You are on page 1of 1

Недостиг на храна и вода-сериозен проблем на африканското

население
Според ОН, во Источна Африка(поради сушите) околу 23, 4 милиони луѓе имаат
потреба од храна. Во овј регион заради феноменот Ел Нињо има се поголеми суши и
тоа влијае врз економската криза и сѐ помасовните миграции од регионот. Со големи
суши се соочуваат: Судан, Етиопија, Еритреја, Сомалија, Бурунди, Џибути и Кенија. Во
регионите каде што има потпросечни количевства на врнежи, земјоделството и
сточарството се погодени од суша, а каде што има натпросечни врнежи , од поплави.
Населението во сиромашните земји во јужниот дел на Земјата, поради климатските
промени ќе претрпат негативни последици кои се манифестираат преку недостигот на
храна и вода, тоа може да доведе до миграции и ризик од конфликти.
Секое 3 лице на ншата планета е соочено со недостиг на вода за најосновните
потреби. Недостигот на вода е резултат на пораст на населението, пораст на
потрошувачките навики и неконтролирано наводнување на земјоделските површини. Се
намалува количината на подземните води, нивото на езерата, некои пресушуваат, во
речните корита има помалку вода-тоа влијае на екосистемот и биоразновидноста, се
намалува и бројот на населби околу пресушените реки и езера.
Мексико, Северна Африка, Јужна Америка, Блискиот исток и западниот дел на
Америка се високо ризични подрачја, кога се работи за недостиг на вода. Луѓето како
потрошувачи може да влијаат на тоа колку вода ќе се троши за производство. Пр. Ако
јадат помалку месо и месни производи ќе се заштеди голема количина на вода. Поради
суша, Кејп Таун може да остане без вода. Суша им се заканува и на големи делови од
јужна и западна Јужна Африка. По жештината и поплавите следува глад, посебно во
најсиромашните земји во Африка. Со покачување на нивото на морињата, во почвата
продира солена вода која е штетна за вегетацијата и за земјоделството во крајбрежните
региони.
Повеќе од 1,5 милијарди луѓе немаат пристап до чиста вода која е за пиење. Речиси 4
милиони луѓе/годишно умираат поради болести поврзани со нечистата вода за пиење.
Голем дел од сиромашните луѓе во светот се борат со некоја болест предизвикана од
нечиста вода и лоша хигиена. Потребни се 11000 литри вода за да се добие 1кг. кафе.
половина од училиштата во светот немаат пристап до чиста вода и адекватни санитарни
услови. Потребни се 300литри за да се испечати еден неделен магазин. 70% од H2O оди
за земјоделски цели, а 22% користи индустријата. Жените од некои подрачја од Африка
и Азија пешачат во просек и до 6км за чиста вода за пиење. Потребни се 5000 литри
вода за да се произведе 1кг ориз. 80% од болестите во неразвиениот свет доаѓаат од
причини поврзани со водата. Просечен Американец троши повеќе вода за едно
туширање отколку човек од неразвиениот свет во текот на целиот ден.
Децата во субсахарска Африка имаат 500 пати поголеми шанси да умрат од дијареа во
споредба со децата кои живеат во Европа. Бројот на смртни случаи во Африка
предизвикани од дијареа е за 5-10 пати поголем од оние кои животот го загубиле во
војна. Само едно миење на рацете го намалува ризикот од дијареа за 35%. Само еден
долар е доволен за да се обезбеди чиста вода за пиење за едно дете од неразвиениот
свет за цела година.
Во јужна Африка(Кејп Таун)-некои жители инсталираат садови за собирање на дождовна
вода во своите домови.

You might also like