You are on page 1of 48

ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

НА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ОПРМ
СКОПЈЕ,
декември 2020
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

Содржина

ТРГОВСКИ РЕГИСТАР И РЕГИСТАР НА ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦA ............................................................................................


РЕГИСТАР НА ГОДИШНИ СМЕТКИ................................................................................................................................
ЗАЛОЖЕН РЕГИСТАР .........................................................................................................................................................
РЕГИСТАР НА ЛИЗИНГ.......................................................................................................................................................
ФИДУЦИЈАРЕН РЕГИСТАР И РЕГИСТАР ЗА ПРОДАЖБА СО ЗАДРЖУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА СОПСТВЕНОСТ .....................
РЕГИСТАР НА ПРАВА ВРЗ НЕДВИЖНОСТИ ........................................................................................................................
РЕГИСТАР НА ВЛОЖУВАЊА НА СРЕДСТВА ВО НЕДВИЖНОСТИ НА РЕЗИДЕНТИ ВО СТРАНСТВО И НА
НЕРЕЗИДЕНТИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ................................................................................................
РЕГИСТАР НА ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА НА КОИ ИМЕ Е ИЗРЕЧЕНА САНКЦИЈА ЗАБРАНА НА ВРШЕЊЕ
ПРОФЕСИЈА, ДЕЈНОСТ ИЛИ ДОЛЖНОСТ И ПРИВРЕМЕНА ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ ОДДЕЛНА ДЕЈНОСТ И
РЕГИСТАР НА КАЗНИ ЗА СТОРЕНИ КРИВИЧНИ ДЕЛА НА ПРАВНИ ЛИЦА...........................................................................
РЕГИСТАР НА ЗАДОЛЖНИЦИ............................................................................................................................................
РЕГИСТАР НА ВИСТИНСКИ СОПСТВЕНИЦИ........................................................................................................................
ОСТАНАТИ ПРОЕКЦИИ СО ДОПОЛНИТЕЛНО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ОБЕМОТ НА РАБОТЕЊЕ ВО 2021 ГОДИНА..........................
2. Планирани активности на СВР за 2021 година-----------------------------------16
2.10 Надградба на регионален регистарски портал за модел за Прекуграничната
регистрација на компании----------------------------------------------------------------22
3. Планирани активности за 2021 година на одделение за планирање, развој и
меѓународна соработка-------------------------------------------------------------------22
3.1 Одржување на интегриран менаџмент систем ISO 9001, ISO 27001, ISO 14001 и ISO 45001 22
3.1.1. Активности за квалитет согласно стандард ISO 9001 ......................................................................................................................
3.1.2. Активности за заштита на животната средина согласно стандард ISO 14001 ...............................................................................
3.1.3. Активности за заштита и безбедност на вработените согласно стандардот ISO 45001 ...............................................................

3.2 Безбедност на информации на ЦР-----------------------------------------------------------------------------23

1
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

3.2.1 Одржување на Систем за Безбедност на информации според барањата на ISO 27001:2013


----------------------------------------------------------------------------------------------------------- 24
3.2.1.1 Активности .........................................................................................................................................................................................

3.2.2 Регулирање на безбедноста на деловни информации на ЦР--------------24


3.2.2.1. Активности ........................................................................................................................................................................................
3.2.3 Регулирање на класифицирани информации во ЦР добиени од државни органи 25
3.2.3.1 Активности .........................................................................................................................................................................................
3.2.4.1 Активности .........................................................................................................................................................................................

3.3 Следење и реализација на планови, цели, проекти----------------------------26


3.4 Управување со ризици во ЦР----------------------------------------------------------26
3.5 Подобрување на систем за интерна комуникација----------------------------26
3.6 Развој на нови производи--------------------------------------------------------------27
3.7 Аналитичка обработка на статистичките податоци за услугите и
финансиските показатели на ЦР--------------------------------------------------------27
3.8. Заедничката рамка за оценка - CAF---------------------------------------------------28
4. Планирани активности за 2021 година на одделение за маркетинг и односи со јавност 28
4.1 Исполнување на активностите и задачите кои произлегуваат од
Маркетинг стратегијата на Централен регистар-------------------------------28
4.2 Одржување на CMS – Content management system - содржини на веб порталот на ЦРРСМ 29
4.3 Спроведување истражувања помеѓу целните групи--------------------------29
4.4 Промоција на имплементирани нови услуги и производи--------------------29
4.5 Следење на контакт форма и e-mail групите од страна на корисниците на услуги на ЦР 30
4.6 Интернет дистрибутивен систем и Систем за е-потврди----------------30
4.7. Промотивен материјал за проектите – самостојна регистрација е-поднеси сам и BIFIDEX
и Прирачник на ЦРРСМ – “Сакам да основам бизнис”-------------------------------31
4.8. Публикација за најуспешни фирми-------------------------------------------------31
4.9. Комуникација со медиуми------------------------------------------------------------32
4.10. Клипинг сервис-------------------------------------------------------------------------32
5. Планирани активности за 2021 година на сектор за информатички технологии 32
5.1 Набавка на компјутерска опрема---------------------------------------------------32
5.2 Обнова на лиценци за виртуелизација--------------------------------------------33
5.3 Обновување на услуги за поддршка - управување со компјутерска безбедност 33
5.4. Софтверско решение за управување со IT процеси----------------------------33

2
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

5.5 Софтверско решение за заштита од малициозни софтверски програми и спам пораки со


3 години поддршка и лиценци за постоен систем за управување со краjни корисници 34
5.6 Услуга за издавање на временски печат (100000 транскации)-------------34
5.7 Набавка на услуги – пенетрациско тестирање на безбедноста на
информациските системи----------------------------------------------------------------34
5.8 Набавка на софтверски лиценци (продолжување на постоечки лиценци за софтвер
за анкети, за валидација на емаил адреси (се користи во сите софтверски решенија,
сертификати за системите, софтвер за автоматско испраќање на емаил пораки, софтвер
за далечински пристап)--------------------------------------------------------------------35
5.9 Надградба на Едношалтерскиот систем, заедничката платформа за отпочнување со
бизнис, вклучувајќи го системот за размена на податоци со институциите, со нови услуги:
интеграција со УЈП и Царинска управа за автоматско добивање на податоци од Потврди
за платени даноци и царински давачки, банките размена на договор и други документи за
отворање на сметка) и технолошка надградба на сите постојни сервиси за размена на
податоци (со УЈП и банките)-------------------------------------------------------------35
5.10 Надградба на дистрибутивниот систем, системот за е-потврди и системот за
електронско плаќање, со нов модерен интерфејс согласно дизајнот на новиот портал и
можност за динамично формирање на пакети на услуги и можност за нивно користење во
определен временски период, со задржување на постојните функционалности, вклучувајќи
и нарачка и плаќање на било која услуга, испорака на домашна адреса и нови производи 35
5.11 Специјализирани обуки---------------------------------------------------------------36
6. Планирани активности за 2021 година на сектор за економско правни работи 36
6.1 Завршни активности со реновирање на деловниот простор во Централата, СИТ и
РРК Скопје--------------------------------------------------------------------------------------36
6.2 Воведување на сметководствен систем со повеќе модули во Централен регистар 36
6.4 Редовна санација и одржување на деловниот простор на Централен регистар 37
7. Планирани активности за 2021 година на одделение за човечки ресурси
37 7.1 Развој и унапредување на кадри
40
7.2 Спроведување функционална анализа во Централниот регистар на Република Северна
Македонија како и изготвување на нов Правилник за внатрешна организација и нов
Правилник за систематизација на работните места во Централниот регистар 41
7.3 Методологија за мотивирање и наградување на вработените----------42
8. Акционен план за план за работа на Централен регистар за 2021 година42
9. Прилог на План за работа на Централен регистар за 2021------------------47

3
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

Вовед

Годишниот план за 2021 има за цел преку конкретни политики, мерки и активности да придонесе кон
остварување на стратешките и приоритетните цели на Институцијата. Стратешки цели на Централен регистар на
Република Северна Македонија се:
 Сервисна ориентраност – Нови регистри, нови пакети на услуги
подобар сервис кон граѓаните
 Подигнување на квалитетот на податоците – Преку континуирано
подобрување на оперативните процеси
 Зајакнување на внатрешните процеси – Континуирано
унапредување на тековите по кои се извршуваат деловните активности
 Информациска безбедност – Обезбедување на сигурност на
податоците со кои располага и ги опслужува заинтересираните страни
Годишниот план за работа на Централен регистар на Република Северна Македонија за 2021 година е
изработен согласно ПР 104-07-01 – Процедура за изготвување на годишен план за работа на ЦР и врз основа на
усвоените стратешки цели и приоритети на Централен регистар и преглед и реализација на цели – усвоени на
преиспитувањето на ВР одржано на 30.09.2020 година.
Годишниот план на Централен регистар е изработен и врз основа на истакнатите силни, слаби страни, можности
како и закани по организациските единици и институцијата во целост преку SWOT анализа како влезен елемент при
изработка на годишниот план за работа за 2021 година.
Планот дава осврт на состојбата во претходниот период од 2020 година, поединечните планови на ОЕ во ЦР
како и мерливи и реални предвидувања за наредната 2021 година. Проектите и активностите како и информациите
поврзани со истите, а кои се инкорпорирани во поединечни акциски планови за реализација кои се дефинирани и
имплементирани во координација со раководителите на поединечните ОЕ, а врз основа на долгорочните цели на
Централен регистар на Република Северна Македонија и тоа во Развојната стратегија 2018-2020 на Централен регистар
и Стратегија за воведување на нов модел на услуги, за воспоставување на Единствена Точка за Контакт со корисниците.
Годишниот план на Централен регистар се состои од тематска подделеност на активности, месечна динамика за
секое ниво и приоритет, импликации од спроведените активности, како и одговорна организациска единица.

Мисија

Мисија на ЦР е да ги прошири и развие своите бази со дополнителни податоци (формирање на нови основни
регистри и постојано унапредување на постојните) со што ЦР ќе стане единствена централна информативна база на
правни и друг вид релевантни податоци, значаен учесник во креирањето на подобра бизнис клима во државата,
промотор на странски инвестици и општествено одговорна институција, а со самото тоа директно ќе влијае на развојот
на националната економија.

Визија

ТОЧНА И НАВРЕМЕНА ИНФОРМАЦИЈА - ПАТОТ КОН ПОДОБРА БИЗНИС КЛИМА

4
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

1. Остварен обем на работа по регистри за претходна година, предвидувања и трендови на услуги по регистри за 2020
година

Во рамките на Централниот регистар воспоставени се следните регистри:

- Трговски регистар и регистар на други правни лица


- Регистар на годишни сметки
- Заложен регистар
- Регистар на лизинг
- Фидуцијарен регистар
- Регистар на продажба со задржување на правото на сопственост
- Регистар на права врз недвижности
- Регистар на вложувања на средства во недвижности на резиденти во странство и на нерезиденти во Република
Северна Македонија
- Регистар за директни инвестиции
- Регистар на физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана на вршење професија, дејност или
должност и привремена забрана за вршење одделна дејност
- Регистар на казни за сторени кривични дела на правни лица
- Регистар на задолжници
- Адресен регистар

Подолу во текстот за годишниот план за работа на Централен регистар на Република Северна Македонија
извршена е детална анализа на издадените податоци по регистри за претходната година и предвидување за обемот на
работа - издавање на податоци по регистри за 2021 година.

ТРГОВСКИ РЕГИСТАР И РЕГИСТАР НА ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦA

Упис на Упис Упис на


Упис на Упис на Упис на Упис на Објава за
статусна на Корекција работно Останато Вкупно
основање бришење промена ликвидација ликвидација
промена стечај време
Цена 1,302.00 1,603.00 1,603.00 2,003.00 802.00 604.00 605.00 505.00
2020 6,991 7,060 15,472 60 1,392 1,952 508 2,640 1,239 435 37,748
2021 7,000 7,100 16,000 60 1,390 1,950 500 2,700 1,300 500 38,500
% на раст
2021/2020 ▲0.1% ▲0.6% ▲3.4% ▲0.0% ▼0.1% ▼0.1% ▼1.6% ▲2.3% ▲5.0% ▲15.0%

5
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

Во текот на 2021 година планирани се вкупно 38.500 уписи (37.748 во 2020 година). Од вкупниот број на уписи
за 2021 година предвидени се :

7.000 уписи на основање (6.991 уписи на основање во 2020 година ) што е за 0,1 % повеќе во однос на 2020 година;
7.100 уписи на бришење (7.060 уписи на бришење во 2020 година ) што е за 0,6 % повеќе во однос на 2020 година.
16.000 упис на промена (15.472 упис на промена во 2020 година) што е за 3,4 % повеќе во однос на 2020 година;
60 упис на статусни промени (60 уписи на статусна промена во 2020 година );
1.300 уписи на стечај (1.392 уписи на стечај во 2020 година) што е за 0,1 % помалку во однос на 2020 година;
1.950 уписи на ликвидација (1.952 уписи на ликвидација во 2020 година) што е за 0,1 % помалку во однос на 2020
година;
500 корекции (508 корекции во 2020 година ) што е за 1.6 % помалку во однос на 2020 година;
2.700 упис на работно време (2.640 уписи на работно време во 2020 година ) што е за 2,3 % зголемување во однос на
2020 година
1.300 објави на ликвидација (1.239 објави на ликвидација во 2020 година) што е за 5 % зголемување во однос на 2020
година;
500 останати услуги (435 останати услуги во 2020 година ) што е за 15 % повеќе во однос на 2020 година.

Отпечаток
Фотокопија од
Заверка на
од Решение скенирани
Историјат од Информација фотокопија Увид во Други не
Тековна Регистрирана со прилози записи Поединечен
01.01.2006 за стечај или од Решение регистарска спомнати
состојба дејност (200,00 ден. (200,00 податок Вкупно
год. ликвидација со прилози влошка дејствија
256,00 ден 248,00 ден. до 10 стр. + ден. до 10 101,00 ден.
1.245,00 ден. 257,00 ден. 25,00 ден. 752,00 ден. 505,00 ден.
5 ден. од стр. + 5
од страна
страна) ден. од
страна)
Цена 256.00 1,245.00 248.00 257.00 200.00 25.00 200.00 752.00 101.00 505.00
2020 191,827 9,101 10,385 50,408 1,253 605 1,627 27 3,076 2,991 271,300
2021 200,000 10,000 11,000 52,000 1,300 610 1,700 30 3,100 3,500 283,240
% на
раст
2021/2020 ▲4.3% ▲9.9% ▲5.9% ▲3.2% ▲3.7% ▲0.8% ▲4.5% ▲12.5% ▲0.8% ▲17.0%

По однос на предвидувањето на бројот на издадени информации од Трговскиот регистар и регистарот на други


правни лица, од направената анализа од претходното работење на Централниот регистар, се предвидува дека во текот
на 2021 ќе бидат издадени вкупно 283.240 потврди/информации или раст од 4,4%, од кои:

- 200.000 тековни состојби (191.827 во 2020 година), што би претставувало раст од 4,3%
- 10.000 историјати (9.101 во 2020 година), односно раст од 9,9%
- 11.000 потврди за регистрирана дејност (10.385 во 2020 година), односно раст од 5,9%
- 52.000 информации за стечај или ликвидација (50.408 во 2020 година), односно раст од 3,2%,
- 1.300 фотокопии од решенија со прилози (1.253 во 2020 година), односно раст од 3,7%
- 610 заверки на фотокопии од решенија (605 во 2020 година), односно раст од 0,8%
- 1.700 отпечаток од скенирани записи (1.627 во 2020 година), односно раст од 4,5%
- 30 увиди во регистарска влошка (27 во 2020 година), односно раст од 12,5%
- 3.100 поединечни податоци (3.076 во 2020 година), односно раст од 0,8%
- 3.500 други неспомнати дејства (2.991 во 2020 година), односно раст од 17,0%

6
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

РЕГИСТАР НА ГОДИШНИ СМЕТКИ

Во Регистарот за годишни сметки согласно постојната законска регулатива се доставуваат, внесуваат,


обработуваат и се обединуваат податоците од годишните сметки на субјектите кои обавуваат дејност според
Националната класификација на дејности и се обврзници за нивно доставување до Регистарот.
Во текот на 2020 година беше извршен прием, проверка и обработка на 93.160 годишни сметки, од кои 67.738
беа поднесени online, а 25.422 годишни сметки беа поднесени хартиено. Врз основа на растечкиот тренд на
новоосновани во однос на избришани субјекти по редовен пат, проекцијата за 2021 година е дека ќе бидат поднесени
околу 94.000 годишни сметки (69.000 електронски поднесени и 25.000 хартиено поднесени).

Писма-
Листинг Информ
Листинг Листинг
од Листинг од ација за
од од И
Информ обработе обработен Листинг Анализа Скратен новоосн
обработе обработ а
ација за на а годишна од на исказ од Оценка овани
Извештај на ена Фотокоп с
економс годишна сметка со обработе паричен ГС со на Скратен субјекти Поедине
за БС и годишна годишна ија од
ко сметка податоци на тек и оценка ликвидн исказ од кои чен
податоц сметка сметка годишна п
финанси со од БС, БУ и годишна промени на ост со ГС започнал податок
и од БУ со и сметка
ска податоц гот. сметка и на работењ мислење 254,00 е со 70,00
1.751,00 податоц гот.теков 505,00 д
состојба и од БС, Текови оценка капитало ето 349,00 ден. работа ден.
ден. и од БС и и ден.
1.750,00 БУ и гот. (англиски) 595,00 т 489 350,00 ден. во
БУ и оценка
ден. текови 1.049,00 ден. ден. ден. тековнат
699,00 769,00
875,00 ден. а година
ден. ден.
ден. 255,00
ден.

Цена 1,751.00 1,750.00 699.00 875.00 1,049.00 769.00 595.00 489.00 350.00 349.00 254.00 255.00 505.00 70.00

2020 5,133 1,451 5,397 81 295 208 1 12 47 273 94,100 35 108 17,583
2021 5,500 1,600 6,000 90 320 230 10 15 50 300 100,000 40 120 19,000
% на раст
2021/2020 ▲7.1% ▲10.3% ▲11.2% ▲10.7% ▲8.6% ▲10.6% ▲900.0% ▲25.0% ▲7.1% ▲9.8% ▲6.3% ▲15.4% ▲11.1% ▲8.1%

7
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

Во текот на 2021 година од Регистарот на годишни сметки се очекува да бидат изготвени и издадени вкупно
139.830 информации (130.708 информации во 2020 година ), што би претставувало раст од 7,0% во однос на 2020
година.
Во регистарот на годишни сметки се предвидува раст кај сите услуги и тоа:

- Извештај за БС и податоци од БУ (1.751,00 ден.) со раст од 7,1%,


- Информација за економско финансиска состојба (1.750,00 ден.) со раст од 10,3%,
- Листинг од обработена годишна сметка со податоци од БС и БУ (699,00 ден.) со раст од 11,2%,
- Листинг од обработена годишна сметка со податоци од БС, БУ и готовински текови (875,00 ден.) со раст од
10,7%
- Листинг од обработена годишна сметка со податоци од БС, БУ и готовински текови- на англиски јазик ( 1049,00
ден) со раст од 8,6%,
- Листинг од обработена годишна сметка и готовински текови и оценка ( 769,00 ден) со раст од 10,6%
- Листинг од обработена годишна сметка и оценка (595,00 ден) со раст од 900%
- Анализа на паричен тек и промени на капиталот (489,00 ден) со раст од 25,0%
- Скратен исказ од годишна сметка со оценка на работењето (350,00 ден.) со раст од 7,1%,
- Оценка на ликвидност со мислење (349,00 ден.) со предвиден раст од 9,8%
- Скратен исказ од годишни сметки (254,00 ден.) со раст од 6,3%,
- Писма-Информација за новоосновани субјекти кои започнале со работа во тековната година (255,00 ден.) со
раст од 15,4%
- Фотокопија од годишна сметка (505,00 ден.) со раст од 11.1%
- Поединечен податок (70,00 ден.) со раст од 8,1%
- Информација за структура на приходи по дејности (509,00 ден.) со раст од 8,6% и
- Други неспомнати дејствија (505,00 ден.) со раст од 9,6%.

8
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

ЗАЛОЖЕН РЕГИСТАР

Со Законот за договорен залог, се уредува начинот, условите и постапката за засновање, постоење, реализација и престанување на
договорното заложно право врз подвижни ствари, хартии од вредност, побарување и други права (рачен залог) и врз недвижности (хипотека).

Издавање на
потврда за Издавање на
Упис на Упис на издадена потврда за Упис на Упис на
Упис на Упис на залог промена промена информација издадена бришење бришење
залог хартија online хартија online информација online хартија Вкупно
online
Цена 561.00 ден. 701.00 ден. 560.00 ден. 700.00 ден. 101.00 ден. 126.00 ден. 100.00 ден. 125.00 ден.
2020 70 612 3 103 988 6,520 1 892 9,119
2021 150 600 10 100 1,500 6,300 50 800 9,360
% на раст
2021/2020 ▲114.3% ▼2.0% ▲233.3% ▼2.9% ▲51.8% ▼3.4% ▲4900.0% ▼10.3%

Во текот на 2021 година обемот на работа на Заложниот регистар се очекува да биде приближно ист со обемот на работа во 2020 година и е
прикажан во табелата погоре. Со оглед на тоа што оценката од извештајот на Doing Business 2020 на Светска банка во делот “Пристап до кредити”
беше негативна се јави потреба да се најде начин со цел да се поттикне електронското користење на услугите во Заложниот регистар, бидејќи по
направенaта анализа за последните две година податоците покажаа дека уписите, промените, бришењата и бројот на издадени информации во
хартија е несразмерно поголем во однос на електронското користење на истите услуги. Со цел да се поттикнат корисниците да ги користат
електронските сервиси од Заложниот регистар беше направена интервенција во Тарифата на Централен регистар со тоа што се воведе нова тарифна
ставка за електронските упис на залог, како и за електронското издавање на информации од истиот со пониски цени од оние во хартија. Согласно ова
во третиот квартал од Извештајот за работа на регистрите забележан е раст на електронските уписи во однос на првите два квартали од годината. Ова
ни дава за право да очекуваме постепено се поголем раст на електронското користење на услугите во Заложниот регистар.

9
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

РЕГИСТАР НА ЛИЗИНГ

Издавање на
потврда за Издавање на
Упис на Упис на Упис на Упис на издадена потврда за Упис на
лизинг лизинг промена промена информација издадена бришење Упис на
online хартија online хартија online информација online бришење Вкупно
Цена 377.00 ден. 754.00 ден. 373.00 ден. 745.00 ден. 120.00 ден. 240.00 ден. 124.00 ден. 240.00
2020 418 1,027 3 451 59 148 273 816 2,777
2021 420 1,200 5 450 100 150 300 800 3,005
% на раст
2021/2020 ▲0.5% ▲16.8% ▲66.7% ▼0.2% ▲69.5% ▲1.4% ▲9.9% ▼2.0%

Во текот на 2021 година во Регистарот на лизинг се очекува да бидат извршени околу 3000 уписи, промени и бришења на лизинг. Од
анализата на кварталните извештаи за работа на регистрите може да се заклучи дека во третиот квартал на 2020 година е забележан значителен раст
на електронските уписи на лизинг, за разлика од претходните квартали, како и во однос на претходните години каде доминирале уписите во хартија
во овој регистар. Ова најверојатно се должи на фактот од настанататa ситуација со глобалната пандемија. Во таа насока е планирано трендот на
користењето на електронските услуги во овој регистар да биде повисок.

10
ФИДУЦИЈАРЕН РЕГИСТАР И РЕГИСТАР ЗА ПРОДАЖБА СО ЗАДРЖУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА СОПСТВЕНОСТ

Согласно член 50-а и 50-б од Законот за изменување и дополнување на Законот за


обезбедување на побарувања (Сл.Весник на Р.Македонија бр.31 од 22.02.2016) за Централниот регистар
на РСМ се предвиде обврска за воспоставување на два нови регистри и тоа Регистар за обезбедување со
пренос на сопственост на предмети и пренос на права - (Фидуцијарен регистар) и Регистар за продажба
на подвижни ствари со задржување на правото на сопственост. За таа цел, на ден 31.08.2016 година
согласно законските измени, се изврши надградба на постоечката верзија на десктоп и веб апликацијата
за залог и лизинг со два нови регистри: Фидуцијарен регистар и Регистар за продажба на подвижни
ствари со задржување на правото на сопственост.
До овој момент нема евидентирано ниту една регистрација, промена и бришење во овие два
регистри. До месец Јуни 2020 година, за овие два регистри немаше предвидено тарифни ставки во
Тарифата кои се однесуваат за уписи и издавање на информации. Уписите и издавањето на
информациите за овие два регистри е идентично како во Регистарот на залог со оглед на тоа што се
користи истата апликација за внес, обработка и издавање на податоците. Со самиот факт што оваа
година се иницираше отварање на Тарифата на Централниот регистар, пред се заради усогласување со
постоечката законска регулатива во поглед на воспоставување на нови регистри и изменување и
дополнување на истата, ова преставуваше причина повеќе да се предвидат и посебни тарифни ставки за
сите видови уписи во Фидуцијарниот регистар и Регистарот за продажба на подвижни ствари со
задржување на правото на сопственост, како за поднeсоци во хартија, така и за електрoнско
поднесување. Исто така се предвидоа и тарифни ставки за информациите од регистрите, како и за
интегрираните информации од овие регистри во комбинација со информациите од Заложниот регистар
и од Rегистарот на лизинг.
Со запишувањето на правото на фидуцијарна сопственост во Фидуцијарниот регистар, се
овозможува обезбедување на побарувањето на доверителите со пренос на правото на сопственост на
должниковата ствар врз доверителот.
Со евидентирањето на продажбата на подвижни ствари со задржување на правото на
сопственост во Регистарот за продажба на подвижни ствари со задржување на правото на сопственост
се овозможува продавачот да ја задржи сопственоста над стварта која што е предмет на купопродажба
се додека не биде целосно исплатена купопродажната цена од страна на купувачот.
На ден 04.04.2017 година пуштен е во употреба системот за е-потврди со нов интегриран
производ од залог и лизинг. Интегрираната потврда за издадена информација за залог и лизинг ги
повлекува податоците за регистрираните документи од заложниот регистар и регистарот за лизинг (за
заложниот должник и корисникот на лизинг). Потврдата се изготвува исклучиво преку системот за е-
потврди, по критериум ЕМБГ за физичко лице и ЕМБС за правно лице. Истата сe издава во хартиена и
електронска форма. Согласно направените измени во новата Тарифа се предвидени дополнително
четири нови тарифни ставки и тоа:
- Интегрирана информација од Заложниот регистар и регистарот за лизинг- во хартиена
форма, која изнесува 300,00 денари
- Интегрирана информација од Заложниот регистар и регистарот за лизинг- во електронска
форма, која изнесува 180,00 денари
Бројот на издадени информации во 2020 година е 349.
Oд 16.10.2017 година, ставен е на продукција во системот за е-потврди нов интегриран
производ од залог, лизинг, фидуција и продажба со задржување на правото на сопственост.
Интегрираната потврда ги влече податоците за регистрираните документи од заложниот регистар,
регистарот за лизинг, фидуцијарниот регистар и од регистарот за продажба со задржување на правото
на сопственост (за заложниот должник, корисникот на лизинг, должник и купувач). Потврдата се
изготвува преку системот за е-потврди, и преку Интернет дистрибутивен систем по критериум ЕМБГ за
физичко лице и ЕМБС за правно лице. Потврдата, странките можат да ја побараат во хартиена и
електронска форма. И за овие информации се воведоа посебни тарифни стапки и тоа:
- Интегрирана информација од Заложниот регистар, Регистарот за лизинг, Фидуцијарниот
регистар и Регистарот на продажба со задржување на правото на сопственост- во хартиена
форма, која изнесува 500,00 денари
- Интегрирана информација од Заложниот регистар, Регистарот за лизинг, Фидуцијарниот
регистар и Регистарот на продажба со задржување на правото на сопственост- во хартиена
форма, која изнесува 350,00 денари

11
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

Бројот на издадени информации во 2020 година изнесува 70.


За 2021 година се очекува да расте бројот на овие интегрирани потврди.

РЕГИСТАР НА ПРАВА ВРЗ НЕДВИЖНОСТИ

Во Централниот регистар, согласно на Законот за Централен регистар, задолжително се


внесуваат податоците кои се однесуваат на конституираните права на сопственост и стварните права врз
туѓи ствари (залог, хипотека, службеност, реални товари, долгорочен закуп и пренос на сопственост на
предмети и пренос на права заради обезбедување). Внесувањето на податоците се врши од основните
регистри каде се конституираат овие права. Основен регистар во кој се конституираат правата на
сопственост врз недвижности и стварните права врз туѓи ствари е Агенцијата за Катастар на
недвижности. Од тој аспект Регистарот на права врз недвижности не е основен регистар, бидејќи во него
не се конституираат права. Превземањето на податоците се врши преку системот за интероперабилност
со кој овие две институции се поврзани и редовно секојдневно има проток на информации.

Издавање на Други Вкупно


информации неспомнати
услуги
Цена 150.00 505.00
2020 843 183 1025
2021 900 190 1090
% на раст
2021/2020 ▲6.8% ▲4.0%

Во текот на 2021 година од издавање на информации од Регистарот на права врз недвижности


се очекува да бидe остварен раст за 6,8% за издавaње на информации и 4,0% раст во делот на други
неспомнати услуги. Треба да се има во предвид дека согласно склучениот договор со АКН, 50% од
остверените приходи од работењето на овој регистар, Централниот регистар ги префрла на АКН.
РЕГИСТАР НА ВЛОЖУВАЊА НА СРЕДСТВА ВО НЕДВИЖНОСТИ НА РЕЗИДЕНТИ ВО СТРАНСТВО И НА
НЕРЕЗИДЕНТИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Регистар на вложувања на средства во недвижности на резиденти во странство и на


нерезиденти во Република Северна Македонија, Централниот регистар го води согласно со Законот за
девизното работење.

Регистрација на Регистрација Бришење од Издадени


Вкупно
вложување на промена регистарот информации

Цена 249.00 123.00 223.00 125.00


2020 253 44 43 0 340
2021 260 50 45 0 355
% на раст
2021/2020 ▲2.8% ▲13.6% ▲4.7%

Во текот на 2021 година од Регистарот на вложувања во недвижности на резиденти во странство


и нерезиденти во Република Северна Македонија, се очекува да бидат извршени 260 уписи (253 уписи
во 2020 година ), односно раст од 2,8% за регистарција на вложување, а раст за 13,6% за регистарција на
промена и раст од 4,7% во делот на услуги за бришење од регистарот.

12
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

РЕГИСТАР НА ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ

Согласно на Законот за девизно работење, Централниот регистар на Република Северна


Македонија го води Регистарот на директни инвестиции на резиденти во странство и на нерезиденти во
Република Северна Македонија кој претходно го водеше Министерството за економија.

Бришење Други Актуелна


Регистрација Регистрација од неспомнати состојба на Историјат на
на вложување на промена регистарот услуги инветицијата инвестицијата Вкупно
Цена 1,504.00 1,503.00 1,503.00 201.00 504.00 505.00
2020 409 457 84 16 143 21 1131
2021 420 460 90 20 150 25 1165
% на раст
2021/2020 ▲2.6% ▲0.6% ▲7.1% ▲25.0% ▲5.1% ▲17.2%

Во текот на 2021 година од Регистарот на директни инвестици се очекува да бидат извршени


вкупно 1165 услуги, што претставува 3,0% зголемување во однос на 2020 година. Кај сите услуги кои се
достапни преку овој регистар предвидена е стапка на раст и тоа:
- Регистрација на вложување со раст од 2,6%
- Регистрација на промена со раст од 0,6%
- Бришење од регистарот со раст од 7,1%
- Други неспомнати услуги со раст од 25,0%
- Актуелна сосотојба на инвестицијата со раст од 5,1% и
- Историјат на инвестицијата со раст од 17,2%.

13
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

РЕГИСТАР НА ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА НА КОИ ИМЕ Е ИЗРЕЧЕНА САНКЦИЈА ЗАБРАНА НА ВРШЕЊЕ
ПРОФЕСИЈА, ДЕЈНОСТ ИЛИ ДОЛЖНОСТ И ПРИВРЕМЕНА ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ ОДДЕЛНА ДЕЈНОСТ И
РЕГИСТАР НА КАЗНИ ЗА СТОРЕНИ КРИВИЧНИ ДЕЛА НА ПРАВНИ ЛИЦА

Забран
а за
учество
во
постапки
за јавен Одземање
повик, на
Забрана за доделув дозвола,
Потврда Потврда добивање а ње на лиценца,
дека не е дека не е дозвола, договори концесија Привр
изречена изречена лиценца, за јавна Забрана , е мена
прекршоч прекршоч Потврд концесија, набавка за овластува забран
на на а дека овластува и користењ ње или а за Трајна
санкција санкција не е њ е или договори Забрана за е на друго вршењ забрана за Преста
забрана за привремен впишан друго за јавно - основање субвенци право е на вршење нок на Дру
вршење а забрана а главна право приватно на нови и и други утврдено одделн на правн услуг
професија, за вршење парична утврдено партнерс правни поволни со а одделна ото за к
д ејност или одделна казна со посебен тво лица кредити посебен дејност дејност лице
должност дејност закон закон
Цена 298 298 297 297 297 297 297 297 297 297 297
2020 10,288 5,160 69 59 4,635 19 1 57 5,039 4,943 23
2021 11,000 5,500 70 60 5,000 20 1 60 5,200 5,000 25
% на раст ▲10.3
2021/2020 ▲6.9% ▲6.6% ▲1.0% ▲2.3% ▲7.9% ▲7.1% ▲0.0% ▲4.7% ▲3.2% ▲1.2% %

Централниот регистар на Република Северна Македонија, издава и Потврди и Информации од


Регистарот на физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана за вршење професија,
дејност или должност и привремена забрана за вршење одделна дејност и Регистарот на казни за
сторени кривични дела на правни лица, воспоставени со Законот за изменување и дополнување на
Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни
лица (Службен Весник на РМ бр.140/2008 и 17/2011).
Регистарот на физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана на вршење
професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење одделна дејност е јавна книга која
претставува единствена електронска база на податоци којашто содржи податоци од евиденцијата на
прекршочните санкции на првостепените судови за физички и правни лица на кои им е изречена
санкција забрана на вршење професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење
одделна дејност пропишани со Законот за прекршоците (Службен весник на РМ бр. 62/06, 69/06,
У.бр.21/09, 157/09 и 51/11).
Во текот на 2021 година, според проценките, од Регистарот на казни и санкции се очекува да
бидат издадени 33.351 услуги што претставува раст од 5,4% во однос на издадените услуги во 2020
година во рамките на овој регистар. Раст е предвиден кај сите услуги од Регистарот на казни и санкции и
тоа:
- Потврда дека не е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност
со раст од 6,9%, потврда дека не е изречена прекршочна санкција привремена забрана за вршење
одделна дејност со раст од 6,6%. Еден процентен раст е предвиден и кај потврда дека не е впишана
главна парична казна, кај забрана за добивање дозвола, лиценца, концесија, овластување или друго
право утврдено со посебен закон растот е позициониран на 2,3%, забрана за учество во постапки за
јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно - приватно партнерство со
раст од 7,9%, забрана за основање на нови правни лица со раст од 7,1%, одземање на дозвола, лиценца,
концесија, овластување или друго право утврдено со посебен закон со раст од 4,7%, привремена
забрана за вршење на одделна дејност со раст од 3,2%, трајна забрана за вршење на одделна дејност со
раст од 1,2%, престанок на правно лице со раст од 10,3%, други неспомнати услуги (информација за
кривична судска одлука) со раст од 4,8% и изработени предмети од 25,0%.

14
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

РЕГИСТАР НА ЗАДОЛЖНИЦИ

Регистарот на задолжници врз основа на евидентираните податоци дава можност за издавање на


четири вида на информации и тоа:
- Информација за субјект во својство на должник и доверител – сите евидентирани активни
задолжници
- Информација за субјект во својство на должник и доверител – сите задолжници за кои се
евидентирани податоци во период: од до
- Информација за субјект во својство на должник– сите евидентирани активни задолжници
- Информација за субјект во својство на должник - сите задолжници за кои се евидентирани
податоци во период: од до

Во текот на 2020 година од Регистар на задолжници немаше извршено упис на задолжница. Во 2021
година се планира да се реализираат 5 уписи на задолжници. Доколку се случи да има упис на
задолжница во 2020 година, приходот кој би се остварил по тој основ би бил незначителен за
работењето на Централниот регистар.

РЕГИСТАР НА ВИСТИНСКИ СОПСТВЕНИЦИ

Со изгласување на новите измени на Законот за спречување перење пари и финансирање на


тероризам, во почеток на јануари 2021 година се очекува во употреба дa се пушти Регистарот на
вистински сопственици.
Воспоставувањето на Регистарот на вистински сопственици има за цел евидентирање и
обезбедување на точни и ажурни податоци за вистинските сопственици на правните субјекти заради
обезбедување на висок степен на транспарентност на сопственичката структура. Во Регистарот се
внесуваат податоци за сите постоечки субјекти иницијално, како и за сите настанати промени во
сопственичката структура на субјектите.
Регистарот не само што претставува централизирана база на податоци заради обезбедување на
сигурност во правниот и финансискиот промет, туку и основна алатка за спроведување на соодветна
анализа и неопходната контрола над правните субјекти во борбата против перењето пари и
финансирањето на тероризам од страна на Управата за финансиско разузнавање и другите надлежни
органи.
За точноста, адекватноста и ажурноста на податоците внесени во Регистарот се одговорни
овластените лица на правните субјекти, а уписот се спроведува единствено електронски, преку
интернет, при што подносителите се идентификуваат и пријавите се потпишуваат со електронски потпис.
Овластените лица уписот може да го спроведуваат самостојно или пак да овластат друго лице да
поднесе пријава во нивно име.
Покрај уписот во регистарот на вистински сопственици, во Централен регистар достапни се и
Информации од Регистарот на вистински сопственици:
• Тековна состојба за ТД-ДПЛ со преглед за вистински сопственици/- Тековна состојба на
сопственост по ТД-ДПЛ
• Тековна состојба за конретно физичко лице со преглед на субјекти каде е евидентиран како
вистински сопственик/- Тековна состојба на сопственоста по лице
• Историјат на вистинските сопственици/сопственоста за конкретно за ТД-ДПЛ/- Историски
податоци за промените на сопственоста по ТД-ДПЛ
• Историјат за конкретно физичко лице со преглед на субјекти каде се бил евидентиран како
вистински сопственик/- Историја на промени на состојбата по лице

Се очекува дека информациите ќе бидат користени од страна на финансиските институции,


имајќи ја предвид законската обврска на субјектите од финансискиот пазар (банки, штедилници,
финансиски институции, осигурителни компании и други) редовно да ги ажурираат податоците за
своите клиенти по однос на вистинските сопственици. Информации за вистинските сопственици може
да побара и секое друго заинтересирано правно или физичко лице.

15
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

Во горенаведниот закон утврдени се субјектите кои се изземени од обврската за внес, при што
нивните вистински се дефинирани во истиот, а податоците за вистинските сопственици за овие субјекти
ќе се издаваат согласно претходно запишаните податоци во Трговскиот регистар и Регистарот на други
правни лица, како и од Регистарот на буџетски корисници. Сепак, голем е бројот на субјекти кои имаат
законска обврска за внес на податоци во регистарот и со оглед на тоа што во првите три месеци од
пуштањето на системот во употреба постои законска можност за внес на податоците без надомест, се
очекува дека бројот на пријави би бил голем, но би немало приходи од тие пријави.
За задоцнет внес е придвидена скалеста тарифа со цел да се врши притисок за навремено
пријавување на податоците, но од оваа перспектива, со оглед на тоа што регистарот сеуште не е во
употреба не може да се прават проекции за приходи од уписите, а исто така ни од предвидените
информации кои ќе се издаваат од регистарот.

ОСТАНАТИ ПРОЕКЦИИ СО ДОПОЛНИТЕЛНО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ОБЕМОТ НА РАБОТЕЊЕ ВО 2021 ГОДИНА

Централниот регистар предвидува пласман на нови производи кои се во фаза на развој и се


планира истите да станат достапни за заинтересираните корисници во текот на 2021 година, а тоа се
следниве производи и услуги:
- Тековна состојба на сметки на субјект добиени од единствениот регистар на трансакциски
сметки
- Историјат на сметки на субјект добиени од единствениот регистар на трансакциски сметки
- Електронско известување за настаната промена за субјект
- Електронско известување за настаната промена за субјект со информации за промената
- Информација за поврзани субјекти (овластени лица, органи на управување, сопственици во
други субјекти - тековна состојба)
- Информација за поврзани субјекти (овластени лица, органи на управување, сопственици во
други субјекти - историјат)
- Листинг од обработена годишна сметка (биланс на состојба и биланс на успех) и готовински
текови - консолидирана ГС
- Историјат на казни и санкции по физичко/правно лице
- Скратен исказ од годишна сметка - споредба на два субјекти
- Бонитетна оценка
- Скратен исказ со учество и податоци за дејноста
- Информација со основни податоци за субјект
- Целосен профил на субјект
- Информација за поврзани субјекти (овластени лица, органи на управување, сопственици во
други субјекти - тековна состојба) и
- Информација за поврзани субјекти (овластени лица, органи на управување, сопственици во
други субјекти – историјат
- Издадени информации од Регистарот на вистински сопственици

2. Планирани активности на СВР за 2021 година

Развојната стратегија на ЦР донесена во текот на 2018 година како и активната комуникација со


донаторската заедница се материјализираа во неколку значајни развојни проекти кои започнаа во текот
на 2019 и 2020 година, со што Централниот Регистар ќе биде чекор поблиску до исполнување на својата
визија за трансформација на институцијата во сервисно ориентирана организација и воспоставување на
единствена точка за контакт на деловната заедница и инвеститорите во нивната интеракција со јавниот
сектор. Сето ова како директен резултат ќе го има општото подобрување на деловната клима во земјата
и понатамошен раст на бруто домашниот производ.
Во продолжение се истакнати најзначајните развојни проекти планирани за реализација во 2021
година како дел од Планот за работа на Централен регистар за годината која ни претстои.

16
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

2.1 Имплементација на единствен регистар на обезбедени трансакции

Доколку се наиде на одобрување од страна на донаторската заедница ќе се отпочне со


реализација на проектот за имплементацијата на Единствениот регистар на обезбедени трансакции кој
треба да даде нов квалитет во пристапот кон кредитирање, посебно за малите и средни претпријатија.
Со нив под единствен режим треба да се обединат постојните регистри за залог, лизинг, фидуција и
продажба со задржување на правото на сопственост, но и поедноставување на постапката за пристап до
кредитирање.
Доколку се добие согласност за финансиска поддршка проектот треба да се развива во неколку
компоненти и тоа:
- Воспоставување на нова интегрирана правна рамка за обезбедени трансакции;
- Имплементација на нов единствен регистар на обезбедени трансакции;
- Организациска компонента вклучително и обуки за кредитодавателите.
Проектот Единствен регистар на обезбедени трансакции е повеќегодишен проект што ќе значи
возобновување на најстариот регистар кој се води во застарено технолошко решение и обединување на
повеќе системски решенија што поддржуваат евидентирање на побарувања од доменот обезбедени
трансакции.
Очекувани влијанија: Главните недостатоци на постојниот систем, кои треба да бидат отстранети со
имплементација на Регистар на обезбедени трансакции се:

• Фрагментираност на правната рамка која ја регулира материјата – во моментот обезбедените


трансакции се регулираат со неколку посебни закони (залог, лизинг, фидуција, пренос на сопственост,
факторинг). Со тоа не е обезбеден функционален пристап кон пристапот до кредитирање на основа на
обезбедени трансакции врз подвижни ствари и права и постои неусогласеност со меѓународните
најдобри пракси

• Иако Залогот, лизингот и фидуција се водат во ЦРРМ, поединечните трансакции не се


регистрираат во единствен регистар. Тоа значи дека секој вид на упис (залог, лизинг, фидуција) се
регистрираат засебно што не придонесува кон целосно функционален пристап. Понатаму иако уписите
се вршат по електронски пат, одговорноста за проверка на веродостојноста на поднесените податоци во
голема мерка е на товар на вработените во ЦРРМ.

• Потреба од зајакнување на институционалниот капацитет на ЦРРМ со цел регистрација на сите


видови на обезбедени трансакции.

Овој проект ќе овозможи унапредување на рангот на Doing business во категоријата пристап до


кредити, додека неговата реализација започнува во текот на 2021 година. За напредокот на овој проект
Централен регистар, редовно го информира надлежното министерство и Владата на РСМ.
Спроведувањето на овој проект ќе резултира со прогрес во категоријата Пристап до кредити согласно
методологијата на Светска Банка.

Приоритет: висок
Извори на средства: Донација
Надлежност: СВР/КД/ОПРМ
Временска рамка: 2021 година

2.2 Централизирана регистарска платформа

ЦРРСМ е веќе зрела Институција која широко е препознаена по квалитетот, конзистентноста и


напредокот во своето работење. Во својот стратешки план заради зголемување на квалитетот на
податоците планира да го спроведе проектот за Централизирана регистарска платформа преку која ќе ги
обедини регистрите т.е. базите на податоци на комплетно нова платформа односно податоците од

17
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

регистрите ќе ги интегрира заради нивна комплементарност, точност и ажурност и заради потребата од


нивно вкрстување со што ќе се добие подигнување на нивниот квалитет и точност на информации за
деловните субјекти и останатите претставници на деловната заедница регистрирани во Република
Северна Македонија.
Централизирана регистарска платформа е стратешка определба, што ќе придонесе кон развој и
надградба на системите за надворешните корисници, системите за дистрибуција на услуга, базична
поставеност и внатрешна интероперабилност, што се очекува да влијае на возобновување на
информатичката базична инфраструктура, интеграција и други системски функционалности што ќе
доведат до надминување на проблемите со регистарската инфраструктура и нејзино целосно
унапредување.
Овој проект се состои од повеќе компоненти и е предвидено да се одвива фазно бидејќи
содржи повеќе модули за имплементација, а ЦРРСМ ќе ги имплементира согласно можностите ( модул
за Имплементација и миграција на Регистарот на прекршоци и санкции поврзување со судовите real
time, модул за Имплементација и миграција на Регистарот на странски директни инвестиции, модул за
Имплементација и миграција на сите останати регистри, модул за Систем за водење на порамнувања во
Регистарот на годишни сметки итн).
Очекувани влијанија: Бренд за препознавање и зголемување на довербата кај граѓаните. Деловните
субјекти кои работат во регионот не ги познаваат државните граници, па деловните регистри треба да
направат чекор напред и да овозможат единствена пристапна точка до нивните бази на податоци на
регионално ниво.
Користа од информациите и услугите кои се достапни на едно место е повеќекратна. Секако,
најголема корист лежи во фактот што информациите произлегуваат од официјалните регистри кои
претставуваат најверодостојни бази на податоци.
Несомнено, најголем ефект со имплементација на овој проект би бил чекорот напред кој
јавната администрација во регионот ќе го преземе со воведувањето на преку гранични електронски
аналитички алатки кои ќе дадат поддршка на деловните субјекти во нивното секојдневно донесување
на деловни одлуки на Единствениот Пазар во регионот.
Подобрениот пристап до сигурни информации во реално време за деловните субјекти во
регионот ќе го зголеми нивото на доверба на пазарот и конкурентноста, и значително ќе ја подобри
преку граничната трговија и инвестиции во регионот на југоисточна Европа.

Приоритет: висок
Извори на средства: Донација
Надлежност: СВР/КД/ОПРМ
Временска рамка: 2021 година

2.3 Дигитализација на архивата на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица и


оптимизација на е-архива и архивата во хартиена форма на ЦР

Проект кој е отпочнат уште во 2018 година, и е во врска со дигитализација на архивата на


трговскиот регистар и регистарот на други правни лица (судски регистарски влошки) е проект со висок
приоритет за Централен регистар. Оптимизација на е-архива и архивата во хартиена форма на ЦР значи
подигнување на нивото на безбедност на информации, заштита на информациите од значење за
државата, безбедност на единствената веродостојна верзија на документи за правните и физичките
субјекти за кои ЦР е надлежен.

Очекувани влијанија: Придобивки од целосна имплементација на проектот:

18
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

• Минимизирање на можноста од закани за безбедноста на информации во архивите што би


предизвикало загуба или штета за Централен регистар на Република Северна Македонија, корисниците
како и деловните партнери;
• Минимизирање на степенот на загуба или штета предизвикано од безбедносен прекршок или
изложување;
• Превземање на суштинските мерки на безбедноста на информации во архивите на ЦР;
• Превземање на одговорностите и обврските на вработените директно вклучени во работењето со
архивите на ЦР, примена на усвоен регулативен документ
• Осигурување дека принципите за безбедност на информации постојано ефективно ќе се применуваат
во текот на работењето со архивите на ЦР
• Подобар квалитет, поедноставен пристап до целокупната документација за правните субјекти
основани пред 1.1.2006 година во судовите.
• Подобар пристап до судските влошки кои се со трајна вредност и од државен интерес.
• Контрола на сегашната состојба на скенираните документи и рескенирање на оние со слаб квалитет.
• Континуирана контрола на процесот на дигитализација од страна на надлежните согласно усвоениот
регулативен документ

Овој проект е повеќегодишен и се планира по неговата реализација, регистарските влошки да се


преземат од регистарските канцеларии и складираат и заштитат на единствена локација, додека
корисниците ќе се опслужуваат со валидна дигитална верзија – верна на оригиналот.

Приоритет: висок
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: ТР
Временска рамка: Во текот на цела 2021 година

2.4 Преземање на мерки за подобрување на на рангирањето на ЦР во Извештај на Светска Банка

Централниот регистар на Република Северна Македонија учествува како контрибутор во


годишното евалуирање од страна на Светска Банка, за истражувањето на бизнис климата во земјите кои
се опфатени со ова мерење. Како државна институција, преку своите операции, Централен регистар е
тангиран во две категории од евалуирањето и тоа:

1. Отпочнување на бизнис:

- Проект за надградба на Едношалтерскиот систем - Заедничката платформа за отпочнување


со бизнис, вклучувајќи го системот за размена на податоци со институциите, со нови услуги:
интеграција со УЈП и Царинска управа за автоматско добивање на податоци од Потврди за
платени даноци и царински давачки. Во постапките за упис во Трговскиот Регистар и
Регистрот на други правни лица се бараат уверенија за платени даноци или царински
давачки, што подносителите ги обезбедуваат сами, што ги зголемува времетраењето и
комплексноста на постапките за упис. Поедноставени и побрзи постапки за упис. Нови
услуги во Едношалтерскиот систем и позадоволни корисници. Зголемени перформанси,
достапност и управливост на системот со технолошката надградба. Подобрување на бизнис
климата, унапредување на рангот на Doing Business

- Проект за надградба на Едношалтерскиот систем - Софтверско решение за активација на


банкарската сметка преку ЕШС. РСМ долго време бележи пад на ранглиста за Отпочнување
на бизнис, заради броењето на време за активација на сметка. ЦРРСМ е задолжен да ја
преиспита можноста за активација на сметка преку ЕШС. Проектот треба да се спроведе во
соработка со КИБС; НБРСМ и деловните банки. Размена на договор и други документи за
отворање на сметка) и технолошка надградба на сите постојни сервиси за размена на

19
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

податоци (со УЈП и банките)Едношалтерскиот систем (системот за размена на податоци со


партнерите) е правен во 2005 година и е технолошки застарен, одредени технологии
немаат воопшто поддршка од производителите. Поедноставени и побрзи постапки за упис.
Нови услуги во Едношалтерскиот систем и позадоволни корисници. Зголемени
перформанси, достапност и управливост на системот со технолошката надградба.
Подобрување на бизнис климата, унапредување на рангот на Doing Business.

- Централизирана платформа за евиденитирање на издадени лиценци и дозволи со нивната


важност, истекот, условите под кои се издава лиценцата/дозволата, како и секоја
последователна измена на истата - одземање, продолжување и сл. Платформата ќе
овозможи пристап до сите инстанци во јавниот сектор за влез и ажурирање на информации
поврзани со лиценци/дозволи што се во нивна надлежност

2. Пристап до кредити (Надлежен регистар – Заложен регистар) Преземањето на одредени


мерки заради подобрување на рангот на РСМ во рамките на Извештајот на Светска банка-
Doing Business може да предизвикаат одредени законски или структурни промени кои ќе
влијаат и ќе предизвикаат промени и во самиот процес на регистрација. Проекти кои се
планираат во овој дел на мерки за подобрување се:

- Воспоставување на регистар на обезбедени трансакции;

- Континуирани обуки наменети за целните групи (нотарска комора).

Очекувани влијанија:

Мерки за подобрување на бизнис климата во државата во категоријата:

– Отпочнување на бизнис: Освен спроведениот проект за Заедничка платформа за започнување на


бизнис и со проширување на интеграциите помеѓу ЦРРСМ, УЈП и АВРСМ со цел на овозможување на
симултана регистрација на компанија, ДДВ обврзник и пријава на првиот вработен, ЦРРСМ планира да
спроведе уште неколку проекти за Регистар за обезбедени трансакции за обновување на Регистарот на
Залог и Лизинг и останатите регистри за евиденција на обезбедени трансакции што сега се водат
фрагментирано преку кои планираме да ги подобриме условите за кредитирање на малите и средните
претпријатија, како и проектите за унапредување и надградба на Едношалтерскиот систем преку
проектот за активација на банкарската сметка (во соработка со Клириншката куќа НБРСМ и деловните
банки) и проектот за поврзување на Царинската управа за евиденција на дозволи и лиценци со што
Република Северна Македонија повторно би се вратила во првите 10 места на рангирањето на Doing
Business во Категоријата Отпочнување Бизнис.

– Пристап до кредити: Зголемување на бројот на електронско поднесување за упис во Заложниот


регистар преку следниве мерки:

- Воспоставување на регистар на обезбедени трансакции

- Континуирани обуки наменети за целните групи (нотарска комора) и промоција на


електронските услуги.

Доколку се спроведе било која мерка од погоре наведените проекти и активности може да се
очекува подобрување на резултатот во делот на е-услугите во регистарот за залог за наредниот период.
Сепак, мора да се земе во предвид дека рангирањето на земјата во рамките на Doing Business не може
да се перцепира одделно и неповрзано со другите економии предмет на оценка. Често пати, промената
во рангот може да биде предизвикана и од подобрувањето на другите економии и нивниот пораст.

20
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

Приоритет: среден
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: СВР, ТР
Временска рамка: Во текот на 2021 година.

2.5 Надградба на десктоп и веб апликацијата за Е-регистрација

Постојана надградба на Системот за е–регистрација, а согласно тоа и надградба на десктоп


апликацијата на Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица заради подобрување на
перформанси на истиот и надминување на утврдени недостатоци при функционирањето како и за
подобрување и олеснување на работата на лицата кои директно се вклучени во процесот на
регистрација.

Очекувани влијанија: Подобри перформанси и олеснување на работата на надворешните корисници


како и на вработените во Централен регистар

Приоритет: среден
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: ТР
Временска рамка: Континуирано во 2021.

2.6 Анализа и иницијатива за промена на законските прописи согласно Директивите на Европска


Унија

Учество во формирани на работни групи за спроведување на анализа и предлагање соодветни


промени на постојните законски прописи во делот на уписите во рамките на Трговскиот регистар и
регистарот на други правни лица. Промени на законските прописи со цел усогласување со Директивите
на Европска Унија.

Очекувани влијанија: Надминување на проблеми со кои се соочува Централен регистар како и


надворешните корисници. Усогласување согласно барањата на ЕУ. Позитивен Извештај за РСМ од
страна на Европската Комисија услов за пристапните преговори за приклучување и влез во ЕУ.

Приоритет: висок
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: ТР
Временска рамка: Континуирано во текот на 2021 година.

2.7 Обука на регистрациони агенти (деловни партнери на ЦР) и физички лица

Пријавата за упис во електронска форма се поднесува од лице кое со закон е овластено да


поднесува пријава за упис. Пријавата за упис во име на подносителот на пријавата може да биде
однесена и од страна на регистрационен агент. Од причина што бројот на регистрациони агенти
постојано се зголемува потребна е постојана обука на регистрациони агенти за непречено
функционирање на системот и надминување на секојдневните проблеми при работењето во Трговскиот
регистар преку Системот за е-регистрација. Од причина што физичките лица не се доволно запознаени
со законската можност сами да поднесуваат пријава за упис, потребно е да се афирмира оваа можност и
лицата да бидат подобро запознаени со постапката за поднесување на пријава за упис.

21
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

Очекувани влијанија: Непречено функционирање на уписите и надминување на проблемите при


пополнување на пријавата и прилозите за упис.

Приоритет: среден
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: ТР
Временска рамка: Континуирано во текот на 2021 година.

2.8 Надградба на регионален регистарски портал за модел за прекугранична регистрација на


компании

Надградба на регионален регистарски портал за модел за Прекуграничната регистрација на


компании кој претставува еден од виталните столбови кон воспоставување единствен пазар (за
регионот на Западен Балкан, но исто така и во однос на единствениот пазар на ЕУ и пристапувањето на
земјите од СБ 6), заради: промовирање на преку - гранични деловни активности и трговија,
подобрување на климата за инвестиции во регионот, обезбедување на слободно трговско движење низ
целиот регион и зголемување на заштитата на доверителите и трети лица преку откривање на
дисквалификувани информации за директори.

Очекувани влијанија: Непречено функционирање на уписите и надминување на проблемите при


пополнување на пријавата и прилозите за упис.

Приоритет: среден
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: ТР
Временска рамка: Континуирано во текот на 2021 година.

3. Планирани активности за 2021 година на одделение за планирање, развој и меѓународна соработка

3.1 Одржување на интегриран менаџмент систем ISO 9001, ISO 27001, ISO 14001 и ISO 45001

Подобрување на квалитетот на работењето во континуитет Централен регистар го докажува


преку одржување на воспоставените стандарди како и преку имплементација на нови
стандарди како потврда за квалитет. Во 2020 Централен регистар воспоставени стандард за
безбедност на информации како врвен приоритет во работењето и истиот го интегрираше во
веќе постоечкиот интегрирам менаџмент систем за што се стекна и со потврда за квалитет од
аспект на безбедност на информации од страна на сертификациска куќа. Исто така во
изминатата 2020 година завршени се три циклуси на проверка на ИМС по што следеше
верификација на усогласеноста на системот во Институцијата со меѓународните стандарди од
страна на сертификациска куќа, ова е уште еден доказ дека ЦР во континуитет работи на
подобрување на квалитетот на работење како главна стратешка определба.

3.1.1. Активности за квалитет согласно стандард ISO 9001

 Следење на реализацијата на целите на ЦР согласно преглед и реализација на цели во делот


каде ОПРМ има одговорност и надлежност на истите
 Унапредување на внатрешниот систем на регулативни документи преку документирање на
секој процес во ЦР.
 Редовно вршење на интерен audit според планот за интерни проверки во ОЕ во ЦР .
 Справување со неусогласеностите со стандардите преку покревање на корективни мерки и
мреки за континуирано подобрување согласно планот за корективни мерки и мерки за
континуирано подобрување.

22
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

 Запазување на роковите за финализација на регулативата и реализација на активностите


поврзани со утврдените неусогласености по направените интерни проверки во согласност со
регистарот на корективни дејствија и мерки за подобрување.
 Подобрување на организацијата преку системот за само-евалуација
 Избор на нова сертификациска куќа за проверка на интегрираниот менаџмент сиситем со цел
проверка на неговата усогласеност со интернационалните стандарди
 И други активности за одржување на системот за одржување на системот за квалитет

Приоритет: висок
Извори на средства:сопствени ресурси
Надлежност: ОПРМ како координатор во соработка со сите организациски единици во ЦР.
Временска рамка: септември 2021, континуирано

3.1.2. Активности за заштита на животната средина согласно стандард ISO 14001

 Идентификација и следење на законските регулативи – законот за животна средина и законот


за управување со отпад
 Идентификација и вреднување на аспектите на животната средина
 Управување со аспектите кои се идентификувани како значајни за ЦР ( електронски отпад,
хартија, батерии )
 Водење на единствен регистар на институцијата за одложена хартија и електронски отпад
 И други активности за одржување на системот за заштита на животната средина

Приоритет: висок
Извори на средства:сопствени ресурси
Надлежност: ОПРМ како координатор во соработка со сите организациски единици во ЦР.
Временска рамка: септември 2021, континуирано

3.1.3. Активности за заштита и безбедност на вработените согласно стандардот ISO 45001

 Подобрување на условите за работа по организациски единици на ЦР – градежни зафати,


набавка на канцелариски мебел, подобрување на ергономија и сл.
 Координација при исполнување на обврските на ангажираната куќа за водење на активности
поврзани со безбедност и здравје при работа
 Заштита и безбедност на вработените (обука на вработени за БЗР кои немаат поминато ).
 Изработка и корегирање на документите во институцијата и надвор од неа согласно стандардот
( додавање на член за заштита и безбедност при работа ).
 Останати активности кои се потребни за одржување на системот за заштита и безбедност на
вработените.

Приоритет: висок
Извори на средства:сопствени ресурси
Надлежност: ОПРМ како координатор во соработка со сите организациски единици во ЦР.
Временска рамка: септември 2021, континуирано.

3.2 Безбедност на информации на ЦР

Имајќи ја во предвид основната дејност на ЦР, неопходно е континуирано унапредување на


системот за безбедност на информации во сите сегменти и процеси од работењето на ЦР. Дефинирање
на опсегот и начинот на функционирање на системот за безбедност на информации на сите нивоа во ЦР.
Усвојување на изработена регулатива и изработка на регулативна документација согласно потребите.
Редовно контролирање и превземање на мерки за континуирано подобрување на системот. Потребата
за усогласување на системот со меѓународниот стандард ISO 27001 и негово континуирано следење и
унапредување со оглед на дејноста која ја извршува ЦР е неминовна.

23
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

Очекувани влијанија: Заштита на податоците од државен интерес, делегирање на одговорности на


поединци кои располагаат со информации, воспоставување на систем кој ќе го унапреди работењето во
сите сегменти на инситиуцијата од аспект на безбедност на информации. ЦРРСМ претставува централна
информативна база на државата. Ги опслужува граѓаните и институциите со единствена веродостојна
верзија на информации за деловните субјекти. За да ја обезбеди ваквата верзија на податоци потребно
е континуирано да инвестира во технологија и информатичката инфраструктура за одржување на
податоците со кои располага, а резултатот на ваквото инвестирање е намалување на степенот на ризик
од грешки при работењето, можности за испади на информацискиот систем и целосен или делумен
прекин на услугите, а со тоа да осигура континуитет во работењето. Пред сè мора да се обезбедат точни,
навремени и веродостојни информации и да води сметка прекинот на сервисите да бидат сведени на
минимум, обезбедувајќи нивна целосна достапност согласно усвоената Стратегија за третман на ризици
на ЦРРСМ и Планот за континуитет во работењето на ЦРРСМ.

3.2.1 Одржување на Систем за Безбедност на информации според барањата на ISO 27001:2013

Приоритетна задача е одржување на воспоставениот систем на безбедност на информации


негова редовна проверка и континуирано подобрување согласно барањата на ISO 27001:2013.

3.2.1.1 Активности

 Унапредување на состојбата во сите сегменти и процеси од работењето на ЦР од аспект на


безбедност на информациите;
 Координација во работењето со сите ОЕ заради исполнување на барањата на стандардот сите
ОЕ.
 Заштита на податоците во сопственост на ЦР
 Подигање на свеста кај вработените,
 Обезбедување на контролни мерки за безбедност на информациите
 Обезбедување на технички мерки за безбедност на информациите
 Обезбедување на организациски мерки за безбедност на информациите
 Обезбедување на физички мерки за безбедност на информациите
 Превземање на мерки за намалување на ризиците согласно планот – стратегија за третман на
ризиците согласно нивното значење.
 Внатрешна и надворешна проверка и следење на системот за безбедност на информации
според ISO 27001:2013
 Користење на интелектуални услуги заради по меѓународниот стандард ISO 27001:2013, за што
треба да биде извршено редовно пенетрациско тестирање и откривање на слабости на
информацискиот систем (Penetration testing and Voulnerability testing)
 Целосно имплементирање на изработената студија за Business Continuity – План за вонредни
состојби;

Приоритет: висок
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: ОПРМ
Временска рамка: декември 2021

3.2.2 Регулирање на безбедноста на деловни информации на ЦР

Класифицирање на целокупната документацијата за регулирање на деловните процеси во ЦР


произлезени од приоритетната дејност и останатите организациски процеси.

24
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

3.2.2.1. Активности
 Степенување на деловните информации во ЦР;
 Редовно ажурирање и примена на усвоената Матрица со список на деловни информации;
 Примена на усвоената Директива за класифицирање на документација и интерни деловни
информации во ЦР.
Приоритет: висок
Извори на средства:сопствени ресурси
Надлежност:ОПРМ и поедини ОЕ
Временска рамка: декември 2021

3.2.3 Регулирање на класифицирани информации во ЦР добиени од државни органи

Класифицирање на документацијата во ЦР и обезбедување на соодветни технички и


организациски мерки согласно законот за класифицирани информации.

3.2.3.1 Активности
 Организирање на физичко обезбедување и примена на технички и други средства за
обезбедување на објекти и простории во кои се чуваат класифицираните информации (согласно
Директивата на Директорот на ЦР за работа со класифицирани информации добиени од
државни органи)

 Прилагодување кон останатите прописи согласно новиот Закон за безбедност на


класифицираните информации.

Приоритет: висок
Извори на средства:сопствени ресурси
Надлежност:ОПРМ и поедини ОЕ
Временска рамка: декември 2021, континуирано

3.2.4 Регулирање на заштита на личните податоци во ЦР

Во 2021 година се планира имплементација на потребните обврски кои произлегуваат од


Законот за заштита на личните податоци кој се донесе во февруари 2020 година.

3.2.4.1 Активности

 Решавање на прашањето со матичниот број на физичките субјекти во правните субјекти при


издавање на услугите од институцијата
 ,
 Изработка на годишен план за заштита на лп и координација на активностите за заштита на
лични податоци согласно тој план
 Превземање на потребните активности, задачи и одговорности од страна на лицето назначено
за офицер за заштита на лични податоци од ОПРМ.
 Континуирана соработка со надлежните субјекти од оваа проблематика надвор од
институцијата ( АЗЛП и сл. )
 Измена на регулативна документација за заштита на лични податоци и нејзина континуирана
примена.
 Координација и соработка при редовна контрола согласно Закон од страна на ДЗЛП.
 Воспоставување начин за увид и издавање на списи/извадоци од регистарска влошка заради
контролата над ЕМБГ содржана во нив (регулирање на електронскиот и хартиениот начин).
 Примена на новите законски барања согласно законот за заштита на лични податоци

25
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

 Потпишување на изјава за незлоупотреба на личните податоци од страна на вработените во ЦР.


 Потпишување на овластување од страна на лицата кои ќе работат со збирките на лични
податоци.

Приоритет: висок
Извори на средства:сопствени ресурси
Надлежност:ОПРМ и поедини ОЕ
Временска рамка: декември 2021, континуирано

3.3 Следење и реализација на планови, цели, проекти

Континуирано следење и реализација на планови, цели и проекти, преку конкретни мерливи


показатели да се следи реализацијата на плановите, целите и проектите во ЦР.

Очекувани влијанија: Во континуитет следење на активностите и реализацијата на плановите, целите и


проектите со цел успешно планирање на наредните активности, утврдување на степен на реализација,
превземање на конкретни мерки за понатамошна реализација.
Приоритет: висок
Извори на средства:сопствени ресурси
Надлежност: ОПРМ
Временска рамка: декември 2021

3.4 Управување со ризици во ЦР

Во насока на реализација на целите на ЦР на РСМ и подигање на свеста за важноста на


ризиците потребно е да се направи целосна анализа за управување со ризици, регистар на ризици и да
се донесе акциски план со кој ќе бидат дефинирани програмите, активностите, потребните ресурси и
финансиски средства за нивна реализација, како и очекуваните резултати.

Очекувани влијанија: Ажурирање на матрицата на ризици, намалување на штетните влијанија по


институцијата преку утврдени ризици, донесување на план за управување со ризиците на ниво на
институција, сопственици на ризици, проценка и оцена на ризици (идентификација, анализа,
верификација), постапување со ризици, следење, мерење, надзор и континуирано подобрување на
процесот на управување со ризиците, донесување на одлуки на менаџментот во корист на
институцијата.

Приоритет: среден
Извори на средства:сопствени ресурси
Надлежност: ОПРМ и надлежни раководители на ОЕ
Временска рамка: декември 2021

3.5 Подобрување на систем за интерна комуникација

Системот за интерна комуникација е од суштинска важност за транспарентно информирање.


Ефикасното функционирање на системот ќе обезбеди зајакнување на имиџот на Институцијата, пред се
во очите на вработените и крајните корисници на услугите.
Исполнување на обврските согласно усвоената регулатива во ЦР, подобрување на системот на
интерната комуникација на сите новоа во ЦР вклучувајќи ги и РРК и РК.

26
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

Очекувани влијанија: Целта на активностите за интерна комуникација е зајакнување на довербата на


вработените во процесите на институцијата и во раководството и да ја подобри ефикасноста на
работните процеси врз основа на правовременото и точно информирање на вработените.
Подобрување на деловното работење во ЦР и зголемено задоволство кај вработените и корајните
корисници на ЦР. Преку подобрување на техничките можности и превземање на мерки за достапност на
информациите до сите канцеларии ќе обезбеди точност, квалитет , брзина во информираноста кај секој
вработен.

Приоритет: среден
Извори на средства:сопствени ресурси
Надлежност: ОПРМ со надлежни ОЕ
Временска рамка: континуирано, 2021

3.6 Развој на нови производи

Регулирање на прашањето за развој на нови производи и создавање на економични пакети на


услуги, воспоставување на систем за развој на нови производи, преку следење на светските трендови,
вклучување на сите вработени како и вклучување на нашите корисници преку воспоставување на
унапреден систем за добивање на повратна информација за нивните потреби, во создавањето и
развојот на нов производ.

Очекувани влијанија: Точно определена постапка и процедура до развој на нов производ, обука на
вработените за развој на нови производи, учество на секој вработен со своја идеја и искуство за развој
на нов производ, создавање на производ кој е на барање на корисниците на услуги на најекономичен и
исплатлив начин. Подобрување на корисничкото искуство и задоволни корисници преку проширување
на палетата на услуги и додадена вредност на постоечките услуги. Следејќи го трендот во светот како и
соочувајќи се со светската пандемија евидентна е се поголемата ориентираност кон online услугите,
така, неизбежна е надградбата на Дистрибутивниот систем, системот за е - потврди и пласман на нови
услуги и пакети на услуги усвоени со новата Тарифа прилагодена на потребите на корисниците како и
пласман на постоечки производи на ЦРРСМ кои досега не се издавале преку оваа платформа, а кои ќе
овозможат ново и подобрено искуство при користење на нашите услуги.

Приоритет: висок
Извори на средства:сопствени ресурси
Надлежност:ОПРМ, Проектно координативно тело
Временска рамка: континуирано во 2021

3.7 Аналитичка обработка на статистичките податоци за услугите и финансиските показатели на ЦР

Овие задачи имаат цел да се изработат извештаи со аналитички пристап за физичкиот обем на
услугите и финансиските показатели во ЦР за да се добијат показатели за остварување на планот, да се
следи состојбата со финансиските показатели и издадените услуги како и да се предвидат идните
проекции.

3.7.1 Активности

 Врз основа на добиени податоци од ОФСР, изработка на


 на месечни, квартални и годишни извештаи за реализацијата на финансискиот план за 2021
година.

Приоритет: висок

27
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

Извори на средства:сопствени ресурси


Надлежност: ОПРМ во соработка со ОЕ
Временска рамка: месечно, квартално, 2021

3.8. Заедничката рамка за оценка - CAF

Заедничката рамка за оценка (Common Assessment Framework - CAF) е европски инструмент за


управување со квалитетот за јавниот сектор, врз основа на спроведување на самооценување од страна
на самата институција. Ова е дополнителна алатка кон низата инструменти воведени за промовирање и
спроведување на потполни принципи за квалитет во институцијата. CAF моделот се базира на
претпоставките дека одличните резултати во институцијата се постигнуваат низ водство темелено на
инспиративна стратегија и планирање и со поддршка на луѓето како најдрагоцен капитал, преку
градење партнерствата, рационално искористување на ресурсите и унапредување на процесите.

Очекувани влијанија: Употребата на CAF и овозможува на институцијата да иницира процес на


постојано унапредување во нејзиното работење; да направи проценка на работењето, врз основа на
докази за квалитет во управувањето темелени на критериуми широко прифатени низ јавниот сектор во
Европа; да ги идентификува подеднакво напредокот, но и слабости во постигнувањата; да пронајде
начин да постигне конзистентност и консензус за она што треба да биде направено за да се подобри
организацијата; да обезбеди поврзаност помеѓу резултатите што треба да се постигнат и добрите
практики како тоа да се направи и да го измери прогресот низ периодични само-оценки. Централен
регистар во 2019 година по реализацијата на приоритизацијата на мерките произлезени од CAF моделот
и нивната целосна имплементација во 2021 година има во план да повтори нов циклусна
самооценување на Институцијата преку моделот CAF.

Приоритет: среден
Извори на средства:сопствени ресурси
Надлежност: ОПРМ
Временска рамка: април 2021

4. Планирани активности за 2021 година на одделение за маркетинг и односи со


јавност

4.1 Исполнување на активностите и задачите кои произлегуваат од Маркетинг стратегијата на


Централен регистар

Во согласност со Политика за комуникација на ЦРРСМ која претставува генерален документ,


како и произлезениот регулативен документ - Стратегијата за надворешна комуникации и односи со
јавност, согласно одговорностите и овластувањата континуирано ќе се одржуваат односите со јавноста,
целните групи и крајните корисници на услугите на Централен регистар.
За таа цел, како дел од оваа стратегија, се организираат обуки за нови услуги, а опфатени се
најголемите професионални групи на корисници на ЦР, адвокати, сметководители. На истите е во тек
планирање и организација на обуки за Регистарот на вистински сопственици, за време на кои обуки ќе
бидат детално образложени бенефитите и функционалностите на новиот кориснички веб портал.
Овие групи на корисници се директно поврзани со евалуацијата на работата на институциите.
Онлајн вебинари и состаноци се планираат и со останатите групи на корисници, како нотарите,
коморите, итн.

28
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

Приоритет: среден
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: ОМОЈ
Временска рамка: континуирано во текот на 2021 година.

4.2 Одржување на CMS – Content management system - содржини на веб порталот на ЦРРСМ

Содржините кои се објавуваат на веб страницата на ЦР, произлегуваат директно од потребите


на останатите ое на ЦРРСМ и ОМОЈ е во директна комуникација со сите ое кои имаат потреба од
администрирање на содржините кои покриваат услуги од соодветната ОЕ.
Со оглед на порастот на користење електронски услуги, оваа потреба е секојдневна,
активностите задолжително се одвиваат под исклучителна внимателност, концентрација и посветеност.
Овие секојдневни активности продолжуваат и во 2021 година.

Приоритет: висок
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: ОМОЈ/ОПРМ/КД
Временска рамка: континуирано во текот на 2021 година

4.3 Спроведување истражувања помеѓу целните групи

ОМОЈ ќе ги истражува потребите на целните групи како за нови производи и услуги на ЦР, така
и за подобрување и надградба на постоечките, со цел да се земе предвид повратна информација од
корисниците на услугите, за новите производи и услуги да бидат и да одговараат на нивните потреби и
да бидат соодветно приспособени врз база на корисничко искуство.

Очекувани влијанија: При мерење на задоволството на корисниците и анализа на податоците, ќе се


стави акцент на мислењето на специфични и конкретизирани целни групи поврзани со услугите на ЦРМ
по пат на истражување. Исто така, ќе се земат предвид сите сугестии и предлози од страна на
корисниците за континуирано подобрување на системот за маркетинг и односи со јавност како и
процесот на давање на сите услуги од страна на Централен регистар.

Приоритет: среден
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: ОМОЈ/КД
Временска рамка: континуирано во текот на 2021 година

4.4 Промоција на имплементирани нови услуги и производи

Во текот на 2021 година ОМОЈ планира онлајн презентации на креираните нови пакети
произлезени од Сектор за водење регистри.
СВР во соработка со ОМОЈ и ИТ, креира нови пакети согласно поволностите на новата тарифа на
ЦРРСМ, со кои се олеснува користењето на сетови податоци неопходни за поголемите корисници на ЦР.
Во тек е конфигурација на сетови и пакети со пресметан попуст согласно новата тарифа, од
страна на ИТ.
Акцијата започна со банките, во 2021 продолжуваме со промоција на истите.

Приоритет: висок

29
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

Извори на средства: сопствени ресурси


Надлежност: ОМОЈ во координација со останатите ое
Временска рамка: континуирано во текот на 2021 година.

4.5 Следење на контакт форма и e-mail групите од страна на корисниците на услуги на ЦР

ОМОЈ и понатаму ќе дава суштински и детални одговори на секојдневните прашања од страна


на странките упатени телефонски или преку електронска пошта во најкус можен рок, со цел да се
растоварат шалтерските работници и одговорните лица за регистрација.
Односно, секое барање и прашање адресирано на групните меил адреси на Централен
регистар, ќе биде точно и навремено одговорено, согласно Стратегијата за надворешна комуникација и
во соработка со одделението за Техничка помош и останатите ое.

Приоритет: висок
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: ОМОЈ
Временска рамка: континуирано во текот на 2021 година.

4.6 Интернет дистрибутивен систем и Систем за е-потврди

ОМОЈ и во текот на 2021 ќе продолжи континуирано да спроведува низа активности, со цел


остварување успешна реализација и функционирање на ИДС и Системот за е-потврди, кои како дел од
електронските услуги кои ги нуди ЦРМ паралелно функционираат и обезбедуваат брз и едноставен
пристап до одреден број информации:

• Техничка помош и Поддршка на регистрирани корисници

Секојдневната комуникација со корисниците придонесува нивно навремено информирање за


евентуални измени во функционалностите на системите, за новите можности при извршена надградба,
како и за начинот на користење на системите. Дополнително, грижата за корисниците на
дистрибутивниот систем опфаќа обука за користење на системот за новите корисници, решавање
тековни пријавени проблеми и неправилности, испраќање корисни информации по електронски пат,
навремено додавање на уплатените средства на салдата на корисниците, давање инструкции при
креирање кориснички налог и барање за пристап во апликацијата, помош при најавување во системот,
како и насоки при добивањето на нарачани производи.

• Склучување нови договори за користење на интернет дистрибутивниот систем


Со примена на маркетиншки алатки и вкрстена промоција, проактивно ќе се презентираат
придобивките од системот на потенцијални корисници од разни целни групи, со цел бројот на
регистрирани корисници и склучени договори да се зголеми и да биде постојано во нагорна линија.

• Предлози за надградба на системите и производи


Како резултат на тоа што ОМОЈ е во постојан контакт директно со корисниците на системите, и
следејќи ги нивните потреби, ќе нуди предлози за надградба на производи кои се користат преку
системот, ќе дава предлози за подобрување на корисничкото искуство и/или модифицирање на
системите. По спроведувањето на анкетите, произлегува листа на сугестии и предлози од корисниците
за креирање на нови производи и надградба на веќе постоечките. За истите потребно е да се направи
анализа во соработка со останатите организациски единици, дали постојат законски бариери за
спроведување.

30
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

• Спроведување кампањи за промоција на системите и услугите на ЦР


ОМОЈ ќе врши промоција на дистрибутивниот систем и системот за е-потврди преку
организирање кампањи со цел запознавање на определени таргет групи со поволностите, брзината
едноставноста, квалитетот на услугата и ажурноста на добиените податоци при користење на двата
систем доколку се утврди потреба ќе се изработи промотивен и едукативен леток , поединечно за секој
систем.
ОМОЈ во текот на 2021 година ќе продолжи да врши промоција и на услугите на ЦР, преку
изработка на промотивни видеа кои се објавуваат на социјалните мрежи. Целта е подобро запознавање
на јавноста со услугата која се објавува, а со тоа и можност за стекнување нови корисници.
ОМОЈ и во текот на 2021 ќе продолжи со организирање на капмања за информирање на
јавноста за новиот регистар на Вистински сопственици.
Согласно акцискиот план, ќе ги таргетира корисничките групи, ќе креира листа на FAQ и ќе
изработува информации, соопштенија и промотивни кампањи за РВС.

• Следење на спроведување на процедурата за ИДС

• Спроведување прашалник за испитување на задоволството на регистрираните корисници на


ИДС

• Следење на упатството за рекламации од

странките Приоритет: висок


Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: ОМОЈ/СИТ
Временска рамка: континуирано во текот на 2021 година

4.7. Промотивен материјал за проектите – самостојна регистрација е-поднеси сам и BIFIDEX и


Прирачник на ЦРРСМ – “Сакам да основам бизнис”

Во координација со Кабинетот на Директорот на ЦРРСМ, ОМОЈ е во тек на изаботка на


промотивни видеа, за кои согласно планот за јавни набавки, беше распишан јавен повик за изведувач.
И во текот на 2021 година, ОМОЈ продолжува со активна промоција на истите.

Приоритет: среден
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: ОМОЈ/ОЈН
Временска рамка: континуирано во текот на 2021 година

4.8. Публикација за најуспешни фирми

Како резултат на досегашната заемна соработка со Еуро бизнис центарот, ОМОЈ и во 2021
година ќе изготвува материјали (обраќање на Директорката на ЦРРСМ) за публикацијата 200 најголеми
и најуспешни фирми во Македонија, како и обраќања за останати настани во кои Централен регистар ќе
земе учество.

Приоритет: низок
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: ОМОЈ/одделение за годишни сметки
Временска рамка: континуирано во текот на 2021 година.

31
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

4.9. Комуникација со медиуми

Следејќи ја Стратегијата за комуникација и односи со јавноста на ЦР, но и согласно основните


принципи и начела на комуникацијата кои досега се покажаа како клучен фактор во одржувањето на
позитивен имиџ на институцијата, ЦРРСМ секогаш е транспарентен и достапен за медиумите
Од таа причина ОМОЈ и во текот на 2021 г. ќе продолжи да одржува редовна и коректна
комуникација со електронските и пишани медиуми и навремено ќе одговара на секое прашање на
најпрецизен начин и во најкус можен временски рок. Со ваква практика ќе се запази досегашниот однос
на доверба, поддршка и соработка со претставниците на медиумите.

Приоритет: висок
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: ОМОЈ/Кабинет на Директор
Временска рамка: континуирано во текот на 2021 година

4.10. Клипинг сервис

Во текот на 2021 година ОМОЈ ќе продолжи самостојно да врши клипинг – дневен, неделен, со
цел да биде во тек со сите информации кои се пласираат до јавноста, а во кои е засегнат Централниот
регистар.

Приоритет: среден
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: ОМОЈ
Временска рамка: континуирано во текот на 2021 година.

5. Планирани активности за 2021 година на сектор за информатички технологии

5.1 Набавка на компјутерска опрема

Напојувањето од градската мрежа во регионалните канцеларии е нестабилно со големи


осцилации кои негативно влијаат на работата на информатичката опрема за телекомуникациско
мрежно поврзување и може истата да ја оштетат, што и се случувало досега. Постојните уреди за
непрекинато напојување се набавени во 2013 година и нивниот век на употреба е надминат. Во 2020
година планирана е набавка на уреди за непрекинатo напојување (УНН) за регионални канцеларии, но
истата е поместена за 2021 год. заради препораките од Влада/мерките кои се воведоа во време на
пандемијата со Ковид -19 и заради незавршени активнoсти за санација на ентериер и незавршена
набавка за мрежно каблирање.
Дополнително, поради Ковид кризата, се појави потреба за преносни компјутери за работа од
дома. Потребни се и нови канцелариски печатачи согласно организациската распределба во новиот
реновиран простор во централа.

Очекувани влијанија: Подобрување на квалитетот на работа во канцелариите, намалување на прекини


во работењето, подобрување на ниво на задоволство кај корисниците на услуги во ЦР. Ќе се обезбеди

32
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

сигурно и континуирано напојување на критичната опрема за телкомуникациско поврзување во секоја


РК/РРК, што ќе придонесе кон поголема достапност и на услугите кон крајните корисници.
Поефикасна работа во услови на пандемија и овозможување на соодветни уреди за печатење во новиот
реновиран простор

Приоритет: висок
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: СИТ
Временска рамка: јуни 2021

5.2 Обнова на лиценци за виртуелизација

Постојните лиценци Citrix - Virtual Apps and Desktops Advanced се истечени, што оневозможува
надградби на системот на понови верзии од производителот

Очекувани влијанија: Ќе бидат овозможени надградби со нови функционалности кои се потребни при
работењето како и континуитет во работата.

Приоритет: висок
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: СИТ
Временска рамка: јуни 2021

5.3 Обновување на услуги за поддршка - управување со компјутерска безбедност

Бидејќи на 1.5.2021, односно 1.7.2021 истекува едногодишната претплата и поддршка на


постојниот SIEM уред за управување со настани поврзани со компјутерска безбедност потребно е истите
да се обноват. Уредот е во функција од 2013 година, и вон хардверска поддршка од производителот,

Очекувани влијанија: Со обновување на услугите за поддршка од производителот се очекува


овозоможување на компјутерска безбедност на очекувано ниво.

Приоритет: висок
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: СИТ
Временска рамка: април 2021

5.4. Софтверско решение за управување со IT процеси

Непостоење на софтверско решение за управување со ИТ процеси, особено инциденти и


проблеми како и управување со ИТ средства (asset management). Ова е забелешка и препорака за
подобрување од надворешните ревизори при ресертификацијата за ИСО стандардите. Во 2020 година
планирана е набавка на ова софтверско решение, но истата е поместена за 2021 год. заради
препораките од Влада/мерките кои се воведоа во време на пандемијата со Ковид -19.

Очекувани влијанија: Решението треба да ги олесни и делумно авотматизара процесите на управување


со ИТ инциденти и проблеми и управување со ИТ средства, а во иднина со надградба и други ИТ
процеси.
Приоритет: висок
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: СИТ
Временска рамка: јули 2021

33
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

5.5 Софтверско решение за заштита од малициозни софтверски програми и спам пораки со 3 години
поддршка и лиценци за постоен систем за управување со краjни корисници

Бидејќи на 30.10.2021 истекуваат лиценците на постојното решение за заштита, потребно е да


се набават нови.

Очекувани влијанија: Овозможување на 3 годишна заштита од малициозни софтверски програми,


вклучувајќи и лиценци за управување со крајни уреди, односно овозоможување на безбедноста на
повисоко ниво од досегашното на крајните уреди.

Приоритет: висок
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: СИТ
Временска рамка: октомври 2021

5.6 Услуга за издавање на временски печат (100000 транскации)

Усогласување со новиот Закон за електронски документи, електронска идентификација и


доверливи услуги (транспонирана eIDas директива)

Очекувани влијанија: Вградување на временски жиг во електронски документи согласно новиот Закон
за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги (транспонирана eIDas
директива), со цел сертифицираното точно време на потпис да обезбеди доказ и интегритет на
податоците во електронскиот документ, односно правен доказ дека содржината на електронскиот запис
постоела во точно одредено време и не е променета од тој момент.

Приоритет: висок
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: СИТ
Временска рамка: мај 2021

5.7 Набавка на услуги – пенетрациско тестирање на безбедноста на информациските системи

Пенетрациско тестирање е потребно како континуирана активност врз постојните системи,


нивните надградби, а особено новите информатички системи (Заедничка платформа за отпочнување со
бизнис, нов портал, регистарот на вистински сопственици) заради исполнување на барањата на
ISO27001 - информациска безедност

Очекувани влијанија: Подобрена отпорност од напади поврзани со слабостите на информациските


системи, зголемена безбедност на податоците кои ЦР ги чува, исполнување на барањата на ISO27001 -
информациска безедност

Приоритет: висок
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: СИТ
Временска рамка: август 2021

34
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

5.8 Набавка на софтверски лиценци (продолжување на постоечки лиценци за софтвер за анкети, за


валидација на емаил адреси (се користи во сите софтверски решенија, сертификати за системите,
софтвер за автоматско испраќање на емаил пораки, софтвер за далечински пристап)

Постојните лиценци истекуваат во 2021 година и од тие причини Централен регистар треба да
обезбеди продолжување на истите, набавка на нови компоненти за потребите на проектите,
специјализиран софтвер, сертификати за системите.

Очекувани влијанија: Континуитет во работењето на ЦР со обнова на лиценците што ги овозможуваат


потребните услуги - софтверски комоненти и решенија. Продолжување на SurveyMonkey -one year -
софтвер за анкети, Verifalia - API за верификација на валидност на емаил адреси - се користи за системот
за е-регистрација, дигитални сертификати за системите, софтвер за автоматско масовно испраќање на
прилагодени емаил пораки.

Приоритет: висок
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: СИТ
Временска рамка: јануари - декември 2021

5.9 Надградба на Едношалтерскиот систем, заедничката платформа за отпочнување со бизнис,


вклучувајќи го системот за размена на податоци со институциите, со нови услуги: интеграција со УЈП и
Царинска управа за автоматско добивање на податоци од Потврди за платени даноци и царински
давачки, банките размена на договор и други документи за отворање на сметка) и технолошка
надградба на сите постојни сервиси за размена на податоци (со УЈП и банките)

Во постапките за упис во ТР-РДПЛ се бараат уверенија за платени даноци или царински давачки,
што подносителите ги обезбедуваат сами, што ги зголемува времетраењето и комплексноста на
постапките за упис.
При основањето на субјектот, банката дава резервирана сметка. За отварање на сметката кога
субјектот се основа подносителот треба да отиде во банка и да си потпише договор и други документи.
Едношалтерскиот систем (системот за размена на податоци со партнерите) е правен во 2005 година и е
технолошки застарен, одредени технологии немаат воопшто поддршка од производителите.

Очекувани влијанија: Поедноставени и побрзи постапки за упис. Нови услуги во Едношалтерскиот


систем и зголемување на задоволството кај корисниците. Подобро рангирање на Doing бизнис.
Зголемени перформанси, достапност и управливост на системот со технолошката надградба.

Приоритет: висок
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: СИТ
Временска рамка: мај 2021- август 2022

5.10 Надградба на дистрибутивниот систем, системот за е-потврди и системот за електронско


плаќање, со нов модерен интерфејс согласно дизајнот на новиот портал и можност за динамично
формирање на пакети на услуги и можност за нивно користење во определен временски период, со
задржување на постојните функционалности, вклучувајќи и нарачка и плаќање на било која услуга,
испорака на домашна адреса и нови производи

Потреба од нови услуги за дистрибуција на информации и нов начин за нивно користење (од
мобилни уреди, на домашна адреса, на документи кои не се интегрирани со е-потврди), вклучувајќи
усогласување со производите од тарифата на ЦР

35
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

Очекувани влијанија: Нудење на нови услуги, можност за зголемување на приходите, зголемување на


задоволството на корисниците

Приоритет: висок
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: СИТ
Временска рамка: јануари- декември 2021

5.11 Специјализирани обуки

Технологиите во ИТ се менуваат брзо и кадарот мора да се обучува континуирано, а новите


вработени задолжително.

Очекувани влијанија: Подобро обучен кадар, побрзо и поквалитетно завршена работа.

Приоритет: висок
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: СИТ
Временска рамка: јануари- декември 2021

6. Планирани активности за 2021 година на сектор за економско правни работи

6.1 Завршни активности со реновирање на деловниот простор во Централата, СИТ и РРК Скопје

Во 2020 година во Централен регистар е реализирано реновирање на деловниот простор во


канцелариите на Централа Скопје и РРК Скопје и истото е во завршна фаза. Во 2021 година остануваат
одредени завршни активности за реновирање на деловниот простор како и реновирање односно
одредени градежно технички активности во деловниот простор наменет за вработените од Сектор за
информатички технологии и завршни активности на деловниот простор на Централа и РРК Скопје.
Планирана е инвестиција на застарен под и други неколку помали реконструкции во
просториите каде е сместен Секторот за информатичка технологија (во скопската канцеларија) како
преостанат дел од поголемиот зафат што е во завршна фаза од реновирање на канцелариите на ЦРРСМ.

Очекувани влијанија: Подобрување на условите за работа на вработените, подобрување на имиџот на


Институцијата, подобрување на условите за давање на услуги кон корисниците, зголемено задоволство
кај корисниците.

Приоритет:висок
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: СЕПР
Временска рамка: 2021 година

6.2 Воведување на сметководствен систем со повеќе модули во Централен регистар

Воведување на сметководствен систем со повеќе модули во Централен регистар значи


овозможување на поврзаност помеѓу засегнатите ОЕ, точни и брзи информации за деловното работење
на Институцијата, извештаи за донесување на позитивни деловни одлуки од страна на ВР,
воспоставување на редовни контроли, унапредување на планирањето во целост.

36
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

Очекувани влијанија: Евидентна е потребата од унапредување на процесот за финансиско планирање,


контрола и известување. Воедно ЦРРСМ планира да изврши интеграција на овој процес со процесите за
водењето на човечките ресурси и планирањето и спроведувањето на јавните набавки заради контрола и
подобрување во нивното управување. За сега овие процеси не се обедините се водат фрагменитирано и
ризиците од грешки во ваквото управување се зголемени.

Приоритет: висок
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: СЕПР, СВР, СИТ, ОПРМ, ОЧР
Временска рамка: декември 2021

6.3 Редовна санација и одржување на деловниот простор на Централен регистар

Некои од објектите се стари над 30 години. Потребни градежни и занатски интервенции во


голем број РК (подови, ѕидови, врати, санитарни чворови, надворешност: фасадна столарија, врати,
фасада со изолација, греење и ладење и сл.), амортизирани, делумно нефункционални, застарени
електрични инсталации, енергетски неефикасни, големи трошоци за тековно одржување, несоодветни
услови за работа. Непостоење на заземјување и громобранска заштита, кои тешко може да се
реализираат во простории кои се заеднички со други органи/правни лица. Комплицирано и економски
неефикасно отстранување на проблемите од занатски карактер (водовод, електрика, столарија, ладење
и греење). Планирани се редовни активности за техничко одржување на просториите на ЦР .

Очекувани влијанија: Исполнување на барањата на стандардот OHSAS 18001:2007 односно ISO 45001 за
безбедност и здравје при работа, оптимизрање на трошоците за одржување, зајакнување на имиџот на
ЦРРСМ при редовна санација и одржување на деловниот простор во РРК и РК.

Приоритет: среден
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: СЕПР
Временска рамка: 2021 година

7. Планирани активности за 2021 година на одделение за човечки ресурси

Централниот регистар својата дејност ја извршува преку организациона мрежа на 27


Регионални и Регистрациони канцеларии распоредени во скоро сите градови во Републиката. Со
стапување на сила на Статутарната Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Централниот
регистар број 0202-3/39 од 10.11.2020 година (Сл.весник број 275/2020 година), Централниот регистар
својата дејност ќе ја извршува преку организациона мрежа на 27 Регионални и Регистрациони
канцеларии распоредени во скоро сите градови во Републиката. Во поголемите градови организациски
се поставени 12 Регионални регистрациони канцеларии, во чии состав работат 15 Регистрациони
канцеларии.

Заклучно со средина на декември 2020 година во Централниот регистар има вкупно 324
вработени, од кои 7 (седум) вработени се на определено време.

Потребно е да се истакне дека во остварувањето на основната дејност на Централниот регистар,


покрај редовно вработените учествуваат и вработени од НБРМ за кои Централниот регистар до
Декември 2020 година плаќаше за материјални и режиски трошоци 8,911% и за плати 10,078 % согласно
Договор број 73 од 05.01.2006 година, Анекс договор број 770/1 од 01.02.2011 година и Анекс договор
број 770/2 од 20.12.2011 година.

37
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

Квалификациона структура на Централен регистар во 2020 година

РРК/РК ВСП ВШП ССП Осн. обр. Вкупно


Централа и Скопје 113 2 45 4 164
РРК Битола 6 0 11 0 18
РРК Кочани 6 1 5 0 12
РРК Куманово 10 0 9 1 19
РРК Охрид 8 1 10 0 23
РРК Прилеп 5 0 5 0 10
РРК Струмица 7 1 9 0 18
РРК Штип 19 2 10 1 25
РРК Тетово 15 0 10 0 24
РРК Велес 7 0 11 0 21

ВКУПНО: 186 7 125 6 324

При разгледувањето на приказот за квалификационата структура на вработените во ЦР може да се


заклучи дека заклучно со средина на месец Декември 2020 година во Централниот регистар на РСМ се
вработени вкупно 324, од кои 7 се вработени на определено време.

Квалификационата структура на вкупниот број на вработените е следна:


- 186 вработен се со висока стручна подготовка или 57% од вкупниот број на вработени;
- 7 вработени се со виша стручна подготовка или 2 % од вкупниот број на вработени;
- 128 вработени се со средна стручна подготовка или 38 % од вкупниот број на вработени и
- 6 вработени се со основно образование или 2 % од вкупниот број на вработени.
Тенденцијата на ЦР во иднина е подобрување на постојната квалификациона структура на вработените
во институцијата како и вработување на високо стручни кадри.

Возрасна структура на вработени во Централен регистар во 2020

РРК и РК до 29
60 и
од 30 до 39 од 40 до 49 од 50 до 59 повеќе Вкупно

38
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

Централа и
1 Скопје 11 50 49 40 14 164

2 РРК Битола 0 1 1 6 4 12

РК Ресен 0 1 0 0 1 2

РК Кичево 0 2 1 0 0 3

3 РРК Кочани 0 1 3 2 2 8

РК Берово 0 0 0 1 0 1

РК Делчево 0 0 0 1 0 1

РК Виница 0 1 0 0 1 2

4 РРК Куманово 0 6 5 7 0 18

РК Крива Kаланка 0 1 0 0 1 2

5 РРК Охрид 0 1 4 5 3 13

РК Струга 0 1 1 2 0 4

РК Дебар 0 1 1 0 0 2

6 РРК Прилеп 1 2 2 3 1 9

РК М. Брод 0 0 0 1 0 1

7 РРК Струмица 1 4 3 4 2 14

РК Радовиш 0 0 0 0 2 2

РК Валандово 0 0 0 0 1 1

8 РРК Штип 0 5 5 3 6 19

РК Свети Николе 0 0 0 0 2 2

РК Пробиштип 0 0 0 0 1 1

9 РРК Тетово 1 5 5 3 2 16

РК Гостивар 1 3 2 2 1 9

10 РРК Велес 0 3 1 3 3 10

РК Гевгелија 0 0 2 1 0 3

РК Кавадарци 0 0 0 0 3 3

РК Неготино 0 1 0 1 0 2

ВКУПНО: 15 89 85 85 50 324

39
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

Возрасната структура на вкупниот број на вработените во ЦР е следна:


- 15 вработени се до 29 години возраст или 5 % од вкупниот број на вработени;
- 89 вработени се од 30 до 39 години возраст или 28 % од вкупниот број на вработени;
- 85 вработени се од 40 до 49 години возраст или 26 % од вкупниот број на вработени;
- 85 вработени се од 50 до 59 години возраст или 26 % од вкупниот број на вработени;
- 50 вработени се над 60 години возраст или 15 % од вкупниот број на вработени;

Централниот регистар е насочен во инвестирање и зајакнување на кадровскиот потенцијал, а


имајќи предвид дека вработените се највредниот капитал со кој располага, планирано е зголемување на
човечкиот капацитет преку нови вработувања. Зајакнување на капацитетите на човечкиот капитал на
институцијата како основен предуслов за нејзина трансформација во сервисно ориентирана
организација.

7.1 Развој и унапредување на кадри

Стратешка определба на Високото раководство на Централниот регистар е дека и натаму ќе


вложува во унапредување и зајакнување на компетенциите на највредниот капитал на институцијата –
своите вработени. Потребата од инвестирање во надградба на кадровскиот потенцијал на
институцијата, во вид на обуки посета на семинари и друго стручно усовршување на вработените е
најзначајна во процесот на обезбедување на квалитетна и навремена услуга на крајните корисници.
За таа цел редовно се планираат и организираат обуки општи и специјализирани обуки и други
облици (семинари, конференции и стручни советувања) за стекнување на компетенции преку кои се
достигнува планираната цел. Со ова ќе се зголеми и мотивираноста и задоволството кај нашите
вработени. Како дополнителен стимул во насока на задоволството на корисници е грижата за нивното
здравје и безбедност и организирање на систематски прегледи со подобар пакет од досегашните како и
континуирано подобрување на работната средина и условите за работа.
Во текот на 2020 година од страна на Министерството за информатичко општество воопшто не
беше технички овозможено реализирање на генеричките обуки предвидени во Планот за обука на
вработените во ЦР.
Од таа причина во Годишниот план за Обуки на вработените во ЦР покрај специјализираните
обуки од делокругот на работењето на Централниот регистар, планирани се и обуки за личен развој на
вработените и тоа: Управување со конфликти, Развој на емоционална интелигенција, Испорака на врвна

40
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

услуга кон клиенти, Успешна деловна комуникација, Мотивација на вработени, Ефективно лидерство,
Стратегиски менаџмент.

Очекувани влијанија: Ефективно следење и соодветна примена на законски прописи, зголемување на


ефикасноста на работењето, унапредување на процесите, следење на светските трендови како и
унапредување на личниот развој на сите вработени. Реализација на Годишниот план за обуки на
вработените, реализација на заклучоците од спроведената Функционална анализа, дијагностика на
потребите од унапредување на кадрите на ниво на институција и реализација и остварување на
Годишниот план за обуки, реализација на студиски посети во таргетирани регистри и сл.

Приоритет: висок
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: ОЧР и надлежни раководители
Временска рамка: континуирано 2021 година

7.2 Спроведување функционална анализа во Централниот регистар на Република Северна


Македонија како и изготвување на нов Правилник за внатрешна организација и нов Правилник за
систематизација на работните места во Централниот регистар

Во периодот до Јуни 2019 година од страна на работна група формирана од директорот во


Централниот регистар на РМ, беше спроведена Функционалната анализа која претставува анализа на
основните и суштински функции на една организација, односно алатка за управување со промени. Со
Функционалната анализа се изврши скенирање и преглед на моментната состојба во институцијата, а
потоа со анализа на состојбата се дојде до одредени забелешки и препораки и поставување рамка на
сите понатамошни потребни процеси на развој на капацитетите и на управувањето.
Непосредно пред изготвување на овој План, донесена е и Статутарна одлука за изменување и
дополнување на Статутот на ЦР “Сл. весник на РСМ“ број 275/2020 при што се утврди потребата за
промена на Правилникот за внатрешна организација на Централниот регистар , број 01-127/1 од
20.01.2016 година .
Од причините заради кој се јавува потребата за менување на Правилникот за внатрешна
организација , дадените предлози од деталното истражување како и големиот број измени на
Правилникот за систематизација на работните места во ЦР 01-127/2од 20.01.2016 година и измените и
дополнувањата: бр.01-127/7 од 04.02.2016,бр.01-127/9 од 07.03.2016, бр01-1155/3 од 29.07.2016, бр01-
1155/4 од 15.08.2016 ,бр. 01-1155/7 од 10.10.2016 , бр. 01-383/1 од 06.03.2018,бр. 01-677/1 од
20.04.2018, бр. 01-894/1 од 11.06.2018, бр. 01-894/3 од 19.06.2018,бр. 01-1085/1 од 16.07.2018 и бр.01-
1679/2 од 14.09.2018 година, бр. 01-1498/1 од 07.11.2019, бр. 01-1728/1 од 13.12.2019, бр. 01-1243/1 од
10.11.2020., донесени пред и по изготвувањето на оваа Функционална анализа, ја наметнуваат
потребата од донесување на нов Правилник за систематизација на работните места во Централниот
регистар.
Извештајот од оваа анализа содржи конкретни препораки, чијашто имплементација ќе доведе
до конкретни резултати во смисла на подобрување на внатрешните работни процеси во Централниот
регистар, од каде што детално би се образложила и потребата осд изготвување на нови акти и тоа:
Правилник за внатрешна организација и Правилник за систематизација на работните места во
Централниот регистар.

Очекувани влијанија: При деталните истражувања во текот на изготвување на функционалната анализа


работната група ја увиде потребата од промена на дел од организациска структура заради новите
законски надлежности во делокругот на работењето на ЦР. Одовде произлегува потребата од спојување
на дел од организациските единици, реорганизација на работните места заради целосно
допрецизирање и разграничување на работните задачи и обврски како и потребата од изготвување
нови акти по донесување на Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЦР во 2020
година.

Приоритет: среден
Извори на средства: сопствени ресурси

41
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

Надлежност: ОЧР и надлежни раководители


Временска рамка: тековно 2021 година.

7.3 Методологија за мотивирање и наградување на вработените

Заради воспоставување на принцип на реално наградување на вработените за поголема


мотивација (надвор од редовното законско оценување) иако во 2020 година (заради пандемијата) не
беше возможно да се реализира оваа активност, потребно е и во 2021 година да се Формира комисија
за изработка на методологијата за унапредување на методологијата за награда на вработени – со
вклучување во комисијата на вработени од различни нивоа. Со оваа Mетодологија за избор на најдобaр
вработен се дефинираат основни насоки за начинот на постапување при избор на најдобрите вработени
и воспоставување на принцип на реално наградување на вработените за поголема мотивација.

Очекувани влијанија: Зголемена ефикасност во работењето, зголемено ниво на задоволство и


мотивираност кај вработените, исполнување законските обврски и обврските од колективен договор.
Методологијата има за цел да ја зголеми мотивираноста, учинокот и благосостојбата кај вработените и
како краен резултат подобри резултати во работењето.

Приоритет: среден
Извори на средства: сопствени ресурси
Надлежност: ОЧР/во соработка со работна група формирана од Директор
Временска рамка: Ноември 2021, континуирано

8. Акционен план за план за работа на Централен регистар за 2021 година

Акциониот план за планот за работа на Централен регистар на Република Северна Македонија


за 2021 година опфаќа подделеност на активности, месечна динамика за секоја активност обележана
со сина боја, извори на средства за секоја активност и одговорна организациска единица. Финансиските
импликации од планираните активности се прикажани во финансискиот план на Централен регистар за
2021 година како прилог на планот за работа за 2021 година.

Акционен план за реализација на план за 2021 на


Централен регистар
Активност за 2020 Извори на Надлежна
Рок за реализација по месеци во 2021 средства ОЕ
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12
1 Имплементација на Донација СВР, КД,
единствен регистар на ОПРМ
обезбедени
трансакции
2 Централизирана Донација СВР, КД,
регистарска платформа ОПРМ
3 Дигитализација на Сопствени ТР
архивата на ТР и ресурси
Регистар на други
правни лица и
оптимизација на е-
архива и архивата во
хартиена форма на ЦР
4 Превземање на мерки Сопствени ТР
за подобрување на ресурси
рангот на ЦР во
Извештајот на Светска
Банка

42
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

5 Надградба на десктоп Сопствени ТР


и веб апликацијата за ресурси
регистрација
6 Анализа и иницијатива Сопствени ТР
за промена на ресурси
законските прописи
согласно Директивите
на Европска Унија
7 Обука на Сопствени ТР
регистрациони агенти ресурси
(деловни партнери на
ЦР) и физички лица
8 Надградба на Сопствени ТР
регионален ресурси
регистарски портал за
модел за
прекугранична
регистрација на
компании
9 Активности за квалитет Сопствени ОПРМ со
согласно стандард ISO ресурси надлежни ОЕ
9001
10 Активности за заштита Сопствени ОПРМ со
на животната средина ресурси надлежни ОЕ
согласно стандард ISO
14001
11 Активности за заштита Сопствени ОПРМ со
и безбедност на ресурси надлежни ОЕ
вработените согласно
стандардот ISO 45001
12 Одржување на Систем Сопствени ОПРМ
за Безбедност на ресурси
информации според
барањата на ISO
27001:2013
13 Регулирање на Сопствени ОПРМ со
безбедноста на ресурси надлежни ОЕ
деловни информации
на ЦР
14 Регулирање на Сопствени ОПРМ со
класифицирани ресурси надлежни ОЕ
информации во ЦР
добиени од државни
органи
15 Регулирање на заштита Сопствени ОПРМ со
на личните податоци ресурси надлежни ОЕ
во ЦР
16 Воведување на Сопствени ОПРМ
методологија за ресурси
следење и реализација
на планови, цели,
проекти
17 Управување со ризици Сопствени ОПРМ со
во ЦР ресурси надлежни ОЕ
18 Подобрување на Сопствени ОПРМ со
систем за интерна ресурси надлежни ОЕ

43
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

комуникација
19 Развој на нови Сопствени ОПРМ, ОМОЈ
производи ресурси и надлежни
раководител
и
20 Аналитичка обработка Сопствени ОПРМ во
на статистичките ресурси координациј
податоци за услугите и а со
финансиските надлежни ОЕ
показатели на ЦР
21 Нов циклус на Сопствени ОПРМ
заедничката рамка за ресурси
оценка – CAF
22 Исполнување на Сопствени ОМОЈ
маркетинг стратегијата ресурси
на ЦР
23 Одржување на Сопствени ОМОЈ,
содржини на Веб ресурси ОПРМ, КД
страна и Интерен
портал на ЦР
24 Спроведување на Сопствени ОМОЈ, КД
истражувања помеѓу ресурси
целните групи
25 Промоција на Сопствени ОМОЈ,
имплементирани нови ресурси надлежни ОЕ
услуги и производи
26 Поддршка за Сопствени ОМОЈ
корисници преку е- ресурси
маил групите за
корисниците на услуги
на ЦР и контакт форма
27 Интернет Сопствени ОМОЈ, СИТ
дистрибутивен систем ресурси
и Систем за е-потврди
28 Промотивен материјал Сопствени ОМОЈ, СИТ
за проекти ( е-поднеси ресурси
сам, BIFIDEX и
прирачник на ЦРРСМ,,
Сакам до основам
бизнис,, )
29 Публикација за Сопствени ОМОЈ, ОГС
најуспешни фирми ресурси
30 Комуникација со Сопствени ОМОЈ, КД
медиуми ресурси
31 Клипинг сервис Сопствени ОМОЈ
ресурси
32 Набавка на Сопствени СИТ
компјутерска опрема ресурси
33 Обнова на лиценци за Сопствени СИТ
виртуелизација ресурси
34 Обновување на услуги Сопствени СИТ
за поддршка – ресурси
управување со
компјутерска
безбедност

44
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

35 Софтверско решение Сопствени СИТ


за управување со ИТ ресурси
процеси
36 Софтверско решение Сопствени СИТ
за заштита од ресурси
малициозни
софтверски програми и
спам пораки со 3
години поддршка и
лиценци за постоен
систем за управување
со краjни корисници
37 Услуга за издавање на Сопствени СИТ
временски печат ресурси
(100000 транскации)
38 Набавка на услуги – Сопствени СИТ
пенетрациско ресурси
тестирање на
безбедноста на
информациските
системи
39 Набавка на софтверски Сопствени СИТ
лиценци ресурси
(продолжување на
постоечки лиценци за
софтвер за анкети, за
валидација на емаил
адреси (се користи во
сите софтверски
решенија, сертификати
за системите, софтвер
за автоматско
испраќање на емаил
пораки, софтвер за
далечински пристап)
40 Надградба на Сопствени СИТ
Едношалтерскиот ресурси
систем, заедничката
платформа за
отпочнување со
бизнис, вклучувајќи го
системот за размена на
податоци со
институциите, со нови
услуги: интеграција со
УЈП и Царинска управа
за автоматско
добивање на податоци
од Потврди за платени
даноци и царински
давачки, банките
размена на договор и
други документи за
отворање на сметка) и
технолошка надградба
на сите постојни

45
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

сервиси за размена на
податоци (со УЈП и
банките)
41 Надградба на Сопствени СИТ
дистрибутивниот ресурси
систем, системот за е-
потврди и системот за
електронско плаќање,
со нов модерен
интерфејс согласно
дизајнот на новиот
портал и можност за
динамично
формирање на пакети
на услуги и можност за
нивно користење во
определен временски
период, со
задржување на
постојните
функционалности,
вклучувајќи и нарачка
и плаќање на било која
услуга, испорака на
домашна адреса и
нови производи
42 Специјализирани Сопствени СИТ
обуки ресурси
43 Завршни активности со Сопствени СЕПР
реновирање на ресурси
деловниот простор во
Централата, СИТ и РРК
Скопје
44 Воведување на Сопствени СЕПР, СВР,
сметководствен систем ресурси СИТ, ОПРМ,
со повеќе модули во ОЧР
Централен регистар
45 Редовна санација и Сопствени СЕПР
одржување на ресурси
деловниот простор на
Централен регистар
46 Развој и унапредување Сопствени ОЧР и
на кадри ресурси надлежни
раководител
и
47 Спроведување Сопствени ОЧР и
функционална анализа ресурси надлежни
во Централниот раководител
регистар на Република и
Северна Македонија
како и изготвување на
нов Правилник за
внатрешна
организација и нов
Правилник за
систематизација на

46
ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА 2021

работните места во
Централниот регистар
48 Методологија за Сопствени ОЧР/во
мотивирање и ресурси соработка со
наградување на работна
вработените група
формирана
од Директор

9. Прилог на План за работа на Централен регистар на Република Северна Македонија за 2021 година

47

You might also like