You are on page 1of 13

ПОИМ ЗА

ДИСКРИМИНАЦИЈА
Што е дискриминација?
Живееме во општество во кое секојдневно се соочуваме со дискриминација
по различни основи и во различни области. Меѓутоа, не секогаш е лесно да се
препознае дали сме биле жртва или сведок на дискриминација.

Дискриминација значи секое правење разлика, искористување или


ограничување на луѓето врз основа на нивните колективни идентитети
(пол/род, класа, етнос) со што ги загрозува или оневозможува остварувањето
или заштитата на нивните човекови права и слободи.
Во рамки на човечкото социјално однесување, дискриминацијата е
осудувачки третман или предрасуда кон едно битие, заснована врз група, класа
или категорија на којашто се смета дека истото припаѓа.
Дискриминација е секое неоправдано правно или фактичко, непосредно или
посредно правење на разлика или нееднакво постапување, односно пропуштање
(исклучување, ограничување или давање првенство) во однос на лица или групи кое
се заснова на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група,
етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско
уверување, образование, политичка припадност, личен или општествен статус,
ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен
статус, здравствена состојба или која било друга основа;
Облици на дискриминација
директна и индиректна дискриминација
Директна дискриминација врз дискриминаторска основа е секое неповолно
постапување, разликување, исклучување или ограничување кое како последица има
или би можело да има одземање, нарушување или ограничување на еднаквото
признавање или уживање на човековите права и основни слободи, споредено со
третманот кој го има или би можело да го има друго лице во исти или слични
услови.
Директна дискриминација е кога некој се однесува неправедно поради
заштитена карактеристика, како што се полот или расата. На пример, на некој не му
се нуди унапредување затоа што е жена и работата му припаѓа на помалку
квалификуван маж. Директната дискриминација се случува кога некое лице или
група луѓе се третираат поповолно од друго лице или група заради нивното
потекло или одредени лични карактеристики.
Индиректна дискриминација врз дискриминаторска основа е секое ставање на
некое лице или група во неповолна положба во споредба со други лица, со
донесување очигледно неутрални одредби, критериуми или со преземање на
определени практики, освен кога таквите одредби, критериуми или практики,
произлегуваат од оправдана цел, а средствата за постигнување на таа цел се
соодветни и неопходни.
Индиректната дискриминација се јавува кога училиштето
применува одредба, критериум или практика на ист начин за сите
ученици, но ова има ефект да ги стави учениците кои споделуваат
заштитена карактеристика во одредена неповолност. На пример, едно
училиште бара од сите машки ученици да носат капа како дел од
училишната униформа.

Ако вашиот домашен старател одбие да ви обезбеди услуга заради


вашето однесување, ова може да биде индиректна дискриминација, освен
ако не можат да ја оправдаат нивната политика. Ова исто така може да
биде дискриминација заради нешто поврзано со вашата попреченост.
Разлика помеѓу директна и
индиректна дискриминација:
Директната дискриминација се јавува кога некому се
постапува неповолно поради заштитен атрибут.
Индиректната дискриминација се јавува кога некое
барање (или правило) што се чини дека е неутрално и
исто за секого, всушност, има ефект на некого во
неповолна положба, бидејќи тие имаат атрибут
опфатен со Законот.
Вознемирување
Вознемирувањето и понижувачкото постапување
претставува повреда на достоинството на лице или на група на
лица кое произлегува од дискриминаторска основа и кое има
за цел или резултат повреда на достоинството на одредено
лице или создавање заканувачка, непријателска, понижувачка
или застрашувачка средина, пристап или практика.

Сексуално вознемирување е несакано однесување од


полов карактер, кое се изразува физички, вербално или на кој
било друг начин, а има за цел или последица повреда на
достоинството на едно лице, особено кога се создава
непријателска, заканувачка, деградирачка или понижувачка
средина.
Дискриминација на лица со
ментална и телесна попреченост
Под дискриминација на лица со ментална и телесна попреченост се
подразбира намерно оневозможување или отежнат пристап до здравствена заштита,
односно ускратување на правата на здравствена заштита, редовен медицински третман
и лекови, рехабилитациони средства и мерки во согласност со нивните потреби,
ускратување на правото на брак и создавање на семејство и други права од областа на
бракот и семејните односи, ускратување на правото на образование, на работа и правата
од работниот однос.

Дискриминација на лица со ментална и телесна попреченост постои и тогаш


кога нема да се преземат мерки за отстранување на ограничувањата, односно
прилагодување на инфраструктурата и просторот, користење на јавно достапни
ресурси, или учество во јавниот и општествениот живот.
4 типови дискриминација во светот против
кои треба да продолжиме да се бориме
1. Полова дискриминација
Жените и девојките низ светот континуирано се соочуваат со полова дискриминација скоро
секој ден. Ова се преведува во различни форми на насилство, во лимитации и ограничувања во
можностите како на приватен, така и професионален план (како образованието и
вработувањето), па дури и преку стереотипните говори и говорот на омраза. Според
Обединетите нации, се проценува дека 35% од жените глобално искусиле физичко насилство од
своите партнери или други лица, а повеќето од нив го доживеале тоа пред да наполнат 5 години.
Понатаму, околу 70% од сите жртви на трговијата со луѓе се женски лица. Ова се само дел од
статистиките на посериозните случаи на дискриминација кои ги покажуваат насилствата со кои
жените се соочуваат.
Во зборовите на добитничката на Нобеловата награда за мир, Малала Јусафзеи :
„Не можеме сите да успееме ако половина од нас се воздржани и ограничени.“

ЖЕНСКИТЕ ПРАВА СЕ ЧОВЕЧКИ ПРАВА И СИТЕ ЗАСЛУЖУВААТ ЕДНАКВИ


МОЖНОСТИ.
2. Расна дискриминација
Милиони луѓе низ светот секојдневно се соочуваат со расна
дискриминација. Системскиот расизам продолжува да влијае врз
малцинствата. Ова посебно се забележува во правниот систем на
САД, каде афро-американците се 6 пати повеќе апсени од белите
луѓе. Во 2014-тата година, податоците од извештаите на ФБИ
покажуваат дека 6.727 луѓе биле жртви на насилство и криминал
од омраза и 48.3% од нив биле цел на напаѓачите само поради
нивната раса. Но, Америка е само мал дел од целокупната расна
дискриминација, но добар пример дека треба да се направи,
прифати и прослави различноста.

3. Дискриминација по сексуална ориентација


ЛГБТ заедницата е постојано изложена на најразлични форми на
опресија. Дури 80 држави од светот имаат закони кои ги забрануваат
истополовите бракови или дискусиите за правата на геј популацијата. Во
некои од нив, хомосексуалноста е казнувана со смрт и дури и во оние
земји каде таа е легална, постојат многу други рестрикции. Никој не
треба да се суди или прогонува по нивната сексуална ориентација. Тоа е
основната дефиниција на апсурдот.
4. Религиозна дискриминација
Како и со векови наназад, така и денес религиозната дискриминација претставува
глобален проблем од толкав размер, што често е причина за најразлични конфликти. Со
минатогодишните терористички напади во Сан Бернандино и Париз, процентот на криминал и
насилство од омраза против муслиманите тројно се зголемил. Според истражувањата, една
четвртина од светските религиозни групи се соочуваат со непријателства и неприфаќање во
своите држави. Понекогаш, ова се јавува во форма на социјално неприфаќање, но многу влади
ставаат забрани и рестрикции на одредени религиозни групи. Општо гледано на сите
лимитации на религијата, истражувањата покажале дека околу 39% од земјите имаат високи
или многу високи религиозни рестрикции. Тоа значи дека 5,5 милијарди луѓе живеат во
општества со овие рестрикции. Религиозната слобода е стандард кој треба да се држи во секое
модерно општество и секој треба да има право да биде она што ќе го избере и да живее според
она во кое верува или не верува.
10 ИНСПИРАТИВНИ ЦИТАТИ
1. „Никогаш не е доцна. Никогаш не е доцна за да почнете од почеток, никогаш не е доцна да бидете
среќни.“ – Џејн Фонда
2. „Животот е навистина интересен. На крај од краиштата, некои од најголемите грешки и болки,
стануваат вашата најголема сила и предност.“ – Дру Баримор
3. „Бидете задоволни со себе. Сакајте ги вашите недостатоци. Почитувајте ги вашите необичности. И
секогаш имајте на ум дека сте подеднакво совршени како и кој било друг, токму заради она што сте.“ –
Аријана Гранде
4. „Ајде да вежбаме мотивација и љубов, а не дискриминација и омраза.“ – Зендаја
5. „Немојте никогаш да се срамите од она што го чувствувате. Имате право да ја почувствувате секоја
емоција што ќе ја посакате и да го правите сè она што ве прави среќни.“ – Деми Ловато
6. „Што и да се случува во животот, секогаш бидете добри кон луѓето. Да бидете добри е најубавата
работа која можете да ја направите.“ – Тејлор Свифт
7. „Не дозволувајте некој или нешто да ве ограничи. Вашиот сопствен глас е единствениот кој треба да
го слушате.“ – Дав Камерон
8. „Темнината не може да ја истера темнината; само светлината го може тоа. Омразата не може да ја
истера омразата; само љубовта го може тоа.“ – Мартин Лутер Кинг
9. „Секогаш е вистинско време за преземање на правилниот чекор.“ - Мартин Лутер Кинг
10. ,,На пијаниот човек му се свртува во главата по две или три чаши, а на суетниот уште по првото
ласкање. “- Махатма Ганди
Ви благодарам на
вниманието

Изработил: Симона Миткова


Ментор: Христина Гоцевска

You might also like