You are on page 1of 3

КОМПОНЕНТИ НА ХИДРАУЛИЧНИТЕ СИСТЕМИ

Во компоненти на хидрауличните системи спаѓаат:

1. Изворни компоненти
- Пумпи кои овозможуваат притисок и проток на течноста
2. Компоненети за управување
- Разводници и вентили кои управуваат со работата на системот, регулирајќи го
притисокот и протокот
3. Извршни компоненти
- Хидромотори и работни цилиндри кои хидрауличната енергија ја претвораат во
механичка работа
4. Цевководи и приклучни елементи
- Ги поврзуваат компонентите и ја пренесуваат хидрауличната енергија (течноста под
притисок)
5. Компоненти за пречистување на течноста
- Филтри кои го пречистуваат флуидот од механички нечистотии и водена пареа
6. Компоненти за складирање, ладење и загревање на течноста
- Резервоари, загревачи и ладилници
7. Компоненти за акумулирање на хидрауличната енергија
- Хидраулични акумулатори

ЗАПТИВАЊЕ И ЗАПТИВКИ

1. Поим за заптивки
Заптивки се елементи со кои се спречува протекување на работната течност во хидрауличните
системи.
Заптивките ги имаат следните својства:
- Спречуваат протекување на работна течност
- Спречуваат навлегување на прав и водена пареа
- Не ги менуваат својствата н работната течност
- Лесно и брзо да се менуваат
2. Заптивање на подвижни споеви
За вакво заптивање се користат:

- Прстенести заптивки

- Манжетни

- Заптивни комплети

- Комбинирани заптивки
Прстенести заптивки – “О“ прстен

Пресекот на прстенот може да биде кружен, правоаголен или квадратен.

Можат да бидат изработени од:

Метал (челик, алуминиумски и бакарни легури)


- Металните прстени мора да бидат засечени како би можеле да
се монтираат и прилагодат
Еластомери (гума)
Термопластични материјали (текстолит, а најчесто тефлон)

Манжетни – “V“ прстен

Манжетните се заптивни елементи со специфичен облик на профилот. Се вградуваат со основата во


правоаголен жлеб, при што под притисок на работната течност заптивните усни се деформираат и
ефикасно заптиваат.
Заптивни усни

Основа Тело

Заптивни комплети

Квалитетот на заптивање се зголемува со комбинирање на повеќе манжетни или манжетни и “О“


прстени. Се применува во системи со висок притисок и удари.

Комбинирани заптивки – “МG“ прстени

Со комбинирање на метален и гумен прстен (“МG“ прстен) се добива комбинирана заптивка


која ги користи добрите особини на метал и гума.

Гумен Метален

прстен прстен

You might also like