You are on page 1of 4

АД ФАКОМ, УВОЗ – ИЗВОЗ – СКОПЈЕ

_____________________________________________________________

УПАТСТВО ЗА ВНЕСУВАЊЕ ПОТРОШЕНИ ЧАСОВИ ВО MICROSOFT


PROJECT

Скопје, Јануари 2012


Упатство за внесување на потрошени часови во Microsoft Project

1. Вовед
Поради барањето за следење на трошоците потребно е да се внесуваат
потрошени часови (actual work) во MS Project одвоени режиски, производни и механизација.

2. За одржување
Во случај кога се работи на одржување на одреден објект на повеќе налози
(Челичана, ВДЛ, Цементарница), проекти треба да се отвораат месечно со сите налози за тој
месец како Task – ови. За поголеми активности за кои има термин план се креира посебен
проект. Името на проектот треба да биде “М Цементарница Усје ТО јануари 2012“,“М
Челичана Макстил ТО јануари 2012“ и “М ВДЛ Макстил ТО јануари 2012“.

Кога ќе креирате нов проект, шаблонот (Template) “Montaza odrzuvanje” изгледа


вака:

Треба да се внесе името на активноста и работниот налог, доколку работен налог


се уште не е доставен на објектот ќе се остави полето празно и ќе се пополни кога ќе стигне
налогот.

1
Упатство за внесување на потрошени часови во Microsoft Project

Ресурсите се внесуваат во соодветните полиња и активности со тоа што за


механизација, бидејќи часот на операторот е влезен во трошокот на возилото, треба како
ресурси со часови да се внесат возилата и механизацијата, а да не се внесуваат часовите за
возачите и дигалкарите.
Колоната “Physical % Complete” се пополнува за да се следи до каде е активноста.

3. За проекти
За поголеми проекти за кои има термин план и треба да се следи се користи
шаблон. Поради комплексноста и неефикасноста на следење на проектот преку внесување на
часови, часовите ќе се се внесуваат посебно, а активностите нема да имаат ресурси и часови
и ќе се следат со внесување на почеток, крај и % на завршеност.
Часовите ќе се внесуваат во таск “Потрошени часови“ со подтаскови: режиски,
производни и механизација. Потрошените часовите може да се внесуваат во тековно
одржување доколку проектот е на некој објект со тековно одржување.

Ресурсите се внесуваат во соодветните полиња и активности со тоа што за


механизација, бидејќи часот на операторот е влезен во трошокот на возилото, треба како
ресурси со часови да се внесат возилата и механизацијата, а да не се внесуваат часовите за
возачите и дигалкарите.

Останатите активности ќе се следат со внесување на нивниот почеток и крај и


коригирање доколку е потребно. Со зачувување на Baseline ќе може да се прегледа разликата
од почетната состојба.

4. Анализа
Кога се врши анализа на работните налози на прегледите се гледаат планираните
– остварените часови, планираните часови мора да биде дефинирана бројка. Планираните
часови се вкупен “Work” зачуван во првиот Baseline, затоа треба да се внимава кога ќе се
зачувува првиот Baseline колку се вкупно Work часови. Планираните часови треба да ги
доставува комерција, доколку нема доставено треба да биде 0.

5. Заклучок

2
Упатство за внесување на потрошени часови во Microsoft Project

Со тековно и редовно внесување на часовите MS Project може да Ви послужи за


изготвување на месечен и неделен извештај за реализација.

You might also like