You are on page 1of 4

Прокариоти

• Немаат морфолошки диференцирано јадро


• Наследниот материјал е долга, циркуларна ДНК молекула
• ДНК не е асоцирана со протеини
• Не поседуваат органели обвиени со мембрана
• Клеточен ѕид
Еукариоти
• Јадрото е одвоено од цитоплазмата со нуклеарна мембрана
• Линеарна мол. ДНК во форма на повеќе хромозоми
• ДНК асоцирана со хромозомални протеини – хистони
• Поседуваат бројни органели кои се обвиткани со мембрани
• Поедноставен клеточен ѕид
Анимална еукариотска клетка
Клеточна мембрана
Градба: Липиден двослој со вградени протеински молекули
Функции: заштитна, транспортна, рецепторна, комуникативна
ПРОТОПЛАЗМА е внатрешната содржина на клетката, која е издиференцирана на
цитоплазма и јадро.
ЦИТОПЛАЗМАТА е изградена од хијалоплазма – цитоплазматичен матрикс и
цитоплазматични – клеточни органели
Клеточни органели
Ендоплазматичен ретикулум
Градба: липопротеински мембрани во вид на сплескани цистерни кои формираат
тубули, во вид на мрежа.
Функција:
• Транспорт на материи низ цитоплазмата
• Синтеза на специфични протеини
• Синтеза на липиди и гликоген
• Неутрализација на штетните супстанци со ензимите
Рибозоми
Градба: зрнести структури, слободни или врзани за мембраните на грануларниот
ендоплазматичен ретикулум
Функција: синтеза на протеини
Голџи систем
Градба: сплескани торбички – сакули, поставени една над друга
Функција: Пакување
Митохондрии
Градба: двослојна липопротеинска мембрана која формира кристи и матрикс
Функција: обезбедување енергија за животните процеси на клетката
Лизозоми
Градба: меурчиња, се одделуваат од Голџи системот исполнети со хидролитички
ензими, обвиткани со единечна мембрана
Функција: разградуваат високи молекулски органски материи: протеини,
јаглехидрати и липиди
Пероксизоми
Градба: органели во форма на вреќички обвиени со мембрана, кои содржат
оксидативни ензими
Функција: оксидација на масни и аминокиселини, неутрализација на водороден
пероксид до вода и молекуларен кислород, синтеза на холестерол,
детоксификација на алкохол
Микротубули
Градба: долги тенки цевчиња, чиј ѕид е изграден од топчести молекули на
протеинот тубулин.
Функција: го градат внатрешниот скелет на клетката, ги движат органелите, ги
градат нишките на делбеното вретено
Јадро
Градба: јадрена мембрана со пори, јадренце, хроматин, нуклеоплазма
Функција: управува со активностите во клетката, размножување и пренесување на
наследните информации за синтеза на протеини
Растителна клетка
Клеточен ѕид
Градба: кај бактериите и кај растителните клетки, екстрацелуларно се синтетизира
целулоза во форма на фибрили, кои се вкрстуваат во различни правци, вода,
хемицелулоза, пектин и др.
Функција: овозможува цврстина, еластичност и меѓусебна поврзаност на две
соседни клетки
Вакуола
Градба: ограничени простори со липопротеинска мембрана – тонопласт,
исполнети со вакуоларен сок
Функција: го одржуваат тургорот во клетката
Пластиди
Хлоропласти
Градба: обвиени се со двојна липопротеинска мембрана, исполнети со матрикс-
строма. Внатрешната мембрана навлегува во стромата и гради тилакоиди.
Тилакоидите поврзани на одредени места по вертикала градат грана. Во граната
има хлорофил и ензими. Хлоропластите содржат ДНК, РНК и рибозоми за
саморепродукција
Функција: фотосинтеза
Хромопласти
Градба: од пигменти – каротин и ксантофил
Функција: обојување на цветови и плодови
Леукопласти
Градба: не содржат пигменти
Функција: синтеза и депонирање на скроб
Што е карактеристично за прокариотска клетка?
-Карактеристично за прокариотската клетка е тоа што таа вклучува бактерии и
археи. Нема морфолошки диференцирано јадро и ДНК-та се наоѓа во
цитоплазмата.
Што е карактеристично за еукариотската клетка?
-Карактеристично за еукариотската клетка е тоа што таа се наоѓа кај растенијата и
животните, јадрото е одвоено од цитоплазмата со нуклеарна мембрана и
поседува бројни органели кои се обвиткани со мембрани.
Што е јадро и како е изградено?
-Јадро е најголемата органела кај еукариотските клетки во која се наоѓа ДНК каде
што се сместени сите информации за градбата и функцијата на клетката.
-Изградено е од јадрена мембрана со пори, јадренце, хроматин и нуклеоплазма.
Што е карактеристично за клеточната мембрана и како е изградена?
-Клеточната мембрана ја одржува клетката во една целина и ја заштитува при што
овозможува услови за одвивање на сите животни процеси.
-Изградена е од фосфолипиден двослој со вградени протеински молекули.
Каква е градбата и улогата на митохондријата?
-Митохондријата е изградена од двослојна липопротеинска мембрана која
формира кристи и матрикс
-Улогата на митохондријата е да обезбедува енергија на клетката.
Која е улогата на ендоплазматичниот ретикулум?
-Улогата на ендоплазматичниот ретикулум е тоа да вршни транспорт на материи
низ цитоплазмата, да врши синтеза на липиди и гликоген и да врши
неутрализација на штетните супстанци со ензимите.
Која е улогата на рибозомите?
-Улогата на рибозомите е да врши синтеза на протеини.
Која е улогата на голџи системот?
-Улогата на голџи системот е да врши пакување односно синтеза на различни
секреторни продукти.

You might also like