You are on page 1of 1

Сахара

Сахара е пустина во северна Африка, која се простира на површина од околу 9.000.000 км2, со што
е најголемата сува пустина во светот. Од плоштината на африканскиот континент зазема една
третина. Нејзината големина е приближно 50 пати поголема од плоштината на САД. Името Сахара,
според арапскиот изговор значи пустина(арап. ‫ صحراء‬арапски изговор), и се смета дека постои
најмалку 3.500 години таква каква што е моментално денес.

Сахара е најголемата пустина во светот, и е распространета на териториите на Мавританија,


Мароко, Алжир, Тунис, Либија, Египет, Судан, Чад, Нигер и Мали.

Најголем град кој е расположен на пустината Сахара е главниот град на Мавританија-


Нуакшот.Пустината Сахара е едно од најсувите и најтоплите места во светот. Температурите
достигнуваат и до 56 степени на сенка, а средното количество на врнежи е помалку од 7 см дожд,
при што во највлажните реони може да падне дожд дури двапати неделно и потоа со години да
нема ниту капка.

Многу малку животни успеваат да се справат со климата и да живеат во пустината. Такви се на


пример газелата, антилопата, чакалите. Многу мал дел од Сахара зазима плодородни оази- само
околу 200 000 кв. Км.

Како транспорт се користат се камилите. Најмногу се одгледуваат урми, пченка и слично.


Настанувањето на Сахара е дел од процес, којшто се предвидува дека започнал пред 8000 години
кога почвата во овој регион била сѐ уште плодна. Некои од плодните региони денес се напојуват
од понорници и водни базени.

Според проучувањето на сателитски снимки, направени на Сахара, некои доаѓаат до извод дека
пустината постојано се зголемува или намалува. Во почетокот на 80 години јужниот крај на Сахара
достигнал дури до Сахел. Но во средината на 80-те овој регион веке бил покриен со зеленило. Во
последно време, постојано се прават напори за да се застане со ширењето на пустината.

You might also like