You are on page 1of 11

28.Грешки на обработка условени од температурни деформации на машината?

Основни причини за загревањето на машината се механичките загуби од триење ма


преносниците. Врз точноста на обработката главно влијае загревањето на вретеништето. При
работата на машината имаме постепено загревање на вретеништето, а со тоа и поместување на
оската на работното вретено по височина и странично. При оваа температурата на куќиштето
може да се разликува од 10 до 50 степени целзјусови од точка до точка.

На сликата е прикажано хоризонтално поместување на оската на работното вретено при


обработката со стружење меѓу шилци според Кован 19.

Како што гледаме од сликата во првиот период на работа на металорезачката машина, таа
постепено се загрева предизвикувајќи поместување на оската на работното вретено поради што
имаме непрекината промена на мерките и формата на обработуваното парче т.е појава на
систематска грешка.

Грешката на мерките на обработуваната површина, претставува удвоена вредност од


хоризонталното поместување на оската на работното вретено. Според низа опити установено е
дека хоризонталното поместување на работното вретено пти обработката со стегачката глава е
поголемо одошто при обработката меѓу шилци и може да достигне до 17микро метри.
Поместувањето на работното вретено се наоглемува со наголемувањето на бројот на вртежите n
приблично пропорзионално со корен од n.

Загревањето на преносникот се одвива во време од 3 до 5 часа после што температурата се


стабилизира. По престанокот на работата на машината таа постепено се лади и оската на
вретеното се враќа назад.

За да се отстранат грешките од загревањето на машината таа треба претходно д аработи на


празно 2-3 часа. Паузите помеѓу обработката на два последователни дела да не бидат големи.
29. Грешки на обработка условени од температурните деформации на резачкиот алат?

Дел од топлината што се одделува во зината на режењето поминува во резачкиот алат со


што тој се загрева. При обработката со стружење најголемиот дел од грешката на обработката
поврзана за температурните деформации на технолошкиот систем се однесува на издолжувањето
на ножот при неговото загревање.

Големината на издолжувањето на ножот во услови на топлотна рамнотежа се определува


според равенката.

На сликата е прикажано влијание на прекините на работата на ножот на големината на неговите


температурни деформации.

Во првиот период на обработката додека не се постигне топлинската рамнотежа издолжувањето


на ножот/ алатот е проследено со постојана промена на дијаметарот на обработуваното парче
(при мали дијаметри) или формаа на површината (при големи дијаметри). При обработка на
деловите со прекини при прекинот на обработката (паузата) ножот/алатот се лади а со тоа
искусува се до почетокот на повторното режње (крива 3).

Општото издолжување на ножот при ритмичка работа може да се земе:

Каде што Т0- основно технолошко време

Тpa-време на прекинот на обработката (паузата)

При ритмичка работа по извесен прекин на работата топлинските деформации на резачкиот алат
осцилираат помеѓу две блиски вредности па имаме помало расејување на мерките на деловите.
При отсуството на ритмичка работа топлинските деформации од парче до парче се разликуваат и
имаме поголемо расејување на мерките.

Загревањето на резаликиот алат при глодањето обработката на запчениците и други операции со


прекидно режење при обработката со употреба на разладно подмачкувачки средства
температурните деформации на резачкиот алат имаат значитено помало влијание врз точноста на
обработката одошто при обработка со стружење.

30. Грешки од неточноста и абење на резачкиот алат?

Неточноста на изработката на резачкиот алат има влијание врз точноста на обработката главно
при резачките алати какви што се проширувачите, развртките, провлекувачите, глодалата за
жлебови , при кои што формата и мерките на обработената површина во голема степен зависат од
мерките и формата на резачкиот алат. Исто така големо влиjание врз точноста на обработката има
и точноста на профилните резачки алати (стругарски ножеви, глодала, точила и др.). Меѓутоа
бидејќи овие алати се изработуваат со голема точност на мерките и формата (најчесто во
специјализирани погони) неточностите на обработката од горенаведените причини во практика се
незначителни. Значително поголемо влијание врз точноста на обработката може да има абенето
на алатот во процесот на режењето.

Абењето на резачкиот алат при работа со дотерана металорезачка машина за автоматско


добиваье на мерките, предизвикува појава на систематски грешки на обработката. При завршната
обработка абењето на стругарскиот нож по задната површина, го одалечува сечилото од оската на
вртењето на обработувансто парче , со што се наголемува пречникот на обработената површина
(сл .3.50a).

При абењето на резачкиот алат разликуваме три карактеристични фази: иницијално абење (фаза
I), абење со константен интензитет (фаза II) и катастрофално абење на сечилото.
Почетното абење h0 и патот на почетнот о абење Lo зависат од материјалот на резачкиот алат и
обработуваното парче, а исто така и од квалитетот на острењето на алатот и режимот на
обработката. Трајноста на разработката на сечивото бично се иэразурава преку патот на режењето
L0 и се движи од 500 до 2000 m. (втората цифра се однена на лепуваните алати а првата на
брусени).

Должината на патот на обработката L за случај на обработка со стружење може да се определи со


равенката

31.Поим за конструктивна и монтажна база

Под терминот база всушност подразбираме комплет од површини , линии или точки, по кои во
процесот на обработката се врши ориентација на обработуваното парче во однос на машината и
резачкиот алат. Базата може да се дефинира и како ориентација на машинскиот дел во однос на
другите делови при составувањетс (монтажата) на механизмот или машината во која што влага
набљудуваниот машински дел.

Сите бази што се сретнуваат во машинството можат да с е поделат на: -

-конструктивни,

-монтажни,

-мерни или контролни, и

-технолошки.
1.Конструктивни бази

Под конструктивна база подразбираме комплет од површини линии или точки кои што ја
oпределуваат положбата на машинскиот елемент во однос на другите делови при неговата работа
во машината или механизмот,според замислата на конструкторот. Конструктивните бази
произлегуваат од пресметките на меѓусебните врски на машинските елементи во склопот. Како
конструктивни бази често се земаат и нематеријални елементи, какви што cе оските на симетрија,
бисектрисите, аглите и сл. За делот прикажан на сл. 3.51а конструктивна база за отворот се состои
од три елемента:

31. Poim za konstruktivna i monta`na baza

32. Poim za tehnolo{ka baza


33. Metodi za opredeluvawe na dimenzii na sirovo par~e

34. Metodologii za definirawe i izbor na dodatoci za obrabotka so simnuvawe materijal

35. Metodi za izbor na dodatoci pri obrabotka so simnuvawe na materijal strugawe

36. Metodi za izbor na dodatoci pri obrabotka so simnuvawe na materijal - glodawe

37. Poim za kvalitet na obrabotena povr{ina


38. Geometriska struktura na povr{inskiot sloj na obrabotena povr{ina
39. Otstapuvawa na profilot na obrabotena povr{ina i osnovni parametri na rapavost

You might also like