You are on page 1of 2

Источна Африка

 Кенија

Кенија, официјално Република Кенија, е држава во Источна Африка која се наоѓа на


екваторот. Таа се граничи со Индискиот Океан на североисток, Танзанија на југ, Уганда
на запад, Јужен Судан на северозапад, Етиопија на север и со Сомалија на
североисток. Кенија зафаќа површина од 580 000 км2 и население од речиси 41
милион жители кои претставуваат 42 различни народи и култури. Државата го добила
името по планината Кенија која претставува значително обележје и е втор највисок
планински врв во Африка. Главниот град на Кенија, Најроби, се наоѓа до национален
парк. Државата е позната по своите сафари и по разновидните светски познати
национални паркови како што се националниот парк Цаво, Масаи Мара, националниот
парк Накуру и националниот парк Абердарес кои привлекуваат туристи од целиот свет.

 Етиопија

Етиопија, официјално Сојузна Демократска Република Етиопија, порано


наречена Абисинијае држава во Источна Африка. Зафаќа површина од околу 1.221.900
км2. Се граничи со Еритреја на север, со Џибути на североисток, Сомалија на
исток, Кенија на југ и со Судан и Јужен Судан на запад. Главен град е Адис Абеба, со
околу 3 милиони жители. Етиопија има 79 милиони жители, а просечната густина на
населеност изнесува околу 70 жит/км2. Населението главно живее во селска средина.
Етиопија има слабо развиена индустрија, а природните богатства не се доволно
истражени и е една од најсиромашните земји во светот.

Централна Африка
 Република Конго

Конго или официјално Република Конго или уште позната како Конго-


Бразавил или Мало Конго е држава во Централна Африка. Државата се граничи
со Габон на запад, со Камерун на северозапад, со Централноафриканската
Република на север, со Демократска Република Конго на запад и југ и со Ангола на
југозапад. На југозапад државата излегува на Атлантскиот океан. Главен и најголем
град е Бразавил, додека службен јазик е францускиот. Вкупната површина на
Република Конго изнесува 342.000 километри квадратни каде живеат 3.686.000 жители.

 ЦАР

Централноафриканската Република, позната и само како Централна Африка или под


скратеницата ЦАР, е независна држава во Централна Африка. Државата се граничи
со Чад на север, со Судан на североисток, со Јужен Судан на исток, со ДР
Конго и Република Конго на југ и со Камерун на запад. Централноафриканската
Република има вкупна површина од 240,000 километри квадратни и со население од
околу 4.4 милиони жители, според проценките за 2008 година. Главен град на
државата е Банги, службени јазици се францускиот и санго и најголема религија во
земјата е христијанството.

You might also like