You are on page 1of 4

Д-р Нела Радевска

ООУ. Св. Кирил и Методиј – Скопје, Центар

ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД – 19 ВРЗ УЧЕНИЦИТЕ


ВО ОСНОВНА УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ

Апстракт. Стравотниот вирус Ковид – 19 сурово влијае врз целокупниот


живот на населението на нашата држава, како и врз животот на децата,
учениците. Во оваа смисла, ова донесе негативни последици кои предизвикаа
промени во организациската поставеност на работата на училиштетото.
Од I до III одделение функционираат две опции: следење настава со
физичко присуство и учење on – line, а од IV до IX одделение, наставата е
исклучиво on – line.
Негативните дејствија на вирусот Ковид – 19 кај одреден број ученици во
нивното однесување предизвика инертност, уназаденост, пасивност, мрзеливост,
неодговорност.
Училиштето прави напори да се надмине тој недостаток преку емпатиска
комуникација со родителите, предлагајќи им оптимални едукативни инструкции за
мотивирање и работа на нивните деца.
Во сегашните случувања во борбата против Ковид – 19 се има надеж дека
вирусот ќе се победи, ќе се вратиме на нормалниот животен тек и функционирање
на животот на саканото училиште.

Клучни зборови: Ковид – 19, наставници, ученици, родители, следење


настава со физичко присуство, on – line настава, демотивирани ученици,
емпатиска комуникација, мотивација, социјализација.

Пред повеќе од една година со трескавично темпо се појави пандемијата


Ковид – 19. Овој стравотен вирус ја зафати и нашата земја со многу несакани
ризици, последици. Фрекфентно брзо расте бројот на болни, новозаразени.
Болниците се преполни и преоптеретени со тешко болни. Медицинските екипи
апелираат на внимателност. Излезот, оптималното решение од Ковид – 19
кризата започна со постепена вакцинација на населението, што дава надеж за
надминување и заштита од болеста.
Оваа горка реалност влијае врз целокупниот живот на населението на
државата, а и врз животот на децата, учениците. Суровото дејствување на Ковид
-19 го промени детскиот животен ритам и нивното училишно функционирање.
Во овој контекст се промени организациската поставеност на работата на
училиштето.
1
Од прво до трето одделение функционираат две опции, следење на
настава со физичко присуство и учење on – line, а од четврто до деветто
одделение следење настава исклучиво on – line.
Предуслов за реализирање на настава со физичко присуство е употребата
на заштитни мерки (протоколи), како што се:
- Носење маски;
- Секојдневно мерење температура на влезот од училиштето;
- Дезинфекција на раце;
- Седење сам на клупа на растојание од 2 метри, заради заштита.
Учениците на кои им е организирано учење од далечина (on – line настава),
за истата се поставува прашање: Суштински што претставува?
On – line наставата е редовен наставен процес кој ги реализира
стандардите на законскиот наставен план и програм преку работна
комуникација на наставникот и учениците со отсуство на физичко присуство,
со помош на дигитални алатки кои овозможуваат визуелизација на
поставените содржини.
Во текот на наставата се остварува редовен распоред на часови, со траење
од 30 минути, а одржаните часови се евидентираат во електронски и хартиен
дневник.
Импликациите на on – line наставата, овозможуваат развивање на различни
нивоа на дигитални вештини кај сите учесници во едукативниот процес.
Ковид -19 како катастрофална непогода, неговите негативни дејства кај
одреден број ученици предизвикуваат инертност, уназаденост, пасивност,
репресивност, мрзеливост, неодговорност.
Во контекст на ова опаѓа мотивацијата кај одреден број на ученици од
различно одделение. Во оваа насока се истакнува дека мотивацијата
претставува состојба која го насочува однесувањето на ученикот. Со импликација
на чувство овозможува поттикнување на позитивност на учениците навремено да
ги исполнат поставените задачи, да ги решат и да успеат со позитивна енергија.
Демотивираните, неодговорни ученици ги одлагаат училишните обврски,
незавршените обврски се натрупуваат и лесно се откажуваат од нивното
завршување.
Во on – line наставата скратените часови во траење од 30 минути, го
менуваат концептот на настава и однесувањето на учениците.
Визави ова, се истакнува дека оваа учебна година, 2020/2021, во третото
тримесечие, во една паралелка на шесто одделение, ученици направиле 40
неоправдани изостаноци, односно отсуство од редовни часови (види записник на
одделенски совет од VI до IX одделение за трето тримесечие).

2
За оваа загрижувачка состојба и нејзино надминување, училиштето го
решава со емпатиска комуникација, соработка со родителите. На родителите им
се предлагаат едукативни насоки за подобрување на состојбата на нивното
незаинтересирано, мрзеливо, неодговорно дете – ученик.Тие заедно со своето
дете планираат нова структура на време и постепено навикнување на новата
организација. Во оваа смисла се прави јасен и добар распоред за учење и одмор.
Родителите упорно го поттикнуваат детето самостојно да учи и со разговор на
прашањето: Што мислиш?, Како би го сработил тоа?, Дали тоа е добро?, Што
уште би направил? дознава на кое ниво научил. Во разговор и со трпение
учениците учат дека една содржина треба да ја научат со три пати читање, кое е
дел на учењето. Со првото читање се запознаваат со содржината. Преку второто
читање се издвојуваат клучните елементи. Со третото читање се повторуваат
клучните зборови на основните поими.
Со учењето секој ученик го пронаоѓа својот најлесен начин, модел на
учење, дали ќе го употреби моделот со повторување или моделот на запишување,
или моделот на подвлекување, или моделот на поделба на делови на
содржината, е негов избор. Во оваа смисла овие модели може да се комбинираат
со цел оптимално, успешно учење, учење со разбирање.
Сегашната ситуација, текот на страшната болест Ковид – 19 го намали
нивото на социјализација на учениците, на врсниците. Доминира недостатокот
на контактот со врсниците, намалено е нивното дружење, средби, славење
родендени и други свечености. Ова резултира на отуѓеност, раздвоеност помеѓу
учениците, недостасувањето на социјална интеракција, како и ограниченото
дружење, имплицира постепено надминување на оваа состојба првично преку
разговарање на мобилен телефон, пишување пораки, допишување на mail и
комуникација на социјалните мрежи.
Моменталната процесуална ситуација на раздвоеност на учениците и
наставниците, без физичко присуствување во училиштето, да се има надеж дека
ќе се победи вирусот Ковид – 19 и ќе се вратиме на нормалниот тек,
функционирање на животот и саканото училиште.

Литература

3
Alexander, B (2006). A new wave of innovation for teaching and learning? Educause
Review, 41(2), 32-44.

Driscoll. M. P. (2005) Psychology of Learning for Instruction (pp. 384-407; Ch. 11 –


Constructivism). Toronto, ON: Pearson.

González-Gómez F., Guardiola J, Rodríquez O., Alonso M., Gender differences in e-


learning satisfaction, Computers & Education, Volume 58, Issue 1,2012, Pages 283-
290, ISSNO360-1315, https://doi.org/10.1016/j.compedu.2011.08.017 .
(http://www.sciencedirect.com/scince/article//pii/S0360131511001953 )

Martin, A. (2011). School motivation od boys and girls: Differences of degree,


differences of kind, or both? Australion Journal of Psychology. 56.133-
146.10.1080/00049530412331283363.

Moore, J.L., et al., e-Learning, online learning, and distance learning environments: Are
they the same? Internet and Higher Education (2010), doi:
10.1016/j.iheduc.2010.10.001

Xin, C., & Feenberg, A. (inpress.2005). Pedagogy in Cyberspace: The Dinamics of


Online Discussion., Journal of Distances Education, VOL. 21, No 2, 1-25.

You might also like