You are on page 1of 15

СУГС Гимназија "Јосип Броз Тито"

МАТУРСКА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА


Тема:
“ Семејно насилство и постапување на надлежните институции во
семејни спорови “

Предметен професор:
Изработил: Андреј Томиќ

Скопје, февруари, 2020


СОДРЖИНА:

Вовед...............................................................................................................................................3

1.СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО..........................................................................................................4

1.1. Дефинирање на семејното насилство............................................................................4

2.Причините за појава на семејно насилство..............................................................................7

2.1. Психо – биолошка теорија............................................................................................7

2.2. Теорија на социолошката ориентација.........................................................................7

2.3. Феминистичка теорија....................................................................................................8

3.Видови на семејно насилство....................................................................................................9

3.1. Физичко насилство.........................................................................................................9

3.2. Психолошко насилство...................................................................................................9

4. Постапување на надлежните институции во семејни спорови...........................................11

4.1. Институционални мерки за заштита од семејно насилство..........................................11

ЗАКЛУЧОК..................................................................................................................................14

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА....................................................................................................15

2
Вовед

Живееме во време на вреднување и промоција на цивилизациски вредности кои се


поставени на темелите од постулати како толеранција, меѓусебно разбирање, мирно
решавање на проблеми и конфликти, избегнување и осудување на секаков вид на
насилство и време во кое се заговара мир и хуман меѓусебен однос без разлика на
околностите. Со други зборови, овие вредности го промовираат сето она што е и треба да
биде хумано во луѓето јасно оградувајќи се од било каква форма и облик на насилство во
било кои околности. Покрај ова, традиционалистичкиот вредности кои заговараат насилно
однесување во определени околности се повеќе се напуштаат во се поголем број на
региони и држави. Сепак, проблемот со насилството не нешто што може да се смени
преку ноќ посебно во општествени околности кои предолго биле јасно изложени на
традиционалистички, идеолошки сфаќања и застарени идеи за поделба на луѓето по било
каква основа, а најмногу по пол. Во такви околности очекувана е појавата на насилството
воопшто во сите негови форми и во било кои ситуации. Иако, низ повеќе децении во
светот проблемите со насилството и неговите видови се акцентираат, истражуваат,
анализираат и дебатираат неговото целосно искоренување не е возможно во догледно
време. Притоа еден посебен вид на насилство како семејното насилство ( кое е присутно
без разлика на општествените околности и развиеноста на државите ) предизвикува се
поголемо внимание посебно во научни кругови. Интересот кон овој вид на насилство е
толку голем затоа што постојат сеуште отворени прашања на кои многумина експерти
сакаат да дадат одговор и овој вид насилство да го поврзат со определени надворешен и
внатрешни фактори кои би можеле да влијаат на неговата појава.

Така, широката распространетост на овој вид на насилство може да има големо


последици и тоа не само кон директните жртви туку и кон индиректните жртви на овој
вид на насистство. Оттаму, институционалното постапување при евентуално сомневање за
семејно насилство е неопходно со цел да се намали што е можно повеќе штетата што може
да биде огромна ако се земе предвид дека често пати како жртви на семејно насилство се
јавуваат и децата.

3
1. СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Семејното насилство претставува комплексен и сложен проблем со кој се соочуваат


сите држави во светот без исклучок. Сложеноста и комплексноста на оваа појава се
појавува како резултат на штетните и огромни последици кои се предизвикуваат со
практикувањето на семејното насилство, пред се за семејството, па потоа и за општеството
во целина.

Исто така како феномен, семејното насилство претставува вечен и постојан


предизвик на голем број научни дисциплини, како што се криминолошките,
социолошките, казнено правните, психолошките, криминалистичките и др., се со цел да се
изврши негово определување во феноменолошка смисла, односно да се одредат појавните
облици на истото, да се детектираат најчестите фактори кои влијаат да се практикува оваа
негативна појава во општеството, како и да се воспостават соодветни системи и
механизми на заштита на жртвите на семејното насилство. 1

1.1. Дефинирање на семејното насилство

Овој вид на насилство со сите негови типови не претставува никаква новост и е


присутно во општеството многу одамна. Се работи за проблем кој не познава никаков вид
на физички граници како и поделби во однос на нација, држава, религија, социјален статус
на луѓето, општествени околности и време на живеење како и други можни поделби.
Токму поради оваа специфична карактеристика која ја има овој вид на насилство се вели
дека е глобален и универзален без граници. Токму универзалноста на поимот го прави
овој вид на насилство проширено насекаде низ светот каде се поголем број на луѓе се
соочуваат со Семејното насилство ги подразбира актите и дејствијата кои се превземени
од некое лице кон друго лице во рамките на семејството, при што таквите дејствија и акти
значат предизивикување на штетни последици за жртвата на семејното насилство.

1
Габеров, М., Феноменологија на семејно насилство, Европски Универзитет, Скопје, 2017.

4
Постои една широка дефиниција на семејното насилство, според која под истата
можат да се подведат дејствијата на физичко повредување, дејствијата и актите што значат
загрозување или повредување на психичкото здравје на жртвата, овој вид на дејствија
уште ги нарекува и емоционална агресија од причина што се дејствува врз психата и
емоциите на жртвата, како и дејствијата и актите кои значат превземање на сексуални
активности во насока на повредување на жртвата на семејното насилство.2

Всушност, доколку подетално се погледне во литература која се занимава со


феноменот на семејното насилство многу лесно се доаѓа до заклучок дека постојат безброј
дефиниции кои на семејното насилство гледаат од различен агол што значајно се одразува
на тоа како ќе го квалификуваат овој поим. Така, постои и дефиниција според која поимот
семејно насилство се подразбира малтретирање, грубо навредување, загрозување на
сигурноста, телесно повредување, полово или друго психичко или физичко насилство со
кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв спрема брачен другар,
родители или деца , или пак секое друго лице што живеее во брачна или вонбрачна
заедница или заедничко домаќинство, како и спрема поранешен брачен другар или лица
што се наоѓаат во блиски лични односи.

Дополнително на ова, постојат и дефиниции определени од организации како онаа


на Организација на обединетите нации како и на Здруженија кои се посветени на заштита
на детските права ( кога е во прашање семејното насилство) како и оние кои се однесуваа
на сите држави на семејното насилство но сите тие ги имаат како заеднички истите
компоненти односно дека се работи за директна или индиректна употреба на сила
( физичко или психолошко насилство) од страна на еден врз друг или повеќе членови на
едно заедничко семејство.3

Постојат и дефиниции кои, покрај наведените одредници на насилство (сила и


закани), вклучуваат и злоупотреба на моќ.

Секоја врска во која е нарушен балансот на силите е потенцијално врска во која


насилството на некој помоќен член кон кој нема моќ во таа врска. Суштината е дека оној

2
Gelles, J. R. (1998). Family Violence. Oxfored University Press, 1998.
3
Димковска, И. Семејно насилство., ПРАВДИКО, Скопје, 2019.

5
што има моќ (физички, економски, политички, статус) има целосна слобода да избере
дали ќе употреби насилство.4

Оваа дефиниција за семејното насилство се чини дека најмногу и најдобро ја


рефлектира состојбата со семејното насилство како во Република Северна Македонија
така и на глобално ниво во сите други држави. Впрочем, индивидуите јасно е дека
индивидуите кои имаат поголема моќ во семејството каде во најголем дел ги имаме
мажите ( со оглед на тоа што патријархалниот вредносен систем успева да се пробие и
денес во голем број на семејства) во семејствата кои фигурираат како глава на
семејството. Во такви околности мажот ( и таткото на децата) ги има на располагање
ресурсите на семејството каде иако не мора да значи ама во 80-90% во случаевите децата и
жените се оние кои се жртвите и кои се изложени на некаков вид на семејно насилство.

4
Остејиќ. З., Други поглед света - - Не живјети са насиљем. Медика, Зеница, 1999.

6
2. Причините за појава на семејно насилство

Појавата на семејното насилство до денес не може да биде следена до нејзините


почетоци. Една од причините е фактот што точно не се знае временскиот интервал на
појавата на нуклеарните семејства ( составени од еден маж, жена ( татко и мајка) со
нивните деца) токму поради тоа не може да се дојде до соодветни заклучоци за тоа кои би
биле почетоците и корените за факторите кои влијаат за појава на семејното насилство не
земајќи ги предвид првобитните заедници и големите семејни заедници каде има многу
повеќе членови кои на најразличен директен и индиректен начин се меѓусебно поврзани
роднински и на други основи. Токму поради тоа како и во литературата и денешните
достапни истражувања така и во оваа проектна задача вниманието е насочено кон
вообичаената форма на семејството – нуклеарното семејство. Токму поради фактот дека
причините за појавата на семејното насилство се толку многу различни, а влијанието на
различните фактори кои предизвикуваат семејно насилство се од најразличен карактер, се
појавиле неколку теории кои подетално се занимаваат и анализираат дел од причините кои
должат појава на семејно насилство.

2.1. Психо – биолошка теорија

Најпрво, оваа теорија најмногу се однесува на психолошките ама и патолошките


карактеристики на личноста. Така, во овој случај кај психо – биолошката теорија во
голема мера се занемаруваат културните, економските, социјалните и сите други
внатрешни и надворешни фактори кои влијаат на појавата и интензитетот на семејното
насилство. 5

2.2. Теорија на социолошката ориентација

5
Maren, H.-N., & Juliao, T. (2020). Teoretical basics for family violence. Повратено од samples.jbpub:
http://samples.jbpub.com/9780763780340/80340_ch02_final.pdf

7
Во рамките на оваа теорија главните главната причина за појава на семејно
насилство ја зазема социјалната компонента односи сите оние социјални фактори кои
влијаат на самото семејство. Многу истражувања укажуваат на тоа дека социјалното
опкружување е далеку повлијателно како фактор во однос на некои постоечки
недостатоци на поединецот во семејства каде постои семејно насилство. 6 Според ова,
авторите кои се цврто убедени и ја застапуваат оваа теорија сметаат дека социјални
фактори како: статус, финансиска стабилност, ниво на развој, образование, невработеност,
културолошки разлики, религија, право директно влијаат на зголемување или намалување
како и појава на семејно насилство.

2.3. Феминистичка теорија

Феминистичката теорија не може да најде толку многу приврзаници како научници


и автори кои долго се занимаваат со проблемите поврзани со семејното насилство и
неговото настанување. Причината поради што тоа е така е фактот што оваа теорија родот
го смета како единствен фактор кој влијаел и влијае на појавата на семејно насилство
акцентирајќи дека жените се секогаш тие кои се жртви на семејното насилство. 7 Иако во
однос на жртвите, кај семејното насилство жените ама и децата се на врвот со повеќе од
70-80% од случаевите на семејно насилство, но не смее да се занемари фактот дека
постојат и мажи кои би можеле да бидат жртви на семејно насилство со што оваа теорија
не се труди доволно да ги елаборира сите аспекти на семејно насилство насочувајќи се
само кон полот како единствен фактор кој влијае на појавата на семејно насилство и само
врз жените.

6
Игљатовиќ, Ѓ. Насиље према женама у интимном партнерском односу: модел. Београд, 2011.
7
Goudolf, E. F. Battered Women as Survivers. Lexington Books, Toronto, 1999.

8
3. Видови на семејно насилство

Не секое семејно насилство вклучува директна употреба на сиал односно физика


пресметка со член од семејството. Иако во минатото при конечната инкриминација на
семејното насилство физичкото насилство врз жена или ете во семејството се сметало
единствено за семејно насилство денес постојат повеќе облици на семејно насилство кои
сите се докажани и подеднакво фатални за жртвите на семејното насилство.

3.1. Физичко насилство

Физичкото насилство претставува она што најголемиот дел од луѓето подразбираат


под смена насилство. Кај физичкото насилство имаме директна физичка конфронтација со
член на семејство до страна на друг член на семејство, а според тоа жртвата на
насилството се здобива со полесни или потешки телесни повреди кои се нанесени токму
од оној кој го извршил насилството.

Меѓу другото, овој вид на насилство е дефиниран и со Законот за превенција,


спречување и заштита од семејно насилство каде според член 4 за физичкото насилство
како вид на семејно насилство се смета дека е еден од најзастапените видови на насилство
кое што се случува во рамките на семејството. Согласно законската определеност,
физичкото насилство се нарекува и уште телесно насилство, и истото се исполнува преку
различни дејствија на физичка сила, преку кои доаѓа до нарушување на здравјето на
жртвата на семејното насилство.8

3.2. Психолошко насилство

8
Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство . Скопје: Службен весник на Република
Северна Македонија бр. 138 од 17.09.2014 година.

9
Психолошкото насилство е оној вид на семејно насилство кои често пати
неправедно се смета за помал облик на насилство или не се смета за насилство воопшто.
Неколку однесувања се сметаат како типични за овој вид на семејно психичко насилство:
контролата на жртвата на семејно насилство, целосна изолација на жртвата, постојана
љубомора, постојано омаловажување и понижување на жртвата во затворен или отворен
круг на луѓе, постојано заплашување, сериозни закани за повредување на жртвата или
повредување на неа блиски лица.9

9
Национална стратегија за спречување и заштита од семејно насилство 2012-2015. Скопје: Министерство
за труд и социјална политика на Република Северна Македонија .

10
4. Постапување на надлежните институции во семејни спорови

Националната стратегија за заштита од семејно насилство претставува основен


стратешки документ на Република Северна Македонија, кој има за цел утврдување на
стратешките насоки и приоритети за сузбивање и спречување на овој вид насилство, и
утврдување на одговорните носители за нивно спроведување.

Овој протокол во себе содржи:10

 Активности на сите надлежни институции кои учествуваат во откривање и


намалување на насилството и давање помош и заштита на лицата изложени
на семејно насилство;
 Облиците и начините на соработка помеѓу надлежните институции кои
учествуваат во откривање и намалување на насилството и давање помош и
заштита на лицата изложени на сeмејно насилство;
 Останатите активности и обврски кои се однесуваат на постапување на
надлежните институции кои учествуваат во откривање и намалување на
насилството и давање помош и заштита на лицата изложени на семејно
насилство;
 Завршни одредби со кои се прoпишуваат постапките во согласност со
активностите на овој протокол.

4.1. Институционални мерки за заштита од семејно насилство

 Мерките за заштита имаат цел обезбедување на сигурноста и заштита на


жртвите од идно насилство, односно помош за надминување на последиците
од доживеаното насилство, како и создавање на услови за нејзина
интеграција во социјалната средина. Центарот за социјална работа, односно
одговорниот стручен работник го следи спроведувањето на мерките за
10
Заеднички протокол за постапување во случај на семејно насилство, Влада на РСМ, Скопје, 2019.

11
заштита. Мерки за заштита предвидени со позитивното семејно
законодавство се: нужно сместување; соодветна здравствена заштита;
соодветна психосоцијална интервенција и третман; соодветно
советувалиште; редовно школување на децата на жртвата; известување на
органот на прогон; правна помош и застапување; иницирање на потребни
судски постапки и поднесување на барање за изрекување на привремени
мерки за заштита.
 Привремените мерки за заштита имаат за цел заштита на жртвите од идно
насилство, односно овозможување на непосредна и брза заштита на жртвата
на семејно насилство. Во позитивното семејно законодавство предвидени се
следните привремени мерки за заштита: забрана на насилникот да се
заканува дека ќе стори семејно насилство; забрана на насилникот да
малтретира, вознемирува, телефонира, контактира, или на друг начин да
комуницира со жртвата; забрана на насилникот да се приближува до
живеалиштето, училиштето, работното место или определено место кое
редовно го посетува друг член од семејството; отстранување на насилникот
од домот без оглед на сопственоста, до донесување на конечна одлука од
страна на судот; забрана на насилникот да поседува огнено оружје или
истото да му биде одземено; задолжување на насилникот да ги врати
предметите кои се потребни за задоволување на секојдневните потреби на
семејството; задолжително издржување на семејството од страна на
насилникот; посетување на соодветно советувалиште од страна на
насилникот; задолжително лекување на насилникот доколку е корисник на
алкохол и други психотропни супстанци или има некое заболување;
надоместување на медицинските и други трошоци настанати од семејното
насилство и изрекување на која било друга мерка која судот ќе ја смета за
неопходна за да се обезбеди сигурност и добросостојба на другите членови
на семејството.. Овие привремени мерки ги издава судот на барање на
Центарот за социјална работа и жртвата на семејно насилство.
 Казнено праваната заштита има за цел да го санкционира насилното
однесување во рамки на семејството, односно да даде до знаење дека

12
таквото однесување е недозволиво и дека истото ќе биде подложно на
соодветни санкции. Оваа заштита ја обезбедуваат органите за внатрешни
работи, односно сите останати актери во рамки на казнено правниот систем.
Семејното насилство во РМ е санкционирано, односно регулирано во повеќе
глави на Кривичниот законик (кривични дела против животот и телото,
кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот,
кривични дела против половата слобода и морал. Казненото право на РМ не
инкриминира посебен вид на прекршоци од областа на семејното
насилство .Сите кривични дела за заштита од семејно насилство се гонат по
службена должност, освен кривичното дело телесна повреда чл. 130 ст.2 за
кое единствено е потребно да се прибави предлог за гонење –согласност на
жртвата пред поднесување на кривична пријава.

13
ЗАКЛУЧОК

Појавата на семејното насилство до денес не може да биде следена до нејзините


почетоци. Една од причините е фактот што точно не се знае временскиот интервал на
појавата на нуклеарните семејства ( составени од еден маж, жена ( татко и мајка) со
нивните деца) токму поради тоа не може да се дојде до соодветни заклучоци за тоа кои би
биле почетоците и корените за факторите кои влијаат за појава на семејното насилство не
земајќи ги предвид првобитните заедници и големите семејни заедници каде има многу
повеќе членови кои на најразличен директен и индиректен начин се меѓусебно поврзани
роднински и на други основи. Токму поради тоа како и во литературата и денешните
достапни истражувања така и во оваа проектна задача вниманието беше насочено кон
вообичаената форма на семејството – нуклеарното семејство.

Институционалното вмешување посебно кога станува збор за семејното насилство


е неопходно. Овде се подразбира дека надлежните органи на државата мора да имаат
човечки капацитет и соодветен план како да постапуваат по пријава за семејно насилство,
како тие пријави понатаму се обработуваат и како се постапува со жртвите на семејно
насилство.

Дополнително на ова, институционалните капацитети не треба да бидат вклучени


само во решавањето на спорови кои се јавиле како резултат на семејно насилство и по
пријава на жртва која била малтретирана туку и во делот на превенцијата од ваков вид на
насилство.

14
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

 Габеров, М., Феноменологија на семејно насилство, Европски Универзитет,


Скопје, 2017.
 Gelles, J. R. (1998). Family Violence. Oxfored University Press, 1998.
 Димковска, И. Семејно насилство., ПРАВДИКО, Скопје, 2019.
 Остејиќ. З., Други поглед света - - Не живјети са насиљем. Медика,
Зеница, 1999.
 Maren, H.-N., & Juliao, T. (2020). Teoretical basics for family violence.
Повратено од samples.jbpub:
http://samples.jbpub.com/9780763780340/80340_ch02_final.pdf
 Игљатовиќ, Ѓ. Насиље према женама у интимном партнерском односу:
модел. Београд, 2011.
 Goudolf, E. F. Battered Women as Survivers. Lexington Books, Toronto, 1999.
 Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство . Скопје:
Службен весник на Република Северна Македонија бр. 138 од 17.09.2014
година.
 Национална стратегија за спречување и заштита од семејно насилство
2012-2015. Скопје: Министерство за труд и социјална политика на
Република Северна Македонија .
 Заеднички протокол за постапување во случај на семејно насилство, Влада
на РСМ, Скопје, 2019.

15

You might also like