You are on page 1of 1

СТРУКТУРА НA ЕР ЕН А.

Молекулата на (Ер ен а) е изградена од една полинуклеотидна низа. Во клетките таа е застапена во сите
делови (во јадрото, цитоплазмата, некои органели), за разлика од (Де ен а), која во клетките е застапена
само во јадрото. (Ер ен а) во клетките е застапена во три структурни форми. Тоа се информациона (Ер ен
а), транспортна (Ер ен а) и рибозомална (Ер ен а). Секоја од нив има различна улога во синтезата на
протеините.

 Информациона (Ер ен а), е изградена од една линеарна полинуклеотидна низа. Таа ги пренесува
генските информации од јадрото, односно од (Де ен а). во цитоплазмата во текот на синтезата на
протеини. Од распоредот на азотните бази во низата, зависи распоредот на аминокиселините во
протеинските низи.
 Транспортна (Ер ен а), има улога да ги транспортира аминокиселините од цито плазмата до каде
што се одвива полимеризација на протеините. Во клетките се застапени 20 и повеќ е видови
транспортна Ер ен а. Секоја од нив се врзува и пренесува само еден вид аминокиселина Молекулата на
транспортна Ер ен а) има специфична форма.
 Рибозомална (Ер ен а), има топчеста форма на молекулата и таа претставува составен дел на
рибозомите. Нејзината функција во синтезата на протеините не е сосем разјаснета.
Прашања
1. Каква е разликата во молекулската структура на нуклеинските киселини,
2. Преку кои делови низите на DNA меѓу себе се поврзуваат при формирањето на двојниот хеликс?
3. Зошто е неопходен процесот на репликација на DNA?
4. Колку видови RNA има во клетките?

You might also like