You are on page 1of 51

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.

КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА


ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА
ОТСЕК ЗА СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ

МОДЕЛ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЕДИНСТВЕНА


МИНИМАЛНА ЦЕНА НА ОБУКА ВО АВТО ШКОЛИТЕ
КАКО УСЛОВ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ

МАГИСТЕРСКИ ТРУД

СТУДЕНТ: РИСТЕВСКИ ЗОРАН

Насока: СООБРАЌАЈНО ТРАНСПОРТНО ИНЖЕНЕРСТВО

БИТОЛА, 2013
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА
ОТСЕК ЗА СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ

МОДЕЛ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЕДИНСТВЕНА МИНИМАЛНА


ЦЕНА НА ОБУКА ВО АВТО ШКОЛИТЕ КАКО УСЛОВ ЗА
БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ

МАГИСТЕРСКИ ТРУД

ПРЕДМЕТ: ТРАНСПОРТНА ЕКОНОМИКА

МЕНТОР: Вонр. проф. д-р ВЕРИЦА ДАНЧЕВСКА

СТУДЕНТ: РИСТЕВСКИ ЗОРАН

Насока: СООБРАЌАЈНО ТРАНСПОРТНО ИНЖЕНЕРСТВО

БИТОЛА, 2013
СОДРЖИНА

АПСТРАКТ .......................................................................................................... 4
1. ВОВЕД........................................................................................................ 9
2. ОПШТО ЗА АВТОШКОЛИТЕ
2.1. Општи одредби за работа на автошколите
2.2. Критериуми за работа на автошколата
2. 3. Начин на добивање на возачка дозвола
2.3.1. Услови за добивање на возачка дозвола
2.3.2. Видови и категории возачи
2.3.3. Постапка за добивање на возачка дозвола
3. АНАЛИЗА НА ТРОШОЦИТЕ ВО АВТОШКОЛИТЕ
3.1. Постојани и променливи трошоци
3.2. Пресметка на амортизација на канцелариска опрема и опрема
за училница
3.3. Пресметка на амортизација на возилата
3.4. Материјални трошоци за моторното возило
3.5. Трошоци за гориво
3.6. Трошоци за масло и мазиво
3.7. Трошоци за пневматици (гуми)
3.8. Одржување на хигиена на возилото
3.9. Одржување на техничката исправност на возилата
3.10. Трошоци за личен доход
3.11. Трошоци за Данок на додадена вредност
4. ЦЕНА НА ОБУКА НА КАНДИДАТИ ЗА ВОЗАЧИ ЗА „Б“
КАТЕГОРИЈА ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ
4.1. Цена на обука на кандидати за возачи за „Б“ категорија во
Република Србија
4.2. Цена на обука на кандидати за возачи за „Б“ категорија во
Република Хрватска
4.3. Споредба на цените за обука и полагање на кандидатите за
возачи за „Б“ категорија во Р. Македонија, Р Србија и Р.
Хрватска
5. МОДЕЛ НА ТРОШОЦИ ВО АВТОШКОЛА
5.1. Формирање на цена на обука за „Б“ категорија
6. ПРЕСМЕТКА НА ТРОШОЦИТЕ ВО АВТОШКОЛАТА СПОРЕД
МОДЕЛОТ И МОМЕНТАЛНИТЕ ЦЕНИ
6.1. Трошоци за просторија за прием на кандидати за возачи и за
работа на стручниот раководител
6.2. Трошоци за просторија за изведување на теоретска настава
6.3. Пресметка на трошоци за амортизација на возилата
6.4. Материјални трошоци за моторното возило
6.5. Трошоци за гориво
6.6. Трошоци за масла и мазива
6.7. Трошоци за пневматици ( гуми)
6.8. Одржување на хигиена на возилото
6.9. Трошоци за личен доход
6.10. Трошоци за Данок на додадена вредност
6.11. Вкупни трошоци во автошколата
6.12. Трошоци за основачки влог за формирање на автошкола
6.13. Трошоци за инвестициони вложувања
7. УТВРДУВАЊЕ МИНИМАЛНА ЦЕНА НА ОБУКА
7.1. Сегашна состојба на цена за обука на кандидати за возачи во
автошколите во Република Македонија
8. ЗАКЛУЧОК
9. НАСОКИ ЗА НАТАМОШНИ ИСТРАЖУВАЊА
10. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
АПСТРАКТ

Според законските одредби, за почеток со работа, една авто школа


треба да исполнува низа услови. Треба да има најмалце две возила со вградени
двојни команди за обука на кандидати за возачи, најмалце двајца возачи –
инструктори вработени на неопределено време, еден управител со завршен
VII-1 степен образование и да поседува дозвола за возач – инструктор, кој
воедно може да ја изведува и теоретската настава, просторија за прием на
кандидатите за возачи, просторија за управителот на авто школата, училница
со најмалку 16 седишта за теоретска настава опремена со нагледни средства,
полигон за почетно подготвување, разна документација и друго.
Сите овие услови за работа на автошкола, бараат големи постојани
трошоци, кои автошколата треба да ги наплати од кандидатите за возачи.
Колкави ќе бидат променливите трошоци, зависи од степенот на
експлоатација на возилата и објектите кои се користат.
Најголеми променливи трошоци во авто школата се трошоците за
гориво, масла, гуми, одржување на моторните возила, амортизација на
моторните возила и слично.
Просечниот работен век на едно возило е четири години. После тој
период, заради амортизираност и дотраеност на возилото, тоа се исклучува од
употреба и се набавува ново. Цената на чинење на ново возило скоро секаде
во светот е иста, цената на горивото, маслата и гумите се скоро исти, а цената
на чинење на обуката е различна. Поточно, во Република Македонија е скоро
најниска од сите Држави во цела Европа а и пошироко. Се поставува
прашањето:
 Зошто во Република Македонија, цената за обука е ниска во споредба
со останатите земји?
 Дали е во прашање конкурентноста на пазарот?
 Дали е доволно реално утврдена и нема потреба да биде поголема?
 Дали има некои причини зошто не е поголема?
 Дали цената за обука влијае врз безбедноста во сообраќајот?
За овие прашања, нема официјални одговори од страна на овластени лица,
затоа што не се запрашале. Секогаш се критикуваат автошколите за несовесно
спроведување на обуката што е главна причина за намалувањето на
безбедноста во сообраќајот.
За да се решат овие проблеми, потребно е вреднување на трудот, и
утврдување на цена според трудот и трошоците од страна на Министерството
за внатрешни работи.
Трошоците кои ги плаќа кандидатот за возач, не се само трошоците за
обука кои се плаќаат во автошколата. Мора да поседува уверение за
здравствената способност, која се плаќа во Здравствените установи, да
поседува потврда за посетена настава за Прва помош при сообраќајна незгода
која се реализира и наплатува во Црвениот крст, трошоци за полагање на
возачкиот испит кој се плаќаат во испитните центри. Сите овие трошоци се
околу 43% од вкупните трошоци за возачка дозвола. Споредено со останатите
земји од Европа, цената на сите овие дополнителни трошоци се околу 10% од
вкупните трошоци на кандидатот за возач. Затоа, цената на обука не може да
се корегира, а со тоа и квалитетот на услуга е на ниско ниво, што резултира со
намалување на безбедноста во сообраќајот.
APSTRACT

According to the legal regulations, in order to initiate its working, a driving


school should fulfill a scope of conditions. It should have at least two vehicles with
integrated double commands for candidates’ driving training, at least two drivers
instructors employed on indefinite period, a manger with completed VII-1 level of
education and to own a driving permit –instructor who at the same time can perform
theoretical lessons, room for reception of the candidates for drivers, room for the
manager of the driving school, classroom with at least 16 seats for theoretical lessons
equipped with surveillance assets, polygon for initial preparation, different
documentation and other.
All these conditions for the work of the driving school request permanent
expenses which the driving school has to charge by the candidates for drivers.
How high would the changeable expenses be, depends on the level of the
exploitation of the vehicles and the objects which will be used.
The largest changeable expenses in the driving school are the fuel expenses,
oil, tires, maintenance of the motor vehicles, amortization of the motor vehicles and
similar.
The average working period of a vehicle is four years. After that period, due to
amortization and the exhaustion of the vehicle, it is excluded from use and a new one
is supplied. The cost price of new vehicle is almost the same all around the world, the
fuel price, the oil and tires are almost the same and the price of the training is
different.
Namely, in the Republic of Macedonia it is almost the lowest from all the
states around the Europe and even wider. It is set the issue: Why the price of the
training in Republic of Macedonia is lower compared to the other countries ? Is it
the competitiveness of the market? Is it really confirmed and there is no necessity to
be higher? Are there any reasons why it should not be higher? Does the training price
influence to the traffic security? For all these issues there are no official answers by
the officials because they were never asked. The driving schools are being criticized
for unconscious conduction of the training, which is the main reason for the reduction
of the safety in the traffic.
In order to solve these problems, it is necessary evaluation of the labor and
confirmation of a price according to the labor and the expenses by the Ministry of
Internal Affairs.
The expenses which are paid by the candidate for a driver are not only the
training expenses which are paid in the driving school. There has to be a certificate for
the health capability which is paid at the health institutions, a confirmation of
attended classes of first aid at traffic accident has to be possessed, which is realized
and charged at the organization of the Red Cross, the expenses for taking of the
driving exam which are charged at the examination centers. All these expenses are
about 43% of the overall expenses for a driving license. Compared to the rest of the
countries in Europe the price of these additional expense are about 10% of the overall
expenses of the candidate for a driver. That is why the price for a training can not
corrected and by that the service quality is on a low level which results with the
reduction of the traffic safety.
1. ВОВЕД

Сообраќајот воопшто и патниот сообраќај посебно, како општествена


дејност и како стопанска гранка, се карактеризира со современ начин на
живеење и работа. Пошироко под поимот сообраќај се подразбира секое
движење како и пренесување луѓе, добра, вести или енергија од едно на друго
место.
Сообраќајот е една од најважните потреби и перспективи на човекот во
светски рамки. Патниот сообраќај е база и елементарен фактор на човековата
егзистенција. Современиот развој подразбира соодветна сообраќајна култура,
наобразба и укажува на потребата од адекватен пристап за едукација и
совладување на материјата за безбедно учество во патниот сообраќај.
За да сообраќајот на јавните патишта се одвива безбедно и
експедитивно, за да се спречи опасноста за учесниците во сообраќајот, како и
за унапредување на сообраќајот на јавните патишта, потребно е доследно
придржување кон важечките прописи. За таа цел, со Закон за безбедност во
патниот сообраќај се утврдени мерки за безбедност, услови и правила за
одвивање на сообраќајот. Со овој закон се утврдуваат и останатите услови за
стекнување право за управување со моторни возила и основни услови на кои
мора да одговараат возилата во сообраќајот. Исто така, со него се утврдуваат и
основите за оспособување на кандидати за возачи и полагањето на возачкиот
испит.
Школувањето или обучувањето на кандидатите за возачи на моторни
возила треба да се организира на таков начин да кандидатите ги научат и
усвојат правилата во сообраќајот, етиката, техниката на управување со
моторно возило како и да стекнат и други знаења и вештини потребни за
безбедно учество во сообаќајот.
Оспособувањето на кандидатот за возач може да се изврши во било
која авто школа во Република Македонија, независно од местото на живеење.
Полагањето на испитот се врши во местото на живеење или во местото на
привремен престој доколку кандидатот во тоа место престојува повеќе од 6
месеци поради работа или школовање.
Авто школата, за да отпочне со работа, потребно е да ги исполни
следните законски предуслови:
 посебна просторија за прием на странки опремена со адекватен мебел,
 училница за изведување на теоретската настава, опремена со клупи,
столови, нагледни средства, помагала, уреди за успешно совладување
на теоретскиот дел,
 поседува сопствен или изнајмен полигон за обука на возачи,
 моторни возила за категориите за кои оспособува кандидати за возачи
и најмалку две патнички моторни возила за категоријача „Б“
 вработено најмалку два возачи- инструктори, за оспособуваље на
кандидати,
 предавач за теоретска настава
Во Република Македонија, со почетокот на транзицијата и
приватизацијата, започнаа да се приватизираат државни институции или
отвораат нови приватни фирми. Овој процес на приватизација ги опфати и
институциите за обука на возачи, со што отпочна и процесот на отворање на
приватни авто школи.
Но, за да може една авто школа успешно да работи и долго опстојува,
потребно е често да се прават финансиски анализи дали има оправдување за
понатамошно работење или не е исплатливо да се продолжи со таква дејност.

Фактори од кои директно влијае степенот на безбедност на сообраќајот


се возачот, возилото, патот и патните објекти, сообраќајната едукација на
населението, навиките и друго.
Уште во градинките, децата се едуцираат за сообраќајот како да ја
поминат улицата, кои се опасностите од невнимателно преминување на
улицата и слично. Во основното образование, таа едукација продолжува на
повисоко ниво, со изучување на дел од сообраќајот, кој е доволен за возраста
на учениците. Се подготвуваат соодветни тестови за познавање на
сообраќајните правила и прописи, претежно за велосипедисти како учесници
во сообраќајот, се организираат разни такмичења за сообраќајот и слично. Во
средните училишта, повеќе се изучува сообраќајот во некои од предметите, а
воедно се организираат натпревари од областа на познавањето на
сообраќајните правила и прописи, како и вешто управување со велосипеди и
мотоцикли.
Како последен степен на сообраќајно образование е теоретската и
практичната настава во автошколите, каде кандидатите за возачи детално се
запознаваат со правилата и прописите во сообраќајот и вештинита за
управување со моторно возило.
Се поставува прашањето: Колку авто школите во Република
Македонија, се способни да ги подготват кандидатите за возачи за безбедно
учество во сообраќајот?
За да се одговори на ова прашање, постојат многу фактори кои влијаат
на способноста на авто школите за успешно подготвување на кандидатите за
активно учество во сообраќајот, каде што ќе можат самостојно и непречено да
управуваат со моторни возила и ќе допринесат за безбедноста на самите себе и
на сите оние кои се учесници во сообраќајот.
Успешноста за едно претпријатие да можи да опстојува, зависи од
внатрешната организираност во самото претпријатие, како и од надворешните
фактори како што се политичките, општествените, економските и
технолошките.
Политички фактори кои влијаат врз работењето на авто школите се
правилата кои се наметнуваат од страна на Министерството за внатрешни
работи, како услови за работа на авто школите.
Општествените фактори се навиките и потребите на населението за
возачка дозвола. Зголемувањето на потребите за користење на моторни
возила, резултира со зголемување на потребата од возачка дозвола.
Економските фактори директно влијаат врз работењето на сите
претпријатија, меѓу кои и авто школите. Платежната способност на
населението, висината на цените на материјалните средства кои се неминовни
во авто школите, обврските кои се наметнуваат со правилниците за авто
школите и друго, директно влијае врз успешноста за опстојување на авто
школа, но и за целосно реализирање на наставната програма според
правилникот за обука и полагање на кандидати за возачки.
Технолошките фактори се оние кои друштвото ги наметнува како
потреба во претпријатијата за целосно и квалитетно реализирање на
програмата. Во нив спаѓаат видовите на моторни возила кои авто школата ги
користи за реализирање на практичната настава, информатичката технологија
која се користи за теоретската настава, нагледните средства и слично. Со
развојот на технологијата, која допринесува за поквалитетно и полесно
совладување на целите во едно претпријатие, во авто школите се јавува
потреба за имплементација на нови технологии. Тоа придонесува за
зголемување на квалитетот на наставата во авто школите, но и зголемување на
материјалните трошоци.
Економските фактори може да се каже дека се највлијателни за
одржливоста на авто школите. Платежната моќ на населението во овој период
е се помала, а потребите за возачка дозвола е се поголема. При тоа се
поставуваат следните прашања:
 Дали пазарната цена за обука во авто школите влијае врз квалитетот на
обука на кандидатите за возачи?
 Колкави се вкупните трошоци во авто школите?
 Колкава е цената на едно моторно возило кое за четири години
потполно се амортизира и дали авто школата има моќ после четири
години да набави ново возило како замена за амортизираното?
 Колку возила мора да поседува една авто школа за да почне со работа?
 Колку вработени мора да има за да може да почне со работа?
И уште многу други прашања се поставуваат за кои тешко е да се најде
одговор.
2. ОПШТО ЗА АВТОШКОЛИТЕ
2.1. Општи одредби за работа на автошколите
Според Правилникот за критериумите и начинот на работа на
автошколите, ( Сл. весник на Р М бр. 164 од 2010 год.), секоја автошкола
треба да располага со:
1. Соодветно уреден простор за прием на кандидати за возачи и за
работа на стручниот раководител на автошколата.
2. Соодветно опремена просторија за изведување на теоретска настава
3. Наставни средства и помагала, информатичка опрема за
спроведување на наставната програма.
4. Сообраќаен автодром ( полигон)
5. Најмалку две возила за „Б“ категорија
6. Стручен кадар – најмалку двајца возачи – инструктори и наставник
по теоретскиот дел од обуката кој воедно може да биде и стручен
раководител.

2.2. Критериуми за работа на автошколата

За оспособување на кандидатите за возачи, автошколата треба да


обезбеди:
1. Просторија за прием на кандидати за возачи и за работа на стручниот
раководител на автошколата, која треба да е опремена со биро, столици,
компјутер, масичка, мебел за документи и друго.
2. Просторија за изведување на теоретска настава, која е опремена со клупи и
столчина за најмалце 16 кандидати, една работна маса, една училишна табла и
друг училишен прибор, техничка опрема со можност за истакнување на
цртежи и прикажување на филмови и анимации.
3. Наставни средства и помагала за спроведување на наставната програма кои
треба авто школата да ги поседува се:
1. Шема на сообраќајни знаци, ознаки на коловозот и знаци кои во
сообраќајот ги дава униформиран полициски службеник.
2. Шеми, цртежи, фотографии и други помагала за објаснување на
правилата на сообраќајот, сообраќајни ситуации и елементи на патот, кои
можат да бидат и во електронска форма.
3. Модели или шеми на уредите на моторните возила што се од
значење за безбедноста на сообраќајот на патиштата, кои можат да бидат и во
електронска форма.
4. Комплет на пропишана опрема на возилата од соодветната
категорија.
5. Шеми, цртежи, фотографии, филмови, информатичка опрема, уреди
за видеопрезентација, телевизор, графоскоп и други технички уреди за
изведување на наставата.
6. Потребна стручна литература од областа на прописите за
безбедноста на сообраќајот на патиштата за оспособување на кандидати за
возачи и за стручно усовршување на возачи – инструктори.
7. Сообраќаен автодром ( полигон) за почетно оспособување на
кандидати за возачи, кој може да биде во сопственост на авто школата или под
закуп.
8. Авто школата треба да има најмалку две моторни возила од „Б“
категотрија кои се во сопственост на автошколата, опремени со двојни ноќни
команди, технички исправни и регистрирани во Р Македонија.
9. Стручниот кадар во автошколата го сочинуваат: стручен
раководител, кој воедно е и наставник по наставна програма за сообраќајни
правила и прописи ( теоретски дел) и најмалку двајца возачи – инструктори од
категоријата „Б“ за спроведување на наставната програма за управување со
возило ( практичен дел).

2. 3. Начин на добивање на возачка дозвола

Во патниот сообраќај со возило на моторен погон, самостојно може да


управува само она лице на кое му е издадена возачка дозвола, странска
возачка дозвола или меѓународна возачка дозвола. Помагалата што се
запишани во возачката дозвола задолжително треба да се употребуваат додека
се управува со моторното возило.
Возачката дозвола е јавна исправа која дава право за управување со
моторно возило или трактор, и тоа за оние категории возила кои се наведени
во дозволата.

2.3.1. Услови за добивање на возачка дозвола

Услови за стекнување на возачка дозвола се: телесна и душевна


способност, пропишана возраст и потребно знаење и вештина за управување
со моторно возило.
Услови за полагање на возачки испит се: наполнати 18 години старосна
возраст за категориите А, Б и Ц; односно 21 годишна возраст за категоријата
Д; за возачите на трактор, работна машина и мотокултиватор како и
моторцики со работна зафатнина до 125 см 3, наполнати 16 години ; за
велосипеди со мотор наполнати 14 години.
Возачката дозвола се издава по барање на секое лице што сака даја
има.Кон барањето треба да се приложи:
1. Лекарско уверение во оргинал со кое се утврдува дека подносителот
на барањето за издавање на возачка дозвола е душевно и телесно способен да
управува моторно возило.Уверението не смее да е постаро од 1 година.
2. Уверение за положен испит за управување со моторно возило, за
онаа категорија за која се поднесува барањето.
Возачката дозвола е јавна исправа што овозможува право на
управување на сите, или пак само на одделни категории на моторни возила,
зависно од тоа кои категории се внесени во неа и тоа во време на нејзина
важност, што во секоја возачка дозвола е посебно назначено.Возачот е должен
секогаш кога со моторното возило управува, даја носи возачката дозвола со
себе и по барање на овластеното службено лице истата даја покаже.

2.3.2. Видови и категории возачи

Возачите согласно Законот за безбедност во патниот сообраќај се


распоредува во следните категории:
Во „А" категорија спаѓаат моторцикли со приколка, или без неа чија
вкупна запремнина на моторот не преминува 125 cm3 и моторно возило со три
тркала, чија тежина не преминува 400 кг.
Во „Б" категорија спаѓаат моторни возила, освен возилата од „А"
категорија, чија најголема дозволена тежина не надминува 3500 кг и чиј број
на седишта со исклучок на седиштето на возачот не е поголем од 8 седишта.
Во „Ц" категорија спаѓаат моторни возила за превоз на товар чија
најголема дозволена тежина е над 3500 кг.
Во „Д" категорија спаѓаат моторни возила за превоз на лица, кои покрај
седиштето на возачот и.маат повеќе од 8 седишта.
Во „Е" категорија спагаат групи возила чии влечни возила спаѓаат во
категориите „Б" , „Ц" или „Д", а приклучните возила имаат маса поголема од
750 кг.
Со право за управување со моторни возила од категоријата „Д'\ може да
се здобие возач кој и.ма право да управува со моторно возило од категоријата
„Ц":
 ако поминал најмалку две години во практично управување со
моторно возило од категоријата „Ц"
 ако во практично управување со моторни возила од категориите „Б" и
„Ц“ поминал најмалку три години.

2.3.3. Постапка за добивање на возачка дозвола

На сликата 1 е прикажана графички постапката за добивање на возачка


дозвола од запишување на кандидатите во автошколата па се до крај, односно
кога кандидатот ќе го положи последниот дел од испитот и му се издава
уверение за положен возачки испит. Од алгоритмот кој е прикажан на сликата
потоа ќе биде објаснета целата постапка како и сите активности што
произлегуваат.
Запишување

Лекарско
Пробен уверение Потврда за
тест прва помош

Не Обука на
Теоретска кандидати
настава

способен

Да

Не
Теоретски

Да Т>1 год

Не

Полигон

Да Тр>1год

Не

Градска

Уверение за положен
возачки испит

Слика 1. Алгоритам на постапка за добивање на возачка дозвола


3. АНАЛИЗА НА ТРОШОЦИТЕ ВО АВТОШКОЛИТЕ

3.3. Постојани и променливи трошоци

Трошоците можат да се поделат на постојани и променливи. Постојани


трошоци се оние кои се присутни во претпријатието независно од обемот на
работа на истото, како што се амортизација на средствата за работа, личен
доход и придонеси за вработените, регистрација и одржување на моторните
возила, трошоци за електрична енергија, телефон и слично.
Променливите или варијабилни трошоци се оние трошоци кои
директно зависат од обемот на работа на претпријатијата и тие се трошоци за
гориво, мазива и масла за подмачкување на возилата, трошоци за тековно и
инвестиционо одржување на возилата, гуми, данок на додадена вредност и
слично.
Според економската суштина, трошоците во секое претпријатие можат
да се поделат на:
 трошоци за амортизација,
 материјални трошоци,
 трошоци за личен доход и
 трошоци за даноци и такси.
Во автошколите, трошоците за амортизација опфаќаат:
- амортизација на возилата за обука на кандидати за возачи
- амортизација на основните средства за опрема на просторијата за
прием на кандидати за возачи
- амортизација на основните средства за опрема на училницата за
теоретска настава на кандидатите за возачи.

Материјалните трошоци можат да се поделат на:


- закупнина на просторија за прием на кандидати за возачи
- закупнина на просторија за теоретска настава на кандидати за возачи
- закупнина на полигон за почетно оспособување на кандидати за
возачи
- трошоци за гориво
- трошоци за мазиво
- трошоци за пневматици
- трошоци за регистрација на возилата
- трошоци за одржување на техничката исправност на возилата
- трошоци за одржување на хигиена на возилата

Трошоците за личен доход се вкупните бруто трошоци за личен доход


на вработените во автошколите, кои според Правилникот за работа, во
автошколата мора да се вработени на неопределено работно време најмалце
двајца воачи – инструктори со завршено специјалистичко образование V
степен возач – инструктор и најмалце еден наставник по теоретска настава со
завршен VII – 1 степен високо образование – Сообраќаен факултет,
Педагошки факултет, Факултет за Безбедност или Полициска Академија кој
воедно може да биде и раководител, кој има и V степен специјалистичко
образование – возач инструктор за било која категорија.

3.4. Пресметка на амортизација на канцелариска опрема и


опрема за училница

Според потребите, во просторијата за прием на кандидати за возачи и


за работа на стручниот раководител на автошколата, неопходна е следната
опрема:
1. Работна маса
2. Стол
3. Ормар за документи
4. Компјутер и печатар
5. Столчиња за кандидати за возачи
Просторијата за изведување на теоретска настава ( училница), треба да
биде соодветно опремена за да обезбедува услови за изведување на теоретска
настава за најмалце 16 кандидати за возачи. Според тоа, училницата треба да
биде опремена со:
1. 17 столчиња
2. 8 клупи
3. Работна маса
4. Училишна табла
5. Шеми, цртежи и други наставни помагала
Амортизацијата на овие основни средства се пресметува годишно и
книговодствено се отпишува нивната вредност за период од 5 години, освен
компјутерот и печатарот, кои потполно се отпишуваат од вредност за 2
години.
Амортизацијата на основните средства за канцелариска опрема и
опрема за училница се пресметува според:
PKO
AKO  (1)
g

каде:
Ako - годишен износ на амортизација на канцелариска опрема и
опрема за училница
Pko - почетна вредност на основните средства – опремата за
канцеларија и училница
g – број на години на корисно физичко траење на основните средства.

3.5. Пресметка на амортизација на возилата

Автошколата треба да поседува најмалку две возила за „Б“ категорија.


Амортизацијата на возилата може да се пресметува на два начини и тоа:
според бројот на поминати
километри во текот на една година и за период од една година независно од
бројот на поминати километри.
Во автотранспортните претпријатија, амортизацијата се пресметува во
зависност од бројот на поминати километри во текот на една година. Возилото
во целост ја губи својата вредност за период од 5 години. Ако возилото во
текот на годината помине помалце од 60 000 km, амортизацијата се
пресметува независно од бројот на поминати километри, затоа што такво
возило претежно се користи локално и нема можност да помине повеќе од
60000 km. Доколку возилото помине повеќе од 60 000 km, тогаш
амортизацијата се пресметува во зависност од бројот на поминати километри.
Во автошколите, карактерот на работењето е таков што возилата не
можат да поминат 60 000 km во текот на една година, а имаат голем број на
работни часови. Затоа, амортизацијата се пресметува на годишен период, без
оглед на поминатите километри. Карактеристично е што за оваа дејност,
возилата се амортизираат побрзо од останатите и заради одржувањето на
зголемена безбедност во сообраќајот, возилото потполно ја губи својата
почетна вредност за поминати 4 години експлоатација.
Амортизација на возилата во автошколите се пресметува според:
PV
AV  (2)
g

каде:
AV - амортизација на возилата од автошкола за една година

PV - почетна вредност на возилото

g - број на години на корисно физичко траење на возилото.


Почетната вредност на возилото е зголемена со цената за поставување
на двојни команди, што е задолжително за овие возила и А – тест за
направените измени.

3.6. Материјални трошоци за моторното возило


Материјалните трошоци за моторните возила во автошколите се делат
на постојани и променливи. Постојани трошоци се задолжителната годишна
регистрација на возилото и задолжително осигурување, а според Законот за
Безбедност во сообраќајот на Република Македонија, овие возила
задолжително се упатуваат на вонреден технички преглед за проверка на
техничката исправност на возилото на секои 6 месеци. Променливи трошоци
за возилото во автошколите се трошоците за гориво, масла и мазива, гуми,
техничко одржување и чистење.

3.7. Трошоци за гориво

Според Правилникот за работа на автошколите, инструкторот во текот


на еден работен ден има право да реализира 8 наставни часа практична
настава. После два наставни часа или 90min, следува задолжителен одмор од
45 min. Вкупното работно време на инструкторот заедно со одморите кои мора
да ги искористи, е 495 min или 8 часа и 15 минути. Тоа значи дека со едно
возило работи само еден инструктор, односно скоро е невозможно со едно
возило да работат двајца инструктори.
За време од еден мото час, возилото просечно троши 1 l гориво и
поминува 10 km.
Во текот на една година, на пример во текот на 2012 година, според
параметрите за пресметка на личен доход издадени од УЈП на Р Македонија,
има вкупно 261 работни денови. Во текот на годината, инструкторот има
право на годишен одмор од 20 работни денови, што значи дека во текот на
2012 година инструкторот има вкупно 241 работни денови. Тоа значи и дека
возилото во текот на 2012 година ќе има 241 работни денови. Секој ден со
возилото се реализираат по 8 мото часови, што значи за една година со едно
возило ќе се реализираат 1 928 мото часа.
Количеството на потрошено гориво за една година за едно возило ќе
биде:
TG  1928  1l  C G  1928  C G (3)
каде:
TG - трошоци за гориво

C G - цена на 1l гориво

3.8. Трошоци за масло и мазиво

Моторното масло за подмачкување моторот на возилото, потребно е да


се менува на поминати 6 000 km, или најмалку два пати во текот на една
календарска година, во зависност од степенот на експлоатација на возилото.
Возилото во автошколата поминува по околу 10 km за време од еден
мото час. Со едно возило во текот на една календарска година може да се
реализираат најмалце 1 928 мото часа, т.е за една година возилото би
поминало најмалце 19 280 km. Мора да се напомене дека дел од практичната
настава се изведува на полигон, каде возилото нема да забележи поминати
километри, а има работни саати.
Според бројот на поминати километри, потребно е најмалце 3,2,
односно 3 менувања на моторно масло. За една промена на моторно масло на
возилото се потребни 4 l моторно масло. Вкупно за една година, возилото ќе
потроши 12 l масло и 3 филтери за масло.
Трошоците за моторно масло за едно возило во текот на една година ќе
биде:
TM  12  C M  3  C FM (4)
каде:
TM - трошоци за моторно масло за една година

C M - цена на 1 l моторно масло

C FM - цена на 1 филтер за масло

3.9. Трошоци за пневматици ( гуми)

Заради карактеристиката на експлоатацијата на моторните возила,


пневматиците имаат побрзо истрошување и деформирање, што бара почеста
замена за нови.
Според статистичките податоци, еден пневматик просечно може да
помине 15 000 km со овој режим на експлоатација.
Потрошувачката се пресметува за четирите пневматици, а за
резервниот пневматик не се пресметува амортизација и трошок.
Според бројот на поминати километри во текот на една година,
19280km, потребно е во текот на една година најмалце едно заменување на
пневматиците со нови, односно едно возило потполно ќе потроши најмалце 4
пневматици.
Вкупните трошоци за пневматици во текот на една година за едно
возило се:
TP  4  C P (5)
каде:
TP - трошоци за пневматици за едно возило

C P - цена на еден пневматик


3.10. Одржување на хигиена на возилото

Возилото како основно средство за работа на автошколите, претставува


и работно место на возачот – инструктор. За непречено и безбедно изведување
на практичниот дел од обуката за возачи, возилото треба да биде чисто,
проветрено и исправно во секое време. За да се постигни тоа, возилото треба
да се чисти најмалце два пати во текот на една недела.
Во текот на една година, трошоците за чистење на едно возило се:
T AP  52  2  C AP  104  C AP (6)
каде:
T AP - трошоци за автоперална

C AP - цена за едно чистење на возилото во автоперална.

3.11. Одржување на техничката исправност на возилата

Возилото мора во секое време да биде технички исправно. Затоа, често


се прават проверки на возилото за навремено заменување на дотраените и
оштетени делови. Додека возилото е поново, трошоците за негово одржување
се помали, а колку возилото повеќе остарува, трошоците за негово одржување
се зголемуваат.

3.12. Трошоци за личен доход

Просечниот бруто личен доход во Р Македонија во текот на 2012


година е 30 591,00 денари.
Во приватниот сектор, просечната бруто плата за работници со висока
стручна спрема и работници со специјалистичко образование, како што се
возачите – инструктори, е 20 000,00 денари.
Во автошколите, на неопределено време потребно е да бидат вработени
еден стручен раководител со висока стручна спрема кој воедно може да биде и
наставник по теоретскиот дел од обуката, но, за тоа работно место има
ограничување со тоа што во обзир влегуваат Сообраќаен факултет, Факултет
за Безбедност, Педагошки факултет и Полициска Академија. Возачите
инструктори треба да имаат завршено V степен специјалистичко образование
– возач инструктор.
Заради степенот на образование и важноста на возачите инструктори
кои се и носители на дејноста на автошколата, висината на личниот доход е
еднаков за сите вработени.
Во текот на една година, трошоците за личен доход за вработените се:
TLD  12  3  LD  36  LD (7)
каде:
TLD - трошоци за бруто личен доход

LD - бруто личен доход за еден вработен.

3.13. Трошоци за Данок на додадена вредност

Според Законот за Данок на додадена вредност, претпријатијата чии


дејности се поврзани со образование, не се даночни обврзници, освен
автошколите и тоа за обука за „А“ и „Б“ категорија. Според тоа, автошколите
кои изведуваат обука за овие две категории на возачи кои се сметаат за
аматерски категории, имаат обврска да плаќаат Данок на додадена вредност
(ДДВ), а за „Ц“, „Д“ и „Е“ категорија, кои се сметаат за професионални
категории, не се плаќа ДДВ.
Даночната стапка за „А“ и „Б“ категорија е 18% од цената на обуката,
која има можност за повраток. Тоа значи дека сите материјални трошоци кои
ги има автошколата за обука за овие две категории, има право да ги поврати со
плаќањето на данокот.
DDV  C O  0,1525  TM  0,1525 (8)
каде:
DDV - данок на додадена вредност
C O - цена на обука за „А“ или „Б“ категорија

TM - вкупни материјални трошоци.


ДДВ може да биде со позитивен или негативен предзнак, што зависи од
големината на материјалните трошоци во автошколата, односно од сумата која
се повраќа со Данокот на додадена вредност.
4. ЦЕНА НА ОБУКА НА КАНДИДАТИ ЗА ВОЗАЧИ ЗА „Б“
КАТЕГОРИЈА ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ

4.1.Цена на обука на кандидати за возачи за „Б“ категорија


во Република Србија

Како споредба за цената на обука за кандидати за возачи за „Б“


категорија, земени се Република Србија, Република Хрватска и Република
Босна и Херцеговина. Причина зошто овие држави се земени како споредбени
е сличната или иста програма за обука на овие кандидати за возачи.
Во Република Србија, според програмата за обука на кандидати за
возачи за „Б“ категорија планирани се 40 часа теоретска настава и 40 моточаса
практична настава. Правилникот за работа на автошколите е скоро ист со
Правилникот за работа на автошколите во Република Македонија.
За зголемување на безбедноста во сообраќајот и за придржување на
автошколите кон тој Правилник, Министерството за Внатрешни Работи на
Република Србија донесе ценовник на најмалата цена за обука на кандидати за
возачи за сите категории, како и најмала цена за полагање на возачки испит.
Според тој ценовник, цената на обука за „Б“ категорија е 11 080,00 динари за
теоретскиот дел и 39 400,00 динари за практичниот дел. Овие цени се без
Данок на додадена вредност, кој и во Република Србија изнесува 18%.

Теоретска настава 11 080,00


Практична настава 39 400,00
ДДВ 7 700,00
ВКУПНО: 58 180,00

Најмалата цена за обука на кандидати за „Б“ категорија е 58 180,00


динари. Според Курсната листа на Република Србија, 1 € е 112,00 динари.
Минималната цена на обука за „Б“ категорија е 520 €, или 32 000,00 денари.
Во Република Србија, според Програмата за обука на кандидати за
возачи, теоретската настава е застапена со 40 наставни часа, а практичната
настава е исто така застапена со 40 моточаса.
Според цената за обука на кандидати за возачи за „Б“ категорија, еден
моточас во Република Србија заедно со ДДВ изнесува 1 135,00 динари или
630,00 денари, а теоретскиот дел од обуката изнесува по 320,00 динари од час,
или 176,00 денари.
Цената за полагање на возачки испит е:
Теоретски дел 918,00
Практичен дел 985,00
Теоретски дел за МВР 792,00
Практичен дел за МВР 985,00
ДДВ 561,00
ВКУПНО 4 241,00
Цената за полагање на кандидатите за возачи за „Б“ категорија е
4241,00 динари, или 38 €, или 2 340,00 денари.
Ако оваа минимална цена за обука на кандидати за возачи за „Б“
категорија се спореди со цената на обука за „Б“ категорија во Република
Македонија, како и цената за полагање на возачкиот испит, ќе биде:

Р Македонија Р Србија

Обука: 13 650,00 32 000,00


Полагање: 5 470,00 2 340,00
ВКУПНО: 19 120,00 34 340,00

Вкупната цена за обука и полагање за „Б“ категорија во Република


Македонија е 19 200,00 денари. Од таа сума, висината на цената за полагање
учествува со 28,6 %.
Вкупната цена за обука и полагање за „Б“ категорија во Република
Србија е 34 340,00 денари. Од таа сума, висината на цената за полагање
учествува со 6,8 %.

4.2.Цена на обука на кандидати за возачи за „Б“ категорија


во Република Хрватска
Во Република Хрватска, според програмата за обука на кандидати за
„Б“ категорија, задолѓително се посетуваат 30 часа теоретска настава и 35 часа
практична настава.
Во Република Хрватска, здружението на автошколи подготвило
ценовник за најмала цена на обука за „Б“ категорија, како и цена за полагање
на возачки испит. Според тој ценовник, сумата која кандидатите за возачи ја
одвојуваат за обука за „Б“ категорија е 5 915,00 kn куни. Во цената е
пресметан и Данокот на Додадена вредност кој во Република Хрватска
изнесува 25%.
Според Курсната листа на Народна Банка на Република Хрватска, 1 €
се менува за 7.45 kn.
5 915,00 kn = 794 €
794 € = 48 830,00 денари
Цената на чинење на еден моточас во Република Хрватска изнесува
1395,00 денари.
Споредбата помеѓу цените за обука за „Б“ категорија на Република
Македонија и Република Хрватска е следната:

Р Македонија Р Хрватска

Цена на обука: 13 650,00 48 830,00

Ако ги споредиме цените на дополнителните трошоци за обука и


полагање на возачки испит за „Б“ категорија во Република Хрватска и
Република Македонија, се добива:

Р Македонија Р Хрватска
Полагање на возачки 5 470,00 567,50 kn = 4 680,00 ден
испит
ВКУПНО 5 470,00 567,45 kn = 4 680,00 ден
Цената која кандидатите за „Б“ категорија ја плаќаат за овие
дополнителни трошоци во Република Хрватска е 4 680,00 денари, а во
Република Македонија тие трошоци се 5 470,00,00 денари.
Вкупната сума која ја плаќаат кандидатите за возачи за „Б“ категорија
во Република Хрватска, која опфаќа комплетна обука во автошколите и
дополнителните трошоци за лекарско уверение, прва помош и полагање на
возачкиот испит е 53 510,00 денари, а во Република Македонија таа сума е
19120,00 денари.
Процентуално, цената на обука за „Б“ категорија и дополнителните
трошоци изнесува:
Р Македонија Р Хрватска
Цена на обука 13 650,00 48 830,00
Полагање 5 470,00 4 680,00
ВКУПНО: 19 120,00 53 510,00

% на учество 28,6 % 8,7 %

CJENIK AUTOŠKOLE
KATEGORIJA Cijena
A1 30+20, ne posjeduje vozačku dozvolu   4.840,00 kn
0+15, posjeduje vozačku dozvolu B, B+E, C1, C1+E, C, C+E, D, D+E, F, G, H,
A1 3.000,00 kn
M kategorije
A2 30+20, ne posjeduje vozačku dozvolu 4.840,00 kn
0+15, posjeduje vozačku dozvolu AM,A1, B, B+E, C1, C1+E, C, C+E, D, D+E,
A2 3.000,00 kn
F, G, H, kategorije1
A 30+25, ne posjeduje vozačku dozvolu 7.090,00 kn
0+15, posjeduje vozačku dozvolu A1, A2, B, B+E, C1, C1+E, C, C+E, D, D+E,
A 3.750,00 kn
F, G, H kategorije
B 30+35, ne posjeduje vozačku dozvolu 5.915,00 kn
B 4+30,posjeduje vozačku dozvolu A1, A, M kategorije 4.462.00 kn
4.3. Споредба на цените за обука и полагање на кандидатите
за возачи за „Б“ категорија во Р. Македонија, Р Србија
и Р. Хрватска

Обука Полагање Вкупно Процентуален однос на


учество на цената за
полагање од вкупната сума
Р Македонија 13 650,00 5 470,00 19 120,00 28,6 %
Р Србија 32 000,00 2 340,00 34 340,00 6,8 %
Р Хрватска 48 830,00 4 680,00 53 510,00 8,7 %

Според податоците кои се изложени во погорната табела, очигледно е


дека цената на обука за „Б“ категорија во Република Македонија е најмала во
однос на цените за обука во Република Србија и Република Хрватска.
Како една од причините за така малата цена на обука е тоа што во
Република Македонија цената на обука е пазарна, додека цените во
Р.Хрватска и Р.Србија се утврдени од Здружението на автошколи и
Министерствата за Внатрешни работи во тие земји.
5. МОДЕЛ НА ТРОШОЦИ ВО АВТОШКОЛА

Во зависност од вкупните трошоци во автошколата, се формира и


цената на услугата. Цената на услугата треба да биде најмалку 20% поголема
од вкупните трошоци во автошколата, за да може да се овозможи натамошен
развој на автошколата, вложување во нови наставни средства и помагала, нови
возила за обука на кандидати, модернизирање на наставата, едукација и
дооспосување на вработените и друго, што е услов за успешно работење на
автошколата.
Доброто работење на автошколата е услов и за совесно работење на
вработените, односно нивно целосно вложување во работата, а тоа значи
подобра и поцелосна обука на кандидатите за возачи, што е услов за
зголемувањето на безбедноста во сообраќајот.
Вкупните трошоци во автошколата за време од една година се:

TVK  AKO  2  AV  2  TG  2  TM  2  TP  2  TAP  3  TLD  DDV (9)


каде:
TVK - вкупни трошоци во автошколата за една година

AKO - амортизација за канцелариска опрема и опрема во училница за

една година
AV - амортизација за едно возило за една година

TG - трошоци за гориво за едно возило за една година

TM - трошоци за масла и мазива за едно возило за една година

TP - трошоци за пневматици за едно возило за една година

T AP - трошоци за автоперална за едно возило за една година

TLD - трошоци за личен доход за еден вработен за една година

DDV – Данок на Додадена Вредност за една година.


5.3. Модел за формирање на цена на обука за „Б“ категорија

Анализата за вкупните трошоци во автошколата е направена за „Б“


категорија, затоа што за таа категорија има најголема побарувачка, а и
поголем број од автошколите изведуваат обука само за „Б“ категорија. Се
анализираше време од една година со минимални трошоци, за да можат сите
автошколи да можат непречено да работат. Според Правилникот за работа на
автошколите, автошколата мора да поседува најмалку две патнички возила од
„Б“ категорија и најмалце двајца возачи – инструктори и еден стручен
раководител кој може да биде и наставник за теоретскиот дел од обуката,
односно најмалце 3 вработени на неопределено време.
За време од една година, едно возило може да реализира најмалку 1928
мото часа. Според практичниот дел од програмата за обука на кандидати за
возачи од „Б“ категорија, еден кандидат за возач треба да посетува 36 мото
часа. Едно возило за време од една година, може да реализира обука со вкупно
53,5 кандидати за возачи за „Б“ категорија. Двете возила би опфатиле 107
кандидати за возачи.
Цената на обуката за еден кандидат за возач за „Б“ категорија, ќе биде:

Tvk  Tvk  20% Tvk  0,165  Tvk


CO   (10)
107 107
каде:
C O - цена за обука за „Б“ категорија

TVK - вкупни трошоци во автошколата за една година

20% - процент на заработувачка.


6. ПРЕСМЕТКА НА ТРОШОЦИТЕ ВО АВТОШКОЛАТА СПОРЕД
МОДЕЛОТ И МОМЕНТАЛНИТЕ ЦЕНИ

6.1. Трошоци за просторија за прием на кандидати за возачи и


за работа на стручниот раководител

Просторијата за прием на кандидати за возачи и за работа на стручниот


раководител на автошколата треба да биде соодветно уредена и да обезбедува
услови за менаџирање со работата на автошколата, а истиот може да биде во
сопственост на автошколата или под закуп. Просторот треба да ги исполнува
стандардите согласно прописите за општите мерки на заштита при работа за
работни и помошни простори.
Заради потребниот инвентар кој треба да се смести во просторијата за
прием на кандидати за возачи, таа треба да биде со површина од најмалце
9 m2. Цената на закуп за таква просторија е околу 15.000,00 денари. Потребен
инвентар кој е потребен во таа просторија е:
- работна маса која чини околу 10.000,00 денари,
- работен стол кој чини околу 8.000,00 денари,
- мебел за документи кој чини околу 20.000,00 денари,
- најмалце три столчина за кандидати за возачи кои чинат околу
3.000,00 денари,
- компјутер и печатар кои чинат околу 30.000,00 денари.
Вкупните трошоци за опремување на просторија за прием на кандидати
за возачи чини околу 71.000,00 денари, не сметајќи ја цената за изнајмување
под закуп.
Амортизацијата на основните средства за опрема на просторијата за
прием на кандидатиза возачи се пресметува годишно и книговодствено
средствата целосно се амортизираат за пет години, освен компјутерот и
печатарот кои целосно се амортизираат за две години.

PKO PK 41000,00 30000,00


AKO      23200,00 (11)
g gK 5 2
Амортизацијата за основните средства за опрема на просторијата за
прием на кандидати за возачи е прикажана во следната табела:

основно средство вредност годишна


амортизација
работна маса 10.000,00 2.000,00
работен стол 8.000,00 1.600,00
мебел за документи 20.000,00 4.000,00
столчина за кандидати 3.000,00 600,00
компјутер и печатар 30.000,00 15.000,00
ВКУПНО: 71.000,00 23.200,00
Табела 1: Амортизација на основните средства за опрема на просторијата
за прием на кандидати за возачи

Вкупна годишна амортизација за основните средства за опрема на


просторијата за прием на кандидати за возачи е 23.200,00 денари.
Закупнината за просторијата за прием на кандидати за возачи е
15.000,00 денари месечно. Годишно тој постојан трошок е 180 000,00 денари.
Вкупните трошоци за закупнина и амортизација за една година за
просторијата за прием на кандидати за возачи се: 203 200,00 денари.

6.2. Трошоци за просторија за изведување на теоретска настава

Просторијата за изведување на теоретската настава треба да биде


соодветно опремена за да обезбедува услови за изведување на теоретска
настава и спроведување на пробниот тест за најмалку 16 кандидати за возачи.
Училницата треба да е опремена со најмалце 8 клупи и 16 столчиња, една
работна маса, една училишна табла и друг училишен прибор.
Површина која треба да ја има училницата за да може да се смести
целиот потребен инвентар, како и фактот што во таа училница треба да
престојуваат возрасни лица, е најмалце 28 m2. Цената на закупнината за таква
просторија е најмалце 2.000,00 денари. Цената на инвентарот поединечно е:
- 8 клупи со цена од 4.500,00 за една, 36.000,00
- работна маса со цена од 5.000,00
- 17 столчиња со цена од 1.000,00 за една, 17.000,00
- училишна табла со цена од 2.000,00 денари.
Вкупните трошоци за опремување на училница, не сметајќи ја
закупнината е 60.000,00 денари.
Амортизацијата за основните средства за опрема на училницата се
пресметува годишно и книговодствено средствата целосно се амортизираат за
5 години.
PKO 60000,00
AKO    12000,00 (12)
g 5

Амортизацијата за основните средства за опрема на училницата е


прикажана во следната табела:

основно средство вредност годишна


амортизација
8 клупи 36.000,00 7.200,00
работна маса 5.000,00 1.000,00
17 столчиња 17.000,00 3.400,00
училишна табла 2.000,00 400,00
ВКУПНО: 60.000,00 12.000,00
Табела 2: Амортизација на основните средства за опрема на училницата

Вкупна годишна амортизација за основните средства за опрема на


училницата е 12.000,00 денари.
Закупнината за училницата е 2.000,00 денари месечно. Годишно тој
постојан трошок е 24 000,00 денари.
Вкупните трошоци за закупнина и амортизација за една година за
училницата се 84 000,00 денари.

6.3. Пресметка на трошоци за амортизација на возилата

Автошколата треба да поседува најмалце две возила за „Б“ категорија.


Амортизацијата на возилата може да се пресметува на два начини и тоа:
според бројот на поминати километри во текот на една година и за период од
една година независно од бројот на поминати километри.
Почетната вредност на патничко возало од „Б“ категорија е во
зависност од видот и марката на возилото. Во автошколите најчесто се
користат возила марка DAEWOO Matiz кои се со најмала почетна цена, а
целосно ги исполнуваат потребите на автошколата.
Цената за едно возило марка DAEWOO Matiz е 5500 €, односно
338250,00 денари. За да можи возилото да работи во автошколата, потребно е
да се постават двојни команди, кои за едно возило коштаат 30000,00. Кон
цената за двојните команди, се додава и 7500,00 денари, цена на А – тест со
кои се испитува исправноста на двојните команди.
- Цена на ново возило .............................. 338 250,00
- Двојни команди ...................................... 30 000,00
- А – тест за двојни команди ................... 7 500,00
ВКУПНО: ................................................. 375 750,00

Вкупната почетна цена на возилото со вградени двојни команди е:


PV  338250,00  30000,00  7500,00  375750,00

Почетната вредност на возило од „Б“ категорија во автошколата е


375750,00 денари.
Заради режимот на работа на возилата во автошколите, тие целосно се
амортизираат за време од 4 години.
Амортизацијата за двете возила во автошколата е:

2  PV 2  375750,00
AV    187875,00
g 4

AV  187875,00 денари

Годишната амортизација за двете возила во автошколата изнесува


187875,00 денари.

6.4. Материјални трошоци за моторното возило


Моторните возила во автошколите подлежат на задолжителен годишен
технички преглед, кој за едно возило DAEWOO Matiz изнесува 8.500,00
денари. Во оваа цена спаѓа техничкиот преглед и задолжителното
осигурување на возилото. Овие возила подлежат и на задолжителен
полугодишен технички преглед, каде се испитува техничката исправност на
возилото, и за едно возило изнесува 1.500,00 денари. Во текот на една година,
возилото се упатува на задолжителен годишен технички преглед и само еднаш
на задолжителен полугодишен технички преглед. Вкупните трошоци за двете
возила во текот на една година изнесуваат 20.000,00 денари.

6.5.Трошоци за гориво

Трошоците за гориво за возилата од автошколите се променливи


трошоци. Тие се зголемуваат или намалуваат со степенот на експлоатација на
возилата. Во зависност од режимот на работа на возилата, кај овие возила
потрошувачката на гориво се пресметува за поминат моточас, а не за
поминати километри. Според пресметките и статистичките податоци за
потрошувачка на гориво, овие возила трошат по 1 литри гориво за еден
моточас.
Според параметрите за пресметка на личен доход за возачите
инструктори и нивниот годишен одмор, во текот на 2012 година, возилото
може да биде ангажирано 241 работни денови со по 8 моточаса на ден. Вкупно
едно возило може да реализира 1928 моточаса во текот на оваа година.
Трошоците за гориво за едно возило се:
TG  1928  1l  C G  1928  C G

TG  1928  1l  80  1928  80  154240,00 денари

Просечната цена на горивото во текот на 2012 година е 80,00 денари.


За двете возила, трошоците за гориво ќе бидат 308 480,00 денари.

6.6. Трошоци за масла и мазива


Моторното масло за подмачкување моторот на возилото, потребно е да
се менува на поминати 6 000 km, или најмалце два пати во текот на една
календарска година, во зависност од степенот на експлоатација на возилото.
Возилото во автошколата поминува по околу 10 km за време од еден
мото час. Со едно возило во текот на една календарска година може да се
реализираат најмалце 1 928 мото часа, т.е за една година возилото би
поминало најмалце 19 280 km. Мора да се напомене дека дел од практичната
настава се изведува на полигон, каде возилото нема да забележи поминати
километри, а има работни саати.
Според бројот на изминати километри во текот на една година, на едно
возило потребно е да се изврши замена на моторното масло најмалце 3 пати
во текот на една календарска година.
Цената на еден литар моторно масло е 280,00 денари, а цената на еден
филтер за масло е 250,00 денари.
За едно возило се потребни 4 литри масло за едно заменување, а за 3
менувања во текот на една година, за едно возило се потребни 12 литри
моторно масло и 3 филтери за масло.

1 Моторно масло 12 литри 280,00 3 360,00


2 Филтер за масло 3 парчина 250,00 750,00
ВКУПНО 4 110,00

TM  12  C M  3  C FM  12  280,00  3  250,00  3360,00  750,00  4110,00

За едно моторно возило во текот на една година се потребни 4 110,00


денари, а за двете моторни возила:
TM  2  4110 ,00  8220,00

За двете моторни возила кои се ангажирани во автошколата, трошоците


за моторно масло и филтери за масло во текот на една година се 8 220,00 ден.

6.7. Трошоци за пневматици ( гуми)

Заради карактеристичната експлоатација на моторните возила, односно


зглеменото триење на пневматиците при учењето на полигонските вежби каде
вртењето се врши во место, како и нерамниот и оштетен коловоз што е
реалност во градот, пневматиците целосно се трошат просечно за поминати
15 000 километри. Во пресметките за амортизација и трошоци за пневматици,
не се земаат во трошок резервните пневматици.
Во текот на една календарска година, едно возило поминува просечно
по 19 280 километри и едно возило во текот на годината целосно ќе потроши
најмалце 4 пневматици.
Цената на еден пневматик за возило DAEWOO MATIZ чини 2 800,00.
TP  8  C P  4  2800,00  11200,00

Вкупните трошоци за пневматици за двете возила се:


TPVK  2  TP  2  11200,00  22400,00

Вкупните трошоци за двете возила за една календарска година за


пневматици се 22 400,00 денари.

6.8. Одржување на хигиена на возилото

Должност на инструкторот е возилото секогаш да биде чисто,


проветрено и исправно. Поради активната безбедност која мора инструкторот
да ја почитува, а тоа е навремено отклонување на недостатоците и пречките за
безбедно управување со моторното возило за да не дојде до сообраќајна
незгода, возилото мора секогаш да биде чисто и проветрено. Непроветреното
возило во кабината содржи поголемо количество на јаглен моноксид кој доаѓа
од издувните гасови на возилото, а тоа доведува до појава на главоболки и
намалена концентрација на возачот. Доколку возилото не е чисто, се намалува
видливоста на возачот, а со тоа доаѓа до напрегање на возачот за да ги
забележи ситуациите кои настануваат во сообраќајот. Со тоа побрзо доаѓа до
замор кај возачот, што штетно делува врз безбедноста во сообраќајот. Со
оглед дека при обука на кандидати за возачи, управуваат кандидати за возачи
кои немаат искуство при управувањето со моторно возило, кај нив се побрзо
се јавува замор и при нормални услови, а при нечисто и непроветрено возило,
заморот се јавува уште побрзо.
Со оглед на тоа дека возилото се употребува секојдневно и во текот на
целиот ден, во слободното време, за време на дневниот одмор на
инструкторите, тие имаат за задача да го исчистат возилото.
Просечно возилото темелно се чисти два пати во текот на една
седмица. Во текот на една календарска година има 52 седмици, што значи во
текот на една година возилото темелно се чисти 104 пати. Цената за едно
чистење на возилото е 150,00 денари, но заради редовноста во автопералните,
често се добива попуст и цената е 100,00 денари по возило.
За едно возило во текот на една година, трошоците за чистење на
возилото се:
T AP  52  2  C AP  104  C AP  104  100,00  10400,00

За двете возила во текот на една година трошоците за автоперална се:


T APVK  2  T AP  2  10400,00  20800,00

Вкупните трошоци за автоперална во текот на една календарска година


за двете возила се 20 800,00 денари.

6.9. Трошоци за личен доход

Во автошколите задолжително мора да бидат вработени двајца


инструктори, еден наставник по теорија и еден раководител на неопределено
време. Просечниот личен доход во Р Македонија во текот на 2012 година беше
30 591,00 денари, а во приватниот сектор, како и во автошколите, просечната
бруто плата е 20 000,00 денари
Вкупните трошоци на автошколата за личен доход во текот на една
каландарска година, минимално се:
TLD  12  3  LD  36  LD  36  20000,00  720000,00

Трошоците за вкупно бруто личен доход за 3 вработени во текот на


една година се 720 000,00 денари.

6.10. Трошоци за Данок на додадена вредност


Според Законот за Данок на додадена вредност, претпријатијата чии
дејности се поврзани со образование, не се даночни обврзници, освен
автошколите и тоа за обука за „А“ и „Б“ категорија, кои се сметаат за
аматерски категории. Во цената за обука на кандидати за возачи, пресметана е
и стапката на Данок на Додадена вредност ( ДДВ) која изнесува 18%.
Во Битола, цената на обуката за „Б“ категорија изнесува 15 700,00
денари, од кои за ДДВ се одвојуваат 2 400,00 денари, а за автошколата
остануваат 13 300,00 денари.
Според пресметките кои се искажани погоре, едно возило во текот на
една година може да реализира вкупно 1928 моточаса. Еден кандидат за возач
за „Б“ категорија, задолжително поседува 36 моточаса. Значи, едно возило во
текот на една година може да реализира обука за „Б“ категорија со 53,5
кандидати за возачи, а двете возила во најдобар случај можат да реализираат
обука со 107 кандидати за возачи.
Данокот на Додадена вредност за трошоците за гориво, мазиво,
чистење и одржување на возилото, регистрација на возилата како и останатите
постојани и променливи трошоци во автошколата во текот на една година, се
одзема од Данокот на Додадена вредност на цената за обука.
DDV  C O  0,1525  TM  0,1525

Ред. Вид на трошоци Вкупен трошок ДДВ


бр.
1 Закупнина на просторија за 180 000,00 27 450,00
прием на кандидати
2 Закупнина на училница за 24 000,00 3 660,00
теоретска настава
3 Закупнина на полигон за 36 000,00 5 490,00
почетно подготвување на
кандидатиз а возачи
4 Технички преглед на 20 000,00 3 050,00
возилата
5 Гориво за возилата 308 480,00 47 043,00
6 Масла и мазива за возилата 8 220,00 1 254,00
7 Пневматици за возилата 22 400,00 3 416,00
8 Одржување на хигиена на 20 800,00 3 172,00
возилата
ВКУПНО: 94 535,00
Вкупниот Данок на Додадена вредност на трошоците кои авто школата
ги плаќа како материјални трошоци за време од една година е 94 535,00
денари.

Во текот на една година, според погорните пресметки, во автошколата


можат да се обучуваат 106 кандидати за возачи за „Б“ категорија, кои плаќаат
по 15 700,00 денари за услугата.

Вид на приход количин цена Вкупен приход ДДВ


а
Обука на 106 15 700,00 1 664 200,00 253 790,00
кандидати за „Б“
категорија

Данокот на Додадена вредност кој автошколата треба да го одвои од


приходот е 253 790,00 денари.
Меѓутоа, од Данокот на Додадена вредност кој автошколата треба да го
плати за обука на кандидати за „Б“ категорија, треба да се одземе Данокот на
Додадена вредност кои автошколата го платила преку трошоците.
DDV  C O  0,1525  TM  0,1525

DDV  253790,00  94535,00  159255,00

Вкупниот Данок на Додадена вредност кои автошколата треба да го


плати за време од една година е 159 255,00 денари.

6.11. Вкупни трошоци во автошколата

Вкупните трошоци во автошколата за време од една календарска


година ги опфаќаат сите трошоци за амортизација, материјални трошоци,
трошоците за личен доход и трошоците за Данок на Додадена вредност.
Ред. Вид на трошок Сума
бр.
1 Амортизација за основните средства за опрема 23 200,00
на просторија за прием на кандидати за возачи
2 Закупнина на просторија за прием на 180 000,00
кандидати за возачи
3 Амортизација на основните средства за опрема 12 000,00
на училница за теоретска настава
4 Закупнина на училница за теоретска настава 24 000,00
5 Закупнина на полигон за почетно 36 000,00
подготвување
6 Амортизација на возила AV 187 875,00
7 Технички преглед на возилата 20 000,00
8 Трошоци за гориво TG 308 480,00
9 Трошоци за масла и мазива TM 8 220,00
10 Одржување на хигиена на возилата TAP 20 800,00
11 Трошоци за личен доход TLD 720 000,00
12 Трошоци за Данок на Додадена вредност TDDV 159 255,00
ВКУПНО 1 699 830,00

6.12. Трошоци за основачки влог за формирање на


автошкола

За да се исполнат условите за добивање на дозвола за обука на


кандидати за возачи – автошкола, потребни се соодветни материјални
вложувања, како основни средства за работа. При започнувањето со работа на
било кое претпријатие, неговата трансакциона сметка е празна, односно не
располага со финансиски средства. Затоа, потребно е да се набават
финансиски средства за набавување на основни средства за работа на
претпријатието. Тие финансиски средства можат да се обезбедат преку
сопствено вложување, донации од претпријатија, банкарски кредити и слично.
За да се исполнат условите за почнување со работа на една автошкола,
потребни се следните основни средства:
- две патнички возила со вградени двојни команди,
- извршен А – тест на исправноста на двојните команди,
- две светлечки табли кои се поставуваат на горниот дел од возилата,
- просторија за прием на кандидати за возачи која е во сопственост на
автошколата или под закуп,
- соодветен инвентар во просторијата за прием на кандидати за возачи,
- училница која е во сопственост на автошколата или под закуп,
- соодветен инвентар во училницата,
- нагледни средства во училницата,
- уреден простор за почетно подготвување на кандидатите за возачи –
полигон, кој е во сопственост на автошколата или под закуп,
- најмалку двајца инструктори и еден раководител вработени со полно
работно време на неопределено време.
Вредноста на овие основни средства се прикажани во следнава табела:

Ред. Вид на основно средство Цена на чинење


бр.
1 Две патнички моторни возила со вградени 750 500,00
двојни команди
2 А – тест за двојни команди 15 000,00
3 Светлечки табли 7 000,00
4 Закупнина на просторија за прием на 17 000,00
кандидати за возачи за еден месец
5 Инвентар во просторијата за прием на 71 000,00
кандидати за возачи
6 Закупнина за училница за еден месец 10 000,00
7 Инвентар во училницата 60 000,00
8 Нагледни средства во училницата 10 000,00
9 Закупнина за полигон за еден месец 4 000,00
10 Личен доход и придонеси за вработените за 60 000,00
еден месец
ВКУПНО 1 004 500,00

Минималното вложување за почеток со работа на автошколата е


1 004 500,00 денари, кои средства автошколата мора да ги обезбеди пред
почетокот на работа.
Финансиските средства можат да се обезбедат од банкарски кредити,
со рок на плаќање на четири години. Најповолно е рок на отплата од четири
години заради пресметката на најголемите финансиски средства за возилата
кои се потребни за работа и нивната амортизација која се пресметува на
четири години.
Според кредитните депозити од НЛБ Тутунска банка Скопје, висината
на годишна каматната стапка за наменски кредит за развој на мали и средни
претпријатија е 8 %.
Доколку автошколата подигне потрошувачки кредит од 1 000 000,00 со
рок на отплата од 4 години, таа треба да одвои вкупно 175 494,00 денари на
име камата, или по 43 873,50 денари за секоја година. По месеци ќе биде по
3 656,00 денари. Заедно со главнината, вкупно автошколата има долг од
1 175 949,00 денари, кои треба да ги исплати за 4 години, или по 293 987,00
денари годишно.
Овие парични средства се додаваат на останатите годишни трошоци на
автошколата.

Ред. Вид на трошок Сума


бр.
1 Вкупни пресметани трошоци за една година 1 699 830,00
2 Трошоци од кредити и камати за една година 293 987,00
ВКУПНО 1 993 817,00

6.13. Трошоци за инвестициони вложувања

За да можи автошколата да планира одредени инвестициони


вложувања за наредниот период, мора да одреди процент на дополнителна
заработувачка, која ќе ја вложи во модернизирање на наставата со нови и
помодерни нагледни средства, подобри патнички моторни возила,
проширување на услугите со останатите категории и слично.
Планираната инвестициона заработувачка не треба да биде помала од
20% од вкупните трошоци на годишно ниво, која сума треба да се додаде на
вкупните трошоци на автошколата.
20%  0,165Tvk

20%  0,165  1993817,00  328980,00

Инвестиционата заработувачка за една година треба да биде најмалку


328 980,00 денари.

Ред. Вид на трошок Сума


бр.
1 Вкупни пресметани трошоци за една година, 1 993 817,00
кредити и камати
2 Планирана инвестициона заработувачка 328 980,00
ВКУПНО 2 322 797,00

7. УТВРДУВАЊЕ МИНИМАЛНА ЦЕНА НА ОБУКА

Според добиените резултати за вкупните трошоци на автошколата за


време од една година, со утврдени минимални трошоци кои се неопходни за
работа на автошколата и претпоставени идеални услови за работа ( полн фонд
на часови на инструкторите) со реализирана обука на 107 кандидати за „Б“
категорија, минималната цена на обука на кандидатите за „Б“ категорија ќе
биде:

2322797,00
 21708,40
107
Се усвојува минимална цена од 21 700,00 денари.
7.1. Сегашна состојба на цена за обука на кандидати за возачи
во автошколите во Република Македонија

Во Република Македонија, цената на обука за кандидати за возачи за


„Б“ категорија е различна скоро во сите градови. Како причина е
конкуренцијата и освојувањето на пазарот од страна на автошколите. Меѓутоа,
како резултат на намалување на цената од страна на автошколите, се јавува
недостиг на финансиски средства за целосно реализирање на програмата за
обука на кандидати за возачи, што се одразува на квалитетот на обуката на
кандидатите за возачи, а со тоа директно влијае и врз безбедноста во
сообраќајот.
Според податоците добиени од страна на поголем број на автошколи од
разни градови во Република Македонија, цената на обуката за „Б“ категорија
во текот на 2012 година е следнава:

Град Цена од Цена до Заеднички Просечна


ценовник цена
Скопје 15 000,00 16 000,00 15 500,00
Битола 15 700,00 15 700,00
Прилеп 11 000,00 13 000,00 12 000,00
Охрид 13 000,00 13 000,00
Куманово 12 000,00 16 000,00 14 000,00
Струмица 15 000,00 17 000,00 15 000,00
Гостивар 15 000,00 15 000,00
Кичево 5 000,00 6 000,00 5 500,00
Ресен 15 200,00 15 200,00
Велес 10 000,00 14 000,00 12 000,00
Струга 17 000,00 17 000,00
Дебар 15 300,00 15 300,00
Кавадарци 15 500,00 15 500,00
Неготино 15 500,00 15 500,00
Според добиените податоци од ценовниците во градовите во Република
Македонија, цената на обука за „Б“ категорија е различна во секој град и се
движи од 5 000,00 денари, до 17 000,00 денари.
Како просечна цена на обука на кандидати за возачи за „Б“ категорија
во градовите во Република Македонија е 13 650,00 денари.
Очигледно е дека разликата во цените е огромна и се поставува
прашањето: Како е можно да опстојува некоја автошкола со минималната цена
од 5 000,00 денари за обука на кандидати за „Б“ категорија?
Во некои градови цената на обука за „Б“ категорија е иста за сите
автошколи во градот. Тоа се постигнало со заеднички договор помеѓу
автошколите од тој град. Но, што се случува со градовите каде не е постигнат
заеднички договор за иста цена на обука за „Б“ категорија. Таму се јавува
конкурентност помеѓу автошколите, за освојување и опстојување на пазарот.

8. ЗАКЛУЧОК
За утврдување на минимална цена за обука во автошколите се утврдува
математички модел.
Трошоците во претпријатијата можат да се поделат на материјални
трошоци, трошоци за амортизација и трошоци за плата и придонеси. На друг
начин, тие можат да се поделат на постојани и променливи трошоци.
Трошоците за амортизација и плата и придонеси за вработените се
постојани трошоци, додека материјалните трошоци се променливи. Од сите
материјални трошоци, трошоците за гориво се најпроменливи, односно
најповеќе зависат од ангажираноста на возилата, односно обемот на работа на
автошколата.
Вкупните трошоци заедно со инвестиционата заработувачка за време
од една пресметковна година, за автошкола со најмал број на возила и најмал
број на вработени, со најмали трошоци, во текот на 2012 година изнесува
21.700,00 денари. Според Правилникот за обука на кандидати за „Б“
категорија, практичната настава е задолжителна со 36 моточаса. Цената на
чинење на еден моточас ќе биде 603,00 денари.
Горивото кое е потребно за еден моточас е 1l или просечно во текот на
2012 година е усвоено 80,00 денари.
За еден моточас кој чини 603,00 денари, се трошат 80,00 денари за
гориво. Трошокот за гориво учествува со 13,3 % во цената на чинење на еден
моточас.
Затоа, цената на чинење на еден моточас, ќе се поврзи со цената на
еден литар гориво.
Цената на еден моточас зависно од цената на горивото ќе изнесува:

Cg
C 
0,133

C – цена на еден моточас


Cg – цена на еден литар гориво
0,133 – коефициент на учество на горивото во цената на еден моточас.

80,00
Пример: C  603,00 денари
0,133

Анализата, како и одредувањето на најниската цена за обука на кандидати


од „Б“ категорија покажуваат многу факти кои не смеат да се занемарат, а
тоа се:
 Различни цени во различни градови на Република Македонија при
иста цена на горивото на ниво на држава;
 Разликата во цените меѓу еден и друг град е поголема од 100%,
поради што се поставува прашањето како е можно толку да се
различни трошоците на работењето од една до друга автошкола во
иста држава?
 Начинот на кој се покриваат трошоците на работењето кај
автошколите со ниски цени на обука заслужува посебна анализа и
истражување;
 Степенот на корелација на обуката кај младите возачи и
безбедноста во сообраќајот треба да биде крајниот и излезен
резултат од целокупното истражување.

Многу јасно од претходните факти можа да се забележи дека:


 Разликата во цената на обука на кандидати за „Б“ категорија
резултира во нецелосна обука и неизвозување на сите моточасови.
 Тоа е основен услов за несовладување на потребните вештини и
знаења на почетокот на возачкото искуство за секој возач.
 Добивањето на возачка дозвола на ваквите млади возачи
претставува потенцијална опасност за целокупниот сообраќај.
 Степенот на безбедност во сообраќајот се намалува.
 Сето ова резултира со многубројни сообраќајни незгоди со големи
штети по здравјето и имотот на луѓето.

9. НАСОКИ ЗА ПОНАТАМОШНИ ИСТРАЖУВАЊА

Резултатите од ова истражување секако треба да се применат практично,


тоа за формирање на единствена цена за „Б“ категорија.
Исто така, истражувањето може да се продолжи и за формирање на
единствена минимална цена и за другите категории за професионалните
возачи.
На тој начин би се озаконило едно многу важно поглавје во основата на
безбедноста на сообраќајот.
Со тоа автошколите би ја избршиле својата задача во областа на обуката на
возачите, а државата би ја исполнила својата функција и би се зголемила
безбедноста во сообраќајот.
10. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
1. Данчевска, В.„Транспортна економика“, пишувани предавања на
постдипломски научни студии, Технички факултет-Битола, 2007 година
2. Талевски. Ј., „Општа економија“, Битола, 2002
3. Статистички податоци од авто школите во Битола
4. Службен весник на Република Македонија бр. 164 од 2010 година
5. Zakon o sigurnosti prometa na cesti „ Narodne novine“ 2004 godina Hrvatski
sabor
6. „Sluzben glasnik Republike Srbije“ 2009 godine.

You might also like