You are on page 1of 5

21.06.

2011

Предавања - професор дипл.ел.инг. Томислав Иванов


ССОУ " Коле Неделковски " Велес

Тематска целина 10:


Сигнализација и заштита.

Сигнализација и заштита на процеси.


Предавања - професор дипл.ел.инг. Томислав Иванов

Основни поими.

Во управувањето на процеси скоро секогаш е потребно постојано


ССОУ " Коле Неделковски " Велес

одржување на мерната величина на една зададена вредност или во одредено


подрачје на вредности. Пречекорувањето на пропишаните вредности може да
предизвика неисправен или опасен и штетен тек на процесот.
При управувањето со процеси може да се одредат следните подрачја и
карактеристични вредности на мерните величини ( сл.10.1 ) .

Сл.10.1 Примена на
мерење на процесни
величини за сигнализација
и заштита на процеси.

1
21.06.2011

а) Подрачје на нормални вредности на мерените величини кои


означуваат дека контролираниот процес тече правилно.
Предавања - професор дипл.ел.инг. Томислав Иванов
б) Подрачје на долни гранични вредности кои се сеуште во подрачјето на
дозволени вредности на мерните величини. Ако се пречекорат тие
вредности, уредите за сигнализација звучни или светлосни, даваат сигнали
ССОУ " Коле Неделковски " Велес

на надзорниот персонал дека текот на процесот треба да се контролира и


ако е потребно да се корегира.

б1) Подрачје на горни гранични вредности кои се сеуште во подрачјето на


дозволени вредности на мерните величини. Ако се пречекорат тие
вредности, уредите за сигнализација истотака даваат сигнали на
надзорниот персонал дека текот на процесот треба да се контролира и ако
е потребно да се корегира.

в) Подрачје на долни, опасни и забранети вредности на мерните


величини. При достигнување на овие вредности, уредите за заштита мора
врз основа на мерниот сигнал, работата на постројката автоматски да ја
блокираат и да го запрат текот на процесот ( B ).

в1) Подрачје на горни, опасни и забранети вредности на мерните


величини. При достигнување на овие вредности, уредите за заштита мора
да ја блокираат работата на постројката и автоматски да го запрат текот
3 на процесот ( B ).

Заклучок:
Предавања - професор дипл.ел.инг. Томислав Иванов

За подрачјата б), б 1), в) и в 1) секогаш мора да постојат оптички и


акустични сигнали кои сигнализираат на опасни и неисправни текови во
ССОУ " Коле Неделковски " Велес

процесите ( S ).

Работата на сигналните и заштитните уреди мора секогаш да биде точна и


потполно доверлива, бидејќи при секој дефект и неисправност на уредите или
тековите на процесите може да настанат тешки материјални штети, човечки
повреди па дури и жртви.

Сигнални кола.

Задачата на електричните сигнални кола односно уреди е да на далечина


ги активираат постапките и активностите кои врз основа на определен
прифатлив сигнал служат за далечинско јавување т.е. информирање за
вистинските состојби или пак да посредуваат при добивање одредени
информации.
4

2
21.06.2011

На местото на давање на сигналот како извршен уред се наоѓа некој


Предавања - професор дипл.ел.инг. Томислав Иванов
контакт кој дејствува на струјниот круг на уредот ( давач или предавател ).
Имено секој сигнален уред во основа се состои од давач ( извршен орган или
уред ), преносен вод, извор за напојување со струја и приемник.
ССОУ " Коле Неделковски " Велес

Промената на дојавната струја на местото на приемот создава во некој


соодветен претворувачки елемент било да е звучен или визуелен, сигнал на
сигнализација.

На сл.10.2 претставена е основна шема на еден едноставен сигнален


уред на кој се гледаат сите споменати елементи.

Сл.10.2
5

Според стандардите за конструкција на сигнални уреди, односно според


Предавања - професор дипл.ел.инг. Томислав Иванов

поставените услови, бараната погонска сигурност и доверливост во работата,


постојат три класи: A, B и C.

Во класата А припаѓаат едноставни уреди за широка потрошувачка.


ССОУ " Коле Неделковски " Велес

Уредите од класата B се подоверливи во работата, додека во класата C се


в бројуваат уредите на кои им се поставуваат посебни услови за сигурна и
доверлива работа, а тоа се професионалните уреди кои се применуваат во
сообраќајот, индустријата, рударството, армиите и.т.н.

Сигналните уреди се напојуваат со извори за мал напон најчесто


3 - 24 V, а поретко 36 - 60 V. За напојување на почувствителни сигнални уреди
или за оние кај кои постои зависност од насоката на струјата, се употребува
еднонасочен напон.

Еднонасочните извори на електрична струја се користат и во случаите


кога мора да постои сигурност од различни мрежни пречки. Тука како извори
се употребуваат акумулаторски батерии кои континуирано се одржуваат на
полн напон. Кај уредите од класата C потребни се две акумулаторски батерии
кои наизменично се полнат. Напојувањето со наизменична струја најчесто кај
уредите од класа А се врши со помош на мали трансформатори и се
применува кај едноставните сигнални уреди.

3
21.06.2011

Контактот кој служи за давање на сигнал, може да се активира со


делување на човекот ( на пр. со тастер ) или автоматски без учество на
Предавања - професор дипл.ел.инг. Томислав Иванов човекот.

Автоматските давачи ( сензори ) на сигнал делуваат на:


ССОУ " Коле Неделковски " Велес

 поместување на некој предмет ( на пр. вградени контакти на врати ),


 поставување во некоја одредена положба ( регулатори ),
 дејствување на механички потреси ( вибрации ),
 промена на температура,
 притисок,
 влажност,
 ниво,
 светлински зраци ( видливи и невидливи ),
 звучни бранови и.т.н.

Различните конструкции на контактите даваат доволно можности за


активирање на некој сигнален уред со дејство од било кој вид.

Елементи на сигналните уреди.


Предавања - професор дипл.ел.инг. Томислав Иванов

Елементите на сигналните уреди со помош на кои


се сигнализира промена на некоја состојба може да
бидат:
ССОУ " Коле Неделковски " Велес

 оптички ( визуелни ),
 акустични ( звучни ) и
 комбинирани ( звучно - визуелни ).

Кој од овие елементи ќе се употреби зависи од


примената на сигналниот уред, од местото на неговата
употреба и други фактори.
Многу често се употребуваат комбинирани елементи
на сигнализација со цел сигналот да биде сигурно
примен.

4
21.06.2011

Ваши прашања ?
Предавања - професор дипл.ел.инг. Томислав Иванов
ССОУ " Коле Неделковски " Велес

Посетете ги следните сајтови:


Предавања - професор дипл.ел.инг. Томислав Иванов

 www.tipteh.rs/Auer.html
ССОУ " Коле Неделковски " Велес

 www.schneider-electric.rs/sites/serbia/sr/pocetna.page

 www.zomel.hr/industrijski_proizvodi/sigurnost/index.htm

 www.directindustry.com/prod/cedes-safety-automation-
ag/safety-relay-6148-30137.html#prod_30137

Благодарам на вниманието !

10

You might also like