You are on page 1of 3

Сектор Машинство

Квалификација Машински техничар за моторни возила


Модул/предмет Машинство и други сектори
Сектори и нивната поврзаност со стручното образование
Модуларна единица 1
Прашања за повторување и утврдување

1. а) Институција, организација или здружение со определена специјализација која одговара на


потребите на пазарот на трудот се нарекува:
б) Најшироко распространета инженерска област е:
в) Што претставува секторот машинство?
2. Кои науки ги изучува секторот машинство?
3. Дали индустријата е дел од секторот машинство? Образложи го одговорот.
4. Видови на индустрија кои користат машински техники и технологии се:
(индустрии во кои е присутно машинското инженерство)
5. Направи правилно поврзување на секторите на квалификации во една компанија која се занимава
со изработка на машински елементи и склопови:

сектор електротехника
подсектор компјутерско управување
област механика и електроника
подобласт машинство
6. Кои активности ги опфаќа машинството?
7. Пополнете ја табелата правилно според зададените сектори, квалификации и занимања:
Зададено:
 технологија  електротехничар
 техничар за компјутерско управување  машинско-енергетски техничар
 транспорт  металургија
 автолимар  инженер за дизајн

 електроничар за моторни возила сектор Квалификација/занимање


 машински техничар за моторни возила
 електроничар за моторни возила
 инженер во производство
 сообраќај
 дијагностичар
 контролор на станица за технички
преглед на моторни возила

8. Кои активности ги опфаќа машинството?

9. Што е сектор?

10. Кои се сектори на квалификации во стручното образование и обука?

11. Според што се групираат квалификациите?

12. Што е квалификација?


13. Збир на работи и задачи кои по својата содржина и вид се толку организациски и технолошки
сродни и меѓусебно поврзани што може да ги извршува едно лице кое поседува соодветни знаења,
вештини и компетенци се нарекува:

14. Документ кој ја опишува содржината на квалификацијата на одредено ниво и го


одредува потребното знаење, вешттини и компетенции кои поединецот треба да ги поседува за да
биде способен да изведува работни задачи во рамките на занимањето се нарекува:

15. Која е целта од воведувањето на Националната рамка на квалификации?

16. Кој документ дава опис на квалификацијата и означува клучен дел од содржината и структурата
на одредена квалификација?

17. _____________________________________________ содржи збир на принципи кои ја покажуваат


вредноста на квалификациите и им овозможуваат на заинтересираните корисници да видат дали
квалификацијата им дава можност за натамошно образование и обука или за вработување.
18. Резултатите од учење се дефинирани преку:
_____________________, _____________________ и __________________

19. Какви изјави се резултатите од учење?

20. Способност за примена на знаењето, извршување на задачите и решавање проблеми претставува:

21. Способност за извршување мануелна(рачна) и автоматска работа и употреба на методи,


инструменти, алати и материјали се вика ________________ вештина.

22. Набројте ги осумте клучни компетенции?

23. Во колку нивоа се поставени квалификациите во МРК и наведи кои се и на што се однесуваат?
Кои квалификации се на ниво 4? Која е главна квалификација во оваа категорија?

24. Образовната квалификација / квалификација на ниво на образование има за цел да овозможи:

25. Наведи ги целите на Македонската рамка на квалификации? Кои се типовите на квалификации


според МРК? Корисници кои ќе имаат придобивка од воспоставувањето на Македонската рамка на
квалификации се:

26. Што е стопанска дејност? 28. Што е размена и преку што се изразува?

27. Што се подразбиора под производство? 29. Што е потрошувачка и како се дели?

30. Поврзи го поимот со соодветниот опис:

ПОИМ ЗНАЧЕЊЕ/ОПИС
1 Назив на наставна програма А Машински техничар за моторни возила
2 сектор B IV
3 Ниво на квалификација C Сектори и нивна поврзаност со стручното образование
4 квалификација D Ученикот е способен да разликува сектори и квалификации
5 Модуларна единица E машинство
6 Резултати од учење F Машинство и други сектори
7 компетенции G Самостојно ја планира, организира и ја извршува својата
задача

You might also like