ОСНОВЕН ПРОЕКТ
Фаза: Термотехника – гасен приклучок
НАМЕНА НА ГРАДБА:
ЛОКАЦИЈА:
ИНВЕСТИТОР:
ИЗРАБОТУВА:
СОДРЖИНА
1.ОПШТ ДЕЛ
1.1. Основни податоци
1.1.1. Назив и адреса на градба
1.1.2. Вид на проект
1.1.3. Инвеститор
1.1.4. Правно лице кое го изработува проектот
1.1.5. Лиценца А за проектирање на градби од прва категорија
1.1.6. Решение за наименување на проектанти
1.1.7. Овластување на проектанти
1.1.9. Место на изработка на проектот
1.1.10. Датум на завршување на проектот
2. ПРОЕКТЕН ДЕЛ
2.1. Технички опис
2.2. Технички услови
2.3. Пресметка на потребниот капацитет на гасниот приклучок
2.4. Пресметка на потребниот пречник на гасоводот
2.5. Пресметка на регулатор на притисок
2.6. Користена законска легислатива
2.7. Предмер потребна опрема и материјали
3. ГРАФИЧКИ ДЕЛ
ТЕХНИЧКИ ОПИС
Машинскиот проект за изведба на гасен приклучок е изработен според:
Проектната задача од инвеститорот,
Архитектонско градежните основи на објектот,
Посебните барања на инвеститорот и локацијата,
Прописите, законските норми и препораките за ваков вид на
инсталации и објекти,
Препораките на современите производители на опрема за ваков вид на
постројки и објeкти,
Искуството и сознанијата на проектантот.
За потребите за снабдување со природен гас на дел од објектот, потребно е
да се обезбеди гасен приклучок кој би се приклучил на централна гасна
дистрибутивна мрежа.
Според пресметаниот потребен капацитет на природен гас, се избира гасен
регулациски сет G4, со максимален капацитет од 60 m3/h. Влезниот притисок
на гас во регулацискиот сет е 1 - 8 bar, а излезниот притисок е ~80 mbar.
Регулацискиот сет, сместен во припаден лимен ормар, се поставува на
источната фасада.
Приклучниот цевовод од полиетиленска цевка Ø40mm се спроведува од
спојот со уличната градска гасна мрежа преку дворот на oбјектот до
регулацискиот сет.
Регулацискиот сет се поставува на висина од 0,5m од тротоарот - плочникот.
Продорот на цевката преку ѕидот на просторијата се изведува во заштитна
облога од челична цевка.
Регулацискиот сет се состои од:
-заштитен ормар,
-фитинзи, бешавни цевки и гумени заптивачи,
-филтер за внатрешна гасна инсталација,
-регулатор на притисокот на гас,
1.1.Природен гас
За безбедно и сигурно користење на природниот гас потребно е да се
придржува кон одредени правила и сигурносни мерки.
Природниот гас е мешавина на соединенија на јаглерод и водород, е
неотровен, без боја, вкус и мирис, не е канцероген, полесен е од воздухот.
Запаливоста му е во опсег од 5-15 % содржина во воздухот. Во добро
проветрени простории истечениот гас брзо се разотидува. Експлозивна
запaллива мешавина се создава во лоши проветрени простории. Пламенот се
гасни кога ќе престане течењето на гасот. Температурата на пламенот е
пониска одошто кај бензинот. Бидејќи природниот гас е без мирис, со цел за
безбедност, на гасот кој се користи во домаќинството му се додава
меркаптан, односно се врши одоризација (замирисување) на гасот.
Меркаптанот има силен и непријатен мирис, не е штетен, а покажува на
присуство на гасот.
Волуменскиот состав на гасот е следниот:
- метан мин. 85 %
- етан макс. 7 %
-јаглероден двооксид макс. 6 %
- инертни гасови макс. 7 %
- кислород макс.0.02 %
- сулфур макс.100 mg/Nm
Условно е усвоен следниот состав на гасот:
- метан 90,5 %
- етан 1,0 %
- пропан 0,5 %
- азот 7,0 %
- кислород 1,0 %
или со друга, поедноставна, комбинација
- метан 93,6 %
- азот и јаглен диоксид 7,4 %
---------
100,0 %
Гасот не содржи смола и смолни соединенија.
- горна топлинска моќ на гасот Hg = 36000 - 38500 kJ/m 3
- долна топлинска моќ на гасот Hd = 33338 kJ/m 3
- усвоена густина на гасот = 0.77 kg/m 3
- релативна густина на гасот 0.5961; усвоено 0.6
- критичен притисок на гасот 47.07 bar aps
- критична температура на гасот 195.76 K
- критична густина на гасот 171.6 kg/m 3
- специфична топлина на гасот 2149.65 J/kgK
- коеф. на топлинска спроводност 0.292 W/mK
Нормални услови за гасот се сметаат p = 1.01325 bar, T = 273 K
Стандардни услови за гасот се сметаат p = 1.01325 bar, T = 288 K
Забелешка:
Според Руски стандарди, нормална состојба на гасот (т.н. индустриска
нормална состојба) се дефинира на t = +20 °C и p = 1 bar.
Според DIN стандардите, нормална топлинска моќ се пресметува на t = +0
°C и p = 1,013 bar.
1.2. Гасовод
Дистрибутивниот гасовод (со среден протисок од 8-12 бар) е гасоводот кој се
одделува од магистралниот гасовод и преку главните мерно-регулациони
станици го дистрибуира гасот до големите потрошувачи. Гасоводот со среден
притисок се изработува од челични бесшавни цевки, со дијаметар во
зависност од капацитетот на потрошувачите.
Гасоводот т.е. ниско притисната мрежа се изработува од полиетиленски цевки
(РЕ), во кои притисокот е од 2-4 бари, а почнува од мерно-регулационите
станици и завршува со куќните-регулациони сетови.
Цевките во земјата се поставуваат на длабочина од околу 1 m, на постелка од
фин песок, после што се затрупуваат со песок, па со останатиот материјал.
1.3. Мерно-регулациона станица (МРС)
Мерно регулационата станица се вградува на местата каде природниот гас се
користи од повеќе и поголеми потрошувачи. Тоа е станица опремена со
апаратура (вентили, засуни), уреди и опрема за мерење и регулација на
протокот на гасот, т.е. регулатор на притисок и гасно броило и сигурносни
уреди каде притисокот на гасот се намалува од 8-12 бари на 2-4 бари.
1.4. Куќен мерно-регулационен сет (КМРС)
Куќниот мерно-регулационен сет се поставува кај потрошувачите. Се состои
од лимен ормар во кој е сместено броилото за очитување на потрошувачката
на гасот (гасно броило), регулатор на притисокот со блоквентил и сигурносен
вентил, филтер за гас со доводен вентил. Тука гасот од дистрибутивната
мрежа се прочистува (филтрира) и автоматски се смалува притисокот од 2-4
bar на околу 80 mbar натпритисок и се доведува во куќната инсталација.
Сетот се поставува на цврста вертикална подлога, најчесто на надворешниот
ѕид на објектот (кој на местото на поставување мора да биде малтерисан) или
на посебен столб. На оддалеченост од 1 m од сите страни на сетот, не смее да
се наоѓа прозор, врата или приклучок на електрична енергија. Бидејќи сетот
има димензии (50х50х23 cm) за негово поставување потребно е на
надворешниот ѕид да се обезбеди појас со должина од 2,5 m без надворешни
отвори и електрични приклучоци.
1.5. МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Куќниот гасоводен приклучок се вкопува на точно дефинираната длабочина и
на минимално растојание од 20 cm при вкрстување со други подземни
инсталации, а на 40 cm доколку се води паралелно со нив. При
затрупувањето, на 30 cm над гасната цевка се поставува жолта
предупредувачка трака со натпис “OПАСНОСТ ГАСОВОД”. После успешното
извршено испитување на цврстината и непропустливоста на куќниот
приклучок, гасот се пушта во инсталацијата до гасната славина пред КМРС.
2. ТЕХНИЧКИ УСЛОВИ
Со техничките услови се пропишуваат карактеристиките на материјалите и
опремата што се вградува, условите на монтирање, начинот на испитување на
инсталациите, пуштањето во пробна работа и слично. Приложените технички
услови се унифицирани за видот на постројката на која се однесуваат.
Доколку во нив има услови кои се однесуваат на инсталација што не е
опфатена со овој проект, тие услови не сеприменуваат.
2.1. Ископ на ровови
1. Машински и рачен ископ на ровови се врши во земја од II и III категорија.
Длабочината на ровот е најмалку 0.9 m, а широчината на дното на ровот
зависи од пречникот на цевководот Ф и изнесува Ф+40 cm. На делниците каде
се поставуваат претходно заварени цевки, широчината на дното на ровот
може да се намали на Ф+20 cm. На местата на заварување во ровот и на
местата на приклучоците мора да се ископа проширување на ровот на 1.0 x
1.0 m и за 30 cm подлабоко од долната ивица на цевката.
2. При длабочина поголема од 1.0 m да не се врши потпирање на страните на
ровот (поради технологијата на изведување на машинско - монтажните
работи), туку да се направи т.н. шкарпирање (закосување на страните) на
ровот.
3. Нагибот на бочните страни зависи од видот и категоријата на тлото, а
Надзорниот орган на самото место ќе го одреди нагибот на бочните страни.
Ископот да се врши со правилно отсекување на бочните страни и рамнење на
дното на ровот.
4. При рачен ископ, на длабочина од 2.0 m материјалот да се исфрлува со
лопата, а преку 2.0 m преку платформа.
5. На местата на вкрстување на гасоводот со другите технички
инфраструктури, ископот треба да биде најмалку 2.0 m од секоја страна на
вкрстувањето.
6. Гасоводот треба, каде што е можно, да се поставува над другите
инсталации. Ако гасоводот се поставува под друга инсталација,
гасоводната цевка треба да се постави во заштитна (пластична) цевка.
Краевите на заштитната цевка, мерено по најкратко растојание во
хоризонтална проекција, треба да се оддалечени од дгугата инсталација
најмалку 2.0 m.
7. Местата каде што гасоводот се вкрстува со друга инсталација која е
откопана во текот на изградба на гасоводот, да се затворат со песок до
длабочина од 30 cm мерено од котата на теренот. При подземно вкрстување,
гасоводот се поставува под агол од 60°-90° во однос на другата инсталација.
8. Сите евентуални штети на подземните инсталации настанати од невнимание
на изведувачот или од непридржување на техничките прописи, ќе се
отстранат на сметка на изведувачот.
2.2. Затрупување на ровот
1. Пред да се покрие ровот, за цевководот мора геодетски да биде снимена
неговата положба и да се извршат сите испитувања на делот од трасата од
гасоводот кој се покрива. Со покривање да се започне дури после преглед и
одобрение од Надзорниот орган.
2. Покривање на ровот со земја под и покрај цевката во слој од најмалку 10
cm над темето на цевката да се изврши со ситна земја или песок со рачно
набивање, односно со залевање на вода, така да изолацијата на челичните
цевки биде заштитена од можни оштетувања (само доколку не е поставена
трака за мехничка заштита на цевката). До врвот на ровот покривањето се
врши со земја преостаната од ископот во слоеви однајмногу 30 cm до 1.0 m,
со рачно или машинско набивање.
3. На местата на вкрстување на гасоводот со другите инфраструктури
насипувањето да се изведе со песок, со набивање со вода во слоеви од 30 cm
до 1.0 m, од секоја страна на вкрстувањето. Насипувањето со песок да се
изведе до 30 cm од површината, а преостанатиот дел од ровот да се покрие со
земја.
4. По должина на ровот, секаде каде може да дојде до раскопување, во ровот,
на мин. 30 cm над цевката, да се постави лента за опоменување со жолта
боја, на која пишува “Опасност гасовод”. Жолтата лента не треба да се
поставува на места каде гасоводот е во заштитна цевка.
5. При покривање на ровот, набивањето на тлото околу вкопаните славини и
околу шахтите мора да се направи рачно. Уредувањето на работниот појас да
се направи со рамнење на теренот, со хумусирање на зелените површини,
односно површината да се доведе во првобитна состојба.
2.3. Изведување на шахти
1. Изведувањето на шахти подразбира ископ и изнесување на вишокот
земја, изработка, монтирање и демонтирање на двостраната оплата од даски,
бетонирање ѕидови и дно на шахтата со бетон МБ-30 со додаток на адитиви за
водонепропусност на бетонот, изработка на рабни рамки за бетонските шахти
од челичен профил, како и изработка на капак за шахта од челичен лим,
според приложени нацрти.
2. После изработка на шахтата и машинско монтажните работи, да се изврши
затрпување околу шахтата, со рачно набивање. Шахтите се армирани со
електрично заварена мрежа MAG 500/560.
2.4. Обележување на гасоводот
1. Табли за опоменување се поставуваат на метални столбови
60.3 x 2.9 mm и на оддишните цевки, со горна ивица на 2 m над теренот.
Столбовите треба да бидат забетонирани во темел 40 x 40 cm, длабочина 50
cm, или се вградуваат готови, веќе изработени табли со столбови во темел.
2. Таблите се поставуваат на темињата од кривините, а на правите
делници максимално на растојание од 0.5 km.
3. На премини на гасоводот под водени текови, канали или собраќајници,
ознаките за обележување на трасата на гасоводот и знаците за опоменување
мора да бидат поставени од двете страни на водениот тек, канал или
сообраќајница.
4. Ознаката на премин на гасоводот под железничка пруга не смее да се
постави поблиску од 10 m од оската на крајниот колосек. Ознаката на премин
под канал не смее да се постави поблиску од 10 m од оската на насипот
на каналот, а на премин на цевководот под пат, ознаката не смее да се
постави во патниот појас.
5. Ознаките се поставуваат на 0 8 m од десно во однос на правецот на проток
на гасот.
2.5. Конструкција на гасоводот
1. Гасоводот се изведува од челични безрабни цеви по MKS C. B5.221
од материјал С. 0361 или од рабни цевки по МКС C. B5. 026 и МКС C. B5. 027.
За гасоводи со надворешен пречник од 355,6 mm или поголем, дозволена е
употреба на спирално заварени цевки. По истиот стандард и од истиот
материјал се изведуваат и челичните заштитни цевки.
2. Запорните органи со заварени краеви се вгадуваат на длабочина на
поставување на гасоводот и мораат да имаат рачка со продолжено вретено во
лиен капак, со втиснат знак “ГАС”. Запорен орган со прирабнички спој се
вградува над нивото на подземната вода. Во двата случаи, рачката за
манипулација со запорниот опган мора да биде 0.1 m од капакот.
3. Како запорни органи можат да се употребуваат само славини, засуни и
вентили кои се предвидени за природен гас и со атест се гарантира
цврстината на куќиштето и непропусноста на седиштето во затворена
положба, за максимален притисок на гасот кој може да се појави во текот на
употребата.
4. Сите останати уреди, фасонски парчиња и опрема кои се вгадуваат во
гасната мрежа мора да бидат изработени по соодветен, општо прифатен
стандард и наменети за природен гас, со сите потребни атести.
2.6. Локација на гасоводот
Гасоводот од главната дистрибутивна мрежа до приклучокот за внатрешната
инсталација за гас се трасира право и по најкраткиот пат, така да не ги
загрозува постојните или планираните објекти, како и планираната намена за
користење на земјиштето. Трасата треба да остане трајно пристапна.
Гасоводот се поставува под земја, со минимална длабочина на вкопување
помала од 0,8 m, но не помала од 0,6 m. Во случај кога гасоводот не може да
се постави, односно да се вкопа во пропишаната длабочина, помала
длабочина до 0,5 m на вкопување може да се дозволи само ако се предвиди
заштита со помош на цевки, со помош на армирано бетонски плочи или на
друг начин.
1. Минималната длабочина на поставување на гасоводот е 0.8 m од горната
ивица на гасоводот. Се дозволува длабочина на поставување од 0.6 m
единствено при вкрстување со друга подземна инсталација или доколку
теренот на кој се поставува гасоводот е изразито тежок.
2. При подземно вкрстување на гасоводот со другите инсталации,
гасоводот, секаде каде е можно, се поставува над другите инсталации и тоа
под агол од 60°до 90°, ако гасоводот се поставува под друга инсталација.
Гасоводот треба да се стави во заштитна цевка така да краевите на
заштитната цевка, мерено по најкратко растојание во хоризонтална
проекција, треба да се оддалечени од горната инсталација најмалку 1.0 m,
таму каде тоа е можно. Подземните инсталации на погоден начин мора да се
заштитат од влијание на мраз и механички оштетувања кои можат да
настанат во текот на изградбата на гасоводот и покривањето на рововите.
3. При вкрстување на гасоводот и каналот, аголот на вкрстување е од 60°до
90°. Ако гасоводот се поставува под дното на каналот, минималното
растојание на дното на каналот и цевката на гасоводот е 1.0 m. Доколку оваа
длабочина на вкопување е помала, над гасоводот треба да се постави
бетонска заштитна плоча или челична заштитнацевка. Ако гасоводот се
води низ светлиот профил на каналот, гасоводот мора да се заштити со
челична заштитна цевка. Крајот на челичната заштитна цевка мора да биде
оддалечен 1.0 m од горната ивица на каналот, гледано во хоризонтална
проекција.
4. Ако гасоводот се поставува под пат, со прокопување на патот, се поставува
без заштитни цевки. Кога гасоводот се поставува под пат со негово странично
дупчење, мора да се предвиди вградување на заштитна цевка. Пречникот на
заштитната цевка треба да биде поголем за најмалку 100 mm од
надворешниот пречник на гасоводот. Заштитната цевка на преминот под патот
мора да биде подолга најмалку 1.0 m од една и од друга страна од крајните
точки на попречниот профил на патот, секаде каде тоа е можно.
5. Гасоводот под железничка линија се поставува во заштитна цевка со
претходно странично дупчење под пругата. Заштитната цевка поставена на
премин под пруга мора да биде подолга за 5.0 m од една и друга страна на
пругата, мерено од оската на последниот колосек, односно за најмалку 1.0 m,
мерено од подлогата на насипот.
6. На преминот низ заштитна цевка мора да се постават гумени
дистантни прстени, како гасоводот би бил диелектричен во однос на
заштитната цевка. Краевите на сите заштитни цевки мора да бидат затворени
со затинки кои не пропуштаат вода. На едниот крај на заштитната цевка се
поставува контролен извод за мерење на диелектричноста на гасоводот и
заштитната цевка.
7. Оддишната цевка се поставува од една или од две страни (ако должината
на заштитната цевка е поголема од 20 m) на заштитната цевка, на растојание
најмалку 1.5 mод ивицата на патот, односно 10 m од оската на крајниот
колосек. Оддишната цевка се завршува со цевен лак од 180 0 со Дејвинова
мрежа на крајот. Отворот е свртен од патот односно од колосекот, а
минималната височина на оддишната цевка е 2.0 m. На оддишната цевка се
поставува табла за внимание, ознака на стационажата на гасоводот, име на
дистрибутерот и негов број на телефон.
8. Во густо населени места каде што нема доволен простор за поставување на
надземни оддишни лулиња, тие се поставуваат како подземни оддишки
во лиени заштитни капи со втиснат знак “ГАС“.
Минималните дозволени растојанија на гасоводот од најблискиот раб на
цевката на гасоводот до најблискиот раб на темелот на објектот во зависност
од притисокот изнесува:
Притисок на гасот во гасовод Минимално дозволено
(bar) растојание
(m)
до 1,05 1,00
од 1,05 до 7 2,00
од 7 до 13 3,00
Минималното дозволено растојание на гасовод од друг гасовод, друга
техничка инфраструктура при вкрстување и паралелно водење изнесува:
Минимално дозволено
растојание
(m)
Вкрстување Паралелно
водење
Гасоводи - меѓусебно 0,2 0,6
Од топловоди, водоводи, канализациони 0,2 0,3
шахти и канали
Од проодни канали на топловоди 0,5 1,0
Од електроенергетски, нисконапонски и 0,3 0,6
високонапонски ел. кабли
Од телефонски кабли 0,3 0,5
Од цевководи на хемиска индустрија и 0,2 0,6
технолошки флуиди
Од бензински станици - 5,0
Од високо зеленило - 1,5
Минималните дозволени растојанија при вкрстување и приближување на
гасоводот со електро-енергетските водови изнесуваат:
Номинален напон До темел на столбот Од осовината на
(kV) Вкрстување столбот Паралелно
(m) водење
(m)
До 1 1 1
Од 1 до 10 5 5
Од 10 до 35 10 8
Поголемо од 35 10 10
Хоризонталните минимални дозволени растојанија на вградената арматура во
гасоводот до електроенергетските водови и телефонски водови изнесуваат:
Номинален напон (kV) Минимално дозволена оддалеченост
на арматурата во (m)
Од 1 до 35 25
Над 35 100
Телефонски водови 10
2.7. Испитување на гасоводот
1. Секој вар на гасоводот прво се контролира визуелно, а забелешките
се внесуваат во книгата за заварување, покрај бројот на варот. По
површината варот мора да биде гладок и без дупчиња. Максималното
испапчување на последниот горен вар не смее да биде повисок од 1.6 mm,
ниту понизок од 0.8 mm. Исто така, широчината на варот не смее да биде
поголема од 1.6 mm од двете страни.
2. Освен ова, треба да се направи и контролно радиографско снимање
на варовите. Овие снимања се прават со Y и X зраци, според методата и
спецификацијата која изведувачот треба претходно да ја достави на
одобрување кај Инвеститорот, а сепрепорачува API стандардот 1104, најново
издание. Потребниот процент на снимања на варовите изнесува:
- За гасовод со класа на локација 1 10%
- За гасовод со класа на локација 2 50%
- За гасовод со класа на локација 3 100%
- За гасовод на премин под сообраќајница 100%
- За гасовод на премин под водовод 100%
- За надземен гасовод и гасовод во шахти 100%
Напомена: Во градско подрачје (ТИРЗ) сите варови се снимаат 100%
3. Сите варови за кои е утврдено деке не се исправни треба да се поправат
или отстранат од гасоводот, па поторно да се заварат и снимат. Овие
поправки на евентуалните грешки се прават како што е предвидено во ANSI
B.31.8 и 8.29.9.
4. Освен радиографското снимање на одреден број варови, секоја
заварена секција на гасоводот треба да се испита на пропусност со
компримиран воздух или инертен гас.
5. За целата должина на гасоводот треба да се превземат сите потребни
осигурувања и мерки на безбедност за во случај на дефект или хаварија кои
можат да настанат при испитувањето.
6. Пред испитувањето, краевите на секцијата на гасоводот треба непропусно
да се затворат со капаци и еден крај со помошна спојна цевка со вграден
манометар да се спои на компресор. Должината на една испитна секција не
треба да биде подолга од 1000 m, со испитен притисок од 6 bar и траење на
испитувањето по делници од околу 2 часа.
7. Кога во секцијата се постигне испитниот притисок, се запира
компримирањето на воздух и се одделува компресорот. За време на пробата,
освен контролирањето на притисокот на манометарот, се прави премачкување
на секој вар по цел обем со раствор на средство кое лесно пени во вода.
Местата на пропуштање можат визуелно да се регистрираат, бидејќи на нив
доаѓа до создавање меурчиња. Ваквите места треба да се поправат, а пробата
да се повтори. Поправката се прави откако гасоводот се растовари од
притисокот.
8. Недостатоците утврдени со овие испитувања се отстрануваат дури откако
притисокот во гасоводот се намали до атмосферскиот притисок. После
отстранување на сите утврдени недостатоци, испитувањето мора да се
повтори.
9. По комплетно завршување на работите на гасоводот изедувачот треба
да изврши конечна проба на гасоводот на цврстина и непропусност. На целата
должина на гасоводот треба да се преземат сите мерки на сигурност и
безбедност за во случај на дефект што може да се случи за време на
испитувањето. Овие мерки на сигурност треба да се спроведуваат за цело
време на испитувањето, како за заштита на луѓето кои учествуваат во
испитувањето, така и заради населението кое мора да биде известено за
времето кога ќе се врши испитувањето.
10. Главното испитување на цврстина на гасоводот, при кое
максималниот работен притисок се движи во граници од 1 до 12 bar, се прави
со испитен притисок од 1.5 пат поголем од максимално дозволениот работен
притисок. Испитниот притисок мора да биде 2 bar повисок од максимално
дозволениот работен притисок. Испитувањето на цврстина трае најмалку 6
часа.
11. Цевководите мора да бидат испитани на непропусност и цврстина во
зависност од работниот притисок, како е дадено во следната табела:
Работен притисок Испитување
На цврстина (бар) На непропусност (бар)
До 1.05 бар 4 2
Од 1.05 до 7 бар 8,5 7
Од 7 бар до 13 бари 16 13
12. Испитување на цврстина се изведува откако ќе се изедначи температурата
на цевоводот и околината, во траење од еден час, а испитување на
непропусност во траење од најмалку 30 мин.
13. При ова испитување, контролните манометри треба да се со соодветна
класа на точност.
14. За време на испитувањето се врши преглед на цевоводот и арматурата, а
пропустливоста на заварените и прирабнички споеви се проверува
со раствор (мешавина) на вода со сапун.
15. На ова испитување, освен нови цевководи, се изложуваат и цевководи кои
биле вон употреба повеќе од 6 месеци, како и цевководи после
реконструкција.
16. Од испитувањето неопходно е да се исклучи опремата која не може да го
издржи испитниот притисок.
17. Недостатоците утврдени со овие испитувања се отстрануваат дури откако
притисокот во инсталацијата ќе се намали до атмосферскиот притисок.
18. После отстранувањето на сите утврдени недостатоци, испитувањето мора
да се повтори.
19. Ако нема пад на притисокот во однос на почетната вредност (со корекција
на притисокот заради влијание на температурата) и нема видливо
пропуштање на споевите, се смета дека инсталацијата задоволила на
испитување на непропустлиувост.
20. Ако при испитувањето на цврстината не се појавиле трајни деформации,
се смета дека инсталацијата задоволила.
21. За постапката и резултатите на испитувањето на цврстина и
на непропустливост треба да се состави записник.
22. Доколку гасоводот задоволи во процесот на испитување на цврстината, се
пристапува со испитување на пропустливост. Испитниот притисок на
херметичност е еднаков на максимално дозволенот работен притисок. Со
претходна стабилизација на температурата на испитниот медиум и на самиот
гасовод, испитувањето, односно одржувањето на испитниот притисок, треба
да се прави 24 часа. За време на испитувањето не смее да дојде до пад на
притисокот, земајќи ја предвид корекцијата на притисокот поради промена на
температурата. Стабилизацијата на температурата пред почеток на
отчитување на притисокот трае најмалку 6 часа.
23. Недостатоците утврдени со ова испитување се отстрануваат дури откако
притисокот во инсталацијата се намали до атмосферскиот. После
отстранување на утврдените недостатоци, испитувањето мора да се повтори.
24. Испитувањето на гасната мрежа на цврстина и пропусност пред
првото пуштање во работа се прави во присуство на надлежна комисија и во
присуство на дистрибутерот на гас.
25. Мерните уреди за температура и притисок кои се користат при испитување
на гасни инсталации на цврстина и херметичност мора да бидат жигосани во
законски рок од страна на Бирото за метрологија на Р Македонија или од
овластена лабораторија.
26. За извршеното испитување се составува записник кој го
заверуваат претставници на изведувачот на работите, дистрибутерот и
надлежните инспекции, во случај кога нивното присуство е задолжително.
27. Пред спуштање на гасоводот во ров и непосредно пред затрупувањето на
ровот се врши испитување на антикорозивната изолација на
електропробојност, во присуство на надзорниот орган и дистрибутерот, за што
изведувачот на работите составува записник. Записникот го потпишуваат
наведените лица и изведувачот на работите.
28. Квалитетот на антикорозивнта заштита треба да се испита без разлика на
тоа како е изведена изолацијата, машински или рачно. Испитувањето се врши
со електричен високонапонски детектор со шуплина, под напон не помал од
10 kV, а во зависност од дебелината на изолационата лента, и тоа 5 kV+5
kV/mm. Доколку испитувањето покаже дека постојат дефектни места на
изолацијата, тие веднаш рачно се поправаат и повторно се испитуваат.
29. После поставување на металните заштитни цевки (со гасоводот во нив) на
своето конечно одредиште, се врши испитување на диелектричност на
заштитната цевка и гасоводот во неа, во присуство на надзорниот орган
и дистрибутерот, за што изведувчот на работите составува записник.
Записникот го потпишуваат изведувачот на работите и наведените лица.
30. По завршување на монтирањето и извршените испитувања,
гасната инсталација може да се пушти во работа. Пуштањето на гас треба да
се врши многу споро, за да се спречи создавање на експлозивна смеша во
контактната зона меѓу гасот и воздухот. Воздухот се испушта на сите краеви
од гасоводната инсталација, на за тоа предвидени славини. При издувување,
содржината на гасот во излезниот воздух се контролира со соодветен
детектор. Кога ќе се утврди дека во испусната смеша содржината на гасот е
минимум 99%, се затвораат излезните славини и гасоводната инсталација
нормално се пушта во работа. За ова треба да се состани примопредаен
записник.
2.8. Куќен гасен приклучок - ормар
1. Куќниот приклучок се поставува на пристапни места и треба да биде
заштитен од оштетување. Не се поставува во простории во кои се складираат
експлозивни или лесно запаливи материи.
2. Преминот од полиетиленски цевки на метални се поставува подземно до
објектот. Полиетиленските цевки од куќниот приклучок за гас се поставуваат
во земја под објектот, под услов преминот од еден материјал во друг да се
изврши во метална заштитна цевка. Металната заштитна цевка треба да
преминува преку надворешната и внатрешната страна на ѕидот или да
излегува од подот кај згради без подрум.
3. Прстенестиот простор помеѓу цевките на куќниот приклучок за гас и
заштитната цевка, како и монтажниот отвор помеѓу заштитната цевка и ѕидот
или подната плоча, треба да биде непропусен кон внатрешниот дел од
зградата.
4. Деловите од куќниот приклучок за гас кои се поставени надвор од
земја, се заштитуваат од смрзнување со топлинска изолација и од влијанието
на сончевите зраци со употреба на челични цевки. Челичните цевки треба да
се заштитени од корозија со еден од следните начини:
- Со фабрички изработени полиетиленски обвивки,
- Со битуменски обвивки и со дополнителна надворешна заштита,
- Со заштитни траки и со дополнителна механичка заштита според
упатството на производителот на траката,
- Со трајно еластични траки на база на бутил-каучук.
5. Заштитните цевки треба да се изработени од материјал отпорен на
корозија.
6. Цевката за гас треба да лежи централно во заштитната цевка.
Кружниот прстенест зазор се заптива од внатрешната страна со помош на
материјал за заптивање, со кој истовремено се центрира куќниот приклучок
за гас. И материјалот за заптивање треба да е отпорен на корозија и
механички оштетувања. Металната заштитна цевка треба да биде добро
заптивена, така да во случај на пожар да се спречи истекување на гасот во
објектот.
7. На полиетиленските цевки се дупчат дупки чии пречници се дадени во
табелата:
Надворешен пречник на Најголем пречник на
полиетиленската цевка во издупчена дупка во mm
mm
63 20
90 20
110 32
125 40
160 40
180 40
225 40
8. Работите од областа на заварување на челичните цевки се вршат од
оспособени заварувачи. Квалитетот на заварените споеви треба да биде
најмалку класа Б според стандардите од областа на квалитет на заварени
споеви.
9. Заварувањето на цевки од полиетилен го изведуваат специјално
обучени заварувачи.
10. Почетокот на куќниот приклучок за гас трајно се означува со плочка со
натпис. Положбата на главниот запорен цевен затворач треба да биде трајно
воочлива и означена со натписна плоча според националните стандарди.
11. Куќниот приклучок за гас пред пуштањето во работа се испитува на
непропустливост при отворен главен запорен цевен затворач. Испитниот
притисок треба да биде најмалку 2 bar поголем од дозволениот работен
притисок.
12. При испитување со притисок на куќен приклучок за гас наполнет со
гас, визуелната контрола се врши со тестирање на заптивеноста.
13. При секое испитување со притисок, испитуваните споеви треба да
бидат исчистени од масти, бои и изолациски траки.
14. Пред пуштање на гас во куќниот приклучок за гас, се обезбедува
потполно одведување на мешавината на гас и воздух во слободната
атмосфера.
15. Завршените, а неповрзани куќни приклучоци за гас со внатрешната
гасна инсталација се затвораат со метални чепови, капи или слепи
прирабници.
3. ПРЕСМЕТКА НА ПОТРЕБНИОТ КАПАЦИТЕТ НА ГАСНИОТ
ПРИКЛУЧОК
Гасниот приклучок е дел од дистрибутивниот гасовод кој го спојува
централниот градски гасовод со внатрешната гасна инсталација.
Пресметковната потрошувачка на гас, која треба да ја задоволи потребата од
природен гас за гасен котел за производство на техничка пареа и греење на
дел од објектот кој во иднинас би се греел изнесува:
Q1
B n=
H d∗ŋk
Каде:
Q1 - топлински капацитет на котелот [kW]
Hd - долна топлинска моќ на природниот гас [kJ/kg]
ŋk – коефициент на корисно дејство на котелот
550
B n=
47626∗0.9
Bn=0.0128 kg /s
Bn=60 m3 /h
4. ПРЕСМЕТКА И ИЗБОР НА ПОЛИЕТИЛЕНСКА ЦЕВКА ЗА ГАС
Пресметка на внатрешниот пречник на цевоводот на делницата се врши
според формулата:
du = [(1,316 ⋅ Bnmax ⋅T ⋅Z)/ w ⋅ p1 ]1/2 = 33.4 mm
du =40 mm
Каде се:
n
B max = 60 m3/h – максимален проток на природен гас низ делницата
T= 283K – апсолутна темпеаура на гасот во гасоводот
Z= 1 – степен на компресибилност на гасот за p<20bar
w =10 m/s – препорачана максимална брзина на гасот во цевоводот
p1= 2 bar – минимален апсолутен притисок на почетокот на делницата
Врз основа на пресметката усвојувам полиетиленска цевка
ПEХД100; Ø40x3,7 mm за работен притисок од 10 bar.
Брзината на струење на гасот во гасоводот во случаи на максимална
количина на природниот гас пропуштена од регулацискиот сет G65 изнесува:
w = (1,316 ⋅Q ⋅T ⋅Z)/du2 ⋅ p1 = 1,136⋅ 60⋅283 ⋅1/36.32 ⋅ 2 = 7.3m/s < 10 m/s
Усвоената цевка задоволува по однос на максимално пропишаната
брзина на гасот.
5. ПРЕСМЕТКА И ИЗБОР НА РЕГУЛАТОР НА ПРИТИСОК
Притисокот во разводниот цевовод, односно на влезот во МРС е 4 bar,
додека за потребите на внатрешната гасна инсталација (котел – горилник) е
потребен притисок од 80 mbar.
3
За максимален проток на гас од Qmax = 60 m /h и излезен притисок од
25 mbar, избирам регулатор на притисок DIVAL 500 BP, комплетиран со:
-Вграден филтер,
-сигурносен прекинувачки вентил со горна и долна блокада
-автоматско затворање на дотокот на гас при оштетување на мембраната
-можност за пломбирање по извршеното подесување – штеловање
-можност за користење на помошна енергија за активирање
Технички податоци:
-влезен притисок : pu = 0,1 - 10 bar
-излезен притисок: pds = 15 - 150 mbar
o
-температурен работен опсег: tr= -20 ÷ +60 C
Техничка спецификација
Единечна Вкупна
Ред. Единица
Опис Количина цена без цена без
број мерка
ДДВ ДДВ
ГАСЕН ПРИКЛУЧОК
1 Мерно регулациона станица –
регулационен сет со максимален капацитет
60m3/h комплет со следната опрема
2. Гасен линиски регулатор на притисок со
сигурносни и спојни елементи тип DIVAL
пар. 1
500BP
3. Гасен филтер DN50
пар. 1
4. Топчести гасни вентили DN50 NP16
пар. 1
5. Манометар за гас Ф80/ 0-200mbar
пар. 1
6. Цевна арматура за поврзување на
елементите од регулациониот сет пар. 1
7. Лимен ормар 650 х 550 х 200mm со брава
за заклучување пар. 1
8. Полиетиленски цевки за гас до 5bar од
ПЕ100 m. 12
Ф40 х 2,4mm
9. Полиетиленска огрлица за за бушење за
гас до 5bar од ПЕ100 со вградена пар. 1
електрофузиска сигурносна капа, Ф90/Ф40
10. Полиетиленски гасен топчест вентил за
подземно вградување DN32 пар. 1
11. Tелескопско вретено за затворање
/отворање на топчести вентили во земја со пар. 1
должина од 1,2m за вентил Ф20-Ф40
12. Споен материјал за полиетиленски пар. 1
цевки( муфови, колена, спојки итн.)
13. Заштитна челична цевка за премини на ПЕ
m. 2
цевка низ ѕидови DN60
14. Испитување на гасната инсталација под
притисок на цврстина и непропустливост комп. 1
15. Заземјување на гасната инсталација со
бакарна жица 16mm2 и поцинкувана трака комп. 1
Zn4 x 25mm2
16. Мерење на заземјувањето и изедначување
на потенцијалот и издавање атест комп. 1
ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ
17. Машински ископ на земја III категорија во комп. 1
откоп за ровови 0.80/0.60, со рачен докоп
10%
18. Затрупување со песок и поставување на комп. 1
лента “ ОПАСНОСТ ГАСОВОД”
19. Насипување на земја
комп. 1
Подготвил: Менде Велески