You are on page 1of 7

Воведен Говор

Почитуван Градоначалник на општина Прилеп, господине Борче Јовчески,

Почитуван претседател на Советот на општина Прилеп, господине Дејан


Проданоски,

Почитувано Високо Преосвештенство Митрополит Преспанско-


пелагониски и администратор Австралискo-Новозеландски, господин
Петар,

Почитувано Високо Преосвештенство Митрополит Кумановско-


Осоговски господин Григориј,

Почитувани членови на претседателството на Друштвото за наука и


уметност од Прилеп, раководители на одделенија, членови на
асоцијацијата,

Почитувани претставници на семејствата на нашите членови, кои веќе не


се меѓу нас,

Почитувани претставници на Сојузот на борци од Прилеп,

Почитувани претставници на Здружението на пензионери од градот,


Почитувани репрезенти на бизнис секторот,

Почитувани раководители, директори на институциите од сите сфери на


нашето општествено живеење,

Добра вечер и добредојдовте на оваа свечена седница на Друштвото за


наука и уметност од Прилеп.

Вечерва чествуваме, 5 децениски јубилеј, 5 децениски континуитет на


успешна работа, развој на ова еминентно здружение, со огромен придонес
во науката, културата, уметноста ... во сите сфери во општествен живот во
градот и пошироко!

Чествуваме година подоцна, поради пандемиската криза, но со пиетет за


сите членови кои дале влог и оставиле личен печат во Друштвото за наука
и уметност, а со тоа во општествената јавност.

ДНУ е формирано во далечната 1971 година на 12 јули, а регистрирано два


месеца подоцна, на 21 септември истата година.
Кога од оваа дистанца ќе погледнеме на почетоците, на хронологијата на
децениските активности, евидентно е дека Друштвото за наука и уметност
од Прилеп има суштинска улога во ширење на научната мисла, култура и
уметност, во промовирање на научните достигнувања, давајќи го својот
придонес за подобрување на условита и побезболно надминување на
сериозните економско-политички проблеми, случувања, општествени
турбуленции.

Во своето досегашно функционирање, Друштвото за наука и уметност,


успеа да ги здружи, да ги соедини научните работници со културните
дејци, со уметниците. Успеа да воспостави интердисциплинарана
соработка за развој на науката и уметноста, да го унапреди
индивидуалното и заедничкото творештво од различни научно-стручни и
уметнички дисциплини.

Остануваат и натаму заложбите за следење на непосредната примена на


новите научни сознанија, развивање на научно-стручната и уметничка
соработка со други научни, културни, наставно-образовни институции и
асоцијации, како и стопански субјекти од земјата и странство, по пат на
размена на искуства и публикации.

Многу наши колеги, претходници, со својата посветеност и упорност,


успеале да го етаблираат ова здружение. Денес ние генерацијата
современици им упатуваме огромна благодарност и поклон. Исполнувајќи
го аманет, продолжуваме по патот на опстојот и развојот, интензивирајќи
го континуитетот на колективното дело.

Во оваа пригода не можеме, а да не ги споменеме со особен пиетет,


нашите сограѓани, кои со својот ентузијазам и креативност ставија цврсти
темели на ова „Светилиште“ на науката и уметноста, кои го изградија и го
промовираа во земјата и надвор од неа! По 50 години опстој, денес
Друштвото за наука и уметност, „исправено стои“ пред сите
турбуленциите на новото време!

Големи заслуги за досегашниот развој и опстојување на ДНУ-Прилеп,


имаат неговите досегашни претседатели:

-Д-р Ѓоре Печијарески,

-прим. д-р Кирил Димески,


-проф. д-р Методија Конески,

-проф. д-р Бранко Трајкоски,

-д-р Јосиф Мицковски,

-д-р Илија Башески,

-проф. д-р Петар Трајаноски,

-проф. д-р Ристо Ристески,

-прим. д-р Божидар Котески,

-проф. Димитар Станкоски,

-прим. д-р Круме Соколоски,

-д-р Дукадин Камшикоски и

-проф. д-р Љубен Попоски, којшто е претседател на Друштвото до


моментот кога како вонреден универзитетски професор, ја добив честа и
привилегијата да бидам актуелен претседател на асоцијацијата која во
своите редови ги има најеминентните личности на Прилеп и пошироко.

Од вкупно 14 претседатели, десетмина веќе не се меѓу нас.

Почит и Вечна им слава!

Топло ги поздравувам и им посакувам многу здравје на овде присутните


поранешни претседатели на ДНУ-Прилеп: Проф. д-р Ристо Ристески,
прим. д-р Круме Соколоски и проф. д-р Љубен Попоски.

ДНУ-Прилеп соработуваше и продолжи да соработува со Министерството


за образование и наука, со Министерството за култура, со Македонската
академија на науките и уметностите, Универзитетите во државата,
образовни, научни и државни институции. Како плод на таа соработка, во
своите редови ги прими, и ги именуваше за почесни членови 18 истакнати
општествени и научни работници, додека 36 се придружни членови.

Во моментов, Друштвото брои 170 члена – доктори на наука и магистри,


доктори-примариуси, истакнати научни, стручни, општествени и културни
работници и уметници.
Во Друштвото членуваат академици, ректори и проректори, универзитетки
професори, репрезенти и членови на МПЦ, научни и стручни истакнати
работници во институти и други институции и организации. Голем број
членовите вршеле и се уште извршуваат одговорни функции во органите
на државата и во Македонската Православна Црква.

За својот придонес во развојот на научната мисла и уметноста, за


активната соработка со научните институции и другите организации,
Друштвото за наука и уметност - Прилеп е многу пати наградувано и
одликувано со благодарници, повелби, меѓу кои плакетата ,,9-ти
Септември”.

А,трети Ноември?

Кога внатрешните и меѓународните процеси и промени секојдневно раѓаат


многу непознати, ова Друштво се залага, работи на ширење и примена на
науката и научната мисла и осознавање на македонската самобитност, а
така ќе продолжи и во иднина.

Волонтерскиот ангажман во нашето здружение е за почит, особено што


секогаш постои реален предизвик да се оптимизира ангажманот надвор од
секојдневните работни задачи.

Во време на невреме, кога општествената клима целосно не окупира и ја


фрла во сенка креативноста и потребата за творење и научна работа, ние и
покрај пандемијата, продолживме со создавањето на нови дела.

Денеска, на овој свечен чин, чест ми е, и среќна сум што имам можност да
ја најавам промоцијата на две значајни публикации на Друштвото, а тоа
се: ,,Јубилејното Списание на трудови на ДНУ”, кое е збир на оригинални,
рецензирани статии, добиени како резултат на научните и стручните
сознанија од различни области до кои дошле нашите членови и
соработници и Меморијалната книга ,,Сеќавања 1971 – 2021”, која
обработува тематика со кратки биографии, библиографии и илустрирани
портрети на починатите почесни, придружни и редовни членови на
Друштвото, од основањето заклучно до први октомври 2021 година.

И на крајот ова мое воведно излагање го заокружувам со мислата на


грандиозниот Никола Тесла:
„Да оставиме иднината да зборува за вистината и да даде оценка за
секој, според неговите дела и достигнувања. Ако сегашноста е на сите,
иднината за која што навистина сме работеле е само наша!”

Пред да го продолжиме ова свечено чествување со промоција на делата на


наши истакнати членови, го поканувам градоначалникот на општина
Прилеп, примариус доктор Борче Јовчески да земе збор.

Повелете Градоначалник.

***

Му благодарам на градоначалникот Јовчески. А, го поканувам неговото


високо преосвештенство Митрополит Преспанско-пелагониски и
администратор Австралискo-Новозеландски господин Петар да се обрати.
Повелете.

***

Сега ги поканувам двајцата универзитетски професори: д-р Јованка


Тутеска и д-р Цане Котески да ги промовираат двете публикации со кои
оставаме печат како Друштво за наука и уметност во пет деценискиот
опстој, печат во времето и влог во иднината.

Повелете!

***

Благодарност до промоторите на двете нови публикации на Друштвото!

Кога ќе ги читате новите дела, ќе добиете свој впечаток. Но, која беше
инспирацијата, какв беше патот на создавање на меморијалната книга
„Сеќавања“?

Најдобро ќе ни раскажат, авторите: Слободан Беличански и Тодор


Алексоски. Повелете!

***

Ви благодарам!

Да го збогатиме нашето чествување со композицијата „Ноктурно-


зајди,зајди“ од македонскиот композитор Димитрие Бужаровски во пијано
изведба на Денис Најдоски, како и композиции за труба и пијано од Енио
Мориконе во изведба на Денис Најдоски и Бојан Митрески.

Повелете!

***

Благодариме на прекрасната изведба на композицијата „Зајди,зајди“.

Во рамките на денешната свечена седница ги промовираме новите членови


на Друштвото за наука и уметност – Прилеп, доделувајќи им и одлуки за
нивното членство.

Работата на Друштвото годинава ќе биде збогатена со 14 нови членови,


најголем дел: магистри и доктори на наука и уметници, секој од нив
докажан во својата област, а за нас чест е што стануваат дел од ова
Здружение.

Покрај промоцијата на новите членови на Друштвото, во оваа прилика би


сакале да доделиме благодарници на наши поддржувачи и соработници
кои во континуитет низ годините го помагаат опстојувањето на
Друштвото.

1. Прво благодарница на општина Прилеп-Локална самоуправа


Прилеп за долгогодишната плодна соработка и поддршка
2. Благодарница на компанијата „Витаминка“ од Прилеп
3. Благодарница на „Мермерен Комбинат“ - Прилеп
4. Благодарница на „Тутунски комбинат“ - Прилеп
5. Благодарница на печатница „Ацетони“ од Прилеп
6. Благодарница на Научен институт за тутун Прилеп, тука е
директорката на Институтот проф.д-р Валентина Пеливаноска,
повелете и
7. Благодарница на Јавна општинска установа Градска библиотека
„Борка Талески“ - Прилеп, тука е директорката Моника Талеска,
повелете.

Пред да завршиме со овој настан, го поканувам да ни се обрати


долгогодишниот претседател на Друштвото за наука и уметност Прилеп –
проф. д-р Љубен Попоски. Повелете професоре!
На крајот на овој свечен настан да си посакаме натамошна соработка, за
заеднички да придонесуваме ова Друштво да опстојува и успешно да
работи уште долги години, и заедно да чествуваме уште поголеми јубилеи.

Од името на Друштвото ви благодарам за досегашната соработка, ви


благодарам што денеска бевте овде, заедно да чествуваме!

Сега ве поканувам на скромен коктел, овде во фоајето на библиотеката.


Пријатна вечер на сите, драги пријатели на нашето Друштво за наука и
уметност – Прилеп.

You might also like