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено лице.

ВНИМАНИЕ
Доколку ABS предупредувачкото светло и предупредувачкото светло за
сопирачките се вклучат истовремено, постои можност од погрешно
функционирање на анти-блокирачкиот систем на сопирање. Исто така, постои
можност возилото да стане нестабилно при острото сопирање. Запрете го
Вашето возило веднаш, паркирајте го на безбедно место и контактирајте со
Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на
Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено лице.

ЗАБЕЛЕШКА
 Дури и во случаите кога ABS предупредувачкото светло е вклучено и не
се исклучува по стартувањето на моторот или во текот на возењето,
сепак Вашето возило Ви овозможува да ги употребувате нормалните
сопирачки. (Системот на сопирачките веќе не функционира како ABS
систем.) И покрај тоа, Вашето возило треба веднаш да се однесе на
проверка кај Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот
сервисен центар на Daihatsu или некое друго квалификувано и
опремено лице.
 Иако ABS предупредувачкото светло се вклучува неколку секунди по
вртењето на клучот во позиција „ON“, доколку светлото се исклучи
само неколку секунди потоа и останува исклучено во текот на возењето,
тоа покажува дека системот на ABS сопирачките функционира
нормално.

Предупредувачко светло за безбедносните појаси

На страната на возачот
Доколку возачот не е врзан со безбедносниот појас, предупредувачкото светло ќе
трепка се додека појасот се заврзе.

На страната на совозачот
Доколку детекторот на созовзачкото седиште регистрира дека на седиштето има
патник (совозач), предупредувачкото светло ќе трепка се додека појасот се заврзе.

ЗАБАЛЕШКА
 Сензорот ќе го детектира совозачот кога определена маса ќе создаде
притисок врз совозачкото седиште (неговиот заден дел). Затоа,
предупредувачкото светло може да трепка и во случај кога на
совозачкото седиште ќе има поставен определен товар.
 Доколку на совозачкото седиште се постави тело за амортизирање на
тежината (перница), тежината на совозачот може да се распредели врз
сите делови на седиштето, што може да доведе до нерегистрирање на
совозачот од страна на сензорот.

Предупредувачки звучен сигнал за безбедносни појаси


Кога предупредувачкото светло трепка кога возилото се движи со брзина повисока
од 20 км/час, предупредувачкиот звучен сигнал ќе испушта звук околу 2 минути за
да Ве предупреди дека безбедносниот појас не е врзан.

Предупредувачко светло за воздушните перничиња, страничните воздушни


перничиња и воздушните завеси

Кога ќе дојде до било каков проблем во функционирањето на системот за воздушни


перничиња, предупредувачкото светло се вклучува за да го информира возачот за
настанатиот проблем.
Кога системот функционира нормално, предупредувачката светло се вклучува кога
клучот ќе се сврти во позиција „ON“, останува вклучено шест секунди и веднаш
потоа се исклучува.

ВНИМАНИЕ
 Кога ќе дојде до појава на следниве ситуации, системот на воздушни
перничиња треба веднаш да се провери од страна на Овластениот
дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или
од некое друго квалификувано и опремено лице.

o Предупредувачкото светло не се вклучува веднаш откако клучот


за стартување на автомобилот ќе се заврти во позиција „ON“.
o Предупредувачкото светло се вклучува кога работи моторот.
o Предупредувачкото светло останува вклучен и по шест секунди
откако клучот за стартување на автомобилот ќе се заврти во
позиција „ON“.
o Предупредувачкото светло трепка и по шест секунди откако
клучот за стартување на автомобилот ќе се заврти во позиција
„ON“.
 Кога ќе дојде до појава на несоодветно функционирање на пред-
затегнувачкиот систем на безбедносните појаси, предупредувачкото
светло за воздушните перничиња ќе остане вклучено.

Предупредувачко светло за ниско ниво на гориво во резервоарот


Предупредувачкото светло трепка кога количеството на гориво во резервоарот е
еднакво или помало од 7,5 литри, откако клучот ќе се сврти во позиција „ON“.
Доколку предупредувачкото светло започне да трепка, веднаш долејте гориво во
резервоарот.

ЗАБЕЛЕШКА
Кога возите по угорница или вртите во свиоци, горивото се придвижува
внатре во резервоарот. Ова може да предизвика предвремено вклучување на
предупредувачкото светло.
Иако тоа не значи дека во резервоарот има помалку од 7,5 литри гориво, сепак
долејте гориво што е можно побрзо.

Предупредувачко светло за температура на водата


Предупредувачкото светло се вклучува при секое вртење на клучот во позиција
„ON“ и веднаш се исклучува по само неколку секунди.
Светлото трепка кога ќе дојде до големо зголемување на температурата на водата за
ладење на моторот додека моторот е вклучен. По ладењето на водата, светлото се
исклучува.
ВНИМАНИЕ
Не продолжувајте со возењето доколку предупредувачкото светло за
температура на водата започне да трепка.
(Погледнете во делот „Прегревање на моторот“)

Предупредувачко светло за VSC системот (контрола на стабилноста на


возилото)

Кога системот функционира нормално, предупредувачкото светло се вклучува при


секое вртење на клучот во позиција „ON“ и веднаш се исклучува по само неколку
секунди.
Следните случаи покажуваат дека дошло до погрешно функционирање на VSC,
DAC, системот за контрола на пролизгувањето или системот за асистирање при
угорници.
Во овие случаи, возилото веднаш треба да се провери од страна на Овластениот
дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго
квалификувано и опремено лице. Случаи:
 Кога по вртењето на клучот во позиција „ON“, предупредувачкото светло не
се вклучува.
 Кога по нормалното вклучување, светлото останува вклучено.
 Кога по исклучувањето, светлото повторно се вклучува.
 Кога светлото се вклучува во текот на возењето.

Индикациони светла (индикатори)

Индикатор за температура на водата


Индикаторот се вклучува кога температурата на водата за ладење на моторот е
премногу ниска по вртеето на клучот во позиција „ON“.

DAC индикатор
Кога системот функционира нормално, индикационото светло се вклучува при
секое вртење на клучот во позиција „ON“ и веднаш се исклучува по само неколку
секунди.
Кога DAC системот ќе се активира, тогаш доаѓа до вклучување и на DAC
индикаторот.
Индикаторот трепка во следните случаи кога DAC системот е активиран:
 Кога менувачот е ставен во друга брзина освен L (лер) и R (рикверц).
 Кога брзината на движење на возилото ја надминува границата од 25 км/час
(16 милји/час)
 Кога дошло до честа употреба на DAC системот.
 Кога DAC системот ќе се исклучи.
Кога системот функционира нормално, индикационото светло се вклучува при
секое вртење на клучот во позиција „ON“ и веднаш се исклучува по само неколку
секунди.
Следните ситуации покажуваат дека најверојатно дошло до погрешно
функционирање на DAC системот. Системот веднаш треба да се провери од страна
на Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu
или некое друго квалификувано и опремено лице. Ситуации:
 Кога по вртењето на клучот во позиција „ON“, предупредувачкото светло не
се вклучува.
 Кога по нормалното вклучување, светлото останува вклучено.

Предупредувачки звук за DAC системот


Предупредувачкиот звук може спорадично да се појави доколку дошло до пораст на
температурата на покренувачот на сопирачките како резултат на фрекфентната
употреба на DAC системот.

ВНИМАНИЕ
Доколку дојде до често вклучување на предупредувачкиот звук и трепкање на
индикаторот, веднаш паркирајте го возилото на безбедно место. По одредено
време, DAC системот ќе се стабилизира со тоа што предупредувачкиот звук ќе
исчезне а индикаторот ќе свети. Во меѓувреме, имате услови за нормално
возење. Доколку предупредувачкиот звук не престане, возилото треба да се
провери од страна на Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот
сервисен центар на Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено лице.
Тие ќе ја испитаат можноста од погрешно функционирање на системот.

„AIR BAG OFF“ индикатор

Кога системот функционира нормално, односно кога воздушните перничиња за


совозачот се активирани, индикаторот се вклучува само неколку секунди откако ќе
го завртите клучот за палење на возилото во позиција „ON“ и веднаш потоа се
исклучува.
Кога воздушните перничиња за совозачот се деактивирани, индикаторот постојано
е вклучен.

ВНИМАНИЕ
Кога ќе дојде до појава на следниве ситуации, мануелниот систем за
воздушните перничиња за совозачот треба веднаш да се провери од страна на
Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на
Daihatsu или од некое друго квалификувано и опремено лице.

 Индикаторот не се вклучува веднаш откако клучот за стартување на


автомобилот ќе се заврти во позиција „ON“.
 Индикаторот се вклучува кога работи моторот иако мануелниот
прекинувач за вклучување/исклучување е ставен во позиција „ON“.
 Индикаторот не се вклучува иако мануелниот прекинувач за
вклучување/исклучување на системот е ставен во позиција „OFF“.

„VSC OFF“ индикатор

Кога системот функционира нормално, индикаторот се вклучува само неколку


секунди откако ќе го завртите клучот за палење на возилото во позиција
„ON“.Веднаш потоа индикаторот се исклучува.
Кога VSC (системот за заклучување на централниот диференцијал) ќе се
деактивира, индикаторот се вклучува.

Индикатор за пролизгување

Кога системот функционира нормално, индикаторот се вклучува само неколку


секунди откако ќе го завртите клучот за палење на возилото во позиција „ON“.
Веднаш потоа индикаторот се исклучува.
Индикаторот се вклучува кога ќе дојде до деактивирање на системот за контрола на
пролизгувањето (ТРЦ) или до притискање на копчето за заклучување на
централниот диференцијал (деактивирање на VSC системот).
Индикаторот трепка кога ќе дојде до активирање на следниве системи:
 VSC – системот за контрола на стабилноста на возилото
 TRC – системот за контрола на пролизгувањето
 DAC – системот за асистенција при удолници
 Системот за асистенција при поаѓање на угорници

Следниве случаи покажуваат дека дошло до проблеми во функционирањето на VSC


системот.
Системот веднаш треба да се провери од страна на Овластениот дистрибутер на
Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго квалификувано
и опремено лице. Случаи:
 Кога индикаторот не се вклучува веднаш по вртењето на клучот во позиција
„ON“.
 Кога индикаторот останува вклучен во текот на возењето.

VSC предупредувачки звук

Испрекинатиот звук се испушта кога доаѓа до често пролизгување на возилото.


Во зависност од условите на возење, предупредувањето може да се оставри и само
преку трепкање на предупредувачкото светло за пролизгување.

Индикатор за автоматско менување на брзините


Индикаторот се вклучува кога клучот во бравата ќе се заврти во позиција „ON“ и ја
покажува моменталната позиција (брзина) во која се наоѓа автоматскиот менувач.

O/D OFF индикатор


Индикаторот се вклучува кога ќе дојде до исклучување на системот за
преоптоварување (overdrive).

ВНИМАНИЕ
Доколку O/D OFF индикаторот започне да трепка во текот на возењето, постои
можност од погрешно функционирање на системот на автоматска трансмисија
(менување) на брзините. Системот веднаш треба да се провери од страна на
Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на
Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено лице.

Индикатор за долги светла


Индикаторот се вклучува кога ќе дојде до вклучувањ на долгите светла и при
употребата на трепкањето (блендирање).

Индикатор за задни (штоп) светла

Индикаторот се вклучува кога повеќенаменската контролна рачка е во прво или


второ ниво.

Индикатор за безбедност

Индикаторот трепка кога ќе дојде до извлекување на клучот од бравата за


стартување на возилото.
Исто така, безбедносниот индикатор трепка кога клучот ќе се заврти од позиција
„ON“ во позициите „ACC“ или „LOCK“ и притоа се задржува 30 секунди во таа
позиција.

Индикатор за задно светло за магла


Индикаторот се вклучува кога ќе се активира задното светло за магла.

Индикатор за заклучување на централниот диференцијал


Кога светлото е вклучено, тоа покажува дека возилото е ставено во состојба на
заклучен централен диференцијал.
Индикаторот се вклучува кога ќе се притисне копчето за заклучување на
централниот диференцијал по вртењето на клучот во позиција „ON“.
Мерач за количество на гориво

Мерачот за гориво секогаш го покажува приближното количество на преостанато


гориво во резервоарот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Престанете со возењето доколку забележите трепкање на предупредувачкото
светло за гориво. Тоа може да предизвика погрешно палење на моторот што
може да го оштети каталитичкиот конвертор.
Исто така, постои опасност доколку возилото запре (моторот гасне) во текот на
возењето.

ВНИМАНИЕ
 Ние препорачуваме да Ви прејде во навика секогаш да го одржувате нивото
на гориво во резервоарот на над ¼ од максималниот капацитет.
 Доколку дојде до вклучување на предупредувачкото светло за ниско
количество на гориво во резервоарот, веднаш долејте гориво.

Брзинометар, километража / мерач на поминато растојание

(слика) Копче за избор на километража / мерач на поминато растојание

Брзинометар
Стрелката ја покажува брзината на движење на возилото.

Километража / мерач на поминато растојание


Секогаш кога ќе се притиска копчето, доаѓа до менување на мерењето (од
километража во мерач на поминато растојание и обратно). Мерачот за поминато
растојание доаѓа во два типа: А и Б. За да го ресетирате мерачот за поминато
растојание на нула, држете го копчето околу 3 секунди.

(Слика)
километража
мерач на поминато растојание А
мерач на поминато растојание Б

Обртометар
Обртометарот ги покажува вртежите на моторот во една минута.
Црвената зона на обртоматарот покажува преоптоварување на моторот.

ВНИМАНИЕ
Не преоптоварувајте го моторот до црвената зана за да и=збегнете негово
оштетување.
Мултинаменски дисплеј

Главно копче за избор


При секое притискање на копчето, доаѓа до менување на информацијата која се
прикажува.

Автоматско прикажување на часовникот


Дисплејот може да се постави така што истиот по секое користење секогаш
автоматски ќе се враќа на опцијата за прикажување на часовникот доколку не го
употребувате во период од околу една минута.

Вклучување и исклучување на дисплејот


1. Држете го копчето додека дисплејот се вклучи. Потоа, отпуштете го копчето.
Неговата состојба (ON или OFF) ќе биде прикажана на екранот.
2. При есекое притискање на копчето, состојбата на дисплејот се менува од ON
во OFF и обратно.
3. Доколку не направите било каква операција за околу пет секунди,
индикацијата се враќа во претходната состојба.

Дигитален часовник

(Слика) Копче за прилагодување

Прилагодување на времето
1. Држете го копчето за прилагодување на времето. Дисплејот ќе ја прикаже
опцијата за прилагодување на часовите (HOUR).
2. При секое притискање на копчето за менување на времето, часовите ќе се
зголемуваат за еден.
3. Притиснете го главното копче за избор. Дисплејот ќе ја прикаже опцијата за
прилагодување на минутите (MINUTE).
4. При секое притискање на копчето за менување на времето, минутите ќе се
зголемуваат за еден.
5. Притиснете го главното копче за избор. Дисплејот ќе ја прикаже опцијата за
ресетирање на секундите (SECOND).
6. Притискањето на копчето за менување на времето, ќе предизвика
ресетирање на секундите на нула. Потоа дисплејот се враќа во покажување
на дигиталниот часовник.

ЗАБЕЛЕШКА
Доколку го држите копчето за прилагодување на времето, индикациите се
менуваат многу брзо.

Просечна потрошувачка на гориво (AVG)


Просечната потрошувачка на гориво се пресметува на секои десет секунди и се
прикажува на дисплејот.

ЗАБЕЛЕШКА
 Веднаш по вртењето на клучот во позиција „ON“, дисплејот го прикажува
времето кое одминало од последното исклучување на моторот.
 Максималната мерка е „99,9 литри / 100 км (милји/галон)“.
 Во случаи кога дисплејот не може да добие податоци или кога податоците се
обработуваат, дисплејот ќе биде празен.
 Информацијата автоматски ќе се ресетира (ќе се прикаже вредност од 0,0)
кога брзината на движење на возилото ќе надмине 2 км/час (1,2 милји/час)
по полнењето на гориво. Доколку информацијата не се ресетира автоматски,
држете го копчето за прилагодување. Тогаш, инфоамрацијата за просечната
потрошувачка на гориво ќе биде ресетирана (ќе се прикаже вредност од 0,0).

Моментална потрошувачка на гориво (CURRENT)


По стартувањето на моторот и започнувањето на возењето, информацијата за
моменталната потрошувачка на гориво се прикажува на секои две секунди.

ЗАБЕЛЕШКА
 Веднаш по вртењето на клучот во позиција „ON“, дисплејот ќе прикаже
информација за моментална потрошувачка на гориво која изгледа „--,-“
литри / 100 км (милји/галон).
 Додека возилото не се движи, информацијата за моменталната
потрошувачка на гориво е „--,-“ литри / 100 км (милји/галон).
 Максималната мерка е „99,9 литри / 100 км (милји/галон)“.
 Во случаи кога дисплејот не може да добие податоци или кога
податоците се обработуваат, дисплејот ќе биде празен.

Очекувана дистанца со преостанатото гориво (RANGE)


Оваа опција го пресметува бројот на километрите / милјите кои може да ги
поминете со преостанатото количество на гориво во резервоарот според просечната
потрошувачка на гориво.

ВНИМАНИЕ
Кога мерачот за гориво ќе дојде близу до нивото Е (празно) или кога ќе се
вклучи предупредувачкото светло за гориво, дополнете го резервоарот и во
ситуација кога дисплејот прикажува дека со количеството на гориво може да
ја минете саканата дистанца.

ЗАБЕЛЕШКА
 Прикажувањето на информациите за очекуванта дистанца се во
зависност од условите на возење (тргнување, застанување).
 Кога возилото е ново, информацијата за очекуванта дистанца со
преостанатото количество на гориво во некои случаи може да е малку
непрецизна.
 Очекуванта дистанца со преостанатото количество на гориво може да се
зголемува или намалува во зависност од начинот на возењее, условите
на патот. Информацијата се прикажува врз база на претходната
потрошувачка на гориво.
 Максималната мерка која може да се прикаже е „99 км / милји“.
 Во случаи кога дисплејот не може да добие податоци или кога
податоците се обработуваат, дисплејот привремено ќе биде празен.
 Доколку дојде до прекин во поврзувањето на дисплејот со акумулаторот,
меморираната потрошувачка на гориво ќе се ресетира.

Надворешна температура на воздухот (OUTSIDE)


Дисплејот ја покажува надворешната температура на воздухот.

ЗАБЕЛЕШКА
 Прикажаната надворешна температура на воздухот може да се
разликува од надворешната температура на воздухот измерена со други
инструменти.
 Веднаш по вртењето на клучот во позиција „ON“, дисплејот ќе биде
празен.
 Минималната мерка е -30 C0 а максималната 50 C0.
 Кога измерената надворешна температура на воздухот изнесува 3 C0 или
помалку, измерената температура на дисплејот ќе трепка. Сепак,
доколку и пред вртењето на клучот во позиција „ON“измерената
надворешна температура на воздухот изнесувала 3 C0 или помалку,
информацијата на дисплејот нема да трепка.
 Кога има проблеми во функционирањето на мерачот на температурата,
информацијата на дисплејот ќе биде „- -“ C0.
 Во следниве случаи можна е појава на прикажување на непрецизна
надворешна температура:
o Кога возилото е паркирано или се движи со брзина пониска од 15
км/час (9милји/час).
o Кога доаѓа до драстично менување на надворешната температура
на воздухот (на пример при влез или излез од тунел).
 Во некои случаи, и покрај тоа што нема да дојде до менување на
надворешната температура на воздухот, дисплејот може да прикаже
менување на температурата поради некои услови како брзината на
движење на возилото, правецот на ветрот итн.

Висина – алтитуда (ALTITUDE)

Дисплејот ја прикажува алтитудата која се пресметува преку барометарскиот


притисок во возилото. Информацијата се обновува на една секунда.

ЗАБЕЛЕШКА
 Постојат случаи во кои може да дојде до менување на информацијата
во краток период како резултат на промената на барометарскиот
притисок.
 Прикажаната алтитуда може да се разликува од алтитудата измерена со
други инструменти.
 Информацијата може да се прикаже од -200 до 2800 метри (-600 до 9000
стапки).
 Во следниве случаи можна е појава на прикажување на непрецизна
надворешна температура:
o Кога доаѓа до промена на временските услови (промена на
атмосферскиот притисок).
o Кога надворешната температура на воздухот е пониска од -30 C0
или повисока од 50 C0.
o Кога доаѓа до драстично менување на надворешната
температура на воздухот (на пример при влез или излез од
тунел).
 Во некои случаи, и покрај тоа што нема да дојде до менување на
алтитудата, дисплејот може да прикаже нејзино менување поради некои
услови како брзината на движење на возилото, правецот на ветрот,
внатрешната температура во возилото, итн.

Метод за корекција на алтитудата


1. Додека алтитудата се прикажува, држете го копчето за прилагодување се
додека дисплејот дојде до опцијата за корекција.
2. Со секое притискање на копчето за избор во опцијата за корекција,
вредноста се менува за +50 метри (100 стапки). Со секое притискање на
копчето за прилагодување, вредноста се менува за -50 метри (100 стапки).

ЗАБЕЛЕШКА
Доколку копчето за прилагодување и копчето за избор се притиснат
истовремено, вредноста на дисплејот ќе се ресетира (на 0 метри).

3. Доколку не се изврши никаква операција за околу пет секунди во опцијата за


прилагодување, дисплејот автоматски ќе ја прикаже старата алтитуда.

ЗАБЕЛЕШКА
Доколку дојде до прекин во поврзувањето на дисплејот со акумулаторот,
измерената алтитуда ќе се ресетира. Потрербно е да се изврши нејзина
корекција.
Осветлување на инструмент-таблата

Кога повеќенаменската контролна рачка ќе се стави во прво или второ ниво,


инструмент-таблата се осветлува. Од друга страна, кога рачката ќе се стави во
позиција „OFF“, осветлувањето се исклучува.
Кога клучот ќе се сврти во позиција „ON“, осветлувањето се вклучува без
разлика на позицијата во која се наоѓа рачката.

Секција 6

Системи за контрола на воздухот

Парно греење / климатизација ...................................................................... 6-1

Парно греење / климатизација


Парното греење или климатизацијата функционираат само кога клучот во бравата е
свртен во позиција „ON“.

Отвори за довод на воздух

Централни отвори за довод на воздух


Насоката на воздухот од централните отвори за воздух се контролира со тркалцата
кои се наоѓаат на решетката на самите отвори.

Странични отвори за довод на воздух


Насоката на воздухот од централните отвори за воздух се контролира со малата
рачка.

Контролно тркалце за позиција на дување

Ова контролно тркалце ги менува позициите односно насоките од кои доаѓа


воздухот.

Позиција на
(СЛИКА) (СЛИКА) (СЛИКА) (СЛИКА) (СЛИКА)
тркалцето
Отвор за
B B, C C, A A,C A
воздух
ЗАБЕЛЕШКА
 Овој знак се однесува на позициите и кои треба да се користат
кога стаклата се замаглени. Овие позиции служат за довод на свеж
воздух од надвор. Замаглувањето може да не исчезне лесно доколку се
избере опцијата за циркулација на внатрешниот воздух.
 Употребете го контролното тркалце за да ја активирате опцијата за
довод на свеж воздух од надвор.

Тркалце за регулирање на температурата


Се користи за регулирање на температурата на воздухот. Кога имате потреба од
топол воздух, завртете го тркалцето кон десно и обратно.

Тркалце за регулирање на доводот на воздух

- циркулација на внатрешниот воздух


- внесување на свеж воздух од надвор

ЗАБЕЛЕШКА
Доколку надворешниот воздух е непријатен, завртете го тркалцето во позиција
.
Важно е понекогаш да го вртите тркалцето во позиција затоа што
внатрешноста на стаклата може да се замагли и воздухот во возилото да стане
задушлив.
При нормални услови, поставете го тркалцео во позиција .

Тркалце за регулирање на брзината на дување

Со тркалцето за регулира брзината на протокот на воздух.

Копче за климатизација

Вклучете ја климатизацијата за намалување на влажноста или за ладење на


воздухот. За да ја активирате климатизацијата, притиснете го копчето за
климатизација (притоа треба да биде вклучена и брзината на дување). За
деактивирање на климатизацијата, повторно притиснете го копчето за
климатизација. Индикационото светло се вклучува кога климатизацијата е
активирана.

ЗАБЕЛЕШКА
 Кога температурата на воздухот во возилото е близу 0C0, опцијата за
намалување на влажноста нема да функционира.
 Рапидно изладениот воздух може да предизвика замаглување на
прозорците од надвор. Ове не покажува погрешно функционирање на
системот.
 Кај специфичните модели на возила, кога температурата на средството
за ладење на моторот нагло ќе порасне кога возилото се искачува по
долги угорници со вклучена климатизација, системот за климатизација
автоматски ќе се исклучи.
 Кај специфичните модели на возила, кога до крај ќе го притиснете
педалот за гас за да добиете големо забрзување, компресорот на
системот за климатизација привремено се исклучува за да се добие
саканото забрзување.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Затоа што моторот е опремен со уред за брзо прилагодување, брзината на
прилагодување малку ќе се зголеми доколку во текот на прилагодувањето е
вклучена климатизацијата. Потребно е да се обрне големо внимание при
поаѓање и запирање на возилото.

Оперативни инструкции:
 Уверете се дека надворешните решетки за довод на воздух кои се наоѓаат
пред шофершајвната не се блокирани од некои пречки како лисја итн.
 Не поставувајте го тркалцето за контрола на температурата во најниска
позиција (насјтуедно) кога тркалцето за позицијата на дување е ставено во
позициите или , или кога климатизацијата е вклучена
при екстрремно влажни временски услови. Температураната разлика помеѓу
внатрешниот и надворешниот воздух може да ја замагли шофершајвната што
може да и попречи на Вашата прегледност.
 Не поставувајте го тркалцето за довод на воздух во позиција кога
тркалцето за позицијата на дување е ставено во позициите или
. Оваа комбинација ги замаглува стаклата.
 Не употребувајте ја опцијата за ладење при висока влажност.
Ова може да предизвика замаглување на шофершајвната.
 Доколку Вашето возило било паркирано и изложено на сонце во подолг
временски период и внатрешната температура во возилото е многу висока,
вклучете ја климатизацијата со потоплно отворени прозорци. По ладењето
на внатрешноста на возилото, затворете ги прозорците и прилагодете ја
температурата по Ваша желба.
 Прозорците се замаглуваат во врнежливи денови, што резултира со намалена
прегледност. Доколку дојде до ова, искористете ја климатизацијата за ладење
или одмаглување.

Загревање
За да ја добиете оваа опција, контролните тркалца треба да се постават на следниот
начин:

1. .
2. Висока температура
3. .
4. Посакувана позиција
5. ON или OFF

Завртете го тркалцето за контрола на климатизацијата во опција за намалување на


влажноста на воздухот.
Доколку имате потреба од брзо загревање на воздухот, завртете го тркалцето 2. и
копчето 4. кон десно и контролата 3. во позиција .

ЗАБЕЛЕШКА
Завртете го тркалцето во позиција одвреме навреме затоа што
стаклото може да се замагли и внатрешниот воздух во возилото може да стане
задушлив.

Ладење

За да ја добиете оваа опција, контролните тркалца треба да се постават на следниот


начин:

1. .
2. Ниска температура
3. .
4. Посакувана позиција
5. ON

Доколку имате потреба од брзо ладење на воздухот, завртете го тркалцето 2. кон


лево и завртете го тркалцето 4. потполно во десно.

ЗАБЕЛЕШКА
Завртете го тркалцето во позиција одвреме навреме затоа што
стаклото може да се замагли и внатрешниот воздух во возилото може да стане
задушлив.

Загревање и одмаглување

За да ја добиете оваа опција, контролните тркалца треба да се постават на следниот


начин:

1. .
2. Висока температура
3. .
4. Посакувана позиција
5. ON или OFF

Завртете го тркалцето за контрола на климатизацијата во опција за намалување на


влажноста на воздухот.

Одмаглување

За да ја добиете оваа опција, контролните тркалца треба да се постават на следниот


начин:

1. .
2. Посакувана позиција
3. .
4. Посакувана позиција
5. ON или OFF

Вентилација

За да ја добиете оваа опција, контролните тркалца треба да се постават на следниот


начин:

1. .
2. Посакувана позиција
3. .
4. Посакувана позиција
5. OFF

Секција 7

Аудио системи

Оперативни инструкции......................................................................... 7-1


AM / FM радио со плеер за компакт дискови (CD)............................ 7-4
Прием на FM радио-бранови................................................................. 7-13
Оперативни инструкции

Аудио системот може да се употребува кога клучот е свртен во позиција „ON“ или
„ACC“.

ЗАБЕЛЕШКА
За да се оневозможи комплетно празнење на акумулаторот, Ве молиме не
употребувајте го аудио системот во пролонгиран временски период бе притоа
моторот да биде запален.

Плеер за компакт дискови (CD)

 Ве молиме употребувајте компакт дискови обележани со знаците дадени на


сликата (оптички дигитални аудио дискови).
 Плеерот ги обработува снимените музички податоци на CD-R (CD-
Recordable) и CD-RW (CD-ReWritible). Сепак, некои дискови нема да може
да се пуштат поради нивниот лош квалитет, оштетување или доколку на нив
има нечистотии.
 Понекогаш, плеерот нема да биде во можност да ги пушти дисковите поради
состојбата на дискот (околностите на снимање, содржина на податоците).
 Плеерот не ги поддржува дисковите снимени во MP3 и WMA форматите или
дисковите со заштита од преснимување.
 Никогаш не доближувајте магнет, шрафцигер или некој сличен предмет или
алат близу до отворот за ставање на дисковите во плеерот и близу до
дисковите.
 Кога го држите дискот, внимавајте да не ја допрете површината на која се
впишани податоците. Дискот се држи на надворешните страни (со сите
прсти) или со показалецот на средината и палецот на надворешната страна.
 Поради тоа што компакт дискот внатре во плеерот ротира со огромна брзина,
никогаш не употребувајте дискови кои не се со вообичаена форма (на
пример дисковите во форма на срце или дискови со пукнатини).
 Избегнувајте лепење на налепници на дискот, пишување на неговата
површина или негово гребење.
 Доколку на површината на која се снимени податоците се нанесе отпечаток
од прст или прашина, тоа нема директно да влијае врз снимените податоци.
Сепак, можна е појава на намалување на квалитетот на звукот и до прекини
на музиката.
 Доколку компакт дискот се извалка, нежно избришете го со кружни движења
од внатре кон надвор користејќи меко парче материјал.
 Употребата на спрееви за зачувување на податоците и антистатички агенси
не е дозволена. Исто така, не е дозволена и употребата на дискови кои биле
изложени на разградувачки хемикалии како бензинот или разредувачот кои
предизвикуваат корозија на дисковите.
 Ве молиме не возете во состојба кога дискот е подизваден (подиздаден) од
плеерот. Дискот може да падне како резултат на вибрациите од возењето.
 Кога не го слушате дискот, извадете го од плеерот и складирајте го на
безбедно место. Складирајте го на место каде нема да биде изложен на
директни сончеви зраци и прашина.
 Звукот може да се прекинува кога возилото се движи по нерамни површини
кои предизвикуваат силни вибрации.
 Внатрешноста на возилото е екстремно студена во текот на зимскиот период.
Доколку дојде до вклучување на загревањето и доколку веднаш потоа се
вклучи аудио системот, компакт дискот или оптичките делови на плеерот
(призма, леќи) може да бидат замаглени и да не функционираат нормално.
 Доколку компакт дискот е замаглен, нежно избриште го со меко парче
материјал.
 Кога оптичките делови на плеерот се замаглени, замаглувањето обично
комплетно исчезнува за околу еден час по што истите ќе функционираат
нормално.

Кровна антена

ВНИМАНИЕ
 Отстранувајте ја антената во следниве случаи:
o Кога го паркирате возилото во гаража (доколку антената го
допира влезот или покривот на гаражата);
o Кога го покривате возилото со прекривката.
 Ве молиме добијте навика да ја спуштите антената надолу кога не
слушате радио.

Употреба на антената:
Извлечете ја антената нагоре и прилагодете ја во саканата позиција.

ЗАБЕЛЕШКА
 Кровната антена не може да се поместува во дијагонална насока.
 Кровната антена не се издолжува и собира.

Кога антената не е во употреба:


Спуштете ја антената до покривот.

Отстранување на горниот дел на антената:


Завртете го горниот дел на антената во правец на стрелките на часовникот за да го
отстраните горниот дел.

Монтирање на горниот дел на антената


Завртете го горниот дел на антената обратно од стрелките на часовникот за цврсто
да го затегнете горниот дел.

AM / FM радио со плеер за компакт дискови (CD)


1. Копче за вклучување и исклучување / тркалце за контрола на јачина
на звук и опции
2. Копче за опции
3. AM копче
4. FM копче
5. Копче за корекција на станиците / копче за избор на песна
6. Копче за станица број 1 / копче за случаен избор на песните (random)
7. Копче за станица број 2 / копче за повторување на песните (repeat)
8. Копче за станица број 3
9. Копче за станица број 4
10. Копче за станица број 5 / копче за брзо враќање на песната наназад
(rewind)
11. Копче за станица број 6 / копче за брзо движење на песната нанапред
(forward)
12. Копче за автоматско меморирање (AST)
13. Копче за компакт диск
14. Копче за текст
15. Копче за алтернативна фрекфенција (AF)*
16. Program type (PTY)* - Копче за тип на програма
17. Информации за сообраќајот - Traffic announcement (TA) копче
18. Отвор за внесување на компакт диск
19. Копче за вадење на компакт дискот

* Копчињата 15, 16, 17 се применливи при функцијата „Систем за радио податоци“


(RDS)

1. Копче за вклучување и исклучување


Притиснете го копчето за да го вклучите радиото.
Притиснете го копчето повторно и радиото ќе се исклучи.

1. Тркалце за контрола на јачина на звук

Вртете го тркалцето за прилагодување на јачината на звукот.


Во правец на часовникот...........Зголемување на звукот
Обратно од часовникот.............Намалување на звукот

1. Тркалце за избор на опции

Притиснете го тркалцето за да одберете некоја од опциите наведени во следната


табела. Потоа, завртете го тркалцето за да го прилагодите звукот во саканата опција.
Опција Обратно од часовникот Во правец на часовникот
Посилен звук на задната Посилен звук на предната
FAD
страна страна
BAS Послаб звук Посилен звук
TRE Послаб звук Посилен звук
Посилен звук на левата Посилен звук на десната
BAL
страна страна

ЗАБЕЛЕШКА
Доколку тркалцето се постави во позиција во која не се употребуваат звучниците,
радиото нема да произведува звук. Затоа, секога поставувајте го тркалцето во
позиција во која ќе се употребуваат звучниците.

2. Копче за опции

Притиснете го копчето за избор на една од опциите бас, високи тонови, позадина


или баланс (bass, treble, fader или balance).

3. AM копче

Притиснете го ова копче за да ја изберете AM фрекфенцијата.

4. FM копче

Притиснете го ова компе за да ја изберете FM фрекфенцијата.


Кога радиото ќе прими некоја FM станица, притискајте го копчето за менување
помеѓу фрекфенциите FM1 FM2 и FM3.

5. Копче за корекција на станиците

Кога аудио системот е вклучен во опција за слушање радио, притиснете го копчето


за да ја изберете саканата радио фрекфенција.
Погледнете во делот „Корекција на станиците“

5. Копче за избор на песна

Кога аудио системот е вклучен во опција за слушање компакт диск, притиснете го


копчето за избор на саканата песна.

6-11 Копчиња за меморирани станици


Кога аудио системот е вклучен во опција за слушање радио, притиснете го копчето
за да ја слушате меморираната станица. Погледнете во делот „Корекција на
станиците“ и „Меморирање и избор на меморираните станици“.

6. Копче за случаен избор на песните (random)

Кога судио системот е вклучен во опција за слушање компакт диск, притиснете го


копчето за да ја активирате опцијата за случаен избор на песните.

7. Копче за повторување на песните (repeat)

Кога судио системот е вклучен во опција за слушање компакт диск, притиснете го


копчето за да ја активирате опцијата за повторување на песните.

10. Копче за брзо враќање на песната наназад (rewind)

Аудио системот врши брзо враќање на песната наназад кога копчето се држи
притиснато.

11. Копче за брзо движење на песната нанапред (forward)

Аудио системот врши брзо движење на песната нанапред кога копчето се држи
притиснато.

12. Копче за автоматско меморирање (AST)

Кога радиото ќе прими некоја станица, притиснете и држете го копчето две или
повеќе секунди за автоматско меморирање на истата радио станица.

13. Копче за компакт диск

Притиснете го копчето за да ја активирате опцијата за слушање на компакт диск.

14. Копче за текст

Притискањето на копчето предизвикува појава на текстуални информации на


дисплејот. При секое притискање на копчето, информациите се менуваат по
следниот редослед:
„времетраење на песната“ → „име на дискот“ → „име на песната“

15. Копче за алтернативна фрекфенција (AF)


Кога радиото прима FM фрекфенција, притиснете го копчето за да ја одберете
функцијата AF или REG.
Погледнете го деловите „Алтернативна фрекфенција“ и „“Регионална програма“.

16. Program type (PTY)* копче

Кога радиото прима FM фрекфенција, притиснете го копчето за да ја одберете


функцијата „program type“. Погледнете во делот „Program type функција“.

17. Traffic announcement (TA) копче

Притиснете го копчето за да ја одберете функцијата ТА и функцијата TP.


Погледнете во делот „ Traffic announcement функција“ и „TP функција“.

18. Отвор за внесување на компакт диск

Внесете го компакт дискот во отворот. Погледнете во делот „Оперативна процедура


на CD плеерот“.

19. Копче за вадење на компакт дискот

Притиснете го копчето и компакт дискот автоматски ќе излезе надвор од плеерот.

Инструкции за употреба на радиото

Барање и прилагодување на радио станиците

 Изберете ја саканата сигнална фрекфенција со притискање на копчето AM


или FM.
Радиото автоматски ќе се префрли на стерео звук кога ќе прими FM
фрекфенција.
 Доколку стерео приемот стане неквалитетен, радиото автоматски ќе се
префрли на емитување на моно звук.
 Постојат три начини за избор на саканата радио станица:

1. Мануелно бирање
Притискајте го копчето за избор на станици. Со секое негово притискање,
фрекфенцијата прогресивно се зголемува и тоа: За 9 kHz кај АМ сигналите односно
за 0,05 mHz кај FM сигналите. Кај RDS функцијата, менувањето е за 0,1 mHz.
 ▲- за повисока фрекфенција
 ▼- за пониска фрекфенција
Фрекфенцијата која ја прима радиото се прикажува на дисплејот.

2. Автоматско бирање
Притискајте и држете го копчето за избор на фрекфенција подолго од една секунда.
Радиото започнува со бирање на радио станица од постоечката фрекфенција кон
повисока или пониска фрекфенција во зависност од тоа кое копче се притиска. Кога
радиото ќе прими станица, барањето на фрекфенција автоматски престанува.
 ▲- за повисока фрекфенција
 ▼- за пониска фрекфенција
Фрекфенцијата која ја прима радиото се прикажува на дисплејот.
За да го прекинете автоматското бирање, притиснете го копчето пред радиото
автоматски да ја најде станицата.

3. Меморирани станици
Меморираните радио станици се пуштаат со притискање на соодветното копче
(број на канал) на кое тие се меморирани. Фрекфенцијата и бројот на каналот се
покажуваат на дисплејот.

Меморирање и избор на меморираните станици


 Вие имате опција за меморирање и избор на шест станици на АМ
фрекфенција.
 Кај станиците на FM фрекфенција, имате опција за избор на шест станици и
тоа на секоја од FM1, FM2 и FM3 фрекфенциите. Вкупниот број на станици
во овој случај достигнува 18.

1. Изберете ја саканата сигнална фрекфенција со притискање на копчето AM


или FM.
2. Одберете ја саканата радио станица.
3. Притиснете и држете го копчето за избор повеќе од две секунди со што ќе ја
меморирате станицата, што ќе биде потврдено со титкав звук.

ЗАБЕЛЕШКА
Во случај на дисконектирање на радиото со акумулаторот или при
прегорување на осигурувачот, меморираните радио станици ќе бидат
избришани. Станиците ќе мора повторно да се меморираат.

Копче за автоматско меморирање (AST)


 Опцијата за автоматско меморирање на станиците е исклучително корисна
кога патувате на места каде не сте запознаети со фрекфенциите на локалните
радио станици. Со оваа опција, Вие ќе извршите автоматско меморирање на
станиците кои најдобро може да се примат.
 Кога ќе се активира опцијата за автоматско меморирање на станиците,
претходно меморираните станици ќе бидат избришани. Активирањето на
опцијата за автоматско меморирање на FM3 фрекфенција, автоматски ќе ги
избрише радио станиците кои претходно сте ги меморирале на истата
фрекфенција.
1. Изберете ја саканата сигнална фрекфенција со притискање на копчето AM
или FM.
2. Држете го AST копчето над две секунди за да ја активирате опцијата за
автоматско меморирање на радио станиците.
3. Кога меморирањето ќе се извршува, радиото ќе произведе титкав звук.

ЗАБЕЛЕШКА
 Секое автоматско меморирање на станиците ќе меморира најмногу
шест станици чии фрекфенции најдобро се примаат во дадениот момент
и локација.
 Кога ги меморирате станиците во FM1 или FM2 фрекфенциите,
мануелно меморираните станици нема да се избришат дури и кога ќе ја
активирате опцијата за автоматско меморирање.
 Доколку бројката на радио станици кои радиото може автоматски да ги
меморира е помала од шест, тогаш радиото ќе меморира само онослку
радио фрекфенции колку што може да прими.
 Доколку приемот е неквалитетен како резултат на локалните услови
(ориентацијата на возилото итн.), радиото нема автоматски да ги
меморира станиците.
 Дури и кај иста радио станица, фрекфенцијата која ќе се меморира со
мануелното копче за избор на станици може да се разликува со
фрекфенцијата одбрана со опцијата за автоматско меморирање.
 Дури и во случај автоматското меморирање на астаниците да се врши
на исто место, меморираните фрекфенции може да се разликуваат како
резултат на момонталниот квалитет на приемот на сигналите.

Систем за радио податоци (RDS)

Вашето радио има вграден систем за декодирање на радио податоците кој е


соодветен за емитувачките станици кои емитуваат RDS податоци.
Системот може да го прикаже името на примената радио станица (PS) и може
автоматски да се префрли на онаа радио станица која има најдобар прием (AF) во
ситуација кога патувате на долги релации.
Исто така, во случај кога некоја RDS радио станица емитува „информации за
сообрќајот“ или „тип на програмата“, без разлика која опција и да ја користите,
станицата ќе биде примена.
Покрај ова, доколку се прими EON информација, оваа информација овозможува
автоматско пренасочување на меморираните станици на истата мрежа и
елиминирање на информациите кои се машаат односно кои доаѓаат од другите
станици (TP). Оваа функција не е применлива во некои области.
Кога го користите RDS системот, секогаш ставете го радиото во функција која не е
AM фрекфенција:
AF: Алтернативна фрекфенција
PS: Име на програмскиот сервис
PTY: Тип на програма
EON: Засилени други станици
TP: Програма од другите станици

*RDS елиминирањето на информациите кои се машаат односно кои доаѓаат од


другите станици не функционира при приемот на AM радио сигналите.

Функција за алтернативна фрекфенција (AF)

Функцијата за алтернативна фрекфенција служи за менување на различни


фрекфенции на истата мрежа со цел да се одржи оптимален прием на радио
брановите.
* Фабрички-прилагодените опции на радиото се вклучени

Вклучување / исклучување на функцијата за алтернативна фрекфенција

Со секое притискање на AF копчето, функциите се менуваат според следниот


редослед:
AF вклучена (REG исклучена) → AF вклучена (REG вклучена) → AF исклучена
(REG исклучена)
Кога AF функцијата е вклучена, „AF“ индикаторот на дисплејот се вклучува.

Функција за регионална програма (REG)

Кога функцијата за регионала програма е вклучена, има можност за прием на


истата регионална програма.
Кога функцијата за регионала програма е исклучена, регионалната програма се
менува како што патувате и Вашето радио ќе ги прима регионалните радио
програми од регионите во кои се наоѓате.
* Фабрички-прилагодените опции на радиото се исклучени

ЗАБЕЛЕШКА
Функцијата се прекинува кога ќе добиете прием на национална станица како
BBC R2.

Вклучување / исклучување на функцијата за регионална програма

Со секое притискање на AF копчето, функциите се менуваат според следниот


редослед:
AF вклучена (REG исклучена) → AF вклучена (REG вклучена) → AF исклучена
(REG исклучена)
Кога REG функцијата е вклучена, „REG “ индикаторот на дисплејот се вклучува.

Функција за „сообраќајна програма“ (TP)


Кога TP функцијата е вклучена, доколку дојде до емитување на „сообраќајна
програма“ на RDS станицата која ја слушате во моментот, на овој сигнал му се дава
врвен приоритет во приемот и истиот се прима и пушта на Вашето радио.
* Фабрички-прилагодените опции на радиото се исклучени

Вклучување / исклучување на функцијата за„сообраќајна програма“

Кога е избрана FM фрекфенција, со секое притискање на TA копчето, функциите се


менуваат според следниот редослед:
TP и TA се исклучени → TP е вклучена а TA исклучена → TP и TA се вклучени

При избор на било која друга фрекфенција освен FM, функциите се менуваат
според следниот редослед:
TP и TA се исклучени → TP и TA се вклучени

Кога на дисплејот ќе дојде до вклучување на TP индикаторот, функцијата се наоѓа


во „stand by“ позиција и чека емитување на сообраќајна информација.
Кога доаѓа до емитување на сообраќајна информација при слушање на RDS радио
станица, Вие автоматски ќе ја чуете информацијата.

ЗАБЕЛЕШКА
 Кога TP податоците не може да се примат со вклучена TP функција,
тогаш TP индикаторот на дисплејот трепка.
 Кога TP податоците не може да се примат со вклучена TP функција во
рок од 20 секунди, Вие ќе слушнете титкав звук и радиото само ќе
побара нова TP станица.
o Кога радиото не може да најде ниту една TP станица, дисплејот
покажува „NOTHING“ и се враќа во селектираната
фрекфенција.
o Пребарувањето на TP станици се врши само еднаш.

Функција за „сообраќајно известување“

Кога TА функцијата е вклучена, доколку дојде до емитување на „сообраќајно


известување“ на RDS станицата која ја слушате во моментот, на овој сигнал му се
дава врвен приоритет во приемот и истиот се прима и пушта на Вашето радио.
* Фабрички-прилагодените опции на радиото се исклучени

Вклучување / исклучување на функцијата за„ сообраќајно известување “

Кога е избрана FM фрекфенција, со секое притискање на TA копчето, функциите се


менуваат според следниот редослед:
TP и TA се исклучени → TP е вклучена а TA исклучена → TP и TA се вклучени
При избор на било која друга фрекфенција освен FM, функциите се менуваат
според следниот редослед:
TP и TA се исклучени → TP и TA се вклучени

Кога ќе се вклучи ТА функцијата, индикаторите TA и TP на дисплејот се


вклучуваат.
Кога на дисплејот ќе дојде до вклучување на TA и TP индикаторите, функцијата се
наоѓа во „stand by“ позиција и чека емитување на сообраќајно известување.
Кога доаѓа до емитување на сообраќајното известување при слушање на RDS радио
станица, Вие автоматски ќе го чуете известувањето.

ЗАБЕЛЕШКА
Кога TP податоците не може да се примат со вклучена TP функција во рок од
20 секунди, Вие ќе слушнете титкав звук и радиото само ќе побара нова TP
станица.
 Кога радиото е во FM фрекфенција и не може да најде ниту една TP
станица, дисплејот покажува „NOTHING“ и се враќа во селектираната
фрекфенција. По изминувањето на 20 секунди, автоматското
пребарување ќе започне повторно.
 При слушање на било која фреквенција освен FM, кога радиото не може
да најде ниту една TP станица, радиото се враќа во претходната
станица. По изминувањето на 20 секунди, автоматското пребарување ќе
започне повторно.

Тип на програма (PTY)


* Некои земји сеуште немаат емитување на „тип на програма“

Избор на PTY

Кога ќе се притисне PTY копчето, одбраниот „тип на програма“ се појавува на


дисплејот.
Со секое притискање на PTY копчето, функциите се менуваат според следниот
редослед:
NO PTY→ NEWS → TALK → SPORTS → POP → CLASSICS
(Исклучена PTY →ВЕСТИ→РАЗГОВОРИ→СПОРТ→ПОП→КЛАСИКА)

Приспособување на јачината на звукот на TA и итните емитувани информации


(ALARM)

Јачината на звукот за TA и ALARM итните информации може да се прилагоди при


самото нивно емитување односно слушање. Во текот на нивното слушање, завртете
го контролното тркалце за регулирање на јачината на звукот во правец на стрелките
од часовникот или обратно за да го поставите звукот на саканото ниво.
* Кога TA и ALARM итните информации ќе завршат, јачината на звукот се враќа на
нивото пред информацијата.

Оперативни инструкции за CD плеерот

Слушање на компакт диск


 Внесете го компакт дискот во отворот со делот на кој се впишани
информациите свртен надолу (со натписот свртен нагоре).
 Музиката започнува кога дискот комплетно ќе биде внесен во плеерот.
 Доколку внесете компакт диск додека радиото е во употреба, плеерот
автоматски ја процесуира музиката од компакт дискот (плеерот).
 Кога ќе се внесе компакт дискот, истиот се пушта со притискање на копчето
CD.

Менување на песни

Притискајте го копчињата за менување на песните. Со секое притискање на


соодветното копче, плеерот преминува во пуштање на следната односно
претходната песна:

 ▲- за следна песна
 ▼- за претходна песна

Бројот на песната која е пуштена во моментот се појавува на дисплејот.

Брзо премотување на песната нанапред или наназад

Држете ги притиснати соодветните копчиња за да ја добиете саканата акција.

 Копчето „6“ за премотување нанапред


 Копчето „5“ за премотување наназад

Плеерот продолжува брзо да ја премотува песната нанапред или наназад се додека


соодветното копче се држи притиснато.
Отпуштето го копчето кога ќе ја доведете песната во саканата позиција и плеерот ќе
продолжи да ја емитува песната од таа позиција.

Вадење на компакт дискот


За вадење на дискот, притиснете го копчето EJECT.

ЗАБЕЛЕШКА
Секогаш вадете го дискот од плеерот пред да го завртите клучот во позиција
„LOCK“.
Повторување на песна
Со активирањето на оваа опција, Вие добивате повторено пуштање на
селектираната песна. За активирање на опцијата, притиснете го копчето во позиција
REPEAT.
Кога ќе се активира опцијата, на дисплејот ќе се подвлече индикаторот RPT.

Случаен избор на песните

Со активирањето на оваа опција, плеерот ќе врши пуштање на песните по случаен


избор. За активирање на функцијата, притиснете го соодветното копче.
Кога ќе се активира опцијата за случаен избор на песните, на дисплејот ќе се
подвлече индикаторот RND.

Приказ на името на дискот

За да го добиете името на дискот на дисплејот, притиснете го копчето TEXT.


Со секое притискање на копчето, инфоамрациите на дисплејот се менуваат според
следниот редослед:
„времетраење на песната“ → „име на дискот“ → „име на песната“
Доколку името на дискот и песната не се регистрирани, на дисплејот ќе се појави
информацијата „NO TITLE“.

ЗАБЕЛЕШКА
Број на карактери кои може да се појават на дисплејот е следен:
 Бројот на карактери кои во исто време може да се појават на дисплејот
изнесува 12.
o Доколку сите карактери не може истовремено да се прикажат, држете
го копчето TEXT околу една секунда. Потоа, дисплејот ќе ги прикаже
преостанатите карактери.
o За прикажување на претодните карактери, повторно држете го
копчето TEXT околу една секунда.
o Доколку не се изврши никаква операција за околу шест секунди,
дисплејот ќе се врати во првобитната состојба.
 Вкупниот број на карактери кои може да се прикажат на дисплејот изнесува
24. Во случај кога бројот на карактерри на името на песната или дискот ја
надминува бројката од 24, преостанатите карактери (по 24-от) нема да се
прикажат.
Во зависност од условите на снимање на дискот, можна е појава на неточна
или непостоечка информација на дисплејот.

Знаци за грешки

ERROR1 Се појавува кога компакт дискот е


нечист или внесен наопаку. Проверете го
компакт дискот.
ERROR1 Се појавува кога CD плеерот не
функционира поради определена
причина. Извадете го внесениот компакт
диск.
ERROR1 Се појавува кога CD плеерот е изложен
на високи електрични бранови, поради
што плеерот станува нефункционален.
Извадете го внесениот компакт диск.
WAIT Се појавува кога доаѓа до енормно
зголемување на температурата во CD
плеерот. Почекајте определено време и
дозволете му на плеерот да се излади.

Кога на дисплејот ќе се појави некој од знаците за грешка, осврнете се на табелата


за да ја преземете соодветната корективна акција.
Доколку знакот за грешка се појавува и покрај преземената корективна акција,
контактирајте со Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен
центар на Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено лице.

Емитување на FM бранови (сигнали)

Во споредба со емитувањето на нормални радио бранови (AM), емитувањето на FM


бранови обезбедува подобар квалитет во звукот. Исто така, кај FM брановите
постои можност за добивање и на стерео звук.
Сепак, во некои случаи постојат проблеми при приемот на FM брановите од страна
на возилото во движење како резултат на специфичните карактеристики на
возилото.

Предности на FM брановите
FM радио сигналите имаат повисока фрекфенција од АМ радио сигналите. FM
радио сигналите имаат можности блиски на можностите на светлината.
Затоа, постојат случаи во кои радио сигналот е попречен од некој објект (како
згради планини), што го оневозможува приемот на FM радио сигналите.
Како резултат на ова, опсегот на прием на FM радио сигналите е помал од оној кај
емитуваните АМ бранови.

Опсег на прием на радио брановите

Антена за емитување висока 9 метри (30 стапки)


Ефективна моќ на емитување 1kW
FM стерео автомобилско радио 21 километар (13 милји)

FM монофонично автомобилско радио 50 киломтери (31 милја)

Стерео радио за домаќинство 101 километар (63 милји)

(Обсегот на чистото емитување и прием на радио брановите во горната илустрација


се дадени како пример за емитување на рамна површина без пречки. Опсегот на
радио брановите може да нарира во зависност од моќноста, конфигурацијата на
земјиштето, пречките итн. )

Во случај кога слушате FM радио станица во Вашиот дом, притоа користејќи стерео
радио за домашна употреба, Вие може да уживате во чист FM прием дури и кога
радио сигналот е премногу слаб со подигнување на антената или со употреба на
почувствуителна антена.
Од друга страна, кога слушате FM радио станица во Вашиот автомобил, притоа
користејќи стерео радио за употреба во возилото, приемот на сигналите е
значително под влијание на многу лимитирачки фактори како обликот на антената,
нејзината позиција, звукот на моторот итн.
Затоа, зоната во која може да уживате во чист прием на радио сигналите станува
помала во однос на приемот на сигланите во Вашиот дом.

Губење на сигналот

Постојат места каде ненадејно доаѓа до губење на сигналот. Ова се нарекува


„избледнување“ на сигналот.
Избледнувањето е појава на постепено губење на радио сигналите. На пример,
радио сигналот станува премногу слаб позади пречките како згради, тунели,
столбови итн.
Кога Вашето возило минува низ тие пречки, радио сигналот не стигнува до Вашата
антена, при што се појавува крчење на звукот.
Оваа појава е својствена за FM радио сигналите и е предизвикана од уникатниот
начин на нивен пренос. Вие не можете да ја одбегнете оваа појава.

Прием на повеќе сигнали

(слика)
Антена на радио-предавателот
Директен радио сигнал
Рефлектирачки радио сигнал

FM радио сигналот се рефлектира кога истиот ќе се судри со планини или згради.


Кога антената на Вашето возило истовремено ќе го прими директниот и одбиениот
радио сигнал, доаѓа до мало мутирање на звуците од радиото.
Оваа појава се нарекува „Дисторзија од одбиени сигнали“.
Бројот на ваквите места каде доаѓа до заплеткување на сигналите е релативно мал.
За да ја избегнете оваа појава, Вие морате да го поместите возилото од овие места
(зони).

Како да добиете радио сигнал кога имате попречување на звукот


Кога доаѓа до појава на несоодветни звуци, намалете ги високите тонови со
соодветното копче. Ова ќе го намали нивото на звукот и ќе Ви обезбеди попријатен
звук.

Во Вашето радио има инкорпориран систем за „автоматска контрола на


сепарацијата“ (ASC). Кога Вашето возило ќе навлезе во зона во која има слаб прием
на радио сигналот, системот автоматски го намалува степенот на стерео
разделување со што се подобрува коефициентот S / N (Сигнал / Непријатни звуци).
Кога Вашето возило ќе се врати во зоната каде има силни сигнали, нивото на стерео
разделување ќе биде зголемено.

Секција 8

Ретровизори

Надворешни ретровизори......................................................................... 8-1


Внатрешни ретровизори........................................................................... 8-2

Надворешни ретровизори

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Пред започнувањето на возењето, секогаш враќајте ги надворешните
ретровизори во нивната оригинална позиција. Никогаш не управувајте
го возилото кога надворешните ретровизори со во собрана позиција.
 Не прилагодувајте ги ретровизорите во текот на возењето. Ова може да
предизвика губење на контролата врз возилото.

ВНИМАНИЕ
Внимавајте да не ги изгребете ретровизорите кога од нив го отстранувате
мразот или снегот.
Прилагодување / собирање на ретровизорите

Рачно прилагодување
Прилагодете ги надворешните ретровизори со помош на Вашата рака така што во
ретровизорот ќе можете да видите дел од Вашето возило.

Прилагодување со електронските контроли

(слика) Главна контрола


Контроли за прилагодување

Системот за електронска контрола и прилагодување на ретровизорите функционира


кога клучот во бравата е завртен во позициите „ACC“ или „ON“.
1. Најнапред, одберете го левиот или десниот ретровизор со помош на
главната контрола.
2. Притиснете ги контролите за прилагодување (кои имаат облик на стрелки) и
прилагодете го ретровизорот така што во него ќе можете да видите дел од
Вашето возило.
3. Вратете ја главната контрола во неутрална позиција, кога истата не е во
употреба.

Собирање на ретровизорите

За собирање на надворешните ретровизори, едноставно подбутнете ги кон возилото


и истите ќе се навалат.

Копче за загревање на ретровизори

Загревањето на надворешните ретровизори може да се врши само кога клучот е


завртен во позиција „ON“.
Притиснете го копчето за активирање на грејачот за да го одмаглите ретровизорот.
Во текот на загревањето, индикационото светло за загревање на ретровизорите ќе
биде вклучено.
Загревањето на ретровизорите не е опција за отстранување на снегот или за сушење
на дождот од ретровизорот.
Кога мултинаменската контролна рачка е во првото или второто ниво, знакот за
загревање се осветлува.

Внатрешен ретровизор

Прилагодување на ретровизорот
Прилагодете го внатрешниот ретровизор со помош на Вашата рака така што во него
ќе можете да добиете чист преглед на позадината.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не прилагодувајте ги ретровизорите во текот на возењето.
Ова може да предизвика губење на контролата врз возилото.

Прилагодување во „ноќна“ позиција (кај тип на ретровизор со заштита од


одблесоци)
Завртете ја рачката за да го намалите нивото на одблесоци од фаровите на другите
автомобили зад Вас при ноќно возење.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Поставете го ретровизорот во „дневна“ позиција кога немате потреба од
намалување на одблесоците. Кога ретровизорот се наоѓа во „ноќна“ позиција,
бистрината (јасноста) на погледот во ретровизорот е намалена.

Секција 9

Внатрешни елементи и опрема

Амбиентално светло (служи и како предупредувачко светло за отворена врата).. 9-1


Предно светло за мапа.......................................................................................... 9-3
Прилагодување на управувачот по височина...................................................9-3
Сирена.......................................................................................................................9-3
Рачки за држење.....................................................................................................9-4
Куки за облека.........................................................................................................9-4
Штитник за сонце...................................................................................................9-5
Касета.......................................................................................................................9-6
Касети за ситни предмети.....................................................................................9-6
Држач за шише.......................................................................................................9-7
Багажни куки..........................................................................................................9-8
Подни касети...........................................................................................................9-8
Апарат за гаснење пожар......................................................................................9-9

Амбиентално светло (служи и како предупредувачко светло за отворена врата)

Централно амбиентално светло

За да го вклучите, ставете го прекинувачот за централното амбиентално светло во


позиција „ON“. За исклучување на светлото, ставете го прекинувачот во позиција
„OFF“.
Кога прекинувачот ќе се стави во позиција „DOOR“, централното амбиентално
светло се вклучува кога некоја од вратите ќе се отвори или нема безбедно да се
затвори.
Доколку светлото останува вклучено и по затворањето на сите врати, постои
можност некоја од вратите да е подотворена или да не е комплетно затворена.
Проверете дали сите врати се безбедно затворени.

Багажно светло

Ова светло се вклучува кога багажникот ќе се отвори или нема безбедно да се


затвори.
Доколку светлото останува вклучено и по затворањето на багажната врата, постои
можност вратата да е подотворена или да не е комплетно затворена. Проверете дали
багажната врата е безбедно затворена.

Предно амбиентално светло


(освен за возилата опремени со светло за мапа)

За да го вклучите, ставете го прекинувачот за предното амбиентално светло во


позиција „ON“. За исклучување на светлото, ставете го прекинувачот во позиција
„OFF“.
Кога прекинувачот ќе се стави во позиција „DOOR“, предното амбиентално светло
се вклучува кога некоја од вратите ќе се отвори или нема безбедно да се затвори.
Доколку светлото останува вклучено и по затворањето на сите врати, постои
можност некоја од вратите да е подотворена или да не е комплетно затворена.
Проверете дали сите врати се безбедно затворени.

(за возилата опремени со светло за мапа)

Ставете го прекинувачот на предното амбиентално светло во позиција „OFF“ за да


го исклучите.
Кога прекинувачот ќе се стави во позиција „DOOR“, светлото се вклучува или
исклучува во зависност од тајмерот на амбиенталното светло.
Кога прекинувачот ќе се стави во позиција „DOOR“, предното амбиентално светло
се вклучува кога некоја од вратите ќе се отвори или нема безбедно да се затвори.
Доколку светлото останува вклучено и по затворањето на сите врати, постои
можност некоја од вратите да е подотворена или да не е комплетно затворена.
Проверете дали сите врати се безбедно затворени.

Тајмер за амбиентално светло


Вршењето на следните дејствија кога прекинувачот за предното амбиентално
светло е ставен во позиција „DOOR“, доведува до различно функционирање
односно оперирање на внатрешните светла во возилото:

Отворање / затворање на врата


 Кога ќе се отвори било која врата, амбиенталното светло се вклучува.
 Кога клучот ќе се заврти во било која позиција освен „ON“, амбиенталното
светло се исклучува 15 секунди по затворањето на сите врати.
 Кога клучот е завртен во позиција „ON“, амбиенталното светло се исклучува
веднаш по затворањето на сите врати.

Заклучување / отклучување на врата


 Кога сите врати ќе се заклучат, амбиенталното светло полека започнува да се
исклучува и комплетно се исклучува по 3 секунди.
 Кога ќе се отклучи вратата на возачот, амбиенталното светло останува
вклучено околу 15 секунди.

Вадење на клучот од бравата за палење


Кога клучот ќе се заврти од позиција „ON“ во позиција „ACC“ и веднаш ќе се
извади од бравата со сите врати заклучени, амбиенталното светло останува
вклучено околу 15 секунди.

ЗАБЕЛЕШКА
Постојат случаи во кои амбиентално осветло нема да се вклучи во зависност
од времето поминато од вртењето на клучот од позиција „ON“ во позиција
„ACC“.

Функција за спречување на празнење на акумулаторот


Доколку некоја од вратите остане отворена 10 минути во случај кога клучот е
завртен во позиција „LOCK“ или „ACC“, предното амбиентално светло (додека
неговиот прекинувач е ставен во позиција „DOOR“) се исклучува. Ова овозможува
спречување на празнењето на акумулаторот.

Предно светло за мапа


Предното светло за мапа се вклучува кога истото ќе се притисне.
Светлото се исклучува со негово повторно притискање.

Прилагодување на управувачот по височина

Подигнете ја рачката (за заклучување/отклучување на управувачот) за да го


отклучите столбот на управувачот (делот кој го држи управувачот). Прилагодете го
управувачот според Вашите потреби. Потоа, притиснете ја рачката надолу. Столбот
на управувачот а со тоа и самиот управувач ќе биде заклучен во новата позиција.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
По прилагодувањето во новата позиција, секогаш проверете дали рачката е
безбедно спуштена надолу (дали столбот на управувачот е заклучен) со
правење обиди за поместување на столбот нагоре и надолу.
Не прилагодувајте го управувачот кога возилото е во движење затоа што
тоа може да предизвика колизија.

Сирена
(Освен за возилата опремени со SRS воздушни перничиња)

Притиснете го централниот дел на управувачот (како што е покажано на сликата) за


да ја активирате сирената.

(За возилата опремени со SRS воздушни перничиња)

За да ја активирате сирената, притиснете го делот на управувачот кој што е


прикажан на сликата.

Рачки за држење
Рачките за држење се направени за зголемување на удобноста на патниците.

Куки за облека
Куките за облека се наоѓаат на рачките за држење за задните седишта.

ВНИМАНИЕ
 Не закачувајте тешки парчиња облека и големи предмети на куките.
Ова може да предизвика кршење на куките или откачување на
облеката во текот на возењето.
 Не закачувајте закачалки, тешки и испакнати (аглести) предмети на
куките. Постои можност овие предмети да бидат турнати при
евентуалното отворање на SRS страничните воздушни перничиња и
SRS воздушните завеси.

Штитник за сонце
Спуштете го штитникот за да ги заштитите Вашите очи од силната сончева
светлина. Штитникот за сонце исто така може да се ротира за да дојде на
страничниот прозорец од вратата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Вратете го штитникот за сонце во неговата оригинална позиција кога истиот
не е во употреба. Штитникот може да попречи во Вашата прегледност.
Огледало во штитникот за сонце
За употреба на огледалото, спуштете го штитникот за сонце и отворете го капакот
на огледалото.

Касета

 Повлечете ја рачката за да го отворите капакот на касетата и притиснете го


капакот за нејзино безбедно заклучување.
 (За возилата опремени со светло во касетата)
касетата може да се заклучи со клуч.
Кога повеќенаменската контролна рачка е во прво или второ ниво,
отворањето на касетата го вклучува светлото во касетата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Капакот на касетата треба да биде затворен во текот на возењето. Ова ќе го
намали ризикот од сериозни телесни повреди во случај на колизија или остро
сопирање.

Касети за ситни предмети

Касета за ситни предмети на инструмент-панелот


Повлечете ја рачката за да го отворите капакот на касетата и притиснете го капакот
за нејзино безбедно заклучување.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Капакот на касетата треба да биде затворен во текот на возењето. Ова ќе го
намали ризикот од сериозни телесни повреди во случај на колизија или остро
сопирање.

Касета за ситни предмети на покривот


Повлечете ја рачката за да го отворите капакот на касетата и притиснете го капакот
за нејзино безбедно заклучување.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Максималната тежина на предметите кои може да се стават во касетата
изнесува приближно околу 200 грама (0,44 либри).
 Поради тоа што во возилото се создава висока температура кога возилото е
паркирано на сонце, не оставајте пластични очила или ситни електронски
инструменти во касетата. Леќите или рамките на очилата може да се
деформираат или скршат.
 Исто така, не ставајте запалки или спрееви во касетата. Ова е опасно и може
да доведе до појава на пожар или експлозија.
 Не ставајте тврди или остри предмети во касетата. Ова може да предизвика
неочекувана повреда доколку дојде до ненадејно испаѓање на овие предмети
при отворањето на капакот на касетата.

ВНИМАНИЕ
Не нанесувајте дополнителен притисок за отворање на касетата кога истата е
веќе отворена. Ова може да предизвика оштетување или дефоормација на
касетата.

Држач за шише

Преден

Заден

Држач за шише на предната врата

ВНИМАНИЕ
Доколку течноста дојде во контакт со контролите за електричните прозорци,
тоа може да предизвика проблем во функционирањето на контролите. Затоа,
мора особено да се внимава да не дојде до истурање на течноста од шишето
кога вратата ќе се отвора/затвора или кога ќе дојде до остро сопирање на
возилото.

Багажни куки
Со помош на овие куки, багажот може да се фиксира со користење на јаже или
мрежа.

ВНИМАНИЕ
Багажните куки може да се приберат кога истите не се во употреба за да се
избегнат несакани последици како заплеткување на прстите итн.

Подни касети
Подните касети се наоѓаат на левата и десната страна под задното седиште.
Спуштете го задното седиште и подигнете го подниот килим за да ги употребите
касетите.

ВНИМАНИЕ
Подниот килим на возилото секогаш треба соодветно да биде позициониран
кога возилото е во движење. Постои опасност од можно излетување на
складираните предмети од подните касети.

Апарат за гаснење пожар


(За GCC спецификации)
(слика) Апарат за гаснење пожар
преден дел од возилото

Извадете го апаратот за гаснење пожар кој се наоѓа под совозачкото седиште.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Кога го прикачувате апаратот за гаснење пожар на неговиот држач под
седиштето, секогаш натписот треба да биде свртен нагоре а прскалката
треба да биде завртена кон предниот дел од возилото како што е
покажано на сликата. Цврстото прикачете го апаратот. Погрешното
прикачување на апраратот може да предизвика неочекувано испуштање
на средството за гаснење пожар.
 Никогаш не употребувајте било каков апарат за гаснење пожар кој
доживеал пад или чиј дел околу црвеното копче доживеал силен удар.
Непочитувањето на ова предупредување може да предизвика
истекување на средството за гаснење пожар како резултат на кршењето
на гасниот цилиндер во резервоарот на апаратот.
 Никогаш не оставајте го апаратот за гаснење пожар надвор.
Непочитувањето на ова предупредување може да предизвика
истекување на средството за гаснење пожар како резултат на корозија
или пукнатини кај резервоарот на апаратот.

Употреба на апаратот за гаснење пожар


1. Извлечете го безбедносниот осигурувач.
2. Насочете ја прскалката кон изворот на оган. Растојанието од изворот на
оган треба да биде околу од 2 до 4 метри (од 6,6 до 13,1 стапки).
3. Силно притиснете го копчето.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Никогаш не насочувајте го апаратот за гаснење пожар кон луѓе кога
истиот го користите.
 Доколку дојде до навлегување на средството за гаснење пожар во
Вашите очи, истријте ги очите со чиста вода. Потоа, обратете се кај очен
лекар за нивна проверка.
Секција 10

Возачки совети

Пред палењето на моторот....................................................................... 10-1


Стартување на моторот............................................................................ 10-1
Инструкции за мануелниот систем за менување брзини................... 10-2
Точки на менување брзини...................................................................... 10-3
Инструкции за менување брзини со автоматски менувач............... 10-4
Совети за нормално возење..................................................................... 10-8
Совети за економично возење................................................................. 10-8
Совети за возење во зимски услови....................................................... 10-8
Систем за сопирање................................................................................... 10-9
Индикатор за граница на трошење на блокот на сопирачките........ 10-12
Совети за паркирање................................................................................ 10-12
Серво-управувач........................................................................................ 10-14
VSC систем за контрола на стабилноста на возилото........................ 10-14
Систем за контрола на пролизгувањето............................................... 10-15
DAC систем за асистенција при удолници............................................ 10-17
Систем за асистенција при поаѓање на угорници............................... 10-19

Пред палењето на моторот

1. Направете ја проверката пред стартување на моторот. Погледнете во


секцијата број 13.
2. Проверете ја безбедноста на окружувањето на возилото пред да влезете
во него.
3. Уверете се дека рачната сопирачка е подигната.
4. Прилагодете ја позицијата на седење, аголот на потпирачот на седиштето
и височината на потпирачот за глава.
5. Прилагодете ја позицијата на надворешните и внатрешниот ретровизор.
6. Врзете се со безбедносните појаси.
7. Исклучете ги непотребните светла и сите други непотребни елементи кои
трошат електрична енергија.
8. Проверете ја стрелката за гориво за да се уверите дека во возилото има
доволно количество на гориво.

Стартување на моторот

ВНИМАНИЕ
Не оптеретувајте го стартерот (не верглајте) подолго од 10 секунди.
Не преоптоварувајте го сеуште незагреаниот мотор за да избегнете негово
оштетување.
Одржувајте нормална брзина на движење се додека моторот соодветно се
загрее.

Процедура за стартување на моторот

Системот за електронско вбризгување на гориво автоматски ја контролира


оптималната мешавина на воздух и гориво за стартување на моторот.
Притиснете го квачилото до крај и држете го во притисната позиција се додека
моторот започне да работи (кај возилата со мануелен менувач).
Ставете го менувачот во брзина лер (кај возилата со мануелен менувач) односно
во брзина „P“ - паркинг (кај возилата со автоматски менувач).
Завртете го клучот во позиција „ON“. Уверете се дека предупредувачките светла
се вклучени.
Со стапалото тргнато од педалот за гас, завртете го клучот во позиција „START“
и вратете го назад во позицијата „ON“.
Проверете дали предупредувачките светла (освен светлото за сопирачките) се
вклучени.
Не преоптоварувајте го сеуште незагреаниот мотор.
Доколку надворешната температура е под нулата, загрејте го моторот
неколку минути пред започнувањето на возењето.

Стартување на моторот при екстремно ниски температури


Кога надворешната температура ќе падне под -20 Co, на моторот му е потребно
повеќе време за стартување по вртењето на клучот од позицијата „ON“во позиција
„START“.
За да се осигурате дека моторот стартувал, држете го клучот во позиција „START“
дополнителни две-три секунди од моментот кога помислувате дека моторот
стартувал.

Посебни мерки за возилата опремени со автоматски менувач


Кај возилата опремени со автоматски менувач, потребно е да се земат во предвид
следните постапки:
 Пред стартувањето на моторот, подигнете ја рачната сопирачка и ставете го
менувачот во брзина „P“ – паркинг.
 Моторот може да се стартува и кога менувачот е во лер брзина (N), но
препорачливо е моторот да се стартува кога менувачот е во брзина „P“ –
паркинг.
 Поради безбедносни причини, механизмот на менувачот е конструиран така
што моторот не може да се стартува кога менувачот е ставен во брзините „R“
– рикверц, „D“ – вози, „2“ – втора брзина и „L“.
 Доколку дојде до исклучување на моторот додека возилото е во движење,
рестартирајте го со ставен менувач во брзина „N“ – лер.
 Моторот не може да се стартува со туркање или влечење на возилото.
 Менувајте брзини само кога моторот работи на ниски вртежи. Кога моторот
работи со високи вртежи, може да дојде до несакано движење на возилото
при обидот за ставање на менувачот во брзина „R“ – рикверц, „D“ – вози,
„2“ – втора брзина и „L“.
 Менувајте од брзините „P“ – паркинг и „N“ – лер во другите брзини со
целосно спуштена рачна сопирачка. Во спротивно, може да дојде до
ненадејно движење на возилото.

Инструкции за мануелниот систем за менување брзини

Позициите во кои може да се стави менувачот се покажани на сликата.


При менувањето на брзините, притиснете го квачилото до крај. Доколку брзината
се менува тешко, отпуштете го менувачот, притиснете го квачилото до крај и
обидете се повторно.
Системот за менување брзини е дизајниран на начин кој го оневозможува
директното пренесување на менувачот од 5. брзина во рикверц.
За да ја промените брзината од 5-тиот степен на пренос во рикверц, најнапред
вратете го менувачот во лер и потоа ставете го менувачот во рикверц и тоа само во
случај кога возилото е комплетно запрено (не е во движење).

ВНИМАНИЕ
Ставајте го менувачот во рикверц само по наполното стопирање на возилото.
Во спротивно, можно е оштетување на менувачот.

Кога возите по стрмни угорници, ставете го менувачот во понизок степен на пренос


за да добиете поголемо моторно кочење во зависност од условите на патот и
брзината на движење.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Бидете внимателни кога менувате во понизок степен на пренос при возење на
замрзнати, лизгави или мокри подлоги. Непочитувањето на ова
предупредување може да предизвика пролизгување на возилото, губење на
контролата врз него и колизија.

Точки на менување брзини


(кај мануелниот менувач)

Препорачани брзини на движење за менување на степенот на пренос


За да обезбедите подобра економичност на возилото и подолг работен век на
моторот, менувајте ги брзините во понизок или повисок степен на пренос во
согласност со следната табела.
Сепак, точката на менување на брзините зависи од временските услови, условите
на патот итн.

Препорачани брзини на движење за менување на степенот на пренос:

Брзина на движење км/час


Степен на пренос
(милји/час)
1-2
15 (9)
2-1
2-3
35 (22)
3-2
3-4
50 (31)
4-3
4-5
70 (43)
5-4

Максимални дозволиви брзини на движење за степените на пренос

ВНИМАНИЕ
Доколку Вашето возило ја достигне максималната дозволива брзина на
движење за степените на пренос дадени во следната табела, не ставајте го
менувачот во понизок степен на пренос. Непочитувањето на ова
предупредување ќе предизвика оштетување на моторот.

Максимални дозволиви брзини на движење за степените на пренос:

Брзина на движење км/час (милји/час)


Тип на мотор
3SZ-VE
K3-VE
Со погон на 2 Со погон на 4
Степен на пренос тркала тркала
1 35 (22) 40 (25) 35 (22)
2 60 (37) 70 (43) 70 (43)
3 95 (59) 110 (68) 100 (62)
4 130 (81) 150 (93) 140 (87)
5 - - -

Инструкции за менување брзини со автоматски менувач

(Освен за Тајвански спецификации)


(слика) Копче на менувачот

►Движете го менувачот со притиснато копче.

→ Движете го менувачот без притискање на копчето

(За Тајвански спецификации)

(слика) Копче на менувачот

►Движете го менувачот со притиснат педал за сопирање и со притиснато копче.


►Движете го менувачот со притиснато копче.
→ Движете го менувачот без притискање на копчето

ЗАБЕЛЕШКА
 Менувачот може да се движи од брзината „P“ – паркинг кон другите
брзини, доколку педалот за сопирање не е притиснат.
 Кога клучот ќе се стави во позиција „LOCK“, менувачот нема да
може да се движи од од брзината „P“ – паркинг кон другите брзини,
дури и доколку го притиснете педалот за сопирање.
 Постојат случаи во кои нема да можете да го поместите менувачот
доколку пред притискањето на педалот за сопирање сте го
притиснале копчето на менувачот. Во овој случај, вратете го копчето
на менувачот во неговата првична позиција. Потоа, притиснете го
педалот за сопирање и ставете го менувачот во саканата брзина.

Брзини на автоматскиот менувач:

P – (паркинг)
Оваа брзина се користи при паркирање на возилото, стартување на моторот и за
вадење на клучот од бравата.

R – (рикверц)
Оваа брзина се употребува при движење на возилото наназад.

N – (лер)
Моторот може да се стартува и во оваа брзина. Сепак, се препорачува моторот да се
стартува со менувачот ставен во позиција P – (паркинг).

D – (вози)
Брзината се користи за нормално возење. Менувањето на степените на пренос се
врши автоматски (од прв степен на пренос кон повисоките и обратно) во зависност
од брзината на движење на возилото.

2 – брзина
Оваа брзина се користи за моторно кочење или за рапидно забрзување на возилото.
Менувањето на степените на пренос се врши автоматски (од прв степен на пренос
во втор степен и обратно) во зависност од брзината на движење на возилото.

L – брзина
Се употребува за ефективно моторно кочење. Менувачот постојано ќе биде во
првиот степен на пренос (прва брзина).

ЗАБЕЛЕШКА
 Моторот може да се стартува само во брзините P – (паркинг) и N – (лер).
 За менувањето на брзини покажано со знакот ►, менувачот нема да
може да се движи без притискање на копчето за да се оневозможи
погрешно менување на брзините. Проверете го индикаторот за да се
запознаете со брзината во која се наоѓа менувачот.
 Кај возилата со автоматско-контролирани системи за менување, кога ќе
дојде до спуштање на температурата на течноста за менувачкиот систем
веднаш по започнувањето на движењето, менувачкиот систем во некои
случаи нема да смени во 3. или 4. брзина. Кога температурата на
течноста ќе порасне, менувачкиот систем веднаш ќе премине во
нормално зголемување на степените на пренос.

Копче за поголемо оптоварување на моторот

(слика) Копче за поголемо оптоварување на моторот

Оваа опција се користи кога имате потреба од поголемо моторно кочење на


удолници или мирно возењее без често менување на брзините при искачување на
угорници. Системот на менување функционира во три степени на пренос.

Вклучување на опцијата
За вклучување на опцијата, притиснете го копчето покажано на сликата.
Индикаторот на инструмент-таблата ќе се вклучи. Притиснете го повторно за
исклучување на функцијата.

Исклучување на опцијата
Исклучувањето на опцијата се врши при нормално возење. Системот на менување
функционира во четири степени на пренос.

ЗАБЕЛЕШКА
Кога клучот ќе се сврти во позиција „ON“, опцијата за поголемо оптоварување
на моторот автоматски се исклучува.

Поаѓање

Со притиснат педал за сопирање до крај, ставете го менувачот во една од


брзините D – (вози), 2 – брзина или L – брзина за движење нанапред или во
брзината R – рикверц за движење наназад.
По спуштањето на рачната сопирачка, придвижете го возилото со отпуштање на
педалот за сопирање.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Никогаш не менувајте брзини со менувачот додека го притискате
педалот за гас. Можно е ненадејно движење на возилото.
 Кога вртежниот момент на моторот е висок (како веднаш по
стартувањето на моторот, во текот на загревањето или кога е вклучена
климатизацијата), цврсто притиснете го педалот за сопирање затоа што
во спротивно може да дојде до придвижување на возилото.

Возење

За нормално возење, користете ја брзината D – вози.


Од брзината L може да се изведе мануелно менување во брзината 2 или D.
Кога имате потреба од големо забрзување, притиснете го педалот за гас до крај.
Дури и во случај менувачот да е ставен во брзина D – вози, менувачот
автоматски ќе да го стави менувачот во 1. или 2. степен на пренос во
зависност од брзината на движење на возилото.
 Доколку дојде до исклучување на моторот додека возилото е во движење,
рестартирајте го со ставен менувач во брзина „N“ – лер. Сепак,
препорачливо е стартувањето на моторот да се врши кога менувачот е ставен
во позиција „P“ – паркинг.
 Кога возите по стрмни патишта, намалете го степенот на пренос за добивање
на моторно кочење во зависност од условите на патот и брзината на движење
на возилото.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Внимавајте кога го намалувате степенот на пренос при возење на замрзнати,
лизгави или мокри површини. Непочитувањето на ова предупредување може
да предизвика пролизгување на возилото, губење на контролата врз него и
колизија.

ВНИМАНИЕ
Ставете го менувачот во „P“ – паркинг или „R“ – рикверц по комплетното
застанување на возилото. Доколку извршите ставање на менувачот во некоја
од овие брзини додека возилото е во движење, системот за менување брзини ќе
биде оштетен.

Максимални дозволиви брзини на движење за степените на пренос

ВНИМАНИЕ
Доколку Вашето возило ја достигне максималната дозволива брзина на
движење за степените на пренос дадени во следната табела, не ставајте го
менувачот во понизок степен на пренос. Непочитувањето на ова
предупредување ќе предизвика оштетување на моторот.

Максимални дозволиви брзини на движење за степените на пренос:

Брзина на движење км/час (милји/час)


3SZ-VE
Позиција на
менувачот Со погон на 2
Со погон на 4 тркала
тркала
L 45 (28) 40 (25)
2 90 (56) 80 (50)
O/D деактивиран 145 (90) 135 (84)
O/D активиран - -

Кратко застанување

Силно притиснете го педалот за сопирање без разлика во оја брзина се наоѓа


менувачот.
Доколку стоите подолго време, дигнете ја рачката сопирачка и ставете го менувачот
во позиција „N“ – лер.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Доколку педалот за сопирање не се притисне силно а менувачот е ставен во
позиција „L“, „D“ – вози, „2“ или „R“ – рикверц, возилото може да продолжи
да се движи.
За да оневозможите ненадејно придвижување на возилото:
 Подигнувајте ја рачната сопирачка кога застанувате на угорница.
 Држете го педалот за сопирање притиснат кога менувате од „N“ – лер во
другите брзини.

Паркирање или долго застанување


По комплетното застанување на возилото, дигнете ја рачната сопирачка и ставете го
менувачот во позиција „P“ – паркинг притоа притискајќи го педалот за сопирање до
крај.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Ставањето на менувачот во брзината „P“ – паркинг врши превенција од
ненадејно или несакано придвижување на возилото.
 Не преоптоварувајте го моторот без особена потреба.

Кога го извлекувате клучот од бравата, се препорачува да го завртите клучот во


позиција „LOCK“ откако ќе го ставите менувачот во позиција „P“ – паркинг. Оваа
постапка е важна за безбедноста при следното стартување на возилото и за
безбедно паркирање.

(За Тајвански спецификации)


Уверете се дека менувачот е ставен во позиција „P“ – паркинг кога го исклучувате
моторот. Во спротивно, клучот нема да може да се заврти во позиција „LOCK“.

Совети за нормално возење

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Намалете ја брзината на движење кога возилото е изложено на вкрстен ветар
или кога возите по нерамни површини.

ВНИМАНИЕ
 Не одморајте го Вашето стапало на квачилото во текот на возењето и не
одржувајте го возилото со помош на квачилото кога застанувате на угорница.
Ова може да предизвика прегревање на квачилото.
 Не возете со менувачот ставен во лер. Ова може да предизвика прегревање
на системот за менување брзини.
 Не одморајте ја Вашата дланка на копчето на менувачот во текот на
возењето. Менувачот несакајќи може да биде ставен во друг степен на
пренос. Исто така, ова може да предизвика оштетување на менувачот.
 Не преоптоварувајте го моторот кога менувате брзини. Ова може да
предизвика прегревање на моторот.
 Не минувајте низ вода доколку водата е подлабока од тркалата. Движете се
полека кога минувате низ вода.

Совети за економично возење

 Забрзувајте постепено. Избегнувајте непотребни и нагли забрзувања и


сопирања. Одржувајте ја брзината на движење што е можно подолго.
 Избегнувајте непотребно возење со голема брзина на движење.
 Препорачливо е да возите во највисокиот степен на пренос кога возите со
повисока брзина на движење. Ова ќе помогне во намалувањето на бучавата
на моторот како и на потрошувачката на гориво.
 Темпирајте го Вашето возење за да извозите што е можно подолга дистанца
без сопирање. Сопирањето и тргнувањето бараат поголемо количество
гориво.
 Возете разумно и соодветно одржувајте го Вашето возило (погледнете ја
секцијата 13). Ова ќе ги одржи оригинално-дизајнираните перформанси на
Вашето возило и ќе помогне во заштедата на гориво.
 Не преоптоварувајте го моторот.
 Не правете непотребни вртежи на моторот.
 Исклучете ја климатизацијата кога немате потреба од неа.
 Отстранете го кровниот багажник кога немате потреба од него.

Совети за возење во зимски услови

Акумулатор
Проверете ја состојбата на акумулаторот и каблите. Капацитетот на акумулаторот
има тенденција на намалување во студени услови. (погледнете ја секцијата 14).

Течност за ладење на моторот


Долејте течност за ладење на моторот која има адекватен коефициент на заштита од
замрзнување.

Моторно масло
Осврнете се на графиконот за вискозноста на моторното масло во секцијата 15.

Течност за миење
Употребувајте анти-фриз тип на течност за миење.

Рачна соприачка
Не подигнувајте ја рачната сопирачка кога нејзиниот механизам би можел да
замрзне.
Ставете го мануелниот менувач во прва или втора брзина, или ставете го
автоматскиот менувач во брзина P – паркинг. Проверете ги тркалата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Отстранете го акумулираниот снег на покривот пред започнувањето на
возењето. Акумулираниот снег може да оадне долу и да ја блокира
Вашата прегледност.
 Отстранете го акумулираниот снег или мраз од Вашите обувки пред
влегувањето во возилото. Ова ќе Ве заштити од несакано лизгање на
стапалата во операцијата со педалите.

Синџири за гуми
ВНИМАНИЕ
За да го заштитите Вашето возило од оштетување:
 Следете ги инструкциите од производителот на синџирите за гуми.
 Монтирајте ги синџирите на задните гуми што е можно позатегнато.
 Не монтирајте ги синџирите за гуми на предните гуми.
 Повторно затегнете ги синџирите за гуми по возењето 0,4 - 0,8
километри (½ - ¼ милји).

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да оневозможите губење на контролата врз возилото и колизија:
 Монтирајте ги синџирите за гуми на безбедно место.
 Не ја надминувајте максималната дозволена брзина на движење со
синцирите која е пропишана од производителот на синџирите и
изнесува 50 км/час (30 милји/час).
 Прилагодувајте ја брината на движење со условите на патот и
одбегнувајте остро вртење во свиоци.
 Одбегнувајте ги испакнатините и дупките на патото кои може да
предизвикаат потскокнување на возилото.
 Одбегнувајте нагло и остро сопирање и возете внимателно.

(За спецификации од ЕУ)

Големина на гумата Големина на бандажот Синџир


KÖNIG SUPER MAGiC
215/65R16 16 x 6J
102
KÖNIG SUPER MAGiC
235/60R16 16 x 6 1/2J
104

Систем за сопирање

Систем за сопирање со два главни цилиндри


Вашето Daihatsu возило е опремено со систем за сопирање со два главни цилиндри.
Секој цилиндар од системот функционира независно.
Доколку еден од цилиндрите не функционира, другиот продолжува да работи.
Сепак, системот за сопирање бара поголема сила, што ќе предизвика зголемување
на потребното растојание за сопирање на возилото. Исто така, при ваква ситуација,
предупредувачкото светло за сопирачките ќе биде вклучено.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не продолжувајте со возење доколку дојде до погрешно функционирање на
системот за сопирање на возилото.
Системот треба веднаш да се провери.

Генератор за сопирачки
Генераторот за сопирачки служи за зголемување на притисокот (вакумот) од
моторот со што се зголемува силата на сопирање.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Доколку моторот запре во текот на возењето, системот за сопирање ќе има
потреба од поголема сила од вообичаеното и потребното растојание за
сопирање на возилото ќе биде зголемено.

Генерални инструкции и мерки за безбедност при сопирањето

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Не притискајте го педалот за сопирање ненадејно и силно доколку
некоја од гумите и пробиена или оштетена. Ова може да предизвика
губење на контролата врз возилото.
 Уверете се дека подните облоги не попречуваат во слободното движење
на педалот за сопирање.
 Ефективноста на сопирање ќе биде намалена при возење на мокри или
песокливи површини. Лесно притиснете го педалот за сопирање
неколку пати за да ја отстраните влажноста или песокта од гумите.
 Не одморајте го Вашето стапало на педалот за сопирање во текот на
возењето.
Ова може да предизвика прегревање на сопирачките. Исто така, не
држете го педалот за сопирање притиснат при симнување по стрмна
удолница. Ставете го менувачот во пониска брзина за да добиете помош
од моторното сопирање.

Систем за деблокирање на сопирачките (ABS)

ABS системот е систем кој оневозможува блокирање на тркалата при силно


сопирање или при сопирање на лизгава подлога, со што ја зголемува стабилноста и
управливоста на возилото.
Постојат случаи во кои е можна појава на вибрирање на педалот за сопирање или
појава на оперативни звуци при притискањето на педалот за сопирање. Ова е знак
дека ABS системот правилно функционира.
Исто така, во некои случаи може да дојде до испуштање на звук од моторниот
простор во рок од траење од неколку секунди кога возилото постигнало определена
брзина на движење по неговото поаѓање.
Ова не е знак за погрешно функционирање, туку оваа појава покажува дека ABS
системот ја врши својата почетна автоматска дијагноза.

Електронска дистрибуција на силата на сопирање (EBD)

Електронската дистрибуција на силата на сопирање (EBD) е функција која


овозможува оптимална дистрибуција на силата на сопирање при движењето на
возилото со или без товар. На овој начин, ефикасноста на сопирањето кога возилото
е натоварено ќе биде обезбедена и зголемена.

Направа за асистенција при сопирањето

Оваа направа ја обезбедува силата на сопирање со зголемување на притисокот на


педалот за сопирање кога сопирањето не може целосно да се изврши затоа што
возачот не е во можност да го притисне педалот за сопирање доволно силно во
следните ситуации:
 Кога возачот, кој не е искусен и не е навикнат на возење и сопирање при
итни ситуации, ја подига рачната сопирачка.
 Кога возачот се наоѓа во панична состојба при сопирањето во итните случаи.

ВНИМАНИЕ
 Вашето возило, дури и да е опремено со ABS систем за сопирање, сепак
има потреба од доволно растојание за сопирање. Секогаш одржувајте
безбедно растојание до возилото кое се наоѓа пред Вас.
 Никогаш не возете го Вашето возило со прекумерно висока брзина на
движење, дури и доколку возилото е опремено со ABS систем за
сопирање. Секогаш возете безбедно. Секогаш внимавајте на условите
на патот во текот на возењето.
 Во однос на оние без ABS систем за сопирање, растојанието потребно за
сопирање на возилата опремени со ABS систем за сопирање може да
биде зголемено при возење на нерамни, песокливи или снежни
патишта. При ваквите услови на патот, возете со намалена брзина на
движење.
 Доколку дојде до погрешно функционирање на ABS системот за
сопирање, доаѓа до вклучување на (слика) предупредувачкото
светло. Дури и при вакви околности, Вашето возило сеуште го
задржува обичниот систем за сопирање иако ABS системот за сопирање
веќе не функционира.
Кога предупредувачкото светло ќе се вклучи, возилото веднаш треба да
се провери од страна на Овластениот дистрибутер на Daihatsu,
Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго
квалификувано и опремено лице.
 По стартувањето на моторот или кога возилото е во движење, доколку
ABS и EBD предупредувачките светла останат вклучени, задните
тркала може да блокираат при силно сопирање, што ќе го направи
возилото нестабилно.
Во овој случај, одбегнувајте силно сопирање и веднаш однесете го
возилото на проверка кај Овластениот дистрибутер на Daihatsu,
Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго
квалификувано и опремено лице.

ЗАБЕЛЕШКА
 ABS системот за сопирање не функционира доколку брзината на
движење на возилото е понсика од 10 км/час (6 милји/час). Системот за
сопирање ќе функционира како нормален систем за сопирање.
 Секогаш силно притискајте го педалот за сопирање при острото
сопирање. Доколку го отпуштите педалот за сопирање, ABS системот за
сопирање нема да ги даде соодветните ефекти за кои е конструиран.
 Никогаш не правете отсечно притискање на педалот за сопирање.
Доколку отсечно го притискате педалот за сопирање (налик на
пумпање), растојанието потребно за сопирање ќе биде зголемено.
 Отсечното притискање на педалот за сопирање подразбира негово
повеќекратно притискање со помала сила.
 Кога направата за асистенција при сопирањето е активна, постои
можност од следните појави. Сепак, тоа не значи дека системот за
сопирање функционира погрешно. Појави:
o (Освен за возилата опремени со VSC)
Кога брзо ќе го притиснете педалот за сопирање, доаѓа до нагло
сопирање на возилото. Како резултат на ова, во некои случаи
може да дојде до активирање на ABS системот за сопирање.
o (За возилата опремени со VSC)
Кога брзо ќе го притиснете педалот за сопирање, доаѓа до нагло
сопирање на возилото. Како резултат на ова, во некои случаи
може да дојде до вибрирање на педалот за сопирање со
испуштање на оперативен звук.

Индикатор за граница на трошење на блокот на сопирачките

Индикаторот за лимитот на трошење на блоковите на предните сопирачки


ослободува предизвикувачки звук кога блоковите на сопирачките се истрошени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не продолжувајте со употребата на истрошените блокови на сопирачките. Ова
може да ја намали ефикасноста на сопирачките и да доведе до несреќа.
Блоковите и роторот на сопирачките треба веднаш да се проверат или заменат.

Совети за паркирање

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Кога го сопирате или паркирате возилото, уверете се дека околу и под
возилото нема запаливи материи како сува трева и масло. Издувот на
возилото може да постигне екстремно висока температура кој доколку
дојде во близина на овие материи може да предизвика нивно палење.
 Кога го паркирате возилото, подигнете ја рачната сопирачка до крај,
освен во услови кога нејзиниот механизам може да замрзне. Ставете го
мануелниот менувач во прва брзина (на угорница) или во рикверц (на
удолница), односно ставете го автоматскиот менувач во позиција P –
паркинг.

Рачна сопирачка

Повлечете ја рачката за да ја активирате рачната сопирачка. За да ја спуштите,


најнапред малку подигнете ја рачната сопирачка и притиснете го копчето со
палецот. Потоа, спуштете ја рачната сопирачка до крај.

ВНИМАНИЕ
Кога возилото е во движење, уверете се дека рачната сопирачка е комплетно
спуштена и дека предупредувачкото светло за рачната сопирачка е исклучено.
Делумно подигнатата рачна сопирачка во текот на возењето може да
предизвика прегревање на сопирачката, што може да резултира со
предвремено трошење на блоковите и дисковите на сопирачките.

Паркирање на стрмнини
При паркирањето на стрмнини, завртете ги тркалата како што е прикажано на
сликата.

Паркирање на угорница со тротоар

(слика)
Возило со возачко седиште од левата страна
Возило со возачко седиште од десната страна

Паркирање на удолница со тротоар

(слика)
Возило со возачко седиште од левата страна
Возило со возачко седиште од десната страна

Паркирање на стрмнина без тротоар


(слика)
Возило со возачко седиште од левата страна
Возило со возачко седиште од десната страна
Возило со возачко седиште од левата страна
Возило со возачко седиште од десната страна

Серво-управувач
Серво-управувачкиот систем на Вашето возило е тип на систем кој работи на
хидрауличен притисок обезбеден од моторот.
Затоа, вртењето на управувачот бара поголема сила кога моторот е исклучен.

ВНИМАНИЕ
Доколку забележите било какво погрешно функционирање, системот на серво-
управувачот треба да се провери од страна на Овластениот дистрибутер на
Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго
квалификувано и опремено лице.

Систем за контрола на стабилноста на возилото (VSC)

VSC е систем кој е направен за да ја обезбеди стабилноста на возилото со


автоматско контролирање на сопирачките со цел да се контролира страничното
пролизгување на возилото предизвикано од ненадејното вртење или од вртењето на
лизгави површини.
 Кога VSC системот работи, индикаторот за пролизгување е вклучен.
 Обрнете особено внимание на состојбата на гумите затоа што истата во
голема мера влијае врз системот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Не препуштајте му ја целата одговорност при возењето на VSC
системот. Дури и кога VSC системот работи, тој е ограничен при
обезбедувањето на дирекционалната стабилност на возилото.
Невнимателното возење е опасно и може да резултира со неочекувани
несреќи.
 Секогаш возете внимателно и возето со особено внимание кога се
активирани VSC предупредувачкиот (испрекинат) звук или
индикаторот за пролизгување.

ВНИМАНИЕ
 На сите четири тркала треба да бидат монтирани гуми со истата
големина, производител и марка, како и да имаат ист облик на шарата.
Исто така, кај гумите не треба да има разлики во коефициентот на
трошење. Доколку дојде до монеитрање на една или повеќе несоодветни
гуми, можна е појава на неправилно функционирање на VSC системот.
 Постои можност за несоодветно функционирање на VSC системот кога
на гумите има монтирано синџири за снег.
 Монтирајте гуми за зимски услови кога возите на снежни или
замрзнати патишта. Возете со просечна односно намалена брзина на
движење.

Оперативни услови за VSC системот


 VSC системот може да се употребува доколку брзината на движење на
возилото надминува 15 км/час (9 милји/час).
 Кога ќе дојде до вклучување на VSC предупредувачкото светло или VSC
OFF индикаторот, тоа покажува дека VSC системот не е во функција.

ЗАБЕЛЕШКА
При стартувањето на моторот или веднаш по започнувањето на движењето на
возилото, понекогаш може да слушнете „тик-так“ звук од внатрешноста на
моторниот простор. Ова е звук за проверка на VSC системот кој не покажува
никакво погрешно функционирање на системот.

Контрола на пролизгувањето

Функција на контролата на пролизгувањето

Овој систем служи за обезбедување на стабилноста во одржувањето на насоката на


движење и возачката сила со контролирање на вртењето на тркалата за да се
оневозможи губење на нивниот контакт со подлогата (шлајфување) при поаѓањето
и забрзувањето на лизгави површини.
Кога тркалата започнуваат да го губат контактот со подлогата (шлајфување),
компјутерот го регистрира пролизгувањето со помош на информациите од
сензорите за брзината навртење на тркалата. Сопирачките може автоматски да се
активираат во согласност со потребите. Со ова, овој систем ја контролира
прекумерната возачка сила и го спречува пролизгувањето на возилото.
Кога контролата на пролизгувањето работи, индикаторот за пролизгување трепка.
Истовремено, Вие може да почувсвтувате вибрирање на возилото, што е
предизвикано од контролата на сопирачките што не претставува погрешно
функционирање на системот.
Во случаи на извлекување на возилото од места каде е заглавено или од свеж снег,
системот за контрола на пролизгувањето може да се деактивира со регулирање на
копчето за активирање/деактивирање на системот.

Како функционира контролата на пролизгувањето

Пролизгувањето се регистрира со споредување на сигналите од сензорите


прикачени на четирите тркала. Доколку сигналот од некое тркало е поголем од
сигналите кај другите тркала, компјутерот оценува дека возилото пролизгува. Оваа
информација го активира системот за сопирање кој ја намалува возачката сила на
регистрираното тркало кое пролизгува.

Односи и зависност помеѓу контролата на пролизгувањето и тркалата

 Затоа што контролата на пролизгувањето се активира врз база на сигналите


од четирите тркала, доколку се монтира друг тип на гума на едно од
тркалата, тоа може да го промени сигналот, што од компјутерот може да
биде регистрирано како пролизгување.
 Обрнете особено внимание на состојбата на гумите затоа што истата во
голема мера влијае врз системот за контрола на пролизгувањето.

Оперативни услови за системот за контрола на пролизгувањето


 Вообичаено, системот за контрола на пролизгувањето е подготвен при секое
стартување на моторот.
 Системот за контрола на пролизгувањето нема да функционира доколку
индикаторот за пролизгување се вклучи кога копчето за системот за
контрола на пролизгувањето е притиснато (системот е исклучен).
 Кога ќе дојде до вклучување на VSC предупредувачкото светло или VSC
OFF индикаторот, тоа покажува дека системот за контрола на
пролизгувањето не е во функција.

Исклучување на системот
Притиснете го копчето за да го исклучите системот.
Додека системот е исклучен, индиксторот за пролизгување ќе биде вклучен.
(Погледнете во делот „Контролно копче за системот за контрола на
пролизгувањето“ – страница 4-11)

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Не препуштајте му ја целата одговорност при возењето на системот за
контрола на пролизгувањето. Дури и кога системот за контрола на
пролизгувањето работи, тој е ограничен при обезбедувањето на
дирекционалната стабилност на возилото. Невнимателното возење е
опасно и може да резултира со неочекувани несреќи.
 Секогаш возете внимателно и возето со особено внимание кога ќе се
активира индикаторот за пролизгување.

ВНИМАНИЕ
 На сите четири тркала треба да бидат монтирани гуми со истата
големина, производител и марка, како и да имаат ист облик на шарата.
Исто така, кај гумите не треба да има разлики во коефициентот на
трошење. Доколку дојде до монеитрање на една или повеќе несоодветни
гуми, можна е појава на неправилно функционирање на системот за
контрола на пролизгувањето.
 Постои можност за несоодветно функционирање на системот за
контрола на пролизгувањето кога на гумите има монтирано синџири за
снег.
 Монтирајте гуми за зимски услови кога возите на снежни или
замрзнати патишта. Возете со просечна односно намалена брзина на
движење.

ЗАБЕЛЕШКА
При стартувањето на моторот или веднаш по започнувањето на движењето на
возилото, понекогаш може да слушнете „тик-так“ звук од внатрешноста на
моторниот простор. Ова е звук за проверка на системот за контрола на
пролизгувањето кој не покажува никакво погрешно функционирање на
системот.

Систем за асистенција при удолници (DAC)

DAC системот овозможува вртење на управувачот без оперирање со падалите за гас


и сопирање преку одржување на константка ниска брзина на движење на возилото
од околу 5 км/час (3 милји/час).
Системот оневозможува зголемување на брзината на движење и го оневозможува
блокирањето на тркалата при спуштање по нерамни или лизгави удолници кои се
премногу стрмни за добивање на моторно сопирање.
Вклучувањето на DAC системот со DAC копчето, овозможува одржување на ниска
константна брзина на движење на возилото од околу 5 км/час (3 милји/час) во
следниве ситуации:
 При спуштање по удолница која е премногу стрмна за обезбедување на
доволно моторно сопирање;
 При возење со ниска константна брзина на движење по удолница чија
површина е нерамна или лизгава;
 Обрнете особено внимание на состојбата на гумите затоа што истата во
голема мера влијае врз системот за асистенција при удолници.

Вклучување на системот
Кога ќе го притиснете DAC копчето со менувачот ставен во брзина „L“ или „R“,
DAC индикаторот ќе се вклучи и DAC системот ќе биде подготвен за
функционирање.
(Погледнете во делот „Копче за DAC системот“ – страница 4-12)
 Кога DAC системот функционира, индикаторот за пролизгување кој се
наоѓа во инструмент таблата трепка, додека светлото за сопирачки се
вклучува симултано.
 Доколку DAC индикаторот трепка, проверете ја позицијата на менувачот.

Оперативни услови за системот за асистенција при удолници


Кога ќе дојде до вклучување на VSC предупредувачкото светло, DAC системот не е
во функција.
DAC системот функционира при следниве услови:
 Менувачот е ставен во брзина „L“ или „R“;
 DAC копчето е притиснато;
 Педалот за гас и за сопирање не се притиснати;
 Возилото се движи по удолница со ниска брзина на движење која не
надминува 25 км/час (16 милји/час).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Не препуштајте му ја целата одговорност при возењето на DAC
системот. Во некои случаи, системот нема да може да одржува ниска
брзина на движење на возилото од околу 5 км/час (3 милји/час) при
спуштање по екстремно страмни удолници, замрзната или каллива
подлога кои се лизгави и опасни и кои може да предизвикаат
неочекувани незгоди. При вакви услови, возете со екстремно внимание.
 Не ставајте го менувачот во позиција „R“ – (рикверц) кога возите
нанапред и не ставаје го менувачот во позиција „D“ – (вози) кога возите
наанзад. Ваквото дејствие е опасно затоа што може да предизвика
блокирање на тркалата и да резултира со неочекувани незгоди. Исто
така, ваквите дејствија може да предизвикаат оштетување на
автоматскиот систем за менување брзини поради прекумерната ила на
која системот ќе биде изложен.

ВНИМАНИЕ
 Честата употреба на DAC системот може прекумерно да ја подигне
температурата на покренувачот (иницијаторот) на сопирачките. Во
ваков случај, предупредувачкиот звук ќе се вклучи и DAC индикаторот
ќе трепка. Веднаш паркирајте и одморете го возилото на безбедно место.
По кратко време, DAC системот повторно ќе се врати во подготвена
состојба за функционирање кога звукот ќе престане и кога DAC
индикаторот ќе премине од трепкање во комплетно вклучување
(светење). Доколку предупредувачкиот звук не престанува, возилото
треба да се провери од страна на Овластениот дистрибутер на Daihatsu,
Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго
квалификувано и опремено лице. Тие ќе извршат проверка од можно
погрешно функционирање на системот.
 На сите четири тркала треба да бидат монтирани гуми со истата
големина, производител и марка, како и да имаат ист облик на шарата.
Исто така, кај гумите не треба да има разлики во коефициентот на
трошење. Доколку дојде до монтирање на една или повеќе несоодветни
гуми, можна е појава на неправилно функционирање на DAC системот.
 Постои можност за несоодветно функционирање на DAC системот кога
на гумите има монтирано синџири за снег.
 Монтирајте гуми за зимски услови кога возите на снежни или
замрзнати патишта. Возете со просечна односно намалена брзина на
движење.

ЗАБЕЛЕШКА
При функционирањето на DAC истемот, понекогаш може да слушнете
оперативен звук од внатрешноста на моторниот простор. Ова е звук од самото
функционирање на системот кој не покажува никакво погрешно
функционирање на системот.
Употреба на DAC системот

 Кога се движите нанапред, ставете го менувачот во позиција „L“. Кога се


движите наназад, ставете го менувачот во позиција „R“.
 Притиснете го DAC копчето. DAC индикаторот кој се наоѓа на
инструмент-таблата ќе се вклучи, за да покаже дека DAC системот е
подготвен за употреба.

ЗАБЕЛЕШКА
Кога DAC индикаторот трепка, DAC системот не функционира.

 Спуштајте се по удолницата со отпуштени педали за гас и сопирање кога


возилото не ја надминува брзината на движење од 25 км/час (16
милји/час).

ЗАБЕЛЕШКА
 DAC системот не работи доколку брзината на движење на возилото е
над 25 км/час (16 милји/час). Доколку брзината на движење ја надмине
границата од 25 км/час (16 милји/час), DAC индикаторот трепка.
 Кога DAC системот функционира, доколку го притиснете педалот за
сопирање или педалот за гас, DAC системот ја прекинува својата
работа. Во исто време, понекогаш можа да забележите појава на звук на
тропање од педалот или мало подигнување на педалот кој сте го
притиснале. Овие појави не се знак за погрешно функционирање на
системот и возилото.

Исклучување на DAC системот


Притиснете го DAC копчето повторно и системот ќе се деактивира.

ЗАБЕЛЕШКА
Функционирањето на DAC системот автоматски се исклучува постепено. Во
текот на исклучувањето на системот, DAC индикаторот трепка определено
време. Кога системот комплетно ќе се исклучи, индиксторот се комплетно се
исклучува.

Систем за асистенција при поаѓање на угорници

Системот за асистенција при поаѓање на угорници го олеснува поаѓањето на


возилото на острите и лизгави угорници со привремено оневозможување на
придвижувањето на возилото наназад кое може да се случи при отпуштањето на
педалот за сопирање и брзото поставување на стапалото на возачот за притискање
на педалот за гас. Системот врши автоматска контрола на сопирачките.
 Обрнете големо внимание врз состојбата на гумите затоа што истата во
голема мера влијае врз функционирањето на системот.
Функционирање на системот
Кога возилото запира со притискање на педалот за сопирање, доколку го
притиснете педалот уште повеќе, системот за асистенција при поаѓање на угорници
станува подготвен за употреба, доколку оперативните услови за негово
функционирање се исполнети. Тогаш, доаѓа до појава на титкав звук кој ќе се
испушти еднаш.
Кога системот за асистенција при поаѓање на угорници функционира, индикаторот
за пролизгување е вклучен. Исто така, истовремено доаѓа до вклучување и на
задните „штоп“ светла на возилото.
Системот функционира околу две секунди откако возачот ќе го тргне своето
стапало од педалот за сопирање.
По завршувањето на работата, доаѓа до појава на титкав звук кој ќе се испушти два
пати и до исклучување на индикаторот за пролизгување.

Оперативни услови за функционирање на системот

Кога VSC предупредувачкото светло е вклучено, системот за асистенција при


поаѓање на угорници не може да се употребува.
Системот за асистенција при поаѓање на угорници функционира при следниве
услови:
 Менувачот е во било која друга позиција освен „P“ – паркинг.
 Рачната сопирачка е спуштена.
 Педалот за гас не е притиснат.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Не препуштајте му ја целата одговорност при возењето на системот за
асистенција при поаѓање на угорници. Во некои случаи поаѓањето на
возилото може да биде тешко на екстремно високи (остри), лизгави и
калливи угорници. Во вакви случаи, поаѓањето на возилото треба да се
изврши со екстремно внимание.
 Не употребувајте го системот за асистенција при поаѓање на угорници
како средство за стопирање или паркирање на возилото на угорница.
Ваквата ситуација може да резултира со неочекунаи незгоди и е
исклучително опасна.
 Кога системот за асистенција при поаѓање на угорници работи, не
вртете го клучот во позиција „LOCK“. Во спротивно, системот за
асистенција при поаѓање на угорници ќе се исклучи. Оваа ситуација е
опасна и може да резултира со неочекувани несреќи.

ВНИМАНИЕ
 На сите четири тркала треба да бидат монтирани гуми со истата
големина, производител и марка, како и да имаат ист облик на шарата.
Исто така, кај гумите не треба да има разлики во коефициентот на
трошење. Доколку дојде до монтирање на една или повеќе несоодветни
гуми, можна е појава на неправилно функционирање на системот за
асистенција при поаѓање на угорници.
 Постои можност за несоодветно функционирање на системот за
асистенција при поаѓање на угорници кога на гумите има монтирано
синџири за снег.
 Монтирајте гуми за зимски услови кога возите на снежни или
замрзнати патишта. Возете со просечна односно намалена брзина на
движење.

Метод на работа

1. Кога возилото комплетно ќе застане, притиснете го педалот за


сопирање уште повеќе.
Кога педалот за сопирање ќе биде дополнително притиснат, доаѓа до
појава на титкав звук кој ќе се испушти еднаш и доаѓа до трепкање на
индикаторот за пролизгување.
2. Кога возачот ќе го тргне стапалото од педалот за сопирање, системот
за асистенција при поаѓање на угорници се активира за да го
оневозможи враќањето на возилото наназад.
3. Кога возачот ќе го притисне педалот за гас, системот за асистенција
при поаѓање на угорници се деактивира.
 Системот за асистенција при поаѓање на угорници се деактивира
постепено.
 Индикаторот за пролизгување се исклучува.

ЗАБЕЛЕШКА
Кога системот за асистенција при поаѓање на угорници работи, задните (штоп)
светла на возилото се вклучуваат дури и доколку возачот не го притиска
педалот за сопирање.
Кога индикаторот за пролизгување не трепка и кога звукот не престанува по
притискањето на педалот за сопирање, намалете ја силата на притискање на
педалот. Потоа, повторно притиснете го педалот за сопирање.
Доколку системот не профункционира, проверете ги оперативните услови за
негово функционирање.

Контролен звук
Кога системот за асистенција при поаѓање на угорници се подготвува за работа,
доажа до еднократно испуштање на титкав звук (кога менувачот е ставен во било
која брзина освен „R“ – рикверц).
Доколку дојде до вршење на некое од следните дејства кога системот за асистенција
при поаѓање на угорници работи, истиот ќе прекине со својата работа (кога
менувачот е ставен во било која брзина освен „R“ – рикверц):
 Доколку возачот не го придвижува возилото две секунди по отпуштањето на
педалаот за сопирање.
 Доколку менувачот се стави во позиција „P“ – паркинг.
 Доколку се подигне рачната сопирачка.
 Доколку повторно се притисне педалот за сопирање.
Доколку менувачот се стави во позиција „R“ – рикверц, контролниот звук нема да
го покаже стартот или крајот на работата на системот за асистенција при поаѓање
на угорници. Оперативните услови во таквате ситуација се покажуваат со трепкање
или исклучување на индикаторот за пролизгување.

Секција 11

Во итни случаи

Случаи кога моторот не стартува................................................................... 11-1


Стартување на моторот со кабли.................................................................... 11-2
Прегревање на моторот.................................................................................... 11-4
Алати.................................................................................................................... 11-5
Дупната гума...................................................................................................... 11-7
Влечење............................................................................................................... 11-14
Случаи на заглавување на возилото............................................................. 11-18
Предупредувачки звуци................................................................................... 11-18

Случаи кога моторот не стартува

Кога стартерот не се покренува (не вергла)

Доколку звукот на сиремата е слаб или доколку фаровите се придушени (со послаб
интензитет), нанјапред проверете го акумулаторот. Погледнете ја секцијата 14.
Доколку акумулаторот е испразнет, возилото треба да се стартува со кабли. Доколку
причината за неможноста за стартување на моторот е сеуште нејасна, возилото
треба да се провери од страна на Овластениот дистрибутер на Daihatsu,
Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго квалификувано и
опремено лице.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Моторот не смее да се стартува со влечење или туркање на возилото. Ова може
да го оштети возилото и да предизвика несреќен случај.

Кога стартерот се покренува (вергла)

(слика) – калеми за палење

Проверете го мерачот за количество на гориво. Доколку предупредувачкото светло


за ниско ниво на гориво трепка, постои можност резервоарот за гориво да е празен.
Долејте гориво во возилото.
Во случај кога има гориво во резервоарот, проверете дали свеќичките и калемите за
палење се соодветно конектирани и дали калемите за палење и приклучоците на
жиците се соодветно приклучени.

ВНИМАНИЕ
Доколку возилото сеуште не сака да запали, или доколку индикаторот MIL
трепка или останува вклучен, моторот има потреба од прилагодување на
функциите или поправка. Веднаш повикајте го Овластениот сервисен центар
на Daihatsu. Контимуираното возење при вакви околности предизвикува
сериозни оштетување на катализаторот и некои други делови.

Палење со кабли

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ве молиме земете ги во предвид следниве инструкции за да оневозможите
сериозни телесни повреди и оштетување на Вашето возило. Исто така, следете
ги инструкциите кои доаѓаат од производителот на каблите за палење:
 Доколку не сте комплетно запознаени со процедурата за палење на
моторот со кабли, контактирајте со Овластениот дистрибутер на
Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или со влечна
служба.
 Осврнете се на делот „Самостојно одржување на возилото“ пред да
започнете со процедурата за палење на моторот со кабли.
 Акумулаторите содржат сулфуреста киселина која е отровна и
корозивна. Носете безбедносни очила и внимавајте да не дојде до
распрскување на течноста од акумулаторот врз Вашето тело, облека или
врз возилото. Доколку дојде до распрскување на течноста од
акумулаторот врз Вашата кожа или очи, отстранете ја
контаминираната облека и измијте го делот најмалку 15 минути.
Веднаш посетете доктор.
Продолжете со нанесување вода со сунѓер или парче облека додека
стигнете до медицинската устанува.
 Доколку голтнете дел од течноста од акумулаторот, испијте што е можно
поголемо количество на вода или млеко и веднаш одете на доктор.
 Држете ги жешките предмети или извори на топлина или оган подалеку
од акумулаторот. Во спротивно, можно е да дојде до експлозија на
акумулаторот.
 Не менувајте го акумулаторот доколку истиот е замрзнат. Растопете ја
течноста од акумулаторот пред да започнете со процедурата за палење
на моторот со кабли. Во спротивно, гасот во течноста од акумулаторот
може да експлодира.
 Не вршете палење на возилото со кабли доколку акумулаторот има
ниско ниво на течност.
 Држете ги децата настрана од акумулаторот.
 Вршете палење на моторот со кабли во проветрена просторија со добра
вентилација.

ВНИМАНИЕ
 Употребете 12 волтен дополнителен акумулатор. Употребата на
акумулаторот со повисока волтажа може да предизвика сериозно
оштетување на електричната опрема во возилото како релеите, радиото
итн.
Не вршете палење на возилото со кабли доколку не сте сигурни за
волтажата на дополнителниот акумулатор.
 Капацитетот (AH коефициентот) на дополнителниот акумулатор не
смее да биде понизок капацитетот на испразнетиот акумулатор.
 Доколку дојде до истурање на течноста од акумулаторот врз возилото,
веднаш измијте го делот од возилото со воден млаз.

(слика) – Испразнет акумулатор


Заземјување Кабли Дополнителен акумулатор

1. Доколку дополнителниот акумулатор е монтиран на некое друго возило, не


дозволувајте возилата да дојдат во контакт.
Исклучете ги сите непотребни светла, опции и уреди во возилото кои
користат електрична енергија. Ставете го менувачот во „лер“ (кај
мануелниот менувач) односно во позиција „P“ – паркинг (кај автоматскиот
менувач).
Подигнете ја рачната сопирачка до крај.
2. Отстранете ги сите капаци на вентилните отвори од испразнетиот и
дополнителниот акумулатор (дополнителна опрема).
3. Стартувајте го моторот на возилото кое го има дополнителниот акумулатор и
оставете го да работи неколку минути на околу 2.000 вртежи во минута.
4. Уверете се дека клучот во бравата на возилото со испразнетиот акумулатор е
завртен во позиција „LOCK“.
5. Поврзете ги каблите за палење во точно определениот редослед кој е
прикажан на сликата.
Поврзете го кабелот од негативниот терминал на дополнителниот
акумулатор со цврста метална небојадисана точка која е подалеку од
акумулаторот.
Не наведнувајте се преку акумулаторот кога го вршите поврзувањето на
каблите.
Уверете се дека конекцијата на каблите е безбедна.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да оневозможите појава на краток спој:
 Уверете се дека изолацијата на каблите за палење е во добра состојба.
 Не поврзувајте го кабелот од негативниот терминал на дополнителниот
алумулатор со близок или движечки објект или со негативниот
терминал на испразнетиот акумулатор.
 Не дозволувајте каблите за палење или прицврстувачите да допрат било
што освен терминалите на акумулаторот или земјата.
 Не дозволувајте меѓусебно допирање на прицврстувачите на каблите за
палење додека истите се поврзуваат.

6. Обидете се да го запалите моторот на возилото со испразнет акумулатор. По


старетувањето на моторот, оставете го да работи неколку минути на околу
2.000 вртежи во минута.
7. Внимателно дисконектирајте ги каблите само во точно обратната насока од
нивното поврзување. Негативниот кабел се дисконектира прв, па потоа
позитивниот.
8. Проверете го електролитското ниво на акумулаторот. Додадете дестилирана
вода до знакот „UPPER“.
Одржувањето на акумулаторот не бара додавање на вода.
9. Зацврстете ги сите вентилски капаци во нивната првобитна позиција
(дополнителна опрема).

Доколку моторот не сака да стартува и покрај неколкуте обиди за негово палење со


кабли, или доколку сте несигурни дека причината за нестартувањето на моторот е
акумулаторот, возилото треба да се провери од страна на Овластениот дистрибутер
на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго
квалификувано и опремено лице.

Прегревање на моторот

Доколку дојде до прегревање на моторот, моторот емитува звуци на пиштење,


доаѓа до значително намалување на моторната сила и доаѓа до трепкање на
предупредувачкото светло за високо ниво на температура на течноста на моторот.
Во овој случај, земете го во предвид следните предупредувачки поенти и следете ги
објаснетите инструкции.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да се намали ризикот од изгореници или сериозни телесни повреди:
 Дозволете му на моторот да се излади пред да проверите било кој од
компонентите во моторниот простор.
 Не обидувајте се да го извадите чепот на ладилникот кога ладилникот е
сеуште врел.
Затоа што чепот на ладилникот се наоѓа под притисок, врелата течност
за разладување може лесно да се распрска.
 Не отворајте ја хаубата доколку дојде до појава на пареа од моторониот
простор.
 Никогаш не допираје и не доближувајте се до перката на ладилникот
кога моторот работи.

1. Паркирајте го возилото на безбедно место и исклучете ја климатизацијата.


2. Доколку дојде до појава на пареа од моторниот простор (под хаубата),
исклучете го моторот. Хаубата треба да се остави затворена се додека
пареата излегува од моторниот простор. Кога ќе престане излегувањето на
пареа, стартувајте го моторот и отворете ја хаубата за да овозможите
вентилација на внатрешноста на моторот.
3. Доколку не излегува пареа од под хаубата, отворете ја хаубата за да
овозможите вентилација на моторот кога истиот работи.
4. Визуелно испитајте го моторниот простор. Доколку забележите некоја од
следниве појави, веднаш исклучете го моторот и контактирајте со
Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на
Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено лице:
 Перката на ладилникот не ротира.
 Од цревата и другите делови истекува жешка вода или пареа.
 Резервоарот на ладилникот нема вода.
 Ременот на перката на ладилникот е скинат.

5. Исклучете го моторот кога ќе дојде до исклучување на светлото за


температура на водата.
6. По комплетното ладење на моторот, проверете ги неговите
компоненти.
7. Проверете дали водата за ладење е во доволно количество, дали
ременот на вентилаторот е разлабавен и дали ладилникот е контаминиран од
прашина.
8. Додадете течност за ладење доколку нејзиното ниво е недоволно.
(погледнете ја секцијата 14).
9. Вовилото што е можно поскоро треба да се провери од страна на
Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на
Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено лице.

Моторот е повеќе склон кон прегревање во летни услови. Треба да се врши честа
проверка на:
 Можното протекување на вода во системот за ладење на моторот.
 Нивото на вода во резервоарот на ладилникот и во неговиот резервен
резервоар.
 Можното блокирање на перката на ладилникот.
 Затегнатоста на моторниот ремен.

Доколку дојде до често прегревање на моторот, системот за ладење на возилото


треба да се провери од страна на Овластениот дистрибутер на Daihatsu,
Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго квалификувано и
опремено лице.
Алати
(слика) - Дигалка
Кутија со алати

Пред употребата, проверете ја локацијата на алатите и дигалката.

Дигалка

(слика) 1. Собирање
2. Ширење

Дигалката може да се монтира / отстрани со вртење на осовината) како што е


прикажано на сликата) со користење на рачката која се наоѓа во кутијата со алати.

Отстранување
Отстранете ја дигалката од испакнатиот држач со вртење на рачката во правецот кој
на сликата е прикажан со бројот 1.

Монтирање
1. Поставете ја дигалката како што е покажано на сликата.
2. Завртете ја рачката во правецот број 2. се додека жлебот на дигалката дојде
во контакт со испакнатиот држач кој се наоѓа на возилото.
3. Прицврстете го жлебот на дигалката со држачот со правење на
дополнителна половина круг со рачката во правецот број 2.

Инструкции за одржување
 Ставете маст за подмачкување на шасијата на сите подвижни делови на
дигалката и на сите нејзини завртки.
 Уверете се дека деловите на дигалката не се искривени, не се оштетени или
напукнати.
Доколку се, заменете ги со нови.

Кутија со алати

(Стандардна)

1. Кутија со алати
2. Клуч за завртките на тркалата
3. Рачка за дигалката
4. Кука за влечење
5. Шрафцигер

(Изборна)
1. Кутија со алати
2. Клуч за завртките на тркалата
3. Рачка за дигалката
4. Кука за влечење
5. Шрафцигер
6. Клуч за свеќичките
7. Клуч (10 x 12)

ЗАБЕЛЕШКА
секогаш ставајте ги алатите во кутијата според редоследот односно распоредот
прикажан на сликата.

Дупната гума

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Доколку Вашето возило има дупната гума, застанете и паркирајте го
возилото надвор од патот.
Одбегнувајте менувањето на дупнатата гума да го вршите на угорница
или удолница.
 При менувањето, сите патници треба да бидат надвор од возилото на
соодветно безбедно место.
 При менувањето на гумата, рачната сопирачка треба да биде подигната
и менувачот треба да биде ставен во прва брзина или рикверц (кај
мануелниот менувач) односно во брзина P – паркинг (кај автоматскиот
менувач).

Дополнително фиксирајте ја дупнатата гума со некој цврст предмет од едната и од


другата страна. Ова е најефикасната локација за поставување на предметот за
фиксирање.
За зголемување на безбедноста, фиксирајте го предниот и задниот дел на гумата.

Резервна гума

Вадење на резервната гума


Одвртете ги трите завртки кои ја држат резервната гума прицврстена на нејзиниот
држач. Потоа, извадете ја гумата од држачот.

Враќање и чување на резервната гума


Поставете ја резервната гума на држачот така што завртките ќе бидат завртени кон
Вас (ќе може да ги гледате).
Потоа, затегнете ги трите завртки со сила од околу 63 – 117 N*m (46,5 – 86,3 ft-lb,
6,4 – 11,9 kgf-m).
ЗАБЕЛЕШКА
Одржувајте ја резервната гума со следење на распоредот за одржување на
гумите.

ВНИМАНИЕ
Никогаш не монтирајте гумикои ја немаат препорачаната големина.

Инструкции за стандардна замена на гума


(за возилата со погон на четири тркала)

Натписот со мерките за безбедност во кој се објаснуваат инструкциите за замена на


гумите е прикачен на вертикалниот столб кој се наоѓа на страната на возачот лево
од седиштето.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Кога ги менувате гумите, секогаш монтирајте гуми со иста величина,
произведени од ист производител, иста марка и истa шара. Исто така,
пумпајте ги гумите до специфицираниот воздушен притисок.
 Кога ги менувате гумите, секогаш следете ги инструкциите од
предупредувачкиот натпис.
 Непочитувањето на овие предупредувања може да резултира со појава
на абнормални звуци од погонскиот систем на возилото.

Менување на гумите

1. Вметнете го шрафцигерот обложен со крпа или парче материјал во делот


помеѓу гумата и капакот на тркалото (раткапната).
Шрафцигерот не треба да се стави во отворите на капакот на тркалото
(раткапната).
Со движење на шрафцигерот горе-долу и напред-назад извадете ја
раткапната на тркалото.
2. Разлабавете ги завртките со помош на клучот за завртките на тркалата.
Не вадете ги завртките.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Внимавајте да не се повредите од можното пролизгување при одвртувањето на
завртките.

3. Постојат четири точки (позиции) во кои може да се вметне дигалката – по


две на секоја страна како што е прикажано на сликата.
Поставете ја дигалката во соодветната позиција која е најблиску до гумата
која сакате да ја замените.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да избегнете несакано изместување на дигалката и сериозни телесни
повреди:
 Дигалката секогаш треба да се постави на рамна и цврста пдолга.
Доколку е потребно, ставете рамна, широка и цврста даска под
дигалката за нејзино стабилизирање.
 Препорачливо е тркалата на возилото да бидат фиксирани и да нема
паници во возилото кога возилото се подигнува со дигалката.
 Во случај кога возилото е подигнато само на дигалката, никој не смее да
се изложува себеси под возилото. За поддршка на возилото, употребете
ги потпорни столбчиња.
 Никогаш не ставајте дел од Вашето тело под возилото кое е подигнато
со дигалката.
 Употребувајте ја дигалката која доаѓа заедно со Вашето возило само за
менување на гумите.
 Не подигнувајте други возила или товар со дигалката.
 Поставете ја дигалката на точно пределената точка за подигнување на
возилото.
 Не протресуваје и не туркајте го возилото кое е кренато со дигалка.
 Не стартувајте го моторот на возилото кое е кренато со дигалка.
 Извадете го тешкиот товар од возилото кога истото се подигнува со
дигалката.

ЗАБЕЛЕШКА
Точките прикажани на сликата се употребуваат при сервисирање на возилото
(при подигнување во две точки). Овие точки не се предвидени за употреба при
подигнување на возилото со дигалката.

4. Склопете ја рачката на дигалката со поврзување на делот А и делот B, а


потоа зацврстете ги со затегнување на завртката. Рачката вметнете ја во
отворот на клучот за завртките на тркалата.
5. Вметнете ја склопената рачка во осовинскиот дел на дигалката и вртете во
правец на часовникот за да го подигнете возилото.
Подигнувајте го возилото внимателно се додека гумата се одвои од
подлогата за да се добие доволен простор за вадење на дупнатата и
монтирање на резервната гума.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ставете ја резервната гума под шасијата на возилото блиску до гумата која
треба да се замени.
Ова е мерка на безбедност која може да помогне при избегнување на опасноста
доколку дојде до несаскано изместување на дигалката.

6. Извадете ги завртките од тркалото и заменете ја дупнатата со резервната


гума.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Легнете ја извадената дупната гума за да не дојде до нејзино несакано
придвижување или паѓање.
 Ние препорачуваме целата постапка на менување на гумите да ја
вршите со ставени ракавици.
Дупнатата гума може сеуште да биде врела.
 Отстранете ја нечистотијата или другите предмети од барабанот и
дискот на сопирачките и избришете ја површината на завртките и
навртките пред да ја поставите резервната гума.
Монтирањето на тркалата без обезбедување на директен контакт (метал
со метал) помеѓу тркалото и делот за поставување на тркалото од
возилото може да предизвика вибрации на возилото и разлабавување на
завртките во текот на возењето.

7. Вратете ги сите одвртени завртки на своите места и затегнете ги се додека


тркалото е безбедно зацврстено. Уверете се дека стеснатите делови од
завртките се соодветно поставени на навртките. Кога ќе ги затегнете цврсто,
не продолжувајте да се обидувате дополнително да ги затегнете завртките.

ВНИМАНИЕ
Не подмачкувајте ги завртките на тркалта. Тие може да се разлабават во текот
на движењето на возилото.

8. Вметнете ја рачката на дигалката во осовинскиот дел на дигалката и вртете


обратно од стрелките на часовникот за да го спуштите возилото.
9. Затегнете ги завртките за тркалото безбедно во дијагонален редослед.
Силата на затегнување треба да биде 88,2 – 117,6 N*m (64,9 – 86,6 ft-lb, 9,0 –
12 kgf-m).

ВНИМАНИЕ
Не затегнувајте ги завртките на тркалата со друг алат или со помош на
стапалото. Тоа може да предизвика нивно оштетување.

По поминати 1.000 километри (600 милји), проверете дали завртките на тркалата се


соодветно затегнати.

10. Монтирајте го капакот на тркалото со лесно потчукнување.


11. Проверете го воздушниот притисок на монтираната резервна гума и
прилагодете го според соодветните спецификации. Затегнете го капачето на
вентилот за воздух.

ВНИМАНИЕ
Воздушниот притисок на резервната гума е поголем од воздушниот притисок
на гумите кои се во употреба. По монтирањето на резервната гума, секогаш
прилагодете го нејзиниот воздушен притисок за употреба.
12. Вратете го сиот алат, дигалката, рачката на дигалката и дупнатата гума на
своите места.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
доколку забележите вибрации или појава на абнормален звук по менувањето
на гумата, возилото веднаш треба да се провери од страна на Овластениот
дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое
друго квалификувано и опремено лице.

Мерки на внимание околу алуминиумските рамки на тркалата (бандажи)

 Алуминиумските бандажи можат лесно да се изгребат или оштетат.


Ракувајте со нив внимателно за да истите го задржат својот совршен
надворешен изглед, перформаси и безбедност.
 По минувањето на првите 1.600 км (1.000 милји) со Вашето возило,
проверете и уверете се дека завртките на тркалата се езбедно затегнати.
 Доколку сте извршиле ротација, поправка или замена на гумите, проверете и
уверете се дека завртките на тркалата се езбедно затегнати по минување на
1.600 км (1.000 милји).
 Кога ги употребувате синџирите за зимски услови, треба да се обрне
особено внимание за да сне се предизвика оштетување на алуминиумските
бандажи.
 Употребувајте само оригинални Daihatsu завртки или завртки со соодветен
квалитет дизајнирани за Вашите тркала со алуминиумски бандажи.
 Кога ставате балансирана тежина врз алуминиумските бандажи,
употребувајте само пластичен или гумен чекан.
 Периодично проверуваје ги алуминиумските бандажи од можно
оштетување. Доколку откриете било какво оштетување, веднаш треба да
извршите промена на алуминиумските бандажи.

Влечење
Ние препорачуваме влечењето на Вашето возило да го изврши Овластениот
дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго
квалификувано и опремено лице или комерцијална влечна служба.
Доколку има оштетувања на тркалата или оските, употребете влечна приколка со
мали тркалца.

ВНИМАНИЕ
Никогаш не влечете го возилото употребувајќи опрема со која се префрла
возилото (се опфаќа неговата горна површина).
Тоа може сериозно да ја оштети каросеријата на возилото.

Пренесување со камион
Ние го препорачуваме овој модел на пренесување на возилото како најпосакуван и
најбезбеден.
ВНИМАНИЕ
Овој метод е најдобар за возилата со погон на четири тркала.

Влечење со подигнување на тркалата

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Поради безбедносни причини, не дозволувајте во возилото да има патници
додока истото се влече.

Влечење со задните тркала на земја:


Спуштете ја рачната сопирачка.

Влечење со предните тркала на земја:


Употребете приколка со мали тркалца на која ќе стојат предните тркала. Доколку не
може да обезбедите приколка, ставете го менувачот во „лер“ и завртете го клучот во
бравата во позиција „ACC“ (за возилата со мануелен менувач).

ВНИМАНИЕ
За возилата со автоматски менувач и оние со огон на четири тркала, секогаш
употребете приколка со малу тркалца која ќе се постави под тркалата кои ќе
бидат на земја.
Доколку сите тркала се на земја, кај возилата со погон на четири тркала мора
да се употребат приколки и за предните и за задните тркала.

Влечење во итни ситуации (со јаже или кабел)

ВНИМАНИЕ
 Овој начин на влечење не треба да се употребува кај возило со
автоматски менувач.
 Не влечете го возилото на ваков начин освен доколку возилото има
оштетувања на тркалата, оските, погонскиот дел, управувачкиот систем
или сопирачките.
 За возилата со погон на четрии тркала, секогаш ставете го копчето за
заклучување на централниот диференцијал во позиција „OFF“.

Прикачете цврсто јаже или сајла (кабел) за влечење на куката за влечење.


Возачот мора да биде во возилото и да го управува додока истото се влече.
Спуштете ја рачната сопирачка и ставете го менувачот во позиција „лер“.
Завртете го клчот во бравата во позиција „ACC“.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Кога моторот не работи, покренувачот за сопирачките не функционира.
Затоа, сопирањето ќе има потреба од поголема сила од вообичаеното.
 Поради безбедносни причини, не употребувајте ја куката за влечење
освен доколку возилото се влече на патишта со цврста и рамна подолга.
 Клучот за палење на возилото кое се влече не треба да се вади од
бравата или да се става во позиција „LOCK“.
Ова може да предизвика губење на способноста за вртење на возилото и
да доведе до несреќен случај.

ВНИМАНИЕ
 Секогаш влечете ја куката право нанапред за да оневозможите нејзино
оштетување. Не влечете ја куката странично или вертикално. Исто
така, не влечете ја куката остро.
 Доколку јажето или кабелот за влечење го прикачите за оските или за
некои други делови од возилото, тоа може да предизвика оштетување на
воие делови.
 Проверете дали куката е соодветно монтирана.

Кука за влечење

(слика) Капак
Парче материјал – крпа
Шрафцигер

1. Обвиткајте го шрафцигерот со парче материјал и внесете го вдлабнатината


на капакот. Потоа, отстранете го капакот.

ЗАБЕЛЕШКА
Внимавајте да не го загубите капакот. Исто така, секогаш повторно и безбедно
монтирајте го капакот по завршувањето на употребата на куката.

2. Монтирајте ја куката со нејзино ротирање во правец на стрепката прикажана


на сликата. Потоа, зацврстете ја куката со клучот за завртките на тркалата.
Осврнете се на делот „Алати“ на страница 11-6.

Инструкции за влечење

При влечењето, возачот мора да се наоѓа внатре во возилото и да го контролира.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Кога моторот не работи, покренувачот за сопирачките не функционира.
Затоа, сопирањето ќе има потреба од поголема сила од вообичаеното.
 Поради безбедносни причини, не употребувајте ја куката за влечење
освен доколку возилото се влече на патишта со цврста и рамна подолга.
 Клучот за палење на возилото кое се влече не треба да се вади од
бравата или да се става во позиција „LOCK“.
Ова може да предизвика губење на способноста за вртење на возилото и
да доведе до несреќен случај.
Влечење на Вашето возило

1. Спуштете ја рачната сопирачка и ставете го менувачот во „лер“.


2. Завртете го клучот во бравата во позиција „ACC“ со исклучен мотор, или во
позиција „ON“ кога моторот работи.

Влечење на друго возило со Вашето возило

(слика) Капак
Парче материјал – крпа
Шрафцигер

Задната кука за влачење на други возила се наоѓа на десната страна на возилото.


1. Обвиткајте го шрафцигерот со парче материјал и внесете го вдлабнатината
на капакот. Потоа, отстранете го капакот.
2. Монтирајте ја куката со нејзино ротирање во правец на стрепката прикажана
на сликата. Потоа, зацврстете ја куката со клучот за завртките на тркалата.
Осврнете се на делот „Алати“ на страница 11-6.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не надминувајте ја максималната брзина на движење при влечење на друго
возило која е дозволена со локалните законски прописи.

ВНИМАНИЕ
 Забрането е влечењето на друго возило чија што тежина е повисока од
тежината на Вашето возило. Доколку се обидете да извршите ваква
постапка, ова може да предизвика оштетување на погонскиот односно
целиот систем, куката за влечење и каросеријата на возилото.
 Не употребувајте ја куката за влечење за транспортни цели.
Непочитувањето на ова предупредување може да предизвика
оштетување на каросеријата.
Оваа кука е направена само за влечење на Вашето и за влечење на
други возила.
 Секогаш влечете ја куката право нанапред за да оневозможите нејзино
оштетување. Не влечете ја куката странично или вертикално. Исто
така, не влечете ја куката остро.

Случаи на заглавување на возилото

(за возилата со погон на четири тркала)

Доколку Вашето возило заглави во песок, кал, снег итн., вклучете го копчето за
заклучување на централниот диференцијал. Потоа:
1. Отстранете ја песокта, калта или снегот од предните и задните гуми;
2. Поставете камења или гранки под гумите.

ВНИМАНИЕ
За да оневозможите оштетување на системот за менување брзини, не
преоптоварувајте го моторот и не шлајфувајте со гумите при обидите за
извлекување на возилото.

Предупредувачки звуци

Предупредувачките звуци покажуваат абнормални услови или моментална сосјоба


на различните систми во возилото.
Кога ќе ги слушнете следниве звуци, преземете ги потребните мерки со осврнување
на соодветните секции споменати подолу:
Предупредувачкиот звук испушта континуиран звук:
- Погледнете ја секцијата 3. (Предупредувачки звук за безбедносните појаси)
- Погледнете ја секцијата 4. (Предупредувачки звук за заборавени светла)

Доколку системот емитува пискав звук во текот на сопирањето:


- Погледнете ја секцијата 10. (Индикатор за граница на трошење на блокот на
сопирачките)

Секција 12

Чистење и заштита

Чистење на надворешноста............................................................................ 12-1


Чистење на надворешноста............................................................................ 12-2
Заштита од корозија........................................................................................ 12-2

Чистење на надворешноста

Миење
1. Паркирајте го возилото на место со добра вентилација каде возилото нема да
биде изложено на директна сончева светлина. Исклучете го моторот.
2. Со рамномерно нанесување на вода, внимателно измијте ја површината на
возилото со четка за миење автомобили. Доколку е птребно, употребете
неутрален детергент кој се користи во авто-пералните.
3. Дното на возилото треба да се измие со воден млаз под притисок.
4. Измијте ја површината на возилото за на неа да не остане дел од детергентот
или средството за миење.
5. Избришете ја водата со сунѓер или кожа.
6. Исушете го системот за сопирање.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Држете ги децата настрана од средството за миење на возилото.
 Кога врширте миење на дното и суспензијата на возилото, носете гумени
ракавици и долга облека. Внимавајте да не добиете повреди како
исеченици итн.

ВНИМАНИЕ
 Внимавајте да не нанесете вода на електричните системи во моторниот
простор. Ова може да предизвика појава на краток електричен спој.
 Следете ги инструкциите впишани на средстовото за миење.
Бензинот или силните токсични растворувачи не се препорачливи за
одржување на бојата на возилото.
 Не нанесувајте врела вода на површината на возилото. Ова може да ја
оштети бојата на возилото. Исто така, не бришете ја прашината или
нечистотиите доколку површината на возилото е сува.

Полирање
Вршете често полирање на Вашето возило за да ја заштитите и задржите квалитетот
на неговата боја.
Измијте и исушете го возилото пред полирањето.
Доколку површината на возилото е врела, паркирајте го возилото под сенка и
дозволете и на површината да се излади пред да го извршите полирањето.

ВНИМАНИЕ
За да се заштити и задржи квалитетот на бојата:
 Не бришете или гребете ја површината на возилото со тврди крпи.
 Не употребувајте стаклена волна или абразивни средства за чистење.
 Следете ги инструкциите на производителот на средството за полирање.

Чистење на внатрешноста
Внатрешноста на возилото треба да се исчќисти со правосмукалка.

ВНИМАНИЕ
При чистењето на внатрепшноста, не се препорачува употребата на бензин
или токсични растоврувачи.
Тоа може да ги оштети внатрешните материјали.

Заштита од корозија

Ние во Daihatsu отсекогаш сме произведувале високо-квалитетни возила со развиен


дизајн и конструкција за заштита од корозија.
Ваквите карактеристики на возилото играат клучна улога во заштитата на
надворешноста на возилото од корозија. Сепак, за да овозможите долгорочно
задржување на квалитетот на надворешноста и зашттиа од корозија, Вие морате да
го сфатите Вашиот дел во одржувањето.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не обложувајте ги компонентите на издувниот систем на возилото со
дополнителни средства за заштита од корозија. Ова може да предизвика
прегревање на компонентите и појава на пожар.

Причини за појавата на корозија


Вообичаени причини за појава на корозија:
 Присуство на сол на патот и присуство на сол во воздухот;
 Нечистотии и вода;
 Гребнатинки и оштетувања кои го оставаат металот на каросеријата
„отворен“ на надворешните влијанија;
 Хемиски субстанци и индустриски отпад.

Мерки за заштита од корозија

Одржувајте го Вашето Daihatsu возило чисто;


Доколку живеете во област каде има појава на прашина и нечистотии (како што се
местата каде постои распрскана сол на патот, близу морскиот брег, или каде има
распрскување на индустриски загадувачки материи), обрнете особено внимание на
појавената прашина и нечистотии.
Ние Ви препорачуваме да го измиете дното на возилото најмалку еднаш месечно во
зимски временски услови.
По завршувањето на зимата, измијте го дното на возилото уште ееднаш.
Исчистете ги браниците и решетките и другите скриени делови на возилото.
Измијте ја акумулираната кал затоа што мокриот кал е причина за појава на
корозија. Чистењето со пареа под висок притисок ќе биде ефикасен начин за
отстранување на калта.
Кога го чистите вратите, панелите, деловите на каросеријата итн., уверете се дека
отворите за дренажа на водата не се блокирани.

Одржувајте ја Вашата гаража чиста;


Влажноста е опасна за Вашето возило, особено на тепмератури понсики од ОC0.
Затоа, не паркирајте го Вашето возило во гаража со слаба вентилација каде има
големо присуство на влажност.
Не мијте го Вашето возило во гаражата, не оставајте го Вашето возило во мокра
состојба или покриено со снег.

Одржувајте ја бојата и сјајот во добра состојба


Секоја дури и најмала гребнатинка на бојата мора да се санира што е можно
поскоро. Гребаниците треба да се санираат од страна на Овластениот дистрибутер
на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго
квалификувано и опремено лице.
Внимавајте и одржувајте ја внатрершноста на возилото;
Редовно проверувајте дали дното на внатрешноста на возилото е сува.
Не мијте ја внатрешноста на возилото.
Исто така, пренесувајте ги хемикалиите, средствата за чистење, ѓубривата, солта
итн. Во соодветни садови.
Доколу дојде до протекување или истурање на овие материи, веднаш исчистете и
исуште го местото.

Секција 13

Одржување на возилото

Барања за одржување...................................................................................... 13-1


Распоред за одржување.................................................................................. 13-3

Барања за одржување

Сервисите за одржувањ есе потребни за да се обезбеди безбедно, економично и


возење без појава на проблеи.
Неодржувањето на Вашето возило може да предизвика несреќен случај или
оштетување на возилото.

Проверки пред стартување на моторот


За да се овозможи безбедно и удобно возење, пред стартувањето на моторот
направете ги следните проверки на:
 Нивото и квалитетот на моторното масло
 Нивото на течноста за ладење на моторот
 Нивото на течноста за сопирачките
 Нивото на течност за миење
 Погонските ремени
 Нивото на електролити во акумулаторот
 Протекување на гориво
 Функционирање на светлата
 Функционирање на управувачот
 Функционирање на сопирачките
 Функционирањето на педалот за гас.

Додека возите со ниска брзина на движење проверете ги:


 Брзинометарот и предупредувачкото светло за температура на водата
 Напорот (потребната сила) за вртење на управувачот
 Функциите на сопирачките
 Другите операции
 Дали возилото „завлекува“ кон едната страна на патот додека се движите по
рамна и права површина или кога ги употребувате сопирачките.

Внимателно надгледувајте го Вашето Daihatsu возило


Надгледувајте го Вашето Daihatsu возило од можната промена во неговите
перформаси или визуелни промени кои бараат постапки за одржување на возилото.
Битни знаци на сомнеж кај возилото се:
 Прекини во работата, „сецкање“ или појава на ѕвонлив звук од моторот.
 Видливо и забележително губење на силата на моторот
 Невообичаени звуци од моторот
 Секое протекување на течност или масло
 (Дренажата на вода од системот за климатизација е вообичаена појава)
 Промена на звукот кај системот за издувни гасови.
 Гума која изгледа издишано, чкрипење на гумите при сопирање или вртење
во свиоци, или излижана гума.
 Губење на ефикасноста на сопирање, „меко“ чувство при притискањето на
квачилото или педалот за сопирање, појава кога педалот безмалку го
допира подот, возилото „завлекува“ кон едната страна на патот при
сопирање.
 Трепкање на предупредувачкото светло за температура на водата
Доколку забележите некоја од претходниве појави, возилото треба да се провери од
страна на Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на
Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено лице.

Податоци за одржувањето
Зачувајте ги копиите од секоја порачка за резервни делови или поправки за
одржување на Вашето Daihatsu возило.
Со тие документи ќе ги докажете сите поправки кои биле направени на Вашето
возило кои се однесуваат на опфатот на гаранцијата од производителот.

Самостојно одржување
Доколку поседувате определени знаења во областа на механиката и знаете како да
ги употребите автомобилските алати, Вие самостоно можете да извршите
сервисирање на некои делови од возилото.
Процедурите за самостојно одржување на возилото се дадени во секцијата 14.
Сепак, процедурите за самостојно одржување на возилото може да влијаат врз
опфатот на гаранцијата дадена од производителот.
Погледнете ја гарантната брошура за деталите околу гаранцијата за возилото.

Сервисон одржување по распоред


Деловите кои се наведени во табелата за одржување треба да се сервисираат во
редовни интервали.Придржувајте се кон распоредот за одржување.
Сите сервиси за одржување на возилото одат на трошок на сопственикот на
возилото.
Доколку возите под сериозно неповолни услови, возилото има потреба од почесто
вршење на сервисните активности за одржување. Во ваквите случаи, консултирајте
се со Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на
Daihatsu или со некое друго квалификувано и опремено лице.

Распоред за одржување

Распоред за одржување при НОРМАЛНИ услови на возење


Следете ја пропишаната дистанца односно период на возење на автомобилот (со
оглед на тоа што ќе биде исполнето прво).
Продолжете со сервис за одржување по минати 90.000 км (54.000 милји), следејќи
го распоредот.

Што да се x 1000
15 30 45 60 75 90
преземе км
Оддел Ставка Интервал х 1000
милји
9 18 27 36 45 54
на
проверка Години 1 2 3 4 5 6
Чистење
Филтер за Проверка
○ ○ ● ○ ○ ●
воздух  Оштетување
Замена
Мотор Филтер за мотор Замена
и филтер за (употребете API: SH ● ● ● ● ● ●
масло или подобро*)
Довод и Проверка
конектори за  Прекин
гориво
 Затегнатост ○ ○ ○
(вклучувајќи ги
 Протекување
и цревата за
гориво)  Оштетување
Средство за
ладење (со долг Замена На секои 2 години
век на траење)
Погонски ремен Проверка ○ ○ ○ ○ ○ ○
(Алтернатор,  Оптегнатост
пумпа за вода,  Прекин
климатиазија,  Оштетување
серво-
управувач)
Освен
за Чистење и проверка
свеќичк  Состојба
○ ○ ○
и од  Разлабавеност
Свеќи
иридиу  Оштетување
м
чки
За
свеќичк
и од Замена На секои 90.000 км (54.000 милји)
иридиу
м

○ – Проверка или преглед


● – Замена
* - Замена на секои 12.000 км (7.200 милји) / 1 година, што и да се случи прво, при
употреба на API SG висококвалитетно масло.

Што да се x 1000
км
15 30 45 60 75 90
преземе
х 1000
Оддел Ставка Интервал милји
9 18 27 36 45 54
на Годин
проверка и
1 2 3 4 5 6
Проверка
Кутија за  Функционир
Систем ○ ○
согорување ање
за
 Оштетување
контрол
Црева за емисија Замена
а на На секои 8 години
на пареа
издувни
те Проверка
гасови Лонец и цевка  Затегнатост
○ ○ ○
на издувот  Оштетување

Проверка
 Слободен од
Систем Квачило  Дополнителе ○ ○ ○ ○ ○ ○
за н од
трансми  Оштетување
сија Мануелен Проверка и замена
(менува систем за  Масло ○ ○ ●
ње трансмисија
брзини) Автоматски Проверка и замена
систем за  Течност ○ ●
трансмисија
Црево за Проверка и замена
ладилникот за  Гребаници,
масло кај кршење, сечење, ○ ○
автоматскиот превртување,
систем за набабрување
траснмисија
Проверка и замена
Трансфер кутија ○ ○ ●
 Масло
Диференцијал Проверка и замена
● ● ●
(преден и заден)  Масло
Проверка
 Затегнатост
Оска на
 Протресувањ ○ ○ ○
пропелерот
е
 Оштетување
Приклучни капи
Проверка
на погонската ○ ○ ○
 Оштетување
осовина

○ – Проверка или преглед


● – Замена

Што да се x 1000
км
15 30 45 60 75 90
преземе
х 1000
Оддел Ставка Интервал милји
9 18 27 36 45 54
на Годин
проверка и
1 2 3 4 5 6
Дел на
суспензија
(преден) Проверка
Систем Дел на
 Затегнатост
за суспензија
 Протресувањ ○ ○ ○
суспенз (заден)
е
ија Приклучни капи
за ...............  Оштетување
Пружина
Стабилизатор
Систем Поврзување на Проверка ○ ○ ○
за системот  Слободен од
управув Кутија на (кај управувачот)
ање менувачот  Затегнатост
Приклучни капи  Протресувањ
за ............... е
 Оштетување
Поставеност и Проверка
агол на  Усмерување ○ ○
управувачот
○ – Проверка или преглед
● – Замена

Што да се x 1000
км
15 30 45 60 75 90
преземе
х 1000
Оддел Ставка Интервал милји
9 18 27 36 45 54
на Годин
проверка и
1 2 3 4 5 6
Проверка
 Слободен од
(на педалот за
сопирање)
 Дополнителе
н од (на педалот
Педал за за сопирање)
сопирање и ○ ○ ○
 Работен од
рачна сопирачка
(на рачната
сопирачка)
 Затегнатост
 Протресувањ
е
 Оштетување
Систем Проверка
Диск и блок на
за  Истрошеност ○ ○ ○ ○ ○ ○
сопирачки
сопира  Оштетување
ње Проверка
 Протекување
Црева и цевки (ниво на течност,
на сопирачки и конекции) ○ ○ ○
P&B вентил  Разлабавена
спојка
 Оштетување
Течност за
Замена На секои 2 години
сопирачки
Барабан и Проверка
облоги за  Истрошеност ○ ○ ○
сопирачки  Оштетување
Главен и
Проверка
цилиндер за ○ ○ ○
 Протекување
тркала
Шасија Завртки за Проверка ○ ○ ○ ○ ○ ○
и тркала, други
каросер завртки и  Затегнатост
ија навртки

○ – Проверка или преглед


● – Замена

Распоред за одржување при НЕПОВОЛНИ услови на возење

Што да се x 1000 7, 22 37 52 67 82
15 30 45 60 75 90
км 5 ,5 ,5 ,5 ,5 ,5
преземе
х 1000 4, 13 22 31 40 49
Оддел Ставка Интервал милји 5
9
,5
18
,5
27
,5
36
,5
45
,5
54
на Годин 0, 1, 2, 3, 4, 5,
проверка 1 2 3 4 5 6
и 5 5 5 5 5 5
Чистење
Филтер за Проверка ○ - на секои 5.000 км (3.000 милји)
воздух  Оштетување ● – на секои 15.000 км (9.000 милји) / 1 година
Замена
Мотор
Замена
Моторно масло
(Користете API SH
и филтер за ● ● ● ● ● ● ● ● ● ● ● ●
или поквалитетно
моторно масло
масло*)
Систем за Проверка
контрола Лонец и цевка
 Оштетување ○ ○ ○ ○ ○ ○
на издувни на издувот
 Затегнатост
гасови
Систем за
Систем за Замена
автоматско
менување  Течност ● ●
менување
на брзини
брзини
Проверка
Поврзување на  Слободен од
системот
Систем на (кај управувачот)
Кутија на
серво  Затегнатост ○ ○ ○ ○ ○ ○
менувачот
управувач  Протресувањ
Приклучни капи
е
за ...............
 Оштетување
Систем за Диск и блок на Проверка ○ ○ ○ ○ ○ ○ ○ ○ ○ ○ ○ ○
сопирање сопирачки  Истрошенос
т
 Оштетување
Проверка
Барабан и
 Истрошенос
облоги за ○ ○ ○ ○ ○ ○
т
сопирачки
 Оштетување

* - Замена на секои 5.000 км (3.000 милји) / 6 месеци, што и да се случи прво при
употреба на API SG висококвалитетно масло.

Неповолни услови на возење:


1. Влечење приколка
2. Повторени кратки релации
3. Возење на нерамни површини
4. Возење на површини со нечистотии
5. Возење во екстремно студени временски услови и возење на солливи
површини

Секција 14

Самостојно одржување

Моторен простор................................................................................................ 14-1


Инструкции за самостојно одржување............................................................ 14-2
Моторно масло................................................................................................... 14-3
Средство за ладење на моторот........................................................................ 14-6
Проверка на погонскот ремен........................................................................... 14-9
Чистење и замена на воздушниот филтер........................................................ 14-9
Проверка и замена на свеќичките..................................................................... 14-10
Осигурувачи........................................................................................................ 14-12
Проверка на поврзувањето на осигурувачите................................................. 14-14
Проверка на нивото на течност за сопирачките и квачилото........................ 14-19
Проверка на нивото на течноста за миење прозорци..................................... 14-19
Проверка на нивото на масло за мануелниот менувач и трансфер кутијата (за
возилата со погон на четири тркала) ................................................................ 14-20
Проверка на нивото на течност за автоматскиот систем за менување
брзини................................................................................................................ 14-20
Проверка на нивото на масло за диференцијалот.......................................... 14-21
Проверка на нивото на течност за серво-управувачот.................................. 14-22
Проверка на слободниот од на управувачот................................................... 14-23
Проверка на слободниот од на квачилото...................................................... 14-24
Педал за сопирање............................................................................................ 14-24
Проверка на работниот од на рачната сопирачка......................................... 14-24
Проверка на работата на покренувачот за сопирачките............................... 14-25
Замена на гумичките за бришачите................................................................ 14-26
Замена на сијалички.......................................................................................... 14-27
Гуми.................................................................................................................... 14-39

Моторен простор
(слика-горе)
Поврзување на осигурувачите (страница 14-19)
Мерач за ниво на моторно масло (страница 14-3)
Свеќичка (страница 14-10)
Мерач за ниво на течност за автоматски систем за менување брзини (страница 14-
21)
Резервоар за течност за сопирачки (страница 14-19)
Покренувач за сопирачки (страница 14-26)

(слика-долу)
Акумулатор (страница 14-12)
Резервоар за течност за ладење на моторот (страница 14-6)
Чеп на резервоарот за моторно масло (страница 14-4)
Чеп на ладилникот (страница 14-7)
Ладилник (страница 14-7)
Резервоар за течност за серво-управувачот (страница 14-23)
Резервоар за течност за миење (страница 14-20)

Инструкции за самостојно одржување

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Доколку не сте соодветно запознаени со дадените сервисни процедури,
Ве молиме не обидувајте се да ги проверите или корегирате
компонентите на возилото.
 За да се заштитите од можна појава на пожар, не дозволувајте
запаливите делови кај возилото (како пто се акумулаторот, горивото
итн.) да дојдат во контакт со цигари, искри или извори на оган.
 За да се намали ризикот од сериозни телесни повреди, извадете ги
герданите, бразелетните, прстените и другиот накит од Вашето тело.
Исто така, држете ги рацете, алатите, облеката и другите предмети
подалеку од движечките делови на возилото кога моторот е вклучен во
употреба.
 За да се намали ризикот од повреди предизвикани од изгореници,
дозволете му на моторот комплетно да се излади пред да извршите
проверка или сервисирање на било кој компонент во моторниот
простор.
 Никогаш не дозволувајте Вие или некое друго лице да го изложи своето
тело под возилото кога истото е поткренато само на дигалката.
Користете држачи за поддршка на возилото.
 Сервисирајте го Вашето возило во просторија со добра вентилација.
 Држете ги децата на страна на течностите и маслата кои се користат во
возилото.
 Уверете се дека ниту една алатка или парче облека не е заборавено под
хаубата пред истата да ја затворите. Тие може да предизвикаат
оштетување на моторните компоненти и да доведат до пожар во текот
на возењето.
 Под никои околности не смеете да вршите модифицирање на
електриката во возилото. Непочитувањето на ова предупредување може
да предизвика погрешно функционирање на компонентите и уредите во
возилото и да доведе до пожар.
 Користете добро-одржувани алати за да се заштитите од телесни
повреди и оштетување на компонентите на возилото.

ВНИМАНИЕ
 Кога вршите проверка на компонентите на моторот, не ставајте
предмети околу долниот дел на шофершајвната. Тие може да паднат во
внатрешноста на моторот и да предизвикаат негово погрешно
функционирање.
 Пред проверката на електричните системи, исклучете го кабелот од
негативниот терминал на акумулаторот. Исто така, внимавајте да не
предизвикате краток спој на терминалите со некој алат или друг
метален предмет. Тоа може да предизвика оштетување на акумулаторот.

Електричен вентилатор за ладење на моторот

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Завртете го клучот во бравата во позиција „LOCK“ кога работите близу
вентилаторите (перките) на ладилникот и кондензаторот или близу
решетката на ладилникот.
 Не допирајте и не доближувајте се до перките на вентилаторот доколку
вршите сервисирање на возилото кога клучот во бравата е завртен во
позиција „ON“. Вентилаторот на ладилникот автоматски се вклучува
кога температурата на течноста за ладење ќе достигне одредено ниво.
Исто така, вентилаторот на кондензаторот автоматски започнува да
ротира кога ќе дојде до вклучување на климатизацијата.

Моторно масло
Проверка на нивото на моторно масло

(слика) знаци

1. Паркирајте го возилото на рамна површина.


2. Загрејте го моторот до оперативната температура и исклучете го.
3. По неколку минути, полека извлечете го мерачот за нивото на моторно масло
и избришете го од масло.
4. Повторно внесете го мрерачот до каде што може да оди.
5. Повторно извлечете го мерачот и проверете дали нивото на моторно масло е
помеѓу двата обележани знаци „-“.
6. Доколку нивото на моторно масло е премногу ниско, додадете моторно
масло. За употреба на препорачано моторно масло, осврнете се на секцијата
15.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Исчистете го распрсканото масло. Маслото може да преизвика пожар доколку
истото се остави да дојде во контакт со врел компонент.

Замена на моторното масло и филтерот за масло

1. Паркирајте го возилото на рамна површина.


2. Загрејте го моторот до оперативната температура и исклучете го.
3. Извадете го чепот на резервоарот за масло.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Внимавајте да не се здобиете со изгореници од врелото моторно масло или од
врелите компоненти на моторот.

4. Ставете сад под отворот за дренажа на маслото.


5. Извадете го осигурувачот и затворачот на отоворот за дренажа со помош на
клучот (од кутијата за алати) и дозволете му на маслото комплетно да
истече.
Доколку е потребно, носете заштитни очила.

6. Поврзете го цревото со цел да извршите дренажа на маслото кое ќе протече


кога ќе дојде до разлабавување на филтерот за масло.
7. Разлабавете го филтерот за масло со клучот за филтерот за масло и извадете
го филтерот со рака.
8. Ставете мало количество масло во гумениот затворач на новиот филтер за
масло.
9. Затегнете го новиот филтер (со вртење) со помош на Вашата рака се додека
затворачот дојде во контакт со лежиштето.
Потоа, завртете го филтерот дополнителни ¾ до еден круг, за негово
потополно зацврстување.
10. Монтирајте го осигурувачот и новиот затворач.
Затегнете го осигурувачот.
Сила на затегнување: 23,6 – 35,4 N*m (17,4 – 26,1 ft-lb или 2,4 – 3,6 kgf-m).

ВНИМАНИЕ
Не презатегнувајте го филтерот за масло и затворачот за дренажа. Тоа може да
предизвика протекување на маслото.

11. Полека долевајте моторно масло.


За употребата на препорачано моторно масло и за капацитетот на
резервоарот за масло, погледнете ја Секцијата 15.
12. Рачно монтирајте го чепот на резервоарот за масло.
13. Почекајте неколку минути и проверете го нивото на моторно масло.
14. Запалете го моторот и проверете дали дошло до протекување на мотороно
масло од филтерот или осигурувачот за дренажа. Секое протекување на
моторното масло покажува погрешно монтирање на филтерот за масло или
осигурувачот за дренажа.
15. Исклучете го моторот и почекајте неколку минути.
Повторно проверете го нивото на моторно масло и доколку е потребно,
долејте дополнително количество масло.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Исчистете го и најмалото количество на истечено масло. Маслото може
да предизвика пожар доколку се наоѓа на некој врел компонент на
моторот.
 Темелно измијте ги Вашите раце.
 Подолгиот контакт на искористеното моторно масло со Вашата кожа
може да предизвика рак на кожата.
 Никогаш не истурајте го искористеното моторно масло на земја во
одводен канал итн. Секогаш фрлајте го искористеното моторно масло
на место кое е предвидено за таа намена. Се препорачува, промената на
моторонто масло да ја изврши Овластениот дистрибутер на Daihatsu,
Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго
квалификувано и опремено лице.
 Безбедно монтирајте го чепот на резервоарот за масло. Во спротивно,
потрошувачката на масло може да се зголеми и може да дојде до
распрскување на маслото врз моторните компоненти, што може да
доведе до појава на пожар.

Средство за ладење на моторот

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Внимавајте да не се здобиете со изгореници ккога вршите вадење на чепот на
ладилникот или осигурувачот за дренажа.
ВНИМАНИЕ
 Следете ги инструкциите од производителот на средството за ладење.
 За да се заштитите од корозија на алуминиумот, секогаш употребувајте
тип на средство за ладење со високо-квалитетни карактеристики за
заштита на алуиниум со долг век на траење (средство на база на етилен
гликол).
 Средството за ладење треба да биде концентрирано на 50% (при
температура од околу -30C0) односно на 30% (при температура од околу
-12C0).
 За растворање на средството за ладење, употребете обработена
(деминерализирана или дестилирана) вода.

Доколку нивото на средството за ладење значително се намали, системот за ладење


треба да се провери од страна на Овластениот дистрибутер на Daihatsu,
Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго квалификувано и
опремено лице.

Проверка на нивото на средство за ладење


Проверете го нивото на средство за ладење со помош на резервниот резервоар кога
моторот е изладен.
Проверете дали нивото на средството за ладење е помеѓу линиите „F“ (полн) „L“
(ниско ниво).
Доколку нивото на средството за ладење стане премногу ниско како резултат на
природното испарување, додадете само мека вода. Доколку дојде до загуба на
големо количество на средството за ладење, додадете средство за ладење со долг
век на траење.
Доколку дошло до празнење на резервниот резервоар, наполнете го ладилникот и
резервниот резеровар со средство за ладење.
Избришете го распрсканото средство за ладење и безбедно монтирајте ги чеповите
на резервниот резервоар и ладилникот.

Промена на средството за ладење


Средството за ладење е потребно да се менува во редовни временски интервали.
За капацитетот за додавање средство за ладење, погледнете ја Секцијата 15.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не отворајте го чепот на ладилникот или осигурувачот за дренажа додека
моторот е сеуште врел.

Процедура за долевање средство за ладење

ВНИМАНИЕ
Пред промената на средството за ладење, прочитајте ја процедурата за
долевање на средството која е напишана на натписот прикачен на хаубата и
следете ги истите инструкции.

(слика)
Чеп на ладилникот
Преден дел од возилото
Осигурувач за дренажа

Замена на средството за ладење


1. Извадете го чепот на ладилникот.
2. Ставете сад под отворот за дренажа на средство за ладење.
3. Извадете го осигурувачот и затворачот на отоворот за дренажа со помош на
клучот (од кутијата за алати) и дозволете му на средството комплетно да
истече.
4. Извршете дренажа на средството за ладење од резервниот резервоар.

(Слика)
Вентил за одвод на воздух (A)
Вентил за одвод на воздух (B)

5. Разлабавете и извадете ги славините на вентилите за одвод на воздух (A) и


(B).
6. Монтирајте го осигурувачот за дренажа и затворачот на ладилникот.
7. Долејте вода за ладење во отворот за полнење на ладилникот. Затегнете ја
славината (А) кога водата за ладење ќе започне да протекува од вентилот за
одод на воздух (А).
8. Затегнете ја славината (B) кога водата за ладење ќе започне да протекува од
вентилот за одвод на воздух (B).

ЗАБЕЛЕШКА
Доколку не доаѓа до протекување на вода од вентилите за одвод на воздух (A)
и (B), и доколку водата започне да претекува од отворот за полнење на
ладилникот, затегнете ги славините (A) и (B). Потоа, затегнете го чепот на
ладилникот.

9. Долевајте вода за ладење се додека нејзиното ниво го достигне отворот за


долевање на ладилникот.
10. Затворете го чепот на ладилникот.
11. Запалете го моторот и оставете го да работи (со нормални вртежи)
определено време а потоа исклучете го.
12. Извршете комплетно испуштање (дренажа) на водата.
13. Повторете ги чекорите „10“ и „12“ неколку пати.
14. Монтирајте го осигурувачот за дренажа и новиот затворач и затегнете ги
безбедно.
15. Полека додавајте соодветна количина од средството за ладење (средство на
база на етилен гликол и анти-фриз) во ладилникот и резервниот резервоар.
Долејте соодветно количество честа мека вода во ладилникот се додека
истиот биде наполнет.
Долевајте чиста мека вода во резервниот резервоар до линијата „F“ (полно).
16. Безбедно затворете ги чеповите на ладилникот и резервниот резервоар.
17. Запалете и оставете го моторот да работи неколку минути. Исклучете го и
дозволете му да се излади.
18. Внимателно извадете го чепот на ладилникот и проверете го нивото на
средството за ладење. Доколку е потребно, долејте чиста мека вода.
19. Зацврстете го чепот на ладилникот.
20. Загрејте го моторот до нормалната работна температура.
Проверете дали дошло до протекување на средството за падење од
осигурувачот за дренажа.
Протекувањето на средството покажува погрешно монтирање на
осигурувачот за дренажа на ладилникот.
21. По кратко возење, проверете го нивото на средството за ладење. Доколку
нивото е намалено, додадете средство за ладење (соодветна мешавина) до
линијата „F“ (полно) кај резервниот резервоар.

Проверка на погонскиот ремен

(слика)
Каишник на пумпа за вода
Каишник на стабилизатор
Каишник на серво-управувач
Каишник на алтернатор
Каишник на ..............за палење
Каишник на клима-уредот

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Внимавајте да не се здобиете со изгореници од врелите компоненети на
моторот и ладилникот.

Исклучете го моторот и проверете го погонскиот ремен од можно кинење, изразена


истрошеност или замасленост.
Оштетените ремени на возилото треба да се заменат од страна на Овластениот
дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго
квалификувано и опремено лице.
Притиснете го делот А→ и проценете ја затегнатоста.
Проверете за да откриете дали затегнатоста на ременот е во согласност со
податоците од спецификацијата.
Погледнете ја Секцијата 15.
Доколку затегнатоста не е во согласност со нивото наведено во спецификацијата,
погонскиот ремен мора да се прилагоди од страна на Овластениот дистрибутер на
Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго квалификувано
и опремено лице.

Чистење и замена на филтерот за воздух

Чистењето на филтерот за воздух може да се изврши со компресиран воздух.


нанесете компресиран воздух само од чистата страна на воздушниот филтер.
Доколку е потребно, заменете го филтерот.
Доколку возите претежно по површини со прашина, чистете го воздушниот филтер
на интервал од 5.000 км (3.000 милји).
Избришете ја кутијата и седиштето на филтерот со меко парче материјал за да ја
отстраните нечистотијата или прашината.

ВНИМАНИЕ
 Не возете со отстранет воздушен филтер. Непочитувањето на ова
предупредување ќе предизвика прекумерно трошење (амортизација) на
моторот.
 Не замаслувајте го филтерот за воздух. Тоа може да ја намали
ефективноста на филтерот.

1. Отклучете ги петте држачи.


2. Со подигнување на горната кутија,
3. Извадете го воздушниот филтер

Монтирање
1. Наместете го воздушниот филтер во гумената покривка.
2. Монтирајте ја горната кутија.
3. Затегнете ги петте држачи.

Проверка и замена на свеќичките

1. Отстранете ги држачите за зацврстување на кутијата на филтерот и извадете


ја кутијата.

ВНИМАНИЕ
Кога кутијата на филтерот не е отстранета, мора да се обрне големо внимание
за да не се дозволи да дојде до навлегување на некое страно тело во
внатрешноста на командниот простор за гас.

2. Отстранете го држачот на калемот за палење.


3. Извлечете го калемот за палење.

ЗАБЕЛЕШКА
Внимавајте да не ја извлечете електриката кога го извлекувате калемот за
палење.
Доколку постои можност за извлекување на електриката, исклучете го
конекторот од калемот за палење.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Внимавајте да не се здобиете со изгореници затоа што приклучните капи и
свеќичките може да се врели.

4. Одвртете и извадете ја свеќичката со клучот за одвртување на свеќички.


5. Проверете го изолаторот на свеќичката за да проверите дали неговата боја е
светло кафена без негово оштетување. Доколку не е, свеќичките треба да се
исчистат од страна на Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот
сервисен центар на Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено
лице.

ВНИМАНИЕ
Не дозволувајте да дојде до навлегување на прашина или нечистотија во
отворите на свеќичките. Тоа може да предизвика оштетување на моторот.

(Слика) – Јаз кај свеќичката


Освен за возилата опремени со иридиумски свеќички

6. (Освен за возилата опремени со иридиумски свеќички) – Проверете го јазот


кај новата свеќичка прикажан на сликата со помош на мерачот за јазот.
Доколку е потребно, свиткајте ја електродата за вземјување за да го добиете
јазот на свечичката наведен во спецификацијата.
За дополнители информации околу препорачаните свечички, погледнете ја
Секцијата 15.

ВНИМАНИЕ
 (За возилата опремени со иридиумски свеќички) – Не прилагодувајте го
јасот кај свеќичката. Во спротивно, можна е појава на оштетување на
моторот.
 (Освен за возилата опремени со иридиумски свеќички) – Не
прилагодувајте го јазот кај искористената свеќичка. Во спротивно,
можна е појава на оштетување на моторот.

7. Безбедно монтирајте ја новата свеќичка.

ВНИМАНИЕ
Не презатегнувајте ја свеќичката. Во спротивно, можна е појава на
оштетување на моторот.

8. Монтирајте го калемот за палење.


Чистење и проверка на акумулаторот

(Слика) – Терминали Прицврстувач


Горна граница (лимит)
Долна граница (лимит)

Проверете ги можните гребаници, рѓосани или разлабавени конектори или


разлабевани прицврстувачи.
Доколку терминалите на акумулаторот се нечисти, исчистете ги со сода-бикарбона
и ставете нова маст на нив.
Доколку терминалите се разлабавени, затегнете ги безбедно.
Проверете дали електролитското ниво е помеѓу долната и горната граница. Доколку
нивото на електролити е премногу ниско, извадете ги чеповите на вентилите на
секоја келија. Додадете дестилирана вода во секоја ќелија до горната граница.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Кога вршите сервисирање на акумулаторот, бидете особено внимателни
да не ги скратите (исечете) терминалите со алатите или некоои други
метални предмети. Доколку дојде до кратење на терминалите на
акумулаторот, тоа ќе предизвика прегревање на акумулаторот, што
може да доведе до негово оштетување и експлозија.
 По додавањето на дестилирана вода, безбедно затегнете ги чеповите на
вентилите. Во спротивно, електролитите од акумулаторот би можеле да
се распрскаат и да го оштетат Вашето возило, па дури и да
предизвикаат сериозни телесни повреди.
 Акумулаторот содржи сулфуреста киселина која е отровна и корозивна.
Носете заштитни очила и внимавајте да не дојде до распрскување на
течноста од акумулаторот на Вашето тело, облека или врз возилото.
Доколку дојде до распрскување на течноста од акумулаторот на Вашата
кожа или око, отстранете ја контаминираната пблека и измијте го
загадениот дел со вода намлаку 15 минути.
Доколку голтнете дел од течноста од акумулаторот, испијте што
поголемо количество вода или млеко и веднаш посетете медицинска
установа.
 Акумулаторот не смее да дојде во контакт со оган. Тоа може да
предизвика експлозија на акумулаторот.
 Држете ги децата онастрана од акумулаторот.

ВНИМАНИЕ
Доколку дојде до распрскување на течноста од акумулаторот врз бојосаната
површина на возилото, веднаш измијте го испрсканиот дел.

Мерки за безбедност и опасности околу акумулаторот


(слика) – Предупредувачки натпис

Ризик од експлозија.

Држете го акумулаторот подалеку од извори на оган и пламени јазици и воздржете


се од пушење. Одбегнувајте создавање на искри.

Ризик од изгореници од киселината


Киселината во акумулаторот е штетна. Киселината не смее да дојде во контакт со
облека, кожа или очи.
Контаминираниот дел треба веднаш да се измие и истрие со вода.
Доколку е потребно, консултирајте се со медицинаска установа.

Употребете соодветна заштита за очите.

Држете ги децата подалеку од акумулаторот.

Следете ги сите оперативни инструкции.

Осигурувачи

Локација на осигурувачите

Табла на главниот осигурувач


Кога го менувате осигурувачот, користете го специфицираниот осигурувач наведен
во натписот прикачен на малата касета во возилото.

1. SOCKET-RR..... 15А
2. ENGINE............ 10А
3. ECU IG2............ 7,5A
4. DEFOG……….. 15A
5. IG1/BACK........ 7,5A
6. ECU IG1........... 7,5A
7. ACC................. 7,5A
8. SOCKET-FR... 15A
9. ST..................... 7,5A
10. D/LOCK........ 15A
11. HAZ............... 10A
12. WIPER.......... 25A
13. POWER......... 30A

Кутија со релеи и осигурувачи


1. IG…………………………… 50A
2. (EPS)………………………... 50A
3. AM1………………………... 50A
4. ABS1……………………….. 40A
5. AM2………………………... 30A
6. RAD………………………... 30A
7. (POWER)………………….. 30A
8. HEATER…………………... 40A
9. (H-LP-HI LH)……………... 10A
10. (H-LP-HI RH)……………. 10A
11. H-LP-LH / H-LP LO LH… 10A
12. H-LP-RH / H-LP LO RH… 10A
13. (FOG LH)………………. .. 7,5A
14. (FOG RH)………………... 7,5A
15. (MGC)…………………… Релеј
16. (FOG) …………………… Релеј

17. RAD................................... Релеј


18. HEAD…………………… Релеј
19. ABS2……………………. 30A
20. BACK UP……………..... 15A
21. DOME…………………... 7,5A
22. TAIL…………………….10A
23. ECU-B…………………... 10A
24. EFI……………………..... 15A
25. HORN…………………… 10A
26. (MGS)…………………… 10A
27. STOP…………………..... 15A
28. ABS SOL………………... Релеј
29. ABS CUT……………….. Релеј
30. ABS MTR………………. Релеј
31. ABS NO.3………………. 7,5A

Проверка и замена на осигурувачите

ЗАБЕЛЕШКА
Лоцирајте ја причината за проблематичниот осигурувач и решете го
проблемот пред да го монтирате новиот осигурувач. Доколку не дте во можност
да го откриете проблемот, системот на осигурувачи треба да се провери од
страна на Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар
на Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено лице.

1. Завртете го клучот во бравата во позиција „LOCK“ и отворете ја малата


касета во возилото.
ЗАБЕЛЕШКА
Вадењето на теблата со осигурувачи не може да се изведе доколку малата
касета е потполно отворена. Затоа, малата касета не треба целосно да се
отвори.

2. Малку подигнете ја касетата и откачете го капакот на касетата.


3. Повлечете ја кутијата со осигурувачи кон страната на совозадчкото седиште.
Потоа, комплетно извадете ја кутијата со нејзино вртење.

ЗАБЕЛЕШКА
Кога кутијата со осигурувачи се монтира, доколку капакот на касетата е
носоодветно позициониран, касетата нема да може да се затвори. Затоа,
секогаш соодветно позиционирајте го капакот на малата касета пред нејзиното
затворање.

(слика) – извлекувач за осигурувачи

4. Извадете го извлекувачот за осигурувачи од кутијата за осигувувачи.


5. Со извлекувачот, извлечете и извадете го сомнителниот осигурувач.

(слика) Нормален Прегорен

6. Проверете го извлечениот осигурувач. Доколку осиигурувачот е прегорен,


заменете го со резервен осигурувач. Доколку осигурувачот не е прегорен,
проблемите најверојатно не се предизвикани од осигурувачите. Возилото
треба да се провери од страна на Овластениот дистрибутер на Daihatsu,
Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго квалификувано и
опремено лице.
Доколку корективните активности треба да се одложат, исклучете го кабелот од
негативниот терминал од акумулаторот како мерка на безбедност.

ЗАБЕЛЕШКА
Доколку кабелот се исклучи од негативниот терминал, меморираните
податоци кои се однесуваат на EFI и системот за електронска контрола на
системот за автоматско менување брзини ќе бидат загубени.
Истото ќе се случи и со податоците на часовникот и радиото.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да оневозможите појава на пожар од прекумерното електрично
напојување:
 Никогаш (па макар и привремено) не монтирајте ништо друго освен
осигурувач на таблата за осигурувачи.
 Секогаш употребувајте ги само оние осигурувачи со
специфицираните капацитети.
Особено, никогаш не употребувајте осигурувач чија ампеража е
повисока од специфицираната.
Ние препорачуваме во своето возило да носите еден комплето од резервни
осигурувачи за итни случаи.

Проверка на спојката за осигурување

(слика) Спојка за осигурување

Доколку дојде до проток на преголемо количество струја од позитивниот терминал


на акумулаторот кон електриката на предните светла или бравата за палење,
спојката за осигурување ќе прегори за да оневозможи појава на пожар.
Веднаш контактирајте со Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот
сервисен центар на Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено лице за
поправка на системот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Никогаш (па макар и привремено) не монтирајте ништо друго освен спојката
за осигурување на нејзиното место.
Тоа може да предизвика сериозни оштетувања на возилото и појава на пожар.

Проверка на нивото на течност за сопирачките и квачилото

Резервоарот е наменет за течноста за сопирачките и за течноста за квачилото.


Проверете дали нивото на течноста за сопирачките и квачилото во резервоарот е
помеѓу двете линии MIN и MAX.
Доколку нивото течноста за сопирачките и квачилото во резервоарот е премногу
ниско, додадете чиста течност до линијата MAX.
За препорачаната течност за сопирачки и квачило, осврнете се на Секцијата 15.

ВНИМАНИЕ
Доколку дојде до истурање на течноста врз бојосаната површина на возилото,
веднаш избришете го делот за да оневозможите оштетување на бојата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Течноста за сопирачките и квачилото е штетна и може да нанесе
повреди по Вашите очи. Доколку Вашите очи дојдат во контакт со
течноста, темелно измијте и истријте ги очите.
 За обезбедување на соодветни перформанси на сопирачките:
o Употребувајте ја препорачаната течност за за сопирачки и
квачило наведена во спецификацијата.
o Следете ги инструкциите на производителот на течноста за
сопирачките и квачилото.
o Не мешајте различни типови на течнос за сопирачките и
квачилото.
o Не употребувајте течност за сопирачките и квачилото која била
изложена на воздух подолго од една година. Течноста може да
акумулира големо количество влажност.
o Не дозволувајте во течноста за сопирачките и квачилото да
навлезе нечистотија, песок или прашина.
 Доколку нивото на течноста за сопирачките и квачилото значително се
намалува, системот треба да се провери од страна на Овластениот
дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или
некое друго квалификувано и опремено лице.

Проверка на нивото на тешноста за миење на шофершајвната

Уверете се дека нивото на течноста за миење е доволно.


Додадете течност доколку нивото е премногу ниско.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Секогаш употребувајте чиста течност за миење. Нечистата течност може
да предизвика блокирање (запушување) на системот за миење и
намалување на Вашата прегледност.

ВНИМАНИЕ
Следете ги инструкциите на производителот за да ја постигнете
соодветната мешавина на течноста за миење.

ЗАБЕЛЕШКА
Резервоарот за течноста за миење е поставен заедно со механизмот за
миење на предното и задното стакло.

Проверка на нивото на масло за мануелниот менувач и трансфер кутијата


(за возилата со погон на четири тркала)

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да се намали ризикот од телесни повреди, не проверувајте го нивото на
масло освен доколку клучот во бравата е завртен во позиција „LOCK“ и
моторот е комплетно изладен.

Паркирајте го возилото на рамна површина и кренете ја рачната сопирачка.


Завртете го клучот во позиција „LOCK“.
Извадете го чепот на резервоарот за масло и проверете го нивото на маслото со
Вашиот прст.
Доколку нивото на масло е пониско од 5 милиметри (0,2 инчи) под долниот крај
на отворот за полнење, нивото на масло е задоволително.
Доколку нивото на масло е доволно, повторно монтирајте го чепот со нов
затворач и затегнете го безбедно.
Сила на затегнување: 29,4 – 49 N*m (21,6 - 36,1 ft-lb / 3 – 5 kgf-m).
Кога нивото на мсало е ниско, додајте специфицирано масло се додека истото
не започне да претекува од отворот за полнење.
За препорачаното масло за мануелниот менувач и трансфер кутијата (за
возилата со погон на четири тркала), погледнете ја Секцијата 15.
Кога нивото на масло ќе биде доволно, повторно монтирајте го чепот со нов
затворач и затегнете го безбедно.
Сила на затегнување: 29,4 – 49 N*m (21,6-36,1 ft-lb / 3-5 kgf-m).

Проверка на нивото на течност за автоматски менувач

(слика) – 5 милиметри (0,2 инчи) или помалку

Проверете го нивото на течноста кога температурата на течноста е 70 – 80 C0.


Доколку возилото се движело во период од 15 минути со брзина од околу 60
км/час (37 милји/час) или 30 минути со брзина на движење од 40 км/час (25
милји/час), температурата на течноста доаѓа на ниво од 70 – 80 C0.
1. Паркирајте го возилото на рамна површина и кренете ја рачната сопирачка.
2. Стратувајте го моторот и оставете го да работи за истиот да се прилагоди и
притиснете го педалот за сопирање до крај. Ставете го менувачот од P
(паркинг) во L – лер и вратете го во P (паркинг).
3. Извлечете и избришете го го марачот за нивото на масло.
Внесете го во неговата оригинална позиција.
4. Повторно извлечете го мерачот и проверете дали течноста е во рамките на
нивото означено со „HOT“.
5. Доколку нивото на течност е премногу ниско, полека додадете
специфицирана течност во отворот за долевање. Не преполнувајте.
За дополнителни информации околу специфицираната течност за системот
за автоматско менување брзини, погледнете ја Секцијата 15.
6. Безбедно вратете го мерачот на своето место.
7. Избришете ги оние делови на кои дошло до евентуално распрскување на
течноста.

ВНИМАНИЕ
 Доколку течноста е нечиста, течноста треба да се промени од страна на
Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на
Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено лице.
 Доколку нивото на течноста е премногу ниско, или нивото значително
се намалува, системот треба да се провери од страна на Овластениот
дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или
некое друго квалификувано и опремено лице.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Внимвајте да не се здобиете со изфореници затоа што течноста може да биде
врела.
Никогаш не допирајте и не приближувајте се до движечките делови на
моторот додека истиот работи за да го намалите ризикот од сериозни телесни
повреди.

ЗАБЕЛЕШКА
 Нивото на течноста кога истата е студена (20-30 C0) треба да се користи
само како ориентациона вредност.
За да го добиете точното ниво на течноста, проверете го нејзиното ниво
кога оперативната температура на течноста ќе достигне 70 – 80 C0.
 Доколку нивото на течноста е различно прикажано на предната и
задната страна на мерачот, проверката треба да се заме во предвид
според онаа страна на која нивото е прикажано пониско.

Проверка на нивото на масло за диференцијалот

Преден

(слика) – 5 милиметри (0,2 инчи) или помалку

Паркирајте го возилото на рамна површина и кренете ја рачната сопирачка.


Завртете го клучот во бравата во позиција „LOCK“.
Отстранете го капачето на отворот за полнење и проверете го нивото на масло за
диференцијалот со Вашиот прст.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да се намали ризикот од сериозни повреди, не проверувајте го нивото на
масло освен доколку клучот комплетно бил завртен во позиција „LOCK“ и
моторот е комплетно изладен.

Заден

(слика) – 5 милиметри (0,2 инчи) или помалку

Доколку нивото на масло за диференцијалот е помалку од 5 милиметри (о,2 инчи)


под долниот крај на отворот, нивото на масло е на задоволително ниво.
Кога нивото на масло е ниско, додадете специфицирано масло за диференцијал се
додека маслото започне да протекува од отворот за полнење.
За дополнителни информации околу специфицираното масло за диференцијалот,
погледнете ја Секцијата 15.
Вратете го капачето на своето место и затегнете го безбедно.
Сила на затегнување: 53,9 – 68,6 N*m (39,7 – 50,5 ft-lb / 5,5 – 7,0 kgf-m)

ВНИМАНИЕ
За возилата опремени со диференцијал за лимитирано пролизгување (LSD),
додавајте масло кое специјално е направено само за употреба во LSD
диференцијалот.
 Специфицирано LSD масло: API GL-5
 Препорачана вискозност: SAE 80W – 90 LSD

Проверка на на нивото на течност за серво-управувачот

Извршете проверка на нивото на течност за серво управувачот според следниве


чекори:
1. Паркирајте го возилото на рамна површина и кренете ја рачната сопирачка.
2. Извадете го капачето.
3. Проверете дали нивото на течноста е во рамките на знакот „COLD“ (кога
моторот е ладен) или во рамките на знакот „HOT“ (кога моторот е загреан).
4. Доколку нивото на течноста е ниско, полека додадете специфицирана чиста
течност. Не преполнувајте.
За повеќе информации околу специфицираната течност за серво-
управувачот, погледнете ја Секцијата 15.

ВНИМАНИЕ
Доколку нивото на течноста е премногу ниско, или нивото значително се
намалува, системот треба да се провери од страна на Овластениот дистрибутер
на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго
квалификувано и опремено лице.

Проверка на слободниот од на управувачот

(слика) – Завртете
Во рамките на 10 милиметри (0,39 инчи)

Лесно придвижете го управувачот од исправена позиција кон лево и десно се


додека почувствувате определен отпор и проценете го слободниот од.
Проверете дали слободниот од е во рамнките на специфицираниот слободен од на
управувачот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Доколку слободниот од не е во соглсност со предвидениот слободен од во
спецификацијата, системот веднаш треба да се провери од страна на
Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на
Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено лице.

Проверка на слободниот од на квачилото


(слика) – 3-20 милиметри
(0,12 – 0,79 инчи)

Рачно притиснете го квачилото до крај, почувствувајте го отпотрот и проценете го


слободниот од.
Проверете дали слободниот од е во рамнките на специфицираниот слободен од на
квачилото.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Доколку слободниот од не е во соглсност со предвидениот слободен од во
спецификацијата, системот веднаш треба да се провери од страна на
Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на
Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено лице.

Педал за сопирање

Проверка на слободниот од на педалот за сопирање

(слика) 0,5 – 2,0 милиметри


(0,02 – 0,08 инчи)

Исклучете го моторот и притиснете го педалот за сопирање овеќе од пет пати за да


го ослободите вакумот од покренувачот на сопирачките.
Лесно притиснете го педалот за сопирање со Вашата рака, почувствувајте го
отпотрот и проценете го слободниот од.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Доколку слободниот од не е во соглсност со предвидениот слободен од во
спецификацијата, системот веднаш треба да се провери од страна на
Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на
Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено лице.

Проверка на дополнителниот од на педалот за сопирање

(слика) Дополнителен од
122 милиметри (4,8 инчи) или повеќе

1. Паркирајте го возилото на рамна површина.


2. Ставете го мануелниот менувач во лер, односно автоматскиот менувач во
позиција P – паркинг.
3. Кренете ја рачната сопирачка.
4. Со запален мотор, притиснете го педалот за сопрање неколку пати.
5. Притиснете го педалот за сопирање со сила од 296 N (66 lb / 30 kgf) и
проценете го растојаните помеѓу притиснатата позиција на педалот и
неговата крајно притисната позиција.
6. Проверете дали овој дополнителен од на педалот е во рамките на
специфицираното ниво.
7. Проверете дали дополнителниот од останува ист по употребата на
сопирачките.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Доколку дополнителниот од не е во соглсност со предвидениот дополнителен
од во спецификацијата, системот веднаш треба да се провери од страна на
Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на
Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено лице.

Проверка на работниот од на рачната сопирачка

(слика) 4-7 жлеба

1. Паркирајте го возилото на рамна површина.


2. Ставете го мануелниот менувач во лер, односно автоматскиот менувач во
позиција P – паркинг.
3. Цврсто притиснете го педалот за сопирање
4. Комплетно спуштете ја рачната сопирачка.
5. Подигајте ја рачната сопирачка полека и избројте го бројот на жлебовите
(крцкањата) со сила од 1965 N (44 lb / 20 kgf).
6. Проверете дали бројот на испуштени крцкави звуци е во рамките на бројот
наведен во спецификацијата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Доколку бројот на крцкавите звуци не е во соглсност со предвидениот број во
спецификацијата, системот веднаш треба да се провери од страна на
Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на
Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено лице.

Проверка на работата на покренувачот на сопирачките

1. Паркирајте го возилото на рамна површина.


2. Ставете го мануелниот менувач во лер, односно автоматскиот менувач во
позиција P – паркинг.
3. Исклучете го моторот и притиснете го педалот за сопирање неколку пати се
додека работниот од на педалот не се менува.
4. Запалете го моторот со притиснат педал за сопирање. Педалот треба самиот
малку да се придвижи надолу.
5. Исклучете го моторот со притиснат педал за сопирање. Држете гопедалот
притиснат околу 30 секунди. Педалот не треба самиот да се придвижува.
6. Вклучете го моторот и повторно исклучете го по околу една минута. Цврсто
притиснете го педалот за сопирање неколку пати. Работниот од
(растојанието на притискање) мна педалот треба да се намалува со секое
притискање на педалот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Доколку забележите било какво сомнително функционирање, системот веднаш
треба да се провери од страна на Овластениот дистрибутер на Daihatsu,
Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго квалификувано и
опремено лице.

Замена на гумичките за бришачот

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Пред менувањето на гумичките за бришачот, уверете се дека клучот за палење
е во позиција „LOCK“.

ВНИМАНИЕ
Внимавајте да не ги изгребете стаклото со рамката од бришачот.
Монтирајте гумичка со соодветна должина.

(слика) – Пластичен адаптер

1. Со притискање на пластичниот адаптер, подигнете ја гумичката на бришачот


додека истата се ослободи.
2. Извлечете ја гумичката од рамката на бришачот со нејзино хоризонтално
движење.
3. Внесете нова гумичка во рамката на бришачот со нејзино хоризонтално
движење.
4. Со притискање на пластичниот адапртер, влечете ја новата гумичка се додека
истата се заклучи.

Замена на сијалички

Употребувајте ги сијаличките наведени во спецификацијата.


(Погледнете ја Секцијата 15).

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
1. За да се заштитите од повреда:
2. Исклучете го моторот пред заменеата на сијаличките.
3. Држете ги децата подалеку од сијаличките.
4. Дозволете и на сијаличката да се излади пред замената.

ВНИМАНИЕ
Не фрлајте ја сијаличката и не гребете ја нејзината површина.
По замената, вклучете го соодветното светло за да проверите дали новата сијаличка
функционира.
Доколку некое од светлата бара честа замена на сијаличките, системот треба да се
провери од страна на Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен
центар на Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено лице.
Ние препорачуваме во возилото да носите резервен комплет на сијалички.
Сијаличките може да се најдат во продажните салони или во овластениот сервисен
центар на Daihatsu.

Фарови
(долги светла / кратки светла – тип 1)

Извлекување на сијаличката:
1. Исклучете го конекторот за поврзување со електриката со негово цврсто
влечење нагоре од двете страни. Потоа, извадете ја гумената покривка.
2. Разлабавете го држачот.
3. Извлечете ја сијаличката.

Монтирање на сијаличката:
1. Вметнее ја сијаличката и зацврстете ја со држачот.
2. Поставете ја гумената покривка.
3. Поврзете ја електриката.

ВНИМАНИЕ
Никогаш не допирајте го стаклениот дел на сијаличката. Маслото на Вашите
прсти ќе предизвика нејзино оштетување.

(кратки светла – тип2)

1. Извадете го капакот.
2. Ротирајте ја фасонката на сијаличката околу 45 степени обратно од
стрелките на часовникот.
3. Извлечете ја сијаличката.

ВНИМАНИЕ
Никогаш не допирајте го стаклениот дел на сијаличката. Маслото на Вашите
прсти ќе предизвика нејзино оштетување.

(долги светла – тип 2)

1. Ротирајте ја фасонката на сијаличката околу 45 степени обратно од


стрелките на часовникот.
2. Извлечете ја сијаличката.

ВНИМАНИЕ
Никогаш не допирајте го стаклениот дел на сијаличката. Маслото на Вашите
прсти ќе предизвика нејзино оштетување.

Светла за прочистување

1. Ротирајте ја фасонката на сијаличката околу 45 степени обратно од


стрелките на часовникот.
2. Извлечете ја сијаличката од фасонката со нејзино влечење.

Предни трепкачи

1. Ротирајте ја фасонката на сијаличката околу 45 степени обратно од


стрелките на часовникот.
2. Извлечете ја сијаличката од фасонката со нејзино влечење.

Предни светла за магла

1. Завртете го управувачот навнатре (на десно кога ја менувате левата


сијаличка и на лево кога ја менувате десната сијаличка).
2. Ослободете ги петте држачи кои го држат предниот браник.
3. Ротирајте ја фасонката на сијаличката околу 45 степени обратно од
стрелките на часовникот.
4. Извлечете ја сијаличката од фасонката со нејзино влечење.

ВНИМАНИЕ
Никогаш не допирајте го стаклениот дел на сијаличката. Маслото на Вашите
прсти ќе предизвика нејзино оштетување.

Странични трепкачи

1. Извлечете го капакот на страничниот трепкач во насоката прикажана на


сликата.

ЗАБЕЛЕШКА
Внимавајте да не ги скршите или изгребете капаците на трепкачите при
нивното вадење.

2. Ротирајте ја фасонката на сијаличката околу 45 степени обратно од


стрелките на часовникот.
3. Извлечете ја сијаличката од фасонката со нејзино влечење.

Задни трепкачи / штоп и позициони светла / светла за рикверц / задно светло


за магла

1. Извадете ги двете завртки и извадете го склопот на светлото.


2. Ротирајте ја фасонката на сијаличката околу 45 степени обратно од
стрелките на часовникот.
3. Извлечете ја сијаличката од фасонката со нејзино влечење.

ЗАБЕЛЕШКА
Кога го монтирате склопот на светлото, секогаш позиционирајте го свелото на
начин на кој светлото било претходно мотирано во каросријата на возилото.

Горно штоп светло

1. Извадете го капакот
2. Ротирајте ја фасонката на сијаличката околу 45 степени обратно од
стрелките на часовникот.
3. Извлечете ја сијаличката од фасонката со нејзино влечење.

Светла за регистарските таблички

1. Извадете го склопот на табличката со притискање на делот „А“ прикажан на


сликата.
2. Ротирајте ја фасонката на сијаличката околу 45 степени обратно од
стрелките на часовникот.
3. Извлечете ја сијаличката од фасонката со нејзино влечење.

Амбиентално светло

1. Нежно поместете и извлечете го капакот на светлото за да го извадите.


2. Извлечете ја сијаличката.

Багажно светло

1. Извадете го склопот на багажното светло со негово туркање во правецот на


стрелката прикажан на сликата.
2. Ротирајте ја фасонката на сијаличката околу 45 степени обратно од
стрелките на часовникот.
3. Извлечете ја сијаличката од фасонката со нејзино влечење.

Предно амбиентално светло

(Освен за возилата опремени со светло за мапа)

1. Нежно поместете и извлечете го капакот на светлото за да го извадите.


2. Извлечете ја сијаличката.

(За возилата опремени со светло за мапа)


1. Извадете го склопот на светлото со негово туркање во правецот на стрелката
прикажан на сликата.
2. Ротирајте ја фасонката на сијаличката околу 45 степени обратно од
стрелките на часовникот.
3. Извлечете ја сијаличката од фасонката со нејзино влечење.

Гуми

Воздушен притисок на гумите

Проверете го воздушниот притисок кај студените гуми со мерачот за притисок. За


дополнителни информации околу воздушниот притисок на гумите, погледнете ја
секцијата 15 или натписот за гуми прикачен на местото прикажано на сликата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Одржувајте го воздушниот притисок на гумите на нивото наведено во
спецификацијата. Несоодветниот притисок на гумие ќе предизвика
намалување на работниот век на гумите, ќе ја зголеми потрошувачката на
гориво и може да предизвика губење на контролата врз возилото.

Доколку гумата има потреба од чести интервенции за прилагодување на


воздушниот притисок, возилото треба да се провери од страна на Овластениот
дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен центар на Daihatsu или некое друго
квалификувано и опремено лице.

(слика) – Соодветен воздушен притисок


Несоодветен воздушен притисок

Ротација на гумите

(слика) Резервна гума


Преден дел од возилото

Доколку возилото било долго употребувано со гумите во истата позиција, гумите ќе


се истрошат според нивните специфицирани параметри на трошење според
озицијата на гумите (предни или задни). Затоа, препорачливо е да се врши
периодично ротирање на гумите со цел да се изедначи трошењето на сите четири
гуми.
По вршењето на ротирањето, прилагодете го воздушниот притисок на секоја гума
до нивото наведено во спецификацијата.
Интервал на ротација на гумите: На секои 10.000 километри (6.000 милји)

Проверка на истрошеноста на гумите

(слика) Истрошена шара Нова шара


Знаци за истрошеност на шарата

Доколку индикаторот за трошење на површината на гумата е видлив, заменете ја


гумата што е можно побрзо.

Инструкции за гумите
 Кога ги менувате гумите, новите гуми треба да бидат со иста големина и
состав како фабричките вградени гуми на возилото, како и да имаат ист
капацитет за товарење.
 Употребувајте само тркала со дискови какви што се наведени во
спецификацијата.
 Возете со ниска брзина на движење во првите 160 км (100 милји) додека
новите гуми го добијат максималниот контакт со подлогата.
 Заменете го вентилот за воздух на гумата секогаш кога вршите замена на
„тубелес“ гумите.
 На вентилот за воздух на гумата секогаш треба да има капаче кое ќе служи
како заштита од навлегување на прашина.
 Нееднаквото трошење или оштетување на гумите треба да се провери од
страна на Овластениот дистрибутер на Daihatsu, Овластениот сервисен
центар на Daihatsu или некое друго квалификувано и опремено лице.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 Не монтирајте гуми со различни типови, големини и производители на
Вашето возило. Тоа може да предизвика губење на контролата врз
возилото.
 Возете полека преку тротоари, дупки и другите пречки за да не ја
загубите контролата врз Вашето возило.
 Не користете го возилото со оштетени гуми. Таквите гуми може
ненадејно да се издишат. Исто така, одбегнувајте употреба на оштетени
бандажи.
 За гумите кои имат специфициран распоред на ротирање, следете ги
инструкциите за ротирање обезбедени од производителот на гумите.

ВНИМАНИЕ
Внимавајте да не ги оштетите гумите со нивно гребење, замаслување итн.

Секција 15

Спецификации

Спецификации за возилото............................................................................ 15-1


Спецификации за моторот............................................................................. 15-1
Гориво............................................................................................................. 15-1
Средство за ладење........................................................................................ 15-1
Прилагодување и подготовка на моторот................................................... 15-2
Препорачани средства за подмачкување..................................................... 15-2
Течност за сопирачки и квачило.................................................................. 15-3
Течност за серво управувач.......................................................................... 15-3
Спецификации за гуми.................................................................................. 15-3
Спецификации за сијалички......................................................................... 15-4
Тежини........................................................................................................... 15-4
Брзини............................................................................................................ 15-4
Направа за влечење (кука) ........................................................................... 15-5

Спецификации за возилото

За возилата опремени со 215/65 R 16 гуми

Вкупна должина mm (in.) 4.055 (159,6)


Вкупна широчина mm (in.) 1.659 (66,7)
Вкупна височина mm (in.) 1.690 (66,5)*
Растојание помеѓу тркала mm (in.) 2.580 (101,6)
Шара на гума Предни 1.450 (57,1)
Задни 1.460 (57,5)

* За возилата опремени со кровен багажник : 1.740 (68,5)

За возилата опремени со 235/60 R 16 гуми

Вкупна должина mm (in.) 4.075 (160,4)


Вкупна широчина mm (in.) 1.745 (68,7)
Вкупна височина mm (in.) 1.690 (66,5)*
Растојание помеѓу тркала mm (in.) 2.580 (101,6)
Шара на гума Предни 1.450 (57,1)
Задни 1.480 (58,3)

* За возилата опремени со кровен багажник : 1.740 (68,5)

Спецификации за моторот

Идентификација на K3-VE 3SZ-VE


моторот
Тип на мотор Бензин, 4-кружен DOHC
Број на цилиндри и 4 цилиндри – линиски
распоред
Пречник и од mm (in.) 72,0 x 79,7 (2,83 x 3,13) 72,0 x 91,8 (2,83 x 3,61)
Поместување cc 1.298 1.495
Максимална моќност 63 / 6.000 77 / 6.000
kW / r.p.m
Максимален вртежен 120 / 3.200 140 / 4.400
момент N*m / r.p.m

Гориво

Гориво кое треба да се користи Капацитет на резероарот за гориво


(литри)
Безоловен бензин со октански број
50
(RON)од 90 или повеќе*

*За моторите на оловен бензин- користете гориво со 90 или повеќе RON

Средство за ладење

Тип: Анти фриз солуција базирана на етилен гликол


Капацитет:

Резервоар LOW/FULL (ниско 0,15 / 0,9 литри


ниво/полн)
4,3 Оваа бројка го
K3-VE
литри вкулучува и
Освен за
Мануел. 4,6 капацитетот на
тропските 3SZ-VE
менувач литри грејачот но не и
спецификации
Вкупен Автом. 4,4 на ..........
3SZ-VE
капацитет менувач литри
Мануел. 4,7
За тропски менувач литри
3SZ-VE
спецификации Автом. 4,5
менувач литри

За препорачаното средство за ладење, погледнете ја секцијата 14.


Прилагодување и ускладување на моторот

Тип на мотор K3-VE 3SZ-VE

Ставка
Ред на палење 1-3-4-2
Тајминг на палење *BTDC / rpm 6±2 / прилагодување
Нормална работна брзина на
700
моторот (во лер) - вртежи во минута
Широчина на За довод на
0,18 (0,0071)
вентили mm воздух (ладен)
(in.) За издувни гасови
0,31 (0,0122)
(ладен)
Производител
DENSO NGK NGK
Свеќички
Број K20R- BKR6EY
IKR7C
U11 -11
1,0 – 1,1 0,8 – 0,9
Простор mm (in.)
(0,039 – 0,043) (0,031 – 0,035)
Одбивање на 11,0 – 12,5 6,0 – 7,5
погонскиот Нов ремен
(0,43 – 0,49) (0,24 – 0,30)
ремен со сила
од 98 N (10 kgf / 12,0 – 15,0 6,5 – 7,5
При проверка
22lb) mm (in.) (0,47 – 0,59) (0,26 – 0,30)

* Кога конекторот за проверка има краток спој

Препорачани средства за подмачкување

Степен Капацитет
Вискозност
(коефициент) (литри)

K3-VE Со филтер за
Погледнете го
API SH или масло: 3,2
долниот
Моторно 3SZ-VE повисок Без филтер за
графикон
масло масло: 2,9
До капакот на
отворот за
Погон на полнење: 1,2
две тркала 5 милиметри
SAE под отворот за
Масло за
75W-90 или полнење: 1,12
мануелен API GL-3 или 4
Погон на 75W-85 или До капакот на
менувач
четири 75W-80 отворот за
тркала полнење: 2,21
(со 5 милиметри
трансфер) под отворот за
полнење: 1,1995
Вкупно
Течност за автоматски количество: 4,6
DEXRON® - III -
меувач (автом. менувач) Количество за
замена: До 1,5
SAE
Масло за трансфер кутија
75W-90 или
(кај автом.менувач)
API GL-3 или 4 75W-85 или 1,6
75W-80

Преден
SAE 0,45
API GL-5
Масло за Заден 80W-90*
диференцијал 1,8

*За возилата опремени со LSD: SAE 80W-90 LSD

Графикон за вискозност на моторното масло

(слика)
Температура

Моторно масло

* Стандардно препорачано масло

Течност за сопирачки и квачило

FMVSS116 DOT 3 или DOT 4


Течност за серво управувач

DEXRON® - III

ВНИМАНИЕ
Никогаш не мешајте масла или течности кои се произведени од различни
производители. Мешањето може да предизвика расипување и промена на
функциите и карактеристиките на маслата или течностите.

Спецификации за гуми

Воздушен притисок kPa (kgf/cm2,


Големина на гума psi), Големина на раб
Предни Задни
215/65R 16 98S 200 (2,0 / 29) 16 x 6J
235/60R 16 100H 210 (2,1 / 30) 16 x 6 ½ J

Спецификации за сијалички

Светло Ватажа
Фарови (долги/кратки) 60/55
Фарови (долги) 60
Фарови (кратки) 55
Светла за прегледност 5
Предни трепкачи 21
Странични трепкачи 5
Задни трепкачи 21
Штоп / позициони светла 21/5
Светла за возење во рикверц 16
Предни светла за магла 35
Задно светло за магла 21
Светла за регистарски таблички 5
Амбиентално светло 8
Предно амбиентално светло (за возила
8
опремени со светло за мапа)
Предно амбиентално светло (освен за
10
возила опремени со светло за мапа)
Светло за багажен простор 5
Високо штоп светло 16
Тежини

Ј200 Ј210 / Ј211


Бруто тежина на возилото kg (lb) 1.720 (3.792)
Максимална дозволива Предни 910 (2.006)
тежина врз оските kg (lb) Задни 1.020 (2.249)

Брзини

3SZ-VE
Мануел. менувач Автом. Менувач
Максимална брзина на
160 150
движење км/час

Направа за влечење (кука)

Максимално дозволиво вертикално статичко оптоварување: 55 kg (121 lb)


Максимално дозволиво висење: 880 милиметри (34,65 инчи)

Секција 16

Индекс

А
Алати............................................................................................................... 11-5
AM / FM радио со плеер за компакт дискови (CD).................................... 7-4
Амбиентално светло...................................................................................... 9-1
Антена............................................................................................................. 1-5
Апарат за гаснење пожар.............................................................................. 9-9

Б
Багажни куки.................................................................................................. 9-8
Барања за одржување.................................................................................... 13-1
Брава за палење.............................................................................................. 4-1
Брзини на движење....................................................................................... 15-4
Брзинометар, километража / мерач на поминато растојание.................... 5-15

В
Влечење.......................................................................................................... 11-14
Внатрешни ретровизори............................................................................... 8-2
Воздушни перничиња (SRS)......................................................................... 3-31

Г
Гориво............................................................................................................15-1
Гуми................................................................................................................ 14-39

Д
Држач за шише.............................................................................................. 9-7
Дупната гума.................................................................................................. 11-7

Е
Електрични прозорци..................................................................................... 2-7

З
За Ваша безбедност........................................................................................ 1-3
Задна (багажна) врата..................................................................................... 2-10
Задно седиште................................................................................................. 3-3
Заклучување и отклучување на вратите....................................................... 2-4
Замена на гумичките за бришачите.............................................................. 14-26
Замена на сијалички....................................................................................... 14-27
Заштита од корозија....................................................................................... 12-2

И
Издувни гасови од моторот........................................................................... 1-1
Индикатор за граница на трошење на блокот на сопирачките................. 10-12
Индикациони светла..................................................................................... 5-9
Инсталација / употреба на електронски направи во возилото.................. 1-4
Инструкции за безбедносните појаси.......................................................... 3-6
Инструкции за мануелниот систем за менување брзини.......................... 10-2
Инструкции за менување брзини со автоматски менувач.......................... 10-4
Инструкции за самостојно одржување........................................................ 14-2

К
Касета............................................................................................................. 9-6
Касети за ситни предмети............................................................................ 9-6
Каталитички конвертор................................................................................. 1-2
Климатизација............................................................................................... 6-1
Клучеви (со систем за имобилизација на моторот) .................................... 2-2
Клучеви (без систем за имобилизација на моторот).................................... 2-1
Контрола за нивелирање на светлата............................................................ 4-4
Контроли за бришење и миење..................................................................... 4-5
Копче за заклучување за заштита на децата................................................. 2-6
Копче за заклучување на централниот диференцијал................................ 4-10
Копче за контрола на пролизгувањето (TCS).............................................. 4-11
Копче за одмаглувач на задно стакло........................................................... 4-6
Копче за одмрзнувач на шофершајвната..................................................... 4-7
Копче за предупредувачки трепкачи............................................................ 4-5
Копче за систем за асистирање при удолници ..................................... 4-12
Копче за светло за магла................................................................................ 4-8
Куки за облека............................................................................................... 9-4

М
Мерач за количество на гориво...................................................................5-14
Модификации на возилото........................................................................... 1-4
Моторен простор........................................................................................... 14-1
Моторно масло.............................................................................................. 14-3
Мултинаменски дисплеј............................................................................... 5-16

Н
Надворешни ретровизори............................................................................. 8-1
Направа за влечење (кука) ........................................................................... 15-5
Направа за SRS воздушни перничиња......................................................... 3-47
О
Обртометар.................................................................................................... 5-16
Оперативни инструкции............................................................................... 7-1
Осветлување на инструмент-таблата.......................................................... 5-20
Осигурувачи................................................................................................... 14-12
Отвор за електрична енергија....................................................................... 4-9

П
Парно греење................................................................................................. 6-1
Педал за сопирање......................................................................................... 14-24
Период на разработување на возилото......................................................... 1-5
Повеќенаменска контролна рачка................................................................. 4-3
Подни касети................................................................................................. 9-8
Појаси за задржување со врзување во три точки.......................................... 3-8
Појаси за задржување со врзување во три точки (разделувачки тип)....... 3-10
Појаси со врзување во две точки.................................................................. 3-11
Потпирачи за глава.......................................................................................... 3-3
Преглед на инструмент-таблата................................................................... 5-1
Прегревање на моторот................................................................................. 11-4
Предни седишта............................................................................................... 3-1
Предно светло за мапа.................................................................................. 9-3
Пред палењето на моторот.......................................................................... 10-1
Пред-затегнувачи за појасите на предните седишта................................... 3-14
Предупредувачки звук за заборавени светла............................................... 4-4
Предупредувачки звук за заборавен клуч.................................................... 4-2
Предупредувачки звуци................................................................................ 11-18
Предупредувачки светла............................................................................... 5-2
Предупредувачко светло за везбедносните појаси..................................... 3-12
Препорачани средства за подмачкување....................................................15-2
Препораки за горивото................................................................................... 1-4
Прием на FM радио-бранови....................................................................... 7-13
Прилагодување и подготовка на моторот...................................................15-2
Прилагодување на управувачот по височина............................................ 9-3
Проверка и замена на свеќичките................................................................ 14-10
Проверка на нивото на масло за диференцијалот....................................... 14-21
Проверка на нивото на масло за мануелниот менувач и трансфер кутијата (за
возилата со погон на четири тркала) ........................................................... 14-20
Проверка на нивото на течност за автоматскиот систем за менување
брзини............................................................................................................. 14-20
Проверка на нивото на течноста за миење прозорци................................. 14-19
Проверка на нивото на течност за серво-управувачот............................... 14-22
Проверка на нивото на течност за сопирачките и квачилото...................14-19
Проверка на поврзувањето на осигурувачите............................................ 14-14
Проверка на погонскот ремен...................................................................... 14-9
Проверка на работата на покренувачот за сопирачките............................ 14-25
Проверка на работниот од на рачната сопирач.......................................... 14-24
Проверка на слободниот од на квачилото................................................... 14-24
Проверка на слободниот од на управувачот............................................... 14-23

Р
Распоред за одржување................................................................................. 13-3
Рачки за држење............................................................................................ 9-4
Резервоар за гориво......................................................................................... 2-11

С
Седишта............................................................................................................ 3-1
Серво-управувач...........................................................................................10-14
Сирена............................................................................................................ 9-3
Систем за асистенција при поаѓање на угорници...................................... 10-19
Систем за асистенција при удолници (DAC).............................................. 10-17
Систем за врзување на децата....................................................................... 3-15
Систем за имобилизација на моторот........................................................... 2-1
Систем за сопирање...................................................................................... 10-9
Систем за контрола на пролизгувањето.....................................................10-15
Систем за контрола на стабилноста на возилото (VSC)............................ 10-14
Случаи кога моторот не стартува................................................................ 11-1
Случаи на заглавување на возилото............................................................ 11-18
Совети за возење во зимски услови............................................................ 10-8
Совети за економично возење.....................................................................10-8
Совети за нормално возење.........................................................................10-8
Совети за паркирање.................................................................................... 10-12
Спецификации за возилото.......................................................................... 15-1
Спецификации за гуми................................................................................. 15-3
Спецификации за моторот........................................................................... 15-1
Спецификации за сијалички........................................................................ 15-4
Средство за ладење....................................................................................... 15-1
Средство за ладење на моторот...................................................................14-6
Стартување на моторот................................................................................ 10-1
Стартување на моторот со кабли................................................................. 11-2
Странични воздушни перничиња (SRS) и SRS воздушни завеси............. 3-40

Т
Тежини........................................................................................................... 15-4
Течност за серво управувач.........................................................................15-3
Течност за сопирачки и квачило................................................................. 15-3
Точки на менување брзини..........................................................................10-3

Х
Хауба................................................................................................................ 2-8

Ч
Чистење и замена на воздушниот филтер................................................... 14-9
Чистење на надворешноста.......................................................................... 12-1
Чистење на надворешноста.......................................................................... 12-2

Ш
Штитник за сонце.......................................................................................... 9-5

You might also like