You are on page 1of 22

Биографија и

автобиографија
Внимателно анализирајте ги двата
извадока и одговорете на прашањата:

  Блаже Конески е роден на 19 декември 1921


година во Небрегово и починал на 7 декември 1993
во Скопје. Тој е истакнат македонски книжевен,
културен и јавен работник, академик, поет,
прозаист, есеист, книжевен историчар, филолог и
јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот
факултет во Скопје. 
Што забележувате?
Да заклучиме:

• Биографијата е животопис на една личност;


• Таа е литературно-документарна творба создадена врз
основа на веродостојни документи и податоци за
животот и работата на некоја личност, и авторот не
треба да дава свои мислења, чувства, впечатоци и
друго.
• Биографија има секој човек. Тоа се најважните
податоци од животот: место и датум на раѓање,
образование и сл.
• Во биографијата, биографираното лице не мора
да е живо и раскажувачот може да биде на која
било возраст и тој пишува во трето лице
Автобиографија:

• Книжевно дело во кое авторот сам си го опишува својот


живот;
• Покрај фактите авторот пишува и за неговите чувства и
мислења и тој самиот е биографираното лице;
• Во автобиографијата, биографираното лице мора да биде
живо, раскажувачот мора да е повозрасен и тој пишува во
прво лице;
• Таа се заснова врз лични спомени, лично воден дневник
итн. и затоа е многу субјективна.
Литературно-научни видови

• Биографиајта, автобиографијата, есејот, полемиката и


сл. припаѓаат во литературно-научни видови.
• Содржат испреплетени белези на научниот и
уметничкиот стил. Иако имаат научни аргументи овие
текстови содржат многу индивидуални и емоционално
обоени делови.
Патопис
Поим за патопис:

• Посебен публицистичко-литературен вид во кој се


опишува тоа што е видено и доживеано во друга
земја. Авторот внесува свое видување, свои
доживувања, свои претходни знаења и идеи.
• Од минатото, најпознати се патописите на Евлија
Челебија, кој двапати бил во Македонија и на свој
начин ги опишува градовите и луѓето од
седумнаесеттиот век.
Извадок:

• Во Скопје „има необично многу градски големци и


големи господа. Жителите му се наклонети кон
уживања. Љубовта и насладувањето им се богатство
на нивното љубовничко срце!“. Иако со ваквата
констатација можеме да се согласиме бидејќи звучи
актуелно, сепак, верувале или не, таа е изречена ни
помалку ни повеќе, туку пред петстотини години! Неа
ја изрекол славниот Евлија Челебија, сакајќи да го
наслика карактерот и табиетот на скопјаните.
Публицистички стил:

• Текстови што се печатат во весниците,


списанијата и одделни книги (публикации), а
може да имаат различна содржина.
• Во публицистички видови спаѓаат:
новинарската статија, фељтонот, репортажата
и патописот.
Патопис во „Нова Македонија“

• https://novamakedonija.com.mk/svet/%d0%b2%d0%be-
%d0%b2%d0%bd%d0%b0%d1%82%d1%80%d0%b5%d1%88%d0%bd
%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-
%d1%82%d0%b0%d1%98%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0/?
fbclid=IwAR3hd3YXdhk722-FFMmP6kGwXAS8Chue2z-
9MYTft5BTSyqqBK8p_lbOhmM
Писмена вежба: „Мој патопис“

• Напиши твој патопис (измислен) и замисли


дека си патувал со велосипед, електричен
тротинет или електрично возило.
• Вежба за патопис и подигнување на свеста за
заштита на животната средина од штетните
гасови од автомобилите.
Репортажа
Репортажата е новинарски напис во кој
на сликовит начин се раскажува за
настан на денот без да се прави
подлабока анализа. Субјективните
коментари и стилот на авторот
внесуваат уметнички елементи во
репортажата.
Пример за репортажа:
Пример за репортажа:
Фељтон (подлисток)
Фељтон - статија со популарно-научен, општествено-
политички или литературен карактер напишана живо и
духовито (има карактер на лесна забава, напишан со
шеговит тон).
ФЕЉТОН: Како се роди гостиварската
кошарка? (прв дел)

• Чичко Перо на драго срце и со голема возбуда


ни раскажа какви биле почетоците на
кошарката во Гостивар, кои биле играчите и
луѓето поддржувачи на клубот, а со нас
сподели и интересни доживувања од времето
на педесеттите и шеесеттите години.
Пример за фељтон:

• https://gostivarpress.mk/felton-kako-se-rodi-gostivarskata-
kosharka-prv-del/

You might also like