You are on page 1of 6

- Дијагностичка постапка, анамнеза во дефектологијата

Анамнеза во дефектологијата
Со земање на анамнестичките податоци кои ги зема стручното лице, започнува
дијагностичката постапка. Основната задача при правење анамнеза е
стручното лице да започне со дадените факти, онака како што субјектот, со кој
е во контакт, може најдобро да ги опише, а не од теоретските претпоставки.
Теоретските претпоставки можат да бидат потврдени само со анамнестички
податоци или може воопшто да не се вклопат со овие податоци. Доколку
анамнестичките податоци и теоретските ставови на стручното лице не се
поклопуваат, не значи дека таа теорија треба да се отфрли, ниту пак значи
дека тие податици се земани несоодветно. Основна професионална грешка е
ако оние што ги земаат анамнестичките податоци ги опишуваат во технички
термини, што укажува на одредена теоретска констелација.
Прв и основен пристап при земање на анамнеза е опишувањето да биде што е
можно послично на начинот на опишувањето на соговорникот. Доколку е
преопширен може да се резимира неговото мислење, но добро е во текот на
тоа секогаш да се наведе по некоја реченица која го карактеризира начинот на
изразување на соговорникот. Целиот текст анамнеза мора да биде напишан
такашто ќе му овозможи на некој следен што испрашува, да донесе свој
заклучок врз основа на изнесениот материјал.
Да се напише, на пример, дека детето е анксиозно или има пареза на левата
страна, значи да се процени стравот на детето, за кој дознаваме на многу
специфичен начин во текот на земањето анамнеза, што не е без влијание врз
тоа дали секој испитувач ќе ја оцени опишаната состојба на чувство како
анксиозност, или ќе дознаеме за одреден квалитет на подвижност на рацете
што го оценуваме како пареза. Сето тоа треба да се опише како што го
опишува испитуваниот, дури на крај да се даде своја проценка која содржи
дијагностички заклучок. Ова е особено важно за дефектолошка анамнеза.
Доколку се усвоени сите основни претпоставки кои се однесуваат на
анамнестичката постапка, тогаш можеме да преминеме кон детална
преработка на оваа дијагностичка постапка.
Анамнестичката постапка претставува земање на податоци за проблемите со
кои детето или возрасната личност се соочува и заради што доаѓа да бара
помош од дефектолог. Податоците можат да се земаат од субјектот
поединечно, од неговите родители или членовите на потесното семејство, како
и од други личности кои го познаваат испрашуваниот и имаат некаков однос со
него/неа. Анамнестичките податоци може да се надополнат со социјална
анкета, која се прави во семејството, училиштето, на работното место или во
друга институција, која испрашуваниот ја посетувал или бил припадник.
Разликата помеѓу анамнеза која ја прави дефектолог и социјалната анкета се
состои во тоа што во првиот случај анамнестичките податоци се насочени за
односите на субјектот со реалноста во контекст на дефекти, додека
социјалната анкета ќе ја опфати социјалната динамика на односите на сите
групи кои се обработуваат и на кои субјектот припаѓа, гледајќи го однесувањето
на субјектот од гледна точка на другите.
Анамнестичките податоци кои ги дава субјектот се наречени аутоанамнеза,
додека податоците кои ги дава неговиот родител или некој друг се викаат
хетероанамнеза.
Аутоанамнеза
Аутоанамнеза во дефектологијата е значително поретка отколку што е во
медицината или на некоја друга сродна гранка. Поретка е поради тоа што пред
нас има лице кое е оштетено во областа на развојот на интелигенцијата (1-3%
од општата популација) или е лице со оштетен слух и неразвиен говор, при што
не може да се очекува поопширни согледувања за проблемот, ниту пак, од
друга страна, побогати можности за комуникација, кои би пренеле одредени
искуства или информации. Можеме да очекуваме само побогат вербален
контакт и можности за обезбедување податоци во рамките на самоанамнезата
од лицата со оштетен вид и лицата со попреченост. Покрај категоријата на
нарушување, важна е и возраста на пациентот. Секако, помалите деца имаат
недоволно развиена говорна функција, што може да влијае врз нивната
анамнестичка проценка.
- Аутоанамнеза на лице со ментална ретардација
Во контакт со лице со нивоа на тешка и ментална ретардација, нема да
можеме да оставиме доволно валиден контакт кој може да ни даде било каква
информација што е важна за анамнезата. На ист начин, секој контакт со дете,
со изразена ретардација, од 7-8 години може да послужи за увидување на
дефектолошки статус, но не и за да се дадат податоци за аутоанамнеза.
Доколку се работи за полесна ментална ретардација, од 5 годишно дете може
да се добијат податоци за тоа дали ја сака мајката, дали ги сака останатите
деца, дали има другари за игра и слично. Над 8 години, може да се добијат
податоци дали умее да игра со топка, со кои играчки си игра, што сака во врска
со својата мајка, што сака кога е во група на други деца и слулно. Од овие
одговори може да имаме претстава за неговиот поглед кон светот и дали
околината го забележува неговото однесување. Доколку се работи за
адолесцент или постаро лице, тогаш врз основа на аутоанамнезата може да се
заклучи дали се работи за личност со позитивни искуства во својата
социјализација , или неповолни искуства. Лице со полесна ментална
ретардација на постара возраст може да опишува многу поопширно.
Спрема тоа, од лице со менталнта ретардација на умерено ниво и полесна
ментална ретардација или на постара возраст може да се добијат податоци кои
се однесуваат на нивниот успех на социјално поле, кои имаат автентична
вредност и може да се земат во обзир сосема озбилно. Останатите категории
на деца со ментална ретарадција, како и деца под 8 или 5 години, не можат да
дадат валидни податоци од автоанамнезата, но средбата со нив се користи за
истражување, во зависност од стручната ориентација на испитувачот.
- Аутоанамнеза на лица со оштетен слух
Лицата со оштетен слух и говор може да се поделат во тру групи. Првата група
ја сочинуваат деца до три години. Без разлика на степенот на оштетениот слух,
овие деца можат да воспостават многу хармоничен однос со возрасните
(родителите, со испитувачот, или со било кој друг), со секој што може да биде
исполнет со топлина или користен за дијагностички, терапевтски или
дефектолошки третман, но не и за извор на информации во рамки на
автоанамнестичка постапка. Втората група се деца од 4 до 8 години, овие деца
доколку имаат зачувано дел од слухот и нормална итнелигенција, без разлика
дали се обучувани во говор или не, можат да кажат по нешто за себе. Третата
група се постари деца и адолесценти. Овде важна улога нема толку
оштетувањето на слухот, колку што има обученоста за слушање и говорење.
Од нив може да се добијат податоци за тоа кого и што сака детето, што не
сака, дали има контакт со средината или не, дали е прифатено во игри и
останати активности надвор од семејството, има ли браќа и сестри и слично.
Особено е интересно што младите со оштетен слух со задоволство ја
прифаќаат обуката за возење автомобил, при што во податоците од
аутоанамнезите, не покажуваат никаков страв или несигурност во возењето.
Начин на земање анамнеза
Анамнеза се прави на начин што се воспоставува физичка средба помеѓу
лицето испрашува и испрашуваниот. При земање на анамнеза се поставува
прашањето дали испрашуваниот дошол по своја волја или е доведен по
убедување на другите. Следното прашање се состои во тоа дали
испрашуваниот чувствува дека има некакви проблеми заради кои му е
потребна помош. При тоа, за тие проблеми се говори општирно и на тој начин
што секое следно прашање се заснова на содржината која испрашуваниот ја
изнел. На пример „Кажуваш дека се плашиш од наставникот. Можеби се
плашиш и од нешто друго...“, или „Кажа дека лошо пишуваш. Дали самиот
мислиш така или некој ти го кажал тоа?“, при тоа се разработува целиот
проблем со пишувањето, учењето, кој кому помага и така натаму. Доколку
детето е повозрасно, разговорот се врши индивидуално. Доколку вербалниот
контакт е отежнат, се бара цртеж, при што се прати графомоторната
организираност, поставеноста во просторот и мотивираноста на детето.
Разговорот со родителите се врши посебно, доколку е одлучено прво со нив да
се разговара. Доколку се разговара прво со детето, тогаш е пожелно и
разговорот со родителите да се изврши пред детето. Разговорот почнува така
што стручното лице се интересира за основниот проблем на детето, кога
настанал и како се манифестира. Во разговорот со родителите се користи
содржина која ја изнеле тие. Доколку родителите дозволат некои податоци да
се изнесат и пред детето, или доколку детето дозволи да им се каже на
родителите тоа за што зборувало, дури тогаш можат да се конфронтираат
исказите доколку е потребно.
Општа дијагностичка постапка во дефектологијата
Дијагностичкиот пристап во дефектологијата може да се подели на општ, кој го
применува секој дефектолог, без оглед на стручната насока, и специфичен кој
се употребува конкретно во однос на природата на хендикепот, со кој се
занимава дефектологот.
Општата дијагностика во дефектологијата е сродна со сите дијагностички
методи. Во својата основа тие го формираат процесот на проценка на
способностите на личноста и капацитетите што ги има во социјализацијата.
Покрај тоа, дијагностиката се извршува со земање на анамнеза, набљудување
на личноста, преглед на неговите телесни квалитети и процесот на донесување
заклучок на стручното лице за запазените особони, и примените информации,
што се одвиваат на ниво на свеснот на испитувачот. При тоа, основни факотри
за донесување на дијагностичкиот заклучок се искуството на испитувачот во
областа на стучната анакиза и неговото лично животно искуство.
Вовед во дијагностичка постапка
Дијагностичката постапка секогаш започнува со воведен дел, кој е доста важен
за соживување со испрашуваното лице и донесување на целосниот заклучок за
испрашуваниот. Како ќе се изведе воведниот дел зависи од личноста на
испитувачот, од организацијата на неговата работа и установата во која се
врши дијагностиката. Некогаш започнува уште во ходникот кадешто лицето кое
се испрашува чека со своите родите или пратители. Ова чеккање може да биде
мирно, некогаш лицето може да биде вознемирено, а некогаш моѓе да биде
сосема индиферентно, отсурно и незаинтересирано. Не смее да се прави
непотребна конфронтација која ќе рпедизвика само длабоко повредување и
нема да се добие добиениот став или анамнестичкиот материјал.
Следен момент од воведниот процес е кога лицето коешто се испрашува
влегува сам или со своите пратители во просторијата во која работи
испрашувачот. Самиот начин на влегување и заземање на место дава целосна
серија податоци за лицето. На пример, на повикот да влезе следниот, се
отвора вратата, се слуша замор и на вратата се појавува младич со штаки,
тешко одржува рамнотежа при одење, додека зад него влегува човек во
средновековни години, со ведро лице и подготвен да го придржи младичот.
Влегувајќи, овој пратител објаснува дека е среќен затоа што неговиот син
успеал самостојно да го помине патот од количката која се наоѓа во ходникот,
до местото каде што е сега. Низ оваа сцена може низ патолошките движења на
младичот да се забележи интензивната врска помеѓу овие две личности, кои се
татко и син. Презаштитеноста која се случувала, била фактор кој значително го
успорувал процесот на стабилизација кај младичот.
Понекогаш детето доаѓа само и во главно не може да ја објасне причината за
неговото доаѓање. Дојдено е затоа што родителите се зафатени, или затоа што
е пратено дирекно од наставник во училиштето. Без разлика на наодите што
може да следат, ваквиот начин на доаѓање на преглед го алармира стручниот
тим за проблеми во семејството и училиштето каде што престојува детето, што
треба да биде мотив за ангажирање на службата за социјална работа. Сепак,
најчесто децата доаѓаат со двата родитела и детето, особено доколку детето
има јасна дефектолошка проблематика. Се набљудува како ќе се наместат во
собата. Обично, најповолното место од кое може да се оствари најефикасен
контакт со стручното лице го зазема личноста која е доминантна во
семејството. Вообичаено, еден од родителите знае најмногу детали во врска со
детето, додека другиот пасивно молчи или е во анкциозна/депресивна
состојба. Поретко се случива хармонично да се надополнуваат родителите при
давањето на податоци додека се врши анамнезата.
Посебна група на родители ја сочинуваат оние на кои доаѓањето кај психијатар
или дефектолог претставува сериозен личен проблем. Овие родители знаат да
стапат во конфликт прво со шалтерската служба, со медицинската сестра и
подготвени се и најмалото чекање да го протолкуваат како неефикасност.
Меѓутоа, кога влезат во просторијата каде што работи специјалистот, од еднаш
стануваат љубезни и се трудат да бидат пристојни.
Следна група на родители се оние кои вообичаено се од урбани средини или
со завршен повисок степен на образование кои сами се сомневаат во
интелигенцијата на своето дете. Тие вообичаено се депресивни, анкциозни,
чекаат трпеливо, при што и детето не е расположено и седи молчаливо до
еден од нив. При давањето на податоци сами покажуваат сомнеж дека постои
можност за ментална ретардација, ја покажуваат својата длабока фрустрација
и безнадежност. Намерата од овие описи е да се укаже на големата потреба на
почетокот на дијагностичката постапка да се види целото семејство заедно, при
таа прилика ќе се согледа ставот на телото, изјави, меѓусебни односи во текот
на разговорот, кои даваат одредена слика и одреден впечаток. Врз основа на
одреденото мислење и став кое стручното лице ги формира во текот на
воведниот дел, тој одлучува дали прво ќе ги оддалечи пратителите па ќе
направи аутоанамнеза, или пак ќе биде потребно прво да поразговата со
родителите, па дури потоа со лицето. Првиот впечаток кој се формира на овој
начин може да има сосема субјективен карактер и многу често зависи од
моменталните чувства кои ги има лицето коешто се испрашува.
Опсервација или набљудување
Набљудувањето на испитуваниот започнува во воведниот дел. Овде се
забележува неговиот начин на држење и односот према пратителите –
родителите и према испрашувачот. Откако е завршен воведниот дел, лицето се
повикува на поединечен разговор и при тоа се внимава на сите елементи од
неговото однесување, се споредува со тоа што претходно е видено. Доколку
лицето доаѓа после разговорот со родителите, тогаш неговото однесување се
споредува со тоа што го кажале родителите. Најпрво се обрнува внимание на
облеката на лицето со кое се разговара. Доколку се работи за помало дете,
неговата облека говори за семејството и потребите во него, особено на
мајката. Доколку се работи за човек во пубертет или адолесцент, тогаш
деталите на облеката говорат за повеќе за самото дете, дали сака да се
приклучи кон одредена група, дали сака да припаѓа на таа група. Начинот на
облекување претставува само еден од големиот број на елементи преку кои
може да се заклучи за личноста на испрашуваниот и неговото семејство.
Следен квалитет кој се набљудува е мимичната мускулатура и насмевка,
држење на телото, начин на одење и гестикулации со раце. Само со едно
набљудување на испрашуваниот може да се стекне субјективен впечаток за
таа личност и да се објективизира неговото место во скалилото на проблемот,
онакак како што е класифицирано.

You might also like