You are on page 1of 58

______________________________________________________________________

ГЛАВА ПРВА
______________________________________________________________________
ПРОИЗВОДНИ ТЕХНОЛОГИИ
ПРОЦЕСИ НА ПРОИЗВОДСТВО - МЕТАЛИ, КЕРАМИКА, ПОЛИМЕРИ
Технологија на леење под притисок и анализа на
дефекти ВОВЕД
Процесот на леење во основа вклучува истурање на стопен метал во калап
моделиран според делот што треба да се произведе. Растопениот метал се оладува, се
втрднува во калапот, се отстранува делот од калапот и го добива истиот релјеф што го
има калапот. Леењето под притисок се изведува така што, растопениот метал, се влева
во комората за набивање, под дејство на клипот се потиснува преку вливниот канал во
вдлабнатината на алатот. После стврднувањето на металот се избива одливката од
алатот.
Како и кај другите производствени процеси, познавањето на основите е клучно за
производство на економични одливки со добар квалитет и за создавање на соодветни
техники за дизајнирање калапи за леење. Важни делови на кои треба да се посвети
внимание при операциите на леење се следниве:
•Токот на стопениот метал во калапот
•Стврднување и ладење на металот во калапот
• Влијание на типот на материјалот врз калапот
Леење под притисок
Процесот на леење под притисок, развиенна почетокот на минатиот век, е натамошен
пример на леење со трајни калапи. Тежината на повеќето одливки се движи во граници од
0,1-25 кг. Трошоците за опрема, особено цената на дводелните калапи, се донекаде
високи, но трошоците за работна рака се генерално ниски, затоа што процесот сега е
полу или целосно автоматизиран. Леењето под притисок е економично за големи
производствени серии.
Процесот со жешка комора слика вклучува употребана клип, кој заробува одреден волумен на
стопен метал и го втиснува во шуплината на дводелниот калап преку стеснат премин и отвор.
Притисоците се движат до 35 MPa со просек од околу 15 MPa. Металот се движи под притисок
додека да се стврдне во калапот. За да се подобри издржливоста на дводелниот калап и да
се придонесе за брзо ладење на металот (на тој начин намалувајќи го времето на циклусот),
дводелните калапи обично се ладат со циркулирање на вода или масло преку разни премини
во блокот на калапот. Времето на циклусот обично се движи од 200 до 300 засебни
вбризгувања на час за цинк, иако многу малите компоненти како што се запци за
патенти, можат да се леат со темпо од 18000 втиснувања на час.

Машина за леење под притисок со жешка комора

При процесот со ладна комора стопениот метал се долева во вбризгувачкиот цилиндар.


Комората не се загрева, оттука и терминот ладна комора. Металот се втиснува од 20 до
70MPa, иако можат да бидат високи и до 150 MPa.

Алатот може да биде со една шуплина, со повеќе шуплини (со неколку идентични
шуплини)слика, со комбинирана шуплина (со неколку различни шуплини)слика , или
единечни калапи (едноставни мали калапи кои можат да се комбинираат по две или
повеќе единици во главниот калап).

Видови на шуплини во алатот; а) со една шуплина; b) со повеќе идентични шуплини;


c) со комбинирана шуплина; d) единечни калапи
ОСНОВИ НА ПРОЦЕС НА ЛЕЕЊЕ ПОД ПРИТИСОК
Рамно отварање на алатот (поделбена рамнина) е рамнина по која се составуваат
неподвижниот и подвижниот дел на алатот. Покрај постоење на “зазор” помеѓу подвижниот
и неподвижниот дел на алатот на местото на поделбената рамнина на одливката се
формира венец (растопениот метал под притисок на набивање навлегува во
меѓупросторот покрај процепот), поради што во изборот на поделбената рамнина на
алатот треба да се посвети посебно внимание уште при конструирање на одливката.
Колку е поедноставен обликот на одливката, тогаш е можен поголем број на можности на
положбата на рамнината при отварање на алатот. На сликата прикажани се 6 можни
начини на положба на рамно отварање на алатот кај алатот за изработка на дел во U-
облик, што овозможува лесно да се избере оптимална варијанта

Рамното отворање на алатот треба да се избере така да тие се поклопуваат со површината


на одливката која дополнително се обработува. На овој начин истовремено се отстранува
и венецот, кој се формира на местото на рамното отворање на алатот кој инаку мора да се
симнува најчесто со рачна обработка. Во постапката на леење под притисок можат да се
изработат и одливки со вметнувачи (арматура) од други метали, и тоа на место каде
функцијата на делот поставува поостри барања во однос на некои својства (на пр. Поголема
отпорност на абење, поголеми механички и антикорозивни својства и др.). Покрај
тоа на овој начин може да се оствари заштеда во трошење на дефицитарни материјали и
да се овозможи изработка на дел кој се состои од повеќе елементи. Кај одливките
изработени на принцип на армирање, често отпаѓа потребата за дополнителна обработка
на површините.
Видови на надворешни површини на додатоци кај армирани одливки Методи за анализа
на дефекти при леење под притисок Pareto diagram
Парето дијаграмот претставува метод за откривање на виталните неколку во однос на
тривијалните многу причини за дефекти. Овој дијаграм за класификација на проблемите
според горната цел е наречен Парето анализа според Др.Ј.М.Јуран. Парето дијаграмот се
користи за анализа на видовите на дефектите при изработка на одливките. R & R (Run &
rate) Утврдување на идеален временски циклус или идеалната стапка на работење на
машина или процесот (Run & rate).
Едноставниот начин да се утврди е капцитет по спецификација, односно наведениот
капацитет од страна на производителот или инженерот. Меѓутоа, слично на
брзинометарот од еден автомобил, оваа бројка може да биде апроксимална (приближна)
или може значително да варира во зависност од годините на искористеност на машината
или други околности. Поради ова потребно е да се експериментира, да се променуваат
условите и превземаат мерки од што ќе произлезе идеалното време за еден циклус или
стапката на работење на машината или процесот. Најчести грешки кои се појавуваат се
бројки од резултат на тестот поголеми од 100%. Ова е невозможно и е индикатор дека
некој дел од процесот или машината е погрешно дефиниран. Ова би значело дека се
потценува капацитетот на процесот кога се внесуваат параметрите. Ова најчесто е
случајот кај перформансите, кога иделното време за циклусот или стапката на работење
се погрешно карактеризирани.
Ладното превиткување, ладното склопување, ламинирање, испреплетените линии, и течните
ознаки се сите површински недостатоци. Тие можат да бидат забележани визуелно при
леењето или со помош на засилување со ниска моќ и/или помош на флуоросцентен
пенетрант. Таквите недостатоци се поврзани со проблеми коишто се појавуваат од премногу
ниските температури на металот, неадекватен влез и излез,неточни параметри на леењето
или комбинација на сите овие фактори. Дивергентниот тек на метали се менува не се мешаат
правилно и предвремено се зацврснуваат, што резултира во еден површински
дисконтинуитет. Острината на ваквите недостатоци и нивниот ефект врз способноста на
леењето и неговите особини можат да варираат. Поради овие недостатоци, постои причина
за внимателен преглед на сите оперативни параметри.
ДЕФЕКТИ ПРИ ЛЕЕЊЕТО

Лунерки Внатрешни пори и шуплини на парчето без надворешни вклучоци. Лунерките


имаат рапава површина со рабови и разбраздена (распукана) геометрија. Првенствено се
појавуваат со дебелослојните одливки.

Лунерки
На самата површина се појавуваат мали затворени меурчиња

Меурчиња на површина

Ладни варови Површината на одливката покажува црти или форми, кои претставуваат
граница на различни текови на полнење при леењето. Нивниот изглед варира од малечки
црти, поголеми жлебови до вдлабнатини во одливката. Парчињата со таа грешка
пропуштаат (не дихтуваат) и/или имаат помала цврстина

Ладни варови
Траги од исфрлувачот Пуцна во облик на круг, подигнати (стрчат) или подвдлабнати
места на подрачјето на одливката каде што удираат исфрлувачите.

Траги од исфрлувачот

Oгребано Светликави црти (бразди) на површината на одливокот паралелно со насоката


на “исфрлување”, со подигната форма или со насока на движењето на подвижните јадра
Oгребано

Топлотни (влакнести) пукнатини Подигнувања во вид на пајакова мрежа на површината


на одливокот. Топлотните пукнатини се трајни оштетувања на алатот и настануваат пред
се на подрачјата кои се во близина на вливниот канал.

Топлотни (влакнести) пукнатини


Симулација на самите процесни системи за леење
За да се дојде до дефектите на леењето, потребна е симулација на целиот систем на леење.
Сликата го претставува процесот кој што го предвидува дефектите од леењето. Од оваа
слика може да се види дека дизајнот на одливката е базиран врз побарувачката на
потрошувачите, функционалните побарувања на продуктот и спецификации за дизајнот.
Геометријата на продуктот се користи како база за нареден геометриски дизајн на
леењето, ограничување на процесот на леење и конфигурација на параметрите во
процесот. Целиот ливен систем се одредува откако ќе се направи дизајн на калапот. Така
што целиот ливен систем е формиран од дизајнот на продуктот и дизајнот на леењето,
одредувањето на процесот, дизајнот на калапот, селекција на опремата за леење и
кофигурација на работните параметри.

Пример
Да илустрираме како процесот на полнење и стврднување помага при идентификација на
дефектите при леењето и откривање на базични чинители на дефекти.
Во овој случај температурата на изливање на стопениот материјал е 670 оC. Температурите
на топење и стврднување се 578 оC и 479 оC. Сите лејни компоненти имаат почетна
тепмература од 150 оC. Пет симулациони циклуси се спреведени за да се достигне
стабилна состојба на симулацијата, така што симулационите резултати се веродостојни.
Стопеното понира и влегува во празнините каде што се моделира одливката. Брзината на
текот на стопениот материјал на инпутот (40-100 m/s) е многу важен параметар, бидејќи
има огромно влијание во полнењето и квалитетот на леењето. Во овој случај брзината на
инпутот е 40 m/s откако ќе се наполни празнината.
Сликата го прикажува процесот на полнење и позицијата на слабите точки на топење низ
процесот на полнење во случај 1. Слабите точки на топење го опишуваат движењето на
течниот метал и неговото пристигнување во процесот на полнење. Исто така ни ја покажува
позицијата на топење за даден процент на полнењето. Слабите точки на топење го откриваат
феноменот на текот и дефектите поврзани со небалансирани точки на топење кои можат да
бидат идентификувани. Од анализите на слабите точки на топење дефектите можат да бидат
избегнати низ рационален дизајн на истите во целиот процес на полнење.

Оваа слика јасно го изразува резултатот од последно пополнето место. Од сликата е


пронајдено дека самиот тек на топењето е поделен на два дела по средината за правење
калап на подножјето и на централната дупка, прикажани насликата (а). Двата тека на
топење го туркаат воздухот кон центарот на работ, каде што конечно е намамен целиот
воздух во самиот центар. Бидејќи не постои ефикасен механизам на вентилација, и
насобраниот воздух го блокира текот на топењето, конечно се создава една конкавна
карактеристика на работ, како што е покажано на слика (б). За да се избегне дефектот,
неопходна е промена на моделот на течението. Текот на топењето мора да го промени
својот правец во спротивна насока.
Дефект наречен “портокалова кожа”

Од сликата се забележува дека во најтоплата област има температура од повеќе од 500


С.степени. Бидејќи температурата на зацврснување на материјалот е 479 С.степени, ова
значи дека не постои подржување на топлина во последната област на зацврснување
каде што е извршено стврднување. Кога стопеното е потполно зацврснато, волуменското
собирање од течност во цврсто тело настанува на таков начин што површината на
продуктот има многу мали конкавни карактеристики така наречени “портокалова кожа”.
Доколку волуменското собирање е во голема мера, може да настане кршење како што е
прикажано со сликата(б). За да се поништи оваа нерамна дистрибуција на топлината во
процесот на зацврснување, потребен е систем за ладење кој ќе биде подобро дизајниран.
Дизајнирањето и развојот на продуктот, процесот и системот на леење е процес на обиди
и грешки базиран на хеуристично практично знаење и искуство во моменталните индустрии на
леење. На решението создадено на еден ваков начин му недостига научна калкулација
и анализа. Бидејќи процесот на леење е многу комплициран во смисол на геометријата на
леење и физичките ,металуршките и топлинските својства поврзани со процесот на леење,
детерминацијата на овој процес има потреба од многу пракса во работилница. Квалитетот на
продуктот и неговите дефекти се тешки за предвидување во напредниот процес на
дизајнирање. Симулацијата на овозможениот квалитет на леењето и предвидувањето и
проценувањето на дефектот ги намалува обидите и грешките во работилницата додека пак
компјутерот практично го реализира и потврдува процесот и било кој проблем во врска со
квалитетот може да се утврди, а исто така можат и да се предложат поврзани решенија.
ПРАШАЊА ОД ТЕМАТА ОБЛИКУВАЊЕ СО ЛЕЕЊЕ
1. Што представува леењето?
2. Кои својства треба да ги исполнуваат материјалите наменети за леење?
3. Што е калап?
4. Какви можат да бидат калапите кои се излеваат металите?
5. За кои видови леења се користат песочни калапи, а за кои видови леења се
користат металните калапи-кокили?
6. Во колку фази се врши изработка на песочни калапи и кои се тие?
7. Што е вливен систем и од кои делови се состои истиот?
8. По кој редослед се одвива процесот на леење под притисок?
9. Наброј ги фазите на прецизно леење?
10. Од што зависи дебелината на одливката кај центрифугалното леење?
11. Со кои технолошки параметри се регулира квалитетот на одливката кај
центрифугалното леење?
12. Кои дефекти се јавуваат при леењето?
ПРАШАЊА ОД ТЕМАТА ОБЛИКУВАЊЕ СО ПРЕСУВАЊЕ
1. Што претставува пресувањето?
2. Како се делат пресите според начинот на работа?
3. Објасни го процесот на директно пресување на пластични маси.
4. Објасни го пороцесот на пресување на стаклени предмети
5. Објасни го пороцесот на пресување на керамички предмети
ПРАШАЊА ОД ТЕМАТА ОБЛИКУВАЊЕ СО ВАЛАЊЕ
1. Што претставува валањето?
2. Кои видови валјаци се користат при обликување со валање?
3. Објасни го принципот на работа на дуо, трио и реверзибилни валјаци
4. Објасни го принципот на работа на калибрираните валјаци и каде
најдуваат примена истите.
5. Каде најдува примена валајнето во загреана состојба
6. Од што зависи температурата на загревање на материјалот при
валање во загреана состојба?
7. Што е валачки стан?
8. Наброј ги видовите на валачки станови?
9. Како се дечлат валјаците според обликот?
10. Каде најдуваат примеан рамните валјаци, а каде калибрираните
валјаци?
11. Кои постапки се користат за валање на навои?
12. На кој начин може да се врши рамнење на лимот?
13. Наброј ги фазите на процесот на изработка на безрабни цевки?

You might also like