You are on page 1of 1

ретки се оние кои паѓаат без да бидатдеградирани,постои средна точка каде несреќните и

озлогласените се поврзани и вметнати во еден збор ,фатален збор "клетници".

Постојат и оние кои умеат да го пренесат човековото страдање на лист хартија. Да го изнесат пред
светот. Францискиот писател Виктор Иго несомнено е еден од најумешните сликари на
општествените околности од неговото време и нивното трансформативно влијание врз човековите
вредности.Тој преку својте дела ги опишува политичко и социјалните проблеми, страдања и
неправди од тој период.

Романот клетници зазема централно место во неговото творештво .Во него Иго ја истражува
природата на доброто и злото, законот и славата ,правдата религијата,политиката , моралната
физиологија како и природата на романтичната и семеујна љубов.Ова дело на Иго ги следи
животите на и меѓусебните односи на неколку француски ликови во раниот 19 век, односно
периодот после Француската револуција , периодот на Наполеонската едра и децениите по неа
.Ова дело содржи повеќе заплети ,меѓу кои главниот носител е ликот на Жан Валжан, осуденик кој
по излегувањето од затвор го менува својот живот со помош на епископот Мириеел, во чиј
манастир се криел, откако никој не сакал да го прими и да му помогне .Самиот Жан Валжан уште
на почетокот на дејствието искусува две крајности од човековит карактер. Од една страна
суровоста преку чуварот Жавер, и од друга страна милоста на епископот кој го спасува Жан
Валжан и покрај неговиот обид за кражба и бегство.таквата постапка го потикнува Жан Валжан да
го промени својот индетитет, со една цел, да води чесен живот.Жавер и самиот со тешко минато
е на страната на принципите , а на крајот се самоубива не можејки да го издржи конфликтот во
себе меѓу закоските наредби и човечноста.Животната приказна на Жан Валжан се испреплетува
кога во неговиот живот ке влезе една млада работничка Фантина.Фантина има многу несреќна
судбина и тоа ја приморува да ја оставви нејзината ќерка Коета во грижа алчните измамници
Тенардиеви.Таа ја губи својата работа и е приморана да ги продава своите коса и заби а подцна и
тело за пари потребни да ја издржува нејзината ќерка Козета.Фантина изнемоштена од болеста
умира . Жан Валжан ја откупува Козета од алчните Тенардиеви , прифаќајќи ја како своја ќерка, па
заедно успеваат да избегаат од потерата по нив, и да се засолнат во манастирот каде живеат
неколку години.Во Козета се вљубува Мариус , студент по право кој се отуѓил од семејството
поради неговите либерални погледи.Тој е дел од движењето подготвува граѓански
немири.Приказните на сите ликови се испреплетуваат,а речиси секој од нив е практично оделен од
нормален дом и семејство .Сите тие се жртви на нездравиот систем ,каде трагите на социјалното
влијание се очевидни во ефектот на Француската револуција .

You might also like