You are on page 1of 34

Површинска обработка прашања

1. Површинската обработка се изведува на реална површина на дрвото,


која е резултат на 2 групи фактори , кои се тие?
- обработка(исечени и искинати дрвни влакна, траги од алат)
- градба на дрвото(структурни нерамнини)
2. Што е брановидност на површините и од кои 2 фактори зависи?
- Наизменични испакнувања и вдлабнувања кои се повторуваат.
- Зависи од: должина на бран(λ) и висина на бран(h)
3. Референтни должини на мерење на рапавоста, според ISO :
- 0,08 ; 0,25 ; 0,8 ; 2,5 ; 8,0 ; 25,0 mm
- Најчесто брусена површина од дрво е по ISO: 0,8 mm
4. Наведи ги трите стандардни показатели на методот на мерење на
рапавоста по ISO :
- Средна линија - M
- Средно аритметичко отстапување од профилот - Ra
- средна висина на нерамнините - Rz
5. За што се применува методот наречен ,,SURFACE TRACKING,,?
- Електромеханичко снимање на профилот на површината, по принцип на
влечење грамофонска игла
6. Во кои граници се референтните должини за мерење на рапавоста, на
површините по методот на ,,SURFACE TRACKING,,?
- Грубо брусени површини 2,5 mm
- фино брусени површини 0,8 mm
- лакирани површини 0,8mm
7. Во која насока се изведува последното брусење?
- Надолжно
8. Наведи ги трите степени на брусење и гранулацијата на брусната хартија :
- Предбрусење 80-120
- Средно брусење 150-180
- Завршно(фино) 220-250
9. Колку изнесува завршната гранулација при брусење на површината од
дрвото , која одговара на рапавоста од 10 до 20 µm?
- 200-250
10. Класификација на брусилки?
- Рачна брусилки
- Брусилка за рамни површини
- Брусилки за профили
- Специјални брусилки
11. Со која гранулација се изведува брусење со рамнење со валчести
(цилиндрични) брусилки за егализирање?
- Гранулација 60-100
12. Колку изнесува работната ширина на цилиндричните (валчести)
брусилки?
- 300 mm
13. Која техника на брусење е прикажана на сликата?

- Теснолентовидна брусилка со воздушно перниче


14. Што е означено на сликите?

- Широколентовидна брусилка:
а) Цилиндрична контактна
б) Рамна контактна
1. брусна трака 3. Предмет за обработка
2. Контактен валјак 4. контактна греда
15. Кај кој вид брусилки се формира ефективно воздушно перниче од
воздух кој струи низ дизни директно на брусната лента?
- Широко лентовидни со брусна греда со аеростатско притискање
16. Контактните брусилки имаат еластични брусни елементи со кои се
притиска лентата врз предметот за обработка. Кој од контактните елементи
има најмногу предности (заокружи):
-Аеростатско притискање
17. Континуирано преместување на предмет за обработка кај
широколентовидни брусилки се изведува со брзина од?
- 10-30 m/min
18. Наброј ги видовите брусни агрегати за профилно брусење?
- агрегати со бесконечна брусна лента
- агрегати со бесконечна профилна брусна лента
- агрегати со ротирачки брусни дискови
- осцилаторни агрегати кои се движат линеарно
19. На која брусилка се врши брусење на криволиниски детали?
- Валчести брусни алати: тврд брусен валјак, валјак обложен со меки
материјали за контактно брусење, воздушен, четкаст и Scotch – Brite валјак
20. Прикажаниот алат се вика?

- Четковиден брусен валјак


21. Која машина се користи за автоматско брусење на релјефни површини?
- Четковидни брусилки(валјаци)
22. Прикажаниот систем е составен од 2 брусни траки кои истовремено
вршат брусење и се применува за брусење на?

- Валчести елементи
23. Со која техника се врши ефикасно брусење на слободни елементи од
детали со мали димензии до цели столици?
- Во барабан (со брусни кугли)
24. Како се делат заполнувањата на површината?
- Китирање
- Шпахтлување
- Заполнување на пори
25. Наброј ги обележаните делови намашините за шпахтлување:

1. Транспортен валјак 5. Валјак(нож) за втиснување


2. Валјак за нанесување 6. Сад за прифаќање на шпахтл
китот
3. Дозирен валјак
4. Нож за чистење
26. Кои две техники се користат за изработка на набраздена , рељефна
површина?
- Пескарење и четкање
27. Објасни зошто при бајцување на масивно дрво се добива визуелен
ефект на ,,позитивна инверзна слика на површината,,?
- Зоната на рано дрво е попорозно и има поголеми лумени кои апсорбираат
поголемо количество на пигменти, отколку зоната на доцно дрво каде
пигментите нема каде да се фиксираат.
26. Колку е длабочината на продирање на пигментот при бајцување?
- 0,07 mm – 0,2 mm
29. При бајцување на површините, кои се следните две операции по
нанесување на бајцот?
- Размачкување и бришење
30. Наброј ги техниките со кои се нанесуваат бајцевите?
- рачно: сунѓер, четка, прскање
- механички: автоматско прскање, валање, налевање, потопување, во
барабани
31. Рачното бајцување на вертикално поставените предмети се изведува:
- доле-нагоре
32. Нацртај пресек на машина за нанесување бајц со валање на површината
– валц машина ?

33. Кој е најефикасниот и наједноставниот начин на бајцување на цели


производи или склопови од производи ( пример: столица)?
- Потопување
34. Со што се третираат дабовите површини , за постигнување на ефект на
димено, ,,истрошено ,, дрво?
- NaOH(натриум хидроксид)
35. Со кое соединение најчесто се врши белеење на дрвото?
- Водороден пероксид (H2O2) и оксална к-на ((COOH)2 – 2H20)
36. При белеење на дрвото со водород пероксид Н2О2 , колку време е
потребно за стабилизирање на површината?
- Собна температура – 24h
- Во комора на сушење температура 150 oC - 5-15min
37. Наброј ги карактеристиките на ситото за сито печат на површините?
- Ткаенина со 8,000 – 30,000 окца(најлон, перлон, челик)
- На ситото се поставува декор, така што местата на декорот пропуштаат боја
низ окцата.
38. Како се вика појавата според која се изведува постапката ретропринт,
појавата кога одредени пигменти (хидрохинони) , на определена
температура, директно преминуваат од цврста во гасовита состојба?
- Сублимација
39. Колку долго се делува со висока температура за да се постигне
сублимација на пигментите?
- Зависно од температурата, за успешна сублимација 170-230 oC
40. Колку долго се делува со висока температура за да се постигне
сублимација на пигментите (кај технологија на ретропринт трансвер –
премачкувач)?
- Пресување 15 сек. на t=220 oC или 11 сек. на 230 oC
41. Колку изнесува дебелината на трансферираниот филм кај трансфер –
финиш постапка?
- 1,5 – 2,0 микрони
42. Наброј ги рачните техники за површинска обработка со течни
материјали?
- Рачно: сунѓер, четка, прскање, лопатка, потопување
43. Наброј ги машинските техники за површинската обработка со течни
материјали?
- Механички: автоматско прскање, валање, налевање, потопување, во
барабани, флотација
44. Според распрснувањето и притисокот , која е општата поделба на
техниките со прскање?
- Воздушно прскање со висок - AIRMIX – (воздушно/безвоздушно)
притисок
- Електростатско прскање
- Воздушно прскање со низок
- Топло и жешко прскање
притисок(HVLP)
- AIRLESS – безвоздушно
45. Трите основни начини на прскање со пиштол се изведуваат на различен
притисок. Колкав е притисокот?
- Низок 0,2 - 1 bar
- Висок 1,5 - 4,0 bar
- Многу висок 90 - 160 bar
46. Колку изнесува потребниот притисок на воздух при воздушно прскање?
- Компримиран воздух од 1 - 4bar
47. На сликата со редни броеви се прикажани?

-Млазница кај воздушно распрскување


1. Дизна 4. Воздушен млаз
2. Зона на распрскување 5. Попречни воздушни стуии
3. Воздушна капка 6. Страничен отвор за воздух
48. Нацртај пресек на глава на воздушен распрскувач за рачно прскање –
пиштол?

1. Повлекувач 6. Страничен отвор за воздух


2. Игла за воздух 7. Игла за премачкувач
3. Вентил за регулација на млазот 8. Дотерувач на одот од иглата
4. Насочувач на воздух 9. Премачкувач
5. Млазница 10. Воздух
49. Што значи кратенката HVLP?
- High volume low pressure – голема зафатнина мал притисок
50. Колку изнесува притисокот во HVLP пиштолот при прскање на голем
волумен со низок притисок?
- 0,2 – 1 bar
51. Колкав е притисокот на инсталациите при безвоздушно airless
прскање? Високо и ниско притисно?
- Високопритисно 100 – 200 bar
- Нископритисно 6 – 18 bar
52. Што е прикажано на сликата?

- Воздушно и безвоздушно прскање


52. Колкав е притисокот на материјалот , а колкав притисокот на воздухот
при airmix прскање?
- Материјал 20 – 60 bar
- Воздух 0,5 – 2 bar
53. Што е прикажано на сликата?

- Млазница кај airmix распрскувач

54. Колкава е температурата на премачкувачот при прскање на ладно,


топло и жешко?
- ладно 20 oC
- топло 50 oC
- жешко 60 - 80 oC
55. Со која формула се пресметува јачината на електрично поле помеѓу 2
тела со различен ел.потенцијал?
- Е= U/a
- U - напон меѓу 2 различно наелектризирани тела
- a - растојание меѓу тела
56. Со која формула се пресметува јачината на електрично поле околу
рабовите на тенки долги детали?
- Е= U/r
- r - радиус на кривина на рабовите
57. Кои принципи на прскање се прикажани на сликата?

- Безвоздушно и електростатско прскање


58. Со која формула се пресметува силата на привлекување на
наелектризираната капка при електростатско прскање?
F=QxE
Q - количество електрицитет
F - силата на привлекување на наелектризирана капка
E - јачина на полето
59. Со која формула се пресметува брзината на движење на распрснатите
капки при електростатско прскање?
Брзината на движење на капките е еднаква на :

- Q – количество ел. на капката, - ƞ – густина на воздух,


- EТ – јачина на ел. поле, - r – радиус на капката
60. Со каков електричен набој е наелектризиран предметот за обработка, а
со кој млазницата од пиштолот при електростатско прскање?
- Предметот за обработка е анода
- Направата за прскање катода
61. Што мора да содржи дрвото за да настане елекростатското поле за
елекростатско прскање на премачкувачи?
- Дрвото е диелектрик и мора да содржи влага.
62. Колку изнесува минималниот процент на влага во дрвото при
електростатско прскање, кај меки и тврди дрвни видови?
- Меки: 10-12%
- Тврди : 6-10%
63. Какви видови распрскувач се користат при чисто електростатско
прскање?
- Со уреди како што се:
- низ „пукнатина“(процеп) за распрскување,
- со електростатични дискови или ѕвона
64. Што е прикажано на сликата?

- Принцип на „пукнатина“ за распрскување


65. Кај распрснување низ „пукнатина“ (АЕG – постапка), две наострени
метални шини формираат „пукнатина“ која е под висок напон, колкава е
должината?
- Таа е долга 500-3000 mm.
66. Колку изнесува пречникот на спороротирачко ѕвоно, а колку на
спороротирачки диск?
- ѕвоно со пречник 70 – 250 mm
- диск со пречник 400 – 700 mm, ротира со брзина од макс. 3.000 vrt/min
67. Распрскувањето кај електростатското прскање се врши и со два споро
ротирачки системи. Едниот е прикажан на сликата. Напиши ги двата споро
ротирачки системи за распрскување?

- Споро ротирачко ѕвоно за распрскување


- Споро ротирачки диск за распрскување
68. За која техника на површинска обработка се користи ОМЕГА уредот?
- Oбработка на сите страни на предметот за обработка со диск за
распрскување (чисто електростатско прскање).
69. Високоротирачките ѕвона за прскање се со дијаметар 30-80mm.,
ротираат со 40.000 vrt/min. Колку изнесува оптималниот број на вртежи, со
кои се постигнува најдобро распрскување на премачкувачите?
- Капки 30-40 микрони при 18.000-35.000 vrt/min.
70. Нацртај движење на распрскувачите кај автоматско прскање:

a) Овално б) линеарно в) кружно движење


71. Што е прикажано на сликата?

- Автомат за кружно движење на распрскувач


72. По колку оски се движат распрснувачите кај роботите со електронско
управување?
- 3 + 2 оски: X, Y, Z и ротирање во Y и Z оските.
73. Колку % се скратува времето на обработка на еден производ, ако се
прска со робот?
- Не го скратуваат многу времето на обработка, до 20% пократко.
74. Количината на наносот при валање на површините е 10-60 g/m². Колку
се нанесува при валање на:
- водени бајцови 10-15 g/m²,
- печатење 10-30g/m²,
- темелен нанос 20-60g/m²
75. Принцип на работа на истонасочна валц машина, што е означено на
сликата?

a) Дозирен валјак
б) Наносен валјак
в) Транспортен валјак
г) Отстранувач
76. Наносниот валјак е обложен со гума со тврдост 10-80 шора. Тврдоста на
наносниот валјак зависи од премачкувачот. Што се премачкува со валјак
од:
10 - 20 шора, бајцеви на база на вода
30 - 40 шора, бајцови на база на органски материи
40 -50 шора, темелни бои (печатење)
50 - 60 шора , шпахтлување со УВ безбојни и пигментирани премази.
77. Која техника на прскање има најмал а која најголем растур на
материјал?
- најмал – електростатско прскање
- најголем – безвоздушно airless прскање (хидраулично)
78. Колкава е просечната потрошувачка на воздух по распрскувач со
кружен млаз,а колку кај рамен млаз?
- од 6 – 10 m3/h кај кружен млаз
- 12 – 21 m3/h кај рамен млаз (дупло)
79. Како се формира течен, рамен или долгнавест млаз при воздушно
прскање?
- Се формира со попречни воздушни струи од бочните отвори.
80. Колкав дијаметар има млазницата на пиштолот и која големина на
капка се формира при воздушно прскање?
- Млазница: 0,5 – 3,5mm.
- Капка: 40-80µm
81. Колкава е брзината на капките и од кое растојание се изведува
класичното воздушно прскање?
- брзина на удар од 30 m/s
- растојание 20-30 cm
82. Колку изнесува минималното количество на нанос на премачкувач при
налевање со една глава за налевање?
- Најмалку 50g/ m2
83. Што е прикажано на сликите, налевање со?

- Отворена налевна глава

- Затворена налевна глава


84. Колку изнесува брзината на поместот (транспортната лента) кај
налевните (гис) машини:
- Брзина: 25-125 m/min
85. Кај кој вид на премачкувач се применува налевна машина со 3 налевни
глави?
- Системите за налевање со 3 глави се за PЕ (5:1) „сендвич постапка“ со
мешање на површината.
86. При премачкување со потопување, брзината на извлекување на
предметот од садот со премачкувач треба да е еднаква на брзината на
истекување и изнесува?
- 0,1-0,3 m/min
87. Напиши ја формулата за пресметка на дебелината на филмот кој се
формира при премачкување со потопување?
h – дебелина n – вискозитет,
на филмот,
p – густина на премачкувачот,
v – брзина на
g – земјино забрзување
извлекување на производот,
88. Наброј ги предностите и недостатоците на премачкување со
потопување?
- Предности: - Недостатоци:
- можност за автоматизација, - естетскиот изглед не е оптимален,
- брза обработка, - потребни се специјални
материјали,
- мал растур на материјал, само 5%.
- постојано мешање и дотерување
на вискозитетот,
- потребно време за мирување на
материјалот при потопување
89. Кај постапката на флутација или „flow coating“, предметот за обработка
се:
- облева (полева)
90. Кој принцип на обработка на површините (нанесување на премачкувач)
е прикажан на сликата?

- Нанесување со провлекување
91. Колку изнесуваат вредностите на факторите кои влијаат на квалитетот
на премачкувањето?
- влажност на подлогата: 12-14%.
- температура на материјалот: 20 - 30°С
- релативна влажност на воздухот: 30-70%.
- температура на воздухот во просториите:
- PE: 18-24 оC
- NC: 14-26 оC
- PU: 10-28 оC
- синтетички: 10-28 оC
- водорастворливи: 10-30 оC
92. Во која величина се мерат компонентите на премачкувачот при
дозирање на повеќе компонентни премачкувачи?
- Тежина
93. Во автоматите за прскање, на местото на пиштолите за прскање, се
вградени?

Airless I Airmix системи за распрскување

94. Што е прикажано на сликата?

a) Ѕид за прскање – ѕидно прскалиште, ограничен од 1 нстрана(фронтално)


б) Кабина за прскање, покриена од 3 страни
в) Комора за прскање, целосно затворен и организиран простор(т.н. комори
со надпритисок)
95. Кои видови на филтри се применуваат за пречистување на воздухот при
прскање?
- Суви и мокри филтри (суво и мокро прочистување)
96. Кој од наведените филтри за прочистување на воздухот при прскање е
поефикасен?
- свиени хартиено–картонски листови‚‚Flat carton filter‘‘во форма на буквата V
97. Кој принцип се користи кај вентура системот за пречистување на
воздух(опиши)?
- Во ситемот воздухот се транспортира низ стеснети млазници, по чии страни
тече вода. Во делот на стеснување се постигнува голема брзина на возухот,
по што брзината нагло паѓа, настанува подпритисок, водата се распрснува и
меша со воздухот кој ги носи распрснатите честички материјал.
98. Кои се параметрите и недостатоците на вентура системот за
пречистување на воздухот?
- Параметри: - Недостатоци:
-Висок степен на прочистување - тешко одржување и чистење
99,9%
- високи трошоци на одржување
- Брзина на воздухот во најтесните
- појава на корозија
делови е 30-40 m/s
- скапа опрема
- Количеството на течност (вода) за
пречистување Wood gas camp е 3,5
– 5,1 L/m3 прочистен воздух
99. За што се наменети системите ‚‚RELAC‘‘ ‚‚ULF‘‘ ‚‚COOLAC‘‘?
- Тоа се системи за рециклирање на премачкувачите фатени како overspray,
односно нивно фаќање и враќање во системот
100. Опиши ја и наведи ги параметрите во надпритисна комора за
прскање?
- Комората е потполно затворена и во неа се врши рачно прскање. Најчесто
се дели на 2 дела: зона на прскање и зона на сушење.
- Притисокот е 0,1 бар над нормалниот
- Температура на воздух е 20+-2 оC
- Влажноста на воздухот е 60+- 5%
101. Што е прикажано на сликата?

- надпритисна комора во една зона


102. Колку изнесува сложајна тврдост на филмот?
- 2-3 daN/mm2
103. Што е брусна тврдост и колку изнесува?
- Брусна тврдост е степен на тврдост на сув филм односно премаз при кој што
премазот оптимално се бруси. Ако филмот е недоволно стврднат доаѓа до
лепење помеѓу брусните алати и филмот, ако е премногу стврднат тешко се
бруси. Оптимална тврдост е 6-8 daN/mm2
104. Кои се 3 основни зони во линија за конвективно оцврснување(сушење)
на премачкувачите и нивните температури и брзина на воздух?
- Зона на испарување: брзина на воздух: 0,2-2,0 m/s, температура: 20-40 оC
- Зона на сушење: брзина на воздух: 2-8 m/s, температура: 50-100 оC
- Зона на ладење: брзина на воздух: 3-12 m/s, температура: собна
105. Што е прикажано на сликата?

- едно етажна канална сушшилница - повеќе етажна канална


сушилница
106. Што е прикажано на сликата?

- Шематски приказ на зона на испарување, сушење и ладење со млазници


107. Колку изнесуваат параметрите кај тунелска сушилница?
- ширина 1,5m
- висина 2 m
- температура на воздух 50-80oC
- брзина на воздух 1-2 m/s
108. Што е прикажано на сликата?

- Вертикална сушилница
109. При IR зрачење на површините, колку изнесува должината на
електромагнетните бранови?
- IR зрачење делува во подрачјето со бранова должина од 1-10um
- Разликуваме 3 видови зрачење:
- LW долги бранови 3-6 um (200-700оC)
- MW средни бранови 2-4 um (700-1,500 оC)
- KW кратки бранови 1 um (3000 оC)
110. На сликата е прикажано IR зрачење апсорпција, рефракција и
трансмисија?(објасни)
111. Нацртај, претстави принцип на работа – зрачење на примарно IR тело?

1. Грејна спирала
2. Евакуиран простор со заштитен гас
3. Обвивка од кварцно стакло
112. Што е микробраново зрачење, во кое подрачје на фрекфенција
делува?
- Микробраново зрачање се електромагнетни бранови во подрачјето од
300MHz до 300GHz. Најчесто применувана фрекфенција е 2,450 MHz, што
одговара на бранова должина од 12cm
113. Колку изнесува УВ спектарот за оцврснување на премачкувачите (DIN
5034), кај лампи со:
- Брановата должина е во подрачје од 100-400 um
- UV-A долги бранови 315-380um
- UV-B средни бранови 280-315 um
- UV-C кратки бранови 100-280 um
114. Кои течни материјали се користат за исполнување?
- Тоа се пастозни заполнувачи со полнила и сврзни средства
115. Видови на моќност на УВ ламби?
- ламби со мала моќ: нископритисни 0,28 – 7 W/cm
- ламби со средна моќ: среднопритисни 7 - 50 W/cm
- ламби со голема моќ: високопритисни 50 - 200 W/cm
116. Кои се нисковискозни материјали и кај која постапка се употребуваат?
- Нисковискозни материјали се бајцевите и се употребуваат при AIRLESS
прскање со притисок од 6-18 bar
117. Поделба на ретропринт постапка?
- Ретропринт трансфер - хартија
- Ретропринт трансфер - пигменти
- Ретропринт трансфер - лак
118. Недостатоци од воздушно прскање?
- Потребни дополнителни уреди - компресор
- Голем растур на материјал
- При прскање настанува магла која го оштетува филмот
- Потребно извесно искуство при работа
119. Предности на AIRLESS прскање?
- Се нанесуваат густи материјали
- Дебел филм во еден нанос
- Мала потрошувачка на разредувач
- Брза работа
- Мал растур на материјал
120. Која е најупотребувана рачна техника кај бајцувањето?
- Нанесување со четка
121. Колку изнесува апсорпцијата на електромагнетните бранови при
инфрацрвено зрачење на површините?
122. Релјефно набраздена површина кај масивното дрво или ефект на
долготрајно делување се изведува со кои 2 техники?
- непосредно боење на дрвото во површински слој (текстурата е видлива)
- боење на дрвото со обоени премачкувачи (текстурата е невидлива)
123. Колку изнесува притисокот и температурата на премачкувачот при
воздушно прскање?
- На собна температура 20+-2оC 6-8 bar. компресиран воздух
124. Наброј ги методите за мерење на нерамнините на површината?
- оптички и електромеханички методи
125. Од кои функционални целини се состои линијата за потопување?

126. Работното време е 4-6 пати поголем кај?


- хартиено картонските отколку кај влакнестите филтри
127. Наброј ги видовите сушилници со зрачење?
- IR сушулници
- Микробранови сушулници
- УВ сушулници
128. Какви видови на емитери(лампи) се користат за IR зрачење?
- светли примарни
- темни секундарни за зрачење (обвивката зрачи како секундарен емитер)
129. Какви видови на премачувачи оцврснуваат со УВ зрачење?
-Полиестерски и акрилни
130. Колкав е векот на траење на ламбите за УВ зрачење и од што највеќе
зависи?
-1500 – 3000h зависи од бројот на вклучувања и исклучувања
131. Кои видови на брусилки се користат за машинско меѓубрусење –
брусење на рамни површини?
- Вибрациони
- Валчести(цилиндрични) контактни
- Тесно, широко лентовидни
- Четковидни
132. Како се вика брусење на премачкани површини?
- Меѓу брусење
133. Што е политирање, како и со што се изведува?
- Политирање – се изведува на претходно обработена површина, во повеќе
наноси се нанесува премачкувач(најчесто шелак) кој физички оцврснува со
меѓу брусењето. Се врши со бала – ленена крпа и долготрајно се трие. Потоа
се нанесува средство за покривно политирање(масло) и се врши завршното
политирање.
134. Кај УВ зрачење се применуваат 2 вида рефлектори, кои се тие?

- елипсовидни, рефлектираат фокусно


во една точка
- параболични, рефлектираат
паралелно на површината
135. Што е прикажано на сликата?

- Cold mirror рефлектор


136. Што е IST зрачење?
- Преставува импулсно зрачење (100имп/сек.) кое освен типичниот спектар
на живината ламба со висок притисок емитува и зраци во подрачјето 184,8 –
197,4 um.
- Со ова зрачење 0,1974um доаѓа до кинење на двојната врска c=c и
настанува полимеризација односно оцврснување.
137. Кои видови на ламби се користат при импулсно зрачење?
- УВ живини ламби, со висок притисок на емисија на зраци во подрачје од
184,8 – 197,4 um (краткобраново UV-C зрачење)
138. Нацртај го графиконот за напон и јачина на струјата кај УВ и импулсна
живина лампа?
139. Кој видови на зраци се користат при електронско зрачење?
- Бета зраци, кое е резултат на забрзан напон(150kV) на вжарена електрода
140. Колку изнесува гранулацијата при брусење за полирање на
површините во 3 степени, може да биде рачно и машински?
- Се употребува брусна хартија или паста
- прво брусење: 280-320
- второ брусење: 400
- трето брусење: 500
141. Што е прикажано на сликата?

-Типови на полирни прстени


-L, MINI, WR, LM-EK, V, EK, Z прстени
142. Наброј ги операциите прикажани со реден број на линијата?

- Линија за површинска обработка на плочест мебел


1. Кабина за прскање 11. Кабина за прскање
2. Тунелна сушилница 12. Тунелска сушилница
3. Валчест транспортер 13. Валчест транспортер
4. Влезен транспортер 14. Тунел за испарување
5. Широколент. брусилка со четка 15. Тунелсак сушилница
6. Валц машина 16. Валц машина
7. Канална сушилница 17. Етажна количка
8. Валц машина 18. Воден филтер
9. УВ сушилница 19. Довод на свеж воздух
10. Широколентовидна брусилка 20. Електрокоманден орман
143. Наброј ги операциите прикажани со реден број на линијата?

- Линија за површинска обработка на столици


1. Транспортер 7. Маса за брусење со подвижна
решетка
2. Кабина за прскање со довод на
свеж воздух 8. Маса за брусење
3. Усисен ѕид 9. Довод на свеж воздух
4. Сушилница 10. Када за потопување
5. Канал за испарување 11. Електрокоманден ормар
6. Синџирест транспортер со
подвижна плоча
144. Наброј ги операциите прикажани со реден број на линијата?

- Линија за површинска обработка на градежна столарија


1. Висок синџирест транспортер со 5. Сушара со 2 температурни зони
колички и куки
6. Маса за брусење со подвижна
2. Кабина за прскање со решетка, со уред за всисување и
пневматска маса на подигање филтрирање а прашина
3. Флутациона комора 7. Довод на сцеж воздух
4. Тунел за откапување и 8. Електрокоманден ормар
испарување

145. Што е амбиентално сушење?


- Плочестите детали се одлагаат на колички со чешел или чешел фиксиран за
ѕид
146. Кои материјали – политири се користат за рачно и полуавтоматско а
кои за автоматско машинско полирање на површините?
-рачно и полуавтоматско - меки пасти
- автоматско машинско – цврсти восоци
147. Колкав ефект на прочистување на воздухот кај филтрите од свиени
хартиено – картонски листови ‚‚Flat carton filter‘‘?
- 98% прочистеност на воздухот
148. На што се одлагаат премачканите плочести детали за сушење во
услови на амбиентален простор?
- На колички со ‚‚чешли‘‘ или ѕидни ‚‚чешли‘‘
149. Според конструкцијата, какви видови на конвективни сушилници
сретнуваме и каков вид на транспорт се користи?
- Канални (транспортот е со транспортна лента или подвижна палета)
- Тунелски (транспортот низ тунел: колички со ‚‚чешли‘‘ носачи ‚‚чешли‘‘,
платформи, палети)
150. Што се и за што се користат нископритисни лампи?
- флуросцентни - се користат за прво желатинизирање по зона на
испарување(TL)
- за транспарентни премачкувачи (TL-05 TL-10)
- пигментни премачкувачи (TL-03)
- длабинско оцврснување
151. Какви видови на пумпи се користат за постигнување на висок притисок
кај безвоздушно прскање?
- Клипна airless пумпа
- Мембранска airless пумпа со црево и пиштол
152. Од колку функционални целини е составена машината за валање и
кои се тие?
- Наносен уред
- Уред за снабдување
- Транспортен уред
153. Од колку функционални целини е составена машината за налевање
гис и кои се тие?
- Налевна глава
- систем за довод на премачкувач
- транспортен систем(лента)
154. Колку изнесува зафтнината на резервоарот во системот за довод на
премачкувач кај наливните машини?
- 30-50 литри
155. Колкава температурата и брзина на воздух во зоната на сушење во
канални конвекциски сушилници?
- брзина на воздух 12-15m/min
- температура 50-100оC
156. Колку полирни валјаци имаат автоматски проточни полирни машини-
полирики?
- Полирки со 6(макс. 14), поставени од горна страна

You might also like